xxxxxxx со седиште на ул. ------------- Скопје, со даночен број ------------------ претставувано од управителот -----------, контакт тел. -----------, mail:----------------- во понатамошниот текст како давател на услугата. 2. ------------------ со...
Стандарден договор за поштенски и карго услуги
Склучен на ден: год.во Скопје
Помеѓу:
xxxxxxx со седиште на ул. ------------- Скопје, со даночен број ------------------ претставувано од управителот -----------, контакт тел. -----------, mail:----------------- во понатамошниот текст како давател на услугата.
2. ------------------ со седиште на ул.------------------ Скопје, Центар со даночен број ----------------- и ЕМБС ------------- претставувано од управител ----------------- , контакт тел. ------------- mail:-------------------
во понатамошниот текст како корисник на услуга.
Член 1
Предмет на овој договор е регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу давателот на услугата и корисникот на услугата, на начин што Корисникот на услугата ги прифаќа сите општите услови објавени на xxxxx://xxxxxxxxxx.xxx, со кои се прецизира начинот на работа и тие се составен дел од овој договор.
Давателот на услугата е носител на Општо овластување за обезбедување на курирски услуги издадено од страна на Агенцијата за пошти на РСМ како независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги. Услугата „Брза Пратка“ е активна од 2009 година.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Давателот на услугата за потребите на Корисникот на услугата (Клиент), ќе врши курирски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на цела територија на Република Северна Македонија и странство.
НАЈАВА НА ПРАТКА, НАЧИН НА ПРЕВЗЕМАЊЕ И РОК НА ДОСТАВА
Член 3
Превземање на пратки
Со анекс се договара начинот на превземање на пратки доколку тоа е битно за клиентот и тоа влијае на цената и квалитетот на услугата.
3.1 Клиентот може да ги носи пратките во база со што цената за услугата ќе биде пониска, а пратките што ги испраќа ќе бидат внесени со бар код што почнува со 3.
Притоа добива еден примерок од товарителница со бар кодот на која треба да ја провери дали информациите се точно внесени и доколку постои грешка да реагира за да биде исправено.
3.2 Клиентот може да повика курир на броевите 075 333 068 или 070386910 преку повик или Вибер во периодот од 10:00 до 15:30 . При повикување на курир должен е да каже точна адреса од каде треба да биде превземена пратка/и и телефонски број за контакт. Доколку треба да биде превземена пратка/и кои се габаритни (големи) потребно е превземањето да биде најавено најмалку 2 дена претходно и да бидат дадени точни димензии и тежина на пратката. Xxxxxxx ја превзема пратката со рачна товарителница кој бар код почнува со 1 и Притоа добива еден примерок од товарителница со бар кодот на која треба да ја провери дали информациите се точно внесени и доколку постои грешка да реагира за да биде исправено.
3.3 Клиентот може сам да си ги внесува пратките преку клиентски модул при што сноси одговорност за вистинитоста на податоците (на пр. Погрешен тел.број од примач, погрешна адреса итн.). Пратките може да ги носи во база, може да повика курир на броевите 075 333 068 или 070 386 910 преку повик или Вибер во периодот од 10:00 до 15:30 или да ги однесе во Праткомат на „Брза Пратка“. Доколку клинетот има пратки секој ден за начинот и точното време за превземање се договара со анекс.
Член 4
4.1 Превземањето на пратката се врши со товарителница во која Курирот или Клиентот на читлив начин ги внесува следните податоци: името и презимето односно називот на испраќачот и целосната адреса односно седиште, телефонски број; име и презиме односно називот на примачот; целосната адреса/седиште на примачот, телефонски број и поштенски број и име на местото.
По пополнувањето на товарителницата, Давателот на услугата посебно го наведува видот на пратката, нејзината тежина (количина) или обем, датумот и часот на превземање.
4.2 Диспозиција на Клиентот е дали на вредносна пратка ќе ја означи вредноста, а истото е од значење во врска со поголемо обештетувањето од тоа што е наведено во закон за Пошти во случај на настапување на ризик.
4.3 Договорните страни ја потврдуваат пратката со товарителница. За неправилно или неточно пополнета товарителница времето на извршување на услугата и цената може да бидат различни.
