Contract
Значење на поединечни изрази Член 1
Одделни изрази во овие Услови го имаат следново
значење:
1) „Осигурувач“ – акционерско друштво за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје со коешто е склучен договор за осигурување;
2) „Договарач на осигурување“ – лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот;
3) „Осигуреник“ – лице чијашто одговорност е покриена со осигурувањето;
4) „Работодавач“ – правно лице, како и друг субјект што вработува лица врз основа на договор за вработување, или на некоја друга правна основа, во согласност со позитивните законски прописи;
5) „Сума на осигурување по еден штетен настан“ – максимална обврска на осигурувачот за еден осигурен случај;
6) „Вкупна сума на осигурување (агрегат)“ – максимална обврска на осигурувачот за сите осигурени случаи во текот на траењето на осигурувањето;
7) „Премија“ – износ што се плаќа за осигурување по договор за осигурување;
8) „Полиса“ – договор за склучено осигурување;
9) „Лист за покритие“ – склучен договор за осигурување којшто привремено ја заменува полисата;
10) „Извор на опасност“ – дејност (занимање), ствари (движни и недвижни), правен однос или одредено својство од коишто може да настане одговорност како ризик покриен со ова осигурување;
11) „Вработен“ – домашно физичко лице или странец што е во работен
однос кај работодавачот, како и лице кое по која било основа извршува работи или се оспособува за работа кај работодавачот.
Предмет на осигурување Член 2
1) Предмет на осигурување според овие Услови е граѓанско-правната одговорност на осигуреникот - работодавачот за предизвикана штета, по која следи смрт, телесна повреда или повреда на здравјето, односно оштетување или уништување на стварите на вработените, предизвикани од ненадеен и неочекуван штетен настан.
2) Со ова осигурување е покриена одговорноста за предизвиканата штета ако настанала или од регистрираната дејност на осигуреникот, или од поседување на стварите, или од својства како извор на опасност што се означени во полисата за осигурување.
Проширување на осигурувањето Член 3
1) Во рамки на осигурениот извор на опасност, наведен во полисата, опфатена е и одговорноста на осигуреникот од користење, односно поседување, закуп или плодоуживање на земјиште, зграда и простории што се користат исклучително за потребите на осигурените дејности или занимања.
Осигурување од нови извори на xxxxxxxx Xxxx 0
1) Ако посебно се договори, покритието од осигурувањето може да се прошири и на одговорност од нови извори на опасност што се
појавуваат кај осигуреникот по склучувањето на договорот за осигурување, доколку за овој новонастанат извор на опасност не е склучено посебно осигурување или не е опфатено со постојното осигурување.
2) Осигуреникот е должен веднаш по појавувањето на новиот извор на опасност, по писмен пат да го извести осигурувачот за појавувањето на новиот извор на опасност.
3) Осигурувачот е должен во рок од осум дена по примањето на известувањето од претходниот став да го извести осигуреникот за прифаќањето во покритието на новите извори на опасност. Доколку осигурувачот не одговори во рок од осум дена по писмен пат, ќе се смета дека новиот извор на опасност е опфатен со осигурувањето, доколку истиот е наведен во склад со важечките услови и тарифи на премии на осигурувачот.
4) Осигурувачот го задржува правото на пресметка на дополнителна премија за покритие од новите извори на опасност од претходните ставови на овој член, како и правото да не ги прифати новите извори на опасност, за што по писмен пат ќе го извести договарачот во рокот наведен во претходниот став.
5) За новите извори на опасност важи сумата за осигурување, која е договорена и наведна во полисата за осигурување за претходно осигурените извори на опасност. Ако полисата содржи различни суми на осигурување за поединечни извори на опасност, за поединечниот извор на опасност ќе важи за него договорената осигурена сума.
6) Xxxx во еден случај не може да се договори зголемување на изворот на опасност од:
1) одржување или употреба на железница (пруга), театар,
кино, циркус, трибина, како и снимање филмови;
2) одржување и употреба на летачки објекти, возила на води и моторни возила;
3) изработување, преработување, сместување, превоз, употреба и тргување со експлозивен материјал, освен ако за ова постои одобрување од надлежен орган;
4) лов како дејност и ловечки спорт.
