Contract
Д О Г О В О Р
за обезбедување на услуги преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот за издавачите
Склучен помеѓу:
1. Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје, бул. „Xxxxxx Xxxxxxxxxx-Xxxx“ бр.1, со ЕМБС 5554705, застапуван од Извршниот директор Xxxxxxx Xxxxxxxxxx, (во натамошниот текст: Депозитарот), како давател на услуга од една страна и
2. - , Бул./ул.
„ “ бр. , , со ЕМБС , застапуван од
- (во натамошниот текст: Издавачот), како корисник на услуга од друга страна.
Член 1
Предмет на овој Договор е уредување на меѓусебните права и обврски на договорните страни при обезбедување на услуги преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот кои се однесуваат на издавачите на хартии од вредност.
Дистрибутивниот систем е веб базирано решение кое овозможува електронски пристап до базата на податоци со која располага Депозитарот и којашто содржи податоци за издавачите и издадените хартии од вредност и за сметките за хартии од вредност на сопствениците.
Податоци за промените настанати на сметките за хартии од вредност преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот, можат да се добијат со состојба по 01.01.2017 година.
Член 2
Услугите кои Депозитарот ги обезбедува преку Дистрибутивниот систем, ги наплатува во износ утврден согласно Тарифата на услугите што ги врши Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје за учесниците во работата на Депозитарот и корисниците на неговите услуги, (во понатамошниот текст: Тарифата на Депозитарот) објавена на веб страната на Депозитарот: xxx.xxxx.xx.
За обезбедување на услугите од став 1 на овој член, Издавачот врши електронска уплата, односно е- плаќање со платежна картичка на наменска сметка на Депозитарот наведена на Дистрибутивниот систем, на еден од следните начини:
- Непосредно пред обезбедувањето на услугата, со електронска уплата на износот предвиден за нарачаната услуга; или
- По пат на електронска претплата по „припејд принцип“, на начин што Издавачот однапред уплатува посакуван износ на средства, во кој е опфатен и износот на ДДВ од 18%, од којшто износ, за секоја подоцна нарачана услуга, автоматски се одбива надомест во износот предвиден за нарачаната услуга.
Двата предвидени начини на уплата на надоместците не се исклучуваат меѓусебно, односно издавачот може да ги користи по своја преференца, за секој поединечен извештај.
За извршената електронска уплата од став 2 на овој член, Депозитарот доставува фактура до Издавачот, веднаш но не подоцна од 5 работни дена, од денот на извршената уплата. Издавачот е запознаен дека за секоја поединечна услуга која се обезбедува преку Дистрибутивниот систем, потребно е да изврши целосно плаќање на износот за услугата, на еден од начините уредени во став 2 на овој член, без притоа да врши нивно комбинирање.
Член 3
За целите на утврдување на идентификациските податоци на Издавачот, неопходно е по потпишувањето на овој Договор од страна на издавачот, Издавачот во прилог кон потпишаниот Договор, да достави до Депозитарот, Tековна состојба издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија, не постара од 30 календарски дена.
Депозитарот е согласен, врз основа на овој договор и поднесената уредна документација од став 1 на овој член, да пристапи кон потпишување на договорот и да изврши регистрација преку издавање на отпечатен примерок со регистрациони податоци на Издавачот за пристап и користење на Дистрибутивниот систем.
Издавачот е запознаен дека Депозитарот, пред да изврши регистрација на Издавачот, потребно е да ја утврди уредноста и комплетноста на документите.
Член 4
Депозитарот е согласен на Издавачот да му обезбеди користење на Дистрибутивниот систем по потпишувањето на овој Договор и исполнување на условите утврдени во член 2 и член 3 од овој Договор.
Член 5
Издавачот се обврзува во случај на промена на назив на фирма, адреса и останати идентификациските податоци да го извести Депозитарот, не подоцна од 5 работни дена од денот на настанатата промена.
Член 6
Депозитарот креира корисничко име согласно упатствата добиени од Издавачот, а доколку со истото корисничко име е веќе регистриран друг корисник, во тој случај ќе му предложи на издавачот алтернатива на ново корисничко име.