Товарителницата ја следи пратката се до нејзината достава на примачот
Член 5
Давателот на услугата се обврзува превземената пратка од Клиентот да ја испорача односно да направи обид за достава до примачот:
следниот ден од 09:00 часот до 19:00 часот - за пратка која треба да се достави во градовите и поголемите села во РСМ, не вклучувајќи ги поодалечените населени места и странство , каде периодот за достава е подолг и може да се види на сајтот на „Брза Пратка“. Во роковите со овој договор, не се засметуваат: недела, празници или други неработни денови; времето на доцнење поради неточна или непотполна адреса, отсуство на лицето во државата, недостаток на телефон за контакт и времето на доцнење поради виша сила или околности за кои Давателот на услугите не одговара.
Договорните страни можат по барање на Клиентот да определат друг рок за достава на пратка до примач
ЦЕНА НА УСЛУГИТЕ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Член 6
Цените на услугите се утврдени со Ценовник на Давателот на услугите кој може да се најдат на веб страната xxxxx://xxxxxxxxxx.xxx/xx-xxxxxxx/xxxxxxx/0000/00/0.-Xxxxxxx-xxxxxxxx-Xxxx-Xxxxxx.xxx доколку поинаку не се утврдени со Анекс кон договорот).
Доколку има промена на цените давателот на услугите го објавува на својата веб страна, кои ќе важат и за клиентот во случај да не е договорена специјална цена.
Во Ценовникот е утврдена и висината на Откупнината за достава на пари и висината на надоместокот на име осигурување за достава на пратка со означена вредност, како и цената на услугата купување со курир и услуга за враќање на повратен документ..
Доколку давателот на услугата му одобри попуст на Клиентот, истото се потврдува со Xxxxx, кој е придружен документ на договорот и во кој се опишани сите договрени детали и дополнителни начини на работа.
Член 7
7.1 Клиентот има обврска редовно да плаќа за извршените услуги.
Плаќањето ќе се врши на месечно ниво врз основа и издадена фактура од страна на фирмата ХРИСТО ТРАНС ДООЕЛ претставник на услугата „БрзаПратка“ на во која ќе биде специфициран бројот на примените пратки.
Давателот на услугите фактурирањето ќе го врши еднаш месечно – до крај на месецот, за тековниот месец, а за фирми со поголем број на пратки фактурирањето може да се врши и повеќе пати во месецот.
Клиентот има обврска износот утврден во фактурата да го плати најдоцна во рокот кој што е предвиден за плаќање на самата фактура.
7.2 Рекламација на фактури (фискални сметки со спецификација) се врши веднаш односно не подоцна од 5 (пет) дена од денот на приемот. По истекот на тој рок се смета дека во целост го потврдил побарувањето на Давателот на услугата.
Рекламациите кои не се поврзани со долгот по фактури, не го одлагаат плаќањето, а Xxxxxxxxx на услугата според Општите Услови ќе спроведе постапка за решавање на рекламацијата, и доколку се утврди штета истата ќе ја исплати на клиентот во дадениот рок..
7.3 Доколку Корисникот на услугите користи услуги - во вкупен износ помал од 2.000,оо денари (со вклучен ДДВ 18%) на месечно ниво, Давателот на услугите ќе изготвува про-фактура со кои Корисникот на услугата ќе биде во претплата за користење на услугите. Кога претплатата ќе се искорист и останат уште 500 ден претплата, Давателот на услугата ќе достави нова профактура.
ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
4.1. ДАВАТЕЛ НА УСЛУГИ
Член 8
Давателот на услугата се обврзува уредно, навремено, совесно и професионално да врши преземање, превоз и достава на пратките во Скопје и останатите градови во Македонија..
8.1 Давателот на услугата е должен да направи два последователни обида да се изврши уредно доставување на пратката. Доколку доставата не успее односно примачот не биде затекнат на наведената адреса, Давателот на услугите ќе остави известување со телефонски број на адресата на примачот за подигање на пратката. Во случај на 2 (два) неуспешни обиди за достава на предметна пратка или доколку примачот одбива прием на предметна пратка, Xxxxxxxxx на услугата ќе ја врати пратката на Корисникот на услугата. Во тој случај Корисникот на услугата има обврска да му плати на Давателот на услугата за враќање на пратката и тоа во висина на основната услуга.
