Contract
МЕМОРАНДУМ 3А СОРАБОТКА
1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Машински факултет – Скопје, со седиште на ул. Руѓер Бошковиќ бб – Скопје, застапуван од Деканот, проф. д-р Xxxxx Xxxxx.
2. ________________________, со седиште на ____________________, застапуван од управител, _____________.
Во понатамошниот текст, „страните потписнички“
Општи одредби
Член 1
Меморандумот за соработка (во понатамошниот текст „Меморандум“) има цел воспоставување на соработка на полето на образованието и науката помеѓу страните потписнички.
Облици и начин на соработка
Член 2
Соработката подразбира изведување на практична настава за студентите на Машински факултет – Скопје.
Член 3
Врз основа на овој Меморандум, страните потписнички поаѓајќи од своите интерни правила и интереси, можат да склучат посебни договори во врска со меѓусебната соработка.
Финансиски одредби
Член 4
Активностите и соработката не предизвикуваат никакви финансиски импликации и ги почитуваат правилата и прописите воспоставени од страните потписнички.
Сите активности за кои ќе бидат потребни финансиски средства ќе бидат уредени со посебен договор.
Дополнувања и прекин
Член 5
Овој Меморандум може да биде дополнет или изменет со анекс на барање на страните потписнички.
Секоја од страните потписнички може да го раскине овој Меморандум со писмено известување до другата страна потписничка, 30 дена пред настапување на прекинот на важењето на Меморандумот.
Важност на Меморандумот
Член 6
Овој Xxxxxxxxxx стапува на сила на денот на потпишувањето и ќе остане на сила додека не биде раскинат.
Овој Меморандум е склучен во 4 (четири) еднообразни примероци, по 2 (два) за секоја страна потписничка.
Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, ___________________________
Машински факултет - Скопје,
Декан управител
_______________________ _______________________
Проф. д-р Xxxxx Xxxxx ______________