1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување членови на ловечки и риболовни организации од последици на несрeќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се...
|
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување членови на ловечки и риболовни организации од последици на несрeќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување членови на ловечки и риболовни организации од последици на несреќен случај (незгода) што договарачот на осигурувањето ќе го склучи со Национална групација за осигурување АД Осигурителна полиса
- Скопје (во понатамошен текст: Осигурувач).
(2) Договарач во смисла на овие услови може да биде секоја ловечка, риболовна и друга организација која организира лов или риболов.
(3) Осигурувањето може да се договори поодделно или групно. Кај одделното осигурување се издава посебна класа за секој осигуреник.
Групно осигурување може да се договори со ловечка и риболовна организација здружена во сојуз или друга организација која организира лов и риболов, под услов со неа да се опфатени најмалку десет лица.
(4) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во
смисла на член 9 ст. (1) точка 4 од Општите услови, освен лицата потполно лишени од деловна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 2
Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај настане при вршењето на спортска или професионална ловечка или риболовна дејност и тоа:
1. при лов или риболов, при чистење на ловечка пушка и при подготвување муниција, при учество на вежби и спортски приредби, освен при учество на приредби со цел на забава,
2. при вршење определена должност по налог од организацијата, како што се учество на состаноци и конференции на организацијата, набавување ловечки или риболовен материјал и на тоа слично,
3. за времето додека осигуреникот ловец или риболовец се наоѓа на директен пат од неговата куќа до местото определено за дејноста и за извршување на должностите од точка 1 и 2 на овој став и при директно враќање дома.
НАЧИН НА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член З
Договорот за колективно осигурување може да се склучи со назначување или без
назначување на имињата и презимињата на осигурениците.
ОСИГУРУВАЊЕ СО НАЗНАЧУВАЊЕ НА ИМИЊАТА НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ
Член 4
1. Ако осигурувањето е договорено со назначување на имињата на осигурениците, осигурени се само оние членови кои се наведени поименично во приложениот список кон полисата. Договарачот е должен при склучувањето на договорот за осигурување на осигурувачот да му го предаде списокот на членовите што ги осигурува.
2. Во случај на измена на списокот обврската на осигурувачот за новопримените членови започнува во 24,00 часот оној ден кога осигурувачот ја примил пријавата. За одјавените членови обврската на осигурувачот престанува во 24,00 часот оној ден што е назначен во одјавата како ден на престанување на осигурувањето.
Обврската на осигурувачот за поодделни осигуреници престанува во секој случај во 24,00 часот оној ден кога престанал да биде член на организацијата.
ОСИГУРУВАЊЕ БЕЗ НАЗНАЧУВАЊЕ НА ИМИЊАТА НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ
Член 5
(1) Ако осигурувањето е договорено според бројната состојба без назначување на имињата и без одредби за конечна пресметка на премијата на крајот на годината на осигурување, тогаш се
осигурени сите членови. Осигурената сума, што е одредена во полисата за поодделен член, во тој случај се одредува во сооднос помеѓу бројот на членовите означен во полисата и вистинскиот број на членови на денот на настанувањето на несреќниот случај.
(2) Ако е договорено осигурување според регистрација, картотека или друга евиденција, со пресметка на премијата на крајот на годината на осигурувањето, осигурени се сите членови што се заведени во тие евиденции.
Во тој случај договорените осигурени суми во полисата не се менуваат.
(3) Обврската на осигурувачот за поодделен член започнува во 24,00 часот оној ден што е назначен како ден на почеток на осигурувањето и престанува во 24,00 часот оној ден кога престанал да биде член на организацијата.
(4) За новопримените членови на организацијата обврската на осигурувачот започнува без претходна пријава во 24,00 часот на денот на стапувањето во членство.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 6
(1) 3аосигурувањето во смисла на член 4 став(1) и член (5) став (1) од овие Дополнителни услови премијата се плаќа однапред за целата година на осигурувањето и тоа за вкупниот број на членови наведени во полисата односно во евиденцијата на договарачот.
(2) За осигурувањето во смисла на член 5 став
(2) од овие Дополнителни услови
премијата се плаќа веднаш при склучувањето на осигурувањето за цела година и тоа за вкупниот број на членови на организацијата на денот на склучувањето на осигурувањето. Конечната пресметка на премијата се врши на крајот на годината на осигурувањето, во колку во текот на годината пристапиле нови членови. Договарачот е должен во рок од 30 дена по истекот на годината на осигурувањето да го пријави бројот на новите членови и за нив да ја уплати годишната премија.
(3) Премијата е неделива. Се плаќа за секој осигуреник во годишен износ без оглед на времето за кое бил член на организацијата во текот на соодветната година.
(4) Договарачот е должен договорената премија да ја плати на осигурувачот без исклучок и за целото време на траење на осигурувањето во рокот назначен во полисата.
(5) Обврската на осигурувачот спрема поодделен осигуреник постои и во случај кога договарачот не ја плати премијата во рокот назначен во полисата ако несреќниот случај настанал за време траењето на осигурувањето во смисла на член 6 и 19 од Општите услови.
(6) Договарачот е должен на овластениот претставник на осигурувачот да му ја стави на увид својата евиденција од која може да се утврди бројната состојба на членовите и нивната промена.
(7) Ако осигурувањето е договорено на неодредено траење, а договарачот не ја плати премијата за идната година ни после истекот на 30 дена од рокот назначен во
полисата осигурувачот има право на затезна камата.
ДНЕВЕН НАДОМЕСТОК
Член 7
Ако е договорено осигурување и за случај на преодна неспособност за работа, осигурувачот му исплаќа на осигуреникот, кој поради несреќниот случај не е способен за работа, дневен надоместок во договорената висина и тоа од денот кој му следува односно од денот кога лекувањето започнало, а најмногу 200 дена. Кај дневниот надоместок се зема во предвид само времето за кое осигуреникот бил неспособен за обавување на редовната работа, а не и за времето кога бил неспособен за вршење на ловечка и риболовна дејност, освен ако оваа дејност е исклучиво занимање на осигуреникот.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ КОГА ОСИГУРЕНИТЕ ЛИЦА
СЕ ПОМЛАДИ ОД 14 ИЛИ ПОСТАРИ ОД 75
ГОДИНИ
Член 8
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб договорената осигурена сума за случај на смрт, но најмногу износот кој како максимален е утврден со Одлука на Одборот на директори на Национална групација за осигурување АД Осигурителна полиса - Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати
само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
Член 9
Договарачот на осигурувањето е должен на осигурувачот да го пријави секој несреќен случај кој ќе му настане на осигуреникот во рокот предвиден во член 13 од Општите услови и да му ги даде сите потребни известувања за утврдување на основот и висината на неговата обврска.
ПРАВНА ПОУКА
Член10
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 11
Овие дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај, а доколку нивната содржина е во спротивност со содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.