8.2 Доколку Корисникот на услугата бара откупот за пратките да му биде донесен на адреса, должен е претходно телефонски да најави и за таа услуга се доплаќа, освен ако не биде поинаку договорено со анекс
Давателот на услугата превзема одговорноста да ги чува сите примени информации од Корисникот на услугата како доверливи, да ги заштити од кражба, неовластено кристење или губење и без претходна писмена согласност од Корисниците на услугата, не смее да ги користи, открива, експлоатира, копира или менува за други цели, освен за вршење на услугата.
Член 10
Давателот на услугите е одговорен:
-за оштетување на пратката започнувајќи од денот на нејзино превземање од Испраќачот до денот на доставата на пратката на примачот;
-за ненавремена достава
-губење на пратката.
Член 11
11.1 Давателот на услугите (во смисла на член 11 од овој договор) не сноси никаква одговорност, доколку:
до оштетување или загубување на пратката дојде како последица на виша сила односно настапување на околности кои Давателот на услугите не можел да ги предвиди или отстрани;
до доцнење со достава на пратката во рокот, недоставување или доставување на пратката на лице кое не е примач на пратката, дојде како последица на неточни или непотполни податоци за примачот; (име, адреса и телефон)
пратката е одземена или уништена од страна на надлежен орган поради содржење на забранети супстанци или предмети;
од било кои причини за кои Давателот на услугите не одговара, пратката е оштетена или непотполна во моментот на нејзиното превземање од Клиентот;
клиентот не направил рекламација во рокот утврден со членовите 23 и 24 од овој договор; примачот ја прима пратката без било какви приговори;
Клиентот не ја испочитувал постапката и начинот на пакување на пратката. (Кршливите пратки треба да бидат соодветно спакувани во бабл фолија и да има добро видлива ознака на пратката дека е кршлива.)
Доколку при превозот на пратката дојде до оштетување на амбалажата, но не и на содржината на пратката.
Се работи за пратки кои имаат делови од стакло, керамика или други кршливи материјали и не се соодветно спакувани
.
11.2 Одговорноста на Давателот на услугите е ограничена најмногу до висина на вредноста на осигурениот износ на пратката или до 15 пати од вредноста на услугата за достава доколку пратката не е осигурана. Договорните страни се согласни дека е исклучена било каква одговорност кај Давателот на услугите за штетата која ќе му се причини на Клиентот и тоа во вид на загубена заработувачка, испуштена корист, камата, деловен потфат или работа поради неисполнување или несоодветно исполнување, на обврските од страна на Давателот на услугите, независно дали штетета е сторена дирекно или индирекно дури и во случај Давателот на услугите да е опоменат на таков ризик при превземањето на пратката, имајќи го во предвид фактот дека Xxxxxxxx (Испраќачот/Примачот) има право на свој трошок да се осигура од посебни ризици.
Член 12
Давателот на услугите има право да одбие превземање на пратка доколку: и покрај неговото професионално и навремено вршење на услугите постои веројатност праткатката да не може да биде превземена и доставена до примачот; пратката не е спакувана согласно условите предвидени со овој договор и/или доколку превземената документација е непотполна, нечитлива или оштетена.
4.2 КЛИЕНТ
Член 13
Корисникот на услугата се обврзува навремено да му плаќа на Давателот на услугата надоместок за реализирани поштенски услуги во висина и на начин утврден според Тековниот ценовник на Давателот на услугите
Член 14
Клиентот треба да се придржува кон начинот и времето на најава на пратки утврдени во член 3 од овој договор или утврдено со анекс.
Член 15
15.1 Клиентот има обврска пакувањето на пратките да го врши на начин кој одговара на тежината на пратката, нејзиниот облик, големина, содржина и вредност.
15.2 Должност на клиентот е соодветно да ја заштити содржината на пратката како би се отстранила секаква опасност од нејзино оштетување односно, целосно да ја подготви пратката за нејзино превземање од страна на Давателот на услугите..
