Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Посебни услови за осигурување животни
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 25.12.2006 година и со одлука бр.23/06-2 се применуваат од денот на донесувањето.
Посебни услови за осигурување животни за време на издржување на карантин
Член 1
Предмет на осигурување
Предмет на осигурување по овие посебни услови можат да бидат: копитари, говеда ,овци, свињи, егзотични животни и дивеч за време на престој во карантин во кој се наоѓат под специјален режим пропишан од овластена ветеринарна служба.
Член 2
Осигурани опасности
Осигурувачот е во обврска да плати надомест од осигурување за штети настанати поради пцовисување, принудно колење или принудно отепување на осигурените животни поради болест или несреќен случај, од истите ризици предвидени во општите услови за осигурување животни.
Член 3
Почеток и престанок на обврската на осигурувачот
(1) Обврската на осигурувачот почнува од часот кога престанува транспортното осигурување односно од моментот на сместување на животните во карантин и трае до договореното време додека се наоѓат во карантин.
(2) Кај ова осигурување не се применуват одредбите за каренца.
(3) Обврската на осигурувачот престанува во 24 часот од последниот ден од неговото траење, или порано во моментот кога животното ќе го напушти карантинот.
Член 4
Заштитни мерки
Додека трае карантинот, осигуреникот е должен на осигурените животни да ги изврши сите потребни и пропишани ветеринарно санитарни мерки на свој трошок, доколку не е поинаку договорено.
Член 5
Примена на општите услови за осигурување животни
На осигурувањата склучени по овие посебни услови, доколку не се спротивни на нив, се применуваат и општите услови за осигурување животни.
Посебни услови за осигурување на животни од опасности кастрација и овариотомија
Член 1
Предмет на осигурување
Предмет на осигурување по овие посебни услови се: пастуви, магариња, маски, мули, бикови, јарци, нерези и прасици.
Член2
Осигурени опасности
Осигурувачот е во обврска да плати надоместок од осигурување за штети настанати на осигурените животни при пцовисување, принудно колење или отепување поради болест или несреќен случај како непосредна последица на извршената кастрација- овариотомија оли соборување на животното при самата кастрација.
Член 3
Почеток и престанок на обврскста на осигурувачот
(1) Обврската на осигурувачот да плати надомест од осигурување за штети од кастрација или овариотомија почнува од оној ден кој во договорот за осигурување е наведен како почеток на осигурувањето, односно од моментот на пристап на соборување на животното поради извршување на кастрацијата или овариотомијата, ако премијата е платена, и важи триесет дена по извршента кастрација или овариотомија.
(2) Кај оваа осигурување не се применуваат одредбите за каренца.
Член 4
Пријавување и утврдување на штети и надоместок од
осигурување
Ако во текот на траење на осигурувањето се појават последици од извршената кастрација-овариотомија, обврската на осигурувачот за надоместок поради тие последици продолжува и понатаму, под услов, осигуреникот веднаш или додека трае осигурувањето да го пријави случајот на осигуреникот и ветеринарот поради лекување.
Лекувањето на болните животни паѓа на товар на осигуреникот доколку поинаку не е договорено.
Со неизвршувањето на оваа пријава осигуруникот го губи правото на надомест на штета настаната при кастрација- овариотомија по истек на осигурувањето од 30 дена.
Осигурувањето е во важност само тогаш ако кастрацијата-овариотомијата ја изврши дипломиран ветеринарен лекар или овластено лице за вршење на кастрација.
Член 5
Примена на општите услови за осигурување животни
На осигурувањата склучени по овие посебни услови, доколку не се спротивни на нив, се применуваат и општите услови за осигурување животни.
Посебни услови за осигурување на животни на изложби
Член 1
Предмет на осигурување и осигурани опасности
Предмет на осигурување по овие посебни услови можат да бидат : копитари, говеда, овци, свињи, кокошки, зајаци, кучиња, мачки, птици, риби и други животни на изложби, од штети што можат да настанат поради пцовисување, присилно колење и отепување поради болест или несреќен случај.
Член 2
Услови за склучување на осигурување
(1) Сите изложени чивотни од ист вид задолжително се осигуруваат доколку ги исполнуваат условите за прием во осигурување.
(2) Доколку на влезот во изложбениот простор се утврди дека оделни животни се исцрпени, во слаба кондиција, болни или се сомнева на некоја заразна болест, таквите грла не можат да бидат предмет на осигурување.
