Друштво за осиг урување УНИКА а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Дополнителни услови за осигурување на мобилни телефони
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 16.02.2018 година и со одлука бр. 0000-0000-00 се применуваат од денот на донесувањето.
2. Осигуреникот има право на покритие за само еден штетен настан за
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Дефиниција
Член 1
времетраење на осигурителното покритие, и со исплата на штетата, осигурувањето престанува да важи.
Според овие услови предмет на осигурување можат да бидат само нови мобилни телефони (уреди) кои осигуреникот ги купува од регистрирана трговска фирма со која осигурувачот има склучено договор за пласирање на овој вид на осигурување, при што регистрираната трговска фирма е договорувач на осигурување.
Член 2
Значење на одделни изрази
1. Осигурувач – Друштво за осигурување УНИКА АД Скопје;
2. Договорувач на осигурување - регистрирана трговска фирма со која осигурувачот има склучено договор за пласирање на овој вид на осигурување согласно овие Услови;
3. Осигуреник – секое лице во чие владение е мобилниот телефон (уред) и ја поседува пропратната документација од истиот (гаранција, фактура/фискална сметка, потврда за осигурување издадена од договорувачот на осигурувањето);
4. Сума на осигурување - претставува купопродажната цена на мобилниот телефон (уред) наведена во фискалната сметка односно фактурата со вклучен ДДВ, но не повеќе од 1.500 евра во денарска противредност. По исклучок, доколку осигуреникот има право на повраток на ДДВ, сума на осигурување претставува вредност на техничката опрема без вклучен ДДВ;
5. Тотална штета – штета во услови кога поправката не е економски оправдана;
6. Делумна штета - штета која што е економски оправдана.
Член 3
Траење на осигурување
Согласно овие Услови, осигурувањето започнува со уплата на премија во часот и денот кој е назначен на фискалната сметка односно во 24 часот на денот на кој е издадена фактурата, а престанува да важи со истек на една година.
Член 4
Склучување на договор за осигурување
Осигурувачот со договорувачот на осигурување склучува генерална полиса, со договорени премиски стапки, при што договорувачот води посебна евиденција за сите издадени поединечни договори за осигурувањe.
Ќе се смета дека е склучен поединечен договор за осигурување со издавање на фискална сметка односно фактура од страна на договорувачот на осигурување, во која е вклучена премија за осигурување, по што договарачот издава потврда за осигурување.
Пропратна документација на осигурувањето е:
- Фискалната сметка со платено осигурување односно издадена фактура со наведен износ на премија за осигурување;
- Гаранцијата издадена од производителот во која е наведен моделот и серискиот број (ИМЕИ) на производот и датумот на купопродажбата; и
- Потврдата за осигурување издадена од договорувачот.
Член 5
Премија за осигурување
Премијата за осигурување се плаќа во денари со купување на производот и истата посебно се изразува на фискалната сметка односно на фактурата.
ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
Член 6
Обем на опасност од кршење
1. Со осигурувањето се дава осигурителна заштита на нов мобилен телефон (уред) само и исклучиво на екранот, доколку дојде до негово оштетување како резултат на настанување на непосреден ненадеен случај или непредвидлив случај на човечка волја, во услови кога осигурениот предмет се оштетува од пад или удар.
3. Осигурувачот не е во обврска:
- да ги надокнади штетите кои се покриени со гаранцијата од производителот;
- да надокнади штета, доколку дојде до губење податоци сочувани на уредот што може да настане во текот или како резултат на поправката на уредот. Осигуреникот е одговорен за правилното складирање на податоци, како и за неопходната резерва (backup) на податоците;
- да исплати посредни штети настани во врска со осигурениот случај: загуба на заработувачка, xxxxxxx, казни и сл;
Член 7
Обврски на осигуреникот во случај на штета
1.Осигуреникот е во обврска најдоцна во рок од 7 дена од денот на настанување на штетата да поднесе барање за надомест кај осигурувачот.
Барањето за надомест на штета може да се поднесе и преку електронски пат на адресата на е-пошта: xxxxxxxxxx@xxxxx.xx.
Осигуреникот има обврска на осигурувачот да му ги достави сите потребни известувања за околностите под кои се случил штетниот настан и сите докази потребни за утврдување на причина на обемот и висината на штетата.
Осигуреникот не смее да ја менува состојбата на оштетениот односно уништениот предмет без овластување од страна на осигурувачот.
Во случај на промена на ИМЕИ бројот на осигурениот мобилен телефон (уред), (исклучиво поради поправки покриени со фабричката гаранција) за време на важноста на осигурувањето, осигуреникот е должен да го извести осигурувачот.
2. Во случај на пријава на штета, Осигуреникот треба да ги достави најмалку следните податоци за обештетување:
- Име и презиме, адреса, поштенски број и телефонски број на Осигуреникот,
- Модел и вид на уредот,
- Сериски број на уредот (IMEI),
- Датум на настанување на штета,
- Датум на пријавување на штета,
- Причина за настанување на штета (детална изјава),
- Фактура/фискална сметка за купување на уредот,
- Копија од гарантниот лист на уредот со задолжително наведен ИМЕИ број и датум на купување на уредот,
- Потврда за осигурување издадена од договорувачот на осигурувањето.
Член 8
(1) Во случај на каква било штета на уредот, Осигуреникот е должен да го плати договореното сопствено учество во штета - франшиза, кој произлегува од Член 10 став 1 од Условите.
(2) Осигуреникот е должен да го плати утврдениот износ сопствено учество во штета - франшиза, на банкарската сметка на овластениот сервис по издадената фактура со која е утврдена висината на штетата.
