Oзнака: УС-МТРОР 01.24 Број: 0101-70/09
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
ОПШТИ УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРАТКИ ВО МЕЃУНАРОДЕН КОПНЕН, РЕЧЕН, ЕЗЕРСКИ И ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ ОД ОСНОВНИ РИЗИЦИ
Oзнака: УС-МТРОР 01.24 Број: 0101-70/09
Датум на прием: 04.2024
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
[1] Овие услови за осигурување на стока во меѓународен копнен, речен, езерски и воздушен транспорт од основни ризици( во понатамошниот текст: Услови) се составен дел на понудата и договорот за осигурување на стока во меѓународен копнен, речен, езерски и воздушен транспорт од основни ризици, кој е склучен меѓу Договорувачот на осигурувањето, односно Осигуреникот во случај кога се работи за исто лице и ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје (во понатамошниот текст: Oсигурувач).
[2] Со договорот за осигурување на стока во меѓународен копнен, речен, езерски и воздушен транспорт од основни ризици Договорувачот на осигурувањето се обврзува да му плати на Осигурувачот одредени парични средства (премија за осигурување), а Осигурувачот е должен со настанување на осигурен случај да исплати надомест на штета на Осигуреникот.
[3] Со овие услови се осигуруваат стоки за време на меѓународен превоз од загуба и оштетување од основни ризици.
[4] Одделни изрази употребени во овие Услови го имаат следново значење:
Осигурувач – ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје;
Договорувач- лице кое со Oсигурувачот склучува договор за осигурување.
Осигуреник - лице на кое му припаѓаат правата од осигурување; Премија - износ кој се плаќа за осигурување по договор за осигурување; Осигурена вредност - износ на кој предметот е осигурен;
Полиса- документ за склучениот договор за осигурување;
Сума на осигурување - највисок износ до кој Осигурувачот е во обврска при настанување на осигурениот случај;
Франшиза – износ со кој Осигуреникот учествува во штета;
Надомест од осигурување - износ кој го плаќа Oсигурувачот врз основа на склучениот договор за сигурување по настанување на осигурен случај.
Член 2
Предмет на осигурување по овие услови се пратки во меѓународен транспорт со осигурително покритие – од основни ризици.
I.ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ
Член 3
[1] Ова осигурување покрива:
1. загуба или оштетување на осигурениотпредмет кое разумно може да сепрепише на:
- пожар или експлозија;
- сообраќајна или пловидбена незгода на превозното средство (заринкување,потонување, превртување, лизнување, лавини, удар, паѓање на летало);
- земјотрес, вулканска ерупција,поплава, лавини, одрони, гром илилуња.
2. загубата или оштетувањето на осигурениот предмет настанато со:
- кражба или неиспорака на целиот пакет;
- навлегување на езерска или речна вода или дождовница во возилото, контејнер или во местото на вскладиштување;
- загубата или оштетувањето наосигурениот предмет настанатопоради незгода паѓање на осигурениот предмет за време на натоварот или растоварот навозилото.
[2] Ова осигурување ги покрива наградите за спасување и заедничка хаварија пресметана или одредена во согласност со одредбите од договорот за превоз и/или меродавното право ипракса, што е направено за да би се избегнала штетата или е во врска со тоа, како последица на било која причина освен оние кои се исклучени од ова осигурување наведени во клаузулите за исклучување или на друго место во овие Услови.
II. ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 4
[1] Ова осигурување во никој случај не покрива:
1.загубата, оштетувањето или трошоците настанати при намерна постапка на осигуреникот;
2.вообичаено испарување, редовна загуба во тежина или запремнина или вообичаено кршење на предметите сотакви својства;
3.загуба, оштетување или трошоцинастанати поради недоволно или несоодветн пакување илинеприпременост на осигурениот предмет;
4.загубата, оштетување или трошок настанат поради внатрешни мани или природни својства на осигурениот предмет;
5.загубата, оштетување или трошок штопроизлегува поради употреба на несоодветно возило или контејнер за сигурен превоз на осигурениот предмет, кога на осигуреникот или на неговиот службеник му било познато дека возилото и контејнерот во моментот на натоварување не било способно за сигурен превоз на осигурениот предмет;
6.загубата, оштетување или трошок настанат поради задоцнување, дури и тогаш кога задоцнувањето настанало поради осигурениот ризик (освен трошоците кое се надоместуваат според клаузулата I/2 од овие Услови);
7.намерно оштетување или намерно потполно или делумно уништување на осигурениот предмет со противправноделување на било кое лице или лица;
8.загубата, оштетувањето или трошокотпредизвикан со употреба за воени цели, атомски или нуклеарни фисии и/или фузии или друго оружје со слично дејство односно со радиоактивна сила или предмети.
