I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1
ДОГОВОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СРЕДСТВА ЗА СМЕТКА НА ИНДИВИДУАЛЕН КЛИЕНТ-СОПСТВЕНИК НА ПОРТФОЛИО
Број /20
Склучен на ден година помеѓу:
Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, со седиште на бул. Xxxx Xxxxx бр. 3/2 кат 3 и 4, 1000 Скопје, со ЕМБС 6983120, даночен број 4080014546756, Клиентска сметка: 300000004405388 Комерцијална банка - во продолжение: Друштвото и
Инвеститор:
ИМЕ и ПРЕЗИМЕ/НАЗИВ | |
ПОСТОЈАНО ЖИВЕАЛИШТЕ/СЕДИШТЕ | |
КОНТАКТ ТЕЛ. БРОЈ / ФАКС | |
Е - маил | |
ДАТУМ и МЕСТО НА РАЃАЊЕ/ОСНОВАЊЕ | |
ЕМБГ/ЕМБС | |
ВИД И БРОЈ НА ИДЕНТИФИКАЦИОНЕН ДОКУМЕНТ И ИМЕ НА ИЗДАВАЧОТ |
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1
Со овој Договор, Инвеститорот дава налог на Друштвото, а Друштвото го прифаќа налогот во негово име и за негова сметка да ги инвестира неговите парични средства во финансиски инструменти; да ги превземе под управување хартиите од вредност сопственост на Kлиентот и да управува со портфолио (во понатамошниот текст - Портфолио).
Член 2
Инвеститорот го овластува, а Друштвото се обврзува да управува со Портфолиото, извршувајќи ги при тоа сите потребни активности, а особено:
• на Инвеститорот кај Централениот Депозитар за Хартии од Вредност АД Скопје (во продолжение ЦДХВ) да му отвори сметка за управување;
• да издава налози за купување и продажба на хартии од вредност во име и за сметка на Инвеститорот преку овластени учесници на пазарот на капитал во земјата и странство;
• да ги вложува паричните средства во депозити во овластени банки во Република Македонија;
• да купува и продава удели во инвестициски фондови во земјата и странство;
• во согласност со политиката за вложување утврдена во Договорот, за сметка на Инвеститорот да вложува парични средства на Инвеститорот во хартии од вредност или други финансиски инструменти со цел диверзификација на ризикот;
• да изготвува пресметка на вредноста на Портфолиото и за истото да го извести Инвеститорот;
• да прима дивиденди, камати, главници и сите останати парични приливи кои произлегуваат од инвестирањето на средствата;
• да превземе активности за остварување на правото на глас и останати права на Инвеститорот кои произлегуваат од инвестирањето на средствата.
Хартии од вредност, кои се предмет на управување, се водат на Портфолио сметка во ЦДХВ или во случај на хартии од вредност во странство во депозитарни институции во странство. Уплатените парични средства се чуваат на посебна сметка отворена кај Комерцијална банка, одвоено од сметките на кои се чуваат средствата на Друштвото.
Член 3
При вложување на средствата, а со намера остварување на поставените цели и инвестициската политика, Друштвото ќе ги почитува следните принципи:
• Диверзификација на ризикот;
• Профитабилност;
• Ликвидност;
• Совесност, професионалност и постапување со внимание на добар стопанственик;
• Транспарентност;
• Заштита на интересите на странките;
• Доверливост и тајност на податоците и
• Непристрасност и неутралност.
Член 4
Коресподенција помеѓу Друштвото и Инвеститорот, доколку условите и законските прописи тоа го дозволуваат, ќе се одвива по електронски пат, а во спротивно по писмен пат. На барање на Инвеститорот целокупната коресподенција може да се одвива и само по писмен пат. Со потпишување на овој Договор, Инвеститорот се согласува писмено да го извести Друштвото за евентуални промени на личните податоци (во кои се содржат адресни податоци). Во спротивно, секоја достава од страна на Друштвото до Инвеститорот се смета дека е уредно извршена на адресата наведена во овој Договор.
Член 5
Составен дел на овој Договор се:
• Општите услови за вршење работи на управување со средства за сметка на индивидуален клиент-сопственик на портфолио и инвестиционо советување на Друштвото (во продолжение: Општи услови за работење);
• Опис на видовите финансиски инструменти
• Тарифник за висина на надоместоците за вршење работи на управување со средства за сметка на индивидуален клиент (во продолжение Тарифник);
• Трошоци од трети страни при тргување со финансиски инструменти
• Опис на видовите стратегија (во продолжение Стратегија);
• Индивидуална политика на вложување
• Прашалник.
• Опис на видовите финансиски инструменти.
