Contract
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕТО НА УСЛУГИТЕ е-ДОКУМЕНТАЦИЈА
Основни одредби
1. Посебните услови за користење (во натамошниот текст ПУК) на услугите е-ДОКУМЕНТАЦИЈА ги дефинираат правата и обврските на Даталаб МК д.о.о.е.л. ЛујПастер 5/4-5 Скопје, Македонија, даночен број: 4030005549311, како ПОНУДУВАЧ на услугите е-ДОКУМЕНТАЦИЈА како и начин и услови за користење на истата.
2. НАРАЧАТЕЛОТ го користи софтверскиот пакет Даталаб ПАНТЕОН (вонатамошниот текст Апликација) и ќе користи услуги наведени во ПУК само во склад со Апликацијата.
3. НАРАЧАТЕЛОТ е правно лице кое склучува важечки ПРЕТПЛАТНИЧКИ ДОГОВОР за користење на услугите дефинирани во ПУК со ПОНУДУВАЧОТ.
4. РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН КОРИСНИК е физичко лице или овластен компјутерски корисник на НАРАЧАТЕЛОТ, кој управува со е-ДОКУМЕНТАЦИЈА. РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН КОРИСНИК со овие ПУК е истовремено одреден како примарна особа за контакт на НАРАЧАТЕЛОТ која ПОНУДУВАЧОТ преку адресата за електронска пошта наведена од РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН КОРИСНИК, известува за сите прашања кои произлегуваат од овие ПУК.
5. Услугата е-ДОКУМЕНТАЦИЈА е склад на сите соодветно сочувани документи кои НАРАЧАТЕЛОТ како корисник ќе ги користи и чува во Апликацијата со цел да не бидат загубени.
6. Услугата е-ДОКУМЕНТАЦИЈА е додатна услуга која се плаќа.
7. РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН КОРИСНИК за НАРАЧАТЕЛОТ управува со е-ДОКУМЕНТАЦИЈА во склад со упатствата на ПОНУДУВАЧОТ и за кои ги прифатил условите за користење. Начинот на користење на е-ДОКУМЕНТАЦИЈА е опишан во упатствата за користење на Апликацијата и не е дел од овие ПУК.
8. Користење на услугите од овие ПУК се наплатува во склад со тековно важечкиот ценовник на ПОНУДУВАЧОТ.
9. Со потврдување на овие ПУК, НАРАЧАТЕЛОТ изјавува дека се согласува со оваа верзија на ПУК, важечка во било кој момент, а која е објавена на интернет страница на ПОНУДУВАЧОТ.
10. ПРЕТПЛАТНИЧКИ ДОГОВОР е спогодба помеѓу ПОНУДУВАЧОТ и НАРАЧАТЕЛОТ за користење на услуги од овие ПУК. ПРЕТПЛАТНИЧКИ ДОГОВОР се склучува на неодредено време, дефинирано во содржината на пакетот кој ќе го одбере НАРАЧАТЕЛОТ. Доколку се раскине договорот за лиценца за програмскиот пакет Даталаб ПАНТЕОН, престанува да важи и ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР и условите за користење од овие ПУК.
11. На НАРАЧАТЕЛОТ заедно со месечниот износ на избраниот пакет се пресметува и месечна претплата за услугата е-ДОКУМЕНТАЦИЈА во склад со важечкиот ценовник.
12. За корисниците на локалните ПАНТЕОН лиценци, пресметковниот период за секоја нова претплата на услугите е-Сервиси се синхронизира со датумот на регистрација на првата услуга за е-Сервиси. НАРАЧАТЕЛОТ кој користи локална ПАНТЕОН лиценца ќе му биде наплатено еднаш годишно за е-ДОКУМЕНТАЦИЈА во склад со важечкиот ценовник или месечно ако износот надминува 50 евра + ДДВ.
13. Промена на пакетот за корисниците на локалните ПАНТЕОН лиценци се наплатува сразмерно на датумот на прва заклучена претплата, во месецот кога се менува пакетот услуги.
