Oпшти услови за осигурување од провална кражба и разбојништво
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-краж 20-12-мк
Oпшти услови за осигурување од провална кражба и разбојништво
член 1: дефиниции и воведни одредби
[1] Изразите употребени во овие услови го имаат следново значење: осигурувач - Триглав Осигурување АД, Скопје, друштво за осигурување, со кое е склучен договорот за осигурување; договорувач на осигурувањето - лице кое склучува договор за осигурување;
осигуреник - лице чиј имот и/или имотен интерес се осигурува. Договорувачот на осигурувањето и осигуреникот претставуваат исто лице, освен кај осигурување за туѓа сметка;
полиса - исправа за склучениот договор за осигурување; премија - износ кој го плаќа договорувачот врз основа на договорот за осигурување;
надомест од осигурување - износ кој го плаќа осигурувачот според склучениот договор за осигурување.
[2] Овие услови се темелат врз Законот за облигационите односи, Законот за супервизија на осигурувањето, како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони, и на соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување кој што го склучуваат договарачот на осигурувањето и осигурувачот.
[3] Општите услови се составен дел на понудата и договорот за осигурување што договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот ќе го склучи со Триглав Осигурување АД, Скопје.
член 2: осигурителни опасности (ризици)
[1] Во рамките на опсегот одреден со овие услови, осигурувањето ги покрива штетите што настанале поради однесување, уништување или оштетување на осигурените предмети во провала (провална кражба) или разбојништво, односно во обид за провала или разбојништво.
[2] Доколку е посебно договорено и ако е пресметана дополнителна премија, особено во музеи, цркви, библиотеки и на изложби, осигурувањето ги покрива и штетите што настанале поради кражба и оштетување предизвикани од посетител.
[3] Осигурувањето исто така ги покрива штетите кои во провална кражба или разбојништво, односно при обид за провала или разбојништво настанале на објектот или нејзините делови (sидови, тавани, врати, брави, вградена опрема, инсталација и слично) во висина на трошоците за поправка, но не повеќе од 3% од сумата на осигурување, односно 10% од сумата на осигурување на прв ризик, освен ако не е поинаку договорено. Исто така, опфатени се и штетите на внатрешните делови на објектот, односно просторот каде се сместени осигурените предмети, ако сторителот ги причинил при провала или разбојништво поради злонамерни постапки (вандализам).
[4] Осигурувањето не покрива штети што настанале на стаклени врати, прозорци, излози и стаклени ѕидови. Осигурувањето не ги покрива штетите ако провална кражба или разбојништво, односно обид за провала или разбојништво биле извршени или во нив учествувал (ги поттикнал) член на осигуреникот. Членови се сметаат луѓето што живеат со осигуреникот или се во роднински односи, како и работници на осигуреникот кои
ги извршуваат нивните работи на местото каде што се наоѓаат осигурените предмети.
[5] Осигурувањето не покрива штети што настанале поради:
1) измама, затајување или проневера;
2) кражба, освен кај осигурувања од став 2 на овој член;
3) посредно по настанување на осигурен случај (загуба на заработка, изгубено време, прекин со работа, намалување на вредност и слични загуби);
4) кусок утврден со попис, дури и тогаш кога кусокот ќе биде востановен со пописот кој е извршен по осигурениот случај.
член 3: провална кражба
[1] Провална кражба се смета дека настанала ако сторителот:
1) провали во заклучени простории (скрши или провали врата, прозор, sид, таван или под);
2) отвори заклучени простории со лажен клуч или некое друго средство што не е наменето за редовно отворање;
3) незабележливо влезе на местото на осигурување, се сокрие и изврши кражба во време додека е заклучен просторот;
4) се провлече во заклучени простории преку отвор кој не е наменет за влез и притоа совлада препреки кои оневозможуваат влез без напор;
5) провали во заклучено складиште во просторот каде што стигнал на начин кој согласно одредбите од овој член се смета за провална кражба;
6) отклучи простор или складиште каде што се наоѓаат осигурените предмети со вистински клуч или со негов дупликат, ако до таков клуч дошол на начин како што е утврдено во точките 1 до 5 од овој став или со разбојништво;
7) продре во простор кој не е на приземје или во подрум преку отворен прозор, при што не се смета дека е провална кражба доколку сторителот влезе преку отворен прозор ако долниот раб од земјата е оддалечен помалку од 160 см;
8) земе предмети од балкон кој не се наоѓа на приземје.
