Наградната игра се организира за да се рекламираат производите на Procter &Gamble. Објектите кои учествуваат во наградната игра ќе бидат означени со специјални рекламни материјали на кои јасно ќе се комуницира начинот на учество во наградната игра....
Официјални правила на наградната игра
„ Уживајте во Вашиот дом со брендовите на кои им верувате “
Член 1 Организатор на наградната игра
Друштвото за глобални комуникации Греј Ворлдвајд ЛТД Дооел Скопје (во понатамошниот текст: „Организатор“), со седиште на ул. Франклин Рузвелт 4/37, Скопје, Република Северна Македонија.
Член 2
Име и времетраење на наградната игра
Името на наградната игра е „ Уживајте во Вашиот дом со брендовите на кои им верувате” Наградната игра ќе трае во период од 01.11.2021 г., па се до 26.12.2021 г.
Член 3
Територија каде што ќе се одвива наградната игра
Наградната игра ќе се одвива на територијата на Република Северна Македонија.
Член 4
Наградната игра се организира за да се рекламираат производите на Procter &Gamble. Објектите кои учествуваат во наградната игра ќе бидат означени со специјални рекламни материјали на кои јасно ќе се комуницира начинот на учество во наградната игра. Доколку во објектите не постојат рекламни материјали за наградната игра, се сметаат истите дека не учествуваат.
Член 5
Производи кои се дел од наградната игра
P&G производи кои учествуваат во наградната игра се сите производи од брендовите:
Xxxxx, Xxxxx, Fairy, Mr. Proper, Pampers, Tampax, Always, Discreet, Naturella, Head & Shoulders, Pantene, Blend a med, Oral B, Safeguard, Old Spice, Xxxxxx, Xxxxxxxx, Xxxxxxxx Xxxxx.
Член 6 Право на учество
Во наградната игра, право на учество имаат сите лица над 18 години, кои се граѓани на Република Северна Македонија и ги исполнуваат условите на учество (во понатамошниот текст
„Учесници“). Со купување на кои било P&G производи кои се веќе наведени во Член 5 во вредност од 499 денари и повеќе, на една фискална сметка, учесниците ќе може да учествуваат во наградната игра преку испраќање на СМС порака на бројот 149941 од операторите Македонски Телеком и А1 во Република Северна Македонија, со следната содржина: БРОЈ НА ФИСКАЛНА СМЕТКА (празно место) P&G (празно место) ВРЕМЕ НА
КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ (пример на формат за СМС порака #0250 P&G 16:03:00). Учесниците во наградната игра, ќе може да испратат СМС започнувајќи од 01.11.2021 г., од 00:01 часот, па се до 26.12.2021 г., 23:59 часот, по што СМС платформата ќе биде затворена. Со учество во наградата игра, учесниците потврдуваат дека ги разбираат условите и се согласуваат со правилата за учество.
Член 7
Механизам на наградната игра
На територијата на Република Северна Македонија, наградната игра ќе се организира за производите на Procter &Gamble и ќе се спроведе преку СМС сервисите на операторите Македонски Телеком и А1 во Република Северна Македонија. Секое заинтересирано лице (наведено во Член 6), за да учествува во наградната игра, потребно е да купи било кои Procter & Xxxxxx производи наведени во Член 5 во вредност од 499 денари и повеќе, на една фискална сметка. Учесниците треба да ја чуваат фискалната сметка, неоштетена, во текот на целата наградна игра и по нејзиното завршување се до 31.12.2021 и да се вклучат во истата според следниве правила:
- Почнувајќи од 01.11.2021 г., 00:01 часот, и заклучно до 26.12.2021 23:59 ќе може да праќаат СМС порака на бројот 149941, со следната содржина: БРОЈ НА ФИСКАЛНА СМЕТКА (празно место) P&G (празно место) ВРЕМЕ НА КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ (пример на формат за СМС порака #0250 P&G 16:03:00). Пораката треба да го содржи оригиналниот број на фискалната сметка, каде е назначено дека се купени Procter & Xxxxxx производи во вредност од 499 денари или повеќе. Ако е успешно испраќањето на пораката, учесникот ќе добие потврдна СМС порака за учество и линк до правилата каде ќе може да ги прочита детално официјалните правила за игра. Доколку праќањето на пораката е неуспешно, учесникот ќе добие повратна СМС порака дека бројот на сметката/кодот веќе бил претходно искористен или дека е испратен неправилен формат на код/содржина, проследен со број од контакт центарот на организаторот 072/917-005, каде учесниците ќе можат да добијат поддршка поврзана со наградната игра, секој работен ден од 09:00 – 17:00 часот.
