Contract
|
|
I. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ Член 1
(1) Овие Услови за осигурување на помош на пат на Моторни возила (во пона- тамошниот текст: Условите) се составен дел на договорот за осигурување на помош на пат на Моторни возила (во понатамошниот текст: Договорот за осигурување), кој што Договорувачот на осигурувањето го склучува со АД Осигурителна Полиса Скопје (во понатамошниот текст: Осигурувач).
(2) Одредени изрази во овие Услови ги имаат следните значења:
1) „Осигурувач“ – акционерско друштво за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје со кое е склучен Договор за осигурување;
2) „Договорувач на осигурување“ – лице кое што со Осигурувачот склучува Договор за осигурување;
3) „Осигуреник“ – лице кое што врз основа на склучениот Договор за осигурување има право на надомест од осигурувањето на помош на пат на Моторни возила. Во согласност со овие Услови, Осигуреникот може да биде сопственик на Моторното возило или лице овластено за корис- тење и / или управување со Моторното возило од страна на сопственикот. Право на надомест во согласност со овие Услови имаат и лицата кои што во моментот на настанување на осигурениот случај се превезуваат со Моторното возило во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот и со регистрираниот број на места од сообраќајната дозвола на Моторното возило, со приложување на патна исправа / патен лист како доказ и пријавување на бројот на превезувани патници во Асистентската компанија при пријава на осигурениот случај;
4) „Премија“ – износот кој што се плаќа за осигурување според Договорот за осигурување;
5) „Полиса“ – исправа за осигурувањето;
6) „Моторно возило“ – во смисла на овие Услови, е возило на моторен погон кое што подлежи на задолжителна регистрација во Република Македонија или во Странство и кое што е првен- ствено наменето за превоз на лица и предмети на пат или кое што служи за влечење на приклучни возила наменети за превоз на лица и предмети и тоа:
♦ патнички возила наменети за превоз на лица кои што покрај се- диштето за возачот имаат најмногу 8
седишта,
♦ товарни моторни возила до 3,5 Т (тони) носивост,
♦ приклучни возила кои што од страна на претходно наведените патнички и товарни моторни возила може да бидат влечени на начин предвиден со прописите;
7) „Овластен сервис“ – правно лице овластено од страна на производителот на Моторното возило да врши сервис / поправка на Моторното возило за кое што е склучено осигурување во согласност со овие Услови;
8) „Асистентска компанија“ – правно или физичко лице кое што во име и за сметка на Осигурувачот ја врши организацијата и спроведува- њето на помош на пат на Осигурениците во согласност со овие Услови, а врз основа на посебен договор кој што го склучува со Осигурувачот. Асистентската компанија со цел спроведување на помошта на пат во согласност со овие Услови, во нејзино име и за нејзина сметка може да ангажира други правни или физички лица, овластени и регистрирани за спроведување
на помош на пат во согласност со овие Услови, а врз основа на посебни договори склучени помеѓу тие лица и Асистентската компанија.
Под поимот Асистентска компанија во смисла на овие Услови може да се подраз- бира и стручната служба на Осигурувачот која што врши помош на пат во согласност со овие Услови.
II. ОПШТИ ОДРЕДБИ Склучување на Договор за осигурување
Член 2
(1) Договор за осигурување на помош на пат на Моторно возило може да склучи секое лице кое што има интерес да не се случи осигурениот случај.
(2) Договорот за осигурување се склучува врз основа на усна или писмена понуда, а се смета за склучен кога договорачот ќе ја потпише полисата за осигурување.
(3) Усната понуда направена до Осигурувачот за склучување на Договор за осигурување не го обврзува ниту понудувачот ниту Осигурувачот.
Полиса Член 3
(1) Во полисата за осигурување мора да бидат наведени: договорните страни, предметот на осигурување, ризикот опфатен со осигурувањето – осигурен случај, времетраењето на осигурувањето, сумата на осигурување, премијата, датата на издавање на полисата и потписи на договорните страни.
(2) Осигурувачот е должен да го предупреди Договорувачот на осигурувањето дека овие Услови на осигурување се составен дел од договорот за осигурување и да му го предаде текстот на овие Услови, ако тие Услови не се отпечатени на самата полиса.
