CIP - Каталогизација во публикација
Докази и приговори: Домашни и меѓународни стандарди
Домашни и меѓународни стандарди
Авторски права 2016 Мисија на ОБСЕ во Скопје
Оваа публикација е достапна во електронска форма на веб-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека «Св. Xxxxxxx Xxxxxxxx», Скопје 347.94
ДОКАЗИ и приговори : домашни и меѓународни стандарди / [подготвил Xxxxxxx X. Xxxxxxxx]. - Скопје : ОБСЕ, 2016. - 98 стр. ; 24 см
Содржи и: Анекс 1-2 ISBN 978-608-4788-09-6
а) Кривична постапка - Докази - Приговори COBISS.MK-ID 102098442
Публикувано од
Мисија на ОБСЕ во Скопје бул. 8 Септември, бр. 16
1000 Скопје
Подготвил: Xxxxxxx X. Xxxxxxxx
Печати: Polyesterday
Содржината на ова издание не секогаш ги одразува погледите или ставовите на Xxxxxxxx на ОБСЕ во Скопје. Мисијата се придржува до Одлуката PC.DEC/81 на
2 Постојаниот совет на ОБСЕ
ПРЕДГОВОР
Новиот Закон за кривична постапка (понатаму во текстот: ЗКП) бара адвокатите на одбраната да бидат проактивни, особено во текот на главната расправа. Да се биде проактивен значи постојано да се внимава на основните доказни принципи. Ова е неопходно за да се презентираат убедливи и разумни аргументи за тоа зошто одделни докази треба да бидат одбиени или да им се посвети малку верба и зошто одделни докази треба да бидат допуштени особено доколку сите претходни услови се исполнети. Во текот на судењето овие аргументи, обично, се изнесуваат усно и се нарекуваат приговори.
Овој материјал за доказите и за приговорите е подготвен со цел да ги запознае искусните адвокати, обучени во континенталното право, со основните начела кои се однесуваат на доказите и со доказните приговори.
Мајкл Г. Карнавас
СОДРЖИНА
Вовед 7
Докази 11
Основни доказни принципи 11
Доказен основ 12
Сведоци 17
Други доказни средства 25
Привилегии 30
Приговори 33
Општо за приговорите 33
Основни видови приговори 36
Повеќе зa oсновните видови приговори 39
Анекс 1 Примена на доказните принципи на ЗКП 51
Анекс 2 Основни акузаторни начела и вештини 67
Подготовка на случај – општ преглед 67
Листа за проверка при подготовка на случајот за судење 71
Ефикасна употреба на истражители 74
Воведен говор 75
Директно испитување 77
Вкрстено испитување 81
Дискредитирање 84
Испитување на вештаци 87
Листа за проверка за директно, вкрстено и дополнително испитување 90
Практика кај поднесување на писмена 92
Завршен збор 93
6
ВОВЕД
Зошто пишан материјал за докази и приговори? Постапката во ЗКП е хибридна, односно делумно инквизиторна, а делумно акузаторна. Постапката е водена од странките при што странките (обвинителството и одбраната) се вклучени во прибирањето на докази и во подготовката на своите случаи.
Обвинителството самостојно избира кого да истражува, кого да обвинува, кои докази да ги собере, начинот на кој ги собира доказите, сведоците кои сака да ги сослуша, кои обвиненија да ги вклучи во обвинителниот акт и доказите кои ќе ги презентира на судење. Исто така и одбраната е автономна при спроведувањето на својата истрага, односно при одлучувањето кои сведоци да ги сослуша, кои докази да ги собере и кои сведоци и докази да ги презентира на судење. Судијата не е ниту активен како во континенталното право, ниту пасивен како во англосаксонскиот систем.
Во текот на судската постапка од странките се очекува да ги изведат доказите преку поставување прашања. Адвокатот на одбраната (бранителот) веќе не седи пасивно слушајќи го судијата како го спроведува испитувањето, чекајќи да праша едно или две прашања по обвинителството и по испитувањето од страна на судијата. Сега од бранителот се очекува да го ангажира сведокот: преку вкрстено испитување на сведоците на обвинителството (главно преку сугестивни прашања) и преку директно испитување на сведоците на одбраната (исклучиво преку отворени прашања, освен ако сведокот не е прогласен за непријателски).
Овие дополнителни алатки и модалитети го ставаат бранителот во позиција активно да учествува во текот на судењето. ЗКП e многу подинамичен во споредба со старата постапка каде што судијата ги одбираше и исцрпно ги сослушуваше сведоците во исполнувањето на својата обврска за утврдување на вистината. Судијата и сега продолжува да биде исклучиво одговорен за слободно оценување на доказите во согласност со своето разбирање на целиот случај, истовремено имајќи в предвид дека во случај на сомневање во вината доказите треба да се оценат на начин поповолен за обвинетиот. Меѓутоа, оваа нова динамична постапка бара бранителот да биде внимателен во текот на изведувањето на доказите. Од бранителот се бара да вложува приговори на записник во врска со квалитетот и со начинот на изведување на доказите; па оттаму и потребата за почитување на принципите на доказите и на приговорите.
Но ЗКП конкретно не ги определува доказните принципи, ниту пак дава листа на приговори кои имплицитно може да се употребат во согласност со мешовитата природа на постапката. Според континенталното право сè што е дозволено со закон или во постапката мора јасно да е наведено во законскиот текст. И покрај ваквите ограничувања одредени доказни принципи се чинат применливи или се вткаени во ЗКП, овозможувајќи доволна основа за вложување доказни приговори во текот на разни фази од постапката; оттаму и потребата од овој материјал за докази и приговори. Мора да се напомене дека доказните принципи не го ограничуваат судот во слободната оценка на доказите и во утврдувањето на фактите.
7
Должности кои треба да се истакнат: должно внимание и документирање на грешките во записник заради вложување жалба. Концептот на должно внимание се однесува на обврската што бранителите ја имаат кон своите клиенти. Ова особено е важно во кривичната постапка каде што бранителот има постојана обврска на клиентот да му овозможи целосно уживање на сите загарантирани права на правично судење. Способноста на бранителот да ја исполни обврската за должно внимание е пресудна за ефективно правно застапување на клиентот.
Документирањето/прибележувањето на грешките кои ќе се појават во текот на судењето заради вложување жалба е една од најважните должности на бранителот. Грешките се документираат/ се бележат со помош на водење детални списи на предметот. Сè што се случува во текот на постапката, од истрагата па сè до конечната пресуда, се прибележува. Таа евиденција ги содржи сите поднесоци (барања, одговори итн.), судски одлуки (наредби, решенија и пресуди), рочишта, самото судење (транскрипти), сите материјали допуштени како доказ како и сите материјали кои се сметаат за недопуштени.
За да има запис бранителот мора да спроведе детална истрага при собирањето докази (и правилно да ги собере), да ги поднесе сите потребни писмени и усни поднесоци поврзани со законот и фактите и благовремено и доследно да ги поднесе сите релевантни доказни приговори. Со запис во кој се содржани сите грешки во текот на претходната постапка и за време на судењето бранителот едноставно би можел да го воскресне случајот на својот клиент во жалбената постапка. Грешките поради кои евентуално ќе се
вложи жалба постојат тогаш кога тие се забележани во списите. Неуспешното прибележување на грешките во списите на клиентот може да му оневозможи укинување осудителна пресуда или потврдување на ослободителна пресуда. Познатата изрека гласи: „Господ можеби знае, но списите треба да покажат.“
Списите започнуваат да се водат од самиот почеток на истражните дејства и се водат сè до донесувањето на конечната пресуда. Секакво дополнување во списите мора да биде направено навремено. Ова значи документирање на доказите во моментот на дознавањето за нив, поднесување навремени поднесоци и вложување навремени приговори.
При документирањето основно правило е бранителот да му каже на судијата што всушност сака, односно зошто смета дека има право на нешто и тоа нешто да го каже на доволно јасен начин за да може да го разбере судијата и навремено да постапи. Улогата на судијата во текот на судењето е да ја спроведува правдата. Еден од начините за да се постигне ова е преку насочување на текот на доказите со цел да се овозможи вистината да излезе на виделина (онолку колку што е тоа можно). Судиите претседаваат со судењето со цел да обезбедат правични, искрени и веродостојни докази и искази со помош на кои може да се реши случајот. Следствено, при покренувањето на какви било прашања поврзани со доказите главниот аргумент на бранителот секогаш мора да се однесува на тоа дека ќе биде праведно или дека ќе биде неправедно доколку судот прифати или не прифати одреден доказ.
Некои воведни напомени за доказите и за приговорите. Доказно право се правилата и принципите кои се користат за докажување на фактите во правните постапки. Со други зборови, кои докази
се земаат предвид од страна на судот во одлучувањето за фактите на случајот, т.е. кои докази се дозволени, а кои докази треба да бидат исклучени.
Претпоставката на невиност и товарот на обвинителството за докажување вина се призмата низ која треба да се гледаат прашањата за дозволеност на доказите во системот на слободна оценка на доказите. Обвинетиот има право на претпоставка на невиност. Ваквата претпоставка товарот на докажување на вината го става на обвинителството преку докажување, надвор од разумно сомневање, на постоењето на сите материјални факти и околности за кривичните дела за кои се гони и на кривичната одговорност на обвинетиот.
Во одлучувањето дали обвинителството ја утврдило вината на обвинетиот надвор од разумно сомневање за секоја основа од обвинителниот акт, судијата треба да земе предвид дали има некое друго разумно оправдување кое би произлегло од доказите освен вината на обвинетиот. Секоја несигурност/двосмисленост треба да се реши во корист на обвинетиот. Судскиот совет мора да го ослободи обвинетиот доколку може да се извлече друг разумен заклучок од доказите кој би посочил на непостоење вина кај обвинетиот. Значењето на ова прашање ќе се види при разгледувањето на прилично широката употреба на индиректните докази и на заклучоците кои произлегуваат од нив.
Основниот тест за допуштеност е доказот да биде релевантен и да има доказна вредност иако при оценувањето на доказите и колку тежина ќе им се даде ним, важна улога играат и автентичноста и веродостојноста. Но, доколку доказната вредност на доказот е значително помала од потребата да се обезбеди правично судење, тогаш доказот не би требало да
се дозволи. Со други зборови, судијата треба да го дозволи секој релевантен доказ кој се смета дека има доказна вредност и да ги исклучи доказите чија доказна вредност е значително помала од потребата да се обезбеди фер судење. Пример за исклучување докази заради обезбедување правично и фер судење е кога до доказите се дошло со методи кои фрлаат значителен сомнеж врз нивната веродостојност или доколку би било неетички тие да се допуштат бидејќи сериозно би му наштетиле на интегритетот на постапката (на пример, докази добиени со мачење).
Овој материјал е структуриран така што ги опфаќа основните доказни принципи кои се применуваат во акузаторните постапки. Имајќи ги предвид ваквите принципи, материјалот понатаму ги разгледува и најчестите приговори – дури и ако не се применливи според домашниот ЗКП. Целта е да се презентира разнообразноста на постоечките доказни приговори за подобро да се разберат основните доказни принципи. За таа цел ќе бидат анализирани и членови од ЗКП за да се види кои приговори се предвидени и се применливи според ЗКП и пред домашните судови - дури и ако не се јасно наведени во ЗКП.
9
10
ДОКАЗИ
ОСНОВНИ ДОКАЗНИ ПРИНЦИПИ
Видови докази и допуштеност
Доказните средства може да бидат во најразлична форма и облици. Основни видови доказни средства се:
- Документарни докази
• слики
• дијаграми
• писмени изјави
• документи
- Сведочења
• усни сведочења (сведоци/вештаци)
• писмени искази (сведоци/вештаци)
- Демонстративни докази
• експерименти
• реконструкции
• симулации
• компјутерски докази
• илустративни докази
- Фактички докази
Директни (непосредни) докази. Директните докази се јасни докази за фактите. За нив не е потребно дополнително да се докажува нивното постоење. Така е кога сведокот сведочи за работа за која тврди дека има лично познавање како резултат на искуство или како очевидец на настан. Директните докази може да се состојат од сведочење на сведок кој слушнал зборови или набљудувал дејствија кои се однесуваат на некое прашање што е предмет на
расправа. На пример, сведокот сведочи дека го видел X како го удира Y.
Посредни (индиректни) докази. Посредните докази, уште познати и како индиректни докази, се докази за околностите на случајот од кои може да се извлече некој факт. На пример, X сведочи дека кога излегол од својата куќа забележал дека улиците се влажни. Ова е индиректен доказ дека можеби врнело додека X бил внатре во куќата. Тука може да има и друго објаснување, на пример дека улиците биле влажни затоа што биле чистени.
Посредните докази не се помалку важни од директните докази, но зависи од јачината на посредниот доказ, другите релевантни докази и постоењето или непостоењето на други можни објаснувања. Судот не треба да извлекува заклучоци врз основа на претпоставки. Иако вината на обвинетиот може да зависи од конкретен факт кој се докажува како комбинација на посредни докази, таквиот заклучок мора да биде единствениот разумен заклучок.
Иако доказите за повеќе различни околности кои во комбинација може да посочуваат на постоење на некој факт од кој зависи вината на обвинетиот бидејќи обично постојат во таква комбинација само поради постоењето на тој факт, таквиот заклучок мора да биде единствениот разумен заклучок. Бранителот треба да го земе предвид ова како важен фактор при прибирањето докази; фактор кој ќе стане особено релевантен при заклучокот за предметот кога ќе дојде време да се расправа за фактите во завршниот збор, познато како сумирање.
При евидентирањето/документирањето за евентуално вложување жалба против
заклучок со кој се утврдува постоење 11
факт од кој зависи вината на обвинетиот, бранителот треба да има предвид дека прашањето за апелациониот суд ќе биде: дали било разумно судијата да ги исклучи или да ги игнорира другите размислувања кои водат кон заклучок дека тој елемент на кривичното дело не бил докажан. Па така, што се однесува до напаѓањето на заклучоците до кои би дошло обвинителството преку посредни докази, истрагата на одбраната би требало да се фокусира на докази кои би помогнале во изнаоѓање алтернативни, прифатливи, објаснувања наспроти оние понудени од обвинителството. Ова не значи дека одбраната треба да го преземе товарот на докажување.
Докази за позадината на случајот. Доказите за позадината на случајот може да му бидат од помош на судот во определувањето на контекстот во кој се случил настанот. Обично ова не се оспорува но не секогаш. Сè зависи од околностите и од причината поради кои се бара прифаќање на овие докази.
ДОКАЗЕН ОСНОВ
Доказите се допуштени кога се:
a) РЕЛЕВАНТНИ – докази кои постоењето на некој факт или последица го прават повеќе или помалку веројатно отколку без тие докази.
б) АВТЕНТИЧНИ – прашањето или предметот се токму онакви какви што се тврди дека се. На пример: ножот, пиштолот, видеото итн.
в) ВЕРОДОСТОЈНИ – доказот е во иста состојба како и кога бил употребен или пронајден; т.е. не бил употребуван или изменуван или пак заснован на (не)поткрепени гласини.
Пред доказното средство - во форма на сведочење, предмет, документ итн. - да се изведе и да може да се употреби при утврдување на факт важен за исходот на случајот, се презентира доказен основ. Овој прелиминарен доказ е неопходен за да покаже дека доказот е автентичен, веродостоен (точен, вистинит) и релевантен. Видот на т.н. прелиминарни докази потребни за да се заснова правилен доказен основ зависи од формата и од видот на понудениот доказ. Доколку не постои валиден доказен основ може да се вложи приговор.
Сите три критериуми мора да бидат исполнети пред еден доказ да се допушти и да се изведе како доказ за разгледување од страна на судијата. Се разбира, штом судијата одлучи дека доказот може да се изведе, судијата е тој кој ќе треба да процени колкава важност ќе му даде на таквиот доказ.
За секој предложен доказ предлагачот ќе треба да ги задоволи сите три критериуми преку поставување доказен
12 основ потребен за негово прифаќање
како доказ, на пример преку сведочење на еден или повеќе сведоци.
Релевантноста ја опишува врската помеѓу доказното средство и она што со тоа доказно средство треба да се докаже. Релевантниот доказ го прави повеќе или помалку веројатно постоењето на решавачките факти (фактите значајни за прашањата за кои се расправа) отколку без тој доказ.
• Xxxx доказот оди во прилог на истрагата?
• Xxxx оди во прилог на решавање на случајот?
• Xxxx доказот ги расветлува овие прашања?
• Дали постоењето на некој материјален или последичен факт е повеќе или помалку веројатен отколку без доказот?
По правило, релевантниот доказ е дозволен доказ освен ако постои опасност истиот да предизвика неправични предрасуди што ја надминуваат неговата релевантност, или доколку доказот е збунувачки или наведувачки. Тоа значи дека во допуштањето на доказите судот утврдува дали доказот е: 1) автентичен; 2) релевантен; 3) веродостоен; но и дали е
4) прејудицирачки (создава предрасуди). Ако прејудицирачкиот карактер на доказот (доказот создава предрасуди) значително ја надминува неговата доказна вредност, тогаш исклучувањето/ одбивањето на доказот е дискреционо право на судијата.
Откако доказот ќе биде слушнат, речиси е невозможно таквото сведочење да се избрише од сеќавањето на судиите. Не може да се однесуваме како „ѕвончето воопшто да не заѕвонило“. Сепак, задолжително е бранителот јасно и
концизно да му предочи на судот зошто сведочењето е нерелевантно и да истакне колку би било неправедно доколку судот се потпре на таков доказ. Со ваков аргумент бранителот го повикува обвинителството на одговор. Ако доказот навистина е прејудицирачки (создава предрасуди) и нема вистинска доказна вредност, обвинителството ќе има потешкотии да одговори. Бранителот (приговарачот) секогаш мора да бара да го има последниот збор, т.е. да го побие одговорот на обвинителството по приговорот. Во текот на таквата конфронтација за побивање на аргументите на бранителот, ако обвинителството не успеало да докаже дека доказот е веродостоен, автентичен и релевантен, бранителот ќе му посочи на судот дека таквиот неуспех всушност значи одобрување или признавање од страна на обвинителството дека доказот нема вредност (нема тежина) за исходот на случајот.
Примери за поставување на доказен основ:
ФОТОГРАФИЈА (го претставува местото во времето кога се случил инцидентот, вистинска, точна, правична)
XXXX (претходно препознавање на гласот, способност за слушање, препознаен глас)
ФИЗИЧКИ ДОКАЗ (лицето го препознава предметот, предметот е во иста состојба, неизменет)
Добро позната и често користена изрека во судењата и од обвинителите и од бранителите е дека „доказите никогаш не лажат“. Во голема мера оваа изрека е точна со оглед дека доказите кои се правилно собрани, чувани и анализирани, кога ќе бидат презентирани на суд
значително може да придонесат за исходот 13
на предметот. Оттука, запознавањето со точните, ефикасни и законски методи и постапки за постапување со опипливи докази е од незаменлива важност за бранителот.
Чеклиста за изведување на доказ
Пред да се изведе физички доказ бранителот треба да го направи следново:
» Да ѝ го покаже предметот(ите) на спротивната страна;
» Да побара дозвола од судијата предметот(ите) да му бидат покажани на сведокот;
» Да праша:
• дали сведокот ги препознава,
• што препознава сведокот (што е тоа),
• како ги препознава,
• дали е вистинско, точно и добро претставувањето на она што доказот цели да го претстави.
Сè додека не се постави добар доказен основ на сведокот не треба да му се дозволи да сведочи за конкретниот физички доказ имајќи во предвид дека:
Прво, сведокот мора да е компетентен да сведочи за доказот откако ќе го препознае,
Второ, доказот треба да биде неизменет,
Трето, тој треба да биде релевантен.
Сè додека не се постигне ова обвинителот/бранителот треба да приговара и да ја присили спротивната страна да го презентира доказниот основ. Кога не може да се постави добар основ, следниот чекор е да се побара од судот да го одбие конкретниот доказ.
Поставување доказен основ (илустрација) :
» Се избира сведок(ци) потребен за
14 презентирање на доказен основ.
» Доказното средство се дава на прибележување кај записничарот заради идентификација. Бранителот може да ги даде своите доказни средства на прибележување пред судењето по редоследот по кој планира да ги изведува. Ако доказното средство се прибележува на судење предлагачот прво мора да бара дозвола од судот, на пример:
• Почитуван судија, може ли овој пиштол или документ итн. да биде прибележан како доказно средство број 5 заради негова идентификација. Прибележувањето е особено важно за да се води евиденција за приложеното доказно средство.
» Откако доказното средство е прибележано за идентификација бранителот го именува во согласност со идентификуваното, на пример, доказно средство на одбраната број 5 заради идентификација. Фактот што е прибележано за идентификација не значи дека условите за негово прифаќање како доказ пред судот биле исполнети. Сепак, важно е да се посочи доказното средство во согласност со идентификацијата заради јасност на записникот во однос натоакои доказибилеидентификувани при давањето на исказот. Записникот треба да биде јасен без разлика дали обвинителството, сведокот или судијата се повикуваат на доказното средство.
» Следниот чекор е презентирање на
доказниот основ. Наједноставниот начин е следниов:
• Бранителот треба да ги извлече од сведокот, кој е повикан да сведочи за автентичноста, потребните факти кои укажуваат дека тој/таа е квалификуван да сведочи за автентичноста на доказното средство.
• Бранителот треба да побара од сведокот да го идентификува доказното средство.
• Откако доказното средство е идентификувано, од сведокот треба да се побара да го прегледа и да го извести судот дали доказното средство се наоѓа во истата состојба како и претходно (кога предметот бил виден, користен и сл.). Ова е неопходно со цел да се утврди дали доказното средство е веродостојно.
• Синџир на владение. Во некои случаи може да биде неопходно да се презентира синџирот на владение на доказното средство т.е. дека тоа не било изменето иако поминало низ рацете на повеќе луѓе. Во вакви околности може да биде неопходно секој сведок поединечно да се повика да сведочи. Ова е потребно кога во кривичното дело постои оружје или инструмент кој бил користен и кога вештаците го тестирале и сведочат за тоа. Се смета дека ако со доказното средство било постапувано неправилно, без разлика од кои причини, резултатите од извршените тестови може да бидат погрешни или неверодостојни. Сепак, може да има и рационално објаснување кое ги оправдува причините за промената во состојбата на доказот, како и причините зошто таквата промена не влијае врз квалитетот на доказот.
• Може да биде неопходно да се презентира и прашањето на релевантноста; т.е. зошто доказното средство е важно за случајот.
• Кога доказното средство не е самото доказно средство (на пр. копија) или кога е фотографија од место, табела итн., и се користи за демонстрација/ илустрација, бранителот мора да извлече од сведокот исказ кој утврдува дека материјалот правично
и точно го претставува она што цели да го претстави. Во зависност од целта за која се нуди, бранителот мора да биде внимателен и да се увери дека доказното средство не е лажно. На пример, ако доказното средство е фотографија, а централното прашање е утврдување на веродостојноста на исказот на очевидец, фотографијата може да биде правична и точна само ако била сликана под истите светла, истиот агол итн.
• Кога од повеќе сведоци се бара да ја потврдат автентичноста на доказното
средство или да ја потврдат неговата веродостојност (на пр. при синџир на владение), доказното средство може да се користи откако ќе се презентираат и ќе се поврзат сите. Ова се постигнува така што бранителот го известува судот за другите сведоци кои ќе сведочат и поднесува краток синопсис за тоа како секој сведок ќе ги исполни другите предуслови. Се разбира, ако бранителот не успее да ги задоволи овие предуслови, судијата ќе нема друг избор освен да го одбие доказот и евентуалното поврзано сведочење.
» Откако бранителот ќе го постави
доказниот основ, тој треба да го приложи доказното средство како доказ. Ако судот е задоволен, доказното средство веќе нема да се смета за доказно средство заради идентификација, туку едноставно за доказно средство. На пример, доказното средство бр. 1 за идентификација станува доказно средство на одбраната бр. 1 и оттогаш па сè до крајот на судењето треба да биде означувано во согласност со внесеното во записникот.
15
Допуштеност наспроти
„тежина“
Судијата пред сѐ одлучува дали доказот е доволно релевантен за да се смета за дозволен, за што користи генерално низок праг. Потоа, обично на крајот на постапката, откако ќе ги слушне и ќе ги разгледа сите докази, судијата одлучува колку доказот вреди (тежината на доказот и неговата вредност) за утврдување на фактите од кои ќе произлезат заклучоците во врска со законот и во врска со конечната одлука. Доказот, како целина, треба да го задоволи товарот на приложување за одредено прашање да биде земено во предвид од страна на одлучувачот за фактите, што е обврска на странката. Сепак, секој доказ треба само да потпомогне на случајот, односно, не е неопходно да се добие случајот преку секој поединечен сведок, туку секое сведочење дискретно треба да оди во прилог на случајот.
Општопознати факти
Некои факти се толку ноторни и добро познати така што не може да подлегнат под знак прашање. Во интерес на судската економичност, судијата може да ги прифати овие факти релевантни за случајот како општопознати доколку таквото прифаќање не ги прекршува основните права на обвинетиот за фер судење.
Договорени факти
Во текот на постапката спротивставените странки може да дојдат до договор за прашања поврзани со фактите и со правото. Тоа се договорени факти. Тие заштедуваат време и го намалуваат обемот на работа на судијата. Договорот мора да е доброволен и се однесува само на странките кои се согласиле на него.
Поднесоци пред судење со цел ограничување на доказите
Често се прават писмени поднесоци за да ја ограничат допуштеноста на предложените докази кога тие не ги исполнуваат критериумите за релевантност, веродостојност или автентичност или, пак, поради некои други причини. (Овој вид поднесок е познат под името motion in limine.) Доколку таквиот поднесок се прифати, може да резултира со одбивање предложени докази како и со забрана за поставување сугестивни прашања и прашања со кои се прејудуцира. Со други зборови, може да ја ограничи областа на вкрстеното испитување на предложениот сведок.
Доколку поднесокот се одбие како
„предвремен“, подоцна тој може да се трансформира во приговор во текот на судењето за недопуштеност на доказот или на конкретното прашање. Со помош на други докази во текот на судењето може исто така да се обелоденат факти кои ја поткрепуваат недопуштеноста на одреден доказ.
