Постапувајќи согласно со одредбите на склучениот Договор помеѓу Европска Комисија, Брисел и Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), со број на договор 2015/370-380,финансиран преку повикот EuropeAid/ 150147/DH/ACT/Multi
Постапувајќи согласно со одредбите на склучениот Договор помеѓу Европска Комисија, Брисел и Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), со број на договор 2015/370-380,финансиран преку повикот EuropeAid/ 150147/DH/ACT/Multi
Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) објавува ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
за печатење на материјали СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ 2015/370-380
Буџетска линија 1.5 Почитувани,
Македонско здружение за заштита при работа во рамките на проектот „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог државните институции"” Ве поканува да учествувате во постапка за печатење на материјали.
Целосната документација е приложена кон ова писмо и содржи:
A. Упатства за понудувачи и барања
B. Aнекси:
❑ Барање за понуда (Анекс 1)
❑ Опис на работна задача
❑ Образец на понуда (Техничка и Финансиска понуда)
Со почит,
МЗЗПР- Проект „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог државните институции"
Скопје,
УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Услуги што треба да се обезбедат
Услугите што ги бара Нарачателот се опишани во Описот на проектот (ToR).
2. Содржина на понудите
Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и Нарачателот мора да бидат напишани на локалниот јазик.
Постапката мора да се состои од Техничка и Финансиска понуда.
2.1 Техничка понуда
Техничката понуда (Организација и методологија), ја поднесува понудувачот според приложените урнеци. Понудувачот исто така мора да достави Тековна состојба и Доказ за регистрирана дејност од Централен регистрар на РМ (ДРД Образец).
2.2 Финансиска понуда
Финансиската понуда мора да биде презентирана во МКД, без ДДВ/персонален данок , следејќи го приложениот формат со печат и потпис од овлатено лице.
3. Поднесување на понуди
Понудите мораат да се поднесат најдоцна до 31.05.2018 година до 16 часот на следната адреса: МЗЗПР - проект “Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог државните институции" адреса: Востаничка 2/8 1000 Скопје или на: kontakt.@xxxxx.xxx.xx
Понудите мора да ги содржат сите потребни документи, наведени во точка
4. Потпишување на договорот
Понудувачите писмено ќе биде информирани за прифаќање/одбивање на нивната понуда. Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за извршување на услугите.
Сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од евалуацијата на понудите.
5. Начин на плаќање
По реализација на предвидената работа, од страна на компанијата треба да биде доставена фактура без ДДВ до нарачателот на услугите. Согласно со финансиките правила предвидени во Договорот за реализација на проектот помеѓу Европска комисија и МЗЗПР, плаќањата не подлежат на ДДВ.
Доставената фактура од правниот субјект ќе биде исплатена од страна на МЗЗПР без ДДВ во рок од 45 дена , по целосна реализација на обемот на работа наведена во Повикот.
6. Евалуација
Квалитетот на секоја техничка понуда поднесена во дадениот рок ќе се оценува во согласност со следните административни и технички барања:
Квалитетот на секоја техничка понуда поднесена во дадениот рок ќе се оценува во согласност со следните административни и технички барања:
❑ Цена - 60 бода - по принципот на најниска цена
❑ Квалитет - 40 бода
Квалитетот на компанијата ќе биде оценет по следниот принцип:
Критериуми | Доказ |
Претходно искуство во изработка на дизајн на брошура,водич или сличен промотивен материјал | Портфолио со претходно изработени работи од ист или сличен вид |
Капацитет на компанијата за реализација на работната задача. | Број на вработени, години на работно искуство, доказ за претходно искуство. |
Повик за доставување на понуди за печатење на материјали
СПРОВЕДУВАЧ
Македонско здружение за заштита при работа - МЗЗПР
ДОНАТОР
Европска Комисија, Брисел и Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), со број на договор
2015/370-380,финансиран преку повикот EuropeAid/ 150147/DH/ACT/Multi.
Организациска позадина
Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) е најрепрезентативната граѓанска организациjа во областа на безбедноста и здравјето при работа во Македонија. МЗЗПР е колаборативен центар на Меѓународната организација на трудот и Focаl point организација за Македонија на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU OSHA). На национално ниво, организацијата е вклучена во сите дебати поврзани со законодавството за БЗР и е дел од Националниот совет за безбедност и здравје при работа. Од септември 2015 година, со Одлука на Министерството за труд и социјална политика е овластена организација за спроведување обуки за усовршување на стручните кадри од областа на безбедноста и здравјето при работа во Република Македонија.
