ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ИЗМЕНА НА ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ПРЕМИЈА ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИ ИЗГРАДЕНИ НА
ЗЕМЈИШТЕ КОЕ НЕ Е ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИЛИ НА
ЗЕМЈИШТЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА КОЕ Е ВОСПОСТАВЕНО ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ
Број на огласот: 02/2019
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорен орган: Министерство за економија |
I.1.2) Адреса на договорниот орган: xx.Xxxxx Xxxxxxx, xx.00 |
Град: Скопје Поштенски код:1000 |
I.1.3) Контакт: Xxxxxxxxx Xxxxxxxxx и Xxxxxx Xxxx Телефон: x000 0 00 00 000 |
Е-пошта: xxxxxxxxx.xxxxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, xxxxxx.xxxx@xxxxxxx.xxx.xx |
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи - Економија и финансии |
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
II.1. Назив на предметот на договорот: Доделување на Договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште кое не е во сопственост на Република Северна Македонија или на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на кое е воспоставено право на користење. II.2. Вид на договорот: право на користење на премија за произведена и продадена електрична енергија од фотонапонска електроцентрала. II.3 Подетален опис на предметот на договорот: Вкупната инсталирана моќност на фотонапонските централи за коишто врз основа на оваа тендерска постапка се доделува премија изнесува 27 MW. II.4 Делива набавка: Да. Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации од тендерската документација. Постапката се спроведува за секој дел поединечно. Понудувачот може да поднесе понуда за било кој од следниве делови наведени во тендерот што е предмет на Договорот за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште кое не е во сопственост на Република Северна Македонија или на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на кое е воспоставено право на користење: |
− Дел 1: 0 – 200 kW, при што вкупната инсталирана моќност на сите електроцентрали од овој дел за кој што се доствени понуди не може да биде повисока од 2 MW; − Дел 2: 201 – 500 kW, при што вкупната инсталирана моќност на сите електроцентрали од овој дел за кој што се доствени понуди не може да биде повисока од 5 MW; − Дел 3: 501 – 1000 kW, при што вкупната инсталирана моќност на сите електроцентрали од овој дел за кој што се доствени понуди не може да биде повисока од 10 MW и − Дел 4: 1001 – 3000 kW, при што вкупната инсталирана моќност на сите електроцентрали од овој дел за кој што се доствени понуди не може да биде повисока од 10 MW. Понудувачот може да поднесе само една понуда за секој од деловите наведени погоре. II.5 Времетраење на договорот за користење на премија: Период во години: 15 години |
ДЕЛ III: ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ
III. 1. Рок за поднесување на понудата Датум: 16.10.2019 година до 10:00 часот по локално време |
III.2. Адреса на поднесување на понудата Ул. Xxxxx Xxxxxxx бр.15 III.1.2) Адреса на договорниот орган: ул.Јуриј Xxxxxxx xx.00 |
Град: Скопје Поштенски код: 1000 |
III.3. Xxxxx на кој мора да биде напишана понудата: ☒Македонски ☐Англиски ☐Друг |
ДЕЛ IV: ПОСТАПКА
IV.1) Вид на постапка: Отворена постапка IV.2) Критериум за избор на најповолна понуда: Xxxxxxxx понудена фиксна премија IV.3) Електронска постапка? Не IV.4) Електронска аукција: Да |
ДЕЛ V: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Гаранции и авансно плаќање V.1.1) Гаранција на понудата: Да (висина не пониска од 1.200,00 денари по kW, за странски правни лица 20,00 € по kW од инсталирана моќност на фотонапонската електроцентрала) V.1.2) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Да (висина не пониска од 4.650,00 денари по kW, за странски правни лица 75,00 € по kW инсталирана моќност на фотонапонската електроцентрала) V.1.3) Авансно плаќање: Не V.1.4) Учество на домашно и странско правно лице во постапката: Да V.1.5) Здружување во група на економски оператори заради заедничко учество во оваа постапка: Да V.1.6) Основање и упис во Централен Регистер на Република Северна Македонија на трговско друштво во случај кога економскиот оператор којшто е странско правно лице и/или кога групата на понудувачи се избрани за најповолен понудувач: Да |
ДЕЛ VI: УСЛОВИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА НА ПОНУДУВАЧИТЕ
VI.1. Лична состојба Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на право за користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонска електроцентрала изградена на земјиште кое не е во сопственост на Република Северна Македонија или на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на кое е воспоставено право на користење, секој економски оператор или физичко лице: • на кој во последните 5 (пет) години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; • кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; • кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; • на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; • на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; • кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност; и • кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган. За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи: • изјава на економскиот оператор дека во последните 5 (пет) години не му била изречена |
правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; • потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган; • потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган; • потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран; • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство; • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; и • потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност. За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор физичко лице ги доставува следниве документи: • изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари, • потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран, • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на физички лица лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство, • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на физички лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и • потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност. | |