Член 3
Сума на осигурување
Сумата на осигурување се договара со осигуреникот односно договарачот на осигурувањето за групи или поедини животни во висина на нивната вистинска вредност утврдена од стручна комисија.
Член 4
Траење на осигурувањето и надомест од осигурување
(1) Обврската на осигуруачот да плати надомест од осигурување почнува од денот на пристигнување на животното на изложбениот простор и трае се додека животното не го напушти , но најдолго до 24 часот од следниот ден по службеното затварање на изложбата, доколку дотогаш животното не го напуштило изложениот простор.
(2) Во случај на заболување на животното во времето додека трае изложбата, осигуреникот заболувањето треба веднаш да го пријави кај осигурувачот и ветеринарниот лекар. Обврската на осигурувачот тогаш се продолжува и по затворање на изложбата до оздравувањето или настанување на осигуран лучај од пријавената болест, но најмногу до 30 дена.
Трошоците за лекување и сл. се на товар на осигуреникот доколку поинаку не е договорено.
(3) Кај оваа осигурување не се применуваат одредбите за каренца на општите услови за осигурување на животни.
(4) Осигурувачот е обврзан да плати надомест за штета која се пресметува врз основа на сумата на осигурување како вистинска вредност на
животното.
Член 5
(2) Сите млади животни од родот мачки пред приемот во осигурување мора да бидат вакцинирани против леукопенија.
Примена на општите услови за осигурување животни
На осигурувањата склучени по овие посебни услови, доколку не се спротивни на нив, се применуваат и општите услови за осигурување животни.
Посебни услови за осигурување на егзотични животни во зоолошки градини и надвор од нив
Член 1
Предмет на осигурување
(1) Предмет на осигурување по овие посебни услови можат да бидат здрави цицачи, влекачи, птици во зоолошки градини и други украсни, егзотични и диви животни надвор од зоолошките градини во заграден или затворен простор и тоа:
1. Животни од 6 месеци до староста која за соодветните животни важи како просек на времето кое можат да го поминат во заграден или затворен простор;
2. Европски егзотични животни, ако во соодветната зоолошка градина поминале најмалку еден месец т.е. новодонесени по издржаниот карантин.
3. Воневропски егзотични животни ако во зоолошката градина поминале најмалку два месеца, т.е. новодонесени по издржаниот карантин.
(2) Не можат да се осигурат животни со незнатна големина и вредност.
Член 2
Опасности опфатени со осигурување
Осигурувачот е во обврска да плати надомест од осигурување за штети при пцовисување, принудни колење или отепување поради болест или несрекен случај.
Член 3
Опасности кои не се опфатени со осигурување
(1) Осигурувачот не е во обврска да плати надомест за штети настанати поради:
1. Лигавка и шап, свинска чума, туберкулоза, бруцелоза, инфективна анемија, леукоза и други болести кои се сузбиват врз основа на закон, па и во случај ако тие болести се установени само со клинички преглед;
2. Потребата за принудно отепување на животните поради напуштање на своето постојано живеалиште и
3. Потребата за принудно колење или отепување на животните или шкартирање поради губење на убавина, приплодна способност или атрактивна вредност.
Член 4
Услови за осигурување
Можат да се осигурат животните во зоолошки и вон зоолошки градини наведени ви член 1 во кои постојат соодветни услови за чување на такви животни и ги исполнуваат следните услови:
1. Да има соодветна локација и соодветно сместување кои одговарат на зоохигиенските и зоотехничките услови за соодветните видови животни;
2. Да има соодветни стручни лица за хранење, нега и постапка со животните;
3. Да има постојана или хонорарна ветеринарна служба поврзана за едно стручно одговорно лице.
Член 5
Сума на осигурување
Животните се осигуруват на износ кој се договара со осигуреникот (сума на осигурување).
Член 6
Обврска на осигуреникот
(1) Покрај обврските на осигуреникот предвидени со општите услови за осигурување на животни во поглед на оигурителниот однос и придржувањето на заштитните мерки, осигуруникот е должен да води евиденција за осигурените животни од која мже да се утврди потеклото, староста и времето поминато во затворен простор за секое одделно животно.
