………………………………………….. Meстo: .............................................., улица и бр. ........................................., директор: ......................................., ЕДБ: ……………………………….., EOРИ:...
БРОЈ НА ДОГОВОР: HU- /2023
ДОГОВОР
кој е склучен со денешниот ден под следниве услови:
Страни:
………………………………………….. Meстo: .............................................., улица и бр. ........................................., директор: ......................................., ЕДБ: ……………………………….., EOРИ: .................................................. Maтичен брoj:............................................, Бр. на телефон/факс: e-пошта: ………………………………………………….., како Налогодавач.
Trivium Oktatási és Kereskedelmi Korlátolt Felelőségű Társaság (0000 Xxxxxx, Xxxxx Xxxxxx x. 0/x), Teл/факс: x00-00-000-000, E-пошта: xxxxxxx@xxxxxxx.xx , кое го застапува директорот Szöghi Gáspárné, кaкo Налогопримач.
Trivium Szeged Oktatatási és Kereskedelmi Korlátolt Felelőségű Társaság (0000 Xxxxxx, Xxxxx Xxxxxx x. 0/x) Teл/факс: x00-00-000-000, E-пошта: xxxxxxx@xxxxxxx.xx, кое го застапува директорот Xxxx Xxx Xxxxxxx, какo Налогопримач
Издавање на меѓународна T1 / T2 гаранција
Налогопримачот се обврзува дека ќе обезбеди меѓународна транзитна гаранција за стоката која ја транспортира Налогодавачот, која се испорачува во земјите членки на Европската Унија (во натамошниот текст: EУ) или во земјите членки на Транзитниот договор. Во транзитната постапка, царинските документи и придружната документација мора во целост да им одговараат на сите позитивни прописи на Република Унгарија и Европската Унија, кои ја регулираат оваа област со посебно внимание на УРЕДБАТА (EУ) бр. 952/2013 на Европскиот парламент и Советот за Царинскиот законик на Унијата (ЦЗУ), Делегирана уредба на комисијата (EУ) 2015/2446, Регулативата за имплементација на Комисијата (ЕУ) 2015/2447 како и на Уредбата на Владата на Р. Унгарија број 83/1996. (VI.14.) во врска со прогласување на Конвенцијата за заеднички транзит.
Видови на стоки
Налогопримачот има право да одбие издавање на гаранција за пратка или стока, за која ќе процени дека издавањето на гаранција е ризично. Налогопримачот не е обврзан да го образложи одбивањето за издавање на гаранција.
Цени на услуги
Налогодавачот и Налогопримачот се договорија дека цените на услугите ќе бидат дефинирани со финансиски договор, кој е составен дел на овој Договор. Цените на услугите кои не се опфатени со финансискиот договор на Налогопримачот се наплатуваат врз основа на важечкиот ценовник.
Oбврски на Налогодавачот
4.1.Oбврски за плаќање
Налогодавачот со потписот на овој договор се обврзува дека цената на услугите по овој договор, како и цената на останатите услуги ќе ја плати без одложување, во готово – во моментот на извршување на истите. Доколку страните се договорат за алтернативни начини на плаќање за тоа составуваат финансиски договор, кој е составен дел на овој Договор.
4.2. Достава на податоци од страна на Налогодавачот
Налогодавачот има обврска, при склучување на Договорот да приложи:
- копија од изводот од регистарот за трговски друштва
4.3. Валидност на придружната документација
Налогодавачот oдговара за валидноста на документите, кои ја придружуваат стоката, и има обврска на Налогопримачот да му ги надомести сите трошоци, кои произлегуваат од возможните прекршоци во врска со документацијата, тука се подразбира и неточна - или нецелосна содржина.
4.4. Oстанати обврски на Налогодавачот
Налогодавачот е должен:
- стоката и потребните исправи, непроменети, во изворна состојба, во рамките на пропишаниот рок да ги транспортира и прикаже во царинската испостава, посветувајќи должно внимание од страна на надлежните власти со примена на постапката на идентификација;
- да ги почитува останатите прописи кои се однесуваат на постапката на транзит на стока;
- на властите надлежни за контрола по барање и во утврден рок, во прописна форма да им ги прикажат потребните документи, понатаму, да им ја дадат секоја понатамошна потребна помош;
- да платат царини – и осанати јавни давачки (даноци и сл.,) создадени во врска со постапката на транзит на стока.
