Contract
Член 1: Вовед
1. ФД Фикс Кредит ДООЕЛ Тетово со регистрирано седиште (и адреса за доставување) на ул. Xxxx Xxxxxxxxx Бр. 80, Лок 4, Тетово, 1200 Тетово, Република Северна Македонија, со ЕМБС7650027, регистриран во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица во
Централниот регистар на Република Северна Македонија е-маил: xxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx, тел:000000000, во понатамошниот текст ДАВАТЕЛ НА КРЕДИТ во Прилог 1, составен дел на Договор за кредит - "Фикс кредит"
2. Оваа верзија на Општите услови, исто така, е достапна на веб страната (видете, дефиниција подолу).
Член 2: Дефиниции
1. За целите на овие Општи услови:
Закон за заштита на податоци – Законот за заштита на лични податоци (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 7/2005, изменет),
Граѓански законик – Закон за облигациони односи (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 18/2001, изменет),
Договор – ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ – Договорот, со сите прилози кон истиот, а доколку е наложено со контекстот, овој поим значи документ на договор за потрошувачки кредит,
Кредитна контрола – процес на процена на кредитната способност на Корисникот на кредит, проверка и ревизија на можноста за враќање на Кредитот,
Камата – износ на каматата која треба да се плати на Давателот на кредит како надомест за користење на парите на Давателот на кредит,
Кредит – ИЗНОСОТ НА КРЕДИТОТ (како што е дефинирано во Договорот) префрлен на Корисникот на кредит од страна на Давателот на кредит,
Општи услови – овие Општи услови,
Веб страна - веб страната на Давателот на кредит, xxx.xxxxxxxxx.xx,
Датум на отплата – денот на кој Корисникот на кредит е обврзан да го врати Кредитот заедно со сите други плаќања,
Македонски закон за потрошувачки кредити – Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити на Република Македонија (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 51/2011),
Кредитно биро – Македонското кредитно биро АД Скопје, Бул. Xxxxxx Xxxxxxxxxx Питу бр. 1, кат 5, Скопје, кое работи врз основа на Законот за Кредитно биро (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 81/2008, изменет),
Застапник – лице овластено од Давателот на кредит за склучување на договори за потрошувачки кредит во негово име и за негова сметка,
Апликација – Апликација за одобрување на Кредит кое Корисникот на кредит го доставува до Давателот на кредит, како што е наведено во член 2 од Договорот,
Кредит за рефинансирање – има значење како што е дадено во член 10 точка 6 подолу. Страни
– има значење како што е дадено во Договорот.
Член 3: Услови за одобрување Кредит
1. Давателот на кредит одобрува Кредит на Корисник на кредит откако ќе ги исполни сите долунаведени услови:
а) откако Xxxxxxxxxx на кредит ќе ги исполни услови опишани во член 4 точка 1 дадени подолу, б) откако Корисникот на кредит ќе достави Апликација до Давателот на кредит и истата ќе биде одобрена,
в) откако Xxxxxxxxxx на кредит ќе го прифати и потпише Договорот и неговите прилози,
г) откако на Давателот на кредит ќе му бидат обезбедени копии од документите наведени во член 6,
д) откако Xxxxxxxxx на кредит ќе ја утврди кредитната способност на Корисникот на кредит,
ѓ) откако Корисникот на кредит ќе добие позитивен кредитен резултат од кредитната контрола извршена од Давателот на кредит.
Член 4: Услови за поднесување на барање од страна на Корисникот на кредит
1. За аплицирање за склучување на Договор за кредит со Друштвото, барателот на кредит треба да ги исполнува следниве услови:
- да е физичко лице над 18 години, со статус на потрошувач согласно член 2, точка 1 од Закон за потрошувачки кредити,
- да е државјанин на Република Северна Македонија, кој има постојано живеалиште на територијата на Република Македонија,
- да има деловна способност да склучива правно обврзувачки договори,
- да поседува важечка лична карта,
- да поседува сопствена трансакциска сметка во банка регистрирана во Република Северна Македонија,
- да има редовни приходи врз основа на договор за вработување, сопствена дејност, инвалидска пензија, старосна пензија или други приходи од други извори, со соодветен доказ,
- е способен да го врати Кредитот заедно со сите други плаќања на Xxxxxxxxx на кредит
- да не е носител на јавна функција или лице поврзано со носител на јавна функција по дефиниција од Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам
2. За било какви грешки при пополнување на податоци, настанати по вина на Корисникот на кредитот, Давателот на кредит не сноси одговорност и сите последици од таквите грешки паѓаат на товар на Корисникот на кредитот.
