Contract
ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА НА ЗЕМЈИШТЕ
Склучен на ден_________во__________помеѓу:
1. ______________од_____ со стан на ул._______ бр.__ со лична карта број _______ и ЕМБГ___________, (од една страна како Продавач) и
2. ______________од ______ со стан на ул._______ бр.___ со лична карта број _______ и ЕМБГ ___________, (од друга страна како Купувач).
Член 1
Продавачот му продава на купувачот сопствено земјиште кое се наоѓа во_________, општина_________, на КП бр. ____ КО _____ со вкупна површина од___ м2, место викано ___, запишано во имотен лист број ____ издаден од страна на Агенцијата ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ на РМ – Сектор за премер и катастар-______
Оваа земјиште продавачот го стекнал во сопственост врз основа на ________________________________________________________________
Член 2
Купувачот се согласува да го купи предметното земјиште за кое продавачот одговорно тврди дека е негова лична сопственост стекната по основ на договор______________, дека нема хипотека ниту други товари или законски пречки за да се пренесе правото на сопственост врз недвижноста од продавачот на купувачот.
Член 3
Продажната цена на земјиштето се определува во висина од_______ и од таа сума ниту едниот ниту другиот нема да отстапуват.
Член 4
Начин на плаќање на цената е плаќање на договорениот износ од страна на купувачот веднаш на денот на потпишувањето и заверката на овој договор пред нотар.
Член 5
Во случај продавачот да го раскине договорот т.е да се откаже од договорот во периодот додека трае постапката за негова заверка и евидентирање кај надлежните органи, тогаш има обврска дам у го врати примениот износ на купувачот во цел износ.
Член 6
Продавачот се обврзува по приемот на парите на купувачот да му го предаде во владение земјиштето ослободено од сите товари.
Член 7
Xxxxxxx и другите давачки за заверка на овој договор ќе бидат платени од страна на купувачот.
Член 8
Откако овој договор ќе се завери од страна на овластен нотар купувачот е овластен сам без присуство на продавачот, да изврши пренос на сопственоста во јавните книги и да го запише правото на сопственост врз земјиштето кое е предмет на овој договор во надлежниот Сектор за премер и катастар на _____при Државен завод за геодетски работи на Република Македонија.
Член 9
Во случај трето лице да го оспори договорот за купопродажба или да претендира дека тој е сопственик на земјиштето, а не продавачот, тогаш продавачот се обврзува во спорот да се јави на страната на купувачот – заштита од евикција.
Член 10
Овој договор е склучен во ____ исти примероци од кои по____ за секоја договорна страна, а два примероци за службена употреба пред надлежните органи и институции.
КУПУВАЧ: ПРОДАВАЧ:
________________ _______________