15.3 За пратки со осетлива содржина, стаклени, керамички или лесно кршливи пратки, Клиентот има обврска истото да го означи на Товарителницата и доколку сака да изјави вредност на пратката (да се осигура). Давателот на услугата претставник за услугата „Брза Пратка“ не сноси одговорност за оштетување на такви пратки, освен кога пратката е осигурна Давателот на услугата сноси одговорност доколку дојде до губење на пратката. Тие пратки мора да бидат спакувани со соодветна заштитна амбалажа (стиропор, картон, и др вид заштитна амбалажа) доколку тоа не е така одговорноста е на Клиентот и Давателот на услугата претставник на услугата „Брза Пратка“ нема обврска да ги исполни одговорностите според член 22 од овој Договор.За пратки кои се транспортираат надвор од територијата на РСМ и дојде до губење или оштетување на пратката, за тоа одговара подизведувачот кој е вклучен во транспортирањето на пратката во соодветната држава според неговите стандарди. Подизведувачот одговара пред Давателот на услугата при што Давателот на услугата одговара пред Корисникот на услугата според стандардите на Подизведувачот.
15.4 Клиентот има обврска да ја почитува димензијата и габаритот на поединечните пакувани пратки, утврдено во Правилникот на Давателот на услугите кој е оставен дел од договорот.
Член 16
Корисникот на услугата е исклучиво одговорен за евентуална штета која би можела да настане за Давателот на услугите и спрема трети лица, доколку пратката содржи предмети кои се забранети со закон и/или Корисникот на услугата не ја почитувал постапката и начинот за пакување на пратката на начин како e утврдено со овој договор.
Член 17
17.1 Клиентот е согласен пратката да не биде превземена за испорака, доколку е квалификувана како опасен материјал, забранета или ограничена стока со пропис или одлука на надлежен орган или доколку Давателот на услугите утврди дека не може да ја пренесе пратката на сигурен или легален начин.
17.2 Во случај да постои основано сомнение дека се работи за неприфатлива/забранета пратка, Давателот на услугите има право да ја отвори и прегледа пратката во присуство на Клиентот (Испраќачот). Доколку Клиентот/Испраќачот одбива преглед на пратката, Xxxxxxxxx на услугите има право да одбие нејзино превземање.
17.3 За пратки надвор од државата, кои поминуваат царина, Xxxxxxxxx задолжително треба да ја провери пратката. Доколку е затворена при превземање, истата ќе биде отворена за преглед во централниот магацин на Давателот на услугата . Доколку во текот на превозот се утврди дека пратката содржи забранети предмети, Xxxxxxxxx на услугите записнички ќе ја предаде пратката на надлежен орган кој приемот на истата ќе го потврди на другиот примерок од записникот. Доколку во текот на контролата се утврди дека пратката не може да продолжи до наведената дестинација, независно од причините кои се врзани со содржината или габаритот на пратката, клиентот е обврзан да го плати трошокот кој е направен за превземање на пратката и достава до централниот магацин.
Член 18
Независно како е договорено помеѓу Клиентот (Испраќач/Нарачател) и Примачот, плаќањето на услугите согласно овој договор, е исклучива обврска на Клиентот (Испраќач/Нарачател)..
Член 19
Клиентот има право во секое време да биде писмено информиран за евентуална промена на условите од овој договор.
РЕКЛАМАЦИИ
Член 20
Примачот или друго овластено лице има обврска на вообичаен начин да ја прегледа пратката која му е доставена за прием и за евентуалните недостатоци (оштетување или намалување на нејзината содржина) веднаш да го извести овластениот претставник на Давателот на услугите. Рекламација поднесена откако пратката е вообичаено прегледана и примена без било какви забелешки, не се прифаќа.
Член 21
Кога Xxxxxxxxxx на услугата има забелешки поради не доставена пратка до примачот или пратката е доставена со задоцнување, може да поднесе писмен приговор/рекламација во рок од 3 месеци од денот на превземањето на пратката.
Начин на достава на приговор е со пополнување на формулар за пријава на штета (Рекламација) кој го има на xxxxx://xxxxxxxxxx.xxx/xx-xxxxxxx/xxxxxxx/0000/00.xxx.