[2] Ова осигурување не ја покрива загубата, оштетувањето или трошоците настанати поради:
1.војна, граѓанска војна, револуција, побуна, востание или други граѓански немири кои настанале поради тоа, или било кој непријателски акт од страна на воената сила или против неа;
2.заробување, запленување, залог, ограничување или задржување, како и последица на тие акти или обид тие да се извршат;
3.заостанати мини, торпеда, бомби или друго воено оружје.
[3] Ова осигурување не ја покрива загубата, оштетувањето или трошоците:
1.кои ги предизвикале штрајкувачите, работниците отпуштени од работа или лицата кои учествуваат во работнички немири, насилства или граѓански немири;
2.кои се последица од штрајкови, отпуштање на работници од работа, работнички немири, насилства или граѓански немири;
3.кои ги предизвикале терористи или било кои лица кои делуваат со политички мотив.
[4] Исклучување на ризик од заразни болести:
1. Исклучени се сите штети поради заразна болест, освен кога се исполнети условите за исклучување на заразено лице.
2.1.„Штета како резултат на заразна болест“означува било каква штета, оштетување, одговорност или трошок од каква било природа, директно предизвикана или во голема мера предизвикана, придонесена,произлезена од или во врска со некоја од исклучените околности, како што се:
а) заразно заболување и / или
б) страв или опасност, без разлика дали се реални или перцепирани, од заразни болести и / или
в) каква било препорака, одлука или мерка донесена или преземена за ограничување, спречување да се намали или забави ширењето на инфекцијта на заразната болест или да се елиминира или минимизира правната одговорност во врска со таквата болест, без оглед дали е усвоена или преземена од власти или невладини правни лица или физички лица и / или
г) каква било препорака, одлука или мерка донесена за промена, пресврт или елиминирање на која било од околностите наведени во потстав (в) погоре, без разлика дали е донесена од властите или невладини правни лица или физички лица.
-без оглед на која било друга причина или околност што во исто време или во која било друга низа придонесе за тоа.
2.2.Не доведувајќи го во прашање влијанието на Xxxxxxxx 2.1 (а), (б) и (г), препораки, одлуки и мерки од страна на кои и да било превземени за закотвување, поставување или задржување на сидрото, на пристаништето или на друго место на кој било брод, превозно средство , опрема или платформа за да продолжат да патуваат, работат, тргуваат, товарат или истоваруваат стоки или друга вообичаена употреба не претставуваат исклучени околности, без разлика на тоа што тие или некои од нив се превземени во точка 2 (в).
3.„Заразна болест“ е секоја болест (без оглед дали е позната или непозната) што може да се пренесе со која било супстанца или агенс од еден на друг организам, кога:
а) супстанцијата или агенсот вклучува, но не ограничувајќи се на тоа, вирус, бактерија,паразит или друг организам или каква било варијанта или мутација на претходно наведеното, без оглед дали се смета за жива или не, и
б) начинот на пренесување, без разлика дали е директен или индиректен, вклучува, но не е ограничен на човечки допир иликонтакт, пренесување преку воздух,пренесување преку телесни течности, пренесување од или преку било кој цврст предмет, површина , течност или гас и
в) болест, супстанција или агенсот може,дејствувајќи сам или заедно со други коморбидитети, состојби, генетски предиспозиции или со имунолошкиот ситемна човекот да предизвика смрт, болест, телесно оштетување или привремено илитрајно нарушување на физичкото или менталното здравје или негативно да влијаена вредноста или безбедноста на кој било вид на имот.
