„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста...
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
|
|
|
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
ЗА НАБАВКА НА
СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА
Јуни, 2021 година
Врз основа на член 49 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА ЗА НАБАВКА НА СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА
Тендерската документација содржи:
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Прилог 1 – Образец на понуда(општ и финансиски дел)
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и договорниот орган чиј предмет е снабдување стоки и обезбедување услуги;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки и услуги;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки и услуги;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Технички спецификации“ се:
во случај на јавна набавка на стоки или услуги1, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
1.2 Договорен орган
1.2.1. Договорен орган е ЈЗУ Универзитетска клиника за уво, нос и грло - Скопје, со седиште на адреса: ул. „Мајка Тереза “ бр. 17, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/3214-136, електронска адреса: xxxxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx .
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Xxxxxxx Xxxxxxxxxx, телефон за контакт 02/3214-136, 075/326-299 електронска адреса: xxxxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx
1.3 Предмет на постапката за јавна набавка
1.3.1 Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на Средства за дезинфекција.
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
1.3.2. Предметот на набавката е делив на делови како што е дефинирано во техничката спецификација. Понудувачот може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка.
1.3.3 Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од 12 месеци или до исполнување на вредноста на договорот.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и важечките подзаконски акти, како и како и позитивните прописи согласно предметот на јавна набавка.
1.4.2 При подготовка на својата понуда, економските оператори треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци).
1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата
1.5.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.6 Вид на постапка за јавна набавка
1.6.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на поедноставена отворена постапка.
1.6.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.7 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.7.1 Електронска аукција
1.7.1.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција со цел добивање нови цени коригирани надолу, односно нови вредности за одредени елементи од понудите.
1.7.1.2 Предмет на електронската аукција ќе биде: само цената.
1.7.1.3 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
1.7.1.4 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.7.1.5 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
1.7.1.6 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
1.7.1.7 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Достапност на тендерската документација
2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
2.2 Појаснување на тендерската документација
2.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори“ на ЕСЈН, најмалку шест дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.3 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од четири дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните шест дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
-краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот .
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2. Посета на локација
3.2.1 Во оваа постапка не е предвидена посета на локација.
3.3 Трошоци за поднесување на понуда
3.3.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.4 Јазик на понудата
3.4.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.5 Алтернативна понуда
3.5.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
3.6 Цена на понудата
3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари.
3.7 Корекција на цени
3.7.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.8 Начин на испорака
3.8.1 Носителот на набавката е должен предметот на набавката да го испорача во Аптеката на Клиниката за уво, нос и грло – Скопје, по добиена писмена нарачка од овластено лице на клиниката, електронски по е - маил.
3.9 Рок на испорака
3.9.1 Носителот на набавката е должен предметот на набавка да го испорача во рок од 5 дена од денот на добивање на нарачката.
3.10 Начин на плаќање
3.10.1 Начинот на плаќање е вирмански, 30 дена по испорака и доставување на фактура. Составен дел на фактурата е уредно потпишана испратница за прием на средствата предмет на договорот.
3.11 Период на важност на понудата
3.11.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена.
3.11.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.12 Средства за обезбедување
3.12.1 Гаранција на понудата
3.12.1.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.12.1.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.
3.12.2 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
3.12.2.1 Договорниот орган ќе бара од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна да обезбеди гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во вид на банкарска гаранција во вредност од 5% од вредноста на договорот за јавна набавка, доколку вредноста на склучениот договор надминува 70.000,00 ден. без вклучен ДДВ.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација.
4.1.4 Цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот „Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот „Документи“.
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.11.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 08.07.2021 година, до 11,00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: https://www.e-nabavki.gov.mk.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
Образец на понуда (Прилог 1),
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
Изјава за докажување способност, или документи за докажување на способност. (Прилог 3).
Докази за исполнување минимални барања наведени во техничките спецификации.
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 08.07.2021 година во 11,00 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација, библиотека на ЈЗУ УК за уво, нос и грло - Скопје.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да ѝ предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Утврдување способност
5.1.1 Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат економски оператори за кои, договорниот орган преку придружната документација утврдува:
дека не постојат причини за исклучување од постапката,
дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа:
а) способност за вршење професионална дејност и
5.1.2 Економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста или документи за утврдување способност.
5.1.3 Доколку економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста, истата треба да биде изработена на образецот даден во Прилог 3 од тендерската документација и да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него.
5.1.4 Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен да ги достави документите за утврдување способност, доколку не ги доставил со понудата.
5.1.5 Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 5.1.4 на овој член кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
5.1.6 Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма.
5.2 Причини за исклучување од постапката
5.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
1) доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.
2) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
3) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
4) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
5) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
6) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или,
7) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
5.2.2 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка, доколку, до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци.
