Contract
Барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број
Јас долупотпишаниот 1,2 БАРАМ и СЕ СОГЛАСУВАМ претплатничкиот договор склучен со (Оператор на јавна електронска комуникациска мрежа) за јавни
телефонски услуги, за претплатничката линија/линии со повикувачки број/броеви да биде раскинат поради моето барање за пренесување на број/броеви.
Јас долупотпишаниот ИЗЈАВУВАМ дека ќе ги исполнам сите обврски кои произлегуваат од истиот договор, заедно со обврските кои произлегуваат од самото раскинување и евентуалните казнени пенали коишто сум обврзан да ги платам заради предвременото раскинување на договорот. СЕ СОГЛАСУВАМ раскинувањето на претплатничкиот договор за претплатничката линија/линии наведен во претходниот став да стапи на сила со моментот на фактичкото пренесување на бројот/ броевите за кој/кои
се бара пренесувањето од операторот на јавна комуникациска мрежа (Операторот давател) до операторот на јавна комуникациска мрежа Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје (Операторот примател).
Во случај пренесувањето на бројот/броевите наведен/и во став 1 од ова барање да не стапи на сила, тогаш и моето барање за раскинување на претплатничкиот договор нема да стапи на сила. ИЗЈАВУВАМ дека сакам да го искористам моето право на преносливост на број согласно член 84 од Законот за електронските комуникации и ИЗЈАВУВАМ дека го избирам Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје (Оператор на јавна комуникациска мрежа) за обезбедување на јавни телефонски услуги со кој склучувам претплатнички договор со задржување на мојот/моите повикувачки број/броеви наведени во став 1 од ова барање.
СЕ СОГЛАСУВАМ претплатничкиот договор склучен со операторот на јавна комуникациска мрежа
(операторот давател) да биде раскинат за претплатничката линија/линии со повикувачки број/броеви за кои барам да бидат пренесени. Воедно го ОВЛАСТУВАМ операторот на јавна комуникациска мрежа Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје (Операторот примател) во мое име и за моја сметка да го проследи ова мое барање за раскинување на претплатничкиот договор со операторот давател, како и да настапува пред операторот давател во текот на процедурата за пренесување на бројот/броевите.
ИЗВЕСТЕН СУМ дека поднесеното барање за пренесување на број неможе да биде прекинато на мое барање во текот на постапката.
Претплатник
Име и презиме 1 / Назив 2:
Татково име1 / Судски регистерски број 2:
ЕМБГ 1 / ЕДБ 2:
Адреса 1 / Адреса на седиштето 2:
Адреса на приклучокот (доколку е различна од горенаведената адреса)
Повикувачки број/броеви кои ќе се пренесуваат:
(Место и датум) (потпис 1,2 и печат)
(Место и датум) (име и презиме на овластеното лице)
1 за физички лица 2 за правни лица
(време на поднесување - hh:mm)
Јас долупотпишаниот ИЗРИЧНО СЕ СОГЛАСУВАМ дека операторот на јавна комуникациска мрежа (операторот примател) Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје може да му ги пренесува моите
податоци на операторот на јавна комуникациска мрежа (операторот давател) и Агенцијата за електронски комуникации за процедурата за пренесување на бројот/броевите.
(потпис 1,2 )
1 за физички лица 2 за правни лица
LM _Macedonia_Form.indd
1