Contract
А. Оглас за набавка
ОГЛАС ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА АБР ТЕРАПИЈА
Република Северна Македонија
Здружение за воспитно образовна психо-социјална поддршка ВОПС ОХРИД Предмет на договор: Набавка на опрема за АБР терапија
Реф.бр. 6/2024
Здружението за воспитно и образовна психо-социјална поддршка ВОПС Охрид, доби финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика во рамки на проект финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка), односно во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, во насока на имплементација на Договор за грант бр. 2.12/2022 за развој на социјална услуга - Центар за дневен престој и индивидуална работа за лица со попреченост во Општина Охрид и планира да искористи дел од средствата за исплата, по однос на договор за набавка на опрема за АБР терапија.
Набавката ќе се спроведе во согласност со „Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) - набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година“.
Се упатуваат сите заинтересирани понудувачи од точка 3.14, 3.15, 3.16 и 3.17 од „Прописите за набавки“, да ги почитуваат одредбите за судир на интереси во делот каде е дефинирана политика за конфликт на интереси на Светска банка.
Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и тендерска документација од страна на Весна Габелоска, од каде може да добијат електронска форма на тендерската документација со барање на следната адреса: Xxxx Xxxxxx xx.00, 0000 Охрид.
Понудите во хартиена форма треба да се достават најдоцна до 15.04.2024 година, на следната адреса: Xxxx Xxxxxx xx.00 , 0000 Xxxxx.
Б. Тендерска документација за набавка на опрема Б.1 Покана за достава на понуди
БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА АБР ТЕРАПИЈА
1. Ве покануваме да ја доставите вашата понуда со цени за набавка на следните стоки:
(i) Пиштол масажер мини верзија
(ii) Слам топка
(iii) Подлога за вежбање
(iv) Вибрациска топка во форма на кикирики
2. Здружението X.О.П.С поддшрка Охрид доби финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика во рамки на проект финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), односно во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги, во насока на имплементација на Договор за грант бр. 2.12/2022 за развој на социјална услуга - Центар за дневен престој и индивидуална работа за лица со попреченост во Општина Охрид, по однос на договор за набавка на опрема за АБР терапија. За таа цел,Ви ја доставуваме и оваа покана за понуда.
3. Потребно е да доставите понуда за секоја ставка дадена во тендерската документација/барање за понуди. Цените ќе бидат евалуирани за сите ставки заедно.
Еден понудувач не може да достави повеќе од една понуда, ниту пак алтернативна понуда.
4. Вашата понуда во затворено плико потребно е да ја доставите на ул. Xxxx Xxxxxx xx.00, 0000 Xxxxx
5. Понудата треба да ја доставите на македонски јазик и истата треба да биде пропратена со соодветна техничка документација и каталози или други печатени материјали или релевантни информации за секојаставка за која сте понудиле цена. Набавката ќе се спроведе во согласност со “Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) - набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година”.
6. Рокот до кој давателот на услугата (во понатамошниот текст: купувач) треба да ги прими понудите на адресата наведена во точка 4 е: 15.04.2024 година.
7. Понудата треба да ја доставите согласно долунаведените инструкции и условите за набавка дадени во прилог.
Понудата се состои од пополнети и потпишани:
• Образец на понуда;
• Услови за набавката и Спецификација.
Понудата треба да биде пополнета согласно следниве инструкции:
a. ЦЕНИ: Цените потребно е дa бидат изразени во македонски денари со вклучен ДДВ (каде што еприменлив ДДВ), во вкупен износ за испорака на следната адреса:Xxxx Xxxxxx xx.00, 0000 Охрид
б. ЕВАЛУАЦИЈА И ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР:
Понудите кои ги исполнуваат барањата наведени во техничката спецификација ќе бидат евалуирани, така што ќе се спореди нивната цена до крајното место за испорака.
При евалуирањето, купувачот за секоја понуда ќе ја одреди евалуираната цена, преку корекција на евентуалните аритметички грешки и тоа на следниов начин:
- онаму каде што постои отстапување помеѓу износите изразени како броеви и како зборови, износот даден со зборови ќе се земе како точен;
- онаму каде што постои отстапување помеѓу поединечната цена и вкупната цена кај одредена ставка, кое настанало како резултат на множењето на поединечната цена со количината, поединечната цена онака како што е понудена ќе се земе за точна.