3. Одобрувањето на Кредитот зависи од успешната потврда на Апликацијата и проценката на кредитниот ризик. Давателот на кредит, исто така, може да одбие да одобри Кредит на Корисникот на кредит врз основа на информациите содржани во неговата база на податоци. Во случај на одбивање на одобрување кредит заради негативната проценка на кредитниот ризик на Корисникот на кредит, Давателот на кредит ќе го извести Корисникот на кредит за резултатот од проверката и за информациите поврзани со барателот на кредит содржани во соодветните регистри, со исклучок кога давањето на соодветните информации е забрането или спротивно на важечкото законодавство.
Член 5: Известувања меѓу Страните
1. Сите известувања меѓу Страните во врска со Договорот се вршат: а) преку застапник во текот на лична средба со Корисникот на кредит; б) преку препорачана пошта;
в) преку телефон или порака; г) преку е-маил;
2. Адресата на Давателот на кредит за сите дописи е ул. Xxxx Xxxxxxxxx бр.80 Лок. 4 1200 Тетово, 1200 Тетово, Република Северна Македонија.
3. Давателот на кредит го задржува правото да ги сними и чува телефонските повици со Корисникот на кредит во врска со извршувањето на Договор и/или наплатата на износите кои Корисникот на кредит му ги должи на Давателот на кредит според Договорот.
4. Во согласност со член 10, став 2, точка 9 од Закон за потрошувачки кредити, Корисникот на кредит има право, во текот на важноста на Договорот, на негово барање да добива амортизационен план за тековниот Кредит.
5. Давателот на кредит не одговара за предизвикани штети на Корисникот на кредит, настанати како резултат на проблеми во работењето на мобилните оператори, паѓање на системот,
доцнење за испраќање на текстот и/или губење на текстуална порака.
Член 6: Потребни документи
1. Корисникот на кредит е обврзан да му обезбеди на Давателот на кредит копии од документите потребни за проверка на кредитната способност на Корисникот на кредит.
a) копија од Лична Карта – двете страни,
б) копија од последен извештај за годишен приход,
в) копија од банкарски извештај за последниот календарски месец, ако нема извештај, сметка од потрошена електрична енергија (фактура за ДДВ) издадена пред најмногу 3 месеци пред датумот на поднесување на Апликацијата за Кредитот која содржи адреса на Корисникот на кредит,
г) копија од договор за вработување, д) документ за примање на пензија,
Член 7: Реализирање на кредит
1. По успешно склучување на Договорот за кредит, Давателот на кредит го реализира паричниот износ на одобрениот кредит преку:
- трансфер на трансакциската сметка наведена од барателот/корисникот на кредитот, или
- исплата на износот на кредитот од страна на Давателот на кредит на Корисникот на кредит во готовина во просториите на Давателот на кредит или кај овластените кредитни посредници на Давателот на кредит.
2. При исплата на износот на кредитот во готовина, Корисникот на кредит е должен да презентира важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош), согласно
регулативата за Спречување на перење пари и финансирање тероризам, при што Давателот на кредит преку неговиот застапник има право и обврска да задржи копија од документите за лична идентификација.
Член 8: Отплата на Кредитот
1. Корисникот на кредит е должен да врши отплата на кредитот заедно со сите пресметани камати и трошоци во согласност со утврдената временска рамка за отплата од склучениот Договор за кредит.
2. Датумот на отплата е датумот на кој Корисникот на кредит ќе ги плати сите финансиски средства што ја сочинуваат месечната отплата на вкупниот ануитет според член 2, точка 1 од Договорот на застапникот и, по оваа отплата, застапникот, во име и за сметка на Давателот на кредит му дава на Xxxxxxxxxx на кредит доказ за плаќањето со што го потврдува плаќањето и салдото на долгот.
