„Oштетено лице“ - лице кое претрпело штета од употреба на моторно возило - превозно средство;
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА ДЕЛУМНО КАСКО И ПРИ ОСИГУРУВАЊЕ АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ
- СО ДОПЛАТА ЗА КРШЕЊЕ СТАКЛО
Февруари 2022 година
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Одделни изрази употребени во овие услови ќе ги имаат следните значења:
„Осигурувач“ –ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
„Договорувач на осигурување“ - лице кое со осигурувачот склучило договор за осигурување;
„Осигуреник“ - лице чиј имотен интерес е осигурен;
„Осигурен случај“ - настан што може да доведе до остварување на оштетно побарување од страна на оштетениот;
„Корисник“ - сопственик на моторно возило и секое лице што има право на располагање, односно на кого возилото му е дадено на користење;
„Oштетено лице“ - лице кое претрпело штета од употреба на моторно возило - превозно средство;
„Сума на осигурување“ - износ на кој е осигурен имотниот интерес;
„Премија“ - износ кој договорувачот на осигурување го плаќа по договорот за осигурување;
“Полиса” - документ на договорот за осигурување.-
ОБЕМ НА ПОКРИТИЕ
Член 1
Со овие услови се уредени правата и обврските на осигуреникот и осигурувачот кои произлегуваат од склучена полиса за осигурување од автомобилска одговорност со доплаток за кршење стакло, како и склучена полиса за Делумно каско осигурување.
Член 2
Ако посебно се договори, со осигурувањето од автомобилска одговорност, може да се опфати осигурување од кршење и оштетување на стаклата на возилото ( освен фарови, ретровизори, задни стоп светла, покажувачи на правец, кровни стакла ), според табелите на осигурувачот наведени во Тарифа за комбинирано осигурување на моторни возила – Каско осигурување воедно и Тарифата за осигурување од автомобилска одговорност ( Делумно каско - Комбинација Г и Д ).
При договорено осигурување на кршење и оштетување на стакла за патнички возила, товарни возила и автобуси задолжително е фотографирање на возилото особено на жигот на ветробранското стакло, во случај кога за прв пат се осигурува во компанијата и во случај кога иако возилото било осигурано претходната година во компанијата, но има прекин и измена на скаденца.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ПOЧETOK HA ДEJCTBO HA OCИГУPУBAЊETO
Член 3
(1) Договорот за осигурување од автомобилска одговорност со доплата за кршење стакло се склучува co oдpeдeн poк нa тpaeњe, односно со иста важност како и осигурувањето од автомобилска одговорност
(2) Ако поинаку нe e дoгoвopeнo, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpoизведува свoе дejcтвo почнувајќи од двaeceт и чeтвpтиoт чac на дeнoт што е означен вo пoлиcaтa, кaкo дeн нa пoчeтoкoт нa тpaeњeтo нa ocигypyвaњeтo, пa cé дo зaвpшyвaњeтo нa пocлeдниoт дeн на poкoт зa кoj е договорено ocигypyвaњeтo.
(3) Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од Договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премијата, а во спротивно, по истекот на 24 часот од денот кога премијата еплатена.
(4) Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување како ден кога истекува осигурувањето.
(5) Осигурувањето се склучува за период од една (1) година, доколку не е поинаку договорено.
(6) Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, Договорот за осигурување се продолжува од година во година, сè додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
ПЛАЌАЕ НА ПРЕМИЈА
Член 4
Последици од неисплата на премија за осигурување
[1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено.
[2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено.
[3] Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата.
[4] Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
[5] Ако премијата за осигурување не е платена до стасаноста, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рокот што е наведен во известувањето, а кој не може да биде пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине Договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа стасаната премија за осигурување.
[6] Во случај на доцнење со плаќање на премијата, осигурувачот има право да пресмета и законска затезна камата.
[7] Со неплаќање на премијата за осигурување, договарачот не може еднострано да го раскине осигурувањето.
ПРАВО НА СУБРОГАЦИЈА
Член 5
Друштвото што ќе ја надомести штетата предизвикана со употреба на моторно возило од страна на неовластено лице има право на регрес за исплатениот износ на надомест на штета заедно со сите споредни побарувања (камата и трошоци на постапка), а во врска со истиот штетен настан.
За неовластено лице во смисла на овој правилник се смета лицето- причинителот на штетата кое:
- ја предизвикал штетата управувајќи со моторно возило без соодветна возачка исправа (вклучувајќи лице кое е на обука за добивање на возачка исправа без присуство на овластено лице)
- ја предизвикал штетата управувајќи со моторно возило без соодветна категорија на возачка исправа
- ја предизвикал штетата управувајќи со моторно возило со измината важност на возачка исправа-дозвола
- ја предизвикал штетата управувајќи со моторно возило во периодот кога имал забрана за управување на моторно возило издадено од надлежен орган
- ја предизвикал штетата управувајќи на нелегален начин со моторно возило или ако причинителот на штетата е соучесник во таквиот чин или во обид или извршување на кривично дело
- ја предизвикал штетата управувајќи со моторно возило под дејство на алкохол над дозволеното ниво согласно со закон, наркотични дроги или психотропни супстанции
Друштвото освен во случаите предвидени согласно овие услови, регресни побарувања поднесува и во подолу наведените случаеви:
- Кога оштетениот има склучен договор за осигурување од автомобилска одговорност со доплаток за кршење стакло во Друштвото и го остварил правото на надомест на штета која е настаната во сообраќајна незгода, Друштвото има право на повраток на исплатените средства – регрес од компанијата каде возилото причинител има полиса по основ на автомобилска одговорност
- Кога оштетениот има склучено договор за осигурување од автомобилска одговорност со доплаток за кршење стакло во Друштво и го остварил правото на надомест на штета, а причина за предизвиканата штета претставува неодржувањето на коловозот од страна на надлежната институција определена со закон, Друштвото има право на повраток на исплатените средства - регрес од наведената институција надлежна за одржување на јавните патишта во државата
Друштвото има право на регрес и во оштетните побарувања по основ на имотно осигурување од кражба и разбојништво, во случаите кога има познат сторител и други дела кои се казниви согласно Кривичниот законик на РМ.