СВЕДОЦИ
Лицето што се јавува во својство на сведок мора да поседува лично знаење за она за што сведочи. На пример, лицето треба:
• да е очевидец,
• да слушнало за она за што сведочи и што било кажано од страна на друг сведок/обвинет,
• да не се потпира на она што го слушнало од некој друг.
Секој сведок може да биде дискредитиран. Веродостојноста на сведокот може да се напаѓа или да се поддржува со сведок кој ќе даде мислење или ќе посведочи за угледот на друг сведок. Бранителот може да понуди сведочење за искреноста ако, на пример, искреноста на сведокот на одбраната била нападната или оспорена. При испитувањето судот ги користи своите овластувања со цел да дозволи испитување и презентирање доказни средства за да се дојде до вистината. За таа цел сведокот не смее вкрстено да се испита пред да му биде дадена можноста да обезбеди доказ преку директно сведочење. Бидејќи наведувачките прашања се сугестивни по природа, сведокот треба да има можност да го каже своето видување за настаните пред спротивната страна или судот да му постави прашања. Страната која го предлага сведокот е одговорна за извлекување на исказот преку директно испитување. Следствено, бранителот секогаш треба да приговара ако обвинителството се обиде да го испита својот сведок со наведувачки прашања т.е. прашања кои го сугерираат одговорот без да му даде можност на сведокот да даде наративен одговор на отворено прашање. Овде бранителот треба да вложи приговор дека обвинителството
сведочи: „Обвинителството го сугерира одговорот и на сведокот не му е дозволено сам да го развие своето сведочење”.
Усни сведоци
Начелото на усност се темели на сведочење во живо, во судот, каде што обвинетиот има полно право да го конфронтира таквото сведочење. За утврдување на веродостојноста на сведочењето не е доволно сведокот искрено да посведочи. Најважниот основ за прифаќање на доказот почива на тоа дали доказот е објективно веродостоен. Во утврдувањето на кредибилитетот на усниот сведок, судскиот совет го зема предвид однесувањето на сведокот, постапувањето, карактерот, способноста да се присети на доказите и евентуалната пристрасност или интерес. Други релевантни согледувања за судскиот совет се веројатноста, доследноста и други одлики на доказот на сведокот, вклучително и поткрепата од другите докази и околностите на случајот. Од судијата се очекува да ги земе предвид евентуалните недоследности помеѓу усните докази дадени на главната расправа и исказите дадени претходно кои биле допуштени да се искористат како доказ во текот на главната расправа.
Соработници на правдата (сообвинети)
Бранителот треба да обрне особено внимание на соработниците на правдата (сообвинети). При оценувањето на доказите од ваквите сведоци или сообвинети кои се изјасниле за виновни, судијата би требало да ја земе предвид можната корист која тие би ја добиле, како на пример, преку доказ за намалување на основите за кривично гонење, откажување од обвинението
или докази за олеснителни околности 17
при одмерување на казната. Понатаму, при оценувањето на нивното сведочење судијата би требало да го земе предвид и постапувањето на обвинителството при добивањето на доказите од ваквиот сведок (сообвинет). Спогодувањата се неспорно релевантни. Секој пропуст на обвинителството да го евидентира испрашувањето или да обезбеди дословен записник додека преговарал со соработникот на правдата (сообвинетиот) ѝ оневозможува на одбраната да го оспори она што евентуално му било откриено на соработникот на правдата, обвинетиот, со оглед на фактите кои обвинителството целело да ги потврди: па пр. телеграфирање на информациите кои сакало да ги чуе, а кои би ги пополниле празнините во случајот на обвинителството, наспроти слободно раскажување. Случаите кога обвинителството го испрашува соработникот на правдата/обвинетиот со цел да ја дознае „вистината“ и секое друго сомнително однесување на обвинителството кое ги открива начинот, средствата или мотивите на обвинителството да отстапи од правичните и етички постапки во добивање информации од соработник на правдата/обвинет кој се изјаснил за виновен поради претходно спогодување со обвинителството, се подеднакво важни и може да бидат добра основа за дискредитација.
Компетентност/способност на сведокот
Компетентноста на сведокот се однесува на квалификуваноста на сведокот да сведочи.
» Интелектуална способност. Сведокот мора да поседува стандардна способност да восприема, да набљудува, да се присетува и да раскажува настани.
» Морална способност. Сведокот мора да има способност да ја разбира должноста искрено да сведочи под заклетва.
» Способност да комуницира. Сведокот мора да биде способен ефективно да ги пренесе своите забележувања и согледувања.
» Познавање на материјата. Сведокот мора да биде способен да сведочи за материјата што е предмет на сведочење. Ова се однесува и на сведоците и на вештаците. Сведоците не може да сведочат за работи кои не ги познаваат.
» Способност на детето. Децата под одредена возраст ја немаат соодветната интелектуална способност да сведочат.
» Способност на постаро лице. Постарите лица над одредена возраст може да немаат соодветна интелектуална способност да сведочат.
» Привилегии. Одредени привилегии (види подолу) може да го ослободат сведокот од должноста за сведочење. На пример, сопругата не мора да сведочи против својот сопруг, или, по правило, адвокатите не може да сведочат против своите клиенти, а верските лидери не може да сведочат против членовите на нивните верски групи.
» Способност на судијата. Судиите не може да бидат сведоци во случајот. Судиите не може да сведочат за она што го знаат, туку мора да се повикаат на доказите внесени во записникот од главната расправа. Судиите имаат авторитет да ги коментираат доказите. Меѓутоа, постојат ограничувања. Судиите не смеат да ја преземат улогата на сведок или на адвокат. Судијата може да ги анализира и да ги испитува доказите, но не смее да ги искривува или да им придодава нешто.
Освежување на меморијата на сведокот
Често се случува сведокот да се појави на суд и да не може да се сети на настаните кои претходно ги изнел при претходното испитување. Во ваков случај, испитувачот (обвинителот или бранителот) може да му го освежи сеќавањето на сведокот, наведувајќи го да потврди дека:
» претходно се сеќавал на настаните,
» дал исказ,
» кога го дал исказот, настаните му биле појасни во сеќавањето,
» преку посочување на исказот, неговото сеќавање може да се освежи.
Откако испитувачот ќе добие дозвола од судот на сведокот да му ја предочи неговата претходна изјава, тој најпрво треба да му го даде исказот на сведокот да го прочита. Испитувачот тогаш треба да го праша сведокот дали откако ја прочитал изјавата, тој е во можност да ги одговори прашањата. Доколку сведокот се присети на она што претходно го кажал, бранителот може да продолжи со испитување на сведокот. Освежувањето на меморијата на сведокот може да се направи и при директно и при вкрстено испитување.
Евидентирање на сеќавање
Доколку сведокот, откако ќе го прегледа исказот, и понатаму не се сеќава на настаните, со дозвола од судот, испитувачот ќе побара претходниот исказ од сведокот да биде прочитан пред судот за да влезе во записникот. Ова се нарекува „евидентирање на сеќавањето“. Исказот треба да биде обележан и внесен во списите како доказ. Испитувачот уште еднаш ќе треба да му ги постави прашањата на сведокот со кои треба да утврди дека во времето на давање на исказот сведокот добро се сеќавал на настанот и дал вистинити, точни и целосни информации:
- сведокот xxxxxx имал лично познавање за она што е внесено во писмениот исказ,
- исказот бил или подготвен или прифатен од сведокот,
- исказот бил даден во време кога настанот бил свеж во меморијата на сведокот,
- сведокот може да потврди дека исказот бил вистинит во моментот кога бил даден.
Кога сведокот дава мислење
По правило, секој сведок може да даде мислење доколку тоа се заснова на негово запазување и е релевантно во однос на некој факт. Важно е да се има предвид дека сведокот мора да биде способен за такво сведочење пред да даде „мислење”. На пример, сведокот кој набљудува лице како го држи својот стомак не е компетентен да дава медицински исказ во однос на здравствената состојба на тоа лице (т.е. дека лицето го држело својот стомак бидејќи имало труење од храна).
19
Изолирање
Со цел да се спречи евентуално влијание врз сведочењето на сведокот, другите сведоци треба да се отстранат од судницата додека сведокот сведочи. Исто така, сведокот не смее да го поврзува своето сведочење со она на другите сведоци и со она што се случило во судницата. Дали сведокот може да остане во судницата по сведочењето зависи од тоа дали повторно ќе сведочи подоцна.
Инструирање на сведок
Важен дел од подготовката за судење е помошта што треба да му се укаже на сведокот пред сведочењето, но само кога тоа е дозволено. Бранителот може да го подготви сведокот давајќи му општ преглед на судската постапка, основните теми за дискусија и начинот на кој сведокот треба да ги дава одговорите (на пример, одговарај со „да“ и „не“ или раскажувај). Сепак, сведокот мора да сведочи за своите искуства и запазувања. Адвокатот не смее да му кажува на сведокот што да зборува.
Преку дискредитацијата бранителот го напаѓа кредибилитетот на сведокот и се обидува да утврди:
- пристрасност или интерес
- претходна осудуваност
- претходни лоши дела
- предрасуди
- недоследности во исказите
- слабо сеќавање
- несоодветни запазувања
- неточно сеќавање за настаните
- противречности со исказ на друг сведок или со физички доказ
20
Кредибилитет на сведокот
Дискредитација. При дискредитирањето на сведокот можеби ќе биде потребно бранителот да му ја предочи теоријата на одбраната која е во спротивност со исказот на сведокот. Едноставно, доколку бранителот во текот на вкрстеното испитување располага со информации кои ја доведуваат во прашање вистинитоста или точноста на исказот на сведокот во однос на некое релевантно прашање или прашање за кое сведокот сведочи, бранителот кој го спроведува вкрстеното испитување од причини на правичност мора да го конфронтира сведокот со таквите информации за да му даде на сведокот можност да одговори. Доколку бранителот не го стори тоа судијата може да одбие или да даде помала тежина на доказот кој бранителот подоцна ќе сака да го воведе за да го дискредитира тој сведок. Затоа, при собирањето на доказите е важно да се идентификуваат областите за дискредитација на одредени сведоци и ако бранителот дојде до такви докази тој мора да го соочи сведокот со нив.
За целите на дискредитацијата мали противречности во сведочењето на сведокот ќе бидат недоволни. Следствено, важно е при обидот за дискредитација да се одберат прашања кои се битни и колку што е можно подиректно поврзани со суштината на случајот или со кредибилитетот на сведокот. Ако судијата не е задоволен со веродостојноста на сведокот, веројатно неговото сведочење ќе го земе предвид со претпазливост и генерално само ако е поткрепено со други докази. Се разбира, судиите секогаш треба да ја разрешат евентуалната двосмисленост во корист на обвинетиот. Иако исказот на сведокот за некој релевантен факт може нема да има потреба од поткрепа, бранителот треба
да бара таквиот доказ внимателно да се разгледа, наведувајќи дека во интерес на правичноста кон обвинетиот судијата не треба да се потпира единствено на непоткрепени докази при осуда.
Сведочењата со кои се изнесуваат мислења или информции за нечиј углед може да укажат на неискреност на некој сведок. Пред да бидат дозволени сведочења за угледот мора да постои доказен основ кој ќе покаже дека оној кој сведочи е запознаен со угледот на оној за кој сведочи во рамките на заедницата. Доказниот основ за сведочењата со кои се изнесуваат мислења повеќе се фокусира на личните врски за карактерните особини кои сведокот ги има со сведокот за кого дава мислење отколку за неговите контакти со заедницата.
Рехабилитација.Откако ќе биде нападнат искрениот карактер на сведокот, доказите со кои се изнесуваат мислења или информации за угледот, кои имаат цел да покажат дека сведокот сепак има добар и искрен карактер, ќе бидат дозволени. Главното прашање е да се утврди кои видови на дискредитација се всушност
„напади“ на карактерот и следствено го овозможуваат правото на рехабилитација преку докази со кои би се поткрепила искреноста на сведокот.
Поткрепување. По дискредитирањето, доказите со коишто ќе се поврати кредибилитетот на сведокот може да претставуваат вистинска рехабилитација. Но само по себе вкрстеното испитување не дозволува воведување докази кои ќе ја поддржат искреноста на сведочењето на сведокот. Рехабилитацијата е форма на сведочење за искреноста на сведокот која е дозволена само откако бил оспорен искрениот карактер на тој сведок, но не и за поткрепување.
Ако се анализира нечиј кредибилитет, тоа
би имало три фази: а) поткрепување на сведочење пред негова дискредитација; б) дискредитација; в) рехабилитација по обид за дискредитација. По правило, поткрепувањето на сведочењето пред дискредитација е забрането. Логично е да се поддржи кредибилитетот на сведокот преку докази во форма на претходни доследни искази, мислење за сведок или сведочење за угледот на сведокот во заедницата, но таквата поддршка е дозволена само откако искреноста на сведокот ќе биде нападната. Условот кој бара доказот да биде релевантен ја поддржува забраната за поткрепа на докази; ако спротивната страна не го напаѓа сведокот, поткрепувањето е губење време.
[Одлука] „Се прифаќа.“
[Приговор] „Приговор, ова е обид да се поткрепи кредибилитетот на сведок кој сè уште не бил дискредитиран.“
Пример:
[Сведокот A сведочел, но не бил испрашуван вкрстено. Сведокот Б сега сведочи за да го поддржи кредибилитетот на А]. „Сведок Б, знаете ли дали сведокот А е искрен и доверлив?“
Вештаци
Сведокот со посебно знаење, обука или искуство, чија цел е да му помогне на судот да ги разбере доказите или да утврди некој спорен факт, се смета за стручен сведок т.е. вештак. Ваквите
сведоци поседуваат поголемо знаење од 21
обичните лаици и нивното секојдневно искуство. Вештаците се користат со цел да се примени нивното специјализирано знаење за фактите во случајот и да му овозможат на судијата подобро да го утврди или да го разбере оспореното прашање. По правило, во земјите со англосаксонско право, страните сами одбираат вештаци кои потоа се квалификуваат како вештаци од страна на судот пред воопшто да дадат било каков суштински доказ. Ова е во спротивност со практиката во земјите со континентално право каде што експертите претходно се квалификувани и се на судската листа на вештаци од каде што страните го одбираат вештакот.
Пред едно лице да биде овластено за вештак, најпрво треба да ги има потребното знаење и способност за вршење независни стручни проценки и да биде спремно да дава наоди и мислења на рационален, објективен и навремен начин. Сепак, дури и ако стручната област е регулирана од страна на законски одобрена агенција, институција или независен орган кој нуди сертифицирани или квалификувани тестови, бранителот не треба да ја потцени тежината на добро спроведено директно или вкрстено испитување на вештак. Исто така, бранителот не треба да ја прецени „објективноста“ или „квалитетот“ на мислењето или наодите на вештакот, без оглед на фактот што експертот е судски овластен и има беспрекорна кариера или импресивно образовно и професионално портфолио.
Основни начела за вештаците:
» Квалификации. Предложениот вештак има квалификувана обука или искуство во определена стручна област што се разликува од онаа на обичниот лаик.
» Објаснување за стручноста.
22 Специфичната стручност е од особена
важност за решавање на случајот.
» Одлука за квалификациите на вештакот. Вештакот му е предложен на судот како лице стручно во својата област, кое во текот на директното испитување покажало дека го има потребното образовно или професионално искуство. Дополнително, се доставува потврда дека тој е овластен вештак (или би требало да е) и дека стручното знаење и мислење, проверено со претходни тестови, испити итн. е релевантно за спорното прашање или факт.
» Основ за мислењето. Вештакот ги изнесува фактите кои му биле презентирани, односно евентуалните испитувања кои самиот ги вршел, основот за спроведување на тие испитувања и користените методи.
» ЗАБЕЛЕШКА: Фактите кои се користат како основ за мислењето на вештакот треба да се ограничат на факти кои:
a) лично ги видел; б) биле изнесени на главната расправа и слушнати од вештакот; в) хипотетички му биле презентирани на вештакот на главната расправа. Фактите кои не се засновани на докази (биле одбиени) или фактите кои не се во доказите (не биле ни предложени) не може да се користат како основ за мислењето на вештакот – особено кога се дадени хипотетички.
» Мислење. Мислењето на вештакот
треба да биде мислење со разумен степен на сигурност, во рамките на стручноста на вештакот, а НЕ мислење засновано на шпекулации или претпоставки. На вештаците може да им биде дозволено да ги засноваат своите мислења на гласини. Ако мислењето на вештакот се заснова на факти или податоци кои не биле лично видени или слушнати на главната расправа, се користи хипотетичка
форма на изразување. Хипотетичкото прашање мора: a) да се однесува само факти кои се во доказите (дури и ако се оспорени); б) да ги содржи сите релевантни факти кои се во доказите (начело на правичност).
» Вкрстено испитување за квалификациите и мислењето. Противникот може да ги оспори квалификациите на вештакот без оглед на тоа дали тој е судски овластен. Може да има причини за оспорување на објективноста или на професионалноста на вештакот врз основа на негово претходно однесување. Освен тоа, иако вештакот може да биде способен да сведочи за одредена област, неговото мислење во случајот може да се однесува на област која е надвор од неговото знаење, обука и експертиза. Исто така, вештакот може да биде оспорен за мислењето врз основа на фактите во случајот, неговото мислење во претходни случаи кои ги имале истите фактички околности каде што неговото сведочење било поинакво и преку објавени трудови во научни расправи кои се сметаат за авторитативни во дадената стручна област.
» Научни докази. Научната експертиза треба да ги исполнува применливите стандарди за научни докази, општоприфатени од научната заедница, особено во рамките на дадената стручна област. По правило, методологијата на вештакот треба да биде прифатена во таа област.
» Главно прашање. На вештаците не треба да им се дозволи да даваат мислење во врска со главното прашање на предметот (на пример, за вината или за невиноста на обвинетиот).
Докази за карактерните особини на личноста
Во овој вид докази спаѓа сведочењето за карактерот и за личните особини на друг. По правило, бранителот треба да приговара на употребата на доказите за карактерот или за карактерните особини кога тие служат како основ за да се докаже дека постапките на обвинетиот во случајот кој се разгледува пред судот се доследни на неговиот/нејзиниот карактер во минатото. Против ваквите докази треба да се приговара бидејќи за докажување на вината на обвинетиот обвинителството треба да презентира веродостојни и неспорни докази, а не само да се повикува на однесувањето на обвинетиот во минатото.
Пример:
Обвинетиот е обвинет за убиство. Пред обвинителството да ги утврди сите елементи на убиството во конкретниот случај не е дозволено да тврди дека обвинетиот претходно бил осуден за убиство поради што судот би требало да заклучи дека обвинетиот е виновен (или најверојатно е виновен) за убиство и во овој случај.
Сепак, може да се изнесат докази за претходни слични поведенија (на пример, претходни напади). Обично, доказите за други такви поведенија се допуштаат од разни причини:
- да се покаже дека обвинетиот бил извршителот (идентитет),
- да се покаже дека обвинетиот ја имал намерата (mens xxx),
- да се покаже дека било извршено кривично дело (actus reus), 23
- да се докаже постоењето на мотив, можност или план.
Доказите за другите дела треба да докажуваат некој материјален факт со кој се докажува некој суштински елемент за делото за кое се гони.
Опирајќи се на воведувањето или на релевантноста на доказите за карактерот на обвинетиот, доколку е битно тоа за одбраната, бранителот сепак би требало да се обиде да воведе такви докази во името на својот клиент или против сведоците на обвинителството.
Со цел да се утврди нечиј карактер бранителот може да понуди сведочење или мислење за репутацијата, односно за карактерот. На пример, ако бранителот се обидува да утврди дека обвинетиот е кроток човек преку сведочење на сведок, тогаш сведокот треба да посведочи дека го познава обвинетиот подолго време. Второ, сведокот треба да посведочи дека имал можност да го набљудува обвинетиот во различни ситуации (од социјалниот живот, на работа и сл.) и дека смета дека обвинетиот е кроток човек или дека барем ужива таков углед во локалната заедница. Друг начин на утврдување на карактерот е преку презентирање на конкретен случај. Овој вид сведочење по правило се користи кога карактерот на обвинетиот или некоја негова карактерна особина е суштински дел од обвинението или од одбраната.
Докази за навиките
Утврдувањето на навиките и рутината исто така е еден од начините на докажување дека лицето постапувало во согласност со неговото претходно однесување. По правило ова се користи кога има релевантни докази со кои може
навиките се дефинираат како вообичаена реакција на лицето во специфично повторувана ситуација. Елементите во утврдувањето дали се работи за постапување од навика се:
- специфичност
- повторување
- времетраење
- полуавтоматска природа на однесување
Најчесто навиката ќе биде докажана преку мислење дадено со сведочење или со докази за тоа какви биле конкретните начини на постапување на обвинетото лице во минатото.
Гласини
Обвинетиот има право на соочување, односно право вкрстено да го испита секој сведок кој сведочи или дава исказ против него. Во зависност од околностите, отсуството на овој сведок од главната расправа може да биде неповолно за одбраната бидејќи на одбраната не ѝ е дадена можност да ја тестира валидноста на исказот на сведокот преку вкрстено испитување за мотивот, пристрасноста, сеќавањето, запазувањето итн. Исто така, на судот му се одзема можноста да го испрашува и да го набљудува држењето на сведокот кое, несомнено, е критичен фактор во одлучувањето за кредибилитетот на сведокот.
Гласината (кажувања од други лица) е исказ поинаков од оној што се дава со сведочење кое се нуди како вистина. По правило, бранителот треба да приговара кога на главната расправа се презентирани гласини како сведочење.
Системот на континенталното право применува флексибилни правила за ваквите докази; лесно се допуштаат, но
24
да се утврди одредена навика или рутина
обично се сметаат за неверодостојни.
во одредени околности. Доказите за
Ова е така затоа што се работи за исказ даден надвор од суд без полагање заклетва, заснован на знаење од втора рака кое се презентира како вистинито и кое, доколку се дозволи, спротивната страна ја лишува од можноста да ја оспори вистинитоста на исказот бидејќи лицето кое го дало исказот не е во можност да биде подлегнато на вкрстено испитување.
Не навлегувајќи во тоа дали гласината треба да биде допуштена или не, бидејќи се презентира со цел да докаже вистинитост во својата содржина, пред да биде допуштена судијата треба да се увери во нејзината веродостојност: дека е дадена доброволно, искрено, дека е веројатна и дека е поддржана од други веродостојни докази. Судијата ќе ја земе предвид содржината на гласината, но и околностите под кои се дошло до неа.
При оценката на доказната вредност на гласините судијата треба да го земе предвид фактот дека спротивната страна немала можност вкрстено да го испита лицето што го дало таквиот исказ, како и да утврди дали кажувањето е од прва рака или не. Понатаму, доказната вредност на гласините треба да биде помала од онаа која се припишува на исказот на сведок кој сведочел под заклетва и кој бил предмет на вкрстено испитување, а судот треба да ги земе предвид и околностите при кои се дознала гласината.
И покрај тоа што гласината најчесто не е веродостојна, во случај кога има независни индиции кои одат во прилог на гласината, таа може да добие на тежина. Така, како аргумент кој може да го направите за време на судењето, додека се прифаќаат и се презентираат доказите, како и во завршните зборови, е да побарате од судијата да го отфрли непоткрепеното знаење „од втора рака“ како неверодостојно.
ДРУГИ ДОКАЗНИ СРЕДСТВА
Документи
Правилото на приложување оригинал се применува во текот на судењето кога една од страните бара како доказ да се признае содржината на еден документ (писмено, снимка или фотографија). Ова правило бара да се приложи оригиналот бидејќи тој е најдобриот доказ. Во случај кога оригиналот не постои, страната која го предлага документот мора да даде прифатливо објаснување за непостоењето на оригиналот. Ако судот го прифати објаснувањето, тогаш страната може да користи копија за да ја докаже содржината на документот, освен во случаи кога има прашања кои задираат во автентичноста на оригиналот или доколку не би било правично да се дозволи копија.
Докажување на автентичноста на писмената форма
Документите не ја докажуваат својата автентичност сами по себе. На пример, признанието наводно потпишано од обвинетиот може да не биде прифатено само врз основа на потписот на обвинетиот. Товарот на докажувањето за оригиналноста на документот е на страната која го предлага. За една писмена форма да биде дозволена, мора да се постави доказен основ, како на пример, преку користење сведок за докажување на автентичноста:
• сведок со непосредно искуство (на пример, детектив кој го запишал признанието),
• сведок кој го препознава ракописот,
• споредба на вештакот со други вештаци,
• посебни карактеристики. 25
Пред да се даде тежина на оспорен документ, судијата би требало, по правило, да ја земе предвид веродостојноста на таквиот документ и неговата доказна вредност во однос на сите други докази. Доколку се прифати документ за кој нема доказ за авторство или за автентичност, тој не би требало да се смета за веродостоен. Исто така, на документите на кои нема потпис, печат или датум или, пак, им недостига некој елемент кој сведочи за нивната автентичност, треба да им се даде малку тежина, ако воопшто е можно, освен ако независно не се поткрепени со веродостојни докази. Бранителот треба да инсистира дека обвинителството секогаш го има товарот на докажувањето над разумното сомневање (двоумење) дека секој предложен доказ е автентичен, веродостоен и целосен. Понатаму, во оценувањето на автентичноста на документите судијата ќе ги земе предвид доказите за нивното потекло и начинот на чување, други документарни докази и искази на сведоци. Независно дали судијата е задоволен од автентичноста на одреден документ, тој нема a priori да ги прифати исказите содржани во документите како вистинити, точни и целосни. Xxxxxxxx ќе ги цени исказите во таквите документи, водејќи сметка за сите докази кои ги има пред себе.
При оценувањето на допуштеноста на еден доказ, товарот на докажувањето за допуштеноста на тој доказ лежи на страната која го предлага доказот. Неуспехот на одбраната да оспори определени фактички наводи содржани во обвинителниот акт не го намалува товарот на докажување на обвинителството и судијата не треба ipso facto да ги прифати наведените факти како докажани над разумното сомневање
дека бранителот не се повикал на одредени докази во завршниот збор кои би покажале дека обвинителството не успеало да го исполни својот товар, таквите докази судијата мора да ги земе предвид sua sponte (по сопствена иницијатива).