Вовед и историјат
Проект „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со државните институции“ финансиран од Европската Унија преку шемата за грантови EuropeAid / 150147/ DH / ACT / PRAREG се спроведува во во пет ИПА земји преку партнерите на проектот: Македонското здружение за заштита при работа, Српско здружение за безбедност и здравје при работа, Косовско здружение за заштита при работа, Албански центар за безбедност и здравје при работа и Здружение за безбедност при работа на Црна Гора.
Општа цел е овозможување на поволна средина за дијалог меѓу регионалните граѓански организации и јавните институции за подобрување на условите за работа.
Целна група(и): граѓански организации од 5 земји-кориснички на ИПА, јавни институции, медиумски организации и медиуми.
Крајни корисници: работници, работодавачи, вработени, граѓански организации од 5 земји-кориснички на ИПА, јавни институции, медиуми.
Специфична цел е градење на повеќе динамично граѓанско општество преку вмрежување, креирање на долгорочно стратешко организациско планирање и потикнување на нивото на вклученост на Граѓанските организации во процесот на донесување одлуки за обезбедување на безбедни и здрави услови за работа.
Проектот се состои од три меѓусебно поврзани компоненти:
1. Зајакнување на капацитетите на Граѓанските организации за стандарди за безбедност и здравје при работа, услови за работа, застапување, вмрежување и соработка со јавните институции.
2. Зголемување на капацитетите на Граѓанските организации да елаборираат долгорочен стратешки организационене план за безбедност и здравје при работа, застапување на ГО и да користат добри пракси од ЕУ земјите за да се подржат нивните активности на регионално и национално ниво.
3. Ефикасна и опширна комуникација за резултатите кон јавноста и медиумите во врска со регионалната соработка на Граѓанските организации, вмрежувањето, безбедноста и здравјето при работа и работните услови.
Обем на работа
За потребите на проектот и проектна активност 1.2 и 4.1 неопходно е да се подготви и достави:
⮚ Печатење на Студија за безбедност и здравје при работа, 250 примероци (50 на македонски јазик,100 на албански јазик, 100 на српски јазик ) со следниве спецификации:
Корица-хартија :
− 300 гр конздрук
− Формат 19 х 27 цм
− Печат 4/0
− Ламинат мат 1/0
Срж (внатрешен дел)- хартија:
− 115 гр конздрук
− Формат 19 х 27 цм
− Печат 4/4
− страни 100
Горенаведените материјали ќе бидат подготвени и доставени од страна на МЗЗПР до правниот субјект кој ќе биде избран да ги реализира предвидените задачи.
Временска рамка за спроведување на обемот на работа
Со понудувачот ќе се склучи договор за печатење на Студијата согласно динамиката на проектните активности. Согласно утврдената спецификација за потребните материјали, сугесивно во динамиката на проектните активности, ќе се испорачуваат договорените количини од конкретниот печатен материјал. Од понудувачот се очекува испораката на материјалите да биде во период до 15 дена од денот на нарачка на материјалите.
Анекс: Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот објавен од страна на
, за доделување на договор за набавка на со спроведување на
постапка со барање за прибирање на понуди, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
Адреса: Телефон: Факс: Е-пошта: Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
Кратко портфолио на правниот субјект:
Дел II – Техничка понуда
I. Согласни сме да ги понудиме следниве стоки/услуги/работи:
1 | 2 | 3 | 4 |
Опис на услугите - публикација | Формат | Страници | Количина |
Печатење на Студија за безбедност и здравје при работа | Корица:300 гр конздрук; формат 19 х 27 цм; печат 4/0; ламинат мат 1/0 Срж (внатрешен дел): Хартија: 115 гр конздрук;формат 19 х 27 цм ; печат 4/4; | 140 | 250 |
II. Временска рамка, распоред и траење на предложените активности Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во повикот.
Дел III – Финансиска понуда
1 | 2 | 3 | 4 | 5 |
Опис на услугите | Единица мерка | Количина | Единечна цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ (3*4) |
Печатење на Студија за безбедност и здравје при работа | ||||
Вкупна цена без ДДВ |
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува:
[со бројки] ( )[со букви] денари.
III. 2. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во повикот.
Место и датум | Одговорно лице |
(потпис и печат)