Доколку понудувачот не ја прифати корекцијата, неговата понуда ќе биде одбиена.
Напомена: Услов за склучување на договор за набавка со избраниот понудувач ќе биде достава од страна на понудувачот на Документ за регистрирана дејност издаден од Централниот регистар на РСМ како доказ дека е регистриран за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот најмалку 1 година пред датата на достава на понудата.
Договор ќе биде склучен со понудувачот кој што доставил понуда која во најголема мера ги исполнува барања на набавката и е со најниска евалуирана цена.
ВАЖНОСТ НА ПОНУДАТА: Вашата понуда има важност 45 (со зборови: четриесетипет) дена од крајниот рок за доставување на понудата, како што е наведено во точка 6 на оваа покана.
Дополнителни информации може да побарате на Дополнителни информации може да побарате од страна на проектниот координатор Весна Габелоска, од каде може да ја добијат електронската форма на тендерската документација со барање на следната адреса
Телефон:000 000 000
Е-пошта: xxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx
8. Мониторинг (спроведување контроли и ревизии)
8.1 Понудувачот е запознаен и согласен да се придржува до насоките дадени од страна на Купувачот кои се во согласност со позитивните прописи, применливи за местото каде се врши испораката на стока.
8.2 Понудувачот е запознаен и согласен да обезбеди неговите под-договорачи и консултанти да дозволат Светска Банка (во понатамошниот текст: банка) и/или лицата назначени од нејзина страна да ги проверат канцелариите на Понудувачот и сите негови сметки и документи кои се поврзани со исполнувањето на договорот и достава на понудата, како и да направат проверка (ревизија) на таквите сметки и документи од страна на ревизори назначени од банката, доколку банката истото го побара. Понудувачот како и неговите под- договарачи и консултанти потребно е да ја имаат во предвид точката 4 од Договорот - Измама и корупција, со која меѓудругото се забрануваат активности кои се со намера да го попречат остварувањето на правата на банката за спроведување мониторинг, и истите претставуваат основа за раскинување на договорот (како и за прогласување на неподобност на добавувачот, во согласност со правилата и процедурите на банката, во делот кој се однесува на санкции).
Со почит, Xxxxxx Xxxxxxx Претседател
(датум)
ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
До Здружение X.О.П.С поддршка Охрид, Адреса : ул . Xxxx Xxxxxx 00, 0000, Xxxxx
Ја доставуваме оваа понуда за Набавка на опрема за АБР терапија со референтниот број: 5/2024, во согласност со Условите за набавка кои се прилог на овој образец на понуда на вкупна вредност од (со бројки и букви: (валута) со ДДВ.
Со оваа понуда ќе ви ги испорачаме бараните стоки во бараниот рок согласно тендерската документација.
Потврдуваме дека сме запознаени дека не сте обврзани да ја прифатите најниската или било која понуда која ќе ја добиете.
Потврдуваме дека оваа понуда е соодветна на барањето. Потврдуваме дека оваа понуда е соодветна на барањето за важност на понудата наведено во тендерската документација (покана за доставување понуда).