Склучување на договор за осигурување Член 5
1) Договорот за осигурување се склучува врз основа на писмена понуда (прашалник) потпишана од договарачот. Понудата е образец на осигурувачот што ги содржи сите податоци потребни за оцена на ризикот.
2) Договорот за осигурување е склучен кога договарачот и осигурувачот ќе ја потпишат полисата за осигурување.
3) Составен дел на полисата се понудата за осигурување и овие Услови.
Член 6
1) Договорот за осигурување се склучува за сите вработени лица кај осигуреникот.
2) При склучување на осигурувањето договарачот на осигурувањето / осигуреникот е должен на осигурувачот да му достави точен број на вработени лица, како и сите други податоци, побарани од осигурувачот, кои се неопходни за пресметка на премијата, односно врз основа на кои се склучува осигурувањето.
3) За точноста и веродостојноста на податоците за пресметка на премијата одговора договарачот / осигуреникот.
4) Обврската на осигурувачот постои само за оние осигурени случаи настанати при вршење на онаа дејност на осигуреникот што е изречно наведена во понудата за осигурување и во полисата.
Почеток и траење на осигурувањето Член 7
1) Осигурувањето започнува во 24:00 часот во оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето и престанува во 24:00 часот во оној ден што во полисата е договорен како ден на истекување на осигурувањето, освен доколку поинаку не е договорено.
2) Без оглед на договoреното траење на осигурувањето, осигурувањето престанува на денот кога осигурувачот ќе ја испlати вкупната (агрегатната) сума на осигурување од полисата.
3) Осигурувањето за одделен осигурен случај престанува на денот кога осигурувачот ќе ја исплати осигурената сума од полисата за еден осигурен случај.
4) Осигурувањето престанува кога ќе биде раскинат договорот за осигурување пред истекување на договoреното траење, во согласност со овие Услови и Законот за облигациони односи.
Времетраење на осигурувањето Член 8
(1) Осигурувачот има обврска само тогаш ако осигурениот случај настане за време на важењето на осигурувањето.
(2) Осигурениот случај што настанал за време на важењето на
осигурувањето, а чијшто причинител е од периодот што му претходи на склучувањето на договорот за осигурување или од времето кога осигурувањето било прекинато, покриен е со осигурување само тогаш ако на договарачот на осигурувањето или осигуреникот до почетокот на осигурувањето или повторниот почеток на осигурувањето не му била позната или не би можела да му биде позната причината од којашто потекнува осигурениот случај.
(3) Од штети како резултат на повреда на здравјето, кои настануваат постепено, во случај на сомнеж се смета дека штетниот настан се случил тогаш кога за прв пат, со наод на лекар, е утврдена повреда на здравјето.
(4) Рокот за поднесување барање за надомест на штета на трето оштетено лице, односно на осигуреникот по основа на правото од осигурувањето според полисата склучена во согласност со овие Услови, е рокот определен со Законот за облигациони односи.
Територијално важење на осигурувањето Член 9
(1) Со осигурувањето се опфатени осигурените случаи настанати на територијата на Република Македонија, доколку поинаку не се договори.
Сума на осигурување Член 10
(1) Сумата на осигурувањето се договара во фиксен паричен износ и претставува максимална обврска на осигурувачот по еден осигурен случај, без оглед на бројот на оштетени лица и лица чијашто одговорност е покриена со осигурувањето.
(2) Сумата на осигурувањето од претходниот став се однесува на смртни случаи, телесни повреди или повреди на здравјето, оштетување или уништување на стварите на трети лица.
(3) Вкупната годишна сума на осигурување претставува вкупна обврска на осигурувачот за сите осигурени случаи настанати во текот на целиот период на траење на осигурувањето по полисата.
(4) Вкупната годишна сума на осигурувањето се намалува со исплатата на секој поединечен надомест. По исцрпувањето на вкупната годишна сума на осигурување, осигурувањето престанува да важи.
Осигурен случај Член 11
(1) Осигурен случај во смисла на овие Услови е штетен настан што има како последица смрт, повреда на телото или на здравјето на вработените лица, уништување или оштетување на лични предмети на работникот, кој настанал во текот на вршењето на дејноста на осигуреникот и врз основа на кој вработениот се стекнал со право на надомест на штета.