14. Кај услугата е-ДОКУМЕНТАЦИЈА, износот на избраниот пакет е поврзан со количината на зафатениот простор на НАРАЧАТЕЛОТ на услугите од овие ПУК и во таа смисла бројот на поединечните бази на податоци не влијае на цената на пакетот.
Обврски на ПОНУДУВАЧОТ
15. ПОНУДУВАЧОТ ќе овозможи давање услуги за е-ДОКУМЕНТАЦИЈА и безбедно складирање на е- ДОКУМЕНТИ во рамки на капацитетот на закупениот простор (мерено во гигабајти) за е- ДОКУМЕНТАЦИЈА за време на траење на ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР.
16. ПОНУДУВАЧОТ има обврска да овозможи пристап на е-ДОКУМЕНТАЦИЈА за време на траење на ПРЕТПЛАТНИЧКИ ДОГОВОР во било кој момент кога НАРАЧАТЕЛОТ побара, под услов НАРАЧАТЕЛОТ да не ја избришал бараната е-ДОКУМЕНТАЦИЈА.
17. ПОНУДУВАЧОТ има обврска да обезбеди сигурно и безбедно складирање на податоците за е- ДОКУМЕНТАЦИЈА на свој простор на диск. Кога ПОНУДУВАЧОТ ќе ја прими е-ДОКУМЕНТАЦИЈАТА од Апликацијата преку безбеден (https) протокол, ја чува на наменски диск кој дневно се бекапира на потсистемите на дискот.
19. ПОНУДУВАЧОТ дава електронски услуги од овие ПУК во склад со одредбите на Законот за електронски документи, електронска идентификација и услугите за доверба во електронското работење, како и Законот за заштита на лични податоци на Македонија.
20. ПОНУДУВАЧОТ се обврзува дека електронските услуги ќе ги извршува во склад со овие ПУК и неопходното знаење.
21. ПОНУДУВАЧОТ има обврска на НАРАЧАТЕЛОТ редовно да му издава сметка за извршените услуги како дел од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР. ПОНУДУВАЧОТ извршените услуги ги пресметува во склад со моментално важечкиот ценовник, при што пресметковниот период е поврзан со типот на ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР и важечкиот ценовник. Доколку НАРАЧАТЕЛОТ не ја прими сметката за извршените услуги во претходниот пресметковен период во рок од петнаесет (15) дена после истекот на пресметковниот период, има обврска веднаш за тоа да го извести ПОНУДУВАЧОТ . НАРАЧАТЕЛОТ може да ја рекламира сметката во рок од осум
(8) дена после приемот на таа сметка.
22. ПОНУДУВАЧОТ го задржува правото да промени поединечни параметри во ПУК или исклучи некои поединечни или сите електронски услуги од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР поради технолошки, правни или економски причини. Меѓутоа, има обврска за тоа да го извести НАРАЧАТЕЛОТ најмалку деведесет (90) дена однапред.
Обврски на Нарачателот
23. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да ја користи апликацијата верзија 10.0.13.20 или понова и има соодветни ПАНТЕОН поставки за давање на услугата е-ДОКУМЕНТАЦИЈА спрема ПУК.
24. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да дефинира сопствени безбедносни политики за е- ДОКУМЕНТАЦИЈА, како што е време на чување на е-Документи и протоколи за бришење на тие документи од архивата на ПОНУДУВАЧОТ.
25. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да управува со сопствена е-ДОКУМЕНТАЦИЈА и складирање на податоците кои ги презема. РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КОРИСНИК има обврска да обезбеди доволно простор за е-ДОКУМЕНТАЦИЈА и непрекинато складирање во согласност со својата политика за заштита на податоците.
26. НАРАЧАТЕЛОТ поставува видови е-ДОКУМЕНТАЦИЈА кои сака да ги складира во е- ДОКУМЕНТАЦИЈА во Класификациската шема на Апликацијата.
