Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Машински факултет – Скопје со седиште на ул. Карпош II бб, Скопје, претставуван од страна на деканот проф. д-р Атанас Кочов (во понатамошниот текст на овој договор Факултет), и
МЕМОРАНДУМ
за деловно-техничка соработка
Склучен помеѓу:
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Машински факултет – Скопје со седиште на ул. Карпош II бб, Скопје, претставуван од страна на деканот проф. д-р Xxxxxx Xxxxx (во понатамошниот текст на овој договор Факултет), и
Фирма АБЦ, со седиште во ____________________________________________________, кој ја претставува и застапува Генерален директор ________________________________________.
ПРЕДМЕТ НА МЕМОРАНДУМОТ
Член 1.
Во рамките на овој меморандум за деловно – техничка соработка, договорните страни договорија преземање на активности заради обезбедување:
Соработка помеѓу факултетот и Фирма АБЦ, заради приближување на праксата и теоријата, особено во областа на трговија, продажба, логистика, сметководство и финансии.
Унапредување на знаењето на студентите од факултет преку примери од праксата.
Конкретни предлози за унапредување на системот на едукација за студентите кои после завршување на студиите ќе поседуваат вештини и компетенции доволни за работа и вработување.
Заеднички развој и предлози за унапредување на практичната настава на предметите од областа на трговија, продажба, логистика, сметководство и финансии.
ЦЕЛ НА МЕМОРАНДУМОТ
Член 2.
Согласно акативностите и дејноста која ја извршуваат договорните страни се дефинираат две главни групи на цели во рамките на овој Меморандум и тоа:
Цели на унапредување
Развојни цели
• Цели на унапредување:
Унапредување на постоечките методи на образование согласно потребите на пазарот;
Презентирање на практични проблеми, решенија, предизвици и можности од реалниот бизнис сектор за студентите на Факултетот;
Организирање, предавања и работа за студентите од Факултетот.
• Развојни цели
Насочување на едукација на студентите кон современите бизнис модели;
Насочување на едукација на студентите кон примена на информатичката технологија.
НАЧИНИ НА СПРОВЕДУВАЊЕ
Член 3.
Активностите предвидени во рамките на овој Меморандум, во зависност од неговата имплементација, се предвидува да се вршат на следниов начин:
Предавање- Фирма АБЦ ја превзема одговорноста да обезбеди стручни лица кои со своето искуство ќе придонесат за зголемување на практичното знаење и вештини, првенствено од областа на трговијата, продажбата, логистика, сметководство, финансии, маркетинг, како и на други теми од интерес за студентите (управување со човечки ресурси, менаџмент, општествено одговорно работење и сл.). Практичната примена на знаеањата од страна на истакнати стручњаци ќе се врши во рамките на Факултетот, на начин утврден од страна на Факултетот согласно наставните активности.
Проекти- овој меморандум овозможува реализација на други заеднички проекти од обостран интерес, како и работа на проекти донирани или финансирани од трета страна. За секој ваков проект со посебен договор би се дефинирале меѓусебни права и обврски
Размена на искуства- подразбира двонасочна комуникација, каде студентите ќе го применуваат своето знаење во пракса, додека од друга страна Фирма АБЦ дава повратна информација како тоа ќе се изведе на практичен начин.
Документирање- преку оваа активност страните ќе се обидат да документираат повеќе активности со што преку оваа соработка ќе обезбеди know-how за идните генерации.
Унапредување – за сите горенаведени начини и други начини на соработка кои овде не се наведени постои обврска за постојан преглед, иновација и унапредување.
ОБВРСКИ НА СПОГОДБЕНИТЕ СТРАНИ
Член 4.
Потписниците на овој Меморандум ќе ги извршуваат активностите на начин предвидени со овој Меморандум, притоа почитувајќи ги соодветните прописи на кои подлежи нивното работење, добрите деловни практики и деловна етика.
Член 5.
Доколку страните потписнички поаѓајќи од своите интерни правила, процедури и интереси проценат дека е неопходно, може да склучат посебен Договор за одредени области на соработка врз основа на Меморандумот.
Член 6.
Потписниците на Меморандумот се обрзуваат дека по потреба ќе формираат заеднички тим за реализирање на секој конкретен проект.
Потписниците на Меморандумот ќе именуваат координатори, контакт личност задолжена за соработка со другата страна потписник на оваа спогодба.
Член 7.
Со цел соработка на заеднички проекти, потписниците на Xxxxxxxxxxxx се согласни дека ќе отстапат сала, техничка опрема и други помагала за одржување на семинари, конференции и слично во согласност со реалните можности и расположливите ресурси.
Член 8.
Двете страни, се обврзуваат во рамките на преземените активности во рамките на овој Меморандум:
Да делуваат плански и организирано;
Да постои меѓусебно почитување и да делуваат на позитивно промовирање на соработката;
Сите доверливи информации со кои ќе се сретнат, да ги чуваат како деловна тајна;
Претставници на страните потписници, најмалку еднаш годишно ќе прават анализа на соработката и ќе донесат препораки и мерки за унапредување на истите.
Член 9.
Во случај на виша сила, или други околности на кои не може да се влијае, прецизираните активности не се реализираат, спогодбените страни се согласни дека тоа нема да се смета како кршење на оваа Спогодба.
РАСКИНУВАЊЕ НА СПОГОДБА
Член 10.
Секој потписник може да го раскине овој Меморандум со писмено известување упатено до другата страна.
Во секој случај на раскинување на активностите предвидени со овој Меморандум секоја страна потписник е должна да ги исполни преземените обврски.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 11.
Овој Меморандум стапува во сила од денот на потпишување од двете страни
Овој Меморандум е со важност од Октомври 2015 до Септември 2017 и може да се менува или дополнува на барање на секој од потписниците, а во согласност со другиот потписник.
Овој Меморандум е сочинет во 4 (четири) примероци, по два за секоја секоја договорна страна.
Скопје
15. 10. 2015.
МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје Xxxxx XXX
ДЕКАН УПРАВИТЕЛ
____________________________________________ _____________________________
Проф. д-р Xxxxxx Xxxxx ????????????????
|
|
|
|
5