Тел.+389 (02) 32 31 631 Факс. +389 (02) 32 31 632 е-пошта: winner@winner.mk
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ОД ДЕЈНОСТ НА
СМЕТКОВОДИТЕЛИ
(пречистен текст)
Усвоени и донесени со одлука на Управниот одбор на ВИНЕР Виена Иншуренс Груп АД Скопје
број 5276/0202/1/19 од 15.04.2019 год
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје Бул. Xxxxx Xxxxxxxxxx бр.62, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс. x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx
ЗНАЧЕЊЕ НА ОДДЕЛНИ ИЗРАЗИ
Одделните изрази во овие услови ги имаат следните значења:
1. ОСИГУРУВАЧ - Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР- Виена Иншуренс Груп (во понатамошниот текс ВИНЕР).
2. ДОГОВОРУВАЧ НА ОСИГУРУВАЊЕ - лице коешто со осигурувачот го склучува договорот за осигурување;
3. ОСИГУРЕНИК - лице чијашто одговорност е покриена со осигурувањето,
4. ТРЕТО ЛИЦЕ - лице кое не е субјект на договорот за осигурување, односно лице чија одговорност не е покриена со осигурувањето како и работник на осигуреникот, но нему му припаѓаат правата од осигурување;
5. СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ - највисок износ на обврската на осигурувачот за секој осигурен случај.
6. ПРЕМИЈА - износ што се плаќа за осигурување врз основа на договорот за осигурување;
7. ПОЛИСА - исправа на договорот за осигурување;
8. ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ - иден неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот штетен случај, кој има за последица настанување на штета за кој надомест може да бара трето оштетно лице;
9. ИЗВОР НА ОПАСНОСТИ - дејност (занимање), правен однос или одредено својство од кои може да настане одговорност како ризик покриен со ова осигурување.
10. АГРЕГАТЕН ЛИМИТ – претставува горна граница на обврски на осигурувачот за сите осигурени случаеви остварени во осигурителниот период (една година)
11. ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ е физичко лице кое има уверение за овластен сметководител од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и кое е регистрирано во Регистарот на овластени сметководители согласно со овој закон;
12. ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ - СМЕТКОВОДИТЕЛ е физичко лице кое е регистрирано согласно со Законот за трговските друштва за вршење на сметководствени работи, има добиено уверение за сметководител
и лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и е регистрирано во Регистарот на трговци поединци - сметководители согласно со овој закон;
13. ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ – ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ е физичко лице кое е регистрирано согласно со Законот за трговските друштва за вршење на сметководствени работи, има добиено уверение за овластен сметководител и лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и е регистрирано во Регистарот на трговци поединци - овластени сметководители согласно со овој закон;
14. ДРУШТВО за вршење сметководствени работи е трговско друштво кое е регистрирано согласно со Законот за трговските друштва за вршење на сметководствени работи, има добиено лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и е регистрирано во Регистарот на Друштва за вршење на сметководствени работи согласно закон.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Предмет на осигурување според овие услови е прфесионална одговорност за штети кои можат да настанат како последица од вршење на сметководствени и книговодствени работи.
Сметководствена и книговодствена работа подразбира, собирање, припрема и обработка на податоци врз основа на сметководствени и книговодствени документи, деловни книги, припрема и изработка на годишни финансиски извештаи, припрема и изработка на финансиски податоци и извештаи за статистички, даночни и други потреби.
Со ова осигурување покриена е одговорноста исклучиво спрема клиентот за кој осигуреникот ги врши сметководствените и книговодствените работи.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 2
1) Осигурен случај во смисла на овие Услови, претставува секој пропуст или грешка направени од небрежност при извршување на професионалните обврски што осигуреникот ке ги направи во професионалните работи и дејства ,спротивно на Законот со сите измени и дополнувања од предметната професија.
2) Под еден осигурен случај можат да се подразбираат и повеќе штети од ист настан, а максималниот износ за исплатата на надоместок е сумата на осигурување, без оглед на број на оштетени лица.
3) Се смета дека настанал осигурен случај тогаш кога се остварил пропуст или грешка во извршување на професионлните обврски и дејства од предметната професија , врз основа на кој би можело да се истакне оштетно барање од страна на субјектот, за настаната имотна штета.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 3
Со осигурувањето се опфатени осигурени случаи што настанале на територијата на Република Македонија.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 4
1) Сума на осигурување е горната граница на обврските на осигурувачот по еден осигурен случај, па
и тогаш кога за штетата одговараат повеќе лица чијашто одговорност е покриена со ова осигурување.