Формуларот треба да биде потполнет со точни информации , со дата, печат и потпис и да биде испратен на е-маил xxxxxxx@xxxxxxxxxx.xxx или во некоја од базите на Брза Пратка. Во барањето Корисникот на услугата има обврска да ги наведе фактите, доказите и висината на побарувањето на име надомест на штета.
ОСИГУРУВАЊЕ И ОБЕШТЕТУВАЊЕ
Член 22
За губење или оштетување на пратка на која не е означена нејзината вредност, Xxxxxxxxx на услугата претставник на брендот „Брза Пратка“ одговара за обештетување на Клиентот:
за оштетена пратка до 10 пати најмногу по вредноста на основната услугата на пратката (доколку не е договорено друго),
за изгубена пратка до 15 пати најмногу по вредноста на основната услугата (доколку не е договорено друго).
За губење или оштетување на пратка за која Корисникот на услугата ја означил вредноста, т.е. ја осигурал пратката, Давателот на услугите одговара за обештетувањето во висина на вредноста на осигурената пратка а кој износ може да изнесува најмногу 100.000,00 ден..
ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 23
23.1 Во случај на значителни промени во цената на горивата на домашниот пазар, како и значителни промени во цените на поштенските услуги на пазарот или основицата врз која се пресметуваат трошоците на Давателот на услугите во врска со вршењето на неговата дејност, а кои не зависат од него, Давателот на услугите го задржува правото на еднострани корекции на цените на услугите утврдени со овој договор.
23.2 Давателот на услугите се обврзува за горенаведените измени да го извести Клиентот односно истите да ги објави на својата интернет страница xxx.xxxxxxxxxx.xxx и на таков начин јавно да ги направи достапни до Клиентот.
Член 24
Давателот на услугите има дискреционо право да ги измени условите за давањето на неговите услуги, но има обврска за истото да го извести Клиентот по писмен пат.
Доколку Корисникот на услугата во рок од 7 (седум) дена од денот на приемот на известувањето за промена на условите од овој договор не го извести Давателот на услугите дека го откажува договорот, ќе се смета дека се согласил и ги прифатил во целост новите услови.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 25
Овој договор се склучува за времетрање од 1 (една) година, со можност за автоматско продолжување за секоја наредна година.
Доколку Корисникот на услугата не сака да го продолжи договорот, има обврска да го извести Давателот на услугите 30 (триесет) дена пред истекот на рокот за кој договорот е склучен.
Доколку клиентот не постапи согласно овој член и не го достави предметното известување во утврдениот рок, ќе се смета дека се согласил со автоматско продолжување на важноста на овој договор..
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 26
26.1 Секоја договорна страна има право еднострано да го раскине овој договор, во случај другата договорна страна да не се придржува и да ги крши обврските превземени со договорот.
Договорот се раскинува со писмено известување до другата договорна страна во кое страната која го раскинува договорот има обврска да ги наведе причините за раскинувањето.
26.2 Отказниот рок изнесува 8 (осум) дена од денот на приемот на известувањето од другата договорна страна.
Секоја договорна страна има должност да ги исполни сите тековни и заостанати обврски, кои произлегуваат од овој договор, заклучно со денот на неговото раскинување. Доколку не се исполнети обврските, договорт неможе да се раскине.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Член 27
Договорните страни се обврзуваат дека меѓусебно ќе соработуваат со внимание на добри стопанственици и дека меѓусебно ќе се информираат за сите работи кои имаат или би можеле да имаат влијание за реализирањето на овој договор во интерес на двете страни.
Член 28
Со потпишувањето на овој договор, Xxxxxxxx изјавува и потврдува дека е запознаен со фактот дека Давателот на услугите има обврска да ги чува оригиналните Товарителници за доставените пратки и да му ги направи достапни на Корисникот на услугата, најмногу за период од 6 месеца од денот на доставата на пратките, за која услуга ќе се наплаќа дополнително..
Член 29
Сите известувања помеѓу договорните страни ќе се сметаат за уредни доколку се направени на адресите/седиштата или маил адресите истакнати во воведниот дел од овој договор.
Член 30
Овој договор е изготвен во 2 (два) еднообразни примероци.
ДАВАТЕЛ НА УСЛУГАТА КОРИСНИК НА УСЛУГАТА
_________________________ _______________________