Contract
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Договорен орган
1.2 Предмет на договорот
1.2.1 Предмет на договорот се услуги за спроведување на специфична кампања во Источен плански регион за придобивки од прогласување на заштитени подрачја. Детален опис на предметот на договорот е даден во проектната задача во прилог 1 на оваа тендерската документација.
1.3 Рок на изработка
1.3.1 Изведувачот е должен да ги изврши услугите предметот на договорот, најдоцна до 30.12.2016 година.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Методологијата за спроведување на тендерски постапки одобрена од Швајцарската агенција за развој и соработка. Согласно оваа методологија повикот се објавува во еден печатен медиум и на веб страните на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
1.5 Извор на средства
1.5.1 Средствата за реализација на Договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка без вклучен ДДВ, а во рамките на Проектот ,,Програма за зачувување на природата во Македонија” финансиран од Швајцарската конфедерација, се обезбедени од Фармахем ДООЕЛ Скопје согласно склучениот Договор за спроведување на програмската активност ,,Спроведување на специфична кампања во Источен плански регион за придобивки од прогласување на заштитени подрачја“, склучен помеѓу Договорниот орган и Фармахем ДООЕЛ Скопје, наш бр. 0802-168/1 од 25.04.2016 година.
1.6 Право на учество
1.6.1 Понудувачите (или стручно лице/стручни лица од тимот на понудувачот) што имаат една или повеќе негативни препораки, како и групите понудувачи (или стручно лице / стручни лица од тимот на понудувачот) со негативна препорака, немаат право на учество или ќе бидат изземени од процесот. Негативните препораки може да се дадат или од страна на донаторот или од државната установа за јавни набавки.
1.6.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице од Македонија регистрирано за услуги поврзани со темата на повикот и кое преземало документација за Јавен повик од веб страната на договорниот орган или веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
1.6.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма.
1.6.4 Групата на понудувачи треба да назначи претставник што ќе има овластување да ги извршува сите деловни активности за и во име на која било страна и на сите страни од групата на понудувачи во текот на постапката за доделување на договор и во текот на извршувањето на договорот, во случај истата да биде избрана.
1.6.5 Во случај на понуда од група на понудувачи, претставникот на групата со својата понуда треба да достави и писмено овластување потпишано од сите членови на групата на понудувачи со кое тие го овластуваат претставникот да поднесе понуда и да ги презема сите права и обврски во нивно име и за нивна сметка. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
1.6.6 Понудувачот во рамките на иста постапка за доделување на договор може да учествува само во една понуда. Сите понуди каде еден понудувач се јавува во повеќе од една самостојна и/или групна понуда ќе бидат отфрлени.
1.6.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.7 Трошоци за поднесување на понуда
1.7.1 Понудувачот ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договорот.
1.8 Критериум за доделување на договор
1.8.1. Критериум за доделување на договор - е економски најповолна понуда. За изведувач ќе биде избран оној понудувач чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
1.8.2. Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:
1) Карактеристики на квалитет (Техничка понуда) 70 бодови
2) Цена (Финансиска понуда) 30 бодови
1.9 Спречување на судир на интереси
1.9.1 Изведувачот не смее, при извршување на договорот, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.9.2 Во постапката за доделување договор, членовите на евалуационата комисија, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси.
1.9.3 Во случај на судир на интереси кај членовите на Евалуационата комисија, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.10 Појаснување, измена и дополнување на тендерската документација
1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП.
1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
2. СПОСОБНОСТ НА ПОНУДУВАЧИТЕ
2.1 Со понудата понудувачот задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- техничката или професионалната способност
2.2 За докажување на својата лична состојба, понудувачот ги доставува следниве документи:
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде понудувачот е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно- приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција
- забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена привремена забрана за вршење одделна дејност
2.3 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, понудувачот треба да достави документ за регистрирана дејност (ДРД образец
/Потврда за регистрирана дејност за кој во РМ надлежен орган за издавање е Централен регистар на РМ.
2.4 Документите од потточки 2.2 и 2.3 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.5 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор од аспект на неговата техничка и професионална способност, понудувачот треба да има минимум 5 (пет) години работно искуство во областа на комуникации во проекти за заштита/зачувување на природа.
