I ОПШТИ ОДРЕДБИ
0550 ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА КОЛЕКТИВНО РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ
I ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1.
(1) Овие Посебни услови за колективно ризико осигурување на живот во случај на смрт (во понатамошниот текст: Услови) се составен и неразделен дел од Договорот за колективно ризико осигурување на живот во случај на смрт со валутна или без валутна клаузула, кој Договорувачот го склучува со Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје (во понатамошниот текст осигурувач).
(2) Термините искористени во овие услови го имаат следното значење:
- Осигурувач е Кроациа осигурување АД-Друштво осигурување на живот Скопје;
- Понуда е предлог за склучување на договор за колективно ризико осигурување на живот за случај на смрт и се поднесува во писмена форма на образец на осигурувачот;
- Понудувач е лицето кое има намера да склучи договор за колективно ризико осигурување на живот за случај на смрт и за таа цел поднесува писмена понуда до осигурувачот. Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата при тоа не наведувајќи ги причините за одбивање;
- Договорувач е работодавач - правно или друго лице кое со осигурувачот склучило договор за колективно ризико осигурување на живот во случај на смрт на осигуреникот и презема обврска за плаќање на премии и други обврски што врз основа на договорот настануваат за страната која се појавува наспроти осигурувачот.
- Осигуреник е лицето на кое се однесува осигурувањето и од чија смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума. Осигуреник може да биде лице кое е вработено кај договарачот, членови на неговото семејство (како што е предвидено во овие услови), практикант ангажиран согласно законските прописи за практиканство, волонтер ангажиран согласно законските прописи за волонтирање и лице во граѓанско-правен однос;
- Корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума;
- Договорена осигурена сума (во понатамошниот текст: осигурена сума) е сумата определена со договорот која осигурувачот е должен да ја исплати кога ќе настане осигуран случај;
- Полиса е исправа за склучен договор за колективно ризико осигурување на живот за случај на смрт;
- Премија за осигурување на живот е износ кој договорувачот е должен да го плати на осигурувачот врз основа на договорот за колективно ризико осигурување на живот за случај на смрт;
- Математичка резерва се пресметува во висина на сегашната вредност на проценетите идни обврски на Друштвото кои произлегуваат од договорите за осигурување, намалени за сегашната вредност на идните премии кои треба да се платат врз основа на тие договори
(3) Со договорот за колективно ризико осигурување за случај на смрт се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорувачот, осигуреникот, корисникот како и осигурувачот. Составен дел од договорот за колективно ризико осигурување за случај на смрт се понудата, полисата, овие услови и сите додатоци на полисата во писмена форма вклучително и список на осигуреници кој содржи податоци неопходни за исполнување на обврските на Осигурувачот по договорот за
осигурување или обврски предвидени со законските прописи. Списокот е во прилог на понудата, која пак е составен дел на полисата за осигурување.
(4) Со договорот склучен согласно овие услови, договорувачот се обврзува во договорените рокови да ја плаќа премијата, а осигурувачот се обврзува да му ја исплати на корисникот на осигурувањето осигурената сума во согласност со одредбите на овие Услови.
(5) Сите понуди, изјави, барања и измени од било која договорена страна мора да бидат во писмена форма.
(6) Согласно овие услови можат да се осигураат здрави лица со навршени 18 (осумнаесет) години и тоа од првиот ден во месецот кој следи од месецот во кој осигуреникот се стекнал со право на осигурување на својот живот, па се до завршувањето на календарската година во која осигуреникот ќе наврши 65 (шеесет и пет) години. Осигурувањето треба да заврши во календарската година во која осигуреникот ќе наврши 70 (седумедесет) години старост.
(7) По исклучок од став 6 на овој член, може да се осигуруваат и лица кои се помлади од 18 (осумнаесет) години доколку:
– се деца на работникот кој е осигуран преку колективно осигурување, ако се постари од 14 години и живеат во исто семејство со работникот и
– работници кои се постари од 15 години и се вработени согласно ЗРО;
(8) Co дoгoвopoт зa кoлeктивнo ocигypyвaњe нa paбoтницитe вo пpeтпpиjaтиeтo мoже дa ce ocигypaaт и бpaчнитe дpyгapи и дeцaтa нa ocигypeницитe.
(9) Moжaт дa ce ocигypaaт бpaчнитe дpyгapи кoи нe ce пocтapи oд 65 гoдини, дeцaтa co нaпoлнeти 14 гoдини кoи живeaт вo зaeдничкo ceмejcтвo co ocигypeникoт и нe cтaпилe вo бpaк.
(10) Зa ocигypyвaњe нa бpaчниoт дpyгap или дeцaтa, пoтpeбнa e пиcмeнa изjaвa нa дoгoвopyвaчoт или ocигypeникoт co oзнaчyвaњe нa имињaтa и cpoдcтвoтo.