4.1 Исклучувањето на заразено лице се применува кога
1) постапките или одлукитена кое било лице заразено или наводно заразено со заразна болест предизвикуваат или придонесуваат за наводен несакан настан и
2) кога ниту едно од таквите постапки или одлуки или наводната причиназа несакан настан не е препорака, одлука или мерка како што е дефинирано во точките 2.1 (в) или 2.1 (г) погоре.
4.2 Доколку овие услови се исполнети, фактот или можноста дека дејствието/-јата или одлуката/-ките на поединецот се повредени или погодени од наводна или вистинска инфекција на тоа лице не исклучува штета што инаку секогаш сенадоместува под услов да нема покритие зазагуба, штета, одговорност или трошок што произлегува од какво било зголемување на ширењето, фреквенцијата, интензитетот или повторување на заразната болест порадипостапките или одлуките на тоа лице.
.ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
III
Член 5
[1] Ова осигурување стапува во сила од моментот кога стоката ќе го напушти складиштето или местото на вскладиштување во местото наведено во полисата како појдовно и се настанува за време на вообичаениот тек на превозот и зарвшува со:
1.Испорака на стоката во складиштето на примачот или друго последно складиште или место на вскладиштување во одреденото место наведено во полисата, или со испорака во било кое друго складиште или место на вскладиштување, без оглед дали тоа се наоѓа во одреденото место наведено во полисата илипред него кое осигуреникот го избрал за вскладиштување вон од вообичаениот превоз за тоа, заради доставување или распределба или со истек на рокот од 7 дена сметајќи од денот кога осигурената стока стигнала воодреденото место наведено во полисата според тоа што ќе настапи.
2.Стоката останува осигурена и за време на чување во попатните складишта, но не подолго од 30 дена од денот на предавањето во складиштето.
3.Ако превозникот ја предаде стоката по јавнотоскладиште поради тоа што постојат пречки за испорака, стоката останува осигурена за времена чување во јавното складиште, но не повеќе од 14 дена од денот на предавање на стоката во тоа складиште.
4.Ако превозникот ја предаде стоката во јавно складиште по налог на осигуреникот или лицето за кое осигуреникот одговара или по нивна вина, осигурувањето престанува со предавање на стоката во нивното складиште, освен ако поинаку не се договори.
ОСИГУРЕНА ВРЕДНОСТ
Член 6
[1] Стоката може да се осигура на вистинска или фактурна вредност.
[2] Покрај осигурување на стоките на фактурна вредност, можат да се осигураат и трошоците врзани со транспртот на стоката како што се: трошоците на превоз, царина, осигурување, шпедитерски трошоци и слично.
[3] Покрај трошоците од претходниот став може да се осигури и очекуваната добивка но најмногу во висина до 10% од вредноста на стоката.
Член 7
[1] Доколку ништо не е договорено во врска со вредноста на стоката, се смета дека стоката е осигурена на вистинска вредност.
[2] Вистинска вредност на стоката е вредноста која стоката ја има во местото на отпрема во моментот на натовар.
[3] Се смета дека стоката е осигурена на вистинска вредност, ако е осигурена фактурната вредност на стоката со трошоците и добивката кои по овие услови можат да бидат осигурени.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 8
[1] Договорот за осигурување се склучува врз основа на понуда (пријава) за осигурување на осигуреникот или договорувачот на осигурувањето и понуда на осигурувачот. Понудата — пријава за осигурување може да се поднесе само писмено.
[2] Понудата за осигурување која што ќе ја поднесе лице кое сака да склучи осигурување на стоката во превоз мора да ги содржи следните податоци: видот и количеството на стоката, ознака, тежина, превозното средство, ризикот од кој се бара осигурување, ознака на превозното средство, релација на превозот како и вредноста на стоката.
[3] По исклучок на одредбите од претходниот став, договорот за осигурување може да се заклучи и кога осигуреникот во понудата не ги наведува податоците со кои во моментот не располага или нема точни податоци, со тоа да дополнително ќе го извести осигурувачот за податоците со кои не располага или нема точни податоци во рок кој во договорот за осигурување ќе се утврди.