Физички докази
Физичките докази се докази кои, главно, се однесуваат на обвинението (во кривичен контекст), на пример: нож, пиштол, автомобил употребен за убиство или некој друг инструмент кој се користел при извршувањето на кривичното дело. Обично, физичките докази се неразделен дел од доказите кои се бара да бидат испитани и допуштени, иако нивната тежина може да биде оспорена ако се докаже дека се недоволно веродостојни.
Демонстративни докази
Дијаграми, модели, мапи, нацрти, скици и други слични доказни материјали може да му помогнат на судот во донесувањето одлука преку илустрирање или преку демонстрирање. Демонстративните докази може да бидат допуштени во случај кога се значително точна репрезентација на она што сведокот се обидува да го опише.
За разлика од физичките докази (на пример, крвава ракавица од местото на настанот или видеоснимка од полицијата како го тепа наводниот сторител), кои имаат директно или индиректно значење за случајот, демонстративните докази немаат засебно значење. Самите по себе, тие немаат никаква доказна вредност – не докажуваат ништо. Демонстративните докази се користат само како визуелно/ илустративно помагало на судот/поротата (не на вештакот) за да го разбере сведочењето за физичките докази,
26
(двоумење). Така, кога судијата е свесен
претпоставувајќи дека физичките докази
ги исполнуваат условите за утврдување на постоењето или непостоењето на некој релевантен факт.
Xxxxxxxx помагала
Визуелните помагала се доказен материјал кој се користи од обвинителот или од бранителот при испитувањето на сведоците со цел да им помогнат на сведоците подобро да го објаснат своето сведочење, како и на судот подобро да го разбере или да го следи сведочењето. Ваквиот доказен материјал нема суштинска важност за предметот. Неговата важност повеќе произлегува од фактот што тој се користи за да се објасни или да се поткрепи доказната вредност на исказот на сведокот.
Како и кај физичките и демонстративните докази, предлагачот и овде мора да постави доказен основ. По правило, предлагачот ќе постави доказен основ така што ќе ја покаже важноста на визуелното помагало, како тоа навистина ќе му помогне на сведокот и како преку неговата употреба судот поцелосно ќе ја согледа важноста на исказот на сведокот. Обратно, спротивната страна, кога тоа е соодветно, ќе тврди дека употребата на визуелното помагало може да биде штетна бидејќи е неточна. Судијата секогаш има дискреционо право да одлучи дали визуелното помагало е повеќе прејудицирачко отколку доказно, дали укажува на споредно а не на суштинско прашање за предметот и дали може да се земе кумулативно или е губење време.
Кога како визуелно помагало се користи дијаграм, иако не се бара да биде сразмерен, предлагачот мора да утврди дека дијаграмот точно и прецизно го претставува замисленото. Како и кај другите докази, доколку не е релевантно, дури и ако претставувањето е правично и
прецизно, не треба да се допушти.
При употребата на визуелните помагала во текот на сведочењето, задолжително е застапникот (обвинителот или бранителот) на јасен начин да ја документира таквата употреба заради целите на вложување жалба. Соодветно на тоа, сведокот не треба да покажува на визуелното помагало со користење фрази како „таму” или „на ова место” или „овде долу”. Сведокот може или да покаже, велејќи, на пример: „во североисточниот агол на пресекот на…” или испитувачот треба да внесе во записникот преку наведување, на пример: „записникот нека покаже дека сведокот посочува на…” Кога сведокот ќе се повика на неколку работи, корисно е да ги означи со број повикувањата кои ги направил. Доколку повеќе од еден сведок се повикува на визуелното помагало, секој сведок треба да ги стави своите иницијали на секоја точка на повикување. Ова е особено важно во текот на долгите судења бидејќи судијата ќе треба да ги прегледа доказите и да се повика на доказниот материјал и на визуелните помагала во пресудата.
Вонсудски експерименти
Вонсудските експерименти може да му помогнат на судијата подобро да разбере одредени дејства, настани или докази кои се релевантни за одлучувањето во случајот. Допуштеноста на вонсудските експерименти зависи од тоа дали експериментот бил спроведен под значително слични околности со оние во конкретниот случај.
Компјутерска графика
Компјутерската графика може да му помогне на судијата да визуализира потешки перспективи, на пример, во случај на реконструкција на настанот.
Мора да се постави доказен основ: 27
квалификациите на вештакот кој ја подготвил симулацијата; капацитетот на користениот компјутерски хардвер и софтвер; дали пресметките и процесирањето на податоците се во согласност со стандардите за научни докази; дали податоците кои биле користени за пресметките биле веродостојни, целосни и правилно внесени; дали добиениот резултат е точен.
Анимации и симулации
Анимациите и симулациите се користат за да му се пренесе на судијата приказната која ја раскажува физичкиот доказ. Таа треба да биде точна, последователна и убедлива. Компјутерската анимација не е ништо повеќе од алатка за цртање со која се објаснува, се илустрира и се нагласува сведочењето/мислењето на еден сведок. Во компјутерската симулација, компјутерот се користи за да „се сфати“ што всушност се случило. Компјутерската анимација е серија на неподвижни слики (цртежи) кои се прикажуваат последователно на компјутерски екран или преку видеоснимка, создавајќи движење налик на природното – многу слично како цртан филм.
Неподвижните слики т.е. табели, мапи, фотографии, рендгенски зраци итн. отсекогаш биле дозволени на судење, како и филмовите и видеоснимките. Компјутерското креирање и прикажување неподвижни слики не е различно од другите графички презентации. Кога на сведокот му е дозволено да користи табла за да го илустрира своето мислење, тогаш не постои значајна разлика, освен во нивото на убедливост, во овозможувањето сликата да биде прикажана со слајд или преку филмскиот прожектор или на компјутерски екран.
28
Потребата за поставување на доказниот основ за анимација би била иста како и кај секој цртеж, табела, слајд од презентација итн. Постои и дополнителна грижа, а тоа е да се постави доказен основ за сведочењето на вештакот, доколку тој во своето сведочење користи анимација. Условите за доказниот основ за анимацијата се:
- материјалното сведочење на вештакот е допуштено,
- вештакот е запознаен со анимацијата,
- анимацијата правично и точно го одразува сведочењето на вештакот за чија цел и се користи,
- анимацијата ќе му биде од помош на судијата во разбирањето/ оценувањето на сведочењето на вештакот.
Нема потреба авторот да сведочи за креативниот процес или за софтверот користен при креирањето на анимацијата.
Вештакот треба да биде запознаен само со информациите, податоците и материјалните докази на кои тој се повикува при креирањето на анимацијата.
Анимацијата ќе има проблеми со основот доколку точно и правично не го одразува мислењето на вештакот. Ирелевантно е дали сликите во анимацијата се сразмерни сè додека сликите кои се претставуваат не се погрешни, неправично сугестивни или не му одмагаат на судијата да го разбере сведочењето на вештакот.
Компјутерската симулација (на пример, за автомобилски инцидент) е демонстративен а не физички доказ. Условите за поставување доказен основ се малку подетални отколку кај анимацијата. Првичната разлика е што предлагачот мора да ја утврди веродостојноста на податоците и на користениот софтвер. Предлагачот треба
да го очекува често користениот приговор за компјутерските наоди во однос на врската помеѓу квалитетот на влезните и на излезните податоци ( junk in – junk out). Бидејќи квалитетот на излезниот податок, односно резултатот, зависи од квалитетот на влезниот, квалитетот на податоците и на софтверот е прашање кое не смее да се игнорира. За да ги надминете евентуалните приговори на судењето, разгледајте го следново со вештакот и со компјутерскиот аниматор уште во фазата на изработка на симулацијата:
- податоците собрани од вештакот,
- средствата со кои биле собрани податоците,
- расположливите податоци кои биле игнорирани/исклучени,
- методологијата со помош на која овие податоци биле употребени,
- други расположливи алтернативни компјутерски пресметки,
- софтверот одбран од страна на компјутерскиот вештак/аниматор,
- научните принципи врз кои работи софтверот, т.е. дали софтверот применува прифатени научни закони и ако е така, дали тие се прифатливи во научната средина,
- знаењето и стручноста на компјутерскиот аниматор,
- до кој степен симулацијата ќе биде корисна за мислењето на вештакот без да се изменат постоечките податоци,
- до кој степен употребениот софтвер е одлучувачки за мислењето на вештакот (прашањето за кокошката или јајцето).
Условите за поставување на доказниот основ за компјутерска симулација се:
- собраните податоци се точни и целосни,
- компјутерскиот аниматор точно ги опишал податоците,
- сведочењето на софтверскиот дизајнер за користените формули и научни принципи се прифатливи во научната фела,
- научните принципи на софтверот во симулацијата се прифатени од компјутерската и од научната фела,
- сведочењето на вештакот за реконструкцијата/симулацијата дека сите подесувања или измени на податоците кои придонесуваат во дизајнот се валидни,
- сведокот кој ја користи симулацијата за да го објасни или да го илустрира своето мислење е запознаен со доказниот материјал,
- симулацијата ќе му помогне на судијата во разбирањето на презентацијата на вештакот.
Правило на целосност
Кога страната ја презентира целата или само дел од писмената форма или од снимената изјава, спротивната страна може да бара презентирање на кој било друг дел кој би требало да се земе предвид во исто време.
Уништување докази
Ако страната намерно ги уништи доказите пред завршувањето на постапката, судијата може да го смета ова за индиректен доказ кој укажува дека страната има слаб случај. Документите кои биле валидно евидентирани, но сепак биле уништени ненамерно, не треба да бидат предмет на вакво заклучување.
29
ПРИВИЛЕГИИ
Привилегиите имаат цел да поддржат одредена политика која не е поврзана со целите на судењето. Привилегиите може да ги попречат целите на судењето преку исклучување релевантни и веродостојни докази. Објаснувањето зад привилегиите е дека тие ја потпомагаат и ја поттикнуваат комуникацијата меѓу клиентот и адвокатот, докторот, сопружникот, терапевтот или свештенството. Само уживателот на привилегијата може да се откаже од неа. Товарот на убедување за постоење привилегија, обично, е кај страната која се повикува на неа.
Привилегија во комуникацијата меѓу адвокатот и клиентот
Привилегијата меѓу адвокатот и клиентот е наменета да им овозможи на клиентите да добијат информации, правен совет и ефективно правно застапување. Сето ова зависи од целосната комуникација меѓу адвокатот и клиентот.
Привилегијата меѓу адвокатот и клиентот треба да се разликува од обврските кои произлегуваат за адвокатот во согласност со правилата за професионална одговорност. Привилегијата меѓу адвокатот и клиентот е ограничена на комуникацијата во која сите информации кои произлегуваат од застапувањето се во согласност со етичките правила. Доказната привилегија се применува само во законските постапки; етичкото правило се применува вон законските постапки.
Носителот на привилегијата е клиентот, а не адвокатот. Само клиентот има право да се повика и да се откаже од привилегијата. Адвокатот може да
Привилегијата меѓу адвокатот и клиентот се применува само кога комуникацијата се остварува заради добивање правен совет. Со неа клиентот се заштитува од обелоденување факти кои се релевантни за постапката, како во парнична така и во вонпарнична постапка. Привилегијата се однесува на комуникацијата што адвокатот ја остварува со лице кое бара правна услуга, дури и ако адвокатот одлучи да не го застапува тоа лице. Ако адвокатот е консултиран за неповрзани работи (на пример, во својство на пријател или на бизнис-советник), привилегијата не важи.
Со привилегијата се штити само комуникацијата, а не и фактите кои се предмет на комуникацијата. Самата комуникација е заштитена, но не и информациите со кои располага клиентот. Привилегијата може да опфати и писмена комуникација меѓу адвокатот и клиентот. Меѓутоа, документи кои претходно постоеле не стануваат доверливи само затоа што се испратени до адвокатот. Исто така, по правило, идентитетот на клиентот, самиот факт на консултација или ангажирање на адвокатот, како и договарањата за надоместот, не спаѓаат во привилегиите меѓу клиентот и адвокатот.
Привилегијата може да се отповика на неколку начини:
- клиентот сведочи за комуникацијата или адвокатот сведочи за комуникацијата во име на клиентот,
- клиентот ја става комуникацијата како предмет на расправата,
- доброволно отповикување (понекогаш),
- небрежност (понекогаш).
30
се повика на привилегија во име на
клиентот.
Привилегија за неоткривање работни материјали
Привилегијата за неоткривање работни материјали ги заштитува работните материјали подготвени за целите на судењето. Оваа привилегија треба да се разликува од привилегијата во која влегува самата комуникација меѓу адвокатот и клиентот. Привилегијата за неоткривање работни материјали, по правило, заштитува поширок спектар на материјали од претходната привилегија. Ако спротивната страна во текот на истрагата има „суштинска потреба“ за материјалот и не е во состојба да го најде без „поголеми потешкотии”, тогаш оваа привилегија може и да се заобиколи.
Привилегија меѓу доктор и пациент
Оваа привилегија е наменета да ги поттикне пациентите слободно да споделуваат информации со своите доктори со цел да добијат подобар третман, без страв дека таквата информација може да стане јавна. Привилегијата ја има пациентот, а не докторот. Само пациентот може да се откаже од неа.
Сопружничка привилегија
Во некои правни системи се признаваат два типа сопружнички привилегии.
Привилегија за сведочење
Привилегијата за сведочење овозможува еден сопружник да не може да биде присилен да сведочи против својот сопружник кога тој е во својство на обвинет во кривична постапка. Оваа привилегија целосно му забранува на сопружникот да сведочи. Носител на оваа привилегија е сведокот – сопружникот. Привилегиите за сведочење се определуваат на почетокот од судењето. Штом бракот престане, привилегијата повеќе не важи.
Доверливи комуникации
Доверливите комуникации меѓу сопружниците, исто така, се заштитени. Оваа привилегија оневозможува сопружникот на обвинетиот да сведочи во врска со комуникациите со својот сопружник. Двајцата сопружници се носители на привилегираните комуникации. Оваа привилегија продолжува да важи и по престанувањето на бракот.
Психотерапевтска привилегија
Оваа привилегија има цел да овозможи ефективна психотерапија преку зголемување на довербата на пациентот во терапевтот и овозможување целосно откривање на фактите. Оваа привилегија ја има пациентот, а не психотерапевтот. Само пациентот може да се откаже од неа. Психолошките прегледи наложени од судот не се нужно заштитени со оваа привилегија.
Религиозна привилегија
Оваа привилегија е наменета да ги олесни верското општење и исповедта меѓу верските лидери и верските групи. Привилегијата ја има припадникот на верската група, а не верскиот лидер.
31
32
ПРИГОВОРИ
ОПШТО ЗА ПРИГОВОРИТЕ
Приговорите се барања до судијата за исклучување докази кои се несоодветни. Приговорите се засновани на закон и на основното овластување на судијата да ги контролира судницата и текот на доказите.
Приговорите се користат за да се исклучат информации за кои застапникот смета дека се недопуштени. Приговорите се поднесуваат и за да се евидентираат во случај на вложување жалба. Приговорите имаат две цели. Пред сѐ, приговорот го информира судијата за постоење грешка и за видот на грешката, дозволувајќи му на судијата да одлучи. Потоа, приговорот ѝ дава можност на спротивната страна да преземе корективни мерки. Навремените и точни приговори се неопходни за да биде точно евидентирано одредено прашање за на апелација. Приговорот јасно и недвосмислено мора да ги наведе причините поради кои се бара доказот да биде одбиен.
Навремени
Приговорите мора да бидат навремени. Целта на приговарањето е да се спречи грешката пред таа да се случи. Усните приговори треба да се поднесат веднаш по поставувањето на прашањето и пред да се даде одговорот. Неподнесувањето на приговорот, обично, резултира со откажување од правото на приговор во подоцнежната фаза. Друга последица од неприговарањето е тоа што прифатените докази ќе влезат во записник.
Конкретни
Застапникот убедливо ќе треба да ги изнесе основите врз кои го базира приговорот. „Приговор, почитуван судијо” не е приговор; не посочува на ниту едно прашање за судијата. „Приговор, шпекулација” е конкретен приговор. Бидете конкретни и прецизни.
Наведете ги сите релевантни основи
Доколку има повеќе од еден основ за приговор, ќе мора да ги наведете сите поединечно. На пример, ако прашањето е сугестивно, но исто така го повредува и правото на обвинетиот да не сведочи против себеси или да признае вина, ќе мора да ги наведете двата основа така што и двата да бидат соодветно разгледани во жалбената постапка.
Понуда за доказ
Кога обидот да предложите доказ бил одбиен со одлука на судијата, пожелно е да поднесете понуда за доказ со цел да се евидентира прашањето за жалба. Понудата за доказ може да биде во неколку форми:
» Понудата за усно сведочење, обично, е во форма на изјава од страна на застапникот во врска со очекуваната содржина на одбиеното сведочење.
» Судијата сам може да побара или може да се побара од судијата да прифати понуда за доказ и преку испитување на одреден сведок, вклучително и со вкрстено испитување.
» Писмена изјава дадена под заклетва потпишана од страна на лицето кое ја изјавило каде што се сумира очекуваното сведочење на потенцијалниот сведок е уште еден начин за поднесување понуда за
доказ. 33
» Одбиените документарни докази ќе се бара да бидат означени за идентификација и да бидат приложени кон судскиот записник.
Слично, може да приговарате и да барате да поднесете понуда за доказ и тогаш кога противникот повикува сведок за кој вие сметате дека ќе прејудицира нешто во врска со вашиот случај и ќе биде ирелевантен за предметот за кој се суди. На тој начин, вие ќе му го предочите на судијата вашиот став во врска со сведокот. Во текот на таквото сведочење, ако сведокот планира да влезе во непригодни или прејудицирачки области, вие треба да го обновите вашиот приговор и да побарате да ви се дозволи да поднесете понуда за доказ.
Засновајте ги приговорите врз устав
Целта на приговарањето е да се заштити правото на вашиот клиент на правично судење. Засновајте ги вашите приговори врз правото на правично судење гарантирано со устав.
Побарајте одлука од судот
Мора да добиете судска одлука/решение по приговорот. Понекогаш судиите не се директни во своите одговори и не е јасно дали судијата одлучил. На пример,
„Приговорот е забележан“ не е одлука. Може да прашате: „Може да добијам одлука?” Секако, одлуката мора да биде судска, а не административна.
Ако судијата не донесе одлука, се претпоставува дека приговорот е одбиен. Адвокатот има должност да се увери дека сите приговори и понуди за доказ се забележани во записникот. Приговорите што не се забележани се безначајни.
„Приговорот се одбива”
Ова е доволно за да се евидентира прашањето. Вие сте поднеле приговор на прашањето. Судијата донел одлука. Приговорот се одбива. Прашањето е евидентирано.
„Приговорот се прифаќа”
Прифаќањето на приговорот може да ги блокира понатамошните слични прашања, но не го евидентира прашањето во рамките на жалбената постапка, а вие треба да ја поднесете жалбата. Потребна ви е „исправка“. Самото прашање имало штетна последица и го оштетило вашиот клиент во очите на судијата. Вие треба да ја поправите штетата.
Кога судијата не дозволува „исправка“: вие сте побарале нешто, а тоа било одбиено. Прашањето е спремно за жалба. Ако исправката се дозволи, нема прашање за жалба. Ако исправката не е доволна, вие мора да ја искористите следната инстанца. Крајна фаза е да се бара поништување на судскиот процес.
Одговорете
По вашиот вложен приговор, а пред да одлучи судијата, вашиот противник има право да стане и да наведе причини зошто прашањето, на пример, не е шпекулативно. Потоа вие треба да одговорите, а можеби и дополнително да аргументирате.
„Отворање врата”
Секое прашање кое го поставувате би можело да отвори врата кон потенцијална катастрофа. Ако ја отворите вратата за некое инаку недозволено сведочење, не може да се повикувате на него во жалбата.
„Отворањето врати“ може или да оди во корист на обвинетиот или да биде против
34
него. Дејството е двонасочно.
Дали да се приговара?
Сѐ што се случува во судницата мора да има причина и цел. Начинот на приговарање и бројноста на приговорите зависат од стратегијата на застапникот. Нецелисходно е да се поднесуваат приговори за ситни нешта: може да си го поткопате својот кредибилитет за поднесување битни подоцнежни приговори. Ако судијата прифати некои приговори за помалку битни нешта, тој подоцна може да одлучи против вас за побитни нешта за да одбегне впечаток дека добивате сè што сакате.
Приговор во текот на сведочењето на една од страните
Приговарајте внимателно; приговарајте на очигледни гласини во врска со важни работи и, по можност, кога преку сведочењето се презентираат важни документи. Кога застапникот приговара во текот на вкрстено испитување на својот клиент, тоа може да изгледа или како да сака да скрие нешто или, пак, како обвинетиот да не може да го издржи притисокот.
Приговор во однос на сведочење на дете
Приговорите кои, обично, се чинат соодветни може да бидат опструктивни во случај на сведочење на дете. Најдобро е да се тестираат способностите за сведочење на детето и така да се избегне прејудицирачко сведочење.
Приговор во тек на воведни говори
Xxxxxxxx е дека целта на воведниот говор е да се најави што планира страната да докаже: не е место за аргументација.
Приговор во завршен збор
Не приговарајте освен ако апсолутно не е неопходно и ако сте сигурни дека сте во право, како на пример, ако вашиот противник предлага факти кои не се во доказите, погрешно го наведува сведочењето на сведокот или некоја критична точка од законот или, пак, се стреми кон пристрасност. Xxxxxx е добро да почекате да заврши завршниот збор и да приговарате. Меѓутоа, ако приговарате подоцна, мора да добиете насока од судијата „да не прекинувате“. Инаку, вашето задоцнување ќе се смета за откажување.
Никогаш не сведувајте го судењето на лична конфронтација меѓу вас и вашиот противник: потпрете се на јачината на вашиот аргумент. По правило, бранителот нема премногу да приговара во текот на почетните фази на завршниот збор и, оттаму, противникот можеби ќе сака да го развлече својот аргумент во раната фаза за да види колку далеку може да оди и да го искористи тоа за да извлече помоќен аргумент. Приговарајте навремено и енергично.
Намамување
Иако вашиот противник може да го испрашува сведокот со прашања на кои може да се вложи приговор, вие може да одлучите да не приговарате и така да ја „отворите вратата“. На таков начин, при вашето испитување, вие може да поставувате прашања за работи кои инаку би биле забранета област/ предмет на приговор. Друг пристап е да се приговара, но не многу убедливо, така што приговорите да бидат одбиени. На таков начин вие го задржувате правото на жалба, а сепак сте отвориле област затворена за испитување.
35
Судска контрола
Судијата има судска контрола врз постапката, вклучително и врз:
» редоследот на повикување сведоци,
» формата на сведочењето,
» употребата на демонстративни докази,
» поставувањето рокови,
» други работи во врска со судењето.
Во спроведувањето на ваквата контрола, судијата треба да се води од неколку цели:
» утврдување на вистината (точно утврдување на фактите),
» избегнување на непотребно трошење време,
» заштитување на сведоците од малтретирање и непотребна непријатност.
Судијата е овластен да ги заштити сведоците од малтретирање и непотребна непријатност. Судијата треба да ги заштити сведоците од прашања кои ја преминуваат границата на пристојноста при вкрстеното испитување и се наменети само да малтретираат, да вознемируваат или да понижуваат. Ова, сепак, не ги вклучува обидите да се дискредитира сведочењето или самиот сведок.
36
ОСНОВНИ
ВИДОВИ ПРИГОВОРИ
Листа на основни видови приговори
» За формата на прашањето:
- прашањето е сугестивно/наведува
- прашањето бара да се шпекулира
- испитувачот (спротивната страна/ обвинителот) држи говор не поставувајќи прашање
- прашањето е сложено
- прашањето е аргументативно
- прашањето е неразбирливо
- прашањето е двосмислено
- прашањето наведува на погрешен одговор
- прашањето е хипотетичко, а се поставува на лаик
- прашањето погрешно цитира исказ на сведок
- прашањето погрешно ги претставува доказите
» За содржината на прашањето:
- прашањето претпоставува факти кои не се во доказите
- прашањето веќе било поставено и одговорено
- прашањето излегува од доменот на директното испитување
- прашањето го надминува дополнителното директно испитување
- прашањето е неприфатливо поради содржината
- прашањето е неприфатливо бидејќи сведокот не е способен да одговори
- прашањето бара информации кои веќе биле прогласени за недопуштени
» За содржината на одговорот:
- одговорот не соодветствува на
прашањето
- одговорот дава дополнителни информации
- одговорот содржи информации кои веќе биле прогласени за недопуштени
- нема доказен основ
- доверлива информација
- прашањето повикува на шпекулација
- прашањето ја надминува стручноста на вештакот (недостиг на доказен основ)
- гласини
Како се приговара
» Изгответе јасен и прецизен приговор.
» Засновајте го приговорот на некое правило или начело и понудете убедлив аргумент.
» Не расправајте се и не обраќајте ѝ се на спротивната страна.
» Внимателно слушнете го одговорот на вашиот приговор од спротивната страна.
» Побарајте да одговорите по одговорот на спротивната страна ако е потребно.
Постапка
Чекор 1. Xxxxxxx и кажете: „Приговор!“
Чекор 2. Наведете го конкретниот основ за приговорот.
пр. „Почитуван судија, прашањето е ирелевантно.“
Чекор 3. Побарајте дозвола да го објасните приговорот.
пр. „Почитуван судија, може ли да објаснам зошто прашањето е ирелевантно?“
Чекор 4. Побарајте да реплицирате на одговорот од противникот.
пр. „Почитуван судија, може ли да одговорам?“
ЗАБЕЛЕШКА: Доколку приговорот е од спротивната страна, барајте да
одговорите; ова е важно за записникот.