Одговорно лице/Овластен потпис
Име и презиме на одговорното лице/овластениот потписник
*) Напомена -Формата на понуда потребно е да биде пополнета и потпишана (потпис и печат)
Назив на понудувачот Xxxxxx
Телефонски број за контакт Е-маил
Б.3 Спецификација и услови за набавка
Број на набавка:
1. ЦЕНИ И РАСПОРЕД И УСЛОВИ НА ИСПОРАКА
Поз | Ознака | Опис на позиција | Мера | Количина | Единечна цена | Вкупна цена |
1 | Набавка и достава на опрема за АБР терапија | |||||
1.1 | Пиштол масажер мини | Големина: мин. 10 x 5 x 15,5 см Тежина: мин. 460 грама Мотор: без четки, мин. 15W, Звук мах. 45–50db Број на вртежи во минута: 1400 – 2800 Траење на батеријата: мин. 2-3 часа Се полни со вклучен USB-C кабел Минимум шест опции за брзина Со четири дела за глава LED осветлувањето покажува брзина | Парче | 2 | ||
1.2 | Слем топка | Големина (см): мин. 23 х 23 х 23, тежина (кг): мин. 6 материјали: Гумен и железен песок надворешна обвивка гума Овие топки не скокаат и не се тркалаат | Парче | 2 | ||
1.3 | Подлога за вежбање | Активна подлога за вежбање која обезбедува нелизгачка и безбедна платформа за вежби, како што се истегнување, вежби за сила и пилатес | Парче | 2 |
тренинг. Подлогата треба да е издржлива и лесно да се одржува чиста. Материјал: ПВЦ. Димензии: мин. 180 x 60 x 1,5см | ||||||
1.4 | Вибрациска топка во форма на кикирики | Вибрациска топка во форма на кикирики Големина:(cm) мин. 17х9 Тежина:(kg): мин. 0,77 Материјал: силиконска гума или АБС Се полни на струја Литиумска батерија мин. ДЦ 7.4В, 2220мАч Издржливост на батеријата во работен режим минимум 90мин Минимум 3 нивоа на интензитет Полнач за полнење на топката | Парче | 2 | ||
ВКУПНО | ||||||
ДДВ | ||||||
ВКУПНО СО ДДВ |
(Забелешка: Во случај на отстапување помеѓу единечната и вкупната цена, единечната цена ќе се земе за точна)
Напомена: Генерални забелешки
Сите материјали, бои, дезени и модели да се потврдат од страна на Купувачот.
За сите наведени спецификации на материјалите важи "или еквивалентно на" но притоа понудувачот/изведувачот треба со примери да докаже дека материјалот кој го нуди како
„еквивалентен на“за замена има исти или подобри карактеристики од наведениот во предмерот.
1. Фиксни цени: Цените дадени во табелата се непроменливи и фиксни и истите нема да бидат предмет на прилагодувања во текот на целото времетраење на договорот.
2. Распоред на испорака: Испораката треба да се направи не подоцна од 20 работни дена од денот на добивање на писмена нарачка од страна на купувачот.
3. Применливи прописи: Договорот ќе биде предмет на толкување, во согласност со применливите позитивни прописи во земјата на купувачот.
4. Решавање на спорови: Купувачот и добавувачот ќе ги вложат сите напори за решавање на евентуален спор спогодбено со директни преговори за надминување на несогласување или спор помеѓу нив кои произлегуваат од толкување и примена на договорот. Доколку и покрај напорите, не може да се најде решение за настанатиот спор помеѓу купувачот и добавувачот, спорот ќе се реши во согласност со процедурите во земјата на купувачот.
5. Исплата: Плаќањето на фактурата ќе биде на следниов начин: 100 % од вредноста на договорот ќе се плати во рок од 60 дена од датумот на сертификатот за прием на стоката, издаден од страна на купувачот заедно со доставена гаранција.
6. Гаранција: Гаранцијата за сите производи потребно е да биде минимум 1 година, или кaко е препорачано од производителот.
7. Пакување и означување: Добавувачот ќе обезбеди стандардно пакување на стоките, со цел да се спречи нивно оштетување во текот на транспортот до крајната дестинација, како што е дадена во договорот.
8. Дефекти: Сите дефекти ќе бидат отстранети од страна на добавувачот без никакви трошоци за купувачот во рок од 30 дена од денот на известувањето за настанат дефект, доставено од страна на купувачот.
Назив и адреса на сервисниот центар, каде што ќе бидат отстранувани дефектите од страна на добавувачот, во текот на гарантниот период е:
Адреса (ДА СЕ ПОПОЛНИ ОД СТРАНА НА ДОБАВУВАЧОТ)
9. Виша сила: Добавувачот нема да се смета за одговорен за исплата на пенали или за раскинување на договор доколку одредени задоцнувања или други видови на отстапување
при реализирањето на договорните обврски, произлегуваат од случај на “Виша сила”.
За целите на оваа клаузула, под “виша- сила” се подразбираат настани надвор од контрола на добавувачот и не вклучува вина на добавувачот или небрежност кои не можеле однапред да се предвидат. Ваквите настани можат да вклучуваат, но не се ограничени на: чин на заштита на својот суверенитет, војни или револуции, пожари, поплави, епидемии, карантин ограничувања, товарни ембарга и сл.