(2) Се смета дека осигурениот случај настанал во оној миг кога штетниот настан што го претрпел вработениот, на чијашто основа би можело да настане барање за надомест од осигурувањето против осигуреникот - работодавачот, а на основа на граѓанско-правната одговорност, започнал да дејствува.
(3) Повеќе штетни настани настанати од истата причина или од истозначни, временски поврзани причини се сметаат за еден осигурен случај - сериска штета.
(4) За момент на настанување на сериската штета се смета моментот
кога настанала првата штета и во однос на овој момент се определува обемот на договореното осигурително покритие за севкупната штета во серијата.
(5) Доколку првата штета во серијата настанала пред почетокот на договорениот период на осигурување и за истата осигуреникот или договарачот на осигурувањето не знаел, ниту можел да знае, како прва штета во серијата се смета првата штета што настанала по почетокот на договорениот период на осигурувањето.
(6) Доколку првата штета во серијата настанала за време на прекин на договорениот период на осигурување и за истата осигуреникот или договарачот на осигурувањето не знаел, ниту можел да знае, како прва штета во серијата се смета првата штета што настанала по продолжувањето на договорениот период на осигурување.
(7) Како телесна повреда на вработен настаната при вршење на дејноста на осигуреникот не се сметаат:
- Повреда предизвикана со тепачка во која вработениот директно учествувал,
- Повреди настани во време на доаѓање на работа и повреди настанати по напуштање на работното место по завршување на работното време,
- По напуштање на работното место заради извршување приватна работа,
- Повреда што е предизвикана од болест на вработениот (епилепсија, шизофренија и други психички болести, срцев удар, мозочен удар, дијабетес, хипертензија, болести на ‘рбетниот столб и други
болести) и повреди што се во директна врска со тие болести,
- Смрт поради болест, која се случила на работното место, службен пат, на пат од дома до работа и обратно.
Исклучување од осигурувањето Член 12
1) Осигурувачот не ги признава и не ги надоместува штетите настанати поради:
- Одговорност на осигуреникот за намерно причинета штета или штета од грубо невнимание,
- Одговорност на осигуреникот поради постапувања спротивни на важечките законски прописи или непридржување на законските прописи;
- Издавање налог на вработениот за
работа/работна задача спротивно на внатрешните акти и познатите работни постапки;
- Издавање налог на вработениот за извршување работа или активности во врска со работата спротивно на прописите за безбедност и здравје на работа;
- Одговорност на осигуреникот поради тоа што вработениот работел без законски пропишан претходен здравствен преглед, ако подоцна со здравствен преглед се утврди дека тој вработен спрема здравствената состојба не бил способен за работа на одредени работи;
- Одговорност на осигуреникот поради повреда на правата на вработените од работен однос;
- Штети поради вознемирување на работникот од страна на работодавачот (мобинг);
- Штети односно повреди или смрт поради обид или поради извршено самоубиство на вработен кај осигуреникот;
- Штети односно повреди предизвикани под дејство на алкохол и наркотични средства на вработениот;
- Одговорноста на осигуреникот што произлегува од договорно проширување на неговата одговорност и за случаи за кои инаку по законот не одговара, освен ако не е посебно договорено во полисата за осигурување;
- Околности и настани што се случиле пред почетокот на важноста на полисата, а кои му биле познати на осигуреникот или морале да му бидат познати, односно кои не можеле да му останат непознати, а кои довеле до барање за надомест на штета;
- Парични казни изречени на осигуреникот во соодветни судски постапки.
2) Ако посебно не се договори, осигурувачот не ја покрива одговорноста за штета како резултат на коњски, велосипедски, мото и автомобилски трки, боксерски и боречки борби (тренинг), кои ги организира осигуреникот за своите вработени.