(3) Извршувањето на обврските од претходниот став мора да биде констатирано на полисата.
(4) Во случај на несогласување на некоја одредба од Условите за осигурување и некоја одредба од полисата ќе се применува одредбата од полисата.
Времетраење на Договорот за осигурување
Член 4
(1) Договорот за осигурување се склучува со одреден рок на времетраење - за време од една година.
Плаќање на премијата Член 5
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата за осигурување, а Осигурувачот е должен да ја прими уплатата на премијата од секое лице кое што има правен интерес таа да биде платена.
(2) Премијата по правило се плаќа одеднаш при склучување на договорот, а може да се плаќа и во договорени рокови.
(3) Се смета дека премијата е платена на денот кога утврдениот износ на премијата е уплатен на сметката на Осигурувачот.
(4) Договорувачот на осигурувањето нема право на враќање на премијата по ниту еден основ.
Спречување на осигурениот случај и спасување
Член 6
(1) Осигуреникот е должен да ги преземе пропишаните, договорените и сите останати мерки потребни да се спречи настапувањето на осигурениот случај, а доколку осигурениот случај настапи, должен е да преземе сé што е во негова
моќ да се ограничат штетните последици.
(2) Осигурувачот е должен да ги надомести трошоците, загубите, како и другите штети предизвикани од разумен обид да се отстрани непосредната опасност од настапување на осигурениот случај, како и од обидот да се ограничат неговите штетни последици, дури и кога тие обиди остануваат без успех.
(3) Ако Осигуреникот не ја исполни својата обврска за спречување на осигурениот случај или обврската за спасување, а за тоа нема оправдување, обврската на Осигурувачот се намалува за онолку колку што настанала поголема штета поради тоа неисполнување.
(4) Осигурувачот има право да врши контрола на извршувањето на одредбите за заштитните мерки од овој член.
Начин на известување Член 7
(1) Сите известувања и пријави кои што Договорувачот на осигурувањето, односно Осигуреникот е должен да ги направи, во смисла на одредбите од овие Услови, задолжително треба да ги потврди во писмена форма ако се направени усмено, по телефон, со телеграма или на некој друг начин.
(2) Како ден на прием на известувањето, односно пријавата се смета денот кога е примено известувањето, односно пријавата. Ако известувањето, односно пријавата се испраќа препорачано, како ден на прием се смета денот на предавање во пошта.
(3) Спогодбите кои што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако се склучени по писмен пат.
Промена на адреса – име (фирма)
Член 8
(1) Осигуреникот, осносно Договорувачот на осигурувањето е должен за промена- та на името или на адресата, односно за промената на името – фирмата и се- диштето (деловните простории) да го извести Осигурувачот во рок од 15 дена од денот на настанатата промена.
(2) Доколку Осигуреникот, односно Договорувачот на осигурувањето не го извести Осигурувачот за промените од претходниот став, заради полноважност на известувањето доволно е Осигурувачот да му упати на Осигуреникот препорачано писмо според последните податоци за адресата на станот, деловните просто- рии, односно името – фирмата, со кои што располага.
Намера и измама Член 9
(1) Осигурувачот не е обврзан да го исплати договорениот надомест ако штетата е предизвикана намерно или со измама од страна на Договорувачот на осигурувањето, Осигуреникот или корисникот на осигурувањето.
(2) Доколку Осигурувачот дознае дека постоела намера или измама од претходниот став по исплата на надоместот од осигурувањето има право на регрес за исплатениот дел од надоместот зголемен за соодветна камата од лицето на кое што му е исплатен надоместот.
Правна ситуација по настанувањето на осигурениот случај
Член 10
(1) За склучени полиси во кои што е договорен максимален број на нас- танување на осигурени случаи во текот на времетраењето на осигурувањето – лимит на покритието, покритието за осигурување престанува по настанувањето на договорениот
максимален број на осигурени случаи – исцрпување на лимитот на покритието.
(2) За склучени полиси во кои што не е договорен максимален број на нас- танување на осигурени случаи – лимит на покритието, покритието за осигурување трае до истекот на полисата или до прекинувањето на осигурувањето во согласност со одред- бите од Законот за облигациони односи.
