Contract
|
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на летачки персонал и патници при управување и возење авиони и други воздушни летала од последици на несреќен случај (во натамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на летачки персонал и патници при управување и возење авион и други воздушни летала од последици на несреќен случај (незгода), што договарачот на осигурувањето ќе го склучи со Националната групација за осигурување АД "Осигурителна полиса" - Скопје (во натамошен текст: осигурувач).
(2) Договарач на осигурувањето може да биде секое правно и физичко лице.
(3) Лицата што се осигуруваат според овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на старост, како и без плаќање на
зголемена премија, во смисла на член 9, став (3), точка 3 од Општите услови, освен лицата потполно лишени од деловна способност, кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 2
(1) Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај го снајде осигуреникот при употреба на означениот воздухоплов или при онаа дејност во воздухопловство што во полисата изречно е означена.
(2) Осигурувачот е во обврска само спрема договорениот вид воздухопловна дејност означена во полисата и тоа:
1. професионален летачки персонал, спортски летачи и лица што летаат од случај до случај: за време на летањето, при потребни манипулации пред летањето и по летањето, при влегувањето во воздухопловот и по излегувањето од него, при учество во спасување на воздухопловот и при учество во работа на комисија за
утврдување на причини за воздухопловни несреќи, на пат од зборното работно место (работилница, хангар, управна зграда) директно до местото што е одредено за обавување на должностите наведени во оваа точка и обратно.
2. ученици на моторна пилотажа и воздушно едриличарство при теоретска и практична обука, како и на директен пат од работилницата или училиштето до аеродромот и назад.
3. скокачи со падобран: за време на летање со воздухоплов од кој имаат намера да искокнуваат, за време на скокањата и при доскокот, за време додека скокачите со падобран се наоѓаат на аеродромот на теоретска или практична настава по падобранство, на директен пат од зборното место до аеродромот и назад;
4. патници: за време возење со воздухопловот, при влегување и излегување од воздухопловот, при спасување за време на присилно спуштање на просторот на аеродромот што е одреден за патници.
(3) Само ако е посебно договорено, осигурувачот е во обврска за несреќните случаи што ќе настанат:
1. при летање во натпреварувања за постигнување на рекорди и при изведувањето акробации;
2. при опитни летања со воздухоплов од нов тип (прототип) и при опитни летања на нова сериска конструкција;
3. при скокања од воздухоплов со падобран, освен ако скокањето е извршено заради спасување на живот.
(4) Осигурувачот не е во обврска во никој случај за несреќните случаи што ќе настанат:
1. при летањето со воздухоплов кој нема пропишано уверение за пловидбеност,
2. при летање со воздухоплов што било организирано, извршено, изменето или продолжено без знаење или против волјата на сопственикот на воздухопловот, освен во случаите на виша сила. Од ова се изземаат патниците и летачкиот персонал на кои не им биле познати овие факти.
ОСИГУРУВАЊЕ SO И БЕЗ НАЗНАЧУВАЊЕ ИМИЊА
И ОСИГУРУВАЊЕ СПОРЕД СЕДИШТЕТО
Член 3
(1) Ако осигурувањето е договорено со назначување имиња на осигурениците, тоа се однесува на поименично наведените лица во полисата, за договорените осигурени суми и е врзано само за одреден вид на воздухоплов наведен во полисата.
(2) Меѓутоа ако осигурувањето е договорено за определен број пилоти, друг летачки персонал, ученици падобранци или патници без назначување на имињата, a при настанувањето на несреќен случај во воздухопловот се наоѓале повеќе лица од колку што се означени во полисата, осигурената сума што е договорена за одделен осигуреник, се намалува сразмерно со фактичкиот број на лицата што се наоѓале во воздухопловот во времето на настанување на несреќниот случај. Осигурувањето е секогаш и исклучиво врзано за воздухопловот означен во полисата.
(3) Ако е договорено осигурувањето според седиштата, тоа се однесува:
1. на секој управувач (пилот) што седи на седиштето определено за управувачот, ако осигурувањето е договорено за управувачот на воздухопловот;
2. на секој друг летач што седи на седиштето определено за летачи или патници, ако осигурувањето е договорено за летачите кои не се пилоти;
3. на секој патник кој седи на седиштето определено за патници, ако осигурувањето е договорено за патници;
4. на секој ученик на пилотажа што седи на седиштето определено за пилот, летач или патник, ако е договорено осигурување за учениците на моторна пилотажа или безмоторно едриличарство.
(4) Осигурувањето според седиштата е врзано секогаш исклучиво за определено седиште во воздухопловот означен во полисата.
(5) Ако е договорено осигурување според седиштата и ако бројот на седиштата е поголем отколку што тоа е означено во полисата, осигурената сума што е означена
во полисата за одделно седиште се намалува во сооднос помеѓу фактичкиот број на седиштата во воздухопловот и бројот на седиштата означени во полисата.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 4
(1) Договарачот е должен да му ја плаќа договорената премија на осигурувачот за сите осигуреници без исклучок и за целото времетраење на осигурувањето во роковите означени во полисата. Ако премијата се уплаќа во пошта, се смета дека е платена во 24,00 часот оној ден на кој е уплатена во пошта, ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24,00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог во банка. Ако договарачот не ја плати должната премија која стасала во договорениот рок ниту тоа ќе го направи некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување престанува по истекот на 30 дена, кога на договарачот на осигурување му е врачено препорачано писмо од осигурувачот со известување за стасаноста на премијата, со тоа што, тој рок не може да истече пред
да поминат 30 дена од стасаноста на премијата.
(2) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и во случај кога договарачот не ја уплатил премијата во рокот означен во полисата, ако осигурениот случај настане за времетраење на осигурувањето во смисла на претходниот став и членовите 6 и 19 од Општите услови.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ КОГА ОСИГУРЕНИТЕ ЛИЦА
СЕ ПОМЛАДИ ОД 14 ИЛИ ПОСТАРИ ОД 70 ГОДИНИ
Член 5
(1) Кога лицето кое претрпело несреќен случај е помладо од 14 години осигурувачот е во обврска да исплати:
1. за трошоци за погреб - договорената сума за случај на смрт, на најмногу износот кој како максимален е утврден со Одлука на Одборот на директори на Националната групација за осигурување АД "Осигурителна полиса" - Скопје,
2. во случај на краткотрајно нарушување на здравјето, доколку е договорен дневен надомест, наместо дневниот надомест осигурувачот е во обврска да ги исплати фактичките трошоци за лекување, но најмногу 20% од износот на договорената осигурена сума за потполн инвалидитет, или ако не е договорена, најмногу 30% од договорената осигурена сума во случај на смрт.
(2) Кога лицето кое претрпело несреќен случај е постаро од 70 години, осигурувачот е во обврска да исплати 50% од износот што инаку требало да го плати.
ПРАВНА ПОУКА
Член 6
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 7
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на
лица од последици од несреќен случај, а доколку нивната содржина е во спротивност со содржината на Општите услови важат овие Дополнителни услови.