3. Доколку, Корисникот на кредит врши отплати преку трето лице, Корисникот на кредит дозволува Давателот на кредит да му предаде податоците за Корисникот на кредит содржани во овој документ на лицето кое извршило плаќање во име на Корисникот на кредит, вклучено,
особено, информации за можноста за враќање на обврските според Договорот и историјата на
плаќање.
4. Во случај кога Xxxxxxxxxx на кредит ќе изврши плаќање кое е во спротивност со Општите услови како и Договорот за кредит, и поради тоа таквото плаќање не биде правилно
идентификувано од страна на Xxxxxxxxx на кредит, таквото плаќање нема да се смета за валидно се до моментот на неговата идентификација и истото ќе има третман на задоцнето плаќање, а Xxxxxxxxxx на кредитот ќе ги сноси сите последици од задоцнетото плаќање.
5. Во случај на делумни отплати на обврските од склучениот Договор за кредит, од износот на извршените уплати најпрво се отплаќаат договорните и останатите трошоци, потоа редовната или договорената камата и на крај главнината на кредитот.
6. Редоследот на засметување од претходниот став ќе се применува во сите случаи на исполнување, без оглед на евентуална идна изјава и намера на корисникот бидејќи редот на засметување е предвиден во овој договор и ќе се почитува во сите случаи на исполнување.
Член 9: Последици од неплаќање од страна на Корисникот на кредит (член 9 од Договорот)
Во случај кога Xxxxxxxxxx на кредит доцни со плаќање на најмалку две цели рати, Xxxxxxxxx на кредит може да го раскине овој Договор во кој Корисникот на кредитот, ќе ги надомести сите
неподмирени обврски според овој Договор, вклучено износот на кредитот, вкупниот износ на каматата и сите плаќања.
Член 10: Предвремено враќање на кредитот
Како што е пропишано во Општите услови, Корисникот на кредит има право предвремено да го исплати ИЗНОСОТ НА КРЕДИТОТ пред неговото доспевање.
Корисникот на кредит има право, целосно или делумно, да го врати кредитот пред завршување на периодот на важност на Договорот во било кое време без известување.
Доколку корисникот уплати средства во износ поголем од износот на доспеаните обврски финансискотоо друштво не пресметува и не исплатува камата и немаат третман на средства за предвремена отплата на недостасаните обврски од кредитот се до момент на прием на писмено барање за намалување на главницата на кредитот.
Во случај на предвремено враќање на дел од кредитот финансиското друштво ќе изврши повторна пресметка на каматата и ќе достави нов ажуриран амортизационен план.
Во случај на предвремена отплата на целиот кредит вкупните трошоци на кредитот се намалуваат.Каматната стапка може да се наплати само пропорционално на дотогаш изминатиот период.Провизијата за подготовка и обработка , провизијата за апликација и провизијата за администрирање на кредитот ја плаќа корисникот.
Член 11: Чување и пренесување на лични податоци (член 6 од Договорот)
1. Со доставување на податоци од страна на Xxxxxxxxxx на кредит, истот се согласува Xxxxxxxxx на кредит да врши обработка и ажурирање на неговите лични податоци, да ги користи со цел да врши проверка и верификација на истите, да ги користи при анализа и процена на кредитната способност на барателот на кредит за наплата на долг, како и во други случаи предвидени со закон. За сите останати цели, користењето на личните податоци ќе биде во согласност со изјавата дадена од страна на Корисникот. Друштвото се обврзува да ги заштити личните податоци за корисникот на кредитот, согласно законските прописи, интерните акти и правила на Друштвото за заштита на личните податоци.
2. Со прифаќање на овие Општи услови, Корисникот на кредитот е согласен со правото на Давателот на кредит да ги користи како и да ги пренесува неговите лични податоци (вклучително и ЕМБГ) на трети правни лица со кои Давателот на кредит има склучено Договори за пренос на податоци со цел ажурирање на наплатата во име на Давателот на кредит.