Надлежност во случај на спор Член 11
(1) Во случај на спор помеѓу Договорувачот на осигурувањето, Осигуреникот и Осигурувачот надлежен е вистински надлежниот суд според местото на склучување на договорот за осигурување.
III. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ Осигурен случај
Член 12
(1) Осигурен случај е настанот за кој што се склучува договор за осигурување. Тој мора да биде иден, неизвесен и независен од волјата на Договорувачот на осигурувањето и Осигуреникот.
(2) Се смета дека до настанување на осигурениот случај дошло оној момент кога Моторното возило за кое што е склучено осигурување не може повеќе да се движи на технички и со прописите предвиден начин заради:
1) електричен или механички дефект – под кој што се подразбира состојба на возилото во која што истото не може да се движи или не може да се движи на безбеден начин, заради откажување/дефект на механички, електричен или електронски елемент, дел или склоп. Електричниот или механичкиот дефект кој што е опишан на претходниот начин ќе се смета за осигурен случај
само ако возилото за кое што е склучено осигурувањето за помош на пат во моментот на настанување на електричниот или механичкиот дефект не е постаро од 15 години, сметано од годината на производство на Моторното возило;
2) сообраќајна незгода – под која што се подразбира судар, удар, лизгање или превртување на Моторното возило;
3) незгоди во врска со употребата на Моторното возило – губење на клучеви, клучеви заклучени во возилото, недостаток на гориво или лош квалитет на истото, употреба на несоодветно гориво, издишени или продупчени пневматици и слично;
(3) Не се смета дека до настанувањето на осигурениот случај дошло доколку Моторното возило за кое што е склучено осигурувањето за помош на пат во моментот на настанување на некој од настаните од став (2) од овој член се наоѓа на адресата и во местото на престојување (седиштето) на Договорувачот на осигурувањето или на Осигуреникот.
(4) Доколку поинаку не е договорено, се смета дека со осигурувањето се покриени трошоци за најмногу два осигурени случаи во текот на траењето на полисата за осигурување.
(5) Под Моторно возило за кое што е склучено осигурување под овие Услови се подразбира возилото за кое што на полисата за осигурување се внесени идентификациски податоци врз основа на кои што со сигурност може да се утврди за кое возило конкретно се работи.
Предмет на осигурување Член 13
(1) Предмет на осигурување во согласност со овие Услови е помош на пат за Моторно возило во случај на
настанување на осигурениот случај од член 12 од овие Услови и тоа:
1) давање информации на Осигуреникот од страна на Асистентската компанија во врска со технички совети врзани за Моторното возило, за лока- ции и контакт телефони на Овластени сервисери, совети во врска со сообраќајната незгода, како и во случај на настанување на дефект на вози- лото, сообраќајна незгода или кражба на Моторното возило, проследување на итни информации до членовите на семејството, пријателите, коле- гите од работа или работодавачот на Осигуреникот, полицијата и итната помош;
2) поправка на лице место, под кое што се подразбира излегување на Асистентската компанија на лице место – на местото на кое што се наоѓа осигуреното Моторно возило. Поправката на лице место се врши во случај на помали оштетувања кои што не бараат посебно знаење и вештина на Асистентската компанија или употреба на специјализирани алати и опрема за дијагностицирање и отстранување на дефектот, и доколку не постојат законски или други ограничувања за поправка на возилото (Услови за гаранција на возилото, итн.). Оспособувањето на Моторното возило за возење со поправка на лице место се смета за нужна поправка, а трајна и погонски безбедна поправка е обврска на Осигуреникот. Осигурувачот нема обврска за покритие на овие трошоци во Македонија во првите 15 дена од траењето на Договорот за осигурување;
3) ако посебно се договори, заедно со претходно склученото осигурување од претходната точка на овој став – транспортот на осигуреното Моторно возило од страна на Асистентската компанија до
најблискиот Овластен сервис или до местото на престојување на Осигуреникот, во зависност од тоа која релација е пократка. Транспортот на осигуреното Моторно возило се врши со товарење на Моторното возило на друго специјализирано возило или со влечење на Моторното возило со друго специјализирано возило на начин пропишан со закон. Транспорт на осигуреното Моторно возило се врши во случај ако не може да се изврши поправка на лице место.