[4] Доколку осигуреникот не го извести осигурувачот во смисла на одредбите од претходните ставови на овој член, ќе се смета дека договор за осигурување е склучен.
[5] Понудата- пријавата за осигурување поднесена од осигурувачот мора да го содржи следните податоци: предмет на осигурување- датум на пријава, видот на стоката, податоци на превозно средство, релација на превозот, ризикот опфатен со осигурувањето, траењето на осигурувањето и периодот на осигурувањето, сумата на осигурување, висината на премијата.
Член 9
[1] Понудата (пријавата) за осигурување осигурувачот може да ја прифати или одбие, во рок од 24 часа (во работни денови) од приемот на истата.
[2] Доколку осигурувачот не ја одбие на писмената понуда во рок од 24 часа од приемот на истата, ќе се смета дека понудата за осигурување е прифатена.
Член 10
[1] Договорот за осигурување се смета дека е склучен кога осигурувачот ќе ја прифати понудата за осигурување.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 11
[1] Првата рата или еднократна премија, договорувачот на осигурувањето мора да ја плати при склучување на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати треба да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. При настанување на осигурен случај за наплата доспева целата ненаплатена премија.
[2] Ако е договорено плаќање на премијата на рати, а ратата не е платена до денот на доспевање, може да се пресмета законска камата.
[3] Ако и без разлика на договореното време на осигурување во договорот била определена пониска премија, а осигурувањето од било кои причини престанало пред истекот на тој период, Осигурувачот има право да ја наплати разликата до онаа премија која договорувачот на осигурувањето би морал да ја плати доколку договорот за осигурување би бил склучен само за толкав период колку што навистина траело осигурувањето.
[4] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договорувачот мора да ја плати премијата за неплатениот период до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната година на осигурување, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој Осигурувачот има обврска да исплати надомест од осигурување.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 12
[1] Ако е договорено премијата да се плаќа при склучувањето на договорот, обврската на Осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува наредниот ден од денот на уплатата на премијата.
[2] Ако е договорено премијата да се плаќа по склучувањето на договорот, обврската на Осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува од денот определен во договорот како ден на почеток на осигурувањето.
[3] Ако Договорувачот на осигурувањето премијата што стасала по склучувањето на договорот не ја плати до стасаноста, ниту тоа го стори некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување престанува, по истекот на рокот од 30 дена од кога на договарачот на осигурувањето му е врачено препорачано писмо од Осигурувачот со известување за стасаноста на премијата, но со тоа што тој рок да не може да истече пред да поминат 30 дена од стасаноста на премијата.
[4] Во секој случај договорот за осигурување престанува ако премијата не биде платена во рок од една година од стасаноста.
УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНА НА ШТЕТА
Член 13
[1] Осигурувачот и осигуреникот заеднички ја утврдуваат штетата или загубата на стоката настаната за време на превозот.
[2] Доколку возачот одбие да учествува во утврдувањето на штетата, осигуреникот е должен да превземе мерки поради обезбедување на докази дека штетата се случила за време на осигуреното патување и за тоа да го извести осигурувачот, доколку смета дека штетата ќе го надмине изнсот од ЕУРО 1.000.
[3] Доколку осигуреникот не постапи според одредбите од претходниот став на овој член, ќе се смета дека осигуреникот ја примил стоката без оштетувања.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 14
[1] Кога ќе настане осигурен случај, Осигуреникот е должен:
1) веднаш да ги преземе сите мерки кои се во негова моќ за отстранување и намалување на штетата на оштетениот осигурен предмет, да го обезбеди од натамошни оштетувања, придржувајќи се кон упатствата што ќе му ги даде Осигурувачот;
2) веднаш да го извести Осигурувачот, а најдоцна во рок од 3 дена по дознавање за осигурениот случај. Доколку известувањето не е во писмена форма, должен е најдоцна во следните три дена писмено да ја потврди пријавата каде треба да ги наведе и оштетените, уништени или исчезнати предмети, нивната приближна вредност и околностите под кои настанал осигурениот случај. Оштетното побарување може да го поднесе лично или преку полномошник, директно во архивата на Друштвото на адресата на нејзиното седиште, во било која подружница на Друштвото, преку пошта или по електронски пат на е-маил: xxxxxxx.xxxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx;
[2] Оштетното барање за обештетување по основ од осигурување се поднесува во писмена форма.