5.2.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку:
a) договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку, Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
б) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
в) економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
5.2.4 За докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело, кое има елементи од кривичните дела, учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
5.2.5 Изјавата од алинеја 1 од потточка 5.2.4 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
5.2.6 Потврдите од потточка 5.2.4 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
5.2.7 Документите од потточка 5.2.4 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
5.3 Услови за квалитативен избор
5.3.1 Способност за вршење на професионална дејност
5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице, за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.1.2 Право на учество во постапката има секој економски оператор, кој ги исполнува посебните услови за вршење на дејноста, пропишани согласно со закон, а се однесуваат на предметот на набавка.
5.3.1.3 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
– Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
- Решение/Одобрение за вршење на дејност промет на големо со хемикалии/биоциди на територијата на Р.С. Македонија издадено од Агенција за лекови и медицински средства за Дел 1 и за Дел 2,
- Решение/Одобрение за вршење на дејност промет на големо со лекови и медицински средства на територијата на Р. С.Македонија издадено од Агенција за лекови и медицински средства, 3, 4, 5, 6 и 7.
5.3.2 Користење способност од други субјекти
5.3.2.1 Во постапката за јавна набавка, економскиот оператор може заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на економската и финансиската состојба и техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти.
5.3.2.2 Економскиот оператор може во постапката за јавна набавка да ја користи способноста на друг субјект за докажување на исполнетоста на условите за квалитативен избор во врска со образовните и стручните квалификации или релевантно стручно искуство само доколку другиот субјект ќе ги изведува работите или ќе ги обезбедува услугите за кои се бара таквата способност.
5.3.2.3 Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со доставување на изјава дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
5.3.2.4 Со цел договорниот орган да може да провери дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување, економскиот оператор треба да ја достави документацијата наведена во точките 5.2.4, 5.3.1.3 од оваа тендерска документација.
5.3.2.5 Ако во постапката учествува групата економски оператори, истата може да ја користи способноста на членовите во групата или на други субјекти на начин утврден во точките 5.3.2.2 и 5.3.2.3 од оваа потточка.
5.4 Критериум за избор на најповолна понуда
5.4.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на:
цената
5.4.2. За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
5.5 Евалуацијата на понудите
5.5.1. Кај поедноставената отворена постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, на ЕСЈН ја проверува листата на издадени негативни референци.
5.5.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.5.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.5.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.5.5. Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.5.6. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.5.7. По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.6 Заштита на податоци
5.6.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.6.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.6.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
5.7 Исправка на аритметички грешки
5.7.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се врши на следниот начин:
кадешто има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира;
доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира и
во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки.
5.8 Поништување на постапката
5.8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
добие инструкции од Бирото да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.8.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе ја донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка.
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1. Дозволени се измени на договорот за јавна набавка во неговата важност, доколку во текот на реализација на договорот дојде до негово менување согласно член 119 од Законот за јавни набавки.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2. Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3. Кај поедноставената отворена постапка, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба во однос на основите од потточка 7.1.3 од 1, 2, 3 и 4, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1. Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