Минимална сума на осигурување изнесува 3.000 Евра во денарска противвредност за
Сметководител-Трговец поединец , 5.000 Евра во денарска противвредност за Овластен Сметководител-Трговец поединец и 20.000 Евра во денарска противвредност за Друштво за вршење на сметководствени работи.
2) Агрегатен лимит претставува горна граница на обврски на осигурувачот за сите осигурени случаеви остварени во осигурителниот период ( една година )
3) По настанувањето на осигурениот случај и исплата на оштетата ,осигурувањето останува и понатаму на сила до висина на сумата на осигурување од полисата и исцрпување на аграгатот.
4) Износот на сумата на осигурување и агрегатниот лимит мора да се впишани во полисата за осигурување.
ФРАНШИЗА
( УЧЕСТВО НА ОСИГУРЕНИКОТ ВО ШТЕТА )
Член 5
Осигуреникот може да договори со осигурувачот сам да учествува во секоја штета со одреден износ од утврдената висина за надомест на штата.Ако е договорено да осигуреникот учествува во секој штетен настан, во случај на настанување на осигуран случај, осигурувачот има обврска да исплати оној дел од штетата која го поминува износот на договорената франшиза
ВРЕМЕНСКО ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 6
1) Осигурувачот е во обврска само тогаш ако осигурениот случај настане за време на важење на осигурувањето.
2) Осигурениот случај којшто настанал за време на важењето на осигурувањето, а чијашто причина е од периодот којшто претходи на склучување на договорот за осигурување или од време кога осигурувањето било прекинато, покриен е со осигурување само тогаш ако на договорувачот на осигурувањето или на осигуреникот до почетокот на осигурувањето или повторниот почеток на осигурувањето не му биде позната причината од која потекнува осигурениот случај.
Осигурениот случај да не опфаќа причини како основ за штети, кои се пред периодот на важење на полисата.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 7
Обврската на осигурувачот започнува по истек на 24-от час од денот кој во договорот за осигурување е означен како почеток на осигурувањето.
Обврската на осигурувачот престанува со истекот на 24-от час од денот кој во договорот за осигурување е наведен како ден на истек на осигурувањето.
Осигурувањето може да престане поради: престанок на договорот помеѓу двете страни- доброволно и постоење на законски пречки за обавување на функцијата.
Осигурувањето престанува со исцрпување на сумата на осигурување.
ШТЕТИ ИСКУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 8
Со осигурување се исклучени штети кои се предизвикани :
1) Одговорноста на осигуреникот за намерно причинета штета и штети како последица на груба небрежност и пропуст
2) Со договарање на проширена одговорност на осигуреникот за случаи кои по закон не одговаараат.
3) Со непосредно или посредно влијание од војна или политички ризици, без обзир дали е објавена војна или не.
4) За штети кои настанале како последица на загадување на тло, вода и воздух, кои се во непосредна или посредна врска со користење на нуклеарна енергија, со посед или користење на моторни возила и други возила на моторен погон, со посед и користење на пловни објекти и летала, од производи со недостатоци
5) За штети кои настанале како последица од долготрајно дејство на температура, плин, пареа, влага
6) За штети кои настанале како последица од неодржани и пробиени рокови, договорени пенали
4
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ОД ДЕЈНОСТ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ
7) За штети настанати по налог и барање на клиентот, односно кршење и непочитување на одлуки на инспекциски и надзорни тела и органи.
8) За финансиски штети, загубена заработка, кои настанале како последица на прекин на работа на осигуреникот
9) За штети настанати како последица од која било врста повреда на авторски права, патенти, трговско име,бренд, лого , слоган
10) За штети настанати како последица од уништување, измена, оштетување, намалување на функцијата или достапност на компјутерски податоци, хардвар, софтвер, уреди за пренос на податоци, микрочипови, интегрирани склопови и сл. без разлика дали станува збор за делови на компјутерска или не-компјутерска електронска опрема.
11) За штети настанати како последица на уништување или губење на било кој вид на податоци, вредносни хартии и др.
12) За штети настанти како последица на повреда на право на углед, добар глас и чест.
13) За штети настанати како последица на работа на лица без лиценца за сметководители или потврда од гранкова комора, како и лица помалку од 5 години работно искуство во тој дел.
14) Чисто финансиска штета - штета која се состои непосредно во пари, а не е во никаква врска со штета на предмети, ниту со штета на лица, освен ако поинаку не е договорено и тоа е назначено во полисата.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 9
Договорувачот на осигурувањето, премијата за осигурување ја плаќа веднаш при склучување на договорот за осигурување, ако поинаку не е договорено.