[3] Кон оштетното барање се поднесува оригинал од полисата за осигурување, оригинални транспортни исправи, записник за утврдување на штетата, фактура за осигурената стока или друг доказ за утврдување на вредноста на стоката и други докази за платени трошоци во врска со оштетената стока, доколку зависните трошоци се осигурени, како и други докази за причина и висина на штетата.
[4] Со поднесувањето на оштетното барање, осигуреникот на осигурувачот по пат на цесија му ги пренесува и своите права кон лица виновни (одговорни) за настанување на штетата.
[5] Осигурувачот има право да побара и дополнителна документација за утврдување на фактичката состојба и основот на оштетното побарување.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРАН СЛУЧАЈ
Член 15
[1] Осигурувачот е должен на осигуреникот да му исплати надоместок на штета до висина на виситинската штета на стоката, но најмногу до осигурената вредност на стоката.
[2] Доколку осигурената вредност на стоката и добивката е поголема од вистинската вредност на стоката, односно од добивката која може да се осигура, осигурувачот ќе ја надомести вистинската штета.
[3] Доколку осигурената вредност на стоката односно на добивката е помала од вистинската вредност односно од висината на добивката која може да се осигура, осигурувачот на осигуреникот ќе му надомести штета која одговара на односот помеѓу осигурената и вредноста која можела да се осигура, но најмногу до осигурената вредност.
[4] Осигурената вредност ја претставува максималната граница на обврската на осигурувачот кон осигуреникот.
Член 16
[1] Во случај да е договорена интегрална или одбивна франшиза, осигурувачот ќе го надомести делот на штетата кој го надминува износот на договорената франшиза, но најмногу до осигурената вредност на стоката.
[2] Aко тоа во договорот за осигурување не е предвидено, настанат кусок поради природно својство, губиток на тежина (кало), истекување, испарување, растур на осигурената стока, осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му ја надомести штетата која го надминува износот на таа редовна загуба.
ГУБЕЊЕ НА ПРАВО ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 17
[1] Oсигурувачот не е во обврска да му исплати штета на осигуреникот доколку:
1. релацијата или превозното средство не одговара на пријавата во договорот за осигурување.
2.осигуреникот ги прикрил или неточно ги прикажал околностите битни за оценка на ризикот.
[2] Oсигурувачот не е во обврска на осигурникот да му исплати и надомест на штета која на осигурената стока ќе настане поради пропусти на осигуреникот да превземе мерки за спречување на настанување на штета односно за отклонување на штетните последици.
[3] Oсигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести загуба или оштетување на стока кои ќе настанат по вина на возарот и / или други чувари кои можат да бидат одговорни за таква загуба или оштетување за време додека стоката се наоѓа кај нив за чување или згрижување, доколку осигуреникот во договорот за преовоз или вскладиштување се откажал од правото на надомест поради штета од нив.
[4] Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести и штета која ќе настане по вина на возарот или чуварот, доколку осигуреникот во договорот за превоз односно вскладиштување, ги овластил нив да можат да се користат со правото од договорот за осигурување.
[5] Со исклучок на одредбите од ставовите 3 и 4 на овој член, ако до загуба или оштетување на стоката дојде поради остварување на некои од осигурените опасности, а возарот односно чуварот на стоката ќе одбие на осигуреникот да му ја надомести штетата, осигурувачот на осигуреникот ќе му даде бескаматна позајмица во висина на износот кој осигурувачот би го платил да не е исклучена обврската на осигурувачот по одредбите од ставовите 3 и 4 на овој член.
[6] Во случаи од претходниот став, осигуреникот е должен да поведе спор против возарот односно чуварот за надомест на настанатата штета на стоката.
[7] Oсигуреникот е должен на осигурувачот да му ја врати позајмицата во износ кој успеал да го оствари во спорот против превозникот односно чуварот на стоката.