пр. „Почитуван судија, може ли да добијам збор?“
Техника
- „Почитуван судија, приговарам на исказот на сведокот врз основа на тоа што тој не е компетентен бидејќи нема ментален капацитет да понуди доказ.“
- „Почитуван судија, приговарам на сведочењето на сведокот врз основа на тоа што на вештакот му недостига стручност да понуди доказ за прашањето кое е предмет на расправа – иако тој е вештак. Прашањето ја надминува неговата стручност.“
- „Почитуван судија, приговарам на исказот на сведокот врз основа на тоа што од него се бара да даде мислење наместо факти. Овој сведок не е квалификуван како вештак ниту пак беше презентиран доказен основ врз основа на кој овој сведок може да даде такво мислење.“
- „Почитуван судија, приговарам на ова прашање бидејќи излегува од доменот на директното испитување.“
- „Почитуван судија, приговарам на ова прашање бидејќи е сугестивно; му го сугерира одговорот на сведокот.“
- „Почитуван судија, приговарам на ова прашање бидејќи сугерира факти кои не се во доказите.“
- „Почитуван судија, приговарам на ова прашање бидејќи прашањето е сложено.“
- „Почитуван судија, приговарам на ова прашање бидејќи веќе беше поставено и одговорено.“
- „Почитуван судија, приговарам на ова прашање бидејќи се обидува да
го поткрепи кредибилитетот на 37
сведокот пред тој да биде нападнат.“
- „Почитуван судија, приговарам на ова прашање бидејќи застапникот на спротивната страна несоодветно се обидува да го дискредитира сведокот преку користење други докази за небитно прашање.“
- „Почитуван судија, приговарам на ова прашање бидејќи бара информации кои веќе се во доказите; прашањето е кумулативно и непотребно.“
- „Почитуван судија, приговарам на употребата на овој дијаграм бидејќи не го претставува соодветно и точно местото што е предмет на разгледување.“
- „Почитуван судија, приговарам на употребата на оваа фотографија бидејќи не дава соодветна и правична слика за изгледот на местото кога се случил инцидентот.“
- „Почитуван судија, приговарам на ова прашање бидејќи застапникот на спротивната страна не покажа дека сведокот е доволно запознаен со ракописот на обвинетиот за да може да го идентификува неговиот потпис.“
- „Почитуван судија, приговарам на допуштеноста на овој доказ бидејќи неговата доказна вредност е значително надмината од неговиот прејудицирачки ефект (тој ќе создаде предрасуда).“
- „Почитуван судија, приговарам на ова прашање бидејќи сведокот не е доволно квалификуван да сведочи за автентичноста на електронските докази/е-пошта.“
- „Почитуван судија, приговарам на допуштеноста на овој доказ бидејќи не е најдобриот доказ (оригиналниот документ);
38 застапникот на спротивната
страна се потпира на оваа копија за да го докаже постоењето на факт во документот или автентичноста на документот.“
ПОВЕЌЕ ЗА ОСНОВНИТЕ ВИДОВИ ПРИГОВОРИ
Прашањето е нејасно или двосмислено
Прашањата кои се тешко разбирливи поради нивната подложност на различни интерпретации се цел на приговор бидејќи нивната маргинална вредност е надмината од можноста да го збунат сведокот или судијата. Прашањето може да биде технички релевантно, но збунувачко или заведувачко. Двосмисленото прашање може да го збуни сведокот, да го заведе судот или да наведе на погрешен одговор. Судијата ја има дискреционата контрола врз формата на прашањето со цел да ја утврди вистината, да избегне губење време и да го заштити сведокот од непријатност.
Понекогаш не само што ќе треба да приговарате туку и ќе треба да предложите прашањето повторно да биде поставено. Сепак, размислете за последиците.
Прашањето е аргументативно
Аргументативните, полемички прашања се напорни за сведокот. Аргументативните прашања не бараат факти туку го предизвикуваат сведокот во врска со заклучоците.
Пример: „Како може сериозно да очекувате судот да верува дека...”
Аргументативните прашања имаат две карактеристики: 1) негативна, не се наменети да извлекуваат нови суштински информации од сведокот; 2) позитивна, тие го наведуваат сведокот на заклучоци од сведочењето кое веќе е внесено во записник.
Приговарајте кога аргументативните прашања на противникот очигледно влијаат врз вашиот сведок, ја ослабнуваат неговата самодоверба или предизвикуваат негативно однесување. Но користете ги умерено. Не треба да изгледате премногу агресивно.
Прашањето претпоставува факти кои не се во доказите
Има прашања кои ги претставуваат како точни оспорените факти иако за нив сè уште не посведочил ниту еден сведок. Внимавајте на овие прашања кои ги претставуваат суштинските факти како точни, а кои претходно не биле посведочени.
Пример: „Дали знаевте дека вашите отпечатоци од прсти беа пронајдени на пиштолот?” Иако немало докази за тоа, се имплицира дека застапникот знае дека исказот е точен и го прашува сведокот дали тој „знае.” Сведокот може да одговори дека „не знае“, но судијата, сепак, може да го прифати исказот како вистинит бидејќи застапникот ја навестил вистинитоста на исказот.
Ваквите прашања се некоректни и при директното и при вкрстеното испитување. Не е коректно да се посочува факт кој не е во записник бидејќи сведокот има право да го потврди или да го одрече кој било факт.
Недостасува автентикација
Потребна е автентикација и идентификација на доказите како што се документи, супстанции, изговорени зборови слушнати од сведокот, аудиозаписи и фотографии пред да се допуштат како докази. Доказите не треба да бидат допуштени сѐ додека предлагачот не докаже дека доказот е она што се тврди дека е.
39
Условот за проверка на точноста се однесува и на модерната технологија, како што се: факсовите, е-пошта, веб- постирањата и инстант-пораките. Кога доказот кој треба да се идентификува е некој предмет, предлагачот може да се потпре на неговите специфични определувачки карактеристики или на сведочењето за хронолошкото чување на материјалот. Кога се работи за фотографија, не е неопходно сведокот самиот да фотографирал или да бил присутен при фотографирањето сè додека тој е запознаен со местото прикажано на фотографијата.
Недопуштено повикување на претходни лоши дела
Застапникот вкрстено може да го испита сведокот за неговите лоши дела. Меѓутоа, застапникот на спротивната страна може да приговара ако:
» Делото нема доказна моќ за да го отслика карактерот или искреноста/ неискреноста на сведокот; предлагачот не може едноставно да тврди дека „го направил тоа веќе еднаш, па затоа го повторил истото”.
» Предлагачот се обидува да презентира неважни докази за делото со цел да докаже конкретни примери за однесувањето на сведокот.
Правило на „најдобар доказ”
Правилото на најдобар доказ се применува кога едната страна бара да се прифати како доказ содржината на некој документ (писмено, снимка или фотографија). Ова правило бара да се прибави оригиналот бидејќи тој е
„најдобриот доказ”. Ако оригиналот не е на располагање, страната која бара да се дозволи како доказ мора да даде прифатлив изговор за непостоење на
40 оригиналот. Ако судијата го прифати
изговорот, тогаш страната може да користи копија за да ја докаже содржината на документот, освен ако нема прашања кои би ја оспориле дури и автентичноста на самиот оригинал или ако прифаќањето на копијата би било неправично.
Поткрепување пред дискредитација
Страната која повикува сведок не смее да изнесува информации кои одат во прилог на сведокот во текот на директното испитување пред спроведувањето на вкрстеното испитување. Поткрепувањето е обид да се поддржи кредибилитетот на исказот на сведокот пред тој да биде нападнат. За таа цел застапникот можеби ќе се обиде да искористи изјава со која веќе постигнува поткрепување на кредибилитетот на сведокот. На пример, застапникот може да го праша сведокот:
„Дали секогаш ја кажувате вистината?”
Xxxxxxxx, се разбира, одговара: „Јас секогаш сум искрен“.
Слично на тоа, застапникот може да се обиде да користи и други сведоци за да го поткрепи сведочењето на сведокот. „Сведок Б, дали сведокот А е искрен?” Спротивната страна треба да приговара: „Не може да се поткрепува кредибилитетот на сведокот пред тој да биде нападнат, односно дискредитиран”. Ако нема вкрстено испитување, следниот сведок не смее да го поткрепи претходниот сведок кој не бил вкрстено испитан.
Ова правило не дозволува докази кои непотребно се кумулираат. Така, претходниот исказ на сведокот е кумулативен со неговото усно сведочење и доколку не е потребен заради рехабилитација на кредибилитетот на сведокот, тој ќе се смета за гласина. Кога нема дискредитација на сведокот, информациите кои служат за да го
поддржат/поткрепат сведочењето на сведокот не се сметаат за релевантни. Забраната за поткрепување не се однесува на поткрепувањето на фактите.
Меѓутоа, едно енергично вкрстено испитување може да ги промени работите и да дозволи рехабилитација на сведокот. Xxxx и кога рехабилитацијата е дозволена, постојат ограничувања за формата на рехабилитирачките докази. Па така, предлагачот не смее да предложи ирелевантни докази за конкретни чесни постапки на претходниот сведок. Кредибилитетот на сведокот, исто така, не може да биде поткрепен со мислење на друг сведок, па ниту на вештак, во врска со тоа дека тој ја кажува вистината. Кредибилитетот на сведокот е прашање за кое исклучиво треба да одлучи судијата.
Непостоење деловна евиденција
Секоја фирма или организација мора да води деловна евиденција за своите редовни активности. Тука влегуваат списи, меморандуми или собирање податоци за редовното работење. Секое правно лице редовно треба да води ваква евиденција со помош на стручно лице, во точното или барем приближно време на настанот. Ако изворот на информацијата, начинот или околностите на подготовка укажуваат на недостиг на веродостојност, евиденцијата нема да биде земена предвид. Крајниот извор на информации мора да има лично познавање за изнесените факти. Допуштеноста на деловните книги на една фирма треба да биде потпомогната од сведочењето на сметководителот или на книговодителот на фирмата кој детално го претставува начинот на водењето на деловните книги. Редовноста и навременоста на евиденцијата се клучни фактори.
Недопуштено мислење за карактерот или за угледот
Доказите за личноста на едно лице, обично, се недопуштени за докажување дека лицето постапувало во согласност со таквиот свој карактер во конкретната прилика. Направете разлика од приговорот за недопуштено повикување на поранешни лоши дела. Лошите дела се однесуваат на конкретни постапки кои не се наведени во поднесоците. Недопуштеното мислење за карактерот се однесува на угледот и карактерот на личноста. Па така, доказ за карактерот на некој сведок може да се појави во форма на сведочење за неговите карактерни особини или за угледот кој тој сведок го ужива во заедницата. Сведокот кој дава исказ за карактерните особини на друг треба да биде доволно запознаен со нив и да има веродостоен доказен основ да формира мислење по тоа прашање. Сведочењето за конкретни настани може да биде несоодветно во рамките на ваквото сведочење.
Во кривичните предмети има бројни потенцијални приговори кои може да се искористат против доказите за карактерот на личноста:
» Обвинетиот не ја ставил својата личност како предмет на расправа. По правило, таквите докази на обвинителството се недопуштени сѐ додека обвинетиот не одлучи да го отвори тоа прашање.
» Сведочењето не се однесува на релевантна карактеристика на личноста. Доколку на обвинетиот му се суди за кривоклетство, кроткоста како негова карактерна особина не е релевантна.
» Нема соодветен доказен основ за сведочењето за карактерот или за
угледот. Кога доказите се во форма 41
на докази за угледот, мора да се постави доказен основ дека сведокот и обвинетиот се членови на иста
„заедница”.
» Кога понудените докази се во форма на мислење, тврдењето мора да демонстрира дека сведокот за карактерот на обвинетиот знае од лично познанство со него.
Доколку се дозволи доказ за релевантна карактеристика на обвинетиот, обвинителот може да предложи докази за да го негира тоа. Кога, пак, обвинетиот во кривична постапка напаѓа некоја лична карактеристика на жртвата, обвинителството може да одговори или преку бранење да го докажува карактерот на жртвата или преку напаѓање на карактерната особина на обвинетиот.
Споредни прашања
Судијата нема да дозволи испитување за работи кои се ирелевантни за суштинските прашања на предметот. Така, прашањето ќе биде споредно доколку е релевантно само за кредибилитетот на сведокот, но не и за суштината на случајот. Сведокот, обично, не може да биде дискредитиран со ирелевантни докази кои му противречат на неговиот исказ кога ирелевантните докази се однесуваат на факти кои имаат слаба или никаква врска со суштинските прашања. Споредните прашања може да се одбијат за да се избегне мешање на работите или непотребно одолговлекување на судењето.
Не е докажана способноста за сведочење
За да се квалификува како сведок, лицето мора да има когнитивна способност да ја разбере обврската за искрено сведочење под заклетва и да поседува
42 ментална способност за забележување,
сеќавање и раскажување.
Недопуштена компјутерска графика (реконструкција на настан)
Компјутерската графика може да му помогне на судијата да ги визуализира тешките перспективи. Мора да постои доказен основ: квалификациите на вештакот кој ја подготвил симулацијата; капацитетот на користениот компјутерски хардвер и софтвер; пресметките и обработувањето на податоците ги исполнуваат стандардите за научни докази; пресметките биле направени врз основа на веродостојни, целосни и правилно внесени податоци; процесот дал точен резултат.
Недопуштена компјутерска документација
Предлагачот треба да ја покаже веродостојноста на компјутерот, вистинитоста на постапките за влез и автентичноста на отпечатените списи. Постојат неколку можни приговори:
» Не била презентирана исправноста на компјутерот со помош на кој биле генерирани документите.
» Не било покажано дека фирмата користи веродостојни компјутерски постапки за влез на податоци.
» Сведокот не го идентификувал доказниот материјал претставен на судењето како материјал кој бил испечатен во одредена конкретна прилика.
Xxxxxxxxx доказен основ (за физички доказ)
За физичките докази може да биде неопходно да се утврди хронолошкото чување на доказното средство: дека доказното средство било неизменето иако поминало низ рацете на многу
луѓе. Во такви околности може да биде неопходно да се повика секој сведок да сведочи. Ова е најсоодветно кога се работи за оружјето или за инструментот на кривичното дело и кога вештаците ги тестирале доказите за кои сведочат. Се смета дека ако со доказот било погрешно постапувано, без разлика на причините, резултатите на извршените тестови може да бидат погрешни или неверодостојни. Мора да се утврди автентичноста, дали има соодветен доказен основ и да се утврди хронолошкото чување на доказниот материјал:
» Како сведокот го стекнал предметот.
» Конечното располагање со предметот од страна на сведокот (задржување, предавање или уништување).
» Чувањето на предметот во меѓувреме.
Несоодветно сведочење на вештак
Сведочењето на вештакот треба да му помогне на судијата во утврдувањето на фактите. Вештаците треба да го имаат неопходното стручно знаење со цел да се утврди или да се процени некој важен факт. Вештаците може да го засноваат своето мислење врз веродостојни извештаи од други извори. Ваквото повикување на други извори не му дозволува на вештакот да го чита туѓиот извештај како релевантен доказ. Постојат неколку можни приговори во врска со вештаците:
» Сведочењето на вештакот на оваа тема нема да му е од помош на судот.
» Сведокот не е квалификуван како вештак за конкретната тема. Судијата внимателно да ја разгледа стручноста на вештакот и темата на мислењето.
» Сведокот користел несоодветни податоци, методологија или начин на истражување за да дојде до добиените заклучоци.
» Предлагачот не покажал дека методологијата, односно научната теорија или техника на вештакот е општоприфатена. Вештакот, исто така, правилно мора да ја примени таквата методологија.
» Теоријата на вештакот не треба да се потпира само на субјективно, непоткрепено верување. Хипотезата може да се квалификува како научно знаење ако вештакот презентира експеримент спроведен во доволно контролирани услови или систематско набљудување за да ја потврди истата. (Дали била тестирана, дали се предвидени границите на можни грешки, дали била извршена контрола од страна на други вештаци?).
» Мислењето на вештакот за конечните факти го крши правилото со кое се забранува мислење за клучниот факт (на пример, дали обвинетиот го сторил делото?).
» Мислењето на вештакот е збирен заклучок за прашања од правото и фактите.
» Мислењето на вештакот не е доволно, го нема потребниот степен на сигурност.
Недостиг на доказен основ (за лично забележување)
Сведокот повикан да сведочи за некоја појава или факт треба да го воочил предметот на сведочење. Застапникот кој го предложил сведокот треба да покаже (преку поставени прашања до сведокот и преку дадените одговори од сведокот) дека сведокот претходно го воочил фактот или настанот и дека сега се сеќава на него.
Доказниот основ кој треба да покаже дали сведокот има лично познавање за она за кое сведочи е минимален: дали
судијата од понуденото сведочење може 43
да заклучи дека се работи за лично познавање. Страната што приговара треба да го прецизира основниот елемент што недостига. Не е фатално доколку сведокот во својот исказ се служи со изрази, како на пример, „мислам дека”.
Несоодветен доказ за навика, рутина, практика
Навиката е практика која доследно се следи и се повторува во одредени ситуации. Спротивната страна може да приговара на таквите докази поради следниве причини:
» Xxxxxxxx има недоволно лично познавање за однесувањето на лицето или на правното лице за коешто сведочи.
» Начинот на однесување опишан од сведокот не е доволно специфичен за да се квалификува како навика или рутина на однесување на лицето за кое сведочи.
» Начинот на однесување не бил доволно повторуван кај лицето за кое сведокот сведочи.
» Начинот на однесување на лицето за кое сведокот сведочи не е доволно конзистентен.
» Начинот на однесување на лицето за кое сведокот сведочи премногу се базира на слободен избор.
» Не постои поткрепа за однесувањето на лицето за кое сведокот сведочи.
» Нема очевидци на инцидентот.
Застапникот треба да внимава на разликата што постои помеѓу допуштените докази за навиките или рутината и недопуштените докази за карактерот.
Малтретирање
Тоа се изјави кои, првично, се наменети да го вознемират или да го
44 засрамат сведокот. Види, исто така,
аргументативни прашања. Судијата треба да има разумна контрола врз начинот на кој се испрашуваат сведоците за да ги заштити од малтретирање или од прекумерна непријатност.
Доказите се гласини
Гласините се искази дадени надвор од судот врз основа на знаење од втора рака кое се нуди како вистина. Гласините ѝ ја исклучуваат можноста на спротивната страна вкрстено да го испита лицето што ја дало таквата изјава. Можноста да се испрашува сведокот кој ја пренесува гласината не ја задоволува потребата вкрстено да се испита лицето што ја дало таквата изјава надвор од судот. Тоа лице е вистинскиот извор на доказот.
Несоодветни хипотетички прашања
Кога испрашувачот користи хипотетичко прашање при директното испитување, по правило, записникот веќе треба да ги содржи фактите кои се наведуваат во таквата хипотеза. Сепак, судијата има дискреционо право да го менува редоследот на изведувањето на доказите, па и да му дозволи на испрашувачот да поставува хипотетички прашања во врска со доказ кој се однесува на суштински факт, а кој ќе се изведе подоцна. Кога фактите во хипотезата се спорни, судијата е тој кој на крајот ќе ја утврди фактичката состојба.
Во случај на хипотетичко прашање, постојат неколку расположливи приговори:
» Хипотетичкото прашање не содржи соодветни факти врз основа на кои вештакот (доколку се работи за вештак) ќе оформи веродостојно мислење.
» Хипотетичкото прашање ги извитоперува доказите.
» Хипотетичкото прашање се заснова речиси исклучиво на мислењето на вештакот, а не на фактите.
» Прашањето содржи дискутабилни заклучоци, а не факти.
» Хипотезата изостава некој суштински факт.
Застапникот кој вкрстено испрашува не е ограничен како што е тоа случај со застапникот кој директно испрашува. Со варијации на хипотезата може да се испроба и вештакот, без разлика дали варијацијата е заснована на сведочење што веќе е во записникот. Ако вештакот бил присутен во судницата додека некој сведок сведочел, испрашувачот може да побара од него да даде мислење под претпоставка дека исказот на тој сведок е вистинит. Да не се заборави дека, по правило, страните имаат обврска да ги откријат вештакот и неговото сведочење пред судењето.
Доказот е ирелевантен
За да бидат допуштени, доказите мора да бидат релевантни, односно мора да имаат влијание врз донесувањето на одлуката.
Дискредитацијата е несоодветна
Соодветни основи за дискредитација може да бидат пристрасноста, интелектуалната неспособност, претходни недоследни изјави и репутацијата на неискреност. Општоприфатено е дека сведокот не може да биде прашан дали некој друг сведок лажел. Некои судии дозволуваат вакви прашања секогаш кога противречноста помеѓу исказот на обвинетиот и на некој друг сведок може да се објасни само преку заклучокот дека некој лаже.
Можеби е посоодветно да се праша дали сведокот знае зошто некој би лажел.
Лицата кои вршат вкрстено испитување мора да имаат добронамерна основа за нивните прашања. На пример, ако испитувачот го праша сведокот: „Нели вие сведочите против мојот клиент бидејќи бил остар кон вас во караница која сте ја имале пред три месеци?” – тогаш тој ја навел причината зошто сведокот е пристрастен, но може да биде оспорен врз основа на непостоење факти со кои ќе ги поткрепи своите тврдења и инсинуации.
Судското испитување е несоодветно
Судијата не треба да ја презема улогата на застапник или на сведок. Начинот на кој судијата го формулира прашањето може да покаже пристрасност. Застапникот треба да биде подготвен за изјави од страна на судијата кои сугерираат дека во наоѓањето на фактите судијата се потпира на своето лично познавање.
Прашањето е сугестивно/ наведувачко
Наведувачките прашања се забранети при директното испитување, освен ако е неопходно да се развие сведочењето на сведокот, ако сведокот е непријателски или ако сведокот е спротивставената страна. Не само што е несоодветно да се поставуваат наведувачки прашања при директното испитување, туку се работи и за лошо правно застапување. Кога имате добар сведок со очигледна искреност и интелигенција, ќе сакате сведокот да се отвори пред судот и да ги претстави таквите свои квалитети. Лицето што приговара треба да има предвид дека доколку приговорот се однесува на формата на прашањето, испитувачот може да го преформулира прашањето. Најдобро би било да се сочува овој приговор за тогаш кога навистина е
потребен: кога испитувачот испитувајќи 45
го својот/пријателски сведок наведува на спорни а релевантни нешта.
Застапникот несоодветно постапува
Не е соодветно кога погрешно се цитира исказ на сведок. Други форми на несоодветно однесување се вознемирување на сведокот, нарекување со имиња, намерно вкрстено испитување на сведокот со погрешно претставување на содржината на документите, читање на законите во судот во завршен збор и изнесување факти кои не се во записник.
Секогаш кога на судењето едната страна намерно прекршува некое правило на правна етика и прекршувањето предизвикува предрасуди кон спротивната страна, спротивната страна може да бара санкција во форма на исклучување на доказите кои инаку претходната страна имала право да ги изведе.
Изјави кои заведуваат
Опасноста од изјави кои заведуваат лежи во тоа што тие може погрешно да го заведат судот. Приговорите на ваквите изјави заштитуваат од доказ кој би предизвикал оценувачот на вистината (судијата) да се оддалечи од главното прашање.
Прашањето е повеќекратно или сложено
Кога сведокот одговара на сложено прашање, тешко ќе биде да се идентификува кое конкретно прашање го одговорил. Поставувањето сложени прашања може да ги збуни и сведокот и судот. Од вашиот противник може да барате да ги раздели сложените прашања во неколку одделни прашања.
46
Описно сведочење
Пример: „Сега, ве молам, со ваши зборови, кажете му на судот што искусивте тој ден?”
Директниот испрашувач мора да направи разлика помеѓу наведувачки прашања и отворени прашања каде што се бара раскажување. Судијата има дискреционо право дали ќе дозволи наративно сведочење. Па така, судијата може да бара поспецифични испитувања ако:
• описот на сведокот стане збркан,
• описот повеќепати се повикува на недозволени работи.
Пред судењето, кога за тоа има можност, бранителот треба да се увери дека сведокот целосно ја знае хронологијата на настанот, како и дека знае што да не споменува, освен ако испитувачот директно не праша за таа информација.
Повреда при давање мислење (од страна на вештак)
На вештаците може да им биде дозволено да ги засноваат своите мислења на изјавите на други вештаци. Меѓутоа, постојат граници за тоа што е дозволено како мислење.
» Вештаците не смеат да даваат мислења за правни прашања и да даваат правни заклучоци.
» Вештаците не смеат да даваат мислења директно за нечија вина или невиност.
» Вештаците не смеат (во зависност од правниот систем) да даваат мислења за менталната состојба, онаму каде што менталната состојба е елемент на кривичното дело кое е предмет на постапката.
Забелешка: Обично, во многу правни системи вештакот не може да не даде мислење за главното прашање во предметот. Па затоа, ако главнотопрашање
се однесува на менталната состојба на обвинетиот во време на извршување на кривичното дело, главното прашање би била пресметливоста, односно непресметливоста на обвинетиот за време на извршување на делото. Во меѓународните кривични трибунали не е толку битно дали се дозволени мислења за главните прашања, туку дали таквите мислења му помагаат на судот.
» Вештаците не смеат да шпекулираат.
Повреда при давање мислење (од страна на сведок)
Кога сведокот не сведочи како вештак, мислењето што ќе го изнесе мора да е ограничено на изведување заклучоци кои рационално се засноваат на неговата лична перцепција и знаење и му помагаат на судијата јасно да го разбере исказот. Сепак, сведоците може да дадат мислење за:
» Брзината, возраста, тежината, висината и интоксикацијата. За таа цел, сведокот треба да имал соодветна можност да ги набљудува лицето или предметот што е предмет на мислењето.
» Идентификување на ракописот. Потребниот доказен основ за ова е запознаеноста со ракописот на лицето за кое сведокот сведочи врз основа на бројни претходни можности за набљудување под веродостојни околности.
» Можни приговори:
• нема доказ дека сведокот лично го видел или на друг начин го забележал фактот,
• не бил понуден доказен основ за мислењето на сведокот.
Недопуштеност на полиграф
Нема консензус дека полиграфот спаѓа во групата прифатливи/веродостојни докази.
Прејудицирачки прашања
Иако релевантни, доказите може да бидат одбиени бидејќи нивната доказна вредност значително е надмината од опасноста таквиот доказ да предизвика неправедни предрасуди. На пример, може да има докази за минатото на сведокот кои се многу срамни за сведокот, а имаат маргинална доказна вредност и не се корисни. Па така, може да се вложи приговор дека доказот е прејудицирачки и дека може да предизвика неправедни предрасуди. Морничавите фотографии или видеозаписите што содржат емотивен материјал, кој главно не му помага на судијата во утврдувањето на фактите, генерално треба да бидат одбиени.