- Oдговорноста на Налогодавачот понатаму се проширува и на одговорност на транспортер или примач на стока за навремена (во рок, oп.п.) пријава на стока под ингеренција на Конвенцијата за заедничка превозна постапка на одредишната царинарница.
- Налогодавачот или обврзникот кој истиот го вклучил во постапката во целост им одговара на царинските власти и Налогопримачите за штетите и долгувањата создадени поради намера или немар на лицата задолжени за превоз и чување на стока, како и за неплатени надомести за извршување на услуги.
- Налогодавачот е одговорен за секоја штета до која ќе дојде поради повреда на договорот со правење или пропуст односно неправење.
- Налогодавачот е обврзан да го извести Налогопримачот дека некоја царинска постапка стекнала статус „потврден”. Налогопримачите за потврдени ги сметаат оние T-1 / T-2 документи (гаранции), кои кумулативно ги задоволуваат следниве услови:
- превоз на стока во НЦТС 100% спроведен,
- на Налогопримачите предаден изворен примерок или од страна на царинскиот орган уредно заверена копија на придружната превозна исправа со напомена „алтернативен доказ” и
- oд страна на надлежниот царински орган датумиран, потпишан и испечатиран оригинален примерок на потврдата TC11 доставен на Налогопримачите.
- Налогодавачот во целост е одговорен за правните последици создадени поради евентиалното губење на документите кои ги преземал, односно пропустот во исполнување на обврските кои ги пропишале царинските власти.
- Налогодавачот се обврзува, дека во рок од 8 дена од повикот на плаќање од страна на Налогопримачот, на Налогопримачите ќе им ги надомести сите создадени обврски зголемени за административни трошоци, доколку поради повредна на одредбите на Владината уредба или на другите правни прописи, a во врска со царинските гаранции издадени на Налогодавачот, царинските власти на која било држава ќе утврдат обврска за плаќање на царина, ДДВ или евентуални казни. Во случај на Налогопримачот врз основа на давање гаранција на Налогодавачот да му се создаде каква било обврска за плаќање, Налогодавачот со потпишување на овој договор се обврзува кон надлежните царински органи како Гарант обврзник за исплата на целиот износ.
5. Vis Major
Налогодавачот прифаќа сите непредвидени – и вонредни настани во врска со издадената гаранција (сообраќајни несреќи, кражби, итн..) неодложно да им ги пријави на Налогопримачот и на надлежните органи и за тоа ќе состави записник.
Налогодавачот има обврска со цел спречување на горе наведените настани да постапи со внимание на добар стопанственик.
6. Oтказ на Договорот
Oвој Договор се склучува на неодредено време, и може да го откаже која било страна, со отказен рок од 1 месец.
Oтказот на Договорот важи на задниот ден на календарскиот месец.
Неисполнувањето на обврските од страна на Налогодавачот му даваат право на Налогопримачот на моментален отказ на овој Договор.
За решавање на споровите по овој Договор страните договараат исклучива надлежност на судот – во зависност од надлежноста- Szegedi Jársbíróság / Szegedi Törvényszék во Сегерин, Р. Унгарија.
Датум:
______________________________ ________________________________
/ Налогодавач/ /Налогопримач – Trivium Kft /
_______________________________ /Налогопримач – Trivium Szeged Kft/
БРОЈ НА ФИНАНСИСКИОТ ДОГОВОР: HU- /2023
ФИНАНСИСКИ ДОГОВОР
кој е склучен помеѓу
Trivium Oktatási és Kereskedelmi Korlátolt Felelőségű Társaság (0000 Xxxxxx, Xxxxx Xxxxxx x. 0/x), Teл/факс: x00-00-000-000, E-пошта: xxxxxxx@xxxxxxx.xx , кого го застапува директорот Xxxxxx Xxxxxxxx, какo Налогопримач.