Сите пораки се тарифираат по цена на стандардна СМС порака односно 5,9 денари со вклучен ДДВ, на товар на испраќачот. Организаторот нема удел во менување на цената и затоа Организаторот не презема одговорност за можна промена на цената на пораките.
Еден учесник може да учествува во наградната игра со неограничен број на СМС, но со користење на различни броеви на фискални сметки (од различни купувања) и со тоа, да ги зголеми своите шанси за добивка на награда. Секоја поединечна фискална сметка може да учествува само еднаш.
Еден ист учесник не може да биде добитник на иста неделна или месечна награда повеќе пати.
Добитникот на која било награда може да биде добитник на друг тип на награда, но не со пораката т.е. фискалната сметка со која веќе има добиено еден тип на награда.
При испраќање на неточни, нецелосни или невалидни фискални броеви и неисполнување на другите услови за учество (доколку фискалната сметка не е на учесникот, не ја исполнува возрасната граница и слично) учесникот ќе биде дисквалификуван од наградната игра и ќе го изгуби правото на добивање награда.
Точниот фискален број кој е успешно испратен преку СМС порака влегува во учество освен ако претходно истиот не бил искористен во наградната игра. Во случај два различни учесника да испратат ист број на фискална сметка и со истото време на купување на производите, провајдерот ќе испрати смс порака со цел учесникот да се јави во контакт центар за да се провери статусот за учество. Во тој случај ќе се побара прогресивниот број на фискална сметка да се испрати во истиот формат односно прогресивен број на фискална сметка (празно место) P&G (празно место) време на купување на производите, по чие испраќање ќе му биде испратена порака со статусот за учество.
Правото за учество не е дозволено за вработените на Организаторот, вработените во Нелт, НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ како и нивните блиски членови од семејството (деца, сопружници и родители).
*Оранизаторот и операторите не се одговорни за евентуални потешкотии на мобилните мрежи или за прекините во комуникација.
Член 8
Метод за извлекување и објавување на добитниците
Сите СМС пораки се собираат и од нив се извлекува добитникот.
Добитниците на награди во наградната игра ќе бидат извлечени по случаен избор, преку софтвер. Организаторот ќе биде задолжен за регуларноста на наградната игра, регуларноста на извлекувањето на добитниците и ќе даде официјален извештај согласно Законот.
Извлекувањата на наградите ќе се прават според следниот распоред:
Датум на извлекување: | Период за кој учесниците влегуваат во извлекувањето: | Награда | Вкупен број на награди |
08.11.2021 | 01.11(време 00:00:01)– 07.11(време 23:59:59) | 7х Нептун Ваучери од 3.000мкд | 7х награди вкупно |
15.11.2021 | 08.11(време 00:00:01)– 14.11(време 23:59:59) | 7х Нептун Ваучери од 3.000мкд | 7х награди вкупно |
22.11.2021 | 15.11(време 00:00:01)– 21.11(време 23:59:59) | 7х Нептун Ваучери од 3.000мкд | 7х награди вкупно |
29.11.2021 | 22.11(време 00:00:01)– 28.11(време 23:59:59) | 7х Xxxxxx Xxxxxxx од 3.000мкд | 12х награди |
01.11(време 00:00:01)– 28.11(време 23:59:59) | 5х Нептун Ваучери од 6.000 мкд | вкупно | |
06.12.2021 | 29.11(време 00:00:01)– 05.12(време 23:59:59) | 7х Нептун Ваучери од 3.000мкд | 7х награди вкупно |
13.12.2021 | 06.12(време 00:00:01)– 12.12(време 23:59:59) | 7х Нептун Ваучери од 3.000мкд | 7х награди вкупно |
20.12.2021 | 13.12(време 00:00:01)– 19.12(време 23:59:59) | 7х Нептун Ваучери од 3.000мкд | 7х награди вкупно |
27.12.2021 | 20.12(време 00:00:01)– 26.12(време 23:59:59) | 7х Нептун Ваучери од 3.000мкд | 14х награди вкупно |
29.11(време 00:00:01)– 26.12(време 23:59:59) | 5х Нептун Ваучери од 6.000 мкд | ||
01.11(време 00:00:01)– 26.12(време 23:59:59) | 2х Нептун Ваучери од 60.000 мкд |
Добитниците на неделни, месечни и главни награди ќе бидат извлечени во текот на наградната игра, со почеток од 12 часот по случаен избор преку софтверска програма.