Инвеститорот со потпишување на Договорот дава изјава дека сите погоре набројани документи во овој челн му биле предадени пред склучување на Договорот, дека детално ги разгледал и проучил и дека со истите во целост се согласува.
Доколку двете страни во овој Договор нивните односи ги уредиле поинаку отколку што тоа го утврдуваат Општите услови за работење, преовладуваат Договорните одредби над одредбите од Општите услови за работење.
II. ПОЛИТИКА НА ВЛОЖУВАЊЕ Член 6
Инвеститорот се обврзува на Друштвото да му довери средства за управување и тоа:
• парични средства во висина од МКД. Инвеститорот за времетраењето на овој Договор може да вложува дополнително средства по свое видување, притоа назначувајки го бројот на Договорот при уплатата на средствата во Известување кое ќе го достави до Друштвото за секоја следна уплата. Известувањата ќе се сметаат за прилози кон Договорот.
• хартии од вредност во висина од МКД. Начинот на пресметка на средствата дадени под управување е дефиниран во Општите услови за работење. Хартиите од вредност дадени под управување се наведени во Прилог бр.1
Инвеститорот се обврзува да изврши уплата на средствата веднаш по потпишувањето на Договорот, на посебната сметка на Друштвото отворена кај Комерцијална банка, утврдена во Договорот.
Договорните страни се согласни почетната вредност на Портфолиото на Инвеститорот да се утврди како збир на уплатените парични средства и прифатените хартии од вредност.
Член 7
Друштвото средствата на Инвеститорот ги вложува согласно Индивидуалната политика на вложување, која е составен дел од овој Договор, односно во следните видови на хартии од вредност:
%
%
o акции
o обврзници
o депозити %
o удели во инвестициски фондови под услов портфолиото на инвестициските фондови во кои ќе се вложуваат средствата не е составено од повеќе од 10% од удели или акции на инвестициски фондови %
o по согледување на Друштвото во зависност од условите на пазарот на капитал
Друштвото ќе ги вложува средствата на Инвеститорот во хартии од вредност со кои се тргува на пазарите утврдени во Индивидуалната политика за вложување која е составен дел на овој Договор.
III. ПРЕСМЕТКА НА ВРЕДНОСТА НА ПОРТФОЛИОТО
Член 8
Пресметката на вредноста на Портфолиото Друштвото ја врши согласно Правилникот за утврдување на нето вредност на имотот на отворен и затворен инвестициски фонд и за пресметување на нето вредноста на имотот по удел или по акции во инвестицискиот фонд (Службен весник на РМ бр )
(ќе го додадеме во понеделник).
Друштвото ја утврдува вредноста на Портфолиото секојдневно. Друштвото ја пресметува вкупната вредност на портфолиото со кое управува и ги утврдува сите надоместоци на Инвеститорот. Нето вредноста на портфолиото претставува разлика меѓу вкупната вердност и вредноста на надоместоците. Вредноста на портфолиото на денот на пресметката претставува збир на вредноста на сите видови средства кои со законот се пропишани како дозволени вложувања. Вредноста на портфолиото се пресметува врз основа на пазарните вредности на хартиите од вредност, финансиските инструменти, депозитите во овластените банки и други имотни вредности.
За сопственичките и долгорочни должнички хартии од вредност со кои се тргува во Република Македонија, за објективна вредност на денот на пресметката се смета официјалната дневна просечна цена на определена хартија од вредност постигната на регулиран пазар. За цена на уделите во инвестициските фондови се зема последната цена која е официјално објавена од страна на Друштвото за управување со инвестициски фондови. Вкупната вредност на орочените депозити се пресметува согласно каматните стапки на банката со примена на претходно утврдена метода за пресметување на камата. За сопственичките хартии од вредност во странство, објективната вредност се дефинира врз основа на цената на последната реализирана трансакција со тие хартии од вредност остварена тој ден на матичната берза на издавачот или берзата која е дефинирана како примарен извор на цената на предметната хартија од вредност, а цената е официјално котирана/ регистрирана на финансиски - информациски сервис. За должничките хартии од вредност со кои се тргува во странство на пазарите од овој став, објективната вредност се пресметува по цена на последната реализирана трансакција со тие хартии од вредност официјално котирана/регистрирана (вклучена) на финансиски - информациски сервис.
Член 9
Добивката на Инвеститорот е разликата помеѓу вредноста на Портфолиото на денот на утврдување на добивката зголемена за разликата помеѓу износот на исплатени и уплатени средства и на највисоката пресметана вредност на Портфолиото во претходните пресметковни периоди.
Како највисоката пресметана вредност на Портфолиото се зема вредноста на Портфолиото од претходните пресметковни периоди намалена за провизијата која ја наплаќа Друштвото. При пресметката се земаат во предвид сите уплатени и исплатени парични средства во и од Портфолиото и предавањето на хартиите од вредност во и од Портфолиото во периодот за кој се утврдува добивката.