27. НАРАЧАТЕЛОТ ја користи Апликацијата за преглед и управување со складот (меморијата) каде што е складирана е-ДОКУМЕНТАЦИЈАТА, за преглед и управување со е-ДОКУМЕНТАЦИЈАТА и управување (одобрување и отповик) со дозволите за пристап на РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ КОРИСНИЦИ. ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР се регулира преку Даталаб порталот за корисници (xxxxx://xxxxxxxx.xxxxxxx.xx).
28. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да инсталира верзија на апликацијата која поддржува е- ДОКУМЕНТАЦИЈА и нејзино складирање. Во случај на технички измени во Апликацијата или услугите на ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР, Корисникот има обврска да ја инсталира ажурираната верзија на Апликацијата која одговара на овие промени.
29. РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КОРИСНИК кој прв пат се регистрира како НАРАЧАТЕЛ станува администратор, кој може да овласти други РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ КОРИСНИЦИ да ги користат електронските услуги на ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР, така да можат да користат електронски услуги во име на НАРАЧАТЕЛОТ и на негов трошок. Администраторот може да ги пренесе своите овластувања за администрација на друг РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН КОРИСНИК.
30. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да ги плати сметките кои произлегуваат од овој ПРЕТПЛАТНИЧКИ ДОГОВОР, издадени од страна на ПОНУДУВАЧОТ во рокот одреден на сметката. Во случај на доцнење со плаќањето, ПОНУДУВАЧОТ има право да пресмета законска камата на НАРАЧАТЕЛОТ.
Прекин на услугата
31. НАРАЧАТЕЛОТ кој ги платил сите долгови спрема ПОНУДУВАЧОТ може да го раскине ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР преку Даталаб Usersite порталот (xxxxx://xxxxxxxx.xxxxxxx.xx) или со писмена изјава за прекин на соработката со другата страна. Отказниот рок е еден (1) месец, почнувајќи од првиот ден на следниот месец после доставената изјава за прекин на соработката со ПОНУДУВАЧОТ. Промената се зема во предвид за следниот пресметковен период.
32. ПОНУДУВАЧОТ може на НАРАЧАТЕЛОТ привремено да му оневозможи користење на наплатливи електронски услуги од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР во следните случаи:
a) доколку НАРАЧАТЕЛОТ не ги почитува одредбите од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР и/или одредбите ПУК,
b) доколку НАРАЧАТЕЛОТ не ги плати доспеаните обврски во рок од 15 дена после прием на опомена.
33. ПОНУДУВАЧОТ може да ја откаже или исклучи услугата веднаш, ако:
a) НАРАЧАТЕЛОТ не ги почитува условите за користење на Апликацијата и/или други поврзани услуги
b) НАРАЧАТЕЛОТ не ги подмирува обврските спрема ПОНУДУВАЧОТ во рок од 30 дена после прием на опемена.
34. ПОНУДУВАЧОТ има обврска во писмена форма да го извести НАРАЧАТЕЛОТ за прекин на договорот и да го повика во рок од триесет (30) дена после приемот на известувањето преку администраторската конзола во ПАНТЕОН ја пренесе својата е-ДОКУМЕНТАЦИЈА. После истекот на овој период, ПОНУДУВАЧОТ трајно и неотповикливо ќе ја избрише целата е-ДОКУМЕНТАЦИЈА.
Исклучување на одговорност
35. ПОНУДУВАЧОТ не е одговорен за содржината на складираната е-ДОКУМЕНТАЦИЈА или за штетата што може да биде предизвикана со содржината на е-ДОКУМЕНТАЦИЈАТА за НАРАЧАТЕЛОТ, односно за трети лица.
36. ПОНУДУВАЧОТ не е одговорен за штета направена на НАРАЧАТЕЛОТ, РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КОРИСНИК или било која трета страна за не функционирање на електронските услуги од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР.