(2) Во случаи кога не е можно да се изврши поправка на Моторното возило на еден од начините од претходниот став на овој член во текот на истиот ден кога дошло до настанување на осигурениот случај, и доколку посебно се договори под услов за веќе склучено осигурување од претходниот став, предмет на осигурување може да бидат и следните видови на помош на пат:
1) привремено сместување на Моторното возило, под што се подразбира сместување на осигуреното возило на обезбеден паркинг до моментот на почеток на работното време на Овластениот сервис. Привремено сместување се врши во случај ако Овластениот сервис е затворен во моментот на транспорт на возилото до истиот;
2) хотелско сместување, под кое што се подразбира сместување на Осигуреникот во хотел кој што е најблиску до местото на настанување на осигурениот случај, т.е. местото кое што е најблизу до местото на Овластениот сервис. Хотелот може да биде со максимална категорија од три ѕвездички;
3) обезбедување на заменско рент-а-кар возило, под што се подразбира на Осигурениците да им се обезбеди рент-а-кар или друго заменско возило најмногу до средна класа, а за време на траењето на
поправката на Моторното во- зило на кое што се случил осигурениот случај. Во случај ако Моторното возило на кое што се случил осигурениот случај е товарно моторно вози- ло до 3,5 Т (тони) носивост, обврската за обезбедување на заменско возило подразбира обезбедување на патничко моторно возило најмногу до средна класа. Во случај ако Моторното возило на кое што се случил осигурениот случај е приклучно возило, не постои обврска за обезбедување на заменско возило;
4) продолжување на патувањето, под што се подразбира обезбедување на продолжување на патувањето на Осигурениците до одредиштето или до местото на престојување со средства за јавен превоз (воз II класа, авто- бус или авион економска класа), во зависност од тоа која релација е пократка;
5) враќање по осигуреното Моторно возило, под што се подразбира враќање на Осигуреникот или лицето кое што тој ќе го овласти до Моторното возило во Овластениот сервис, доколку Осигуреникот до завршувањето на поправката на осигуреното Моторно возило го напуштил местото во кое што тоа се поправа, со средствата за јавен превоз, (воз II класа, автобус или авион економска класа).
6) надомест на трошоци за телефон, под што се подразбира покривање на сите телефонски трошоци од страна на Осигурувачот преземени од Осигуреникот во врска со осигурениот случај, потврдени со фактури.
(3) Видовите на помош на пат кои што се дефинирани во став (2) од овој член мо- же да се договараат поединечно или повеќе од нив во еден ист договор за осигурување. Доколку во еден договор за осигурување се договорат повеќе видови помош на пат од став (2) точка
2), 3) или 4) од овој член, при настанување на еден од осигурените случаи, Осигуреникот има право само на еден од наведените видови помош на пат, по сопствен избор.
(4) Ако поинаку не е договорено, видовите на помош на пат дефинирани во ставот
(2) од овој член се даваат во случаи кога осигурениот случај се случил на одда- леченост поголема од 50 км од местото на престојување на Осигуреникот, наведен во полисата за осигурување.
(5) Во случај на губење на клуч од Моторното возило, Осигурувачот ќе изврши достава на резервен клуч или доколку тоа не е возможно, ќе организира транспорт (влечење) на осигуреното Моторно возило до најблискиот овластен сервис.
(6) Право на помош на пат од претходните ставови имаат Осигурениците и лицата одредени со член 1 од овие Услови, под услов таа да се обезбедува исклучиво со помош на Асистентската компанија.
(7) Сите видови помош на пат дефинирани со овој член Осигурувачот и Асистентската компанија ќе ги спроведуваат во согласност со условите и ограничувањата на локалниот пазар – државата во која што се пружа помош на пат, пред сé во смисла на обезбедување на помош на пат дефинирана во став (2), точка 2) и
3) од овој член.