За секоја неделна, месечна и главна награда ќе биде извлечен по еден резервен добитник во случај потенцијалниот да не е валиден.
Извлекувањето на потенцијалните добитници ќе биде под контрола на провајдерот: НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ
Во случај на недоделени награди заради недоволен број на учесници во наградната игра до денот на извлекување/невалидни добитници и сл.ќе се организира уште едно дополнително извлекување по крајот на наградната игра, до 30.12.2021 каде право на учество имаат сите добиени пораки кои биле испратени за наградната игра.
Извлекувањето на наградите ќе се врши автоматски преку софтвер (компјутерска селекција од база на испратени СМС)од страна на Организаторот, во неговите простории лоцирани на xxxxx Xxxxxx Xxxxxxxx 00, Скопје.
Добитниците ќе бидат информирани за наградите преку СМС, на телефонскиот број со кој се регистрирале во наградната игра, во текот на истиот ден по извлекувањето.
Откако ќе се направи потребната верификација и потврда на добитниците, нивните детали, ќе бидат објавени на интернет страницата xxxx.xxx/xx, во рок од 3 дена по секое извлекување.
Наградите ќе бидат доделени во рок од 30 дена од објавувањето на добитниците, лично, во просториите на организаторот лоцирани на xxxxx Xxxxxx Xxxxxxxx 00, Скопје или преку директна пошта, по договор со добитникот.
Член 9
Известувањето на добитниците и подигнувањето на награда
Истиот ден по извлекувањето, добитниците ќе бидат известени преку СМС порака “Честитаме за освоената награда, очекувај наш повик за подигнување на истата. Доколку не си достапен/на во наредните 48 часа го губите правото на награда,” на бројот од кој се регистрирале во наградната игра, информирајќи ги за потенцијалната награда и дека контакт центарот ќе ги исконтактира телефонски за сите детали околу верификацијата и подигнување на наградата. Од моментот на извлекување, тие стануваат потенцијални добитници на наградата и ќе треба во рок од 48 часа од добивање на СМС пораката, да ги достават бараните податоци и фискалната сметка за да може да се верификуваат и објават како официјални добитници.
Обврска на секој учесник е редовно да ги проверува телефонските повици /СМС пораки на својот мобилен телефон, а исто така и да биде достапен за добивање на информации во текот на наградната игра.
Доколку учесникот не е достапен или пак не ги достави бараните податоци во рок од 48 часа од моментот на праќање на пораката, од било која причина, за која не е и нема да биде одговорен Организаторот, тој/таа го губи правото на награда и истата се пренесува на првата резерва. Организаторот нема да има дополнителна одговорност кон учесникот.
Добитникот ќе треба да достави документ за идентификација како и фотографија од фискалната сметка која била испратена за учество во наградната игра, каде е наведено купувањето на Procter & Xxxxxx производите во вредност од 499 денари и повеќе. Подигнувањето на наградата ќе може да го реализира и друга личност, но само со законско овластување од страна на добитникот, заверено на нотар.
При предавањето на наградата, добитникот на наградата е должен да потпише потврда за преземање на наградата и да ја прикаже оригиналната фискална сметка.
Ако се надмине предвидениот рок за доделување на наградите од 30 дена од датумот на објавување на добитниците, подигнување на наградата нема да биде возможно. Според правилата за подигнување на награда, доколку некои од добитниците не ги почитуваат или го надминат наведениот рок, го губат правото на истата.
Наградите кои нема да бидат доделени остануваат во сопственост на Организаторот.
Член 10
Награди и фонд за награди
Целосната сума за награди изнесува 348.000,00 денари со вклучено ДДВ. Точниот број на награди е: 68. Организаторот не смее да додели повеќе награди од предвиденото или награди од различен тип. Фондот на награди се состои од следниве награди:
Име и тип на награда | Количина | Единечна цена на награда без ДДВ | Целосна цена на награди без ДДВ | Целосна цена на награди со вклучено ДДВ |
Главна награда: Нептун ваучери од 60.000 мкд | 2 | 60.000,00 | 120.000,00 | 120.000,00 |
Месечна награди:Нептун ваучери од 6.000 мкд | 10 | 6.000,00 | 60.000,00 | 60.000,00 |
Неделна награди: Нептун ваучери од 3.000 мкд | 56 | 3.000,00 | 168.000,00 | 168.000,00 |
Целосен износ | 68 | 69.000,00 | 348.000,00 | 348.000,00 |
Целосниот фонд на награди е со вклучено ДДВ.
