Contract
Македонски Телеком АД - Скопје |
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗДЕЛКА СО ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНА Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва и Одлуката на Одборот на директори на Македонски Телеком, донесена на вонредениот состанок на 29 октомври 2018 година, Македонски Телеком известува дека е склучен Договор за закуп за деловен простор со Служба за општи и заеднички работи при Влада на Република Македонија (во понатамошниот текст:”СОЗР”), како зделка со заинтересирана страна, со оглед дека Владата на Република Македонија е акционер на Друштвото којашто поседува над 38% од акциите со право на глас,. СОЗР ќе го користи закупениот простор за потребите за сместување на Оперативно-техничка агенција. Договорот се склучува за период од 2 месеци почнувајќи од 01.11.2018 година, а предмет на закуп е простор кој е во сопственост на Друштвото и се наоѓа во склоп на деловниот објект - зграда ТК Центар - Скопје, лоцирана на ул. Орце Николов бб во Скопје, за месечна закупнина во износ од 5.000 евра (без ДДВ). |