ФОРМА НА ДОГОВОРОТ И HAЧИH HA ИЗBECTУBAЊE
Члeн 6
Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма, и стапува на сила од денот на прием.
Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на Договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
Како ден на прием се смета следниот работен ден после препорачано предадената пратка, пратена на последната дадена адреса од страна на примачот.
Должност на осигуреник/оштетен Член 7
При настанување на осигуран случај сопственикот на возилото (осигуреник) или лицето кое го управувало возилото е должно:
(1) Сите штетни настани да ги пријави во органите на МВР кои се настанати како резултат на одрон на патот и слично, удар во животно на пат, сообраќајна незгода, вандализам, кражба и кражба во обид, штета предизвикана од непознат сторител;
(2) Во случај на настанување на осигуран случај при перење возило задолжително е потребно да се достави службена белешка или потврда од МВР;
(3) Веднаш да ги преземе сите мерки кои се во негова можност за отстранување и намалување на штетата, оштетениот осигурен предмет да го обезбеди од натамошни оштетувања;
(4) Во постапката за надомест на штета, осигуреникот се обврзува возилото да го поправи во сервис каде поправката ќе се изврши согласно издаден записник за проценка на висина на штета од овластен проценител од Халк осигурување АД Скопје изготвен според најповолни цени на домашниот македонски пазар со цел отстранување на настанатата штета и враќање на возилото во состојба пред настапување на штетната последица (во смисла на член 174 од ЗОО).
(5) Во случај осигуреникот да изврши поправка на возилото во друг сервис спротивно на горенаведеното, истиот е согласен сам да ја надомести евентуалната разлика помеѓу фактурираниот износ и износот утврден согласно издаден записник за проценка на висина на штета од овластен проценител од Халк осигурување АД Скопје изготвен според најповолни цени на домашниот македонски пазар;
(6) Во постапката за надомест на штета осигуреникот се задолжува да достави фактура за извршената замена и да овозможи фотографирање на возилото по извршената замена.
(7) При склучување на договорот за осигурување да овозможи непречен пристап за фотографирање на возилото во прием во осигурување во спротивно по предметот ќе се постапува согаласно важечките одлуки доставени од одборот на директори.
Договорен самопридржај (франшиза) Член 8
Кај патнички моторни возила , осигурувањето на стакла е без задолжителна франшиза за странични и задни стакла, додека за предното стакло франшиза не се пресметува само при првата штета, а за сите останати штети на предно стакло се пресметува 30% учество во штетата.
При осигурување кршење и оштетување на стакла на товарни возила и автобуси , осигурувањето се склучува со задолжителна франшиза од 20% од висината на штетата при прва штета, за секоја наредна 50% од висината на штетата во секоја штета.
Исклучоци од правото на осигурување Член 9
(1) Осигурувачот не е во обврска да ја надомести пријавената штета доколку во полисата за за осигурување од автомобилска одговорност нема доплаток за кршење стакло;
(2) Осигурувачот не е во обврска да ја надомести пријавената штета во случај на непочитување на обврските на осигуреникот предвидени во член 3 став 1 точка 1 и 2 од овие Услови;
(3) Осигурувачот не е во обврска да изврши целосен надомест на штета доколку оштетеното стакло не било во согласност со фабричките параметри за соодветниот тип и марка на возило, а оштетениот извршил замена на стакло во овластен сервис. Надоместот на штета ќе се изврши согласно член 3 став 1 точка 4 од овие Услови;
Член 10
(1) Овие Посебни услови се преименуваат и при Делумно каско осигурување, односно кога осигурувањето е склучено како посебно осигурување, надвор од полисата за Автоодговорност.
(2) Во однос на се што не е регулирано со овие услови се применуваат Условите за комбинирано осигурување на моторни возила – каско осигурување како и Условите за осигурување од автомобилска одговорност.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА
Член 11
(1) Побарувањата на осигуреникот или на корисникот на осигурувањето, застаруваат согласно одредбите од Законот за облигациони односи.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
член 12 Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e- mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
член 13 Обработка и заштита на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
член 13-а Правен основ за обработката на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. [2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 13-б Цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност. [2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци. [3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање. [4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса
xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 13-в Рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување. [2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 13-г Права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци. [2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 35-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 13-д Пренос на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
член 13-ѓ Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги. [2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 14
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигурување.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 15.11.2021 година со Одлука бр.0203-09/08 и ќе се применуваат од 23.02.2022 година.
Главен извршен директор
Суат Инан
Извршен директор Xxxxxx Xxxxxxxx