ГУБЕЊЕ НА ПРАВО НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 10
Осигуреникот го губи правото на осигурување ако направи штета намерно или со грубо невнимание.
Во тој случај осигурувачот има право од осигуреникот да бара и регресно побарување.
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ
Член 11
1) При склучување на договорот за осигурување осигуреникот е должен да ги пријави сите околности кои ги знаел или морал да ги знае, а се важни за процена на ризикот.
2) Да го извести осигурувачот за секоја промена на околности кои може да бидат важни за промена на ризикот, независно дали ризикот е променет со негова волја и постапка или не.
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 12
1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за настанувањето на осигурениот случај доколку кај него е поднесеното барање за надомест на штетата најдоцна во рок од три дена по сознавањето, односно не подоцна од 60 дена од истекот на осигурителниот период.
2) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и тогаш кога барањето за надомест на штета против него ќе биде истакнато преку суд, ќе биде ставен во притвор, како и тогаш кога ќе биде поведена постапка за обезбедување на докази.
3) Ако е подигнат обвинителен акт, или е донесена Xxxxxx во кривична постапка, осигуреникот е должен за тоа веднаш да го извести осигурувачот, па и тогаш кога веќе го пријавил
4) Да го извести осигурувачот за секоја промена на околности кои може да бидат важни за промена на ризикот, независно дали ризикот е променет со негова волја и постапка или не.
5) Осигуреникот не е овластен без претходна согласност на осигурувачот да се изјасни за барањето за надомест на штета, а особено да го признае потполно или делумно, да за барањето за надомест за штета се израмни како ниту да изврши исплата.
6) Во случај да оштетено лице со барање за оштета непосредно се обрати директно кај осигурувачот, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги обезбеди и овозможи сите докази о податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување за причината за штета и процена на основот и видина на штета.
ОБВРСКА НА ОСИГУРУВАЧОТ ПО ПОДНЕСЕНОТО БАРАЊЕ ОД ОШТЕТЕНОТО ЛИЦЕ
Член 13
Во врска со поднесеното барање за надомест на штета од страна на оштетеното лице осигурувачот има обврска:
1) заедно со осигуреникот да преземе одбрана на неосновани или претерани барања за надомест на
штета.
2) да ги задоволи основните барања за надомест на штета и надомест на штета.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 14
1) Осигурувачот го исплатува надоместокот од осигурувањето во рок од 14 дена, сметајќи од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска.
2) Осигурувачот го исплатува надоместот од осигурувањето врз основа на: (1)утврден основ и висина на оштетното побарување ;
(2)порамнувањето кое што го склучил; (3)судската одлука.
НЕПОСРЕДНО БАРАЊЕ НА ОШТЕТНО ЛИЦЕ
Член 15
Ако оштетното лице своето барање или тужбата за надомест на штета го упати само спрема осигурувачот, осигурувачот ќе го извести за тоа осигуреникот и ќе го повика да му ги даде сите потребни податоци и постапки во согласност со член 12 од овие Услови, како и самиот осигуреник да ги преземе мерките заради заштита на своите интереси.
ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 16
Во случај на престанување на договорот за осигурување пред договорениот рок на траење, ако договорувачот имал некаков попуст на траење на осигурувањето, должен е износот на премијата одобрена на име попустот, да му го врати на осигурувачот.
Член 17
(1) Ако предметот, за чија употреба е склучено осигурувањето од одговорност, односно изворот на опасност наведен во полисата, престане да постои пред почетокот на обврската на осигурувачот, на договорувачот на осигурувањето му се враќа износот од платената премија.
(2) Ако изворот на опасност наведен во полисата престане да постои за време на траење на осигурувањето, осигурувачот е должен да му врати на договорувачот на осигурувањето дел од премијата за извор на опасност кој што престанал да постои за преостанатото време, доколку за тој извор на опасност, осигурувачот не бил во обврска да плати надомест од осигурувањето.
(3) Во сите други случаи, со престанување на договорот за осигурување, пред истек на времето за кое
е платена премија, премијата му припаѓа на осигурувачот само до истечување на денот до кој што бил во обврска, ако поинаку не е договорено.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 18
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор.
Член 19
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Член 20 Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
ПРИМЕНА НА ОВИЕ УСЛОВИ
Член 21
Овие услови се применуваат со денот на нивното донесување.