Процесот се состои од три чекори:
» Судијата првично ја одмерува доказната вредност на конкретниот доказен материјал.
» Ги идентификува опасностите или контраефектите.
» Ја одмерува доказната вредност наспроти контраефектите и утврдува дали потенцијалните контраефекти ја надминуваат вредноста на доказот. Ако е така, тогаш доказот се исклучува.
Недопуштеност на доказ за претходна осудуваност
Испитувањето на сведокот во врска со подалечни минати кривични дела може да биде одбиено. Обвинителството го има товарот да го убеди судијата дека доказната вредност на претходната осудуваност е значително поголема од контраефектите кои таа може да ги предизвика. Доколку се работи за претходна осудуваност за лажно сведочење, судот, по правило, би немал основа да ги исклучи ваквите осуди. Подробностите за минатите осуди,
обично, се одбиваат. Меѓутоа, може да 47
се отвори врата за прашања во врска со
одредени подробности доколку сведокот погрешно го објаснил кривичното дело во текот на директното испитување.
Претходни недоследни искази
Како и сведоците за време на судењето, така и писмените искази дадени надвор од судот може да бидат дискредитирани поради недоследни искази; искази дадени во друго време од она во кое е, на пример, даден писмениот исказ кој се изведува пред суд. Недоследни искази може да произлезат од многу извори, вклучително и од извештаи или од документи кои сведокот ги подготвил.
Застапникот на спротивната страна може да користи писмен документ за да го освежи сеќавањето на сведокот за сведочење дадено од истиот тој сведок пред судењето или за време на судењето. Обично, само исказите дадени во судот се сметаат за валиден доказ, а не документот што се користи за освежување на сеќавањето на сведокот. Но, што ако сведокот ниту ја прифаќа ниту ја отфрла недоследната изјава или, пак, не може да се сети? Во ваков случај, лицето што го врши вкрстеното испитување може да го дискредитира сведокот. Бидејќи вие ќе го вршите вкрстеното испитување, може да побарате да го видите документот и да го искористите за да го дискредитирате сведокот.
Што ако сведокот се обидува да се присети на подробности кои не се забележани во претходниот исказ? За да постави доказен основ за дискредитација, лицето што го врши вкрстеното испитување треба да го присили сведокот да признае дека, всушност, тогаш кога го давал тој претходен исказ, му било предочено да ги вметне сите важни подробности.
Исто тaка, битно е да се прави разлика
48 помеѓу вкрстено испитување заради
претходен недоследен исказ и вкрстено испитување заради презентирање нерелевантен доказ кој се наоѓа во рамките на претходниот исказ (особено кога спротивната страна го врши вкрстеното испитување).
Привилегирани комуникации
Привилегираните комуникации ги заштитуваат доверливите комуникации и настануваат помеѓу страни кои се соодветно поврзани, се карактеристични за заштитената врска и постојат поради тоа. На пример, доверливите општења меѓу клиентот и адвокатот се заштитени со привилегијата на општењето меѓу клиентот и адвокатот, освен ако претходно не се откажале од неа.
Постојат и тематски привилегии, како на пример, владини државни тајни кои заштитуваат одредени видови факти.
Комуникациските привилегии заштитуваат доверливи општења помеѓу соодветно поврзани страни и се својствени за заштитените односи. Тие постојат за таа причина.
Недоволни квалификации
За да биде прифатено сведочењето на вештакот, потребно е вештакот да поседува соодветни квалификации. Судиите ги одбиваат сведочењата на вештаците кои имаат недоволни квалификации.
Сведокот може да биде експерт за некоја тематика, но не и за потребната област. Во анализирањето на веродостојноста на предложеното сведочење на вештакот, улогата на судијата е да определи дали вештакот е квалификуван во потребната област и да ја испита методологијата која вештакот ја користел при донесувањето на заклучокот. Вештакот мора да остане во рамките на своето поле на стручност
и не може да дава мислење од друга област.
Претходни поведенија при случаи на силување
Испитувањето за претходното сексуално поведение на жртвата може да предизвика прекумерни предрасуди и строго се одбегнува. Судовите применуваат тест на рамнотежа за да определат дали доказната вредност на сексуалната историја на жртвата ја надминува (е поголема) од предрасудата која би се создала преку нејзиното откривање.
Недостиг на релевантност
Релевантноста е основниот услов за допуштеност на доказите. Доказот мора да има некоја доказна вредност во предметот. Доказите кои не се однесуваат директно или индиректно на прашањата кои се предмет на судењето, треба да бидат исклучени како ирелевантни.
Религиозни верувања
Доказот за религиозното верување со кој се сака да се нападне или да се зајакне кредибилитетот на сведокот, по правило, е недопуштен.
Прашањето се повторува
Прашањата кои се повторуваат одземаат време и непотребно може да пренагласат некоја тема. Но тоа не се однесува на лицето што врши вкрстено испитување и нему не му е забрането да постави прашање кое било поставено и одговорено во текот на директното испитување.
Доказите не се научни
Види, исто така, несоодветно сведочење на вештак. Методологијата или техниката која вештакот ја користел
при вештачењето треба да се квалификува како веродостојно научно знаење. Ако методологијата е недокажана или неиспробана, сведочењето ќе се смета за недопуштено. Вештачење засновано на научна предлог-методологија не треба да биде прифатливо, освен ако техничкиот процес врз кој се заснова мислењето не се здобил со општо прифаќање во соодветната област.
Судијата ќе направи првична проценка за тоа дали општата теорија на вештакот или техниката која тој ја користел се потпира на соодветно, емпириски валидно резонирање и дали таа може да се примени врз фактите кои се предмет на разгледување.
Сведочењето на вештакот мора да биде „научно“, во смисла на тоа дека треба да е засновано на научни методи и постапки. Алтернативните науки, од типот на давање психолошко мнение, не се предмет на емпириска евалуација за разлика од конвенционалната наука. Сепак, тие може да се применат во зависност од релевантноста.
Можни приговори во врска со научните докази се следниве:
» Темата опфатена со даденото мислење не е соодветна тема за експертско мислење - вештачењето нема да му помогне на судот.
» Сведокот не се квалификува како експерт на тоа поле.
» Сведочењето е ирелевантно.
» Xxxx соодветен доказен основ дека оваа техника се квалификува како веродостојно научно знаење.
» Во случајот на техничко/ специјализирано познавање, не е утврдена веродостојноста.
» Сведочењето е премногу прејудицирачко/создава предрасуди.
49
Домен на испитување
Вкрстеното испитување може да се однесува само на теми кои се предмет на директно испитување, како и на прашања кои влијаат врз кредибилитетот на сведокот. Правилата за доменот на испитување важат и за другите фази на испитувањето. Па така, дополнителното (директно) испитување е ограничено на теми кои се покриени со вкрстеното испитување.
Ако се вложи успешен приговор за доменот на дополнителното (директно) испитување, лицето кое го врши може да добие пролонгирање од судот за да истражи нови теми за испитување. Дополнителното вкрстено испитување, онаму каде што е дозволено, е ограничено во опсегот на прашањата покриени со дополнителното (директно) испитување.
Повреда на правилото за изолација на сведоците
Сведоците треба да се придржуваат кон наредбата на судот да останат надвор од судницата додека не се повикаат да сведочат. Меѓутоа, има и повреди на ова правило. Во таков случај, не секогаш се смета дека сведочењето на сведокот ќе биде недопуштено и судијата има дискреционо право дали ќе му дозволи на таквиот сведок да сведочи. Предрасудата, како резултат на присуството на сведокот за време на сведочењата на претходните сведоци, треба да се покаже за да може сведокот да биде исклучен. Вината на една од страните за повредата на ова правило е важен фактор кој судијата треба да го земе предвид.
Шпекулација
Обичните сведоци - лаици се ограничени во давањето мислење за работи кои
50 лично ги забележале. Тие не може да сведочат под претпоставки. На пример,
еден сведок не може да ја претпоставува состојбата на умот на некое друго лице.
Недопуштени сумирања
Содржината на големите записници може да биде презентирана во форма на табела или краток преглед. Оригиналите или копиите на сумираните записници треба да бидат достапни за испитување или за копирање од спротивната страна.
За да се предложи сумиран материјал, мора да постои доказен основ кој ќе содржи индикации дека табелата точно ги рефлектира главните записи. Исто така, доказниот основ мора да содржи и доказ дека сумираниот материјал е допуштен и дека би било несоодветно да се изведуваат сите докази на суд. Фактот што главните записи биле допуштени не го забранува воведувањето на сумираниот материјал.
Контаминирани докази
Ова се докази до кои се дошло преку повреда на законот или на постапката. Меѓутоа, повредата на правилото за изолација на сведоците се однесува на нивниот кредибилитет, а не на допуштеноста на сведочењето, така што повредата на ова правило не го осуетува сведочењето толку многу за да биде исклучено.
Пасивен сведок
Сведочењето на сведокот е пасивно кога тој не ги одговара прашањата на застапникот. Само страната која го спроведува испитувањето може да приговара на пасивноста на сведокот.
Понекогаш сведокот кој е повикан од страната која директно го испрашува е упорно пасивен. Во вакви ситуации, судијата може да му дозволи на испрашувачот да го наведува сведокот за да го контролира подобро сведочењето (преку вкрстено испитување).
АНЕКС 1
Примена на доказните принципи на ЗКП
Членови од ЗКП | Можни приговори |
Општи начела и права на обвинетиот | |
Член 5 Право на правично судење Лицето обвинето за кривично дело има право во правично и јавно судење пред независен и непристрастен суд, во контрадикторна постапка да може да ги оспорува обвиненијата против него и да предлага и да изведува докази во своја одбрана. | (Член што опфаќа сè.) • Приговор, испитувањето од страна на судијата е несоодветно. |
Член 12 | |
Законитост на доказите (1) Забрането е да се изнудува од обвинетиот или од друго лице што учествува во постапката признание или некаква друга изјава. | (Може да се поднесе претходен поднесок/ писмено барање за исклучување на докази.) |
(2) Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата, утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не може да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука. | • Приговор, доказите се прибавени на незаконит начин и барам нивно исклучување. |
Член 33 Причини за изземање (Во согласност со член 38, се однесува на јавните обвинители и другите учесници во постапката, како и на вештаците.) (1) Судија или судија поротник не смее да врши судиска должност ако: 1) Е оштетен со кривичното дело. 2) Обвинетиот, неговиот бранител, тужителот, оштетениот, неговиот законски застапник или полномошник му е брачен, односно вонбрачен другар или роднина по крв по права линија до кој и да е степен, по странична линија до четврти степен, а по сватовство до втор степен. 3) Со обвинетиот, неговиот бранител, тужителот или со оштетениот е во однос на старател, лице под старателство, посвоител, посвоеник, хранител или храненик. 4) Во истиот кривичен предмет учествувал како судија на претходна постапка, учествувал во испитувањето на обвинението пред главната расправа или учествувал во постапката како тужител, бранител, законски застапник или полномошник на оштетениот, односно на тужителот или е испитан како сведок или како вештак. 5) Во истиот предмет учествувал во донесувањето на одлуката на понискиот суд или ако во истиот суд учествувал во донесувањето на одлуката која се побива со жалба. (2) Судија или судија поротник може да биде изземен од вршење судиска должност, покрај случаите наведени во ставот (1) на овој член, ако постојат околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност. | • Приговор, судијата не е компетентен. • Приговор, вештакот не е компетентен. |
Член 70 Права на обвинетиот Секој обвинет ги има следниве основни права: -да биде навремено и детално информиран, на јазик што го разбира, за делата за кои се товари и за доказите против доволно време и можности за подготвување на својата одбрана, а особено да има увид во списите и да биде запознаен со доказите против него и во негова корист, како и да комуницира со бранител по свој избор, -да биде суден во негово присуство и да се брани лично или со помош на бранител по сопствен избор, а доколку нема средства да плати бранител, да добие бесплатен бранител кога тоа го бараат интересите на правдата, -да ја изнесе својата одбрана, -да не биде присилен да даде исказ против себе или против своите блиски или да признае вина, -да има можност да се изјасни за фактите и за доказите што го товарат и да ги изнесе сите факти и докази што му одат во прилог, -самиот или преку бранител да ги испита сведоците против него, како и да му се обезбеди присуство и испитување на сведоците во негова корист под исти услови како и сведоците против него, - во текот на главната расправа да се советува со својот бранител, но не може да се договара како ќе одговори на поставено прашање. | (Член што опфаќа сè.) |
Водење записник | |
Член 91 Водење на записникот (1) Записникот мора да се води уредно, во него не смее ништо да се избрише, да се додаде или да се менува. Прецртаните места мора да останат читливи. (2) Сите преиначувања, исправки и додатоци се внесуваат на крајот на записникот и веднаш им се предочуваат на страните и на бранителот, и тие мора да бидат заверени од лицата што го потпишуваат записникот. | • Приговор, погрешно внесено во записник, неточен или непотполн одраз на постапката. |
Доказни средства | |
Член 208 Забрана за употреба на измама, сугестивни и каприциозни прашања Откако е поучен за правото на молчење и другите права од членот 206 од овој закон, на обвинетиот треба да му се поставуваат прашања јасно, разбирливо и прецизно така што да може наполно да ги разбере. При испитувањето не смее да се поаѓа од претпоставката дека обвинетиот признал нешто што не го признал и не смеат да му се поставуваат прашања во кои веќе е содржано како треба да се одговори на нив. Спрема обвинетиот не смее да се употреби измама за да се дојде до негова изјава или до признание. | • Приговор, двосмислено, нејасно прашање. • Приговор, сугестивно прашање. |
Член 209 Препознавање предмети Предметите што се во врска со кривичното дело или што служат како доказ ќе му се покажат на обвинетиот поради препознавање откако претходно ќе ги опише. Ако овие предмети не може да се донесат, обвинетиот може да се одведе на местото каде што се наоѓаат тие. | • Приговор, не е утврдена автентичноста на доказниот материјал. • Приговор, недостасува доказен основ за доказниот материјал. • Приговор, недостасува доказ за хронолошкото чување на доказниот материјал. |
Член 210 Начин на испитување на обвинетиот (1) По поуката за правата, обвинетиот ќе се праша што има да наведе во своја одбрана. При испитувањето на обвинетиот треба да му се овозможи во непречено излагање да се изјасни за сите околности што го товарат и да ги изнесе сите факти што му служат за одбрана. (2) Обвинетиот се испитува усно. При испитувањето на обвинетиот може да му се дозволи да ги користи своите забелешки. (3) Кога обвинетиот ќе го заврши својот исказ, ќе му се постават прашања доколку е потребно да се пополнат празнините и да се отстранат противречностите или неразбирливоста во неговото излагање. (4) Испитувањето треба да се врши така што ќе се почитува личноста на обвинетиот. (5) Спрема обвинетиот не смеат да се употребат сила, закана или други слични средства (член 249 став (4) од овој закон) за да се дојде до негова изјава или до признание. (6) Обвинетиот може да биде испитан во отсуство на бранител само ако изречно се одрекол од тоа право, а одбраната не е задолжителна или ако во рок од 24 часа од моментот кога е поучен за ова право (член 71 став (2) од овој закон), самиот не обезбеди бранител, освен во случај на задолжителна одбрана. (7) Ако е постапено спротивно на одредбите на ставовите (5) и (6) на овој член, исказот на обвинетиот не може да се користи во постапката. | • Приговор, доказот е недозволен затоа што е спротивен на ставовите 5 и 6. |
Член 213 | |
Лица кои не може да бидат сведоци | |
Не може да биде сведок: | |
1) Лице кое со својот исказ би ја повредило должноста на чување државна или воена тајна, додека надлежниот орган не го ослободи од таа должност. | |
2) Бранител на обвинетиот за она што му го доверил обвинетиот како на свој бранител, освен ако самиот обвинет го бара тоа. | |
3) Лице кое со својот исказ би ја повредило должноста за чување деловна тајна во однос на тоа што го дознало во вршењето на своето занимање (верски исповедник, адвокат и лекар), освен ако е ослободено од таа должност со посебен пропис или написмено, односно со дадена изјава во записник на лицето во чија корист е востановено чувањето тајна, односно со таква изјава на неговиот правен наследник. | • Приговор, не е утврдена компетентноста. • Приговор, се работи за привилегиран материјал. |
4) Малолетно лице кое со оглед на својата возраст и душевна развиеност не е способно да го сфати значењето на своето право дека не мора да сведочи, освен ако самиот обвинет не го бара тоа. | |
5) Лице кое поради својата душевна или телесна болест, односно својата возраст воопшто не е во состојба да сведочи. |
Член 214 Лица ослободени од должноста да сведочат (1) Ослободени од должност да сведочат се: 1) Брачниот и вонбрачниот другар на обвинетиот. 2) Роднините на обвинетиот по крв по права линија, роднините по странична линија, заклучно до трет степен, како и роднините по сватовство, заклучно до вториот степен. 3) Посвоеник и посвоител на обвинетиот. (2) Органот што ја води постапката е должен лицата споменати во ставот (1) на овој член, пред нивното испитување или веднаш штом ќе дознае за нивниот однос спрема обвинетиот, да ги предупреди дека не мора да сведочат. Предупредувањето и одговорот се внесуваат во записникот. (3) Лице кое има основа да ускрати сведочење спрема еден од обвинетите е ослободено од должноста да сведочи и спрема другите обвинети ако неговиот исказ според природата на работите, не може да се ограничи само на другите обвинети. | • Приговор, се работи за привилегиран материјал (семејни/брачни врски). |
Член 215 Последици од повредите на правилата за испитување сведок Ако како сведок е повикано лице кое не може да биде сведок или лице кое не мора да сведочи, а за тоа не е предупредено или изречно не се откажало од тоа право, или ако предупредувањето и откажувањето не се забележани во записникот, или ако е испитан малолетник кој не може да го сфати значењето на правото дека не мора да сведочи, или ако исказот на сведокот е изнуден со сила, со закана или со друго слично забрането средство, врз таквиот исказ на сведокот не може да се заснова судска одлука. | • Приговор, недопуштен доказ. |
58
Член 216 Право на сведокот да не одговара на одредени прашања Xxxxxxxx не е должен да одговара на одделни прашања ако е веројатно дека со тоа би се изложил себеси или својот близок роднина на тежок срам, значителна материјална штета или кривично гонење. | • Приговор, малтретирање на сведокот. • Приговор, прашањето го наведува сведокот на самообвинување. |
Член 217 | • Приговор, угнетувачки прашања. |
Прашања кои не смеат да им се поставуваат на оштетениот и на сведокот Забрането е на оштетениот и на сведокот да им се поставуваат прашања кои се однесуваат на нивниот сексуален живот и сексуалните склоности, политичкото и идеолошкото определување, расното, националното и етничкото потекло, моралните критериуми и други особено лични и семејни околности, освен по исклучок, ако одговорите на таквите прашања се непосредно и очигледно поврзани со потребните разјаснувања на битните обележја на кривичното дело кое е предмет на постапката. | • Приговор, небитни прашања. • Приговор, несоодветни прашања поврзани со угледот. • Приговор, недопуштени прашања за карактерот. • Дури и да се релевантни, можеби би сакале да приговарате бидејќи се прејудицирачки/водат кон предрасуди. |
Член 219 Начин на испитување на сведок | |
(1) Сведоците се испитуваат одделно. Сведокот, по правило, одговорите ги дава усно. (2) Xxxxxxxx претходно ќе се опомене дека е должен да ја зборува вистината и дека не смее ништо да премолчи, а потоа ќе се предупреди дека давањето лажен исказ претставува кривично дело. Сведокот ќе се предупреди и дека не е должен да одговори на прашањата предвидени во член 216 од овој закон и ова предупредување ќе се внесе во записник. (3) Потоа, сведокот ќе се праша за името и презимето, името на таткото, занимањето, престојувалиштето, односно живеалиштето, местото на раѓање, годините на возраста и за неговиот однос со обвинетиот и со оштетениот. Сведокот ќе се предупреди дека е должен органот што ја води постапката да го извести за промената на адресата или на престојувалиштето, односно живеалиштето. (4) При испитување сведок не е дозволено служење со измама ниту поставување такви прашања во кои веќе е содржано како би требало да се одговори. | • Приговор, правилото на одделно испитување е нарушено. • Приговор, сугестивно прашање. • Приговор, недолично однесување на застапникот. |
Член 220 | |
Препознавање лица или предмети од страна на сведокот | |
(1) Ако е потребно да се утврди дали сведокот препознава определено лице или предмет, од него прво ќе се бара да ги опише и да ги наведе знаците по кои се разликуваат, па дури потоа ќе му се покаже лицето заедно со други нему непознати лица кои, по правило, треба да бидат меѓу пет и осум, и чии основни карактеристики се слични со оние што ги опишал, односно со тој предмет, заедно со предмети од ист или сличен вид, по што ќе биде прашан да изјави дали лицето или предметот може да го препознае со сигурност или со определен степен на веројатност и, во случај на потврден одговор, да го покаже препознатото лице, односно предмет. (2) Лицата врз кои се врши препознавање ќе се поучат на правото да повикаат бранител по свој избор, односно ќе им се обезбеди бранител и ќе се одложи препознавањето до доаѓањето на бранителот, но најдоцна во рок од два часа од времето кога е известен бранителот. | Приговори за несоодветно поставен доказен основ. • Приговор, нема доказен основ за доказниот материјал. • Приговор, не е утврдена автентичноста на доказниот материјал. |
(3) Пред донесување наредба за спроведување истражна постапка, препознавањето се врши во присуство на јавниот обвинител на тој начин што лицето кое е предмет на препознавање не може да го види сведокот, ниту пак сведокот може да го види тоа лице пред да пристапи кон препознавањето. | |
Член 237 Должности на вештакот (1) Лицето кое е повикано како вештак е должно да се јави на поканата и да даде свој наод и мислење во рокот определен во наредбата. Рокот определен во наредбата, од оправдани причини, може да се продолжи. (2) Вештакот е должен до органот што го наредил вештачењето од членот 236 став (3) од овој закон, да достави извештај кој содржи: докази што ги прегледал, извршени тестови, наодот и мислењето до кои дошол и сите други релевантни податоци што вештакот смета дека се потребни за праведна и објективна анализа. Вештакот ќе образложи како дошол до определено мислење. | • Приговор, несоодветно сведоштво на вештакот. • Приговор, сведокот не е квалификуван. |
Главна расправа | |
Член 347 Одбивање на предложени докази (1) Претседателот на советот може да ги одбие предложените докази ако: 1) Предлогот се однесува на со закон забранет начин на прибирање докази, на доказ чијашто употреба со закон не е дозволена или на факт којшто според закон не може да се докаже (незаконит предлог). 2) Доказите се нејасни, нецелосни или очигледно се насочени кон значително одолжување на постапката. 3) Фактите што според предлогот би требало да се утврдат не се релевантни за одлучување, односно не постои поврзаност меѓу фактите што треба да се утврдат и решавачките факти или таа поврзаност поради правни причини не може да се установи (неважен предлог). (2) Претседателот на советот може да ги повика страните да дојдат во определен ден во судот за да ги образложат своите предлози, односно приговори во однос на предложените докази. (3) Решението со кое се одбива предлогот за изведување докази, мора да биде образложено. По предлог на страните, советот може да го измени или да го отповика ова решение во подоцнежниот тек на постапката. | • Приговор, доказот е добиен на незаконски начин. • Приговор, доказот/ прашањето е нејасно, неодредено. • Приговор, нерелевантно. • Приговор, неважно. • Приговор, споредно. • Приговор, недозволено повикување на претходни лоши дела. • Приговор, недозволено повикување на поранешна осудуваност. |
Член 379 | |
Воведни говори на страните | |
(1) Главната расправа започнува со воведните говори на страните. Прво зборува тужителот, а потоа бранителот или обвинетиот. (2) Обвинетиот има право да не држи воведен говор. (3) Во своите говори страните може да изнесат кои решавачки факти имаат намера да ги докажуваат, да ги изложат доказите што ќе ги изведуваат и да ги определат правните прашања по коишто ќе расправаат. Во говорите не смеат да се изнесуваат факти за поранешна осудуваност на обвинетиот. (4) Страните во воведниот говор на може да се изјаснуваат за наводите и за понудените докази на спротивната страна. | • Приговор, недозволено аргументирање. • Приговор, факти кои не се во доказите. • Приговор, води кон предрасуди. • Приговор, погрешно цитирање на закон. • Приговор, недозволено повикување на поранешна осудуваност. |
(5) Ако оштетениот или неговиот помошник се присутни, предјавуваат имотноправно барање. | |
(6) Претседателот на судскиот совет може да ги ограничи воведните говори на страните на определено време. |
Член 383 Начини на испитување (1) При изведувањето на доказите е дозволено директно, вкрстено и дополнително испитување. (2) Директното испитување го врши страната која го предложила сведокот, односно вештакот или техничкиот советник. (3) Вкрстеното испитување го врши спротивната страна. (4) Дополнителното испитување повторно го врши страната која го повикува сведокот, односно вештакот и прашањата што се поставуваат при ова испитување се ограничени на прашањата поставени во текот на испитувањето на спротивната страна. (5) По завршувањето на испитувањето на страните, претседателот и членовите на советот може да поставуваат прашања на сведокот, односно на вештакот. | • Приговор, надвор од рамките на директното испитување. |
Член 384 | |
Директно, вкрстено и дополнително испитување сведоци | |
(1) Сведокот го испитува страната која го предложила, во согласност со член 383 став (2) од овој закон. Прашањата за сведокот на спротивната страна се ограничени и се однесуваат на прашањата кои претходно биле поставени во текот на испитувањето на сведокот од страната која го предложила. Прашањата на повторното испитување на сведокот од страната која го предложила се ограничени и се однесуваат само на прашањата поставени во текот на испитувањето на сведокот од спротивната страна. | • Приговор, надвор од рамките на испитувањето. • Приговор, сугестивни прашања. |
(2) Прашањата што наведуваат на одговор не може да се поставуваат во текот на директното испитување, освен во случаите кога има потреба да се појаснат изјавите на сведокот. По правило, прашања кои наведуваат на одговор се дозволени само во текот на вкрстеното испитување. |
63
Член 385 Правила на судот во процесот на изведување докази (1) Претседателот на советот ќе ги контролира начинот и редоследот на испитување на сведоците и на вештаците и изведувањето на доказите, водејќи сметка за ефикасност и економичност на постапката, а по потреба, и за утврдување на вистината. (2) Претседателот на советот по приговор од страните ќе забрани прашање и одговор на прашање кое веќе е поставено ако го оцени како недопуштено или како ирелевантно за предметот. (3) Претседателот на советот ќе одбие изведување доказ за кој смета дека е непотребен и без значење за предметот и за тоа ќе даде кусо образложение. (4) Претседателот на советот по приговор од страните ќе забрани поставување прашања кои во себе содржат и прашање и одговор, освен при вкрстено испитување. (5) Претседателот на советот на предлог на страната што го предложила сведокот ќе одобри вкрстено испитување ако поради исказот што го дава сведокот на главната расправа, повеќе не може да се смета како сведок на страната што го предложила. (6) Претседателот на советот за време на изведувањето на доказите се грижи за достоинството на страните, обвинетиот, сведоците и вештаците. (7) Во текот на целата доказна постапка судот, односно претседателот на советот се грижи за дозволеноста на прашањата, валидноста на одговорите, праведното испитување и оправданоста на приговорите. (8) За приговорите изнесени усно на главната расправа во процесот на испитување на сведоците, вештаците и оштетениот, судијата одлучува веднаш со решение. | (Член кој опфаќа сè.) • Приговор, неважно. • Приговор, ирелевантно. • Приговор, наративно. • Приговор, повторувачко. • Приговор, сугестивни прашања при директно испитување. • Приговор, недостасува квалификација. • Приговор, малтретирање на сведокот. • Приговор, сведокот не одговара. • Приговор, претпоставува факти кои не се во доказите. ✓ Барајте судот да донесе решение! |
Член 387 Испитување на вештак и на технички советник (1) Пред испитување на вештакот, судот ќе го опомене на должноста да го изнесе мислењето на јасен начин и во согласност со правилата на струката, и ќе го предупреди дека дадениот лажен исказ за наодот и за мислењето претставува кривично дело. (2) Вештакот пред испитувањето полага заклетва која гласи: „Се колнам во својата чест дека вештачењето го извршив совесно и според правилата на својата струка и сѐ што ќе изјавам во врска со тоа е точно.“ (3) Ако некоја од страните бара вештото лице да се испита на главната расправа, писмениот наод и мислење ќе бидат прифатени како доказен материјал само ако вештото лице што ги изработило вештиот наод и мислењето дало свој исказ на главната расправа и била дадена можност да биде вкрстено испитан. (4) Одредбите за испитување вештак соодветно ќе се применуваат и за испитување на техничките советници. | • Приговор, сведочење на вештак е дозволено само доколку е дадена можност вештакот да се испита вкрстено. |
Член 388 Исклучок од непосредното изведување на доказите (1) Доколку докажувањето на еден факт се заснова врз забележување од некое лице, тоа лично треба да се испита на главната расправа, освен во случаите кога се испитува заштитен сведок во согласност со член 228 од овој закон. Испитувањето не може да се замени со читање записник од негов претходно даден исказ, ниту со писмена изјава. (2)Исказите на сведоците дадени во истражната постапка и изјавите собрани во рамките на дејствата на одбраната во текот на истражната постапка може да се користат при вкрстено испитување или при побивање изнесени наводи или во одговор на побивање заради оценка на веродостојноста на исказите дадени на главната расправа. (3) Записници за дадени искази на доказното рочиште со одлука на судот може да се изведат како доказ со читање или со репродуцирање. (4) Доколку по започнувањето на главната расправа се појават индиции врз основа на кои може да се заклучи дека сведокот бил изложен на насилство, закана, ветување пари или друга корист за да не сведочи или лажно да сведочи на главната расправа, исказите на сведокот дадени пред јавниот обвинител во претходната постапка со одлука на судот може да се изведат како доказ. (5) По исклучок од ставот (1) на овој член, записници за дадени искази пред јавен обвинител со одлука на судот може да се изведат како доказ со читање или со репродуцирање ако лицето кое го дало исказот починало, душевно заболело или и покрај сите со закон предвидени средства за негово пронаоѓање останало недостапно. | • Приговор, гласини. • Приговор, изјавата на сведокот е недоследна на неговите претходни искази. • Приговор, неправилно дискредитирање. |
65
Член 392 | |
Записници за доказен материјал | |
(1) Материјалните докази како записник за увид, потврда за одземени и за вратени предмети, книги, списи и друго, кои не се повторливи на главната расправа, ќе се внесат во записникот за главната расправа. | • Приговор, треба да се приложи оригиналниот доказ. |
(2) Доказите од ставот (1) на овој член се доставуваат во оригинал. (3) По исклучок од ставот (2) на овој член, може да се користи како доказ и заверен препис или заверена копија. | • Приговор, нема евиденција за хронолошко чување на доказниот материјал. |
(4) Доказниот материјал од ставот (1) на овој член се чита освен ако страните поинаку не се договорат. |
АНЕКС 2
Основни акузаторни начела и вештини
ПОДГОТОВКА НА СЛУЧАЈ – ОПШТ ПРЕГЛЕД
Вовед
Судењето е сличнo на театарска претстава. Тоа е живо, спонтано, како една човечка драма која се игра од страна на емотивни и натпреварувачки актери (сведоци, обвинителство и бранител), пред панел на „непристрасни“ судии кои, како и сите други учесници во оваа човечка драма, не се имуни на недостатоците на својот личен карактер. По гледањето на оваа претстава, судиите ќе донесат одлука во корист на една од спротивставените страни. За време на судењето бранителот во исто време е писател, продуцент, режисер и актер. Иако може да користи различни методи и стилови во обид ефикасно и убедливо да го добие случајот, постои еден принцип што е неповредлив и универзален:
Подготовката пред судењето го спречува слабиот успех во текот на судењето.