Дивидендите и каматите кои произлегуваат од инвестирањето на средствата се вклучуваат во вкупната вредност на Портфолиото на денот на стекнување на правата над истите.
Добивката на Портфолиото на Инвеститорот се утврдува четири пати во одделна календарска година и тоа според состојбата на ден 31 март, 30 јуни, 30 септември и 31 декември (во продолжение: пресметковни периоди). Провизијата на успех се наплатува во рок од 15 дена по завршување на пресметковниот период. Доколку во пресметковниот период не е остварена добивка за Инвеститорот, Друштвото нема право да наплати провизијата на успех додека вредноста на Портфолиото повторно не го достигне нивото на последната највисока пресметана вредност на Портфолиото.
Друштвото му доставува на Инвеститорот извештај за состојбата на Портфолиото со состојба по завршување на секој пресметковен период, односно 31 март, 30 јуни, 30 септември и 31 декември. На барање на Инвеститорот извештај за состојбата на Портфолиото може да се генерира во секое време.
Извештајот за состојбата на портфолиото ќе ги содржи најмалку следните информации:
1. Назив на друштвото
2. Број на сметка на Инвеститорот
3. Извештај за содржината и вреднувањето (проценката) на портфолиото вклучувајќи детали за секој инструмент кој се чува за Инвеститорот, неговата пазарна вредност, парична состојба на почетокот и на крајот од периодот на известување и приносот на портфолиото во текот на извештајниот период. Доколку за финансискиот инструмент не постои пазарна вредност, неговата фер (објективна) вредност се утврдува со користење на посебни методи на вреднување
4. Вкупниот износ на надоместоците и трошоците направени во текот на периодот на известување, со спецификација најмалку на вкупниот надоместок за управување и вкупните трошоци за извршување, како и подетална спецификација по барање на Инвеститорот
5. Споредба на приносот на портфолиото за време на периодот опфатен со извештајот со референтна вредност, доколку таква референтна вредност е договорена
6. Вкупен износ на дивиденди, камати и други плаќања поврзани со портфолиото на Инвеститорот, примени во текот на извештајниот период
7. Податоци за други корпоративни акции кои даваат права во однос на финансиските инструменти кои се чуваат во портфолиото.
Член 10
Инвеститорот е должен самостојно да поднесе аконтативна даночна пријава до органот за јавни приходи во согласност со Законот за персонален данок.
IV. НАДОМЕСТОЦИ И НАЧИН НА ПРЕСМЕТКА Член 11
Инвеститорот е согласен да му се наплатат надоместоците за вршење на работи на управување со средствата на индивидуалниот
клиент, кои паѓаат на товар на Инвеститорот и се утврдени согласно важечкиот Тарифник.
Член 12
Влeзна провизија - Друштвото наплаќа влезна провизија од ___ + ДДВ по исполнување на условите утврдени во Член 16, став 2 од Општите услови за работа. Инвеститорот се согласува да му се наплати влезна провизија на уплатените средства од паричните средства во Портфолиото, врз основа на избраната стратегија за управување.
влезен надоместок = вкупно инвестирани средства х % на влезен надоместок
Провизија на успех – на вкупната добивка која ќе се утврди во пресметката во член 9 ќе се наплатува провизија на успех во висина од ______% + ДДВ. Провизијата на успех се пресметува квартално, а наплатата на пресметаниот износ се врши по завршување на пресметковниот период во рок од 15 дена. Провизијата за успех, се наплатува од паричните средства кои на денот на пресметката се наоѓаат во Портфолиото. Доколку на денот на пресметката нема доволно парични средства, надоместокот се наплатува со продажба на хартии од вредност на Портфолиото. Провизијата на успех се пресметува по следната формула:
ПУ = [ВП(t) – ВП(max)-ЗУС(max-t)+ЗИС(max-t) + ПУ(маx – tx)] x%ПУ Провизија на успех – ПУ
Нето вредност на портфолио (крај на период) - ВП(t)
Највисока пресметана нето-вредност на портфолиото – ВП(max) Збир на уплатени средства во периодот од ВП(max) до ВП(t) = ЗУС Збир на исплатени средства во периодот од ВП(max) до ВП(t) = ЗИС
Надомест на успех на последна највисока нето-вредност во портфолиото - ПУ(маx – tx)
Управувачка провизија - во висина од_____% + ДДВ која се пресметува врз основа на дневна нето вредност на Портфолиото, а по следната формула:
остварен годишен надоместок за управување x
1
365 , и се наплаќа месечно, за претходниот месец од паричните средства кои на денот на
пресметката се наоѓаат во Портфолиото. Доколку на денот на пресметката нема доволно парични средства, надоместокот се наплатува со продажба на хартии од вредност на Портфолиото.