(3) Осигуреникот е должен да ги спроведува сите заштитни мерки на животните за кои постои обврска според ветеринарно-санитарните прописи, со закон пропишаните мерки за сузбивање на заразни и паразитарни болести, како и останатите ветеринарносанитарни и сточарски прописи и наредби.
(4) Во случај на потреба осигурувачот може да бара како за одделните видови, така и за одделни животни, при прием во осигурување и во текот на неговото траење заштитно вакцинирање.
Член 7
Почеток на обврската на осигурувачот
(1) Обврската на осигурувачот да плати надоместок од осигурување за штети настанати поради несреќен случај почнува по 48 часа од денот кога осигурувањето е склучено.
(2) Обврската на осигурувачот да плати надомест за штети настанати поради болест почнува:
1. За животни од европско потекло или подновени во соодветната зоолошка градина во 24 часот на 21от ден од денот на склучувањето на осигурувањето;
2. За животни од воневропско потекло, а кои не се подновени во таа зоолошка градина во 24 часот од 30от ден од денот на склучувањето на осигурувањето.
Член 8
Пресметување на надоместок од осигурување Пресметувањето и утврдувањето на надоместокот се врши по општите услови за осигурување животни.
Висината на надоместокот се исплатува до висина на сумата на осигурување намалена за вредноста на искористувањето.
Член 9
Примена на општите услови за осигурување животни
На осигурувањата склучени по овие посебни услови, доколку не се спротивни на нив, се применуваат и општите услови за осигурување животни.
Посебни услови за осигурување на птици-кокошки
Член 1
Предмет на осигурување
(1) Предмет на осигурување по овие посебни услови можат да бидат здрави кокошки кои се во посебен технолошки процес на производство и тоа:
1. Пилиња при гоење-бројлери во старост од 1 ден до завршувањето на гоењето, а најповеке до 60 дена.
2. Подмладок (јарки и петлиња) во старост од 1 ден до завршување на одгледувањето а најповеке до 6 месеци.
3. Кокошки носилки и петли во старост од 5 односно 6 месеци до 17 односно 18 месеци.
(2) Осигуреникот е должен да ги осигура сите кокошки ( пилиња, подмладок, носилки и петли) кои се способни за осигурување.
(3) Објектите за производство морат да имат агрегат за електрична струја како и систем за вентилација во исправна состојба кое со записник се констатира од страна на дипломиран електро-инжинер, пред да се примат кокошките во осигурување.
(4) Не можат да се осигурат кокошки кои се одгледуваат на екстензивен начин.
Член 2
Опасности (ризици) опфатени со осигурување
(1) Со осигурување се опфатени опасностите- ризиците угинување на кокошките поради болест или несрекен случај освен опасностите наведени во член 3 од овие услови.
1. Како несрекен случај се смета ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан кој делува од надвор на осигурените животни и има за последица заболување, лекување, принудно колење, принудно отепување
или пцовисување, а наведен е во општите услови за осигурување на животни во член 2 .
2. Од болестите се опфатени сите вирусни, бактериолошки и габични заболувања, за кои во случај на штета во законот или со посебните правилници нема предвиден надомест од буџетските средства.
(2) Осигурувањето не го покрива износот на штети од овие ризици кој е во висина на договорената технолошка смртност евидентирана во полисата.
Член 3
Опасности ( ризици) кои не се опфатени со осигурување
(1) Со осигурување не се опфатени штети кои ќе настанат поради:
1. Земјотрес, нуклеарна експлозија, радиоактивна контаминација, пожар угинување и труење со чад.
2. Неправилна и недоволна исхрана или исхрана со штетна храна настаната по вина на осигуреникот.
3. Неспроведување и непридржување на утврдениот технолошки процес, пропишаните превентивни мерки и зоохигиенскиот минимум.
4. Неблаговремено лекување.
5. Колење или отепување по налог на надлежен орган за сузбивање на заразни, паразитарни или одгледни болести.
6. Селекција поради производни особини или физички изглед.
7. Колење или отепување од страна на осигуреникот без претходна согласност на осигуреникот.
8. Транспорт.
Член 4
Сума на осигурување
(1) Сумата на осигурување се утврдува спогодбено со осигуренокот и тоа:
1. За пилиња во гоење-бројлери, на вредноста што ке ја имат на крајот на гоењето.
2. За подмладокот на вредноста што ке ја имат на крајот на одгледувањето, односно пред нивно преведување во категорија носилки.