По извршената регистрација, Депозитарот му издава на Издавачот, отпечатен примерок со регистрационите податоци, при што истовремено на следната e-mail адреса
на Издавачот, се испраќа e-mail порака со линк за активација на корисничкиот профил.
Издавачот е запознаен дека веднаш по регистрацијата е должен да изврши активација на корисничкиот профил и да креира лозинка со која ќе се најавува на Дистрибутивниот систем (линкот за активација на корисничкиот профил е достапен за издавачот 7 дена по регистрацијата).
Издавачот е должен да ги чува во тајност корисничкото име и лозинката од ставовите 2 и 3 на овој член и во случај на сомневање за нивна неовластена употреба, веднаш да го извести Депозитарот, преку контакт податоците наведени во член 14 на овој Договор.
Член 7
Со потпишувањето на овој Договор, Издавачот потврдува дека е запознаен со содржината на корисничките упатстват кои се однесуваат на пристапот до Дистрибутивниот систем на Депозитарот, а кои се достапни на интернет страната на Депозитарот xxx.xxxx.xx.
Издавачот е запознаен дека во случај на измени и дополнувања на упатствата од став 1 на овој член, истите се обврзувачки без притоа да се пристапи кон Xxxxx за изменување и дополнување на овој Договор.
Член 8
Издавачот е запознаен дека Депозитарот има право да одобрува и одбива барање за пристап на Издавачот до услугите преку Дистрибутивниот систем.
Услугите преку Дистрибутивниот систем не се обезбедуваат за издавачите со пасивен статус и издавачите на кои Депозитарот ќе им определи попуст, согласно точка 6 од Општите одредби од Xxxxxxxx, како и во други случаи на непочитување на одредбите на овој Договор.
Член 9
По правило, услугите на Дистрибутивниот систем се достапни 24 часа на ден.
Издавачот е запознаен дека податоците содржани во извештаите достапни преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот, се обезбедуваат од главна и историска база на податоци на Депозитарот (во понатамошниот текст: основната база на податоци на Депозитарот).
Издавачот е запознаен дека податоците во извештаите обезбедени преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот, можно е да бидат обезбедени со определено задоцнување во споредба со податоците евидентирани во основната база на податоци на Депозитарот, кое задоцнување не е подолго од 1 час. Издавачот е запознаен дека ова задоцнување е резултат на процесот на синхронизација на податоците евидентирани во основната база на податоци, со базата на податоци за потребите на Дистрибутивниот систем. Само во случај на технички пречки или виша сила, синхронизирањето може да го надмине периодот од 1 час.
Издавачот е запознаен дека порамнувањето (конечниот пренос на хартии од вредност и парични средства) на трговските трансакции склучени нa Македонската берза се врши во периодот од 10 –
11 часот, секој работен ден и состојбата на сметките на имателите се ажурира веднаш по порамнувањето. Согласно Законот за хартии од вредност, порамнувањето на трговските трансакции со хартии од вредност може да се врши веднаш, но не подоцна од два работни дена од денот на склучувањето на трансакцијата.
Издавачот е запознаен дека од причините наведени во став 3 и став 4 од овој член, целосно синхронизирани податоци за состојбите во извештаите добиени преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот најсоодветно е да генерира секој работен ден по 16.00 часот (по конечното завршување на процесот на порамнување, сите други евентуални промени на сметките на имателите на сметки за хартии од вредност и синхронизација на податоците).
Издавачот е согласен дека во случај на техничка спреченост за обезбедување на услугите на Депозитарот преку дистрибутивниот систем, има можност во рамките на редовното работно време на Депозитарот да ги добие услугите во печатена форма или на магнетен медиум (ЦД), согласно Тарифата на Депозитарот.
Член 10
Доколку Издавачот одбере да ја користи услугата „Испраќање на известување за инсајдерско тргување“, согласен e преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот да пријавува лица кои имаат статус на „инсајдери“, односно лицата кои имаат пристап до ценовно чувствителни информации за Издавачот кои не се јавно објавени преку печатени или електонски медуими.
Статусот на инсајдер го опредeлува Издавачот и истиот е согласен дека одговара за точноста и вистинитоста на податоците за лицата кои се инсајдери, согласно закон.