Излезна провизија не се наплатува.
При секоја трансакција со финансиски инструменти, Друштвото ќе ги пресметува и наплаќа надоместоците на посредничка куќа (во земјата или во странство), банката чувар и/или депозитарна институција, МБХВ, ЦДХВ, КХВ согласно нивните тарифници како и други трошоци кои ќе произлезат од купопродажбата на имот во Портфолиото. Износот на овие надоместоци е во висина на стварните трошоци кои произлегуваат од трансакциите со финансиски инструменти. Трошоците кои се однесуваат на банка чувар и/или депозитарна институција, кои се поврзани со чување на финансиски инструменти се на товар на Друштвото.
Член 13
Друштвото не презема одговорност за посредна или непосредна штета, која би настанала на Инвеститорот или на трето лице поради постапување на банката чувар и/или депозитарна институција (во земјата или во странство), КХВ, ЦДХВ, МБХВ или извршителите на платниот промет, освен во случај на намерно постапување или големо невнимание на Друштвото.
V. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 14
Овој Договор се склучува на неопределен временски период и истиот може да се откаже во секое време.
Во случај на еднострано откажување на Договорот од страна на Инвеститорот, Друштвото не наплатува дополнителни трошоци.
Секоја договорна страна може да го откаже Договорот без да ги наведува причините, во рок од 7 (седум) дена со поднесување на барање во писмена форма. Договорот се смета за откажан после истекот на рокот од 7(седум) дена од датумот од поднесувањето на писменото барање за откажување на Договорот. Доколку Договорот не биде откажан во овој рок, се смета дека автоматски се продолжува.
Друштвото е должно после откажување на Договорот да изврши пресметка на пазарната вредност на Портфолиото, да изготви преглед на сите извршени активности и да ги предаде на Инвеститорот.
Доколку Инвеститорот по откажување на Договорот, сака да ги конвертира хартиите од вредност од Портфолиото во парични средства или сака да конвертира само еден дел, должен е таквата своја намера во писмена форма да ја најави најрано 30 дена пред откажување на Договорот.
Во случај на откажување на Договорот, Друштвото ги предава на Инвеститорот хартиите од вредност кои се во негова сопственост, после извршената уплата од страна на Инвеститорот на делот од добивката (провизијата на успех) што припаѓа на Друштвото. Доколку
Инвеститорот не ја изврши уплатата во корист на Друштвото во рок од 7 (седум) дена после откажувањето на Договорот, ќе се применуваат одредбите од член 12 од овој Договор.
Договорните страни се должни на датумот на откажување на Договорот да ги подмират сите взаемни обврски во согласност со одредбите на овој Договор.
Член 15
Инвеститорот е согласен, Друштвото да ги користи неговите лични податоци за успешно реализирање на сите права и обврски кои произлегуваат од овој Договор пред трети лица.
Член 16
Друштвото и Клиенот се обврзуваат евентуалните спорови да ги решаваат спогодбено.
Доколку не може да се постигне спогодбено решение на спорот, за решавање на спорот е надлежен стварно надлежниот суд во Скопј е.
Член 17
Договорот е составен во два еднакви примероци, од кои по еден за секоја од договорните страни. Договорот стапува на сила на денот на потпишување од двете страни.
Потпис на Инвеститор Потпис на овластено лице:
ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје
ПРИЛОГ БР. 1
СПЕЦИФИКАЦИЈА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ЗЕМЕНИ ПОД УПРАВУВАЊЕ
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИМАТЕЛОТ
ЕМБГ/ЕМБС/Број на пасош: |
Државјанство: |
Име/назив на Фирма: |
Презиме: |
Број на сметка во ЦДХВ: |
СОПСТВЕНОСТ:
Ред бр. | Назив на издавачот | XXXX | Xxxxxxxx |
Скопје, година
Потпис на Инвеститор
ПРИЛОГ БР. 2
И З Ј А В А
Од, , со адреса на живеење , со ЕМБГ , под целосна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека:
- сум запознаен/а со Општите услови вршење на работи на управување со средства за сметка на индивидуален клиент-сопственик на портфолио и инвестиционо советување и истите во целост ги разбирам и прифаќам;
- ги разбирам и прифаќам условите и ризиците кои произлегуваат од инволвираноста во тргувањето со финансиски инструменти;
- сум согласен да добијам пристап до веб страна на која ќе можам да ги следам сопствените инвестиции преку најавување со корисничко име и лозинка.
Изјавата ја дава:
Скопје, година