Contract
За потребите на проектот „Поголема партиципација – подобри политики и регулативи“, во рамките на програмата Цивика Моблитас, а врз основа на Договорот за грант меѓу Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Центарот за управување со промени (ЦУП), проектниот тим на ЦУП испраќа:
ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 01/2016
за набавка на услуги - ангажирање на истражувач за изработка на документ за политики
1. Центарот за управување со промени во рамките на проектот „Поголема партиципација – подобри политики и регулативи“ кој се реализира како дел на програмата Цивика Мобилитас, има потреба од истражувач кој ќе работи со граѓанските организации (ГО) заради изработка на документ за политики.
Конкретната цел на задачата е да се ангажира истражувач кој ќе работи на креирање на документ за политики кој ќе ја тангира темата на политиката за електронски услуги. Документот за јавни политики треба да содржи наоди, заклучоци и препораки за избраната клучна политика.
3. Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)
Услугата треба да се испорача меѓу месец февруари – септември 2016 година. Центарот за управување со промени (ЦУП) во согласност со предвидената временска рамка ќе го извести добавувачот на услугата за точниот датум и време за спроведување на експертските денови. ЦУП го задржува правото на измена на временската рамка и испораката на нарачаната услуга од страна на добавувачот во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.
4. Набавката ќе се реализира од страна на истражувач со искуство во испорака на ваков тип услуги. ЦУП во согласност со одредбите од договорот со донаторот на проектот, ќе спроведе ограничен повик, со прибирање на најмалку 3 понуди.
5. За таа цел, ве молиме да ни доставите Xxxx понуда за горе наведенава покана во рок од 7 дена од денот на нејзиното добивање. Понудата треба да содржи квалитативна и финансиска понуда.
Квалитативната понуда треба да се состои од:
• Мотивационо писмо
• Кратка биографија (CV)
• Листа на референции
• Предлог методологија за работа со временска рамка
• Финансиска понуда.
Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:
Ставка | Опис на производ/услуга | Количина (број на денови) | Единечна цена во бруто износ | Вкупна цена во бруто износ |
1. | Изработка на анализа/студија на случај | |||
ВКУПНО |
6. Изборот на добавувачот/те ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши евалуацијата и избор на понуда е следната:
Квалитативна евалуација | Максимум бодови |
1. Листа на референци | 10 |
- 1 референца | 3 |
- 2 референци | 5 |
- над 3 референци | 10 |
2. Кратка биографија | 40 |
- Образование | Макс. 20 |
- Искуство на слични задачи | Макс. 20 |
3. Предлог методологија за работа | 10 |
Вкупно бодови | 60 |
Финансиска евалуација | Максимум бодови |
Вкупно бодови | 40 |
Финална евалуација | Максимум бодови |
Просечена оценка за квалитативна евалуација | 60 |
Просечна оценка за финансиска евалуација | 40 |
Вкупна оценка | 100 |
Плаќањето ќе биде двократно – 50 % по потпишување на договорот за испорака на услуги и 50% по целосно извршување на услугите предвидени во овој повик.
8. Набавката е неделива.
9. Начин на доставување на понудите
Понудите се доставуваат по електронски пат. Ве молам доставете ги вашите понуди на xxxx@xxx.xxx.xx
Краен рок на доставување на понудите е до 15.02.2016 година до 16:00 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
Сите дополнителни појаснувања може да се добијат написмено, на е-маил адреса на Xxxxxxxx Xxxxxx, xxxxxxxx.xxxxxxx@xxx.xxx.xx - програмски координатор, Центар за управување со промени.
Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена.
Понудите ќе бидат отворени без присуство на јавноста на ден 16.02.2016 година, во 15 часот, во седиштето на ЦУП.