Contract
Д О Г О В О Р
Склучен на ден __________ помеѓу :
1. Физичкото лице _________________со ЕМБГ _______________ во текстот што следува: ЗАКУПОДАВАЧ
и
2.Друштво за производство и трговија _________________ Скопје, преставувано од директорот ______________________, во текстот што следува: ЗАКУПЕЦ
член 1
Предмет на овој договор е закуп е наведеното патничко возило кое Закуподавачот му го издава на Закупецот:
бр. |
Марка на возило |
Регистарски број |
Број на шасија |
1. |
|
|
член 2
Согласно овој договор на Закупецот и Закуподавачот постигната е согласност за месечен износ на закупнината да изнесува__________ден.
член 3
Закупецот се обврзува закупнината да ја исплатува најдоцна до десетиот ден во месецот за тековниот месец.
член 4
Закупецот се обврзува освен месечната исплата на наемнината по возило да ги исплатува и следните трошоци :
перење на возило
замена на гуми,бандажи и балансирање
промена на масло
промена на гуртни,плочки,добоши и сл.
штелување на палење на мотор
припрема на возилото за техн.преглед
регистрација на возилото
отстранување на настанати ситни други дефекти на возилото
сметки за гориво.
член 5
Во случај Закупецот да доцни со исплатата на Закуподавачот, во тој случај Закуподавачот има право со најава да го повлече возилото дадено под наем кај Закупецот и да го раскине договорот.
член 6
Секоја од странките имаат право да го раскине со отказен рок од1 (еден) месец.
член 7
Во случај на спор надлежен за решавање на истиот е надлежниот суд во Скопје.
член 9
Овој договор е составен во 3 (три) еднообразни примероци, од кои 2 (два) за Закупецот, а 1 (еден) примерок за Закуподавачот.
Закуподавач Закупец
___________________ _______________