8.1 Договорот за јавна набавка ќе ги содржи следниве елементи:
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
ПРАВА И ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА
ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИОТ ОРГАН
ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ФАКТУРА
НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
ОБЕШТЕТУВАЊЕ
ВИША СИЛА
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА
_________________ _________________
Техничка спецификација
дел |
Средства за чистење и дезинфекција на раце, кожа и слузокожа |
облик |
единица мерка |
количина во един.мерка |
1 |
Течен
лосион за хигиенско и хируршко миење
и дезинфекција на раце и кожа со
заштитен фактор; |
готов раствор за употреба |
литар |
70 |
2 |
Алкохолен биоциден дезифициенс за хигиенска и хируршка дезинфекција на раце со широк спектар и продолжен ефект на дејство, со заштитен фактор; -да содржи минимум 96% ethanol; -да делува на MRSA, TB, Escherichia coli, Klebsiella pneumonia, Staphylococcus aureus, Streptococcus pneumoniae, Pseudomonas aeruginosa, VRE), вируси (HBV, HCV, HIV, H1N1, Vaccinia virus, Rotavirus, Norovirus, Polivirus, Adenovirus) - да е хипоалерген и да има потврден тест за компатибилност со кожа -понудениот производ да е готов за употреба во оригинално пакување 500ml-1L; -Да се достават минимум 25 ѕидни дозери, дадени без надокнада |
готов раствор за употреба |
литар |
700 |
дел |
Средства за чистење и дезинфекција на површини |
облик |
единица мерка |
количина во един.мерка |
3 |
Средство за чистење и дезинфекција и на сите видови површини и медицински инвентар во операциони сали и болнички оддели, оддели чувствителни на мирис (пр:интензивна нега и др.), погоден за подови, поплочени ѕидови и чуствителни материјали (плексиглас), - да обезбедува првокласна заштита - да поседува истовремено ефект на чистење и да нема потреба од употреба на дополнително средство за чистење, да е со широк спектар на антимикробно дејство; -да има бактерицидно (особено да делува на MRSA , TB) вируцидно (HIV, HBV, HCV, BVDV, Vaccinia,Rota, Adeno, Polyoma SV 40,Noro) и фунгицидно дејство; -да не содржи алдехиди и испарувачки материи; - во форма на концентриран раствор, -понудениот производ да е во оригинално пакување од 1L-5L со дозер за лесно и точно дозирање -Да се достават минимум 8 дозери (или пумпи), дадени без надокнада |
Готов раствор за употреба |
литар |
30000 |
4 |
Алкохолно средство за брза дезинфекција на работни површини, медицински помагала, инвентар и опрема , брзо да се суши и да не остава траги (да не треба да се пребришува), - со широк спектар на делување против бактерии (вклучително MRSA, Methicillin резистентни Staphylococcus соеви , TB), вируси (вклучително HIV, HBC, H1N1, Rota, Adeno , Noro, Polio), фунгицидно дејство - да не содржи алдехиди и феноли - во форма на готов раствор за употреба, -понудениот производ да е во оригинално пакување од 500ml-1L -30% од испорачаните производи да се со распрскувач |
готов раствор за употреба |
литар |
600 |
дел |
Средства за дезинфекција на медицински инструменти, термостабилен и термолабилен прибор, ригидни и флексибилни ендоскопи |
облик |
единица мерка |
количина во един.мерка |
5 |
Течен концентрат за дезинфекција на флексибилни и ригидни ендоскопи, термолабилни и термостабилни инструменти кој не ги оштетува истите,, погодно за ултрасонични бањи, - со силно изразено бактерицидно (вклучувајќи MRSA, Mycobacterium terrae, Staphylococcus aureus, Pseudomonas aeruginosa), вируцидно, фунгицидно и спороцидно дејство, - употребуваниот работен раствор да е стабилен минимум 14 дена; -да не испарува; -понудениот производ да е во оригинално пакување од 1L- 5L -30% од испорачаните производи да се со дозер за лесно и точно дозирање |
концетрат |
литар |
120 |
6 |
Концентрирано средство во форма на гранулат за активно чистење и висок степен на дезинфекција на медицински инструменти, термостабилен и термолабилен прибор, ригидни и флексибилни ендоскопи; -да има спороцидно дејство во максимална концентрација од 2%; -да е на база на пероцетна киселина, -да е компатибилен со сите видови на инструменти од челик, прибор изработен од сите видови на гума, силикон и пластика; -понудениот производ да е во оригинално пакување 1-5kg со дозер за лесно и точно дозирање |
Готов раствор за употреба |
литар |
1500 |
7 |
Готови за употреба безалкохолни дезинфекциони марамчиња на база на кватерни амониумови соли , за брза и ефикасна дезинфекција на медицински помагала, инвентар и опрема, со широк спектар на дејство против бактерии (вклучително MRSA, Methicillin резистентни Staphylococcus соеви , TB), вируси ( HIV, HBV, HCV, H1N1, BVDV, Адено,Норо,Рота, Вакциниа) фунгицидно дејство, во пакување од 10 до 200 марамчиња. (30% од испорачаните марамици да бидат во оригинална кутија) |
марамици |
Бр. |
20.000 |
|
НАПОМЕНА: Носителот на набавката се обврзува дека, рокот на употреба, за секој елемент од испораката, нема да биде помал од 18 месеци од денот на приемот во аптеката на клиниката.
ПОНУДУВАЧОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ДОСТАВИ
*Забелешка: При евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки ќе ги земе во предвид само податоците кои ги означил и маркирал понудувачот. За остатокот од каталогот КЈН не превзема обврска т.е. нема да го разгледува од причина што најчесто се доставуваат гломазни немаркирани/ненумерирани каталози во кои тешко се пронаоѓаат бараните технички карактеристики. |
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број _____/2021 објавен од страна на ЈЗУ Универзитетска клиника за уво, нос и грло - Скопје, за набавка на Средства за дезинфекција со спроведување на поедноставена отворена постапка, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________
I.5. Матичен број: ____________________________________________________________
Дел II – Финансиска понуда
II.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:
Дел |
Ед.мерка |
Количина |
Ед.цена на ед.мерка без ДДВ |
Ед.цена на е д.мерка со ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ |
Заштитено име |
Производител |
Средства за чистење и дезинфекција на раце, кожа и слузокожа |
|
|
|
|
|
|
|
|
1.Течен
лосион за хигиенско и хируршко миење
и дезинфекција на раце и кожа со
заштитен фактор; |
литар (готов раствор за употреба) |
70 |
|
|
|
|
|
|
2.Алкохолен биоциден дезифициенс за хигиенска и хируршка дезинфекција на раце со широк спектар и продолжен ефект на дејство, со заштитен фактор; -да содржи минимум 96% ethanol; -да делува на MRSA, TB, Escherichia coli, Klebsiella pneumonia, Staphylococcus aureus, Streptococcus pneumoniae, Pseudomonas aeruginosa, VRE), вируси (HBV, HCV, HIV, H1N1, Vaccinia virus, Rotavirus, Norovirus, Polivirus, Adenovirus) - да е хипоалерген и да има потврден тест за компатибилност со кожа -понудениот производ да е готов за употреба во оригинално пакување 500ml-1L; -Да се достават минимум 25 ѕидни дозери, дадени без надокнада |
литар (готов раствор за употреба) |
700 |
|
|
|
|
|
|
Средства за чистење и дезинфекција на површини |
|
|
|
|
|
|
|
|
3.Средство за чистење и дезинфекција и на сите видови површини и медицински инвентар во операциони сали и болнички оддели, оддели чувствителни на мирис (пр:интензивна нега и др.), погоден за подови, поплочени ѕидови и чуствителни материјали (плексиглас), - да обезбедува првокласна заштита - да поседува истовремено ефект на чистење и да нема потреба од употреба на дополнително средство за чистење, да е со широк спектар на антимикробно дејство; -да има бактерицидно (особено да делува на MRSA , TB) вируцидно (HIV, HBV, HCV, BVDV, Vaccinia,Rota, Adeno, Polyoma SV 40,Noro) и фунгицидно дејство; -да не содржи алдехиди и испарувачки материи; - во форма на концентриран раствор, -понудениот производ да е во оригинално пакување од 1L-5L со дозер за лесно и точно дозирање -Да се достават минимум 8 дозери (или пумпи), дадени без надокнада |
литар (готов раствор за употреба) |
30000 |
|
|
|
|
|
|
4.Алкохолно средство за брза дезинфекција на работни површини, медицински помагала, инвентар и опрема , брзо да се суши и да не остава траги (да не треба да се пребришува), - со широк спектар на делување против бактерии (вклучително MRSA, Methicillin резистентни Staphylococcus соеви , TB), вируси (вклучително HIV, HBC, H1N1, Rota, Adeno , Noro, Polio), фунгицидно дејство - да не содржи алдехиди и феноли - во форма на готов раствор за употреба, -понудениот производ да е во оригинално пакување од 500ml-1L -30% од испорачаните производи да се со распрскувач |
литар (готов раствор за употреба) |
600 |
|
|
|
|
|
|
Средства за дезинфекција на медицински инструменти, термостабилен и термолабилен прибор, ригидни и флексибилни ендоскопи |
|
|
|
|
|
|
|
|
5.Течен концентрат за дезинфекција на флексибилни и ригидни ендоскопи, термолабилни и термостабилни инструменти кој не ги оштетува истите,, погодно за ултрасонични бањи, - со силно изразено бактерицидно (вклучувајќи MRSA, Mycobacterium terrae, Staphylococcus aureus, Pseudomonas aeruginosa), вируцидно, фунгицидно и спороцидно дејство, - употребуваниот работен раствор да е стабилен минимум 14 дена; -да не испарува; -понудениот производ да е во оригинално пакување од 1L- 5L -30% од испорачаните производи да се со дозер за лесно и точно дозирање |
литар (концетрат) |
120 |
|
|
|
|
|
|
6.Концентрирано средство во форма на гранулат за активно чистење и висок степен на дезинфекција на медицински инструменти, термостабилен и термолабилен прибор, ригидни и флексибилни ендоскопи; -да има спороцидно дејство во максимална концентрација од 2%; -да е на база на пероцетна киселина, -да е компатибилен со сите видови на инструменти од челик, прибор изработен од сите видови на гума, силикон и пластика; -понудениот производ да е во оригинално пакување 1-5kg со дозер за лесно и точно дозирање |
литар (готов раствор за употреба) |
1500 |
|
|
|
|
|
|
7.Готови за употреба безалкохолни дезинфекциони марамчиња на база на кватерни амониумови соли , за брза и ефикасна дезинфекција на медицински помагала, инвентар и опрема, со широк спектар на дејство против бактерии (вклучително MRSA, Methicillin резистентни Staphylococcus соеви , TB), вируси ( HIV, HBV, HCV, H1N1, BVDV, Адено,Норо,Рота, Вакциниа) фунгицидно дејство, во пакување од 10 до 200 марамчиња. (30% од испорачаните марамици да бидат во оригинална кутија) |
број |
20000 |
|
|
|
|
|
|
II.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
II.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот __________________________________________ [име и презиме] врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот____________________________ изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на договор за јавна набавка број ___________ за набавка на Средства за дезинфекција објавен од страна на ЈЗУ Универзитетска Клиника за уво, нос и грло Скопје, дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
2На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
29