[2] Предметите се осигурени само за време додека се во затворени и заклучени простории кои се наведени во полисата.
[3] Ако не е поинаку договорено, пари, хартии од вредност, таксени и поштенски марки, штедни книшки, скапоцени камења, благородни метали и предмети од нив, вистински бисери и накит од благородни метали, скапоцени камења и бисери се осигуруваат само под услов дополнително да се сместени во посебно заклучени места (железна благајна, оклопна благајна, трезор и слично).
[4] Предмети како што се градежни материјали, железарија, залиха на автомобили, земјоделски и останати машини, како и вградени делови во истите и слично може да се осигурат и на отворен простор, ако посебно се договори.
Просторот на кој се сместени осигурените предмети мора да биде постојано чуван и заграден со добро одржувана ограда која е висока барем 2 метра. Осигурувањето не ги покрива штетите доколку по настанување на осигурен случај се утврди дека не биле исполнети наведените услови.
член 4: разбојништво
[1] Разбојништво се смета одземање на осигурените предмети со примена на сила или загрозување на здравјето и животот на осигуреникот или неговите припадници.
[2] Се смета дека постои употреба на сила и тогаш кога се користени средства за спречување на отпор.
[3] Ако е посебно договорено, осигурувањето покрива и разбојништво за време на пренос или превоз на пари, хартии од вредност, штедни книшки, чекови, меници, потврди за влогови и други вредносни предмети. За лица кои пренесуваат, односно ги превезуваат наведените предмети (преносител, препродавач, инкасант, трговски патник и слично) во понатамошниот текст ќе се користи изразот доставувач. Осигурувањето исто така ги покрива штетите до износ наведен во полисата кои би настанале без вина на доставувачот, кај поединечен пренос или превоз поради:
1) измама која е извршена над доставувачот во смисла на значењето на поимот измама, како што е дефиниранo во Кривичниот законик;
2) кражба на пари и други вредносни предмети на доставувачот додека се наоѓа под непосредна телесна заштита од овластени лица;
3) уништување на пари и други вредносни предмети, ако до уништувањето е дојдено затоа што над доставувачот било употребено средство за спречување на отпор, па поради тоа повеќе не е во можност да ги заштитува предметите што му биле доверени.
[4] Осигурувањето важи за одреден број на доставувачи наведени во полисата (по имиња или број), кои по налог на осигуреникот пренесуваат или превезуваат пари или други вредносни предмети.
[5] Осигурувањето важи од моментот кога доставувачот ги презема парите или други вредносни предмети и трае на редовен пат по налог на осигуреникот, сè додека не ги предаде на договореното место.
[6] Ако е посебно договорено, парите и другите вредносни предмети во превозот со моторно возило исто така се осигуруваат од загуба, односно уништување во случај на сообраќајна незгода. За сообраќајна незгода се смета превртување, судир, удар, лизгање, тумбање на моторно возило кое пренесува пари и други вредносни предмети, како и сите останати оштетувања настанати поради неочекувани настани кои делуваат надвор од механичката сила на возилото, независно од волјата на осигуреникот, односно возачот како и оштетувањата настанати поради неочекувано топлинско или хемиско надворешно дејство.
[7] Осигурувањето на пари и други вредносни предмети за време на пренос, односно превоз се склучува на сума на осигурување по поединечен доставувач; штетата се надоместува во полн износ, но не повеќе од висината на сумата на осигурување (осигурување по метод на прв ризик). Условите по кои може да се осигурат пари и други вредносни предмети за време на пренос или превоз се утврдуваат во посебна клаузула приложена кон полисата за осигурување.