3) Од осигурувањето се исклучени барањата за надомест на штета:
1. на производи што ги продава осигуреникот, како и штети што се предизвикани од дефект на некој производ или недостаток на извршената работа по примопредавањето (одговорност за производите);
2. „чисто“ финансиски штети под кои се подразбираат штети
што не настанале со повреда на телото или здравјето на вработениот, ниту со оштетување односно уништување на предмети на вработениот;
3. на стварите на вработените што не спаѓаат во лични ствари на вработениот. Ако посебно не се договори, не се надоместуваат штетите на превозните средства во сопственост на вработениот;
4. трајно дејство на температура, гасови, пареа, влага или врнежи (дим, пепел, прав и др.) што има за последица постепено настанување на штета;
5. еколошка штета;
6. поради употреба на неатестирани работни алатки и помошни средства за работа, непочитување на технички прописи, недоволна или неодржана обука на вработените за ракување со предметите на осигуреникот;
7. штетите што ќе ги претрпи осигуреникот, брачниот другар на осигуреникот, децата и други лица кои живеат со него во заедничко домаќинство и кои е должен да ги издржува;
8. одговорност за штети од поседување или употреба на моторни возила на работодавачот (што подлежат на задолжителното осигурување), летачки објекти, возила на вода, приколки, самоодни работни машини или секој друг вид на превозно средство на работодавачот;
9. за штети што настануваат поради тоа што осигуреникот не спровел мерки за спречување на остварувањето
или зголемувањето на опасноста (превентивни мерки) како што барал осигурувачот. Како дополнителна опасност се зема околноста што во минатото веќе довела до штетен настан;
10. штети што се последица на професионално заболување на вработениот кај осигуреникот (електромагнетно зрачење, генетски промени и др.);
11. од осигурувањето е исклучена одговорност на општествено- политичките заедници за штети настанати со смрт или телесна повреда на некое лице како резултат на чин на насилство или терор, како и при јавни демонстрации и манифестации;
12. од осигурувањето се исклучени регресните барања од фондовите за социјално осигурување, фондовите за пензиско и инвалидско осигурување, како и останатите фондови коишто исплаќаат надомест по основа на уплатени придонеси;
13. штети што посредно или непосредно произлегуваат од употребата на азбест или други супстанции што содржат азбест, без разлика на неговата количина;
14. штети што се последица на јонизирачко зрачење или контаминација од нуклеарно гориво или отпад, кое потекнува од согорување на нуклеарни горива или радиоактивни, токсични, експлозивни или други опасни материи;
15. штети што настануваат како резултат на војна, примена на сила од странска држава или
против државата и нејзините органи, насилство, политички и терористички организации, насилства при јавни собири, манифестации и собири, како и насилства при штрајкување и отпуштање на работници. Осигурувањето не се протега на обврските за надомест на штета како резултат на терористички акти;
16. штети предизвикани поради земјотрес.
Обврски на осигуреникот по настанувањето на осигурениот случај Член 13
(1) Осигуреникот е должен писмено да го извести осигурувачот за настанувањето на осигурениот случај, како и за поднесеното барање за надомест на штета најдоцна во рок од три дена од сознанието.
(2) По настанување на осигурениот случај, осигуреникот е обврзан задолжително да му ги достави на осигурувачот сите потребни документи од кои може да се види како и под кои околности настанал осигурениот случај, како и документацијата врз основа на која осигуреникот исплатил трошоци во врска со настанатиот осигурен случај.
(3) Осигурувачот може да побара лекарски преглед кај лекар што тој ќе го определи и дополнителни специјалистички прегледи. Трошоците за истите ги сноси осигурувачот, освен доколку со законски или други прописи не е поинаку регулирано.
(4) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и тогаш кога барањето за надомест на штета против биде покренато преку надлежен суд, кога е изречена мерка притвор, како и кога x
покрената постапка за обезбедување докази.
(5) Доколку е направен увид, покренато обвинение или е донесена одлука за кривична постапка, осигуреникот е должен за тоа веднаш да го извести осигурувачот, па и тогаш ако веќе го пријавил настанувањето на штетниот настан. Исто така е должен да го достави наодот на надлежниот орган во врска со настанатиот штетен настан.
(6) Ако со осигурувањето е покриен ризикот кражба на ствари, осигуреникот е должен кражбата без одложување да ја пријави на надлежниот орган.