Бранителот во улога на драмски писател
Исто како што би се очекувало од драмскиот писател внимателно да работи на заплетот на една драма, со цел да ја оживее централната тема на претставата, и како што би се очекувало од еден режисер во една театарска продукција да ја осмисли сцената и да избере реквизити за создавање амбиент кој ќе има максимално психолошко влијание врз публиката, и како што се очекува актерите да ги вежбаат своите дијалози со цел да дадат беспрекорни и динамични перформанси, така и еден бранител мора да го осмисли судењето, да ги подготви потребните доказни материјали, да ги научи сите детали во случајот, да го извежба секој говор (воведен говор, директно испитување, прашања за вкрстено испитување, правни аргументи, завршен збор итн). Од него не се очекува ништо помалку. Судиите треба да бидат информирани и убедени. Решението за тоа е исцрпна и систематска подготовка.
Подготовка за излагање пред жалбениот совет
Сите случаи не стигнуваат до фаза на судење. Сепак, бидејќи правилната (пред)истражна подготовка бара време, потребно е тимот кој е вклучен во постапката - бранителот, правните асистенти, истражителите - да започнат со процесот на подготовка во најраниот можен момент.
Подготовката за обвинителот започнува во моментот кога тој дознава за случајот, додека за одбраната - кога бранителот за првпат се сретнува со клиентот. Подготовката завршува кога сите жалби се исцрпени. Едноставно кажано, подготовката за судење не е завршена додека не е изречена конечната пресуда.
Секој случај треба да се подготви и да 67
се води со очекување дека ќе биде поднесена жалба. Ништо не треба да се земе здраво за готово. Секој предистражен напор, секоја стратешка и тактичка одлука поврзана со постапката, секое прашање, изјава, фактички или правен аргумент, забелешка или одговор, писмен предлог итн., направени за време на судењето, треба да бидат усогласени и да го водат случајот до жалбениот совет. Како резултат на тоа, во текот на судењето бранителот треба да биде свесен дека тој не се обраќа само на судиите од судскиот совет, туку, исто така, и на судиите од жалбениот совет кои на крај можеби ќе го разгледуваат случајот (списите, записниците и доказните материјали).
Првично разгледување на списите
Првиот чекор на бранителот е темелно да ги разгледа сите достапни документи. Целта е да направи прелиминарна проценка на настаните, како што се опишани од соодветните страни, и да ја одреди улогата што секој сведок ќе ја има во текот на контрадикторната постапка. Разбирањето на достапните факти ќе му помогне на бранителот да идентификува очигледни или потенцијални проблеми кои треба да се опфатат во текот на фазата пред судењето.
Откако добро се запознал со фактите, следен чекор е да изврши објективна ревизија на законот. Од суштинско значење е бранителот да има јасно разбирање на оперативниот закон. Треба да се наведат сите релевантни правни аргументи на одбраната. Во случај на кривично дело, сите елементи на секое обвинение треба да бидат наведени со цел бранителот да има преглед на работите кои обвинителот треба да ги докаже, односно одбраната
помалку важни обвиненија и докази кои би можеле да бидат предложени од која било страна за докажување на нивните позиции. Иако во некоја подоцнежна фаза може да биде потребно да се спроведе обемно правно истражување на суптилни правни точки во спорот, во овој момент целта на бранителот е да има основно разбирање на важечкиот закон пред започнувањето на дискусиите за правни и за фактички прашања.
Откако направиле прелиминарна, фактичка и правна оценка на случајот, обвинителот ќе одлучи дали постојат доволно докази за да се исполнат потребните барања за товарот на докажување при оценката на обвинителниот акт, додека пак бранителот ќе биде подготвен да го дискутира случајот со клиентот и да започне со подготовка на стратегијата за судење.
Теорија на случај
Ниеден случај не може да биде успешно суден без постоење „теорија на случај“. Доколку бранителот нема крајна цел и не ги знае расположливите опции, никогаш нема да стигне таму каде што наумил. Доколку застапникот не може јасно да го објасни случајот и да покаже зошто обвинетиот треба да биде прогласен за виновен (ако е обвинител) или за невин (ако е бранител), тогаш не е соодветно подготвен за судење.
Теоријата на случај не е ништо повеќе од логична убедлива приказна за тоа што се случило од гледна точка на одбраната или на обвинителот. Тоа е „причина“,
„оправдување“ или „објаснување“ за тоа зошто обвинителството или одбраната треба да ја добие постапката. Теоријата на случај треба да биде логички и конзистентно развиена така што по изведувањето на доказите и сведоштвата
68
да ги оспори и да ги дискутира. Треба да
на сите сведоци, судскиот совет треба
се идентификуваат и да се наведат сите
рационално да донесе пресуда во корист на една од страните. На пример, во случај на убиство, обвинителството може да тврди дека доказите покажуваат дека обвинетиот постапил со јасна намера. Одбраната, од друга страна пак, може да тврди и да укаже на тоа дека доказите, кога се гледаат од поинаков агол, покажуваат дека обвинетиот дејствувал во самоодбрана, или дека некој друг е одговорен, или дека постои погрешно идентификување, или лажно обвинување итн.
Секој случај има теорија на случај која треба да биде прикажана јасно, недвосмислено и целосно. За обвинителот, теоријата на случај е содржана во обвинителниот акт и во придружните документи. Врз основа на расположливите докази, обвинителот ќе го искористи своето дискреционо право во одлучувањето кое обвинение ќе биде презентирано при рочиштето за оцена на обвиненителниот акт.
За одбраната, теоријата на случај ќе се појави веднаш откако бранителот имал можност темелно да ги разгледа доказите на обвинителството, да ја спроведе сопствената истрага и да се сретне со клиентот и со сведоците. Со оглед на различните улоги на обвинителството и на одбраната, како и на нивните различни одговорности пропишани со закон, обвинителството, во основа, е ограничено на обвинителниот акт. Сепак, во текот на судењето обвинителството има дискреционо право во одредени ретки околности да го измени обвинението. Последователно, теоријата на случај на одбраната може да се помести или да се промени за да се прилагоди на новите изменети обвиненија. Бранителот, исто така, е ограничен со доказите, но не носи товар на докажување освен ако, на пример, не докажува позитивна одбрана
како што е самоодбраната. Во тој случај, обвинителството треба да докаже дека обвинетиот не постапил во самоодбрана или дека обвинетиот ги пречекорил границите на нужна одбрана. Сепак, одбраната најпрво ќе треба да докаже, преку презентирање докази, дека врз основа на фактите постои разумна можност дека обвинетиот дејствувал во самоодбрана. Доколку обвинителството не достави непобитни докази со кои го докажува спротивното, нема да го исполни товарот на докажување.
За одбраната може да постојат различни теории. Сепак, достапните теории може да се спротивставени и затоа од бранителот се бара да ја избере најубедливата. Исто така, треба да се напомене дека може да постојат алтернативни теории кои меѓусебно не се исклучуваат (по природа не се контрадикторни). Всушност, во зависност од фактите на случајот, бранителот успешно може да докажува повеќе од една теорија. Во секој случај, обврска на бранителот е да ги идентификува потенцијалните теории, да ја избере најубедливата (најверодостојната) пред да ја подготви и да ја презентира таа теорија на случај пред судскиот совет.
Идеи во потрага по теоријата на случај
Откако приложениот материјал е разгледан од тимот вклучен во постапката, бранителот е подготвен да започне со анализа на секој аспект на случајот. Во оваа фаза одбраната ја бара најдобрата можна теорија која ќе го унапреди случајот на обвинетиот, имајќи предвид, се разбира, дека обвинителството го прави истото, односно дека се обидува да ги идентификува можните теории на одбраната и бара начини како да
ги оспори и да ги уништи оние што 69
веројатно се можни. Овој процес, односно разглобување на фактите и важечките закони и чешлање на случајот до корен е познат како изнесување идеи.
Најдобра појдовна точка во процесот на изнесување идеи е законот. Без јасно разбирање на важечкиот закон е невозможно да се проценат фактите. Треба да се започне од основните обвиненија и важечките закони. Наведете ги елементите на секое обвинение од обвинителниот акт и секоја достапна одбрана. Оваа постапка се претвора во листа која помага при оценувањето на достапните факти и при утврдувањето на потребата за поднесоци, истражни задачи, консултации со вештаци итн.
Во текот на сесијата за изнесување идеи може да се наведе и да се анализира секоја можна идеја или теорија која ќе дојде наум.
Најважно од сè е да се земе предвид следново:
• сведочењето на секој можен сведок,
• идентификацијата на доказните прашања (и доколку е потребно, осврнување на нив),
• посета на местото на извршување на кривичното дело,
• испитување на материјалните докази и, ако е потребно, да се организира тестирање,
• наведување можни прелиминарни предлози,
• поставување параметри за некои истражни задачи со наведување краен рок,
• потребата за консултација со вештаци,
• користење демонстративни докази/ визуелни помагала,
• сите други неопходни подготвителни активности кои може да помогнат во
70 оценувањето на случајот.
На секој случај му е потребно исцрпно изнесување идеи. Затоа е многу важно да се има навика на секој случај да му се пристапи методично и темелно.
Ако случајот бара истражни дејства, од клучно значење е секогаш во сесијата за изнесување идеи да се вклучи истражител. Истражителите се одлични критичари. На сесиите за изнесување идеи, задачата на истражителот е да се спротивстави на позициите на бранителот, да му укаже на можните пропусти во можната теорија или теории на случајот и да даде вредни предлози. Со други зборови, истражителот е таму за да дејствува како судија или како спротивставена страна, со што го принудува бранителот логично да ги изнесе аргументите на случајот.
Подготoвка на белешки за судење
По средбата со обвинетиот/оштетената страна и со сведоците, по анализата на приложениот материјал, поднесувањето на првичните поднесоци, испитувањето на случајот, испитувањето на сцената на инцидентот и на физичките докази и по консултациите со истражителите (доколку е потребно), бранителот е спремен да почне да го пишува сценариото за судење. Притоа, треба да биде спремен и да направи нацрт на завршниот збор. Со оглед на тоа што завршниот чин на судењето вклучува аргументирање на фактите во согласност со важечкиот закон, елементите кои треба да се докажат за секое обвинение треба да служат како нацрт. Ова ќе му овозможи на бранителот да идентификува слабости во случајот на спротивната страна и тоа да биде фокусна точка на неговата стратегија.
Во подготовката на белешките за судење е најдобро бранителот да работи наназад, од важечките закони кои ќе ги
употреби во завршниот збор до фактите наведени во воведниот говор. Ова е најбезбеден метод со кој се обезбедува златната нишка - теоријата на случај – да биде вткаена во целосната презентација на судењето. Белешките за судење треба да се подготвени и организирани на таков начин што ќе овозможат лесен пристап до одредени информации. Сите предвидени доказни прашања треба да бидат наведени во белешките заедно со кратки забелешки. Секој потенцијален сведок треба да има своја папка со краток преглед на директното или на вкрстеното испитување кое се планира, резиме на своите претходни изјави, листа на правни прашања кои треба да се постават пред сведокот да сведочи, како што се: недостиг на способност, релевантност, гласини итн. Исто така, во посебна папка треба да се чуваат референци или забелешки од претходно подготвената стратегија на бранителот, на пример, употреба на демонстративни/физички докази, начин на дискредитирање итн.
Добро е да се биде добар, уште подобро е да се има среќа, но нема да сте ниту добри ниту ќе имате среќа ако не сте подготвени.
Крајна цел
Секој случај треба да биде подготвен со очекување дека ќе биде изведен на суд и дека ќе биде поднесена жалба. Бидејќи бранителот се оценува според неговиот успех, односно учинок, секој случај треба да е подготвен со доволен напор и со посветеност.
ЛИСТА ЗА ПРОВЕРКА ПРИ ПОДГОТOВКА НА СЛУЧАЈОТ ЗА СУДЕЊЕ
Дознај ги сите можни факти
• Собери ги сите информации.
• Наведи ги позитивните и негативните факти, како и фактите кои се надеваш дека ќе ги откриеш.
• Разговарај со сведоците.
• Посети го местото на настанот.
• Испитај ги физичките докази.
• Темелно проучи ги дадените искази од сведоците.
Одредени факти, доколку се разгледуваат одделно, може да водат до погрешни заклучоци.
Анализирај ги фактите со изнесување идеи
• На кои факти ќе се потпира обвинителството/одбраната?
• Дали овие факти може да се толкуваат на друг начин (разгледај ја пошироката слика: реалноста)?
• Дали фактите изнесени во сведоштвата на сведоците се: пристрасни, со предрасуди или неверодостојни (гласини)?
• Дали фактите може да се оспорат и, доколку може, како?
• Кои се можните објаснувања за неповолните факти?
• Кои факти не се менуваат (факти кои не може да се оспорат или за кои не може да се даде алтернативно објаснување)?
• Кои можни претпоставки и заклучоци може да се изведат од фактите?
• Како може да се состават фактите за 71
да се утврди недостиг на вина или невиност?
Доколку бранителот не може јасно и концизно да објасни за што станува збор во случајот, тој не ја знае својата теорија на случај.
Внимателно проучи го важечкиот закон
• Проучи го законот кој ќе го користи спротивната страна.
• Наведи ги елементите на секое обвинение.
• Побарај алтернативни/полесни обвиненија предвидени со закон.
• Разгледај ја достапната одбрана (исклучување на кривична одговорност/нужна одбрана, крајна нужда) предвидена со закон.
Наведи ги сите можни законски одбрани
Наведи го секој предвиден напад на секоја можна правна теорија
Одбери ја најдобрата можна теорија на случај
• Користи ја секоја можна комбинација на факти за утврдување вина или недостиг на вина (во зависност од тоа која страна ја застапуваш).
• Барај логички и поволни толкувања, претпоставки и заклучоци кои може да произлезат од фактите.
• Фокусирај се на фактите со тоа што темелно ќе ги анализираш од секој можен агол додека не најдеш разумно објаснување за тоа зошто обвинетиот е виновен или невин
• Развиј еден аргумент за тоа како спротивната страна згрешила со површно гледање на фактите.
• Покажи како, преку потемелно разгледување на фактите, обвинетиот е виновен или невин (во зависност од тоа која страна ја застапуваш).
Бранителот мора да ја идентификува и да ја фокусира својата подготовка на централните прашања. Тој мора да го наведе секој можен факт кој ја поддржува неговата теорија, заедно со сите причини и објаснувања. Освен тоа, треба да ги идентификува очекуваните аргументи на спротивната страна и да подготви контрааргументи за секоја точка на несогласување. На крај, бранителот мора да ја земе предвид и позицијата на судскиот совет и да најде објаснувања за аргументите што може да се истакнат или за прашањата кои може да се постават од страна на судиите.
Одбери тема – доминантна човечка емоција која ќе ја поддржи теоријата на случајот
• Какви чувства сака да пренесе бранителот, на пример, страв, љубов, омраза, шок, осаменост итн.?
• Темата треба да го поддржи факторот
„веројатност“ на теоријата на случајот.
Напад на случајот на спротивната страна
• Барај недоследности во секоја изјава или однесување на сведоците од спротивната страна.
• Дали изјавите на сведоците на спротивната страна се недоследни со физичките докази?
• Наведи ги грешките на спротивната страна во правната анализа или примена на законот.
• Наведи ги пропустите на спротивната
72
(во зависност од тоа која страна ја
страна во истражните дејства.
застапуваш). • Дали постојат недоследности помеѓу
сведоците во поглед на времето/ местото/настанот итн.?
• Испитај ги мотивите на секој сведок
– кои причини го навеле сведокот да даде изјава?
Развиј стратегија
• Кое е значењето на секој сведок за случајот (и за сведоците на одбраната и за сведоците на обвинителството)?
• Кои точки треба да се развијат во текот на директното и на вкрстеното испитување? Бранителот треба да се запраша како секоја точка ја поддржува теоријата на случајот.
• Кxxx x важноста на секој доказ за случајот?
• Кои предлози да бидат поднесени и кога?
• Кои докази ќе бидат претставени во текот на судењето и кои докази треба да се изземат?
• Кои сведоци ќе бидат повикани да сведочат?
• Која е централната точка (централното прашање) на поддршка/напад врз случајот?
Забелешка: Најдобар пристап е да се избере само еднa точка. Бранителот мора да го развие својот аргумент со набројување, по редослед на важноста, на сите предности на неговиот случај против таа точка. За време на судењето бранителот мора да ги фокусира своите напори на оваа и само оваа точка. Бранителот мора да одговори на секој аргумент изнесен од страна на опозицијата додека постојано го насочува вниманието на судскиот совет на централната точка на нападот или на спорот.
Заклучок
За да развие стратегија за судење, бранителот треба да има теорија на случај. Преку изнесување идеи бранителот ќе ја избере најдобрата можна теорија. Најсилната теорија се заснова на едно прашање кое случајот е најмалку способен да го поддржи или да го нападне. Преку настапување со една теорија одржувате континуитет, кредибилитет и интегритет пред судскиот совет. Доколку не постои можност само за една теорија, единствената друга опција е пристапот со повеќе теории. Значителен недостаток на оваа стратегија е тоа што е исклучително тешко, ако не и невозможно, бранителот да го задржи кредибилитетот пред судскиот совет.
Бранителот мора да објасни зошто е потребен сведокот, суштината на неговото сведочење и како тоа ќе му помогне на судскиот совет при одлучувањето. Бранителот мора да предвиди како спротивната страна (и судијата) би го испитале сведокот.
73
ЕФИКАСНА УПОТРЕБА НА ИСТРАЖИТЕЛИ
Запознавање со случајот
За да го употреби ефикасно истражителот, бранителот треба да биде добро запознаен со случајот. Бидејќи истражните ресурси секогаш се ограничени, од суштинско значење е да се даде приоритет на истражните потреби. За да го стори тоа, бранителот треба да биде запознаен со сите документи во списите на случајот и да има генерално чувство за теоријата на случајот. Треба да знае кои се потенцијалните сведоци и нивната улога, да ги разбере слабостите и предностите на случајот и да има претстава кои напори се потребни за да се подготви случајот за судење.
Пред да почне да го разгледува случајот заедно со истражителот, бранителот треба да подготви краток преглед за случајот каде што ќе ги наведе: обвиненијата, фактите, сведоците, можната одбрана, предностите и слабостите на случајот и сите други информации кои може да бидат корисни за истражителот. Подготовката на краток преглед за случајот овозможува полесно концентрирање на прашањата (правни и фактички) кои треба да бидат решени. Овој документ треба да ги содржи очекуваните првични предлози, можните теории на случајот, впечатоците на бранителот за тужителот, клиентот, сведоците, потребата од вештаци, недоследности во документите и општа листа на можни истражни дејства.
Откако е подготвен краток преглед за случајот, бранителот треба да се сретне со истражителот и да договори состанок во врска со случајот. Ако се потребни обемни истражни дејства, треба да се направи препис на дел од досието
74 и да му се стави на располагање на
истражителот. Сепак, во повеќето случаи на истражителот ќе треба да му се обезбедат само неопходните документи потребни за спроведување на истрагата.
Дискутирање на идеи за случајот
Дискутирањето на случајот со истражителот можеби е најважниот аспект од развојот и од подготовката на случајот. Откако истражителот ќе го разгледа краткиот преглед за случајот и некои од селектираните документи, најверојатно тој ќе биде подготвен да ги сподели своето знаење и стручност со бранителот на сесијата на изнесување идеи, давајќи специфични идеи и предлози за случајот. Со разгледување на документите и на теоријата на случајот, истражителот ќе му помогне на бранителот да се сосредоточи на прашањата. Тој ќе ги изнесе своите впечатоци за предностите и за слабостите на случајот, ќе ги наведе истражните задачи по приоритет и, пред сè, ќе дејствува како критичар и ќе го дискутира гледиштето на спротивната страна. И бранителот и истражителот треба да го насочат своето внимание кон конфликтните аспекти на случајот кои треба да се изнесат и да се објаснат пред судскиот совет.
Подредување на задачите по приоритет
На крајот од сесијата за изнесување идеи истражителот треба да има јасно разбирање за очекуваните задачи. Потребно е да се одредат крајни рокови, а доколку истражителот не е во можност успешно да ги заврши задачите по редослед на важност во определениот рок, да го извести бранителот. Сите задачи треба да имаат одредена цел и истражителот треба да биде свесен и да го разбере значењето на секоја задача за теоријата на случајот. Ова му овозможува
на истражителот да постави приоритети во својот распоред. Освен тоа, ако истражителот ги разбира значењето и целта на задачите, може да спроведе и дополнителна истрага без постојано да чека насоки од бранителот.
