Contract
Општи услови и правила за користење на веб страницата на ЈУБ
1. Вовед
Веб страница за целта на ова известување, е термин што ги опфаќа сите веб страници на xxx.xxx.xxx.xx.
2. Содржина на веб страница
Целокупната содржина содржана на страницата е од информативен карактер и служи пред се заради информирање.
Компанијата ЈУБ се обврзува да стори сé што е во нејзина моќ да ги направи информациите на страницата оригинални, сигурни и квалитетни. Сепак, се оградуваме за одредени грешки при пишување, задоцнувања и недостатоци при внесување и ажурирање на податоците.
3. Заштита на авторски права
Оваа веб страница е ексклузивна сопственост на ЈУБ и се забранува злоупотреба на податоци, слики, текстови и други податоци што се дел од оваа веб страница. Забрането е какво било копирање, дистрибуција или друга употреба на горенаведените податоци без претходно знаење и дозвола на ЈУБ.
4. Заштита на приватноста
Кога за прв пат ја посетувате страницата, на Вашиот компјутер се зачувува ,,колаче,, кое можете сами да го отстранете или спречете да се зачува со правилните поставки.
,,Колачиња,, се мали датотеки кои обезбедуваат подобра комуникација со страницата и преку кои на пример, веб страницата може да управува со Вашите лични поставки. Важно е да се напомене дека преку нив не постои начин да пристапиме кон Вашите лични податоци или Вашите податоци на компјутер, освен оние што се јавно достапни (тип на прелистувач, тип на оперативен систем, итн.). Информациите што ги внесувате на страницата се испраќаат електронски до нас на небезбеден начин, така што тие може да станат достапни и на трети лица. За да го заштитите Вашиот идентитет и приватноста, не внесувајте лични податоци што не сакате да бидат јавни.
5. Надворешни поврзувања
Дел од веб страната се исто така поврзани со веб страниците кои не се дел од нашата веб страна. За содржината на овие страници не одговараме.
6. Промена на условите
XXX го задржува правото на промена на општите услови без претходно известување. Измените влегуваат во сила веднаш штом ќе бидат објавени. Поради тоа, секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница внимателно прочитајте ги нашите правила за употреба и користење.
7. Надлежен суд
За толкување и сите правни прашања поврзани со употреба на материјалите објавени на овие веб страници, се применува исклучиво словенечкиот закон. За побарувања и спорови во врска со употребата на споменатите материјали надлежен е судот во Љубљана.
8. Правила на ЈУБ д.о.о. за обработка на лични податоци
a) Цел и оператор
Целта на правилата за обработка на личните податоци е да Ви овозможи контрола и информации и да Ве информира какви лични информации собираме, зошто ги собираме и како ги користиме. Контролор на личните податоци е фирмата ЈУБ д.о.о., Дол при Љубљани 28, 1262 Дол при Љубљани, е-пошта: xxxxxxx@xxx.xx.
Контролорот на податоците може во согласност со Законот за заштита на личните податоци и Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR), да обработува лични податоци: 1) ако е неопходна обработка за извршување на договорот, 2) ако е неопходна обработка за исполнување на законските обврски на компанијата, 3) или во случај на обработка на која вие доброволно се согласувате како дел од нашата соработка.
б) Цел и видови на прибирање лични податоци
JUB прибира лични податоци преку својата веб страница во следниве случаи:
I) е-новости
Ако се претплативте на нашиот билтен на нашата веб страница, потребна ви е е-пошта за да можеме да ви испратиме е-новости.
II) Потреба или прашање
Ако поставивте прашање на нашата веб страница заради одредено барање или имате одредена потреба, Вашите лични информации се обработуваат околу одговорот на прашањето или потребата. За полесна комуникација со Вас, ќе побараме Ваше име и презиме, адреса за е-пошта и/или телефонски број за да Ве информираме за сите поважни информации поврзани со Вашето прашање.
III) Изработка на ЈУБ Дизајн Студио
Ако на нашата веб страница нарачате изработка на XXX Xxxxxx Xxxxxx, Вашите лични податоци се обработуваат со цел да се направи студија за боја. За полесно да комуницираме со Вас, покрај името, презимето и адресата што треба да ја испратите, ќе побараме и адреса за е-пошта и телефонски број.
IV) Интернет трговија
Доколку сте купиле производи преку интернет трговија на нашата веб страница, Вашите лични податоци се обработуваат со цел да се достави нарачаниот производ. Покрај името, презимето и адресата што ни треба да ја завршиме нарачката, за полесна
комуникација со Вас на пр. нејаснотија при купување производи, ќе побараме да ни оставите Ваша е-пошта и телефонски број.
V) Наградни игри
Ако учествувате во која било од нашите наградни игри, ние ќе ги искористиме Вашите лични податоци што ги впишувате во наградниот купон единствено за целите на наградната игра. JUB ги обработува личните податоци на поединците со цел доделување на наградите, а доколку е потребно заради вредноста на наградата и за било какви евентуални даночни потреби. Вашите лични податоци може да бидат обработени и за други цели доколку сте дале согласност за таквата обработка. Согласност значи било која Ваша доброволна, експлицитна, информирана и недвосмислена изјава за намера со која се согласувате за обработка на лични податоци за одредена намена. Можете да дадете лична согласност со Xxxxxx (писмена или усна) изјава или друго јасно потврдување. Во случај на користење на веб страницата ЈУБ, на пр. согласност се смета кога потврдувате со кликнување на празен прозорец на веб страницата дека дозволувате обработка на лични податоци за одредена намена (на пр. за да се претплатите на е-новости).
Ако сте под 16-годишна возраст, не можете да дадете валидна согласност за обработка на Вашите лични информации. Во овој случај, еден од родителите или старателот мора да се согласи за обработка на Вашите лични податоци.