(11) Осигурувачот може да побара дополнителна документација (вклучувајчи, но не ограничувајќи се на документи за идентификација на осигурениците и изјави од нив), која договарачот е должен да му пружи помош за да ја обезбеди, како Осигурувачот би ги исполнил своите обврски по однос на прописите за спречување перење пари и финасирање на тероризам.
(12) Сите изјави и барања на договорните страни се поднесуваат исклучително во писмена форма, а се смета дека се доставени оној ден кога ги примила договорната страна до која се испратени. Во случај кога изјавата, односно барањето се доставува по пошта, како ден на приемот, за секоја договорна страна, се смета датумот на поштенскиот жиг.
II СКЛУЧУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 2.
(1) Понудата за колективно ризико осигурување на живот во случај на смрт поднесена на образец на осигурувачот е составен и неразделен дел на договорот и ги содржи сите битни елементи на договорот за осигурување на живот.
(2) Понудата мора да се пополни целосно, вистинито и точно и во неа мора да се наведат сите факти значајни за преземањето на ризиците и склучувањето на договорот за осигурување на живот.
(3) Осигурувачот има право, по приемот на понудата, да побара и дополнителни податоци, односно да побара информации битни за склучување на договорот.
(4) Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без наведување на причините за одбивање на понудата, а понудата со приложените документи, освен документите предадени во оригинал, не му се враќаат на договорувачот.
III ПОЛИСА
Член 3.
(1) Полиса за колективно ризико осигурување на живот за случај на смрт е доказ за склучен договор за осигурување жиивот за случај на смрт.
(2) Договорот за осигурување е склучен кога договорувачот и осигурувачот ќе потпишат Xxxxxx за осигурување и откако ќе биде уплатена првата премија, освен ако нешто друго не е договорено.
(3) Врз основа на овие Посебни услови се осигуруваат работниците кои се во работен однос кај договорувачот на осигурувањето.
(4) На полисата се запишува почетниот број на осигуреници, со тоа што договорувачот е должен да ја пријави секоја промена во бројот на осигурени работници секој месец.
(5) На крајот на секоја осигурителна година, задолжително се изработува конечна пресметка на премијата соодветно на вистинскиот број на работници, ако не е поинаку договорено.
Член 4.
(1) Полисата за осигурување на живот содржи: назив на осигурувачот, назив на договорувачот, осигурен случај, почеток и истек на осигурувањето, осигурена сума за случај на смрт, премија на осигурувањето, корисник за случај на смрт датум на издавање на полисата, Посебните и дополнителните услови на осигурувањето кои се составен и неразделен дел на договорот за осигурување, како и констатација дека текстот на истите му е предаден на договорувачот на осигурувањето.
(2) Потписот и печатот на договорувачот на понудата за осигурување се сметаат за потписи на полисата.
(3) Покрај осигурување на живот по овие Посебни услови можат да се договорат и дополнителни осигурувања, според дополнителните услови на осигурувачот. Доколку со осигурувањето на живот се договори и дополнително осигурување, составен дел од Договорот се и дополнителните услови за осигурување за соодветното дополнителното осигурување.
Член 5.
(1) Полисата може да гласи на одредено лице или по наредба, но не може да гласи на доносител
(2) Осигурувачот издава полиса во еден примерок.
IV ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 6.
(1) Ова осигурување се склучува на одредено времетраење и не може да биде склучено на време пократко од 1 година.
(2) Осигурувањето почнува од 00:00 часот оној ден кој е на полисата означен како почеток на осигурувањето. Обврската на осигурувачот почнува во 00:00 часот оној ден што во полисата е наведен како почеток на осигурувањето, но само ако дотогаш е платена премијата, освен ако нешто друго не е договорено.
(3) Ако премијата или нејзината прва рата не е платена до почетокот на осигурувањето или во договорениот рок, обврските на осигурувачот почнуваат во 24:00 часот оној ден кога премијата ќе биде платена во целост, но не пред почетокот на осигурувањето, освен ако нешто друго не е договорено.
(4) Договорот за осигурувањето автоматски се обновува за времетраење од една година под исти услови како и претходниот договор и со последниот важечки список на осигурани лица, освен доколку Осигурувачот реши да не го обнови договорот за што ќе го извести Договарачот на осигурување во последните 30 дена од важењето на договорот или доколку Договарачот на осигурувањето во последните 30 дена од важењето на договорот не достави писмена изјава до Осигурувачот дека не сака да го обнови осигурувањето.
(5) Осигурувањето на живот престанува да важи кога:
− ќе настапи смрт на осигуреникот;
− не е платена премијата согласно роковите од овие услови;
− ќе истече календарската година во која осигуреникот навршил 70 годишна возраст.
− кога осигуреникот ќе ја изгуби деловната способност или ќе има трајно губење на работната способност од прва категорија (општа неспособност за работа),
− кога во полисата е одреден истек на договорот за осигурување.
(6) За работниците кои се вработиле по почетокот на осигурувањето означено во полисата, за волонтерите и практикантите кои почнале со нивното волонтирање или пракса по почетокот на осигурувањето означено во полисата како и за лицата кои склучиле граѓанско правен однос по почетокот на осигурувањето означено во полисата, осигурувањето почнува да важи од 24.00 часот на првиот ден кога се вработиле, односно започнале со волонтирање, пракса или со остварување на граѓанскиот договор, под услов до тој ден да е платена премија и за нив и Договарачот на осигурување да го извести Осигурувачот за вклучување на овие нови лица во осигурувањето, а доколку тоа се случи подоцна, осигурувањето почнува да важи од првиот ден кога Договарачот на осигурување го известил Осигурувачот за вклучување на овие нови лица во осигурувањетo и кога е платена премијата за нив, освен ако нешто друго не е договорено.
(7) За работниците, волонтерите, практикантите или лицата во граѓанско правен однос, осигурувањето престанува да важи во 24.00 часот од оној ден кога работниот однос, волонтерството, практиканството или граѓанско правниот однос по било кој основ е прекинат.
(8) Ocигypyвaњeтo зa члeнoви нa ceмejcтвoтo зaпoчнyвa вo почнува да важи од 24.00 часот на првиот ден кoj вo пиcмeнaтa пpиjaвa, пpeдлoжeнa нa ocигypyвaчoт од Договарачот e oзнaчeн кaкo пoчeтoк нa ocигypyвaњeтo, под услов до тој ден да е платена премијата и примена писмената пријава и за нив, а доколку тоа се случи подоцна, осигурувањето почнува да важи од првиот ден кога е платена премијата и примена писмената пријава за нив, a пpecтaнyвa вo 24,00 чacoт oнoj дeн кoгa мy пpecтaнaл paбoтниoт oднoc нa ocигypeникoт - paбoтник кaj дoгoвopyвaчoт нa oвa ocигypyвaњe или дoгoвopoт пpecтaнaл пo нeкoj дpyг ocнoв, освен ако нешто друго не е договорено.
(9) Независно кој ден во месецот престанал работниот однос волонтреството, практиканството или граѓанско правниот однос, на Осигурувачот му припаѓа премијата за тековниот месец.
(10) Договарачот на осигурување треба да го извести Осигурувачот за вклучување на нови лица во осигурувањето (работници и членови на нивни семејства, практиканти, волонтери или лица во граѓанско правен однос) со испраќање на нов список со кој се дополнува постоечкиот спосок на осигурани лица во исто време со плаќањето на премијата за тие лица.
(11) Договарачот на осигурување треба да го извести Осигурувачот за престанок на осигурувањето на лица кои биле претходно осигурани, со испраќање на писмено известување наведувајќи ги лицата на кои им престанува осигурувањето, пред плаќањето на премијата за оние кои ќе останат во осигурување.
V ДОГОВАРАЊЕ НА ОСИГУРЕНАТА СУМА И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 7.
(1) Премиите на осигурувањето, како и висината на осигурената сума се утврдува врз основа на податоците од понудата и соодветните Тарифи за колективно ризико осигурување за случај на смрт кои се на сила, занимањето, професијата, времетраењето на осигурувањето и роковите на плаќање на премијата.
(2) При зголемен ризик можат да се договорат дополнителни премии или посебни услови.
(3) Moжaт дa ce дoгoвopaт paзлични ocигypeни cyми зa ocигypyвaњe oд пocлeдиците нa нecpeќeн cлyчaj зaвиcнo oд клacaтa нa oпacнocт вo кoja cпaѓaaт oддeлни paбoтници (ocигypeници). Исто
така, може да се договори и различна премија зaвиcнo oд клacaтa нa oпacнocт вo кoja cпaѓaaт oддeлни paбoтници (ocигypeници).
(4) Пpи oдpeдyвaњe нa клacaтa нa oпacнocт вo кoja cпaѓa oддeлeн paбoтник, зa ocигypyвaњeтo oд
пocлeдици xx xxxxxxxx cлyчaj ce зeмa нeгoвoтo пocтojaнo мecтo нa извpшитeл нa oдpeдeни paбoти и paбoтни зaдaчи.
(5) Bo cлyчaj нa пpoмeнa нa paбoтнoтo мecтo нa ocигypeникoт вo тeкoт нa тpaeњeтo нa
ocигypyвaњeтo пpи нacтaнyвaњeтo нa нecpeќeн cлyчaj ce зeмa oнaa yтвpдeнa ocигypeнa cyмa односно онаа премија кoja oдгoвapa нa клacaтa нa oпacнocт oд oнa paбoтнo мecтo нa кoe ocигypeникoт paбoтeл вo мoмeнтoт нa нacтaнyвaњeтo нa нecpeќниoт cлyчaj.
Член 8.
(1) Премијата на осигурувањето и осигурената сума се договараат во Евра или во денари. Премијата по правило се плаќа во денарска противвредност. Доколку законските прописи кои го регулираат платниот промет со странски средства на плаќање дозволуваат уплати на премии во Евра, плаќањето може да биде извршено и во Евра.
(2) Ако е договорено подгодишно плаќање на премијата, осигурувачот пресметува дополнителен
надомест за подгодишно плаќање на секоја рата на премијата.
Член 9.
(1) Договорувачот е должен да ја плаќа премијата во договорените рокови и на договорениот начин, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биде платена.
(2) Ако наместо договарачот премијата ја плаќа друго лице, самото плаќање не создава други
права ни должности освен оние кои се предвидени по пат на договор помеѓу осигурувачот и договорувачот.
(3) Премијата се смета за платена оној ден кога осигурувачот ја примил уплатата.
(4) Ако уплатата на премијата не може да се реализира од причини за кои е одговорен договорувачот, се смета дека премијата е платена оној ден кога е реализирана уплатата.
(5) Премијата се плаќа во полн износ без намалување за трошоците на платниот промет.
Член 10.
(1) Осигурувачот има право на законска затезна камата на задоцнетите рати на премијата. Пресметката на законската затезна камата почнува да тече 15 (петнаесеттиот) ден од денот на достасувањето.
(2) Осигурувачот има право при исплата да ја одбие од осигурената сума целата до тогаш
достасана неплатена премија по полисата и затезна камата и неплатената премија по полисата за осигурителната години во која настанал осигурениот случај.
VI ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 11.
(1) Ако договорувачот не ја плати премијата 2 (два) месеци по достасувањето, осигурувачот ќе го повика со препорачано писмо да ја плати достасаната премија во рок од 30 (триесет) дена од денот на врачувањето на препорачаното писмо.
(2) Ако во рокот утврден со препорачаното писмо од став 1 на овој член достасаната премија не
ја плати договорувачот ниту тоа го направи некое друго заинтересирано лице, осигурувачот може
со изјава да го раскине договорот.
(3) Обврската на Осигурувачот кон осигуреникот или корисникот на осигурување постои и доколку Договарачот не платил премија во рамките на периодот наведен во полисата, ако осигурениот случај се случил за време на периодот на важење на осигурувањето во смисла на членовите 6 од овие Услови, но обврската за плаќање по поединечнaта пријава за исплата по осигурен случај ќе доспее дури кога Договарачот ќе ја плати целата достасана премија за осигурување по полисата.
VII ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 12.
(1) Согласно Договорот за колективно ризико осигурување на живот во случај на смрт, осигурувачот е обврзан на корисникот на осигурувањето да му ја исплати осигурената сума:
− За случај кога смртта поради болест на осигуреникотнастапила во првите 6 (шест) месеци од почетокот на траењето на осигурувањето, се исплаќа 50% од осигурената сума.
− За случај кога смртта поради болест на осигуреникот настапила после поминати 6 (шест)
месеци од почетокот на траењето на колективното ризико осигурување или за случај на смрт поради незгода се исплаќа целата осигурена сума.
(2) Како датум кога еден осигуреник за првпат бил примен во осигурување, се смета датумот кога
за првпат е осигуран под полиса за колективно осигурување на работници кај тековниот Договарач, за што Договарачот на осигурување доставува соодветни докази до Осигурувачот.
Член 13.
(1) Осигурувачот ја исплаќа осигурената сума или нејзиниот дел на корисникот наведен на полисата на осигурувањето.
(2) Согласно овие Услови, осигурувачот нема други обврски за исплата на договорувачот, односно корисникот.
VIII ОГРАНИЧУВАЊА И ИСКЛУЧУВАЊА НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 14.
(1) Со договорот за осигурување за случај на смрт не е опфатен ризикот од самоубиство на осигуреникот, ако тоа се случило во првата година од осигурувањето. Во случај самоубиството да се случило во рок од три години од денот на склучувањето на договорот, осигурувачот не е должен да му ја исплати на корисникот осигурената сума, туку само математичката резерва од договорот.
(2) Осигурувачот се ослободува од обврската да му ја исплати на корисникот осигурената сума,
ако овој намерно предизвикал смрт на осигуреникот, но е должен ако дотогаш биле уплатени барем три годишни премии, да му ја исплати математичката резерва од договорот на договорувачот на осигурувањето.
(3) Осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен случај,
ако осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај.
(4) Ако смртта на осигуреникот е причинета со воени операции, осигурувачот, ако нешто друго не е договорено, не е должен да му ја исплати на корисникот осигурената сума, но е должен да му ја исплати математичката резерва од договорот. Ако не е договорено нешто друго, осигурувачот се ослободува од обврската од договорот за осигурување од несреќен случај ако несреќниот случај е причинет со воени операции.
(5) Во секој случај, осигурувачот не е обврзан да ја исплати осигурената сума туку само до тогаш насобраната математичка резерва, ако смртта на осигуреникот настапила:
1. како последица на војна или воени операции односно непријателства и ситуации слични на војна,
2. поради дејство на мини и бомби од сите видови или друго воено оружје,
3. како последица на востание, немири, бунт и насилства кои настануваат од такви настани.
4. со извршување на смрттна казна;
5. поради земјотрес;
6. поради поплави;
7. како последица на директна или индиректна последица од атомска катастрофа;
8. како последица на пандемија прогласена од страна на надлежно тело;
9. како последица на епидемија прогласена од страна на надлежно државно тело;
10. поради саботажа или тероризам извршен од политички побуди, насилство или други слични настани во кои учествувал осигуреникот;
11. при подготвување, обид или извршување на казнено дело со умисла како и при бегство после такво дејствие;
12. при управување со летала од сите видови, пловни објекти, моторни и други возила без соодветна возачка исправа (вклучувајќи и лице кое е на обука за добивање возачка исправа без присуство на овластено лице), или на нелагален начин управувало со моторно возило или лице кое е соучесник во таквиот чин;
13. при управување на моторно возило од страна на возач почетник во случаите кога не сме да управува со возилото согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;
14. поради дејство на алкохол, наркотички дроги или психотропни супстанци кај осигуреникот, без оглед на каква било одговорност на трето лице за настанокот на осигурениот случај. Се смета дека осигурениот случај настанал поради дејство на алкохолот, ако по настанокот на несреќниот случај е утврдено дека:
- кај осигуреникот кој управувал со возилот е присутна концентрација поголема од 0,5 g/кg на алкохол во организмот;
- кај останатите сопатници е присутна концентрација поголема од 1,00 g/кg алкохол во oрганизмот, и ако таквата состојба имала причинска врска со настанокот на осигурениот случај.
15. Како последица на нелегално извршување на работи од страна на осигуреникот кој не бил пријавен во задолжително социјално осигурување;
16. Како резултат на непридржување на осигуреникот кон предвидените мерки на безбедност и правилата за користење на соодветна заштитна опрема при извршување на работните задачи на работно место, пропишани со нормативни акти;
Член 15
(1) Ако посебно не се договори осигурително покритие или за време на траењето на осигурувањето договорувачот, односно осигуреникот не го извести осигурувачот во смисла на член 17 од овие Посебни услови за зголемениот ризик кој дополнително би се договорил со доплатна премија и би се вклучил во полното осигурително покритие кога осигурувачот би знаел за зголемениот ризик, осигурувачот, ако осигурениот случај настапил како последица на тој зголемен ризик, е должен да ја исплати само до тогаш насобраната математичка резерва,.
(2) Ако не е посебно договорено и ако не е платена соодветна зголемена премија, договорените
осигурени суми се намалуваат во сразмер помеѓу премијата што требало да се плати и дотогаш платената премија, кога ќе настане несреќен случај:
− при управување и возење на авион и летала од сите видови, како и при спортски
скокови со падобран, освен во својство на патници во јавниот превоз;
− при рекреација од кој било вид, тренинг или учество на осигуреникот на јавни спортски натпревари во својство на регистриран член на аматерско или професионално спортско здружение и тоа за следните спортови: велосипедизам, xxxx xxxxxxx, картинг, хокеј, борење, xxx xxxx, џидо, кајак, кошарка, возење со ролшули, летање со змај, падобранство, параглајдинг, рафтинг, санкање, воздухопловство, алпинизам, автомобилизам, бокс, карате, кик бокс, мотоциклизам, мотокрос, фудбал, подводен риболов, нуркање, рагби, ракомет, скијање, скијашки спортови, тае –квон-до;
IX ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 16
(1) Договорувачот односно осигуреникот е обврзан при склучување на договорот за осигурување да ги пријави сите околности кои се од значење за проценка на ризикот.
(2) Одредбата на став (1) од овој член особено се однесува на околностите за кои осигурувачот бара дополнителни податоци.
(3) Договорувачот е должен, на барање на осигурувачот, да ги обезбеди од осигуреникот сите потребни податоци кои на него се однесуваат.
(4) Ако договорот за осигурување се склучува во име или за сметка на друг или во корист на трет или за туѓа сметка или за сметка на оној на кој се однесува, одредбите на ова поглавје и на поглавје X од овие Посебни услови се однесуваат и на тоа лице, ако знаело дека податоците кои се нужни за оцена на ризикот се непотполни или неточни.
Член 17
(1) Договорувачот, како и самиот осигуреник, должни се за време на траењето на осигурувањето да го известат осигурувачот за секоја промена на околностите која може да биде од значење за оценка на ризикот и кои се битни за договореното осигурување, особено ако осигуреникот за време на осигурувањето ја промени професијата, занимањето (пилот, пиротехничар-демонтер на мини, нуркач, рудар) или започне да се занимава со некои од спортовите (алпинизам, банџи- џампинг, параглајдинг, нуркање, летање со змеј) односно дејностите за кои осигурувачот пресметува доплатна премија.
(2) Тој е должен, согласно став 1 од овој член, без одлагање да го извести осигурувачот за зголемувањето на ризикот, ако ризикот е зголемен со некоја негова постапка, а ако зголемувањето на ризикот се случило без негово учество тој е должен да го извести во рок од 14 дена од кога дознал за тоа.
(3) Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот не би склучил договор ако постоела таква состојба во моментот на неговото склучување, тој може да го раскине договорот.
(4) Ако зголемувањето на ризикот е толкаво што осигурувачот би склучил договор само со поголема премија да постоела таква состојба во моментот на склучувањето на договорот, тој може на договарачот на осигурувањето да му предложи нова стапка на премијата.
(5) Ако договарачот на осигурувањето не се согласи со нова стапка на премијата во рок од 14 дена од приемот на предлогот на новата стапка, договорот престанува според самиот закон.
(6) Договорот останува во сила и осигурувачот повеќе не може да ги користи овластувањата да му предложи на договарачот на осигурувањето нова стапка на премијата или да го раскине договорот, ако не ги искористи тие овластувања во рок од еден месец од кога на кој и да е начин дознал за зголемувањето на ризикот, или ако уште пред истекот на тој рок покаже на некој начин дека се согласува со продолжувањето на договорот (ако ја прими премијата, исплати надомест за осигуран случај што настанал по тоа зголемување и слично).
(7) Ако осигурениот случај настане пред да биде известен осигурувачот за зголемувањето на ризикот или откако е известен за зголемувањето на ризикот, но пред да го раскине договорот, или да постигне спогодба со договарачот на осигурувањето за зголемување на премијата, надоместот се намалува во сразмер меѓу платените премии и премиите што би требало да се платат според зголемениот ризик.
Член 18
(1) Договорувачот е должен писмено да го извести Осигурувачот во случај на промена на адресата во полисата за осигурување на живот, како и за промена на адресата на електронското сандаче, пријавена од договорувачот, најдоцна во рок од 5 (пет) дена од денот на извршената промена.
(2) Договорувачот е должен да го извести писмено Осигурувачот за секоја промена на адресата и местото на плаќање на премијата најдоцна во рок од 3(три) дена од извршената промена, во спротивно Осигурувачот го задржува правото сите писма да ги испраќа на последната пријавена адреса од Договорувачот, и сите последици од испратените писма на последната пријавена адреса од Договорувачот се сметаат за уредно доставени.
(3) Доколку Договорувачот, кај Осигурувачот достави адреса на електронско сандаче, Осигурувачот може да ги доставува писмата наменети за Договорувачот на наведената адреса на електронско сандаче.
X НЕТОЧНА ПРИЈАВА
Член 19
(1) Ако договорувачот на осигурувањето намерно направил неточна пријава, или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор ако знаел за правата состојба на работите и околностите, осигурувачот може да бара поништување на договорот, и нема обврска да ја исплати осигурената сума.
(2) Во случај на поништување на договорот од причините наведени востав (1) од овој член, осигурувачот ги задржува наплатените премии и има право да бара исплата на премијата за периодот на осигурувањето во кој побарал поништување на договорот
(3) Правото на осигурувачот да бара поништување на договорот престанува ако тој во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договорувачот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
Член 20
(1) Ако договорувачот на осигурувањето направил неточна пријава, или пропуштил да го даде должното известување, а тоа не го сторил намерно, осигурувачот може, по свој избор, во рок од еден месец од дознавањето за неточноста или нецелосноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата сразмерно со поголемиот ризик.
(2) Договорот во тој случај престанува по истекот на 14 дена од кога осигурувачот својата изјава за раскинување му ја соопштил на договорувачот на осигурувањето, а во случај на предлог од осигурувачот премијата да се зголеми, раскинувањето настапува според самиот закон ако договорувачот на осигурувањето не го прифати предлогот во рок од 14 дена од кога го примил.
(3) Во случај на раскинување, осигурувачот е должен да го врати делот од премијата што отпаѓа на времето до крајот на периодот на осигурувањето.
(4) Ако осигурениот случај настанал пред да е утврдена неточноста или нецелосноста на пријавата или по тоа но пред раскинувањето на договорот, односно пред постигнувањето на спогодба за зголемување на премијата, надоместот се намалува во сразмер меѓу стапката на
платените премии и стапката на премиите што би требало да се платат според вистинскиот ризик.
Член 21
(1) Одредбите на членовите 19 и 20 на овие Посебни услови, за последиците од неточната пријава или премолчувањето на околностите од значење за оцена на ризикот се применуваат и во случаи на осигурувања склучени од името и за сметка на друг, или во корист на трет или за туѓа сметка, или за сметка на оној на кого се однесува, ако овие лица знаеле за неточноста на пријавата или за премолчувањето на околностите од значење за оцената на ризикот.
Член 22.
(1) По исклучок на одредбите на оваа глава за последиците од неточни пријави и премолчување на околностите од значење за оцена на ризикот, за неточна пријава на староста во договорите за осигурување на живот важат следниве правила:
1) Договорот за осигурување на живот е ништовен и осигурувачот е должен во секој случај да ги врати сите примени премии, ако при неговото склучување неточно е пријавена староста на осигуреникот, а неговата вистинска граница ја преминува границата на староста до која осигурувачот, според своите услови и тарифи, врши осигурување на живот;
2) Ако е неточно пријавено дека осигуреникот има помалку години, а неговата вистинска старост не ја преминува границата до која осигурувачот врши осигурување на живот, договорот е полноважен, а осигурената сума се намалува во сразмер со договорената премија и со премијата предвидена за осигурување на живот на лицата кои се на возраст како осигуреникот и
3) Кога осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено при склучувањето на договорот, премијата се намалува на соодветен износ, а осигурувачот е должен да ја врати разликата меѓу премиите примени и премиите на кои има право.
4) Осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено, а годините се под поставениот возрасен минимален услов за склучување на договор за осигурување на живот, односно лицето имало под 14 години живот, како и на лице наполно лишено од деловна способност, а осигурувачот е должен да му ги врати на договорувачот на осигурувањето сите премии примени врз основа на таков договор.
XI. ПРАВА НА ДОГОВОРУВАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ПРЕД НАСТАПОТ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 23
(1) Договорувачот може да прави промени промени на списокот на oсигурани лицa, контакт податоците или (по барање на осигуренците) корисниците на осигурувањето.
(2) Осигурувачот може од оправдани причини да го одбие барањето на договорувачот.
XII. РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО Член 24
(1) На договорувачот му припаѓаат сите права што произлегуваат од склучениот договор за колективно ризико осигурување за случај на смрт, сè додека не настапи осигурениот случај.
(2) Сите изјави и барања на договорувачот се обврзувачки за осигурувачот доколку се дадени во писмена форма или на образец на осигурувачот, и се примени од страна на осигурувачот пред да настапи осигурениот случај.
(3) Доколку корисникот умре пред да настапи осигурениот случај, осигурената сума не му припаѓа на неговите наследници, туку на следниот корисник, а ако тој не е одреден, тогаш на
имотот на договорувачот.
(4) Своето право на осигурената сума корисникот може да го пренесе на друго лице и пред настапот на осигурениот случај, но за тоа му е потребна писмена согласност на договорувачот на осигурувањето во која мора да биде наведено името и презимето на лицето на кое правото се пренесува. Ако осигурување на живот се однесува на животот на некое друго лице, тогаш е потребна иста таква согласност и од тоа лице.
XIII ПРИЈАВА НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 25
(1) Кога ќе настапи смрт на осигуреникот, корисникот, во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на настанот, поднесува до осигурувачот xxxxxxx пријава за исплата.
(2) Пријавата се пополнува на образец на осигурувачот и во прилог со неа се поднесуваат следните документи:
а. Полисата за осигурување на живот (копија), б. Извод од матичната книга на умрените
в. Медицинска документација со која се потврдува смртта на осигуреникот, г. Исправа со која се потврдува причината за смртта на осигуреникот
x. xxxxxxx од лекарот кој последен го лекувал умрениот со наведување на причината за смртта на осигуреникот,
ѓ. Правосилно решение за наследување, ако како корисници со полисата се одредени законски наследници,
е. Доказ за сродството, ако корисникот не е одреден со именување.
(3) Осигурувачот има право да бара и други докази потребни за утврдување на правото на исплата.
(4) Подносителот на пријавата ги сноси трошоците кои настанале во врска со пријавувањето на осигурениот случај.
XIV ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМИ
Член 26
(1) Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума огласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај со сите исправи и докази пропишани со член 25 од овие Услови.
(2) Како исклучок, ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдувањето на основаноста на обврската и нејзината висина.
(3) Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, на барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рокот утврден во став (1) на овој член.
(4) Осигурувачот има право сите ненаплатени рати на премијата да ги наплати при исплата која ја врши врз основа на договорот за осигурување.
(5) Согласно овие Услови право на исплата има само корисникот наведен на полисата и тоа од самото склучување на осигурувањето, без разлика на тоа како е и кога одреден за корисник.
XV КОРИСНИК
Член 27
(1) Договорувачот го одредува корисникот во полисата.
(2) Xxxxxxxxxx не мора да биде одреден по име, туку е доволно во полисата да се наведени нужните податоци за неговото одредување.
(3) Кога за корисници се одредени децата или потомците, користа им припаѓа и на оние кои се родени подоцна, а користа наменета на сопружникот му припаѓа на лицето кое било во брак со осигуреникот во моментот на неговата смрт.
(4) Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума се исплаќа на сметка на малолетното лице за која осигурувачот е известен од законски старател на малолетното лице. Во случај на спор, се постапува согласно позитивните законски прописи.
(5) Договорувачот може и со некој подоцнежен правен акт, вклучувајќи и тестамент, да именува лице на кое му припаѓа правото од договорот.
(6) Право на исплата на осигурената сума има само корисникот и тоа од самото склучување на договорот, без разлика на тоа како и на кој начин е одреден за корисник.
XVI ВАЛУТА НА ОБВРСКАТА
Член 28
(1) Ако премијата е договорена во ЕВРА, премијата се уплаќа во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Р. Северна Македонија на денот на уплатата.
(2) Осигурената сума договорена во ЕВРА се исплаќа во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Р. Северна Македонија на денот на исплатата.
XVII ИЗДАВАЊЕ НА ЗАМЕНСКА ПОЛИСА
Член 29
(1) Договорувачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето на полисата веднаш откако дознал дека исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во Службен весник на Република Северна Македонија..
(2) Во определени случаи Осигурувачот може да одреди исчезнатата полиса до одредена висина на осигурена сума да се замени со дупликат и без судска одлука за амортизација, но под услов договарачот да поднел писмена изјава за начинот на кој полисата е изгубена.
(3) Осигурувачот издава заменска полиса во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на исчезнатата полиса во Службен веник на Република Северна Македонија, односно од денот на правосилноста на судската пресуда.
(4) Договорувачот ги сноси сите трошоци во врска со издавањето на заменската полиса.
XVIII НАДОМЕСТОЦИ
Член 30
(1) Договорувачот е должен на осигурувачот однапред да му плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурувачот за времетраење и по истекот на осигурувањето во висина која ја определува и ќе ја побара осигурувачот.
(2) Договорувачот се обврзува, заедно со договорената премија, да ги плати и сите давачки воведени со важечките прописи.
XIX. ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ Член 31
(1) Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел xxxxxxxxx решавање на настанатиот спор до:
1) Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2) Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3) Организација за заштита на потрошувачи, и
4) Агенција за супервизија на осигурување
(2) Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 32
(1) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
XX. XXXXXXXXX РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ Член 33
(1) Страните се согласни дека сите спорови што ќе произлезат од Договорот за осигурување, ќе се обидат да ги решаваат вонсудски на мирен начин.
(2) Договорувачот и осигуреникот, како и други лица на кои се однесува осигурувањето, се обврзуваат дека неодложно во писмена форма ќе го известат осигурувачот за сите спорни прашања, приговори и недоразбирања кои се однесуваат на Договорот за осигурување на живот.
(3) Приговорите од ст (2) на овој член осигурувачот ќе ги проследи до Комисија за решавање на претставки на друштвото, која е должна во однос на истите да одлучи и писмено да се произнесе во рок од 30 (триесет) дена од приемот на приговорот.
(4) Во случаите кога договорувачот, осигуреникот и корисникот на осигурувањето сметаат дека осигурувачот не се придржува кох одредбите од Договорот за осигурување, можат да поднесат претставка до органот надлежен за вршење на надзор на осигурувачот - Агенција за супервизија на осигурување.
XXI. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ Член 34
Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД Друштво за осигурување на живот Скопје.
XXII. ЗАСТАРЕНОСТ Член 35
Побарувањата од договорот за осигурување на живот застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
XXII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 36
(1)Во случај на судски спор надлежен е стварно и месно надлежен суд во седиштето на осигурувачот.
(2) За односите помеѓу осигурувачот и договорувачот, како и на другите лица на кои се однесува осигурувањето на живот, а кои не се уредени со овие Посебни услови, се применуваат Законот за облигациони односи, и останатите позитивни законски норми.
Член 37
Овие услови влегуваат во сила и ќе се применуваат од 01.12.2020 година.