Опис на услугата Примери за клаузули

Опис на услугата. Да испорачаат два дводневни и два еднодневни тренинзи во рамките на Курсот, така што ќе бидат дел од тимот кој ефективно ќе ја спроведе обуката; • Подготовка на две предавања на две различни теми за истражувачко новинарство во областа на човековите права и правосудството, како и подготовка на најмалку две студии на случај на односната тема; • Да креираат и да предложат методологија за работа и евалуација на тренинзите; • Да подготват работни материјали за студентите; • Да го водат процесот на подготовка на истражувачките стории на студентите и да дадат менторска поддршка за истите. Подетален опис на услугите во проектната задача ТоР 11/2016 која е дел од овој повик.
Опис на услугата. Креирање на методологија за работа со цел изготвување на Прирачник за слободата на изразување-правни аспекти; • Селектирање на материјалите за добивање на конечниот текст на Прирачник за слободата на изразување-правни аспекти, и подготовка на нацрт верзија; • Креирање на конечна верзија на Прирачник за слободата на изразување- правни аспекти по претходно одобрување на нацртот од страна на партнерите кои го имплементираат проектот. Подетален опис на услугите во проектната задача ТоР 02/2016 која е дел од овој повик.
Опис на услугата а) Обука на анкетари;
Опис на услугата. Студијата треба да опфати истражување на потребите на најмалку 100 млади претприемачи од различни етнички заедници од разни делови на земјата, а во релација со следните 4 (четири) фокусни области: • Специфични потреби за бизнис поддршка на младите претприемачи • Степен на вмрежување и соработка со претприемачи од другите етнички заедници • Мотивација и пристап кон претприемништвото • Капацитет за застапување Резултатите од истражувањето на потребите младите претприемачи заедно со наодите и можните препораки за интервенција треба да се претстават во извештај од истражувачката студија. Извештајот треба да се изработи во електронска форма (во pdf и word формат) и да биде изработен двојазично, на македонски и албански јазик.
Опис на услугата. Договорот за деловна соработка ДВЛМ го склучува со Банка, под услови пропишани со овој Јавен повик, за извршување на услугата. Виртуелен ПОС терминал (ВПОС), односно овозможување електронска уплата на влоговите за интернет игрите на среќа од страна на играчите преку своите платежни картички (кредитни и дебитни). Виртуелниот терминал задолжително треба да ги поддржува сите видови на картички од брендовите MasterCard Worldwide и Visa International. Овозможување на исплата на средствата на играчите од наменската сметка на ДВЛМ кон платежните картички на играчите (кредитни и дебитни). Сервисот за уплата/исплата со безготовински платежни картички, преку веб страната за интернет играње на ДВЛМ треба да обезбеди учесникот да изврши плаќање во реално време, а системот на ДВЛМ во истиот момент да има информација за извршената уплата/исплата. Средствата од извршените уплати преку виртуелниот ПОС терминал од страна на играчите во рамките на системот за организирање на интернет игри на среќа треба да се трансферираат на посебна сметка на ДВЛМ кај банката на која ќе и биде доделен договорот за деловна соработка. Текот на бараната трансакција е следен: - Трансакцијата започнува во модулот за електронско плаќање за интернет играње на ДВЛМ, при што играчот одлучува колкав износ сака да уплати/исплати и одбира електронско плаќање. - Сервисот треба на безбеден начин и невидливо за клиентите да овозможи пренесување најмалку на следните податоци: o Вкупен износ за уплата;
Опис на услугата. Конкретната цел на задачата е да се ангажира истражувач кој ќе работи на креирање на документ за политики кој ќе ја тангира темата на политиката за електронски услуги. Документот за јавни политики треба да содржи наоди, заклучоци и препораки за избраната клучна политика.
Опис на услугата. 1.Краток опис на услугата
Опис на услугата. Експертите треба да изготват длабинска анализа на правните аспекти на остварувањето на правото на слобода на изразување, слободата на медиумите и интегритетот на медиумите во Република Македонија како и вредностите промовирани од Совет на Европа во однос на заштита на слободата на изразување и слободниот пристап до информации. • Правните експерти во рамки на анализата од вкупно 60 страници ќе треба да направат сеопфатно стручно елаборирање на правото на слобода на изразување и тоа со особен осврт на праксата на ЕСЧП, судската и уставно судската пракса во РМ, со опфат на радиодифузната регулатива во РМ (постапката за добивање лиценци, медиумското саморегулирање, сопствеништво на медиуми, заштита на лични податоци во медиумите и сл.), како и да се прикаже поставеноста на слободата на изразување во правото на ЕУ, во документите на Советот на Европа и во другите релевантни меѓународни договори. • Експертите треба да креираат и да предложат методологија за изготвување на Xxxxxxxxx и заеднички да усвојат политика за унапредување на правната рамка со заклучоци и препораки. Подетален опис на услугите во проектната задача ТоР 14/2017 која е дел од овој повик:
Опис на услугата а) Развој на методологија за истражување за испитување на мислењето на јавноста и ГО;