[8] Трошоците за спорот паѓаат на товар на осигурувачот во делот кој се однесува на дадената позајмица на осигуреникот.
Член 18
[1] Обврската на осигурувачот за исплата на оштетата, започнува од денот на прием на доказите потребни за утврдување на обврските на осигурувачот од договорот за осигурување.
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 19
[1] Aкo ocигypyвачoт ги измeни Уcлoвитe за ocигypyвањe или Tаpифата на пpeмии, дoлжeн e за тoа пиcмeнo, или на дpyг пoгoдeн начин, да гo извecти дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo наjдoцна шeeceт дeна пред истекот на тековната година на осигурувањето.
[2] Дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo има пpавo да гo oткажe дoгoвopoт за ocигypyвањe вo poк oд шeeceт дeна oд дeнoт на пpиeмoт на извecтyвањeтo. Bo тoj cлyчаj, дoгoвopoт за ocигypyвањe пpecтанyва да важи co иcтeкoт на тeкoвната гoдина на ocигypyвањeтo.
[3] Aкo дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo нe гo oткажe дoгoвopoт за ocигypyвањe вo poкoт oд cтав 2 oд oвoj члeн, дoгoвopoт за ocигypyвањe вo пoчeтoкoт на наpeдниoт пepиoд на ocигypyвањeтo ce мeнyва вo cooбpазнocт co извpшeнитe измeни вo Уcлoвитe за ocигypyвањe, oднocнo Tаpифата на пpeмии.
ФОРМА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 20
[1] Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Како ден на прием се смета денот на прием на пратката пратена по пошта на последната дадена адреса од страна на примачот или денот на прием на пораката пратена во електронската форма.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 21
[1] Осигуреникот е должен да го извести Осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
[2] Доколку осигуреникот ја променил адресата на живеење, односно седиштето или своето име, односно името на фирмата, а за тоа не го известил Осигурувачот, доволно е Осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот да го испрати на адресата на неговото последно постојано живеалиште или седиште или да го адресира на последното познато име, односно фирма.
[3] Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот не успее (поради преселување или одбивање да се прими) Осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат како примени на денот од првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
[4] Осигурувачот исто така има овбрска да го извести осигуреникот за: промена на седиштето на друштвото, промена на називот на друштвото промена на контактите на друштвото телефон, емаил адреса и сл.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Информации во врска со обработка на лични податоци
Член 22
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e- mаil: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Обработка и заштита на личните податоци Член 23
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
Правен основ за обработката на личните податоци Член 24-а
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
[2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
Цели за обработката на личните податоци Член 24-б
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
[2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
[3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
[4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса dpo@hаlkinsurаnce.com.mk. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
Рокови на чување на лични податоци Член 24-в
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Права на субјектите на личните податоци Член 24-г
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: dpo@hаlkinsurаnce.com.mk. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 24-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на
личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Пренос на личните податоци Член 24-д
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса dpo@halkisnurance.com.mk.
Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг Член 24-ѓ
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги.
[2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: dpo@hаlkinsurаnce.com.mk, или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
НАДЗОР НАД ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 25
[1] Орган надлежен за надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 26
[1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Македонија.
[2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
Постапка по приговори
Во случај Осигурувачот и Осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, Осигуреникот има право на приговор во рок од 30 дена од приемот на писмената понуда/образложен одговор од Осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на приговори по штети, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.
Право на преставка
Ако Осигуреникот кој е физичко лице смета дека Осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, има право согласно одредбите од Законот за супервизија на осигурувањето да поднесе претставка до:
- Осигурувачот - Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Агенцијата за супервизија на осигурувањето,
- Организацијата за заштита на потрошувачите.
САНКЦИСКА КЛАУЗУЛА
Осигурувачот нема да изврши исплата на надомест на оштетно побарување или каков било друг вид надомест, по претходно склучен договор за осигурување врз основа на овие Услови, доколку плаќањето на надомест на оштетното побарување или друг вид надомест го изложи Осигурувачот на какви било рестриктивни мерки определени со позитивно правни акти на ООН, САД, Обединето Кралство, ЕУ или Република Северна Македонија.