3. За носилки и петли врз основа на просечната вредност на грлата, која е еднаква на аритметичката средина на вредностите од сите 12 месеци со примена на пропишаната амортизација од 6% месечно. Сумата на осигурување се добива врз основа на посебно изработена табела за вредноста на несилките или петлите по месеци. Табелата се изработува на следниот начин: појдовна основа е вредноста на 18 неделна јарка. Од оваа вредност се одзема за секој месец освен за првиот по 6% од основната вредност на име амортизација. После 12 месеци (колку што изнесува технолошкиот период на експлоатацијана носилките) вкупната амортизација е 66%. Како кланична вредност на носилките останува 34% (од вредноста).
Член 5
Почеток и завршеток на обврската на осигурувачот
(1) Обврската на осигурувачот за надомест на штети започнува согласно општите услови за осигурување на животни.
(2) Обврската на осигурувачот за надомест на штети престанува:
1. За пилиња во гоење во моментот кога тие ќе го напуштат производниот објект, а најдоцна до 24 часот на шеесетиот ден од денот на почетокот на осигурувањето.
2. За подмладокот (јарки и петлиња) во моментот кога тие ќе го напуштат производниот објект, а најдоцна до 24 часот на денот кој во полисата е означен како ден на истек на осигурувањето.
3. За носилки и петли во 24 часот на денот кој во полисата е означен како ден на истек на осигурувањето или порано ако пред тој рок го напуштат производниот објект.
Член 6
Место на оигурување
(1) Осигурувањето е во сила додека осигурените кокошки се наоѓат во објектите означени во полисата за осигурување, односно списокот на осигурани животни.
(2) Во случај на неопходна потреба (поради технички, технолошки или епизоотиолошки причини) од преселување од објектите наведени во полисата или списокот на осигурани животни, осигуреникот е должен да
го извести осигурувачот пред да почне со преселувањето.
Член 7
Извид и процена на штета
(1) Извидот и процената на штета се врши на лешот на угинатата кокошка.
(2) Осигуреникот е должен при настанување на штета (угинување над 1% во објект за 1 ден на бројлери, или над о,5% за подмладок или носилки) веднаш да го извести осигурувачот.
(3) Осигурувачот е должен да го види шталскиот дневник со податоци со дата и број на внесени кокошки во објектот, дневна и кумулативна смртност, превземени ветеринарно санитарни мерки и причини за штети. Шталскиот дневник (извод, фотокопија, препис) осигуреникот е должен да ги достави до осигурувачот и тоа:
1. За пилиња во гоење (бројлери) во рок од 5 дена по завршување нагоењето.
2. За подмладок и носилки до пети во наредниот за претходниот месец.
Член 8
Пресметка на штета
(1) Пресметката на штета за угинатите пилиња во гоење (бројлери) се врши според табелата за вредност на бројлерите по денови.
Табелата се изработува- составува на тој начин што се зема влезната вредност на еднодневното пиле и за секој изминат ден во гоењето се додава по една шеесетина до крајната вредност (сума на осигурување) намалена за износот на влезната вредност.
(2) Пресметката на штетата за угинат подмладок (јарки и петлиња) се врши според табелата за вредноста на подмладокот по недели.
Табелата се изработува - составува на следниот начин:
Осигурената сума се намалува за износот на влезната вредност на еднодневни пилиња. Остатокот се дели на онолку делови колку што во недели е договорено траењето. Висината на штетата ке се пресметува на тој начин што влезната вредност на еднодневните пилиња се зголемува за толку делови колку што недели поминале од почетокот на осигурувањето до настанување на штетата. Како недела се смета период од 7 дена.
(3) Пресметката на штетата за угинати кокошки носилки или петли се врши на тој начин што осигурената сума се намалува за процентот на амортизација за секој месец на траење на осигурувањето.
Процентот на амортизација изнесува 6% месечно. За првиот месец на производство не се пресметува амортизација.
Член 9
Примена на општите услови за осигурување животни
На осигурувањата склучени по овие посебни услови, доколку не се спротивни на нив, се применуваат и општите услови за осигурување животни.
Посебни услови за осигурување на пастрмки
Член 1
Предмет на осигурување
(1) Предмет на осигурување по овие посебни услови се здрави риби- пастрмки, со најмала должина од 10 сантиметри, кои се во посебен технолошки процес на одгледување или гоење во за таа намена изградени објекти - базени или кафези.