Како што случајот се доближува до судењето, бранителот редовно треба да се консултира со истражителот за да се осигура дека задачите се завршени: информација за трагите, подготвување на крајните детали итн. Исто така, доколку случајот се движи во поинаква насока од очекуваната или доколку закажаниот датум се променил, бранителот треба да го информира истражителот. Доколку бранителот редовно го информира истражителот, со него може да развие поблиски работни односи и да одбегне многу непријатности.
ВОВЕДЕН ГОВОР
Воведниот говор е важна фаза при судењето поради тоа што е единствената прилика кога бранителот може да ги наведе фактите на начин како што тој сака да се разгледаат. Воведниот говор е краток преглед на фактите (она што ќе го покажат доказите) и на прашањата поврзани со случајот. Тоа не е можност за изнесување аргументи. Напротив, тоа е „приказна“. Преку оваа „приказна“ се истакнуваат предрасудите, погрешните заклучоци и разбирањата на сведоците на спротивната страна. Освен тоа, во воведниот говор фактите треба да се опишани на таков начин што ќе се воспостави цврста теорија на случајот со една тема (доминантна емоција) која ќе му овозможи на судијата да се идентификува со теоријата на случајот.
Во воведниот говор:
- не наведувајте докази кои се недостапни, неверодостојни или недозволени,
- не преземајте непотребен товар на докажување,
- не давајте ветувања кои не може да ги исполните.
Воведниот говор на одбраната може да се изнесе веднаш по воведниот говор на обвинителството или може да се остави за подоцна, откако обвинителството ќе ги презентира сите свои докази. Во секој случај, бранителот секогаш треба внимателно да ги разгледа и добрите и лошите страни на двете можности, односно да го изнесе својот воведен говор веднаш по воведниот говор на обвинителството или да го изнесе откако обвинителството ќе ги презентира сите
свои докази. 75
За да биде воведниот говор ефективен, тој треба да биде убедлива, интересна приказна која има почеток, средина и крај. Треба да има логичка прогресија што ќе води до крајно решавање на случајот. Не постои одредено правило за тоа каде треба да започне приказната и не мора да тече по хронолошки редослед. На пример, приказната може да започне во средината или на крајот на настаните, а потоа да се враќа наназад до местото каде што сè започнало. Бранителот треба да одлучи од каде сака да започне со приказната, на кои факти ќе се фокусира и како приказната ќе се расплетува пред судскиот совет. Се разбира, секој добар воведен говор треба да ги опфати сите критични факти, да го опфати карактерот на страните и на сведоците и да ги подреди доказите во перспектива. Не треба да се дискутира законот туку тој треба да се наведе кога е потребно да се даде контекст на приказната и на теоријата која ќе се развива преку сведочењето на сведоците.
Бранителот треба да ја употреби својата фантазија во структурирање на воведниот говор така што тој да биде убедлив и релевантен. Бранителот треба точно да ги наведе фактите и не треба да го преувеличува својот случај, односно треба да го наведе само она што ќе го покажат доказите. При изготвувањето на воведниот говор бранителот треба да има наум дека завршниот збор, заедно со доказите изнесени пред судскиот совет, секогаш треба да го потврди она што е изнесено во воведниот говор. Затоа завршниот збор треба да биде само одраз на приказната изнесена во воведниот говор. За да се постигне ова, бранителот треба да знае каде сака да оди. Бранителот треба да го знае својот завршен збор уште пред да почне да го
Општа листа за проверка на воведниот говор
• Издржано, содржајно и уверливо резиме на она што доказите НАВИСТИНА ќе го покажат кога фактите ќе добијат можност да оживеат.
• Кратка изјава за природата на случајот.
• Кратка изјава за прашањата во случајот.
• Прифаќање на некои непобитни прашања дефинирани од страна на обвинителството, како и на други кои ќе бидат покренати од страна на одбраната.
• Истакнување на обврската на обвинителството да го носи целиот товар на докажување – на водење на случајот и на убедување.
• Заклучок кој ќе истакне дека по затворањето на доказната постапка застапникот ќе бара судскиот совет да ја донесе единствената можна пресуда: виновен, ако станува збор за обвинителството; или невин, ако станува збор за одбраната.
76
подготвува својот воведен говор.
ДИРЕКТНО ИСПИТУВАЊЕ
Вовед
Директно испитување е кога испрашувачот (обвинителството или бранителот) им поставува прашања на сопствените сведоци. Тоа е метод со кој се истакнува сопствената теорија на случајот преку сопствените сведоци.
Во донесувањето стратешка одлука за тоа дали да се повика одреден сведок, застапникот треба да спореди каков ќе биде неговиот случај со и без сведокот. Кога повикува сведок, застапникот се обидува да изведе доказ од сведокот за да ја спроведе својата теорија на случај. Одлуката на застапникот дали да повика еден сведок или не зависи од предностите и од слабостите на случајот на спротивната страна.
При одлучувањето дали да се повика сведок, застапникот треба да размисли за следново:
• Како случајот е поубедлив (со или без сведок)?
• Дали исказот на сведокот ја поддржува теоријата на случајот?
• Дали сведокот е веродостоен и непристрастен? Имајте наум дека сведокот ќе биде изложен на вкрстено испитување и на дискредитирање.
• Дали исказот на сведокот е потврден од други сведоци или со физички докази?
• Како ќе помине сведокот при вкрстеното испитување?
Подготовка на сведокот за директно испитување
Откако бранителот одлучил да повика сведок, треба да ги подготви точките кои сака да ги истакне за време на судењето
преку тој сведок. Бранителот треба да ги наведе точките по редослед на важност, да ги организира во поглавја или во сегменти на директното испитување и да ги подготви поглавјата на начин што ќе овозможи да добие релевантна и убедлива приказна од сведокот. Се разбира, притоа бранителот треба да го предвиди секое прашање што може да биде поставено при вкрстеното испитување на сведокот од страна на спротивната страна или на судскиот совет, како и предвидените одговори на сведокот на прашањата од вкрстеното испитување. Ова е возможно само доколку бранителот посвети време и енергија заедно со самиот сведок темелно да го дискутираат и да го анализираат неговото сведочење.
Откако бранителот ќе одлучи што сака да утврди преку сведочењето на сведокот, ќе треба да утврди и кој е најефикасниот редослед што ќе го максимизира сведочењето (приказната), а во исто време ќе ја минимизира изложеноста на сведокот на вкрстено испитување. Клучните области на секое директно испитување се кој, што, каде, кога, зошто, како и објасни. Бидејќи сугестивните прашања се забранети во текот на директното испитување, најдобар начин да се насочи сведокот на одредена област е да се користат
„тематски реченици“ или „насловни реченици“ со кои ќе ја воведете темата. На пример: „Ајде да зборуваме за...“ или
„Дозволете ми да го насочам вашето внимание кон...“ Овие преодни реченици се корисни за определување на текот и правецот на приказната при директното испитување. Бранителот треба да го организира директното испитување така што секое поглавје да биде значајно и во одредена мера да се надоврзува на
претходните и на наредните поглавја. 77
Секое поглавје треба да е насочено кон одредена цел (резултат); бранителот треба да знае кои поенти сака да ги постигне со тоа поглавје. Бранителот треба да мисли и на вкрстеното испитување и на сите потенцијални области за дискредитирање. Тој треба да се обиде да ги попречи спротивната страна и судскиот совет со тоа што ќе побара сведокот да ги опише или да ги објасни овие потенцијално штетни области. Кога бранителот ќе заврши со своето директно испитување, не треба да останат неодговорени прашања – да нема прашања што би можеле да ги постават судиите или спротивната страна. Повторно, ова може да се оствари доколку бранителот темелно го знае случајот и доколку има развиено стратегија која има предвид дека секое прашање до секој сведок е поврзано со теоријата и со темата на случајот, со воведниот говор, вкрстеното испитување и завршниот збор.
Откако бранителот ги подготвил директните прашања, треба да седне со сведокот и да го подготви за сведочење. Секогаш е корисно да му се објасни на сведокот што да очекува во судница. На пример, каде ќе седи, како се очекува да изгледа, за кои области се очекува да биде сослушан и вкрстено испитан и која цел има намера да ја постигне бранителот преку сведокот. Колку повеќе сведокот разбира што сака да постигне бранителот, толку помалку судницата ќе му изгледа „мистична“ и така ќе биде подобро подготвен за директно и за вкрстено испитување. Врежете ја врз сведокот важноста добро да ги слуша поставените прашања и потоа да одговори на секое прашање директно, концизно и колку што е можно поискрено. Подгответе го сведокот за вкрстено
пробно вкрстено испитување. Поставете ги сите тешки прашања. Нагласете му ја на сведокот важноста при одговарањето на прашањата да биде целосно точен, без оглед на тоа дали прашањето е поставено во текот на директното или на вкрстеното испитување.
Дополнително испитување
По вкрстеното испитување од страна на обвинителството на сведокот на одбраната, можеби, бранителот ќе сака да спроведе дополнително испитување. Ова се постигнува со поставување последователни прашања и со насочување на сведокот на прашањата поставени во текот на вкрстеното испитување со цел да му се овозможи на сведокот да се осврне на секоја точка истакната при испитувањето спроведено од спротивната страна. Тоа е, исто така, можност повторно да се истакнат областите кои бранителот смета дека се важни за унапредување на теоријата на случајот. Треба да се има наум дека дополнителното испитување е тесно поврзано со вкрстеното испитување и поради тоа бранителот треба добро да внимава на прашањата поставени од страна на спротивната страна. Тоа се специфични прашања поставени во текот на вкрстеното испитување кои бранителот треба да ги адресира во текот на дополнителното испитување. Со внимателно слушање на прашањата поставени во текот на вкрстеното испитување, бранителот треба да ги предвиди аргументите истакнати од спротивната страна и точките на интерес на судскиот совет кои бранителот, на крајот, треба да ги вклучи во завршниот збор. Затоа, дополнителното испитување е можност да се справи со овие области така што повторно ќе го насочи сведокот
78
испитување со тоа што ќе спроведете
на нив, точка по точка. Користете ги
изјавите на сведокот дадени пред
судењето или неговиот исказ во судот и побарајте од него да ги истакне или да ги објасни своите одговори, како и сите други релевантни области истакнати во текот на вкрстеното испитување.
Завршете го дополнителното испитување во позитивна конотација, истакнувајќи ги најсилните точки кои јасно и недвосмислено (колку што е можно) ги унапредуваат теоријата и темата на случајот. Бидете свесни дека е дозволено едно повторно вкрстено испитување за да се побие нешто што е истакнато во текот на дополнителното испитување.
Повикување сведок предложен од спротивната страна
Кога бранителот повикува сведок на спротивната страна да сведочи, обликот на испитување може да биде сугестивен, односно насочувачки (преку вкрстено испитување) доколку сведокот е прогласен за непријателски сведок.
Во теоријата, страната која го повикува сведокот (во овој случај, застапникот на спротивната страна) треба да спроведе директно испитување, а спротивната страна треба да спроведе вкрстено испитување. Во практиката, сепак, директното испитување на непријателски сведок, обично, вклучува сослушување на неволен, пристрастен и бесчувствителен сведок кој не бил подготвен од страна на лицето кое го повикало да сведочи. Околностите се исти како и при вкрстеното испитување и затоа се дозволени сугестивни прашања
– всушност, тие се и посакувани.
По испитувањето на непријателскиот сведок од страна на бранителот,
обвинителството исто така има можност да го испита сведокот. Обликот на испитувањето кое би следело е вкрстено, но бидејќи обвинителството го подготвило тој ист сведок малку е веројатно дека тој ќе биде неволен, пристрастен или непријателски расположен кон обвинителството. Затоа обвинителството не треба да го ограничи своето вкрстено испитување на поставување само сугестивни прашања; ништо не го ограничува обвинителството да постави отворени прашања, односно да спроведе директно испитување со поставување прашања од типот кој, што, кога, каде, зошто, како и објасни.
Во случаи во коишто се вклучени повеќе страни, можеби, ќе треба да бидат земени предвид повеќе околности. Можеби ќе биде потребно да се анализира секое прашање посебно за да се утврди дали постои непријателски однос кон тоа прашање од страна на конкретниот сведок. Обвинетите може да бидат спротивставени во однос на некои прашања, а да имаат заеднички интереси за други прашања. Затоа, судскиот совет вообичаено треба да ги ограничи сугестивните прашања на области каде што има само спротивставени интереси.
Со повикување непријателски сведок, страната која го врши испитувањето има можност да го определи обемот на испитување и на тој начин да одбере кои теми ќе ги истакне. Испрашувачот кој ќе го врши вкрстеното испитување (кое ќе следи) технички е ограничен на обемот на првото испитување, односно ограничен на теми кои се истакнати во текот на испитувањето на непријателскиот сведок. Во реалноста, со оглед дека целта е „да се дознае вистината“, малку е веројатно дека судскиот совет ќе го ограничи оној кој го врши вкрстеното
испитување, па така тој може да го испита 79
сведокот во области кои испрашувачот на непријателскиот сведок намерно ги избегнал. Од тактичка гледна точка, при испитување спротивставен сведок, како и со кој било друг сведок, испрашувачот треба да ги извлече доброто, лошото и грдото од сведокот, ако не од друга причина, тогаш за да го зајакне својот кредибилитет пред судскиот совет кој, на крајот, ќе донесе одлука врз основа на доказите.
Не ризикувајте со повикување на непријателски сведок доколку тоа не е навистина неопходно.
Повикувањето на непријателски сведок треба да се користи многу ретко и тоа со голема претпазливост и контрола. И покрај тоа што застапникот не е „врзан“ за сведочењето на сведокот и може да го дискредитира, тој, од друга страна, го истакнува неговото сведочење во рамките на својот случај. Така, доколку непријателскиот сведок остави добар впечаток врз судскиот совет, а неговото сведоштво не е корисно (или уште полошо, е штетно) за случајот на одбраната, ефектот што го извршил врз судскиот совет може да биде катастрофален за одбраната. Сведокот може и треба да се ограничи со помош на сугестивни прашања, доколку постои соодветна подготовка.
Основни упатства во врска со испитувањето на непријателски сведок
• Застапникот не треба да поставува отворени прашања.
• Не треба да се дозволи непријателскиот сведок да ги одбегнува прашањата.
• Застапникот треба да внимава и да не му дозволи на непријателскиот сведок да дејствува збунето и своеволно да изнесува информации, во случај кога сведокот ги избегнува одговорите.
• Застапникот никогаш не треба да постави прашање на кое самиот не го знае одговорот и со кое не може да го дискредитира сведокот, доколку сведокот одговори спротивно на очекуваниот одговор.
• Застапникот треба да го предвиди вкрстеното испитување и треба да се справи со кои било прашања што ќе бидат истакнати од спротивната страна или од страна на судијата.
• Повикајте непријателски сведок во вашиот случај само ако знаете дека спротивната страна нема да го повика.
80
ВКРСТЕНО ИСПИТУВАЊЕ
Вовед
Целта на вкрстеното испитување сведок е да се изнесат или да се истакнат идеите кои ја унапредуваат теоријата на вашиот случај и во исто време да се намали вредноста или да се ослабат поентите на сведокот истакнати при директното испитување. Ова се постигнува со кратки, фактички, сугестивни прашања (декларативни изјави со акцент на крајот) кои ги предизвикуваат очекуваните одговори, организирани во секвенцијален ред, подготвени со посебен поднаслов за секое поглавје од приказната за вкрстено испитување.
Подготовка
Најдобар начин за подготовка за вкрстено испитување на сведоците е темелно запознавање со фактите на случајот. Бранителот, пред сѐ, треба да го разгледа приложениот материјал, да се запознае со клиентот и со сведоците, а потоа, заедно со другите колеги и истражители, да изнесе идеи во врска со случајот. Бранителот треба да ги прегледа сите расположливи информации, барајќи недоследности и дупки во случајот на спротивната страна. Средбата со клиентот и заедничкото разгледување на фактите, без оглед колку тоа изгледа неважно, може да даде поглед кој би бил корисен при вкрстеното испитување на сведоците. Бранителот на клиентот треба да му постави деликатни, непријатни прашања, особено за да ги дознае неговите видувања во врска со предностите на случајот на обвинителството. Во текот на сесијата за изнесување идеи, бранителот треба да се осврне на сите прашања. Сите области и теории кои ќе дојдат наум треба да се
забележат и да се анализираат. Треба да се разгледа сведочењето на секој можен сведок. Треба да се идентификуваат доказните прашања и ако е потребно да се подготват белешки. Треба да се наведат можните првични предлози. Треба да се постават параметри за кои било истражни задачи. Треба да се испланира посета на местото на инцидентот/злосторството и испитување на физичките докази.
Крајната цел на сесијата за изнесување идеи е да се дестилира општата теорија на случајот во нејзините конкретни фактички предности и слабости. Само преку ваков процес на дестилација може да се анализира значењето на очекуваното сведочење на сведокот за да се утврди како тоа го промовира случајот на обвинителството и/или како влијае врз случајот на одбраната. Слабите врски и недостатоци во случај на бранителот, исто така, треба да се наведат за да се дискутираат со клиентот. На крајот на сесијата, бранителот треба да има општа идеја за неговата теорија на случајот, за слабостите и за потенцијалните проблеми претставени од страна на сведоците.
Откако бранителот се сретнал со клиентот и ја анализирале изјавата на сведокот, како и другите релевантни и приложени материјали, следниот чекор е да се сретне, доколку е тоа можно, со сведокот кој можеби вкрстено ќе го испитува. Целта на состаноците со сведоците е да се подготви вкрстеното испитување, како и можното директно испитување на сведоците на одбраната.
Под претпоставка дека бранителот имал можност да се сретне со сведокот, апсурдно е да се спроведе вкрстено испитување во судница без претходна средба која ќе му помогне да го оцени сведокот и да ја слушне неговата изјава.
Пред да се сретне со сведокот, важно е бранителот да утврди што точно сака да 81
постигне. Треба да се постават целите и параметрите за прашањата да не ги откријат предностите или недостатоците на одбраната. Најдобро е бранителот да направи нацрт на сите прашања кои тој, или неговиот истражител, ќе му ги постави на сведокот. Ова ќе го задржи фокусот на интервјуто.
По средбата со сведокот, бранителот треба да ги разгледа и да ги анализира добиените одговори. Бранителот посебно треба да го анализира основот за согледувањата на сведокот, познавањето на фактите и дадените мислења. Овој вид анализа ќе биде корисен за целите на дискредитацијата. Исто така, ќе му помогне на бранителот при креирањето стратегија за тоа како вкрстено да го испита одредениот сведок. Бранителот треба да обрне посебно внимание на тоа како сведокот одговара на прашањата, прецизноста во изборот на зборови, степенот до кој едно прашање е одговорено и дали има некакви промени во однесувањето за време на некој дел од средбата. Сите овие информации се многу корисни при одлучувањето како бранителот да му пристапи на сведокот на судење. Доколку бранителот не е во можност да се сретне со сведокот, тогаш секоја изјава на сведокот треба да биде темелно прегледана и споредена со изјавите на другите сведоци.
Општ пристап кон вкрстеното испитување
Можеби најлесен начин да се организира едно вкрстено испитување е да се започне од една општа област и да се оди кон специфични области. Ова ќе му овозможи на бранителот да покаже пред сведокот дека има контрола врз фактите. Исто така, бранителот треба да докаже пред судскиот совет дека го има
на судскиот совет да го сфати значењето на областите кои се централна точка на сослушувањето. Преку кратки, сугестивни (насочувачки), фактички прашања, бранителот може да го покаже своето познавање со што, исто така, ќе ја намали веројатноста да изгуби контрола врз сведокот. Во суштина, бранителот разговара со сведокот, но реално вкрстеното испитување треба да биде една изјава или нарација на бранителот при што сведокот само потврдува (да) или негира (не) едно такво „сведоштво“. Оттука, причината зошто се потребни декларативни изјави за време на вкрстеното испитување.
За да се зголеми контролата врз сведокот, секоја област на вкрстеното испитување на бранителот треба да започне со преодна изјава или со наслов, како на пример:
„Господине, го насочувам вашето внимание кон...“ или „Ајде да зборуваме за ова...“ Секое поглавје на вкрстеното испитување треба да има одредена цел која е позната и е во согласност со теоријата и со темата на случајот. Откако една цел е постигната, бранителот треба да се насочи кон следната област на вкрстеното испитување, бидејќи помалку понекогаш значи повеќе.
Од клучно значење е да се има предвид дека целта на вкрстеното испитување на секој сведок е да се извлечат одредени поенти или да се ублажи впечатокот што бил оставен при директното испитување. Вкрстеното испитување не е алатка за да се задоволи нечија интелектуална љубопитност, туку е можност да се развие поглавје во рамките на теоријата на случајот. „Поглавјето“ треба да ги содржи точките кои бранителот сака да ги истакне во текот на вкрстеното испитување и кои тој ќе ги користи за време на својот завршен збор за
82
потребното знаење кое ќе му помогне
поддршка на теоријата на случајот.
Едно нефокусирано, неконтролирано и неограничено вкрстено испитување ќе му овозможи на сведокот не само да ги прикрие своите грешки туку и да му наштети на случајот на бранителот. Затоа, златното правило е: Немојте да бидете алчни. Сѐ што бранителот треба да направи е да ги изнесе своите поенти, да го внесе својот сведок за директно испитување, да посочи алтернативни веродостојни објаснувања и да седне.
Вкрстено испитување исказ на сведок кога сведокот не се појавува на суд
Вкрстено испитување на документи
Обвинетиот има право на конфронтација
- право на вкрстено испитување на секој сведок кој или сведочи или обезбедува изјава против него. Сепак, постојат случаи кога сведокот кој дал изјава или чие сведочење е евидентирано во судот, не е достапен да сведочи на главната расправа. Во зависност од околностите, отсуството на ваков сведок од судењето може да претставува неповолност за одбраната, особено бидејќи на одбраната ѝ е одземена можноста да ја испита валидноста на изјавата на сведокот со вкрстено испитување на сведокот во однос на неговиот мотив, пристрасност, меморија, запазување итн. Исто така, му се одзема можноста на судскиот совет да го испита и да го набљудува однесувањето на сведокот, што за судијата несомнено е критичен фактор при донесувањето одлука за кредибилитетот на сведокот.
Кога изјавата на сведокот е воведена без присуство на сведокот, бранителот секогаш треба да се спротивстави на нејзиното воведување и разгледување освен, се разбира, ако изјавата е во прилог на теоријата на случајот на бранителот. Бранителот треба да му објасни на судот
зошто ваквите изјави се несигурни и како отсуството на сведокот му ја одзема на судот способноста да ја изврши својата должност на спроведување на правдата. Ако бранителот е неуспешен во спречувањето на судскиот совет да ја разгледа изјавата, тој сè уште може да побара дозвола самиот вкрстено да го испита тој документ.
При вкрстено испитување на документ, бранителот треба да го испита исто како што би го испитал вкрстено и сведокот. Тоа значи дека тој треба да има стратегија. Бранителот треба да ја знае целта на вкрстеното испитување, поентите кои сака да ги истакне и како овие поенти се вклопуваат во рамките на теоријата на случајот. Откако бранителот темелно го анализирал документот и ги организирал поентите за вкрстено испитување, тој треба да направи листа на прашања што ќе ги истакнат овие поенти. Бранителот треба да ги подготви своите прашања така што откако ќе истакне една поента, тој треба да премине на следната поента, со преодна изјава, давајќи му на судијата можност да го следи текот на сослушувањето.
При вкрстено испитување на документ, бранителот треба да побара дозвола од судскиот совет за да му ги презентира на судскиот совет прашањата кои тој или судскиот совет би сакале да му ги постават на сведокот доколку би бил достапен за вкрстено испитување.
На пример:
„Господин претседателе (почитуван судија), со ваша дозвола би сакал да имам можност да му го покажам на судскиот совет редоследот на прашања кои јас би му ги поставил на сведокот доколку сведокот сведочеше денес овде пред нас.“
83
Бранителот преку своите прашања треба да ги демонстрира точките кои ја поддржуваат теоријата на случајот на одбраната. На пример, ако тој се обидува да покаже дека описот на сведокот е неточен, преку кратки, фактички прашања (односно декларативни изјави), тој треба да нагласи како далечината, визуелните пречки, условите на осветлување итн., влијаат изјавата на сведокот да е неточна. Со други зборови, прашањата на бранителот и редоследот по кој ги поставува треба да ја раскажат поентата која тој се обидува да ја изнесе.
Откако бранителот завршил со поставување на своите прашања подредени во облик на поглавја и откако ќе ја утврди секоја поента која сака да ја потврди, бранителот уште еднаш треба да повтори пред судскиот совет дека тој е лишен од правото да го испита сведокот. Бранителот треба да тврди дека поентите истакнати преку прашањата ја покажуваат несигурноста или недостатокот во изјавата на сведокот и затоа се бара, во интерес на правдата, таа целосно да се одбие. На крај, бранителот треба да го обнови својот приговор за одбивање на ваквиот доказ за да се внесе во записник.
Заклучок
Подготовката за вкрстено испитување на сведок не треба да биде бесцелна вежба. Тоа не значи дека секогаш кога бранителот вкрстено испитува сведок, тој целосно ќе ја оствари целта. Сепак, ќе се прават помалку грешки доколку бранителот одвои време за да го запознае својот случај. Сесијата на изнесување идеи, консултации со клиентот и со сведоците, идентификување на силните и на слабите страни во случајот на спротивната страна, средба со сведоците на спротивната страна и подготвување за вкрстено
и концизен начин, ќе дадат подобри резултати. Вкрстеното испитување на еден сведок секогаш треба да биде насочено и ориентирано кон една цел.