Исклучени ризици од осигурување Член 14
(1) Осигурувачот нема обврска да надомести штета ниту било какви трошоци, т.е. нема обврска да даде помош на пат кај Моторното возило:
1) кое што во моментот на настанување на осигурениот случај не е регистрирано во согласност со закон или пак регистрацијата му е истечена;
2) кај кое што причината за дефект е претходно недоволно или нестручно одржување;
3) кое што било технички неисправно пред да се стави во погон;
4) кај кое што дошло до штета заради товарот или при утоварот
/ истоварот;
5) кај кое што причина за оштетувањето или дефектот е претходна техничка неисправност на возилото, оптоварување преку
дозволената носивост, истрошеност на пневматиците над пропишаната граница на истрошеност и непридржување или повреда на одредбите за заштитни мерки;
6) за време додека е предмет на мобилизација или реквизиција од страна на властите во мирнодопски услови;
7) кое што учествува на спортски натпревари, трки или тренинзи;
8) кое што служи за тестирање;
9) кое што во моментот на настанување на осигурениот случај е експлоатирано на начин кој што не е во согласност со техничките препораки на про- изводителот.
10) Кога осигурениот случај настанал на оддалеченост помала од 50 км од местото на престојување (седиштето) на Осигуреникот, наведен во полисата за осигурување, освен за услугите наведени во член 13 став (1) точка 1), 2) и 3).
(2) Осигурувачот нема обврска да ја надомести штетата ниту било какви трошоци, т.е. нема обврска за давање помош на пат, доколку возачот на осигуреното Моторно возило во моментот на настанување на осигурениот случај:
1) нема соодветна дозвола за управување со тој вид и категорија на Моторно возило;
2) е под дејство на алкохол, дрога или други наркотици, при што се смета:
а) дека возачот е под влијание на алкохол:
i. ако во крвта има повеќе од 10,855 ммоли во литар крв, односно во крвта има повеќе од 0,5 г/кг алкохол, како и без оглед на количината на алкохол во крвта, ако се утврди дека покажува знаци на алко- холна пореметеност,
ii. ако алкохолниот тест е позитивен, а не дозволи со анализа точно да се утврди степенот на неговата алкохолизираност, освен во случаите кога земањето крв би било штетно по неговото здравје (на пр., хемофилија и сл.),
iii. ако по сообраќајната незгода избегне или одбие да се подложи на испитување на неговата алкохолизираност (освен во случаите кога земањето на крв би било штетно по неговото здравје) дури и ако има дипломатски или друг имунитет,
iv. ако конзумира xxxxxxx така што го оневозможува утврдувањето на ниво на присуство на алкохол во крвта,
б) дека возачот е под дејство на дрога или други наркотици:
i. ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметеност заради употреба на дрога или други наркотици,
ii. ако по сообраќајната незгода избегне или одбие да се подложи на испитување на неговата дрогираност;
3) неовластено го управувал осигуреното моторно возило.
(3) Осигурувачот нема обврска да ја надомести штетата ниту било какви трошоци, т.е. нема обврска да дава помош на пат доколку трошоците за помош на пат се:
1) предизвикани од било кој настан кој што не е Осигурен случај во согласност со членот 12 од овие Услови;
2) предизвикани од воени или терористички дејства или од мерки за присила спроведени од страна на или во име на државни органи, немири, манифестации, демонстрации или бунтови од било кој вид;
3) предизивкани од намера, грубо невнимание или измама од страна на осигуреникот или членовите на неговото семејство, освен ако Договору- вачот на осигурувањето е правно лице, во кој што случај Осигурувачот го задржува правото на регрес на сите трошоци за помош на пат од возачот на Моторното возило – вработено кај тоа правно лице.
(4) Осигурувачот нема обврска да надомести било кои трошоци што нас- танале без претходнo телефонско пријавување и добивање согласност од Асистентската компанија.
(5) Осигурувачот нема обврска да надомести било која штета ниту трошо- ците кои што се предизвикани на, или со употреба на рент-а-кар возилото во согласност со член 13 став (2), точка 2) од овие Услови, како ни трошоците за гориво, патарина и останати посредни трошоци врзани за употребата на рент- а-кар возилото.