2.6 Понудувачот го докажува исполнувањето на техничката или професионалната способност преку доставување на:
- референтна листа на понудувачот за реализирани/остварени комуникациски услуги во минимум 10 (десет) исти или слични проекти проекти, со датуми, купувачи/приматели на услугите и нивни контакти, од кои минимум 3 (три) проекти финансирани од странски донатори;
- листа на одговорни лица, со приложена биографија и референтна листа за секој одделно, согласно барањата и потребните минимум квалификации објаснети во Проектната задача, дадена во Прилог 1.
3. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
3.1 Содржина на понудата
3.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- Пропратно писмо со потпис и печат;
- Документи за утврдување на личната состојба наведени во подточка 2.2 од тендерската документација;
- документи за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведени во точка 2.3 од тендерската документација
- докази за утврдување на техничката или професионалната способност наведени во подточка 2.5 од тендерската документација;
- Изјава со потпис и печат дека понудувачот ги разбира и прифаќа сите барања во објавениот повик;
- Техничка понуда со пристап, методологија и временска рамка и
- Образец на понудата ( Прилог 2 - мора да се пополни без никакви измени на неговата форма. Во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива)
3.2 Јазик на понудата
3.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
3.3 Цена на понудата
3.3.1 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на понудувачот, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно (Прилог 2, Дел III – Финансиската понуда мора да се пополни без никакви измени на нејзината форма. Во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива).
3.3.2 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
3.4 Валута на понудата
3.4.1 Цената на понудата се изразува во денари.
3.5 Период на важност на понудата
3.5.1 Периодот на важност на понудата ќе изнесува 90 (деведесет) дена од денот определен како краен датум за поднесување на понудите. Доколку денот определен како краен датум за поднесување на понудите е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.6 Форма и потпишување на понудата
3.6.1 Понудувачот подготвува еден оригинален примерок во писмена форма и еден електронски примерок (CD) од понудата спакувани во коверт. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува одговорното лице на понудувачот или овластено лице од страна на понудувачот.
3.7 Краен рок и место за поднесување на понудите
часот.
3.7.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.07.2016 година, во 12:00
3.7.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Центар за развој на Источен
плански регион, со адреса на ул. Xxxxx Xxxx, бр.119, кат 2, Штип, со назнака "За Јавен повик (Реф. бр. 0507-280/2/2016)".
3.7.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на понудувачот неотворена.
3.8 Алтернативни понуди
3.8.1 Во оваа постапка за доделување на договор не се дозволени алтернативни понуди.
4. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
4.1 Отворање на понудите
4.1.1 Отварањето на понудите нема да биде јавно
4.1.2 Во текот на отварањето на понудите се води записник.
4.2 Евалуација на понудите
4.2.1 Комисијата за евалуација ги оценува понудувачите и понудите врз основа на следниов модел:
ФОРМАЛНИ БАРАЊА (ЕЛИМИНАЦИОНИ) | |
Понуда поднесена во бараниот рок | Да/Не |
Комплетна понуда | Да/Не |
КРИТЕРИУМИ ЗА СООДВЕТНОСТ (ЕЛИМИНАЦИОНИ) | |
Докази за лична состојба | Да/Не |
Докази за способност за вршење професионална дејност | Да/Не |
Докази за исполнување на техничка и професионална способност | Да/Не |
КРИТЕРИЕУМ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ДОГОВОР | |
Техничка понуда | 70 бодови |
- Квалификација и искуството на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот - Пристап, методологија и временска рамка/динамика за спроведување на специфичната кампања | 50 бодови 20 бодови |
Финансиска понуда | 30 бодови |
Вкупно | 100 бодови |
• Критериумот: Квалификација и искуството на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот ќе се бодува врз основа на минимум потребните квалификации на лицата, објаснети во Проектана задача, а како доказ ќе се користат доставените биографии со референтни листи. Доколку не се задоволени минимум потребните квалификации, понудата понатака нема да се разгледува.
• Цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови (максималниот утврден) ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Број на бодови =
најниска понудена цена (без ДДВ)
. максимален број бодови
Понудена цена (безДДВ)
• Во текот на евалуацијата на критериумите за доделување договор, секој член на Комисијата за евалуација ќе ја бодува секоја понуда посебно. Конечниот резултат од бодувањето на секоја понуда ќе биде просекот од бодови дадени од страна на секој оценувач за таа понуда.
• Најпрво ќе се оценува техчката понуда, која доколку не освои минимум од 50 бодови, од можните 70 бодови, ќе се изземе од постапката и нема да се продолжи кон оценување на финансиската понуда.
• Предлог одлуката за избор на најповолен понудувач за тендерите ја дава Комисијата за евалуација, и истата се испраќа заедно со извештајот од евалуацијата до Швајцарска канцеларија за соработка во Македонија заради можни забелешки. Ако Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија не се согласува со предлог одлуката дадена од страна на Комисијата за евалуација, Комисијата за евалуација ќе мора повторно да ги евалуира понудите и да даде предлог за нов најдобар понудувач. Конечната одлука за избор на најповолен понудувач после одобрување од Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија ја донесува одговорното лице на институцијата (партнерот).
4.2.2 И да пристигне една понуда, доколку ги задоволува потребните критериуми, истата ќе биде земена предвид.
4.2.3 Доколку во текот на постапката за доделување договор, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на планираните средства, договорниот орган ќе преговара со понудувачот или ќе ја поништи постапката.
4.2.4 Избраниот понудувач ќе биде запознаен со конечната одлука по писмен пат, во рок од 5 дена од донесувањето на одлуката.
4.2.5 Понудувачите што не биле одбрани исто така ќе бидат запознаени по писмен пат, по потпишување на договорот со избраниот понудувач.
4.2.6 Понудувачите што не биле одбрани немаат право на жалба.
4.2.7 Информацијата за избраниот изведувач ќе биде објавена на интернет страницата на договорниот орган и на web страната на Програма за зачувување на природата во Македонија.
4.3 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
4.3.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на понудувачите или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
4.4 Појаснување на понудите
4.4.1 Поднесување дополнителни документи по истекувањето на рокот не се прифаќа.
4.4.2. Доколку има потреба, Комисијата за евалуација може да побара појаснувања за понудата. Барањето мора да се испрати по електронска пошта, а одговорот на понудувачот мора да биде одговор директно до испраќачот.
4.5 Исправка на аритметички грешки
4.5.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
4.5.2 Комисијата за евалуација ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
4.5.3 Ако понудувачот не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена.
5. ДОДЕЛУВАЊЕ И СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
5.1 Договорниот орган, по донесување на конечната одлука за избор на најповолен понудувач, договорот му го доделува на понудувачот чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
5.2 Договорниот орган ќе го достави договорот до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување.
5.3 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот во рок од 7 (седум) календарски дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
5.4 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 5.3 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот.
Прилог 2
Образец на понуда
Врз основа на јавниот повик број 0507-280/2/2016 објавен од страна на Центар за развој на Источен плански регион - Штип, за доделување на договор за набавка на услуги
„Спроведување на специфична кампања во Источен плански регион за придобивки од прогласување на заштитени подрачја“, со спроведување на постапка согласно Методологијата за спроведување на тендерски постапки која се применува за проектот Програма за зачувување на природата во Македонија, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
1.5. ЕМБС:
Место и датум | Одговорно лице (потпис) |
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги: Дадени во техничките спецификации за „Спроведување на специфична кампања во Источен плански регион за придобивки од прогласување на заштитени подрачја“, составен дел на овој јавен повик.
II.2. Ги прифаќаме начинот на извршување на услугата и испораката на предметот на договорот утврдени во јавниот повик.
II.3. Ги прифаќаме рокот за извршување на услугата и за испорака на предметот на договорот утврдени во јавниот повик.
II.4. Нашата техничка понуда е обврзувачка за нас.
II.5. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во јавниот повик и техничките спецификации.
Место и датум | Одговорно лице (потпис) |
Дел III
Финансиска понуда
1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: [со бројки]
[со
букви] денари.
Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, со вклучен
ДДВ, изнесува: [со
бројки]
[со букви] денари.
2. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
3. Со ова ја поднесуваме нашата Финансиска понуда , изготвена врз основа на тендерската документација.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |