Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Дополнителни услови за задолжително осигурување на патници во јавниот превоз од последици на несреќен случај (незгода)
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 15.10.2004 година и со одлука бр.06/04-3 се применуваат од денот на донесувањето.
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие дополнителни услови за задолжителното осигурување на патници во јавен превоз од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: дополнителни услови), се составен дел на договорот за задолжителното осигурување на патници во јавен превоз од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со “уника ” друштво за осигурување x.X. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето е правно лице кое извршува јавен превоз на патници, односно лица кои се овластени да извршуваат јавен превоз на патници.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на живот, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
(4) По исклучок од одредбите на општите услови осигурени се и душевно болните лица и лицата потполно лишени од деловната способност доколку им настане несреќен случај само во јавниот превоз во некои од средствата на јавниот превоз.
(5) Патници во јавен сообраќај се лицата кои заради патување се наоѓаат во некои од превозните средства за вршење на јавен превоз, независно дали имаат или немаат возен билет, како и лицата кои се наоѓаат во кругот на станицата или во непосредна близина на превозното средство пред качувањето, односно по симнувањето, кои имале намера да патуваат со определеното превозно средство или со него патувале.
За патници од горниот став на овој член се сметаат и лицата кои имаат право на бесплатен превоз или возење.
(6) Докажувањето дека некое лице бил патник во смисла на претходниот став, паѓа врз товар на корисникот на осигурувањето.
Член 2
Траење на осигурувањето
Осигурувањето за секој пооделен осигуреник трае се додека се смета за патник во смисла на член 1, став (5) од овие дополнителни услови/
Член 3
Ограничување на обврските на осигурувачот
(1) Осигурувачот е во обврска само за оние несреќни случаи што се во непосредна причинска врска со патувањето и употребата на превозното средство.
(2) Обврска на осигурувачот постои ако несреќниот случај настане на патник при превоз со сообраќајно средство со кое било дозволено, според важечките прописи. Во случај на сомневање дали возењето било дозволено со односното превозно средство, надлежно е мислењето на надлежниот сообраќаен орган.
(3) Ако е платена одредена премија, осигурувачот е во обврска и за несреќни случаи кои ќе настанат на патник вон границите на рм под услови утврдени со договорот за осигурување.
Член 4
Обврска на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 години
Кога поради несреќен случај ќе настапи смрт на осигуреникот - патник помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од осигурената сума за случај на смрт означена во полисата.
Член 5
Право на надомест
(1) Со исплата на осигурената сума, односно надомест на осигурувачот
преминуваат, до висината на извршената исплата, правата на корисникот на осигурувањето за надомест на штетата спрема трети лица кои по било кој основ се одговорни за штетата причинета со несреќен случај, освен спрема лицето кое го склучило договорот за осигурувањето.
(2) Ако корисникот на осигурувањето поради несреќен случај претрпи материјлна штета поголема од износот што му е исплатен од основот на осигурувањето по овие дополнителни услови, корисникот има право на надомест од лицето одговорно за штета само за оној дел на штетата што ја надоместува исплатената осигурена сума, односно надомест по основ на ова осигурување.
Член 6
Начини и рокови за пресметување и плаќање на премијата
(1) Ако поинаку не е договорено, премијата за осигурување се пресметува врз основа на вкупната вредност на продадените возни билети на сите патници во текот на цел месец на траење на осигурувањето, и тоа до 30-ти во месецот за изминатиот месец. До тој рок договорувачот е должен на осигурувачот да му го пријави вкупно остварениот износ по продадените возни билети и да ја изврши уплатата на соодветната премија.
(2) Договорувачот е должен да му ги стави на увид на осигурувачот сите книги и други евиденции од кои може да се утврди вредноста на продадените возни билети.
(3) Договорувачот е должен договорениот износ на премијата да му го плаќа на осигурувачот за сите осигуреници од кои е должен да наплати возни билети и за сето времетраење на осигурувањето во рокот од став (1) на овој член. Ако премијата се плаќа по пошта се смета дека е уплатена во 24,00 часот оној ден на кој е уплатена по пошта. Ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24,00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог на банката. Ако договорувачот не ја плати должната премија ниту во рок од три месеци од денот на нејзината стасаност, осигурувачот може да го раскине договорот без отказен рок.
(4) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и во случај кога договорувачот не ја уплатил премијата во предвидениот рок, ако осигурениот случај настане за времетраење на осигурувањето во смисла на член 3 од овие дополнителни услови и членовите 6 и 19 од општите услови.
Член 7
Пријава на несреќен случај
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен на посебен образец (записник на несреќен случај) да го регистрира секој настанат несреќен случај на патниците, да ја испита причината и начинот на неговото настанување, потоа да го пријави на осигурувачот секој оној случај кој по овие дополнителни услови има влијание врз обврската на осигурувачот.
(2) Повредениот патник е должен веднаш да му се пријави на службениот персонал на односното превозно средство за да може таков случај да се регистрира во смисла на претходниот став. Доколку тоа не го дозволува неговата здравствена состојба, должен е да го стори тоа кога ќе му биде можно, дополнително да се пријави кај надлежниот превезувач.
(3) Договорувачот е во обврска спрема осигурувачот, на негово барање дам у ги овозможи и сите други потребни известувања, за разјаснување на секој пријавен несреќен случај.
Член 8
Завршни одредби
Овие дополнителни услови важат со општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на општите услови, важат овие дополнителни услови.