(6) Осигурувачот нема обврска да надомести било која штета ниту трошо- ците на предметите кои што се превезуваат со Моторното возило за кое што е склучено осигурување во согласност со овие Услови, ниту на не- говите делови, освен во случаите кога јасно може да се докаже дека овие штети се предизвикани со изве- дувањето на помош на пат од страна на Асистентската компанија.
Осигурувачот, исто така, не е одговорен за трошоците за препакување, претовар или понатамошен транспорт на предметите кои што се превезуваат со Моторното возило за кое што е склу- чено осигурување во согласност со овие Услови.
(7) Осигурувачот нема обврска во случај на настанување на осигурениот случај да ги надомести директните и посредните трошоци кои што ги имале авто стопе- рите кои што патувале со Моторното возило.
(8) Осигурувачот нема обврска да надомести било која директна или по- средна штета ниту трошоците кои што ја надминуваат помошта на пат како предмет на осигурување во согласност со член 13 од овие Услови.
(9) Осигурувачот нема обврска да надомести штета од осигурен ризик електричен или механички дефект ако возилото за кое што е склучено осигурувањето за помош на пат во моментот на настанување на електричниот или механичкиот дефект е постаро од 15 години, сметано од годината на производство на Моторното возило;
Територијално покривање Член 15
(1) Ако поинаку не е договорено, осигурувањето на Моторни возила регистрирани во Македонија, во согласност со овие Услови важи во Македонија и во Странство, при што во смисла на овие Услови, под странство се сметаат: Андора, Албанија, Австрија, Балтичките држави, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка Република, Данска, Финска, Франција, Германија, Гибралтар, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Лихтенштајн, Латвија, Луксембург, Малта, Монако, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Република Сан Марино, Романија, Русија (само Москва и Санкт Петерсбург), Република Словачка, Словенија, Србија, Шпанија (вклучително Балеари и Канарски
острови), Шведска, Швајцарија, Тур- ција, Украина, Велика Британија и Ватикан.
(2) Осигурувањето на Моторни возила регистрирани во странство важи само во Македонија.
Влијание на промена на сопственоста на возилото врз Договорот за осигурување
Член 16
(1) Со промена на сопственоста на осигуреното возило, Договорот за осигурување со поранешниот сопственик престанува да важи по истек од 24:00-тиот час на денот кога новиот сопственик го презел возилото.
1) При промена на сопственоста на возилото, Договорот за осигурување и правата што произлегуваат од него не се пренесуваат на новиот сопственик.
2) Преносот на сопственоста на возилото се докажува со валиден договор заведен кај надлежен орган.
3) Поранешниот сопственик на осигуреното возило нема право на враќање на премијата.
4) Доколку се промени сопственоста врз основа на наследство, Договорот за осигурување преминува на наследниците.
Почеток и престанок на обврските на Осигурувачот
Член 17
a. Обрвската на Осигурувачот за давање помош на пат на Моторно возило почнува по истек од 24:00-тиот час на денот кој што во полисата за осигурува- ње е означен како почеток на осигурувањето, доколку поинаку не е договорено.
b. Обврската на Осигурувачот за давање помош на пат на Моторно возило престанува по истек од 24:00-тиот час на денот кој што во полисата е означен како ден на истекување на
осигурувањето, или со датата на раскинување на договорот за осигурување во согласност со Законот за облигациони односи.
Сума на осигурувањето и лимити на покритието
Член 18
(1) Сумата на осигурување претставува паричен износ на кој што се склучува осигурувањето и тој износ претставува максимална обврска на Осигурувачот за еден осигурен случај во текот на договореното времетраење на осигу- рувањето.
(2) Ако поинаку не е договорено, сумата на осигурувањето се договара посебно за секој поединечен вид на помош на пат од член 13 од овие Услови.
(3) Лимитот на покритието претставува вкупна обврска на Осигурувачот во текот на времетраењето на осигурувањето и се договара како вкупен број на поединечни осигурени случаи во текот на времетраењето на осигурувањето за кое што се пружа помош на пат во согласност со овие Услови. Се смета дека до настанување на поединечниот осигурен случај доаѓа кога Осигуреникот ќе оствари еден или повеќе договорени видови на помош на пат како предмет на осигурувањето во согласност со овие Услови.
