Contract
Институт на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) објавува
Оглас за вработување
За работно место: „Службеник за административна поддршка на контролата на квалитет“ во Институт на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ).
Адреса: Ул. 11 Октомври бр. 52А/1 – 3, 1000 Скопје
Број на извршители: 1 (еден)
Опис на работно место:
• Административни задачи и обврски поврзани со спроведување на контрола на квалитет од страна на ИОРРСМ;
• Административна поддршка на контролорите на квалитет на ИОРРСМ.
• Извршува и други административни работи согласно законските надлежности и актите на ИОРРСМ.
Потребни квалификации и исправи:
1. Дипломиран економист (диплома од високо образование степен VII/1
или најмалку 240 ЕКТС кредити);
2. Познавање на англиски јазик ;
3. Работно искуство од најмалку 5 години од областа на сметководство, ревизија или друга сродна дејност;
4. Потврди за неосудуваност од казнена евиденција и прекршочна евиденција, не постара од 6 месеци;
5. Доколку е член на ИОРРСМ да не му е изречена дисциплинска мерка од ИОРРСМ, во период од последните 3 години.
Услови за вработување:
• Договор за вработување на определено работно време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено работно време;
• Полно работно време од 8 часа дневно, односно 40 часа неделно од понеделник до петок.
• Почетна основна нето плата во висина од 30.000,00 денари.
Сите права и обврски на работникот се утврдени со Законот за работните односи, Општиот колективен договор од областа на стопанството, како и договорот за вработување.
Потребна документација:
Заинтересираните лица треба да достават кратка биографија со пропратните документи-докази за исполнување на потребните квалификации, до архивата на ИОРРСМ или по пошта на адреса: Ул. 11 Октомври бр. 52А/1 – 3, 1000 Скопје, Р.C. Македонија.
Документите/исправите од точка 5 од делот потребни квалификации, ИОРРСМ ги прибавува од службената евиденција.
Рокот за пријавување е заклучно со 30 август 2024 година.
По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју во просториите на ИОРРСМ или по пат на видео конференција, за што соодветно ќе бидат известени. Постапката ќе се одвива во рамките на законските рокови дадени во Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Заштита на лични податоци:
ИОРРСМ ги обработува личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. Со доставување на Вашата апликација на овој оглас за вработување, Вие доброволно ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на личните податоциможе да добиете на следниот Линк.