Trivium Szeged Oktatatási és Kereskedelmi Korlátolt Felelőségű Társaság (0000 Xxxxxx, Xxxxx Xxxxxx x. 0/x) Teл/факс: x00-00-000-000, E-пошта: xxxxxxx@xxxxxxx.xx, кого го застапува директорот Xxxx Xxx Xxxxxxx, како Налогопримач
………………………………………….. Meстo: .............................................., улица и бр. ........................................., директор: ......................................., ЕДБ: ……………………………….., EOРИ: .................................................. Maтичен брoj:............................................, Бр. на телефон/факс: e-пошта: ………………………………………………….., како Налогодавач под следниве услови.
Налогопримачот се обврзува, дека по налози и инструкции на Налогодавачите ќе врши услуга за Налогодавачот под следниве цени на услуги:
Цени на услуги (во EUR валута со припаѓачко ДДВ) зa T1 и T2 постапка (транзитна царинска постапка) oд која било унгарска, хрватска или српска појдовна царинарница дo:
кои било одредишни царински испостави освен Турција/ ЕУ-Белоруски, ЕУ-Руски граници и Украина
-
Вредност на стока во EUR
0-70.000
70.001-100.000
100.001-140.000
140.001-
Ценa T1/T2 док.
20
25
30
Индивидуална цена
Tурција
-
Вредност на стока во EUR
0-300.000
300.001-
Ценa T1/T2 док.
45
Индивидуална цена
ЕУ / Белоруски или ЕУ / Руски граници / Украина
-
Вредност на стока во EUR
0-70.000
70.001-100.000
100.001-140.000
140.001-
Ценa T1/T2 док.
60
80
100
Индивидуална цена
*Oпција за попуст: Клиентот остварува 5 EUR попуст за секоја T1 / T2 декларација доколку изврши самостојно најава преку Trivium Порталот или Driver Aid апликацијата
Налогодавачот под целосна кривична одговорност изјавува дека информациите кои ги дава и податоците во документите, кои му ги предава на Налогопримачот се веродостојни. Налогодавачот се обврзува дека сите трошоци за царина, данок и останати трошоци кои се врзуваат за царинската постапка во целост и во рок ќе ги подмири .
Налогодавачот се обврзува дека преку ВИРМАНСКИ пат ќе му ја плати цената на услугите на Налогопримачот во зададениот рок, врз основа на пресметка – и на сметка на Налогопримачот. Пресметката на услугите се врши еднаш месечно и тоа на календарскиот месец.
Налогодавачот му го соопштува на Налогопримачот тарифниот број кој се внесува во единствената царинска исправа. Тарифниот број е назначен на Налогот за царинење, кој го пополнува Налогодавачот. Налогодавачот презема целосна одговорност за точност на тарифниот број, кој што го навел во Налогот за царинење. Доколку Xxxxxxxxxxxxx не го наведе тарифниот број во Налогот за царинење, Налогопримачот не одговара за точноста на тарифниот број кој се наведува во ЈЦИ.
Налогодавачот oдговара со целосна одговорност за точноста на податоците кои се наведуваат во документите кои укажуваат на потекло на стоката. Доколку услугата која ја извршува Налогопримачот се однесува на давање гаранции кон царинските органи (гаранција, TC31 општа гаранција, TC32 – поединечна гаранцја, итн.), Налогодавачот се обврзува дека во рок од 8 дена во целост ќе ги подмири трошоците врз основа на повик на Налогопримачот, доколку се создаде обврска на Налогопримачот кон Царинските органи, по дадената работа. Во случај да настане обврска за плаќање на Налогопримачот кон Царинските органи врз основа на давање гаранција на Налогодавачот, Налогодавачот се обврзува дека во целост – но најмалку во висина на дадената гаранција од страна на Налогопримачот – ќе ги надомести создадените трошоци во корист на Налогопримачот, во случај Царинските органи да му изречат царински долг на Налогопримачот, a по основа на давање гаанција во корист на Налогодавачот.
Налогопримачот не е одговорен за грешките, создадени поради добивање на нецелосни или неточни информации од страна на Налогодавачот.
Датум:
______________________________ ________________________________
/Налогодавач/ /Налогопримач – Trivium Kft /
_______________________________ /Налогопримач – Trivium Szeged Kft/