(7) Осигуреникот не е овластен без претходна согласност на осигурувачот да се изјаснува за барањето за надомест на штета, а особено да го признае потполно или делумно, ниту во барањето за надомест на штета да се спогоди, ниту да изврши исплата, освен ако според фактичката состојба не можело да се одбие признанието, порамнувањето, односно исплатата, а со тоа да не се направи очигледна неправда. Ако осигуреникот бил во заблуда сметајќи дека постои негова одговорност или дека фактите се правилно утврдени, тоа не го ослободува од одговорноста да ги сноси штетните последици што настанале поради неговото однесување.
(8) Ако не се постигне спогодба за надоместот од осигурувањето во вонсудска постапка, па оштетениот поднесе тужба против осигуреникот во парична постапка или парничната постапка се покренува на основа на судска одлука во кривична постапка за штетата, осигуреникот е должен да му ја достави на осигурувачот судската покана, односно тужба и сè што е написмено во врска со штетниот настан и барањето за надомест на штета, како и да му го
препушти на осигурувачот водењето на спорот.
(9) Ако осигуреникот се противи на предлогот на осигурувачот барањето за надомест на штета да се реши спогодбено, осигурувачот не е должен да го плати вишокот од надоместот, каматите и трошоците што настанале при тоа.
(10)Во случај оштетениот со барање на надомест да му се обрати непосредно на осигурувачот, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги даде сите докази и податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување одговорност за причинетата штета и за оценка на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.
(11)Ако поради сменети околности осигуреникот стекне право да се укине или да се смали рентата на оштетеното лице, должен е за тоа да го извести осигурувачот.
(12)Доколку осигуреникот не се придржува кон обврските од овој член, ќе ги сноси последиците што ќе настанат како резултат на тоа, освен ако тие би настанеле и да се придржувал до обврските.
Обврска на осигурувачот по настанувањето на осигурениот случај Член 14
(1) По настанувањето на осигурениот случај, осигурувачот има обврска:
1) да преземе заедно со осигуреникот одбрана од неосновани или претерани барања за надомест на штета (правна помош чл. 15);
2) да ги исплати основаните барања за надомест од осигурувањето (надомест на штета чл. 16);
3) да ги надомести трошоците за судската постапка (надомест на трошоци за постапка чл. 17).
(2) Со согласност и по упатство на осигурувачот, водењето на спорот може да му се довери на осигуреникот, којшто е должен во тој случај да се придржува до упатствата и налозите на осигурувачот во поглед на водење постапка во парница.
(3) Осигурувачот може да го преземе водењето на парницата или да стапи на местото на осигуреникот или да учествува во својство на вмешувач.
(4) Осигурувачот е овластен да одбие да го води спорот или да го препушти водењето на спорот на осигуреникот ако оцени дека нема место за пружање правна заштита имајќи го предвид односот меѓу висината на барањето за надомест на штета и висината на сумата на осигурување.
(5) Во случај осигурувачот на име надомест од осигурување да ја исплати сумата на осигурување пред покренување спор, престанува и неговата обврска за правна заштита.
Правна помош Член 15
(1) Обврските на осигурувачот за давање правна заштита опфаќаат:
1) Истражување на одговорноста на осигуреникот за настанатата штета;
2) Водење на спорот во име на осигуреникот ако оштетениот го остварува правото на надомест на штета во парнична постапка;
3) Давање на сите изјави во име на осигуреникот што ги смета за целисходни за задоволување или одбрана од неосновани или претерани барања за надомест на штета.
(2) Осигурувачот може да го довери водењето на спорот на осигуреникот, кој во таков случај е должен да се придржува на упатствата и налозите на
осигурувачот во врска со водењето на парницата.
(3) Осигурувачот може да го преземе водењето на парницата или да стапи на местото на осигуреникот или да учествува во парницата во својство на замешувач.
(4) Осигурувачот е овластен да одбие да води парница или да го препушти водењето на парницата на осигуреникот ако оцени дека нема место за давање правна помош со оглед на односот на висината на барањето за надомест на штета и висината на осигурената сума.
(5) Во случај осигурувачот на име на надомест на штета да ја исплати осигурената сума по еден штетен настан пред поведувањето на парницата, престанува и неговата обврска за правна заштита.
