Сл. бр. IPA/2017/393-124 Дата: 02.11.2018
До:
Сл. бр. IPA/2017/393-124 Дата: 02.11.2018
Предмет: Повик за доставување на понуди обучувачи за обука на граѓански организации во рамки на проектот „ Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации” финансиран од Европската Унија, врз основа на Договорот за грант со референтен број IPA/2017/393-124
Почитувани,
Фондацијата за развој на локалната заедница Штип Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги за обучувачи за обука на граѓански организации на горeспоменатиот проект на следните теми:
1. Застапување базирано на докази и вештини за обезбедување и обработка на податоци;
2. Правни механизми за влијание во процесот на креирање политики и подготовка и имплементација на план за застапување.
1) Понудата треба да ги содржи следниве информации:
- Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1)
- Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година;
- Предлог методологија (формулар даден во прилог, анекс 2);
- Стручна биографија на експерт/и предложен за подготовка на обуката (формулар во прилог, анекс 3)1;
- Претходно искуство, испорачани обуки таксативно наведени
- Потпишана изјава за ексклузивност и достапност, (документ во прилог, анекс 4)
- Потпишана изјава (доколку се работи за правно лице) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 5);2
Повеќе информации за бараниот ангажман и начинот на поднесување понуди можете да најдете во документот насловен Услови за работа даден во прилог.
* Забелешка: Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.
1 Да се пополни за секој обучувач посебно
2 Доколку понудувачот е правно лице изјавата треба да ја потпише застапникот на правното лице
Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“.
Понудата се доставува во затворен коверт, по пошта, или на рака во архивата на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, на ул. „Ванчо Прќе“ бр.67/1, 2000 Штип, или на е-пошта xxxxxxx@xxxx.xxx.xx
На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф.бр. IPA/2017/393-124“ и текстот "Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.
Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од од одговорното лице.
Понудата треба да се достави во рок од пет (5) дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 09.11.2018 година, до 17:00 часот.
Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.
Со почит, Xxxxxxxx Xxxxxxxxx Xxxxxx