в) Обработка на лични податоци
Ако дадовте согласност, сите Ваши лични податоци можат да се користат и за директен маркетинг, во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци (Закон за заштита на лични податоци ЗЗЛП-1) и други обврзувачки национални правни акти и акти на Европската унија (Општа регулатива за заштита на личните податоци GDPR). ЈУБ непосредно извршува маркетинг главно заради:
• редовни новости, за испраќање понуди, промотивен материјал, списанија и покани за настани;
• обезбедување на информации за наградни игри организирани од ЈУБ или организирани од друго правно лице во соработка со ЈУБ;
• создавање прилагодливи понуди врз основа на Вашите изразени интереси;
• Непосреден маркетинг може да се изврши преку сите комуникациски канали: преку редовна и електронска пошта, кратки СМС и ММС пораки, телефон (фиксни и мобилни) Фејсбук и други социјални мрежи. Ние ќе Ве известиме само преку каналите за комуникација за кои ни дадовте согласност.
Личните податоци ги обработуваме и за целите на разни внатрешни истражувања, или анализи поврзани со утврдување на успехот на индивидуална маркетинг кампања. Ние ги користиме резултатите од ова истражување за да ги подобриме нашите процеси, снабдувањето со добра и услуги со цел поголем успех
г) Период на задржување на податоците
Периодот на задржување на податоците се одредува според категоријата на одделни податоци. Личните податоци добиени за склучување и спроведување на договорни односи се оданочуваат, и должни сме да ги чуваме десет години според законот за данок
на додадена вредност. Ние чуваме и други лични информации сè додека не се исполни целта за која се собрани, или максимум 5 години по завршувањето на деловниот однос со поединецот. Личните податоци обработени врз основа на Ваша согласност се чуваат најмногу 1 година од одземањето на согласноста. На крајот на периодот на задржување податоците се бришат, уништуваат, блокираат или сокриваат, освен ако за секој вид на податоци поинаку не е предвидено со закон.
д) Xxxxxx за прекинување на употребата на лични податоци
Доколку ги обработуваме Вашите лични податоци врз основа на Ваша согласност (на пр. обработка за директен маркетинг), можете да ја повлечете Вашата согласност писмено по пошта на нашата адреса JUB doo, Dol pri Ljubljani 28, 1262 Dol pri Ljubljani или со известување на xxxxxxx@xxx.xx или отпишувањето е можно исто така на секоја е-пошта што ја испраќаме.
Вашето повлекување не влијае на законитоста на обработката што беше извршена до повторното отповикување со Ваша согласност.
ѓ) Права на поединецот
Доколку ЈУБ ги обработува Вашите лични податоци ги имате следниве права:
I) Право на исправка: Може да побарате дополнување или корекција на Вашите лични податоци доколку тие се нецелосни или неточни.
II) Право на бришење: Вие имате право Вашите лични податоци да бидат избришани кога се применува една од следниве причини: (а) личните податоци не се повеќе потребни за целите за кои се собрани или на друг начин обработени; (б) каде ја повлекувате согласноста на која се темели обработката и кога нема друга правна основа за обработка; (в) кога се спротивставувате на обработката и нема пресудни легитимни причини за нејзино процесирање; (г) личните податоци се обработени незаконски.
III) Право на пристап: Секогаш имате право да знаете дали во врска со Вас се обработуваат лични податоци, и доколку се обработуваат, пристапот до личните податоци и следниве информации: (а) целите за обработка; (б) видовите на засегнатите лични податоци; (в) корисници или категории на корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци; (г) предвидениот период на задржување на личните податоци, или ако тоа не е можно, критериумите користени за одредување на тој период; (д) кога личните податоци не се собрани од Вас, како и сите достапни информации за нивниот извор.
IV) Право на ограничување на обработката: Може да побарате ограничувања при обработката на Вашите лични податоци, особено ако ја оспорите нивната точност, односно за период што ни овозможува да ја потврдиме точноста на Вашите лични податоци; - ако обработката е нелегална и Вие се спротивставувате на бришење на личните податоци; - ако периодот на задржување на податоците е истечен и треба за да извршите правни побарувања; - ако поднесете приговор во врска со обработката заснована врз легитимните интереси на ЈУБ додека не се потврди дека нашите легитимни причини ги надминуваат Вашите причини.
V) Право на преносливост на податоци: Вие имате право да ги примате Вашите лични податоци доставени до нас во структурирана, најчесто користена и печатна форма, и право да ги доставите овие информации на друг контролор кога обработката се заснова на Ваша согласност или обработката се врши автоматски. На Ваше барање каде што е технички изводливо, личните податоци можат да се пренесат директно на друг контролор.
VI) Право на приговор: Кога ги обработуваме Вашите податоци врз основа на легитимен интерес за маркетинг цели, вклучително и профилирање, може да се спротивставите на таквата обработка во секое време. Вие имате право да побарате да обработуваме само лични податоци кои се строго неопходни за примена на методи за обработка на лични податоци со кои поединецот се согласи, или дека ние ги обработуваме во согласност со важечкото законодавство.
VII) Право на поднесување жалба до раководителот за информации: Ако не одлучиме за Вашето барање во законскиот рок или го одбиеме Вашето барање, Вие имате можност да поднесете жалба до раководителот за информации на Република Словенија, Zaloška cesta 59, 1000 Љубљана, Словенија.
е) Конечни одредби
Со пристапувањето на веб страницата, Вие се согласувате дека сте запознаени и се согласувате со сите горенаведени услови.
Сè што не е регулирано со овие правила, подлежи на важечки закон. Овие правила се во законска сила од 8.5.2018 година.
ЈУБ д.о.о.