Член 12: Жалбена постапка
1. Корисникот на кредит може да поднесе приговор со допис до: на адресата на ФД Фикс Кредит наведена погоре.
2. Доколку по добиениот одговор, Xxxxxxxxxx на кредит не е задоволен од истиот, тој/таа може да се жали на одлуката, во писмена форма, повторно до Давателот на кредит, наведувајќи ги своите аргументи и давајќи нови информации кои треба да се разгледаат.
Член 13: Пренесување
1. Правата и обврските на Корисникот на кредит според Договорот не може да се пренесат без претходна писмена согласност на Давателот на кредит.
2. Правата и обврските на Давателот на кредит според Договорот не може да се пренесат без претходна писмена согласност на Корисникот на кредит, освен во околностите предвидени во член 9 точка 3 погоре.
Член 14: Раскинување на договорот
Правилата и постапките за раскинување на овој Договор
Давателот на кредит има право да го раскине Договорот без период на раскинување со препорачано писмо испратено на адреса на Корисникот на кредит, само доколку Корисникот на кредит, за да го добие Кредитот, доставил лажни документи или изјави и/или (прикрил некоја состојба која би била од важност за склучување на Договорот за кредит)
Корисникот на кредит има право да го раскине Договорот без период на раскинување, со препорачано писмо испратено на адреса на Давателот на кредит, само ако Давателот на кредит (преку застапникот) не ја исполни својата обврска да прима ануитети според амортизациониот план.
Во случај на раскинување договорот Корисникот на кредитот е должен да му плати на давателот на кредит доспеаниот износ со акумулираната камата како и останатите трошоци од Општите услови наведени од страна на Давателот на кредит во известувањето за раскинување.
Трошоците за присилна наплата на побарувањата на Друштвото паѓаат на товар на Корисникот на кредитот.
Правото за откажување од Договорот за кредит го има Корисникот на кредит од Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит во период од 14 дена од денот на склучување на договорот.
Доколку Корисникот на кредит не плати доспеан износ според овој Договор, Xxxxxxxxx на кредит има право на извршување на кредитот – со цел целосно враќање на сите доспеани побарувања на Давателот на кредит според овој Договор.
Во случај кога Xxxxxxxxxx на кредит доцни со плаќањето на некој износ според овој Договор, Корисникот на кредит му плаќа на Давателот на кредит трошоци кои биле на товар на Xxxxxxxxx на кредит во врска со наплатата на задоцнетите побарувања, а особено трошоците за пресметка на реалниот задоцнет износ, подготовка, достава и испраќање на известување за плаќање преку препорачана пошта на Корисникот на кредит.
Во случај кога Xxxxxxxxxx на кредит доцни со плаќање на најмалку две цели рати, Давателот на кредит може да го раскине овој Договор во кој Корисникот на кредитот, ќе ги надомести сите неподмирени обврски според овој Договор, вклучено износот на кредитот, вкупниот износ на каматата и сите плаќања.
Член 15: Виша сила
Давателот на кредит не презема одговорност спрема Корисникот на кредитот за секое доцнење или пропуст за извршување на обврските содржани во овие Општи услови, кои се резултат на виша сила (пожари, поплави, војна, саботажа, природни непогоди, штрајкови, терористички
напади, земјотреси и сл.).
Член 16: Завршни одредби
1. Доколку некоја одредба или дел од одредбите од овие Општи услови се неважечки или
неисправни, останатите одредби остануваат на сила. Договорот или овие Општи услови може да
се изменат и дополнат само со претходна взаемна писмена согласност на двете Страни.
2. Одредбите од македонските закони се применуваат на Договорот и неговите прилози, особено:
- Закон за облигациони односи (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 18/2001, изменет)
- Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити на Република Македонија (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 51/2011)
- Законот за заштита на лични податоци (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 7/2005, изменет),
3. Договорот и овие Општи услови се потпишани во два идентични примероци, еден за Корисникот на кредит и еден за Давателот на кредит.
4. Надзор врз работењето на Друштвото врши Министерството за финансии на Република Северна Македонија.