Обврски на Осигуреникот кога ќе настане осигурен случај
Член 19
(1) Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој што се бара помош на пат на Моторно возило, а за да го оствари правото на помош на пат во согласност со овие Услови, Осигурениот е должен да постапи на следниот начин:
1) да превземе сé што е во негова моќ да се ограничат штетните
последици;
2) прописно да ги обезбеди лицата кои што се превезувале со Моторното возило за кое што е склучено осигурување на помош на пат, како и прописно да го обезбеди самото возило;
3) во случај на сообраќајна незгода, кражба, оштетувања или уништување на возилото од страна на трети лица да ги извести надлежните полициски органи и обезбеди писмена исправа за истото;
4) веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од настанувањето на осигурениот случај, да ја контактира Асистентската компанија преку контакт теле- фон или друг вид на контакт кој што е означен на полисата или на друг документ издаден од страна на Осигурувачот;
5) на Асистентската компанија да и даде точни и прецизни информа- ции кои што таа ќе ги бара од него заради проверка на содржината на пријавата за настанување на осигурен случај, како и информации за осигу- рениот случај и видот на потребна помош на пат;
6) во потполност да ги почитува советите и инструкциите кои што му се дадени од страна на Асистентската компанија;
7) сите мерки преземени со цел намалување на штетните последици заради настанување на осигурениот случај да ги спроведе само со консултација на Асистентската компанија.
Пријава на лажен осигурен случај и давање на неточни информации
Член 20
(1) Во случај на пријава на лажен осигурен случај кај Асистентската компанија, Осигуреникот – Корисникот на осигурувањето е должен да ги надомести сите директни и индиректни трошоци кои заради тоа ќе ги поднесе Осигурувачот.
(2) Во случај на давање на неточни информации на Асистентската компанија врз основа на кои што се генерирани дополнителни трошоци за Осигурувачот, кои што не би се појавиле да немало неточни информации, овие дополнителни тро- шоци е должен да ги надомести Осигуреникот – Корисникот на осигуру- вањето.
Обврски на Осигурувачот кога ќе настане осигурен случај
Член 21
(1) Заради давање на помош на пат на Моторно возило во согласност со овие Услови, Осигурувачот е должен за своја сметка да обезбеди Асистентска компанија одредена со член 1 од овие Услови.
(2) Осигурувачот е должен преку Асистентската компанија да обезбеди контакт центар кој што ќе ги прима и обработува информациите од Осигуреникот 24 часа дневно, седум дена во неделата.
(3) Во случај на настанување на осигурен случај, Осигурувачот преку Асистентската компанија е должен:
1) да му дава совети, информации и инструкции на Осигуреникот;
2) квалитетно и ефикасно да ја реализира договорената помош на пат до договорената сума на осигурување, т.е. лимитот на покритието.
(4) Доколку трошоците за помош на пат ги надминуваат договорените суми на оси- гурувањето и договорените лимити на покритието, оваа разлика во трошоците ја надоместува Осигуреникот.
Право на регрес Член 22
(1) Во сите случаи во кои што Осигурувачот ги поднел трошоците за помош на пат во согласност со овие Услови, а за кои што постои право на побарување на
Осигуреникот од трети лица, Осигуреникот ова право го пренесува на Осигурувачот до нивото на трошоците кои што ги поднел Оисгурувачот, и во таа смисла ќе ги обезбеди сите потребни согласности и нему достапната документација.
Право на приговор Член 23
(1) Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат во поглед на видот и обемот на последиците на осигурениот случај, осигуреникот треба да поднесе приговор до надлежниот орган на осигурувачот.
(2) Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
Примена на овие Услови Член 24
(1) Овие Услови се применуваат за осигурување на помош на пат на Моторни возила.
(2) На осигурувањето на помош на пат на Моторни возила се применуваат и одредбите на Општите Услови за осигурување на имот доколку не се во спротивност со одредбите на овие Услови.
Член 25
(1) Овие услови ќе се применуваат на сите ново склучени осигурувања како и на постојните осигурувања доколку се тие поповолни за осигурениците.