Доколку настане ситуација на виша сила, добавувачот веднаш ќе го извести купувачот во писмена форма за таквата состојба и за причината. Освен доколку не добие други инструкциите од Купувачот во писмена форма, добавувачот ќе продолжи да ги извршува своите обврски според договорот колку што е разумно возможно, со примена на разумни алтернативни средства за реализација на договорните обврски кои не се спречени од настан на виша сила.
10. Барани технички спецификации:
(а) Генерален опис
(б) Спецификација и технички стандарди (в) Перформанси
Добавувачот потврдува дека со понудата се исполните барањата наведени во спецификацијата погоре (во случај на отстапувања добавувачот треба да ги наведе отстапувањата)
Име на добавувачот Овластен потписник Место:
Дата:
1. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА (БАРАНО И ПОНУДЕНО) И КОЛИЧИНА ПО МЕСТО НА ИСПОРАКА
Xxxxxx | Понудено | ||||||
Поз | Опис на позиција | Мера | Кол ичин а | Опис на Позиција | Мера | Количина | |
Големина: мин. 10 x | |||||||
5 x 15,5 см | |||||||
Тежина: мин. | |||||||
460грама | |||||||
Мотор: без четки, | |||||||
мин. 15W, | |||||||
Звук: мах. 45–50db | |||||||
Број на вртежи во | |||||||
минута: 1400 – 2800 | |||||||
Траење на | |||||||
батеријата: мин. 2-3 | |||||||
1. | Пиштол масажер мини | часа Се полни со вклучен USB-C кабел Минимум шест | Парче | 2 | |||
опции за брзина | |||||||
Со четири дела за | |||||||
глава | |||||||
LED осветлувањето | |||||||
покажува брзина | |||||||
2 | Слем топка | Големина (см): мин. 23 х 23 х 23, тежина (кг): мин. 6 материјали: Гумен и железен песок надворешна обвивка гума | Парче | 2 |
Овие топки не скокаат и не се тркалаат | |||||||
3 | Подлога за вежбање | Активна подлога за вежбање која обезбедува нелизгачка и безбедна платформа за вежби, како што се истегнување, вежби за сила и пилатес тренинг. Подлогата треба да е издржлива и лесно да се одржува чиста. Материјал: ПВЦ. Димензии: мин. 180 x 60 x 1,5см | Парче | 2 | |||
4. | Вибрациска топка во форма на кикирики | Вибрациска топка во форма на кикирики Големина:(cm) мин. 17х9 Тежина:(kg): мин. 0,77 Материјал: силиконска гума или АБС Се полни на струја Литиумска батерија мин. ДЦ 7.4В, 2220мАч Издржливост на батеријата во | Парче | 2 |
работен режим минимум 90мин Минимум 3 нивоа на интензитет Полнач за полнење на топката |
ИМЕ НА ДОБАВУВАЧ:
Овластен потписник:
Б.4.Образец на договор
ОВОЈ ДОГОВОР со број е склучен на , помеѓу Здружението за воспитно и образовна психо-социјална поддршка ВОПС Охрид (во понатамошниот текст: „Купувач“) и
(име на добавувачот) (во понатамошниот текст: „Добавувач“)
Договорот е склучен врз основа на побарана понуда за набавка на опрема за АБР терапија од страна на Купувачот, и доставена прифатена понуда за набавка на стоки, од страна на Добавувачот, реф.бр. 6/2024 и износ од (со зборови:
) кој износ ја претставува цената на овој договор (во понатамошниот текст: „Цена на договорот”)
1. Документација која претставува составен дел од овој договор:
• Понуда;
• Услови на испорака;
• Техничка спецификација.
2. Права и обврски на договорните страни
2.1. Добавувачот се обврзува да ја испорача стоката, предмет на Договор, како и се обврзува да отстрани било какви недостатоци на опремата, согласно одредбите на овој Договор.
2.2. Купувачот се обврзува за доставата на стоките и за отстранувањето на можните недостатоци да ја исплати цената на договорот, согласно условите за исплата дадени во истиот.