(2) Осигуреникот мора да ги осигура сите пастрмки способни за осигурување кои се наменети за одгледување или гоење.
Член 2
Опасности опфатани со осигурување
(1) Осигурувачот е во обврска да надомести штета предизвикана со угинување на осигурените пастрмки поради болест или несреќен случај.
1. Во смисла на овие посебни услови како несреќен случај се смета:
• Труење на рибите;
• Удар на гром;
• Затнување на доводните канали или мрежи;
• Замрзнување на водата, доколку биле преземени сите потребни превентивни мерки.
(2) Ако посебно е договорено и е платена додатна премија, осигурувачот е во обврска и за штета настаната поради бегање на рибите при поплава,
односно поради превртување на кафезите поради луња.
Под поимот поплава се смета стихијско надојдување на вода во бзените од порои, излевање на реки од корита и канали и провалување на одбрамбени насипи или брани.
Под појмот луња, во смисла на овие посебни услови се смета ветер со брзина од над 17,2 метри во секунда (8 степени според бофоровата скала).
Член 3
Опасности кои не се опфатени со оигурување
(1) Со осигурување по овие посебни услови не се опфатени ризиците и осигурувачот не е во обврска за штети настанати поради:
1. Земјотрес, нуклеарна експлозија, радиоактивна контаминација.
2. Загушувања на пастрмките настанато како последица на недостиг на вода во објектите (истечување, недоволно втечување на свежа вода), ако во објектот има поголемо количество на пастрмки отколку што дозволува капацитетот на објектот и сл.
3. Издвојување на пастрмките поради физички изглед, повреди или недоволен прираст.
4. Угинување на пастрмките настанато како последица на неисполнување на ветеринарно-санитарните мерки за спречување и отстранување на болести предвидени со законски прописи или прописи донесени врз основа на закон па и во случај ако надлежниот орган не донесол посебна одлука за превземање на тие мерки.
5. Уништување на пастрмките по налог на надлежен орган заради спречување или отстранување на болести.
6. Неправилна или недоволна исхрана по грешка на осигуреникот.
7. Неблаговремено лекување и неспроведување на зоохигиенски и превентивни мерки.
8. Голема немарност и намерно причинета штета од осигуреникот или лица на кои осигуреникот им ја доверил грижата за пастрмките.
9. За време на транспорт на пастрмките со превозни средства.
10. Бегање на пастрмките од објектите поради поплава или луња, доколку поинаку не е договорено.
11. Кражба.
12. Штети од птици.
Член 4
Сума на осигурување
(1) Сумата на осигурување на пастрмките за одгледување- приплод се утврдува според тежината и договорената цена за 1 килограм жива мера.
(2) Сумата на осигурување на пастрмките при гоење се утврдува врз основа на тежината што ќе се добие на крајот на гоењето или осигурутелниот период и договорената цена за 1 килограм жива мера.
(3) Сумата на осигурување не може да биде поголема од пазарната вреднот на пастрмките.
контрола на осигурените пастрмки а во случај на заболување или незгода потребната ветеринарна интервенција, да се придржува на упатствата на ветеринарот и да превземе се што е потребно за да се спречи појава на штета; односно намали големината наштетата.
(5) Доколку осигуреникот не ги спроведува или целосно не ги спроведува пропишаните или договорени мерки, осигурувачот нема никакви обврски за штетите настанати поради неспроведените или нецелосно спроведување на пропишаните или договорени мерки.
(6) Осигурувачот го задржува правото за преглед на евиденцијата утврдена во овој член како и преглед на објектите и рибите за врема на траење на осигурувањето, а осигуреникот е должен да му овозможи таков преглед.
(7) Осигуреникот има обврска навремено да го извести осигурувачот за секое ново внесување на риби во објектот. За новиот внес се прави нова полиса.
Член 6
Место на осигурување
Место на осигурување е објектот во кој се наогат рибите и кое во полисата е наведено како место на осигурување.
Член 7
Утврдување, процена и ликвидација на штета
(1) Настанувањето на штетата го утврдуват осигуреникот, осигурувачот и ветеринар.
Ако претставникот на осигурувачот не може да присуствува при утврдувањето на штетата истата ја утврдуват осигуруникот и ветеринарот.
(2) При утврдување на штетата треба да се утврди околноста под која настанала, причината за штетата и обемот на штетата.