[8] Ако е посебно договорено, до осигурената сума на прв ризик се осигурени пари и други средства за плаќање, како и драгоцености за време на манипулација со истите во благајни, банкарски и поштенски шалтери, како и слични уплатно-исплатни места и места за продажба. Манипулација согласно овие услови претставува и подготовка и броење на пари и други вредносни предмети. Осигурувањето важи само под услов да е склучено посебно за секое уплатно-исплатно место, односно место за продажба.
[9] Ако е така договорено, до осигурената сума на прв ризик се осигурени и благородни метали и предмети од истите за време на доработка и манипулација.
член 5: предмет на осигурување
[1] Предмет на осигурување можат да бидат сите предмети освен:
1) предмети изложени на саеми; и
2) копнени моторни возила, приколка, самоодна машина, пловни објекти на вода и воздушни летала од секаков вид. Наведените предмети можат да бидат осигурени додека се наоѓаат како залиха во трговски или царински складишта, односно кога се во работилница на поправка и слично.
[2] Ако е посебно договорено, предмет на осигурување се и автомати за игри и нивната содржина.
[3] Ако е договорено, предмет на осигурување можат да бидат и помали пловни објекти наменети за забава, како што се даски за едрење (сурфови), кајаци и кануа, кога се сместени во заклучени простории.
[4] Се осигуруваат само оние предмети кои се наведени во полисата Ако предметите во полисата не се поединечно наведени туку како збир, се осигуруваат сите предмети на местото на осигурување кои припаѓаат на осигурениот збир, а биле тука во времето на склучување на договорот, како и оние кои биле додадени подоцна.
[5] Се осигуруваат само предметите кои се во сопственост на осигуреникот и луѓето кои живеат со него во заедничко домаќинство. Предметите на работници и други лица, кои се преземени на поправка, преработка, продажба, наем, чување и залог или кои се позајмени се осигуруваат само ако е посебно договорено.
член 6: вредност на осигурените предмети
Ако не е поинаку договорено, вредноста на осигурените предмети е за:
[1] залиха на стока и материјали - набавната цена, но не повеќе од пазарната цена;
[2] залиха на готови производи и недовршени производи кај произведувачот - производствена цена; ако пазарната цена е пониска од производствената – пазарна цена;
[3] залиха на земјоделски производи кај земјоделски произведувачи – производствена цена; ако пазарната цена е пониска од производствената – пазарна цена;
[4] машини, опрема, инсталации, средства за комуникација, инвентар, односно апарати за домаќинство – набавната цена на нови предмети намалена за износот на загубата на вредноста поради абење, старост и економска или техничка застареност (амортизација);
[5] хартии од вредност, архивски материјали, музејски и изложбени предмети – износ што во полисата е заеднички договорен помеѓу осигуреникот и осигурувачот;
[6] предмети од благородни материјали, необработени благородни метали, скапоцени камења, бисери, ретки и скапоцени предмети, уметнички предмети, планови, податоци на меморија, скици, модели, калапи, исправи, ракописи, збирки, работни книги - износ што во полисата е заеднички договорен помеѓу осигуреникот и осигурувачот. Ако вредноста на тие предмети во полисата не е одредена, се смета дека секој поединечен предмет вреди најмногу 3% од вкупната сума на осигурување одредена во полисата за тие предмети, додека за збирка вреди најмногу 15% од истата сума на осигурување.
член 7: место на осигурување
[1] Осигурувањето важи додека осигурените предмети се затворени и заклучени во простории на местото што е наведено во полисата.
[2 Осигурувањето важи и тогаш кога сите осигурени предмети се преместуваат од едно на друго место или простор, но само на територијата на Република Северна Македонија. Во тој случај исто така важи дека осигурените предмети мора да се наоѓаат во затворени и заклучени простории.