3. Раскинување на договорот
3.1. Купувачот со писмено известување може да го раскине договорот во целост или делумно, во следниве случаи:
а. Доколку добавувачот целосно или делумно не ги достави стоките во временскиот период наведен во договорот или во друг период писмено одобрен од страна на купувачот;
б. Доколку добавувачот не изврши некоја од обврските кои се предмет на договорот; или
в. Доколку добавувачот според оценката на купувачот бил вклучен во измама и корупција во текот на поднесувањето на понудата и во извршувањето на договорот, согласно точка 4 од овој договор.
Во случај купувачот делумно или целосно да го раскине овој договор, купувачот има право да набави, согласно условите и начинот кој го смета како најсоодветен, стоки или услуги кои се слични на оние кои не се доставени или изведени од страна на добавувачот.
Сите трошоци и разлика на цена на стоките набавени од купувачот, ќе бидат на терет на добавувачот.
Договорните обврски кои се во сила, добавувачот е должен да ги извршува се до реализација на истите.
3.2 Раскинување на договорот заради несолвентност на добавувачот.
Купувачот може во било кое време со писмено известување да го раскине овој договор со добавувачот доколку над добавувачот е отворена ликвидациона или стечајна постапка, или на било кој друг начин стане несолвентен, без надоместок на добавувачот, и истото нема да влијае на правото за надомест на штета која може да ја побарува купувачот.
3.3 Раскинување на договорот, по сопствена одлука.
a. Купувачот со писмено известување може да го раскине Договорот во било кое време по сопствена одлука, целосно или делумно. Во известувањето за раскинување на договорот ќе биде наведено дека договорот се раскинува по одлука на Купувачот, кој дел од договорот со Добавувачот се раскинува и датумот од кога раскинувањето на договорот стапува на сила.
б. Стоките кои се целосни и готови за испорака во рок од дваесет и осум (28) денови по добивањето на известувањето за раскинување на договорот од страна на купувачот, ќе бидат прифатени од страна на купувачот, согласно условите и цените дадени во договорот. За останатите добра, купувачот може да одлучи:
• да ги земе и ги плати според условите и цените дадени во договорот; и/или
• да ја откаже испораката и на добавувачот да му ги исплати делумно доставените стоки и услуги како и материјалите и деловите кои му биле претходно доставени од страна на добавувачот.
4. Измама и корупција
Во случај Купувачот да утврди дека Добавувачот и/или било кој од неговиот персонал, агенти, под- договарачи, консултанти, обезбедувачи на услуги или вработени се вклучени во корупциски, измамнички, противзаконски, присилни или недозволени активности (кои се дефинирани во постоечките правила и процедури, во делот на санкции на Светска Xxxxx), заради склучување или извршување на Договорот, Купувачот може во рок од 14 дена да го раскине потпишаниот договор со добавувачот, согласно точка3 од овој договор.
5. Мониторинг (спроведување контроли и ревизии)
5.1 Добавувачот е запознаен и согласен да се придржува до насоките дадени од страна на купувачот кои се во согласност со позитивните прописи, на местото каде се врши испорака на стока.
5.2 Добавувачот е запознаен и согласен да обезбеди неговите под-договорачи и консултанти да дозволат Светска Банка (во понатамошниот текст: банка) и/или лицата назначени од нејзина страна да ги проверат канцелариите на добавувачот и сите негови сметки и документи кои се поврзани со исполнувањето на договорот и со доставата на понудата, и да направат проверка (ревизија) на таквите сметки и документи од страна на ревизори назначени од банката, на барање на банката. Добавувачот и неговите под-договарачи и консултанти се запознаени со точка 4 од овој Договор – Xxxxxx и корупција, со која меѓу другото се забрануваат активности со кои се има намера да го попречат остварувањето на правата на банката за мониторинг (инспекција и ревизија), и истите претставуваат основа за раскинување на овој договор (како и за прогласување на неподобност на
добавувачот, во согласност со правилата и процедурите на банката, во делот кој се однесува на санкции).
Потпис и печат на Добавувачот: ЗА И ВО ИМЕ НА Име на овластен претставник | Потпис и печат на Купувачот: ЗА И ВО ИМЕ НА Xxx на овластен претставник |