37. ПОНУДУВАЧОТ не е одговорен за штета направена на НАРАЧАТЕЛОТ или било која трета страна поради виша сила или промени во законодавството, после одлуки на надлежни органи, или од било која друга причина која ПОНУДУВАЧОТ не можел да ја предвиди, ублажи или избегне.
38. НАРАЧАТЕЛОТ на електронски услуги со ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР нема право на надокнада на било каква штета во случај на привремен или постојан ненајавен престанок на давање на електронските услуги. Исто така, нема право на надокнада на било каква штета доколку ПОНУДУВАЧОТ го раскине ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР поради вина на НАРАЧАТЕЛОТ.
Собирање и заштита на податоците
39. ПОНУДУВАЧОТ и било кој од неговите производители имаат воспоставен и добро документиран систем за управување со заштита на податоците. Системот за управување со заштита на податоците се базира на извршената проценка на ризик, која е основа за избор на соодветни мерки и контрола на безбедноста. ПОНУДУВАЧОТ управува со сите процеси на купување, развој и одржување на својата информатичка технологија во склад со националните и меѓународни стандарди.
40. ПОНУДУВАЧОТ има обврска да ги обработи сите осетливи податоци до кои има пристап бидејќи дава електронски услуги од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР во склад со Законот за заштита на лични податоци на Македонија. Сите осетливи податоци се документи и сите други информации кои НАРАЧАТЕЛОТ експлицитно ги означил како такви, или кои со релевантни одредби се пропишани како такви.
41. ПОНУДУВАЧОТ може со намера да ја провери вистинитоста на податоците кои се доставени за време на регистрацијата, односно подоцна изменети, да провери дали доставените податоци се точни кај било кој орган, институција, работодавец, банка или друг обработувач на личните податоци.
42. ПОНУДУВАЧОТ може без ограничување да собира и обработува псеудо податоци кои се однесуваат на услугата предвидена со ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР и да ги користи за контрола, мерење или подобрување на услугата или за други намени во работењето.
43. ПОНУДУВАЧОТ може со цел анализа на сопствените услуги, да користи псеудо податоци за услугите од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР. Псеудо податоците, кои можат да бидат придружени со податоците кои се обработени на ист начин, ПОНУДУВАЧОТ може да ги објавува или пренесува на трети лица.
Завршни одредби
44. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска веднаш, а најдоцна во рок од 8 дена, прати известување за сите промени на неговите лични податоци кои се однесуваат на услугите од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР. НАРАЧАТЕЛОТ има обврска да достави документи во кои може да се утврдат измените на податоците или условите. Пред да прими такво известување, постојните податоци на НАРАЧАТЕЛОТ се сметаат точни и целосни. Доколку НАРАЧАТЕЛОТ благовремено не достави известување, тој е одговорен за сите последици. Доколку НАРАЧАТЕЛОТ не ги соопшти
промените на своите податоци и ПОНУДУВАЧОТ за тоа дознае од други канали, ПОНУДУВАЧОТ може веднаш да го прекине ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР.
45. ПОНУДУВАЧОТ може во било кој момент да го промени ПУК, понудата и цената на услугите во склад со важечкото законодавство. ПОНУДУВАЧОТ има обврска да го извести НАРАЧАТЕЛОТ директно или со јавно известување за сите промени и дополнувања најмалку деведесет (90) дена пред да влезат во сила. НАРАЧАТЕЛОТ се смета дека е согласен со промените и дополнувањата ако продолжи да ги користи услугите после објавените промени и дополнувања. ПОНУДУВАЧОТ има обврска да го извести НАРАЧАТЕЛОТ за промените во ценовникот најмалку триесет (30) дена пред влегување во сила на новиот ценовник или нов вид на наплата.
46. Двете страни се согласни спогодбено да се решат сите спорови кои произлегуваат од ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР. Ако тоа не е можно, надлежен е судот во Скопје со соодветна јурисдикција за решавање на спорот над овој предмет. Се применуваат законите на Македонија.
47. ПУК важат од 8 април 2019 и јавно се достапни на WEB страницата на ПОНУДУВАЧОТ.