При угинување на поголем број пастрмки, пригоден материјал треба да се испрати на преглед во научна установа заради утврдување на причините за угинувањето.
(3) Осигуреникот е должен веднаш да го извести осигурувачот ако во одделни објекти количеството на заболени или угинати пастрмки е поголемо од 50 килограми за големи, односно 25 килограми за помали објекти. (Објект се смета целото рибогоилиште а не кафез)
(4) Осигуреникот е должен до 10-ти во месецот за претходниот месец да му достави на осигурувачот пријава за штета во која се содржани податоци за бројот и тежината на угинатите пастрмки дневно и месечно со дијагноза
- причина за угинувањето.
(5) Штетата се ликвидира врз основа на вистинската тежина на пастрмките на денот на угинувањето и договорената цена за еден килограм жива мера.
Член 8
Важност на општите ослови за осигурување животни
До колку не се спротивни на овие посебни услови, на овие осигурувања се применуваат и општите услови за осигурување на животни.
Член 5
Обврски на осигуреникот
(1) Осигуреникот има обврска да води точна евиденција од која може да се види: денот на ставање на пастрмките за гоење односно приплод, број, должина и тежина на пастрмките по објекти, дневно и месечно угинување (број и тежина), на одделни пастрмки, број и тежина на продадени пастрмки и сл.
(2) Рибогојницата мора да ги има следните податоци:
1. Ознака на базенот или кафезот.
2. Број и тежина на пастрмките, дневна и месечна.
3. Број и тежина на рибите кои без оглед на причините се отстранети од објектот - базенот или кафезот.
4. Книга за температурата на водата и воздухот.
5. Книга со податоци за количество на кислород во водата.
6. Книга со податоци за исхраната.
7. Книга со податоци за употреба на лекови, лекување и анализи.
8. Евиденција за хемиска анализа на водата.
(3) Осигуреникот е должен да ги спроведува сите заштитни мерки против заразни, одгледни и паразитарни болести на пастрмките.
(4) Осигуреникот е должен да се грижи за постојана ветеринарна
Посебни услови за осигурување на шарани (циприниди)
Член 1
Предмет на осигурување
(1) Предмет на осигурување по овие посебни услови се здрави шарани (бел амур, тостолобик, сом, и др.), Наменети за приплод или гоење со најмала должина од 10 сантиметри, кои се одгледуваат во објекти (рибници, кафези ) изградени за таа намена.
(2) Осигуреникот е должен да ги осигура сите шарани способни за осигурување .
Член 2
Опасности – ризици опфатани со осигурување
(1) Осигурувачот е во обврска да надомести штета предизвикана со угинување на осигурените шарани поради болест или несреќен случај.
1. Во смисла на овие посебни услови како несреќен случај се смета:
• Труење;
• Удар на гром;
• Затнување на доводните канали или мрежи, и
• Замрзнување на водата, доколку биле преземени сите потребни превентивни мерки.
(2) Ако посебно е договорено и е платена дополнителна премија,
осигурувачот е во обврска и за штета настаната поради бегање на рибите при поплава, односно поради превртување на кафезите поради луња.
Под поимот поплава се смета стихијско надојдување на вода во бзените од порои, излевање на реки од корита и канали и провалување на одбрамбени насипи или брани.
Под поимот луња, во смисла на овие посебни услови се смета ветер со брзина од над 17,2 метри во секунда (8 степени според бофоровата скала).
Член 3
Опасности кои не се опфатени со осигурување
(1) Со осигурување по овие посебни услови не се опфатени ризиците и осигурувачот не е во обврска за штети настанати поради:
1. Земјотрес, воени настани, демонстрации и манифестации.
2. Загушувања како последица на недостиг на вода во објектите (истечување, недоволно втечување на свежа вода, од намерно пуштање на вода од објектот, замрзнување на водата а не се направени отвори, ако во објектот има поголемо количество на риби отколку што дозволува капацитетот на објектот.
3. Селекција поради физички изглед, повреди или недоволен прираст.
4. Угинување настанато како последица на неисполнување на ветеринарно-санитарните мерки за спречување и отстранување на болести предвидени со законски прописи или прописи донесени врз основа на закон па и во случај ако надлежниот орга не донесол посебна одлука за превземање на тие мерки.
5. Уништување по налог нанадлежен орган заради спречување или отстранување на болести.