член 8: пресметка на штети
[1] Штета што е покриена со осигурувањето, се пресметува во случај на:
1) уништување или исчезнување на осигурените предмети – според осигурената вредност на предметите при ликвидација на осигурениот случај, чија вредност е намалена за износот на просечните манипулативни загуби;
2) оштетување на осигурените предмети – во висина на трошоците за поправка при ликвидација на осигурен случај, намалени за изгубената вредност на предметите поради абење, старост, економска и техничка застареност (амортизација), како и за вредноста на остатоците. Во штетата не се земаат предвид трошоците кои настанале при поправка поради подобрување, усовршување или други промени кај осигурените предмети.
[2] Се смета дека предметите се уништени и за тоа се пресметува штета по точка 1 од претходниот став, ако трошоците за поправка ја достигнале вредноста на предметите, намалена за вредноста на остатоците.
[3] Остатоците од уништените или оштетените предмети остануваат кај осигуреникот и се пресметуваат според пазарната цена при ликвидацијата на осигурениот случај, како и според состојбата во која се наоѓале веднаш по настанување на осигурениот случај.
[4] Ако во осигурениот случај се утврди дека при преносот или превозот на парите не се исполнети условите во согласност со став 7 од член 3 од овие услови и во приложената клаузула за осигурување пренос или превоз на пари, штетата ќе се надомести најмногу до износот за кој реално биле исполнети наведените услови во приложената клаузула.
член 9: трошоци по настанување на осигурен случај Осигурувањето не ги покрива трошоците за отстранување или намалување на опасности, ниту трошоци за посредување на
противпожарни и други друштва, кои по природата на својата
работа се должни да пружат бесплатна помош при осигурен случај.
член 10: сума на осигурување
[1] Ако не е поинаку договорено, осигурувачот гарантира надомест на штета само до висината на договорената сума на осигурување.
[2] Договорувачот на осигурување или осигурувачот може да бараат намалување на сумата на осигурување и премијата за наредната година на осигурување, ако сумата на осигурување значителни ја надминува осигурената вредност.
[3] Ако договорот за осигурување е склучен без сума на осигурување или на неограничена вредност, тогаш се смета дека осигурувањето е склучено на реалната вредност.
член 11: обврски на осигурувачот (надомест од осигурување)
[1] Ако сумата на осигурување е еднаква со вредноста на осигурените предмети или е повисока од неа, при ликвидација на штета осигурувачот го плаќа полниот износ на пресметаната штета, но најмногу до висината на вредноста на осигурените предмети.
[2] Ако сумата на осигурување при ликвидација на осигурениот случај е пониска од вредноста на осигурените предмети (подосигурување), осигурувачот ја надоместува пресметаната штета само во сооднос меѓу сумата на осигурување и вредноста на осигурените предмети, но најмногу до сумата на осигурување.
[3] Во случај кога осигурувањето е склучено по метод на прв ризик, осигурувачот го надоместува полниот износ на пресметаната штета, но најмногу до договорената сума на осигурување. Во случај на склучено осигурување на начин на двоен прв ризик, осигурувачот го надоместува полниот износ на пресметаната штета одделно за секој дел од збирката осигурените предмети, но најмногу до износот на пониската сума на осигурување, со тоа што вкупната штета на вкупниот збир на предметите не може
да ја надмине повисоката сума на осигурување. Одредбите за подосигурување од став 2 од овој член во тој случај не се применуваат.
[4] Ако во договорот за осигурување е утврдено осигуреникот сам да сноси дел од штетата (учество), при пресметка на надоместокот од осигурување се применува и договореното учество на осигуреникот во штетата.
[5] Потребните трошоци за мерките за отстранување или намалување на штетата, а кои по настанување на осигурениот случај се преземаат по налог на осигурувачот, осигурувачот е должен да ги врати во целост независно од сумата на осигурување.
[6] При ликвидација на осигурен случај се исплаќа надомест од осигурување кој се намалува за евентуално исплатената аконтација, ревалоризирана по стапката на пораст на трошоците за живот во Република Македонија од денот на уплатата на аконтацијата до ликвидацијата на осигурениот случај.