Надомест на штета Член 16
(1) Осигурувачот е должен во рок од 14 дена да го исплати надоместот од осигурувањето, сметајќи од денот кога е утврдена неговата обврска и висината на таа обврска.
(2) Осигурувачот го исплатува надоместот од осигурувањето врз основа на признание што го дал или одобрил, спогодба што ја склучил или одобрил или врз основа на судска одлука.
(3) Осигурувачот е овластен на име на надомест, на осигуреникот да му ја исплати сумата на осигурување по еден штетен настан, при што се ослободува од сите понатамошни давачки и постапки во врска со таа штета.
(4) Во депонирањето поради обезбедување надомест на штета, на што би бил должен осигуреникот врз основа на законските прописи или судска одлука, осигурувачот учествува со
истата висина како и во надоместот од осигурувањето.
(5) Ако осигуреникот е должен да плаќа рента во име на надомест на штета, а капитализираната вредност на рентата ја надминува сумата на осигурување, или остатокот на сумата по одбивањето на другите давачки во врска со истиот осигурен случај, рентата што ја должи ќе се надомести само во сразмер помеѓу сумата на осигурување, односно остатокот на сумата на осигурување и капитализираната вредност на рентата. Капитализираната вредност на рентата се пресметува врз основа на важечките таблици на смртност во Република Македонија. Доколку станува збор за корисник на рента кој не е полнолетен или стекнал право на рента поради смрт на личност која била должна да го издржува, се смета дека ќе прима рента до својата 18-годишна возраст. Осигурувачот има право да му ја стави на располагање осигурената сума или преостанатиот дел од сумата како старателски влог кон осигуреникот, во врска со плаќањето рента. Доколку е прифатен старателскиот влог, осигурувачот има право осигурената сума или дел од сумата да користи за покривање на штетата на име рента додека сумата на осигурувањето не се исцрпи.
(6) Ако осигурувачот се противи на предлогот на осигуреникот да склучи договор за спогодба за барањето за надомест од осигурувањето, должен е да плати надомест, камата и трошоци и тогаш кога ја надминуваат сумата на осигурување.
(7) Доколку со полисата е договорено осигуреникот да сноси учество во штетата (франшиза), кога ќе
настане осигурен случај, осигурувачот го намалува надоместот на штета за износот на договорената франшиза.
Надомест на трошоци Член 17
(1) Осигурувачот ги надоместува сите трошоци за парнична постапка доколку сам го водел спорот или му дал согласност на осигуреникот за водење на спорот, па и тогаш кога барањето за надомест на штета не било основано.
(2) Ако парницата е водена без знаење и согласност на осигурувачот, со осигурувањето се покриени трошоците за спорот доколку заедно со надоместот на штета не го надминуваат износот на сумата на осигурување, и тоа ако спорот е основано воден и ако трошоците се оправдани.
(3) Осигурувачот ги сноси трошоците за бранителот во кривичната постапка покрената против осигуреникот поради настан од којшто како последица би произлегло поставување барање за надомест од осигурувањето на основа на одговорност покриена со осигурувањето, и тоа исклучително ако е запознаен со исказот на бранителот и ако прифатил да ги сноси трошоците. Трошоците за кривичната постапка, како и трошоците за застапување на оштетениот, осигурувачот не го надоместува.
(4) Кога ќе ја изврши својата обврска со исплата на сумата на осигурување и соодветниот дел од трошоците, осигурувачот се ослободува од
понатамошни давачки на име надомест на трошоци по еден осигурен случај.
Полноважно право Член 18
(1) Доколку не е поинаку договорено и не е платена дополнителна премија на обемот на покритието, правата и обврските од полисата за осигурување, склучена во согласност со овие Услови, се применува правото на Република Македонија.
Примена на Општите услови за осигурување имот
Член 19
(1) На осигурувањата склучени според овие Услови се применуваат и Општите услови за осигурување имот и Општите услови за осигурување од одговорност, со исклучок на оние одредби коишто се поинаку регулирани со овие Услови.
Член 20
(1) Овие Услови стапуваат на сила од денот на донесувањето.
Право на приговор Член 21
(1) Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на Друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на Друштвото.