Депозитарот е согласен дека за секоја промена на состојбата на издадените хартии од вредност, на сметките на лицата кои имаат статус на „инсајдери“, преку Дистрибутивниот систем до Издавачот ќе се испрати известување за инсајдерот кој ги стекнал, односно отуѓил хартиите од вредност и пренесениот број на хартии од вредност.
Член 11
Договорните страни се обврзуваат дека сите податоци до кои имаат пристап при користење на Дистрибутивниот систем, заемно ќе ги штитат како деловна тајна и ќе ги користат исклучиво за свои потреби, а во функција на реализирање на предметот на овој Договор.
Договорните страни се обврзуваат дека ќе се придржуваат кон прописите за безбедност на информации, односно до прописите за заштита на личните податоци.
Издавачот како корисник на услугата не може да ги пренесе правата и должностите пропишани со овој Договор на трето лице.
Член 12
Издавачот е согласен дека услугите што ќе ги добие преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот може да ги користи на начин определен со закон, исклучиво само за свои потреби.
Издавачот е согласен дека нема да обезбеди неоснован: пристап, репродуцирање, објавување, дистрибуирање, модифицирање, копирање, продавање, препродавање и/или злоупотребување или комерцијална употреба на којбило начин, делумно или целосно.
Издавачот е согласен дека е целосно и единствено одговорен за начинот на постапување со податоците преку Дистрибутивниот систем, од страна на лицата кои од Издавачот добиле овластување за пристап до Дистрибутивниот систем на Депозитарот.
Непостапувањето по одредбите од ставовите 1 и 2 од овој член или било која друга одредба од Договорот, е основ за раскинување на овој Договор.
Член 13
Ниту една страна не се смета за одговорна за доцнење или неуспех во извршување на обврските, во случај на причини надвор од нејзина контрола (виша сила).
Под виша сила се подразбира сѐ она што е регулирано со Законот за облигационите односи.
По отстранување на вишата сила, договорот може да се реализира само доколку има услови за реализација.
Член 14
Во случај на технички проблеми, или за добивање на други информации за пристап и користење на Дистрибутивниот систем, Издавачот може да се обрати на e-mail адресата на Депозитарот:xxxx.xxxxxxx@xxxx.xx или на следниот контакт телефонски број:
• 02 3299812
Лица за контакт од страна на Издавачот во врска со одредбите од овој Договор се:
• Tел. , e-mail: .
• Tел. , e-mail: .
Член 15
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
Член 16
За сѐ што не е регулирано со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
Член 17
Сите евентуални спорови и недоразбирања што би произлегле од толкувањето и извршувањето на овој Договор, договорните страни ќе се обидат да ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи, со меѓусебно договарање.
Член 18
Доколку помеѓу договорните страни не постои согласност за спогодбено решавање на спорот, надлежен е Основен граѓански суд Скопје.
Член 19 Договорот се склучува на неопределено време.
Изменување и дополнување на Договорот може да се врши со заедничка согласност на договорните страни преку потпишување на Анекс-Договор.
Доколку настапи неусогласеност на одредбите од овој Договор со прописите кои го регулираат предметот на Договорот поради нивна измена, се применуваат одредбите од прописите.
Во случајот од став 3 на овој член Депозитарот има право да побара од Издавачот склучување на Анекс-Договор. Доколку Издавачот не е согласен да склучи Анекс-Договор, Депозитарот го задржува правото еднострано да го раскине Договорот.
Секоја од договорните страни има право еднострано да го раскине договорот по пат на испраќање на писмено известување до другата договорна страна. Рокот за еднострано известување изнесува 10 работни денa. Eдностраното раскинување на Договорот не ги ослободува договорните страни од обврските што се настанати пред моментот на раскинување на договорот.
Член 20
Овој Договор стапува на сила од денот на потпишувањето од двете договорни страни.
Член 21
Овој Договор е склучен во 4 (четири) еднакви примероци од коишто 2 (два) за Депозитарот на услугата и 2 (два) за Издавачот.
Извршен директор на Депозитарот, Издавач,
Xxxxxxx Xxxxxxxxxx