член 12: опасни околности
[1] При склучување на договор за осигурување, договорувачот на осигурувањето е должен да ги пријави кај осигурувачот сите околностикои се важни за процена на ризикот (тежина на ризикот) со кои бил запознаен, односно со кои би морал да биде запознаен. Како околности кои се важни за процена на ризикот посебно се сметаат околностите кои на договорувачот на осигурувањето му се познати и врз чија основа се одредува и пресметува премијата, како и оние кои се наведени во договорот за осигурување. Тие околности може заедно да ги одредат договорувачот на осигурувањето и осигурувачот.
[2] Договорувачот на осигурувањето е должен да му овозможи на осигурувачот преглед и ревизија, како и одредување на најголема можна штета.
член 13: склучување на договор за осигурување
[1] Договорот за осигурување се склучува врз основа на писмена или усна понуда.
[2] По приемот на понудата, осигурувачот може да побара дополнување или појаснување. Се смета дека понудата стигнала до осигурувачот кога го примил барањето за дополнување или појаснување.
[3] Одредбите за склучување на договор за осигурување се применуваат и тогаш кога ќе се изврши промена на постојниот договор за осигурување, освен во случај на промена на условите за осигурување или тарифата на премии.
член 14: плаќање на премијата
[1] Првата или еднократна премија, договорувачот на осигурувањето е должен да ја плати при склучување на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати треба да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. Доколку е договорено премијата да се плаќа на рати, за наплата доспеваат сите рати во тековната година на осигурување кога настанал осигурениот случај.
[2] Доколку е договорено премијата да се плаќа на рати за изминато време на осигурувањето, може да се пресметува редовна камата на износот на премијата за која е договорено одложено плаќање. Ако ратата не е платена до денот на доспевање, може да се пресметува и законска камата.
[3] За датум на плаќање на премијата се смета денот кога налогот се евидентира од страна на банката на осигурувачот.
[4] Ако и без разлика на договореното време на осигурување, во договорот била определена пониска премија, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тој временски период, осигурувачот има право да ја побарува разликата до онаа премија која договорувачот на осигурувањето би морал да ја плати кога договорот за осигурување би бил склучен само за толку време колку што реално траело осигурувањето.
[5] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договорувачот мора да ја плати неплатената премија за времето до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната година на осигурување, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да исплати надомест од осигурување.
член 15: поврат на премија
[1] На осигурувачот во целост му припаѓа премијата за тековната година на осигурување, доколку осигурениот предмет е уништен како последица на осигурените опасности.
[2] Осигурувачот враќа дел од премијата за неискористеното време на осигурување, ако осигурениот предмет е уништен поради настанување на неосигурени опасности.
[3] Ако осигурениот предмет е уништен пред почетокот на покритието, осигурувачот ја враќа вкупната платена премија.
[4] Во останатите случаи на престанок на важноста на договорот за осигурување пред завршување на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премијата до денот до кој трае неговото покритие, освен ако не е поинаку договорено.
член 16: осигурен случај
Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал бво моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.
член 17: обврски на осигуреникот по настанување на осигурен случај
[1] Осигуреникот е должен да пријави кај осигурувачот настанувањето на осигурен случај, најдоцна во рок од три дена од денот кога дознал за истиот.
[2] Осигуреникот е должен веднаш да го извести надлежниот орган за внатрешни работи (полиција) за осигурениот случај, како и да наведе кои предмети биле уништени или оштетени.
[3] Осигуреникот е должен да му ги достави сите податоци на осигурувачот и други докази кои се потребни за утврдување на причината, опсегот и висината на штетата.
[4] Ако осигуреникот во договорениот рок не ги исполни своите обврски од тој член, осигурувачот може да го одложи плаќањето на штетата ако поради тој пропуст не може да се утврди настанувањето на осигурениот случај или опсегот на оштетување на осигурените предмети.
член 18: постапка при вештачење
[1] Секоја договорна страна може да побара утврдување на спорните околности од страна на вештаци.
[2] Секоја страна назначува по еден вештак кој не е во работен однос со странките. Назначените вештаци пред почетокот на работата назначуваат трет вештак кој го дава своето мислење само кога заклучоците на првите два вештаци се различни, но само во граница на неопходните заклучоци.
[3] Секоја договорна страна ги покрива трошоците за вештакот кој го именувала, а за третиот вештак трошоците се делат на половина.
[4] Заклучоците од вештаците се обврзувачки за двете страни.
член 19: пронаоѓање на украдените предмети
[1] Ако осигуреникот на кој било начин дознае каде се наоѓаат украдените предмети, тој е должен веднаш, во соработка со надлежните органи за внатрешни работи, да преземе сè што потребно за утврдување на идентичност на тие предметите и да ги врати назад што побрзо, како и да го извести осигурувачот за истото.
[2] Ако осигуреникот сè уште не примил надоместок од осигурувањето за пронајдените предмети, мора да ги прими назад. Ако предметите се оштетени, штетата се пресметува
согласно одредбите од член 7.
[3] Ако осигуреникот веќе примил надомест од осигурувањето пред да дознае каде се наоѓаат осигурените предмети, доколку се пронајдени, може да ги задржи за себе со тоа што на осигурувачот мора да му го врати примениот надомест од осигурувањето за предметите кои се најдени и се неоштетени. Ако пак пронајдените предмети се оштетени, осигуреникот може да побара да ги задржи за себе по одредена вредност со договор, а на осигурувачот мора да му го врати соодветниот дел од надоместокот од осигурување. Ако осигуреникот не сака да ги преземе предметите, тие преминуваат во сопственост на осигурувачот. Ако осигурувачот со продажба достигне износ поголем од исплатениот надомест од осигурувањето и трошоците за продажба, вишокот на износот се одобрува за осигуреникот.
член 20: осигурување по настанување на осигурен настан
[1] По настанување на осигурениот случај во кој осигурените предмети биле оштетени, осигурувањето продолжува без промени.
[2] За предметите кои според договорот за осигурување се сметаат за уништени, осигурувањето по настанување на осигурениот настан престанува да важи.
член 21: промена на условите за осигурување или тарифата на премии
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, за промената е должен да го извести договорувачот на осигурувањето во рок согласно законските прописи.
[2] Договорувачот на осигурувањето има право во законски предвидениот рок по приемот на известувањето да го откаже договорот за осигурување. Договорот престанува да важи по истекот на тековната година на осигурување.
[3] Ако договорувачот на осигурувањето не го откаже договорот, договорот се менува со почетокот на следната година во согласност со новите услови за осигурување или тарифата на премии.
член 22: промена на адреса
[1] Договорувачот на осигурувањето е должен да го извести осигурувачот за промена на адресата на живеење, односно седиштето или своето име, односно името на фирмата во рок од 15 дена од денот на промената.
[2] Ако договорувачот на осигурувањето ја промени адресата на станот, односно седиштето или своето име, односно името на фирмата, а при тоа не го известил осигурувачот, доволно е осигурувачот да испрати известување до договорувачот на осигурувањето на последната позната адреса и да го наслови на последното познато име, односно фирма.
член 23: начин на известување
[1] Договорите односно содржината на договорот за осигурување се важечки само доколку се склучени во писмена форма.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Известувањето и изјавата се дадени навремено, ако пред истекот на рокот се испратат со препорачано писмо.
[4] Изјавата која треба да се даде на друго лице важи од моментот кога истото ќе ја прими.
член 24: употреба на закон (примена на закон)
За правата и обврските на договорните страни што не се уредени со овие услови се применуваат одредбите од Законот за облигационите
односи и Законот за супервизија на осигурување.
член 25: информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци:
Офицер за заштита на личните податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx
* Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxxxx://xxx.xxxxxxx.xx/xx/xx-xxx/xxxxxxxx
член 26: обработка и заштита на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје, а Триглав Осигурување АД, Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.
член 27: правен основ за обработката на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
[2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 28: цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
[2] Соцелводењенапостапказанадоместнаштетаивоспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Триглав Осигурување АД, Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
[3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
[4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на
известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: „бул.8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Триглав Осигурување АД, Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 29: рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Триглав Осигурување АД, Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Триглав Осигурување АД, Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 30: права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени член во член 28, од страна на Триглав Осигурување АД, Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 31: пренос на личните податоци
[1] Триглав Осигурување АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав. Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата, односно во матичното друштвото Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: „бул.8- ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје“ со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса oficer. xx@xxxxxxx.xx.
член 32: обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Триглав Осигурување АД, Скопје ги обработува само врз основа на
експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг кои ги врши Триглав Осигурување АД, Скопје или поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија за своите услуги и услугите на поврзаните друштва од рамките на Групација Триглав во Република Северна Македонија.
[2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxxxxx.xx@xxxxxxx.xx, или по пошта до Триглав Осигурување АД, Скопје, бул.„8-ми Септември“ бр.16, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
член 33: санкциска клаузула – рестриктивна мерка за спречување на перење пари и финансирање тероризам
[1] Осигурувачот не дава осигурително покритие, односно не ја покрива одговорноста на осигуреникот за настаната штета или не исплаќа какви било други поволности, без оглед на Договорот за осигурување, доколку таквата исплата или плаќањето на каква било друга поволност би го изложила осигурувачот на некакви санкции, забрани или ограничувања врз основа на резолуциите на Обединетите нации, или на трговски или економски санкции, на кршење на законите или прописите на Европската Унија, Обединетото Кралство или САД.
член 34: приговор (вонсудско решавање на спорови)
[1] Договорните страни се согласни дека сите спорови што произлегуваат од овој Договор ќе се решаваат по мирен пат.
[2] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот на осигурување се согласни дека за сите спорни прашања, жалби и несогласувања кои произлегуваат од односот со осигурувачот ќе го известат истиот без одложување. Известувањата во форма на приговор од овој став се доставуваат во писмена форма, од што со сигурност може да се утврди содржината на известувањето и времето на неговото праќање.
[3] Договарачот на осигурувањето, осигуреникот, односно корисникот на осигурување кој смета дека со одлуката (решението) на осигурувачот за отштетното побарување му се нарушени правата од осигурувањето, може да поднесе приговор до Комисијата за приговори (жалби) на осигурувачот.
[4] Комисијата за приговори (жалби) е должна да донесе одлука по приговорот во писмена форма, без одложување, но чнајдоцна во рок од 30 дена од денот на прием на приговорот.
член 35: меродавно право и судска надлежност
[1] За правата и обврските на договорните страни што не се регулирани со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие Услови некое прашање е утврдено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од Законот.
[2] Споровите што настануваат помеѓу осигуреникот, на една страна, и осигурувачот, на друга страна, ги решава стварно и месно надлежниот суд според седиштето на осигурувачот.
член 36: надзор над друштвото за осигурување
[1] Орган надлежен за вршење надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
[2] Во случај осигуреникот да не е задоволен од односот на осигурувачот во текот на траењето на Договорот за осигурување, може да достави претставка до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за надзор над работењето на
осигурувачот.
член 37: застарување на барањата
[1] Побарувањата од договорите за осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
член 38: изјава за информираност
[1] Договарачот на осигурувањето/осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата изречно потврдуваат дека при склучувањето на Договорот за осигурување, од страна на осигурувачот писмено се известени за сите податоци согласно членовите 49 и 50 од Законот за супервизија во осигурувањето и дека пред склучувањето на осигурувањето им е оставено разумно време за донесување на конечна одлука за склучување на Договорот за осигурување. Согласно ова, договарачот/ осигуреникот со потписот на договорот за осигурување/полисата потврдуваат дека се известени и за правото за поднесување на жалба.
член 39: влегување во сила
[1] Овие Општи услови со назнака УС-краж/20-12-мк влегуваат во сила со денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од 01.01.2021 година.