6. Поради неправилна и недоволна исхрана или исхрана со штетна храна по грешка на осигуреникот.
7. Неблаговремено лекување и неспроведување на зоохигиенски и превентивни мерки.
8. Голема немарност и намерно причинета штета од осигуреникот или лица на кои осигуреникот им ја поверил грижата за рибите.
9. За време на транспорт.
10. Бегање на рибите од објектите поради поплава или луња, доколку поинаку не е договорено.
11. Кражба.
12. Уништување на рибите од животни или птици.
Член 4
Сума на осигурување
(1) Сумата на осигурување на шараните за одгледување - приплод се утврдува според тежината и договорената цена за 1 килограм жива мера.
(2) Сумата на осигурување при гоење се утврдува врз основа на тежината што ќе се добие на крајот на гоењето или осигурутелниот период и договорената цена за 1 килограм жива мера.
(3) Сумата на осигурување не може да биде поголема од пазарната вреднот на рибите.
Член 5
Обврски на осигуреникот
(1) Осигуреникот е во обврска да води точна евиденција од која може да се види: денот на ставање на шараните за гоење односно приплод, број, должина и тежина на рибите по објекти, дневно и месечно угинување (број и тежина), на одделни парчиња шарани, број и тежина на продадени парчиња и сл.
(2) Рибогојницата мора да ги има следните податоци:
1. Ознака на базенот или кафезот.
2. Број и тежина на шараните, дневна и месечна.
3. Број и тежина на рибите кои без оглед на причините се отстранети од објектот - базенот или кафезот.
4. Книга за температурата на водата и воздухот.
5. Книга со податоци за количество на кислород во водата.
6. Книга со податоци за исхраната.
7. Книга со податоци за употреба на лекови, лекување и анализи.
8. Евиденција за хемиска анализа на водата.
(3) Осигуреникот е должен да ги спроведува сите заштитни мерки против
заразни, одгледни и паразитарни болести .
(4) Осигуреникот е должен да се грижи за постојана ветеринарна контрола на осигурените шарани а во случај на заболување или незгода потребната ветеринарна интервенција, да се придржува на упатствата на ветеринарот и да превземе се што е потребно за да се спречи појава на штета; односно намали големината на штетата.
(5) Доколку осигуреникот не ги спроведува или целосно не ги спроведува пропишаните или договорени мерки, осигурувачот нема никакви обврски за штетите настанати поради неспроведување или нецелосно спроведување на пропишаните или договорени мерки.
(6) Осигурувачот го задржува правото за преглед на евиденцијата утврдена во овој член како и преглед на објектите и рибите за врема на траење на осигурувањето, а осигуреникот е должен да му овозможи таков преглед.
(7) Осигуреникот има обврска навремено да го извести осигурувачот за секое ново внесување на риби во објектот. За новиот внес се прави нова полиса.
Член 6
Место на осигурување
Место на осигурување е објектот во кој се наоѓат рибите и кое во полисата е наведено како место на осигурување.
Член 7
Утврдување, процена и ликвидација на штета
(1) Настанувањето на штетата го утврдуват осигуреникот, осигурувачот и ветеринар.
Ако претставникот на осигурувачот не може да присуствува при утврдувањето на штетата истата ја утврдуват осигуруникот и ветеринарот.
(2) При утврдување на штетата треба да се утврди околноста под која настанала, причината за штетата и обемот на штетата.
При угинување на поголем број риби , пригоден материјал треба да се испрати на преглед во научна установа заради утврдување на причините за угинувањето.
(3) Осигуреникот е должен веднаш да го извести осигурувачот ако во одделни објекти количеството на заболени или угинати риби е поголемо од 50 килограми за големи, односно 25 килограми за помали објекти. (Објект се смета целото рибогоилиште а не кафез)
(4) Осигуреникот е должен до 10-ти во месецот за претходниот месец да му достави на осигурувачот пријава за штета во која се содржани податоци за бројот и тежината на угинатите риби, дневно и месечно со дијагноза- причина за угинувањето.
(5) Штетата се ликвидира врз основа на вистинската тежина на рибите на денот на угинувањето и договорената цена за еден килограм жива мера.
Член 8
Важност на општите услови за осигурување животни
До колку не се спротивни на овие посебни услови, на овие осигурувања се применуваат и општите услови за осигурување на животни.