ДИСКРЕДИТИРАЊЕ
Дискредитирањето е важен дел од вкрстеното испитување. Преку дискредитирањето бранителот се труди да утврди:
• пристрасност
• претходни убедувања
• интерес
• претходни кривични дела
• предрасуди
• недоследност во изјавите
• недостиг на меморија
• несоодветни гледишта
• xxxxxxx опис на настаните
• противречности со исказите на другите сведоци или со материјалните докази
Техниката користена за дискредитирање сведок е идентична со техниката која се користи за вкрстено испитување сведок. Со други зборови, бранителот поставува кратки прашања и секое прашање се однесува на само еден факт (декларативни изјави со акцент) во секвенцијален редослед. Xxxxxxx кој се користи за дискредитација, сепак бара претходно подготвена стратегија. Најефективен начин за дискредитирање е да се користи пристапот со следниве три чекори:
Повторување на кажаното
Со повторување на веќе кажаното, бранителот бара од сведокот да потврди дел од неговото претходно сведочење. Бранителот ќе го користи тој дел од сведочењето на сведокот за да го дискредитира сведокот со негови
84
испитување на еден логичен, доследен
претходни неконзистентни изјави.
Препознавање
Со препознавањето, бранителот ќе бара од сведокот да препознае и да признае некој свој претходен исказ, најчесто даден надвор од судот, пред полиција, обвинител или истражител. Целта на бранителот е, прво, да го натера сведокот да признае дека тој навистина го дал тој исказ. Откако ќе ја постигне таа цел, бранителот треба да ги утврди околностите под кои е даден тој исказ. Ова се нарекува „притегнување на сведокот“. Целта е да се утврди дека:
1) сведокот дал точен и целосен исказ;
2) исказот бил даден при полна свест и дека ќе се користи како вистинит; 3) по давањето на исказот, на сведокот му била дадена можност да го коригира или да го дополни исказот.
Соочување
При соочувањето, бранителот ќе му го покаже претходниот исказ на сведокот. Потоа ќе го насочи сведокот кон посебниот дел од исказот што противречи на неговото сведочење во текот на директното (или вкрстеното) испитување, односно делот поради кој бранителот повторно го повикал сведокот. Со соочување на сведокот со неговиот претходен неконзистентен исказ, бранителот треба да докаже дека сведочењето на сведокот во текот на директното (или вкрстеното) испитување е недоследно, непрецизно и нецелосно во споредба со изјавата која ја дал во услови кога сведокот имал можност да даде искрена, точна и целосна изјава. Целта е да се покаже дека сведокот денес (на судењето) сведочи за важни детали кои не биле вклучени во претходната изјава (дискредитирање поради пропуст) или да се покаже дека претходната изјава е во спротивност со сведочењето на директното (вкрстеното) испитување.
Друга, поинаква цел на дискредитирањето може да биде да се покаже дека оригиналната изјава е неверодостојна и погрешна поради пристрасност и предрасуди. Целта, исто така, може да биде да се покаже дека несоодветното запазување на сведокот и лошата меморија се причини за неконзистентен и неточен опис на настаните и со тоа да се оспори кредибилитетот на сведокот.
Листа за проверка при дискредитирање на сведок
Знај кога не е добро да се дискредитира. Бранителот не само што треба да знае како да поведе постапка за дискредитација, туку треба да знае кога, ако воопшто е потребно, да го дискредитира сведокот. Исто како што сведокот не мора да биде вкрстено испитуван, ако на директното испитување не кажал ништо што извршило негативно влијание врз случајот, бранителот може да одлучи дека иако постојат докази за дискредитација, тоа не мора да се искористи. Повторно, ако сведокот не извршил негативно влијание врз вашиот случај, тој не мора да биде дискредитиран, освен ако има друга оправдана причина. Доколку сведочењето на еден сведок може да се употреби во корист на другата страна, непродуктивно е да се дискредитира тој сведок.
Дискредитирањето бара поставување доказен основ. Во текот на вкрстеното испитување, бранителот треба да го соочи сведокот со претходна неконзистентна изјава која треба да биде конкретна во однос на времето, околностите и содржината со некоја поранешна изјава. Општо земено, на сведокот треба да му биде дадена можност да ја објасни или да ја негира претходната неконзистентна изјава. Соочувањето на сведокот со
неговите сопствени недоследности има 85
далеку поголемо влијание врз судскиот совет отколку воведувањето докази за претходната изјава преку друг сведок.
Дискредитирањето бара претходна подготовка. Кога еден сведок негира дека дал претходна неконзистентна изјава, бранителот треба да биде подготвен специфично и точно да ја докаже недоследноста преку споредни докази.
Задржувањето на прашањата за кои сведокот веќе бил дискредитиран ниту е убедливо ниту, пак, е ефективно. Откако сведокот веќе признал дека дал неконзистентна или на друг начин дискредитирачка изјава, бранителот треба да продолжи со следната точка на вкрстеното испитување под претпоставка дека постои потреба да продолжи со испитувањето. Помалку значи повеќе; повторувањето е досадно и непродуктивно.
Листа за проверка при рехабилитација на сведок
Проценете дали е потребна рехабилитацијата. Едноставно затоа што еден сведок е дискредитиран во текот на вкрстеното испитување, не значи автоматски дека е потребна рехабилитација. Ако дискредитирањето е маргинално или безначајно за клучното прашање изнесено пред судскиот совет, бранителот добро треба да размисли дали да вложува напори за рехабилитирање на сопствениот сведок.
Ограничете го обемот на дополнителното испитување. Како и со секое дополнително испитување, бранителот треба да го ограничи обемот на испитување при обидот да рехабилитира на области за кои на сведокот му е потребна можност
одговори дадени при вкрстеното испитување. Рехабилитацијата преку дополнително испитување не е можност за повторување на сведоштвото дадено при директното испитување.
Нема потреба да се рехабилитира ако сведокот не е ефикасно дискредитиран. Пред да се обиде да рехабилитира сведок, бранителот треба да биде апсолутно сигурен дека сведокот е ефикасно дискредитиран. Обидот да се рехабилитира сведок носи ризик од истакнување на слабостите во сведочењето на сведокот и, всушност, ѝ обезбедува на спротивната страна или на судскиот совет можност вкрстено да го испита или да го сослуша сведокот.
Рехабилитацијата е најефикасна доколку му дозволи на сведокот да ги објасни работите и да ги стави во контекст. Бранителот треба: а) да му даде на сведокот можност да ги објасни околностите кои се однесуваат на дискредитирањето; б) да ги извлече од сведокот фактите во корист на одбраната; в) да му даде на сведокот можност да го стави дискредитирањето во контекст.
Рехабилитација со помош на претходна конзистентна изјава. Кога еден сведок е дискредитиран поради претходна неконзистентна изјава, бранителот, доколку е соодветно, треба да се обиде да го рехабилитира сведокот со некои претходни конзистентни изјави (дадени надвор од судницата). Претходните конзистентни изјави се важни и треба да се земат предвид од страна на судот кога се нудат со цел да се одбијат експлицитни или имплицитни обвиненија за неодамнешни фабрикувања.
86
да објасни или да ги зајакне своите
Заклучок
На крајот треба да се разбере дека дискредитирањето е само еден сегмент од вкрстеното испитување. Подготовката за дискредитација не се разликува од онаа која се бара за вкрстеното испитување на сведоците. Темелната анализа на случајот, познавањето и идентификацијата на точките кои бранителот сака да ги воспостави преку дискредитација и стратегијата за остварување на овие цели се основните елементи за успешна дискредитација на кој било сведок изведен пред суд.
За дискредитирање е потребна среќа:
прилика пресретната со подготвеност.
ИСПИТУВАЊЕ НА ВЕШТАЦИ
Сведокот со посебно знаење, обука или искуство чија цел е да му помогне на судскиот совет да ги разбере доказите или да ги утврди фактите во некое прашање се смета за „вештак“. Пред едно лице да биде овластено за вештак, најпрво треба да ги има потребното знаење и способност за вршење независни стручни проценки и да биде спремен да дава наоди и мислења на рационален, објективен и навремен начин.
Подготовка за директно и за вкрстено испитување на вештак
Како и за другите сведоци, бранителот прецизно треба да се подготви и за испитувањето на вештакот. Сепак, со оглед на природата на сведочењето, бранителот темелно треба да се подготви и треба да биде свесен за недостатоците на директното или на вкрстеното испитување на вештакот.
87
Општо правило е дека вештакот најверојатно има поголемо разбирање за предметот на неговата експертиза. Освен тоа, може да се претпостави дека тој има уште поголемо разбирање за сите нијанси кои може да постојат во рамките на неговата експертиза и како тие се поврзани со сите прашања во случајот за кој ќе сведочи. Затоа е очигледно дека вештакот е вооружен со специфични знаења кои може да бидат корисни или штетни за случајот поради фактот што тој се наоѓа на врвот на кривата на информациите. Сепак, бранителот не треба да прифати здраво за готово дека сведочењето на вештакот, без оглед колку убедливо звучи тоа, не може да се оспори или да се намали неговата вредност било поради слабо директно
испитување или поради катастрофално вкрстено испитување.
Подготовка и спроведување на директно испитување
Вештакот се смета за стручно лице поради неговите специјализирани знаења кои, главно, не им се познати на сведоците, вклучувајќи ги страните во спорот и судијата. Вообичаено, се користат посебни термини кои се збунувачки или нејасни. Предметот може да вклучува различни научни области, комплицирани формули и неразбирливи тестови. Сето ова може да претставува проблем не само за страната која го повикува или го сослушува вештакот туку, исто така, и за судијата, кој во крајна линија, има задача да ги утврди фактите и да изведе заклучоци врз основа на законот. Затоа, страната која го повикува вештакот треба да се подготви на следниов начин:
Станете мини експерт. Научете колку што е можно повеќе за стручната област. Бранителот треба да се сретне со вештакот и да разговара за сите области во рамките на експертизата кои се релевантни за случајот, тргнувајќи од општите кон поспецифичните. Доколку се вршат тестови, бранителот треба да се запознае со методите и причините за тестовите. Треба да се направи список на сите информации/докази кои се видени/ испитани. Треба да се објаснат сите достапни и спротивставени мислења. Треба да се знае сè што е вклучено, без оглед дали е одбиено или прифатено, заедно со придружните причини.
Бидете едноставни и директни. Како и другите сведоци, и вештакот има приказна (или дел од целокупната приказна) која сака да ја каже. Таа треба да биде кажана на едноставен и директен начин. Треба да биде кажана користејќи
88 термини кои би ги употребил обичен
лаик така што дури и необразован човек да може да го следи и да го разбере сведочењето. Доколку се користат некои посебни или научни термини, тие треба да се дефинираат и да се објаснат. Сведочењето (приказната) треба да има почеток - што беше испитувано/ разгледувано и зошто; средина - кои испитувања/тестови беа извршени и зошто; и крај – кои се резултатите и зошто резултатите се значајни за решавање на прашањето пред судскиот совет.
Предвидете го вкрстеното испитување. Едно добро директно испитување треба да го предвиди и последователното вкрстено испитување и треба да покрие некои од прашањата кои најверојатно ќе бидат изнесени од страна на противникот (општо правило за секој сведок). Бранителот треба да побара мислење од својот експерт за слабостите на наодите/сведочењата на вештакот. Можеби постојат ограничувања кои, кога ќе се истакнат, може да имаат негативно влијание врз способноста на вештакот целосно и правично да обезбеди конечно мислење кое нема да биде оспорено. Овие ограничувања може да бидат резултат на лоши истражни дејства, губење докази, доцнење во пронаоѓањето докази итн. Општо земено, таквите ограничувања не се вина на вештакот и, вообичаено, не мора да бидат фатални за крајниот заклучок утврден од страна на вештакот. Сепак, апсурдно е бранителот да избегне да ги спомене овие ограничувања во текот на директното испитување со оглед на тоа што подготвената спротивна страна (или судија) ќе ги истакне во текот на вкрстеното испитување и на тој начин ќе го оспори кредибилитетот на вештакот, а очигледно и кредибилитетот на бранителот.
Подготовка и спроведување на вкрстено испитување
Разглобете го извештајот на вештакот. Освен што треба да стане мини експерт, бранителот внимателно треба да го анализира вештачењето на спротивната страна пред да донесе каква и да било одлука за тоа дали вкрстено да го испита вештакот и до кој степен. Освен ако бранителот поседува соодветни знаења од областа на вештачењето, потребно е да вклучи сопствен експерт со цел да добие помош во дешифрирањето на извештајот на вештакот на спротивната страна. Бранителот треба да го замоли својот експерт да го разгледа целото досие, да испита што е разгледано од страна на вештакот на противникот, каков е квалитетот на информациите што се на располагање, што не е разгледано а требало да биде, кои тестови требало да се направат а не се направени, какви претпоставки би можеле да се направат поради недостиг на докази или едноставно поради невнимание итн. Целта е да се утврди дали вештакот на спротивната страна правилно ги извршил неговите истражувања и дали неговата работа е отежната поради неквалитетна истражна работа или поради компромитирани докази. Ова е релевантно бидејќи стандардот на докажување во одредувањето вина е судот да биде сигурен дека од изведените докази не може да се добие друг заклучок.
Разговарајте со вештакот на спротивната страна. Како и со секој друг сведок, секогаш кога е можно тоа, обвинителот/бранителот треба да вложи труд да го интервјуира вештакот на спротивната страна. Се разбира, пред интервјуирање на вештакот, бранителот/ обвинителот треба да побара помош од својот експерт при подготвувањето на
прашањата. Ништо не треба да се земе здраво за готово. Разговорот треба да се спроведе како едно добро директно испитување, односно бранителот треба да поставува прашања од видот кој, што, каде, кога, зошто, како и објасни со цел да добие информации. Особено е важно да се постават детални прашања за искуството на вештакот, неговото професионално искуство, претходни случаи на кои работел/сведочел, стручно усовршување итн. Доколку е возможно, интервјуто треба да се снима. Ова е важно за да може да се притесни вештакот доколку на судењето сведочи поинаку. На вештакот треба да му се даде копија од снимениот разговор.
Испитувањето на вештаците, без разлика дали директно или вкрстено, е вештина што се
стекнува. Бранителот е ограничен само од своите заложби за знаење, подготовка и досетливост.
Разглобете го разговорот при подготовката за вкрстено испитување. По интервјуто, бранителот повторно треба да се консултира со својот експерт за да види дали има каков било материјал кој може да биде корисен за вкрстеното испитување. Доколку нешто може да се употреби при вкрстеното испитување или за да се дискредитира вештакот или за да се намали неговото влијание врз судењето, бранителот треба да го замоли својот експерт да му помогне во изготвувањето на серија прашања (со очекуваните одговори).
Подгответе го вкрстеното испитување почнувајќи од општо кон специфично. При вкрстеното испитување на вештакот, најдобро е да се започне со извлекување
на евентуалните грешки направени од 89
други, на пример, во собирањето докази, или со какви било ограничувања кои вештакот ги имал, но не по негова вина. Оваа област на вкрстеното испитување не е опасна и поради тоа поверојатно е дека вештакот ќе биде поспремен да соработува и посклон да ја префрли вината на другите. Со следната област треба да се извлечат евентуални пропусти направени од страна на вештакот. Не е невообичаено еден вештак да го ограничи опсегот на својата работа поради претпоставки, недостаток на знаење, мрзливост итн. Главната цел е да се покаже дека мислењето на вештакот може да биде неверодостојно.
90
ЛИСТА ЗА ПРОВЕРКА ЗА ДИРЕКТНО, ВКРСТЕНО И ДОПОЛНИТЕЛНО ИСПИТУВАЊЕ
За време на судењето судскиот совет треба да има разумна контрола врз начинот и редоследот на испитувањето на сведоците. При спроведувањето на своите овластувања, судскиот совет може да забрани одредено прашање или да одбие одговор на поставено прашање доколку утврди дека не е важно или дека не е потребно за случајот.
Од суштинско значење е да се знае основното, а тоа е способноста да се испита и да се спротивстави на испитувањето на сведоците во странечка постапка.
Основни упатства за спроведување на директно, вкрстено или дополнително испитување
• Целта на секое испитување на сведок е да се добие одредена информација.
• Основниот начин на директното испитување е наративен, во вид на дијалог, додека на вкрстеното испитување е испрашувачки дијалог.
• Сведокот веројатно е несигурен. Се наоѓа во непозната средина и се очекува да работи во непознати околности.
• Прашањата, при директното или вкрстеното испитување, треба да се кратки и разбирливи за сведокот и за судијата бидејќи:
o при директното испитување, несигурноста и загриженоста на сведокот ќе се зголемат ако не го разбира прашањето,
o при вкрстеното испитување, сложените или дискутабилните прашања му даваат можност на сведокот да го избегне испитувачот,
o важно е судијата да го разбира прашањето за да може во разумна мера да го следи текот на испитувањето.
• Како општ предлог, бранителот може да не го води директното испитување, освен во врска со прелиминарните работи или за да го освежи сеќавањето на сведокот. И двата исклучока спаѓаат во доменот на одлучувањето на судскиот совет.
• Во текот на директното испитување, поставувањето сугестивни прашања и добивањето површни одговори не е ниту информативно ниту убедливо.
• Во текот на директното испитување, бранителот треба:
o да го замоли сведокот да се претстави,
o да објасни кое е местото на сведокот во случајот и да постави прашања од видот кој, што, каде, кога, зошто, како и објасни за да ја добие информацијата која ја има сведокот.
• Повторувањето не е убедливо и треба да се избегнува.
• Во текот на вкрстеното испитување, бранителот треба да го води сведокот. Многу е важно да го држи сведокот под контрола во текот на вкрстеното испитување.
• Доколку бранителот знае дека вкрстеното испитување ќе изнесе неповолни информации, тој треба да ги изнесе за време на директното испитување. Како општо правило, секогаш е најдобро да се изнесат сите неповолни информации во текот на директното испитување за да не се остави впечаток дека тоа се избегнува и за да му се овозможи на сведокот
да ги објасни своите одговори.
• Бранителот не треба да спроведе вкрстено испитување што не постигнува ништо друго освен што му дава можност на сведокот да го повтори своето сведоштво дадено при директното испитување.
• Бранителот треба да ги слуша одговорите на сведокот, а не додека сведокот одговара да размислува за следното прашање.
• Приговорите за одредено прашање треба да се дадат пред да се даде одговорот. Доколку прашањето открива дека бараниот одговор ќе биде ирелевантен и со предрасуди, приговорот треба да се даде веднаш откако е поставено прашањето од страна на спротивната страна. Основите за приговорот треба да се наведени во кратки и конкретни црти. Доколку прашањето не ја открива потенцијалната ирелевантност на одговорот, но одговорот е ирелевантен, брзо треба да се поднесе барање одговорот да биде игнориран и да се даде причината за тоа во кратки и конкретни црти.
• Бранителот треба да приговори на одговорите кои се бесчувствителни или кои содржат непристојни работи. Испитувачот има право не само да се спротивстави туку и да побара судскиот совет да го насочи сведокот да слуша и да одговара на прашањата. Доколку се прифати приговорот за формулирање на прашањето, бранителот треба да го парафразира прашањето. Приговорите за формата на прашањето се јавуваат кога прашањето е сугестивно во текот на директното испитување, од сведокот се бара да шпекулира, прашањето е во хипотетички облик или, пак, претпоставува факти кои не се во
доказите. 91
• Доколку се прифати приговор за содржината на одговорот (на пример, релевантност, гласини итн.), за разлика од оние дадени за формата на прашањето (пресудено во корист на страната која го поднесува приговорот), тогаш бранителот треба да ја разгледа потребата за „понуда на доказ“. Понудата на доказ е барање во записникот да се внесе информацијата за која е даден приговорот, со цел жалбениот совет да има целосна можност да утврди дали судскиот совет погрешил при отфрлањето на понудениот доказ.
ПРАКТИКА КАЈ ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПИСМЕНА
Целите на поднесување писмена се:
• Да се добијат информации во текот на доказното рочиште.
• Да се има записник од сведочењето на сведокот што ќе овозможи бранителот поефикасно да го испита сведокот во текот на судењето.
• Да се создаде можност за недоследности – колку повеќе информации добива бранителот од сведокот, толку е поверојатно дека сведокот ќе згреши или ќе ги прецени настаните.
• Да се зајакне случајот и да се поддржи теоријата на случајот. На пример, обвинетиот е невин бидејќи дадената изјава е лажна поради бруталност на полицијата итн.
• Да се влијае на казната.
Како да се одлучи кои писмена да се поднесат
Бранителот, пред сѐ, треба да ја знае својата теорија на случај и да има развиено стратегија за судењето пред да одлучи кои писмена да ги поднесе. Стратегијата за судењето треба да содржи:
• теорија на случај,
• знаење како да се справи со доказите на спротивната страна,
• знаење за доказите кои застапникот планира да ги користи при судењето.
Забелешка: Писмената кои ќе ги поднесе бранителот треба да се во согласност со теоријата на случај и со стратегијата на судењето; тие недвосмислено треба да ги поддржуваат теоријата и стратегијата.
Што треба да содржи едно писмено?
Три К: Кажете им што ќе им кажете. Кажете им го тоа. Кажете им што им кажавте.
Наслов Име на случајот, Наслов на предлогот, на пример: Предлог за оспорување изјава.
Вовед Краток пасус во кој е наведено што бара бранителот од судот и зошто го бара тоа. Треба да е едноставен, краток и директен.
Факти Еден краток осврт на релевантните факти кои се однесуваат на предлогот. На пример, ако бранителот се обидува да оспори одредена изјава, релевантните факти се однесуваат на она што се случило откако обвинетиот бил притворен, односно уапсен.
92
Закон Наведете ги законските
членови, правилата и
соодветната судска практика. Кратко образложете ги елементите.
Аргумент Поврзете ги фактите со законот. Бранителот треба да покаже како бараниот исход е во согласност со законот.
Заклучок Бранителот треба да му каже на судијата што е тоа што тој го бара. Треба да биде наведено во краток пасус.
Пример:
„Фактите покажуваат дека обвинетиот Н.Н. бил испрашуван од страна на ОТП без присуство на бранител, дури и откако обвинетиот Н.Н. изрично побарал да се консултира и да добие помош од својот бранител. Во согласност
со член 63 (А) и член 92, ваквото однесување на ОТП е недозволено и спротивно на законот. Затоа, изјавата на обвинетиот Н.Н. која била изнудена на начин што е забранет со Деловникот за работа на судот, треба да се укине и воопшто не треба да се разгледува од страна на судскиот совет“
ЗАВРШЕН ЗБОР
Краток осврт
Завршниот збор е последната можност бранителот да го претстави својот став пред судскиот совет: да демонстрира преку факти, заклучоци и правни толкувања дека може да се извлечат поинакви заклучоци од оние предложени од спротивната страна и да побара судскиот совет да ја донесе посакуваната пресуда.
За да биде завршниот збор ефективен, треба да има почеток, средина и крај. Треба да биде фокусиран и добро организиран. Бидејќи се изнесува пред судија (или панел на судии), тој треба да биде краток и јасен. Секое прашање треба да биде идентификувано и анализирано со примена на законот врз фактите. Сите прашања за кои судскиот совет е заинтересиран (РЕАЛНОСТА) треба да се разгледаат и убедливо да се изнесат.
Најдобар начин да се изнесе завршниот збор е веднаш да се премине на прашањата. Бранителот треба да го истакне она што е спорно, односно она што судскиот совет треба да го земе предвид при пресудувањето. Со фокусирање на релевантните прашања, бранителот е во можност да се осврне на нив по правилен редослед.
Следниот чекор за бранителот е со набројување на сите елементи од секоја точка од обвинението да го насочи судијата кон законот кој треба да го земе предвид и да го примени. Бранителот треба убедливо и објективно да ги наведе елементите на обвинението. Откако тоа е направено, бранителот е подготвен да започне со аргументирање, точка по точка, елемент по елемент. Овој метод
ќе му овозможи на бранителот да остане 93
организиран, а судскиот совет да го следи без напор.
Точките кои ќе ги презентира треба да се подредени по најубедлив редослед. Најдобрата можна точка (централното прашање) треба да биде во јадрото на аргументот. Сите други точки треба да бидат посебно третирани како поглавја на завршниот збор/приказната. Треба да се наведе секој доказ кој логично се однесува/е поврзан со точката која се аргументира. Бранителот треба да покаже како доказите ги поддржуваат соодветните точки, имајќи предвид дека секоја точка е внатрешно поврзана со целокупната теорија на случајот.
Откако бранителот завршил со една точка, не треба повторно да се враќа назад за да ја аргументира. Крајната цел е да покаже како сите овие точки заедно ја докажуваат теоријата на случајот.
Кога бранителот го привршува својот завршен збор, треба да го заврши во најповолниот момент и силно што, секако, значи дека треба да го знае својот крај за да не талка бесцелно во круг.
Во изнесувањето на завршниот збор бранителот треба да биде убедлив и искрен. Бранителот јасно треба да ја покаже својата увереност во невиноста на својот клиент. Бранителот ќе биде најубедлив ако користи модулација во својот глас, на пример, високо, ниско, брзо, бавно, пауза итн. Пред сè, бранителот не треба да му држи предавање на судскиот совет. Наместо тоа, тој треба да зборува со разговорен тон, повикувајќи ги судиите преку реторички искази да резонираат заедно. Треба да се избегнуваат лични напади врз спротивната страна колку и да изгледаат привлечни.
94
Преку логика, страст и контрола врз фактите, прашањата и законот, бранителот ќе ја покаже својата увереност во невиноста на својот клиент. Бранителот треба да го насочи вниманието на судскиот совет преку резонирање, здрав разум и почит кон предностите
на одбраната и кон слабостите во случајот на обвинителството, но не со помош на неискреност и ласкање.
Еден добар завршен збор е флексибилен. Бранителот треба да го презентира својот однапред подготвен краток преглед на точките (под претпоставка дека тој успешно ги презентирал доказите пред судскиот совет), а потоа да се осврне на секој аргумент кој спротивната страна го има направено во текот на судењето или во завршниот збор. За да биде во состојба да го направи тоа, бранителот внимателно треба да следи и да запишува одредени аргументи дадени од спротивната страна. Доколку бранителот добро го анализирал случајот, тој ќе биде во можност да ги предвиди сите можни контрааргументи. Ништо слушнато од спротивната страна не треба да дојде како изненадување.
Заклучок
Доколку бранителот не е во можност да ги предвиди како целина заклучните аргументи на обвинителството уште на почетокот на својот случај, тој не е целосно подготвен за судење. Бранителот секогаш треба да покаже почит кон обвинителството и кон судиите. Со викање, „забивање нокти“ на судиите или неформално, самоволно или арогантно однесување негативно може да влијае врз завршниот збор, без оглед на силината на доказите или на елоквентностa на аргументот.