Износот на вредносните ваучери/картички – Нептун може да се искористат во продажните места на Нептун заклучно до датумот наведен на самите ваучери.
Член 11
Информирмирање за наградната игра на учесниците
Учесниците ќе бидат информирани за правилата на наградната игра, фондот за награди и условите за учество преку надворешни информативни канали, интернет страницата xxxx.xxx/xx, како и пропаганден материјал на продажните места.
Откако Министерството за финансии на Република Северна Македонија ќе даде одобрување за почеток на наградната игра, официјалните правила на наградната игра ќе бидат објавени на интернет страницата xxxx.xxx/xx, пред почетокот на истата.
По добиеното одобрение од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, правилата за наградата игра стапуваат на сила.
Во текот на целото времетраење на наградната игра, сите учесници ќе можат да се обратат на контакт центарот на организаторот 072/917-005, каде ќе можат да добијат поддршка поврзана со наградната игра, секој работен ден од 09:00 – 17:00 часот.
Член 12
Организаторот е должен да провери дали се исполнети сите услови за учество и дали добитникот ги исполнува сите услови за подигнување на наградата, согласно правилата. По предавањето на наградата, Организаторот нема никаква одговорност кон добитникот на наградата во однос на користењето на истата, освен одговорностите наведени во правилата. Организаторот нема одговорност за достава на наградата и нема да покрие било какви дополнителни трошоци, како што е транспорт или друг тип на трошоци, трошоци за реализација кои не се опишани во правилата или во посебно потпишан договор помеѓу Оранизаторот и добитникот.
Организаторот не е одговорен, доколку добитникот не е во можност да ја подигне или користи наградата.
Резултатите за прогласување на добитниците се конечни. Доколу добитникот сака, може да се откаже од наградата или да ја предаде на друг, согласно законот, но во никој случај не може да ја замени за парични средства.
Член 13
Согласност за користење на лични податоци
Со учество во наградната игра, учесникот се согласува да ги даде личните податоци на Организаторот, за користење при реализација на наградата игра, без временско ограничување. Организаторот има право да ги користи личните податоци на секој учесник за потребите на наградната игра. Организаторот не смее да ги користи податоците за било која друга намена, која не е во согласност со законот и ќе ги користи само за потребите на наградната игра. Личните податоци на учесниците на наградната игра, ќе се користат само согласно Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на Република Северна Македонија број 7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015 и 99/2016).
Член 14 Даноци
Даночната обврска на наградната игра ја презема Организаторот. Организаторот гарантира дека доделувањето на наградата ќе биде согласно со правилата.
Член 15 Поднесување приговор
Учесникот во наградната игра, има право да поднесе приговор до организаторот, најдоцна 5 (пет) дена од денот на објавување на добитниците, на е-маил адресата xxxxxxx@xxxx.xxx.xx. Организаторот е должен да даде одговор на приговор во рок од 7 дена по добивањето на истата.
Член 16 Деловна тајна
Вработените на Организаторот и провајдерот, се обврзани да ја чуваат следната информација како деловна тајна: податоците на учесникот (нивниот број, нивниот идентитет и други лични податоци), механизмот за организација на наградната игра и финанскискиот дел за работатата на Организаторите. Гореспоменатите информации можат да бидат дадени на трето лице од страна на Организаторот, само на начин предвиден во законот.
Член 17 Прекинување на наградната игра
Наградната игра може да се прекине, при ненадејни виши сили вклучувајќи го случајот кога Организаторот не е во можност да ја организира наградната игра. За прекин на наградната игра прво треба да се добие согласнот од Министерство за финансии на Република Серверна Македонија.
Член 18 Законски мерки
Доколку постојат било какви недоразбирања помеѓу организаторот и учесниците на наградната игра, истите ќе бидат решени согласно договорот.
Ако двете страни не постигнат договор, конфликтот помеѓу организаторот и учесниците на наградната игра, ќе биде решен од страна на судот во Скопје.