Член 9
Обврски на осигурувачот Осигурувачот е во обврска:
1. Веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена од денот на пријавување на штетата, да пристапи кон утврдување и проценка на штетата;
2. Во законскиот рок да исплати надомест на штета согласно одредбите од овие Услови
3. Да исплати делумна или тотална штета.
Член 10
Утврдување на надомест од осигурувањето
Надомест од осигурувањето се утврдува во висина на стварната штета на оштетениот екран на мобилниот телефон (уред) утврдена од страна на
овластениот сервис, но најмногу до висината на осигурувањето, намалена за износ на задолжителното учество во штета во висина од 20% од висината на утврдената штета, но не помалку од 20 евра во денарска противвредност.
Осигурувачот е во обврска да ја надомести штетата која настанала само врз екранот на мобилниот телефон (уред).
Сите други можни оштетени делови на уредот како што се, матична плоча, заден дел, камера, звучник, батерија, меморија и останати составни компоненти на уредот, осигурувачот не е во обврска да ги надомести.
Член 11
Осигурувачот не во обврска да надомести штета:
а) Во случај на оштетување на мобилниот телефон (уред) кое директно или индиректно произлегува од војна, инвазија, дејства на странски непријатели, непријателски или воени операции (без оглед дали војна е објавена или не), граѓанска војна или слични граѓански воени дејствија, буна, револуција, востание, граѓански немири; внатрешни / домашни немири; воена или узурпаторска сила; политички насилни дејствија, атентати или дејства на тероризам, експроријација или пракси еднакви на експропријација, конфискација, лишување или контрола на други случаи на виша сила, како и поради природни непогоди или нуклеарна енергија;
б) Во случај на природни електромагнетни бранови или електромагнетни бранови предизвикани од човечки фактор;
в) За индиректни штети, последователни загуби во врска со осигурениот настан, губење на приходи, како и во случај на казни;
г) За директни или индиректни штети предизвикани врз други уреди; д) За остранување на помали дефекти или оштетувања кои се настанати поради гребење, чистење, стругање и други дефекти во изгледот или карактеристиките на уредот, кои не влијааат врз техничката употреба на уредот;
ѓ) За редовно одржување, чистење и други услуги;
е) За дизајнирање, производство и други дефекти, што би довело до повлекување од страна на производителот, познат како епидемско или пандемско повлекување;
ж) За финансиска пропаст на трговецот и/или на било кој друг овластен сервис;
з) За потрошни материјали, како што се батерии и полначи; ѕ) За одговорност од производот;
и) За губење на податоци или други информации од уредот;
ј) Во случај на оштетување, уништување или губење на уредот, како резултат на:
- напуштање, заборавање или губење, изнајмување или давање под закуп;
- континуирана употреба, обично абење;
- пожар, кражба, провална кражба и разбојништво;
- оштетување од течност;
- директни врнежи;
- непочитување на упатствата за инсталација и работење или други несоодветни инсталации или лични несоодветни обиди за поправка на уредот, дополнителни оштетувања предизвикани од програмата, поставки, одржување или ремонт, модификација и чистење на уредот;
- компјутерски вируси, програмирање или софтверски грешки и оние кои создаваат последици или преку носители на софтвер и податоци;
- одговорност на трето лице загарантирана врз основа на законски или договорни одредби;
- незаконито дејство, намера или крајна небрежност, грешки или кривични дела на Осигуреникот или овластениот корисник на уредите;
- механичка употреба на сила врз предметот на осигурување;
k) од поправка во овластен сервис не е извршена правилно или целосно или пак истото е направено делумно, и поради таквата поправка уредот не функционира. Осигурувачот не е во обврска да исплати штета на име дополнителна поправка.
Осигурувачот не е во обврска да исплати износ заради подобрување на функционирање на уредот.
Член 12
Територијално важење на договорот за осигурување
Осигурителното покритие не е ограничено на територијата на Р Македонија, но поправката на уредот се врши исклучиво по цени за услугите важечки на територијата на Р.Македонија.
Член 13
Надлежност во случај на спор
Во случај на спор помеѓу договорувачот на осигурување - осигуреникот и осигурувачот, надлежен е судот во местото на осигурувачот.
Член 14
За се што не е предвидено со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од Општите услови за осигурување
на имот.
Член 15
Овие Услови се составен дел на Потврдата за осигурување издадена од договарачот на осигурување
Член 16
Преминување на правата на осигуреникот спрема одговорното лице врз осигурувачот
(суброгација)
1. Со исплата на надоместот од осигурувањето, преминуваат врз осигурувачот според самиот закон до висината на исплатениот надомест, сите права на осигуреникот спрема лицето кое по која и да е основа е одговорно за штетата.
2. За сите дејствија важат одредбите од Член 995 од Законот за облигациони односи.
Член 17
Завршни одредби
1) Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до:
1. Oрганизационата единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување (комисија за постапување по преставки);
2. Службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3. Организацијата за заштита на потрошувачи и
4. Агенцијата за супервизија на осигурување.
Друштвото за осигурување преку воспоставен систем и интерни процедури одлучува по поднесените преставки во рок од 30 дена од денот на поднесување на преставката.Друштвото води регистар на доставени и решени преставки и за истите во законските рокови е должно да ја известува Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
За сето она што не е регулирано со овие Општи услови, Законот за супервизија на осигурување и Законот за заштите на потрошувачите важат одредбите на Законот за облигациони односи.(2) Согласно со Законот за супервизија на осигурувањето, член 107 и член 108, податоците за осигуреникот и полисата се доверливи.Услови за осигурување на моторни возила од автомобилска одговорност