VI.2. Способност за вршење на професионална дејност VI.2.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор, доколку е правно лице треба да достави документ дека е регистриран како домашно трговско друштво во Централниот регистар на РСМ, или доказ за упис во соодветниот регистар во земјата каде што е основано доколку економскиот оператор е странско правно лице. VI.2.2 Економскиот оператор треба да достави доказ за право на сосптвеност, односно право на користење на земјиштето на кое има намера да ја изгради електроцентралата за која ќе бара користење на премија. Земјиштето треба да биде во соодветна катастарска култура за истото да може да се пренамени во градежно земјиште во согласност со Законот за земјоделско земјиште. VI.2.3 Ако земјиштето на кое економскиот опертор има намера да ја изгради електроцентралата за која ќе бара користење на премија е во катастарска култура шума, понудата ќе биде отфрлена. | |
VI.3. Економска и финансиска состојба |
Докази за утврдување на способноста: − За правни лица: Xxxxxxxx за билансот на состојбата и податоци за Билансот на успех. За странски правни лица, ревизорски извештај издаден од ревизорска институција регистрирана за вршење на ревизија. − За физички лица и новоформирани правни лица: доказ дека ќе му бидат овозможени финансиски средства за реализација на предвидената инвестиција од страна на финансиска институција (банка). | Минимални услови: − Eкономскиот оператор, во последните три години да има остварено вкупен приход еднаков на 500 € по киловат инсталирана моќност на фотонапонската електро централа за која што ја поднесува понудата. − Доколку еден понудувач достави понуди за повеќе од еден од деловите од точка II.4 погоре, при евалуацијата на доставените понуди, вкупниот приход кој е предмет на евалуацијата се однесува за вкупната понудена инсталирана моќност за сите делови за кои доставил понуда. |
ДЕЛ VII: КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА
Критериум за избор на најповолна понуда: Критериум за избор на најповолна понуда е најниска понудена фиксна премија за инсталирана моќност за поединечна фотонапонска електроцентрала во рамки на вкупната инсталирана моќност за соодветниот дел |
ДЕЛ VIII: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
VIII.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи: Кон барањето задолжително во прилог треба да се достави овластување за лицето кое ја бара тендерската документација со задолжителни контакт податоци, телефон и емаил. Тендерската документација ќе биде испратена електронски на доставените емаил адреси во овластувањето. VIII.2) Услови за доставување на понудите VIII.2.1) Понудите да се достават најдоцна до: 16.10.2019, во 10:00 часот по локално време VIII.2.2) Краен рок за поставување прашања: 01.10.2019, 15:30 часот по локално време VIII.2.3) Краен рок за одговор на прашања: -10.10.2019, 15:30 часот по локално време VIII.3) Период на важност на понудата: 150 денови VIII.4) Услови за отворање на понудите: Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите 16.10.2019 во 11 часот по локално време. Место: Клуб на пратеници, Митрополит Xxxxxxxx Xxxxxxxxx бр. 45, Скопје. VIII.5) Датум на објава: 25.09.2019 година. |
ДЕЛ IX: ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА
IX.1) НАДЛЕЖЕН ОРГАН ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБА
IХ.1.1) Име на органот: Државна комисија за жалби по јавни набавки |
IХ.1.2) Адреса на органот: Бул. Илинден бр. 63 А |
Град/општина: Скопје Поштенски код: 1000 |
IX.1.3) Контакт: Xxxxxx Xxxxxxx Телефон: x000 (0) 0 0000 000 x000 (0) 0 0000 000 |
Е-пошта: xxxxx@xx.xxx.xx, xxxxxx.xxxxxxx@xx.xxx.xx Факс: x000 (0)0 0000 000 |
ХI.2) Право на жалба
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на Договорот за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште кое не е во сопственост на Република Северна Македонија или на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на кое е воспоставено право на користење и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за енергетика и Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договорот за право на користење на премија, во согласност со условите и постапката утврдени во Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката. |
ДОДАТОК А Останати адреси и контакти
I. Адреса и контакт каде што може да се добијат дополнителни информации :
Назив: Министерство за економија | ||
Адреса: xx.Xxxxx Xxxxxxx, xx.00 | ||
Место: Скопје | Поштенски код: 1000 | Држава: Република Северна Македонија |
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Xxxxxxxxx Xxxxxxxxx, Xxxxxx Xxxx | Телефон: x000 (0)0 0000 000 | |
E-пошта: xxxxxxxxx.xxxxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, xxxxxx.xxxx@xxxxxxx.xxx.xx | Факс: | |
II. Адреса и контакт каде што се достапни дополнувањата/измените на тендерската документација :
Назив: Министерство за економија | ||
Адреса: ул. Xxxxx Xxxxxxx, бр.15 | ||
Место: Скопје | Поштенски код: 1000 | Држава: Република Северна Македонија |
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Xxxxxxxxx Xxxxxxxxx, Xxxxxx Xxxx | Телефон: x000 (0)0 0000 000 | |
E-пошта: xxxxxxxxx.xxxxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, xxxxxx.xxxx@xxxxxxx.xxx.xx | Факс: | |
III. Адреса и контакт за доставување на понуда:
Назив: Министерство за економија | ||
Адреса: уx.Xxxxx Xxxxxxx, xx.00 | ||
Град: Скопје | Поштенски код: 1000 | Држава: Република Северна Македонија |
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: | Телефон: x000 (0)0 0000 000 | |
E-пошта: xxxxxxxxx.xxxxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, xxxxxx.xxxx@xxxxxxx.xxx.xx | Факс: | |