ОПШТИ УСЛОВИ ЗА OСИГУРУВАЊЕ НА ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ГАРАНЦИЈА КАЈ
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА OСИГУРУВАЊЕ НА ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ГАРАНЦИЈА КАЈ
ВОЗИЛАТА
Во овие услови употребените изрази го имаат следното значење:
1.осигурувач: осигурително друштво
2.договoрувач на осигурување: лице кое ќе склучи договор со осигурувачот;
3.oсигуреник: лице чиј имотен интерес е осигурен. Договорувачот на осигурување и осигуреникот се исто лице, освен при осигурување на туѓа сметка;
4.премијa: износ кој осигуреникот му го плаќа на осигурувачот за склученото осигурување;
5.пoлиса: документ за склучен договор на осигурување; 6.отштета: износ кој осигурувачот му го плаќа на осигуреникот согласно со договорот за осигурување; 7.ново возило: возило кое уште не е регистрирано, односно од неговата прва регистрација не поминало повеќе од 7 дена;
8.старо возило: возило кое веќе е регистрирано и од неговата прва регистрација поминало повеќе од 7 дена
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
(1) Предмет на осигурување према овие услови се нови или стари возила што се назначени во полисата за осигурување и за кои е склучено осигурување према овие услови најкасно 7 дена од денот кога возилото е купено доколку поинаку не е договорено.
(2) Предмет на осигурување не можат да бидат ни кога нивната вредност е вклучена во вредноста на возилото:
1. вградени делови на возилото кои не се декларирани од страна на производителот;
2. делови на возилото што се накнадно вградени, освен ако нивното вградување не било потребно за одржување на возилото;
3. потрошен материал како што е: гориво, масло за посмачкување, разладна течност, средства за чистење и слично;
4. делови на возилото што повеќе пати се менуваат како на пример: гумени, текстилни или синтетични облоги, ремени, цевки, четкици, филтери, средства за изолација на топлина и теснење, пнеуматици и слично;
5. надградба на возилото со деловите што и припаѓаат.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
Член 2
(1) Осигурувањето според условите на основната гаранција од производителот на возила, што е за осигуреното возило назначена на полисата за осигурување и според овие услови ја покрива штетата поради расипување на осигуреното возило во периодот од денот на истекот на основната гаранција до денот кој е назначен во полисата како крај на осигурувањето.
НЕОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ
Член 3
(1) Осигурувањето не ја покрива штетата:
1. што не ја покриваат условите на основната гаранција од производителот (проширена гаранција, продажни акции и слично);
2. поради недостатоци и грешки што постоеле во моментот на склучување на осигурувањето,и кои му биле или би морале да му бидат познати на осигуреникот;
3. што настанала како последица од непочитување на упатствата на производителот за одржување на осигуреното возило или како последица од вандализам;
4.што би била покриена во основната гаранција на производителот за случај на предолго траење на поправката на возилото;
5. поради расипување на возилото кое во моментот на расипувањето имало поминато 150.000 км односно наполнило 5 години старост;
6. поради дејство на надворешна сила како што е: пожар, луња, град, гром, експлозија, поплава, земјотрес, сообраќајна незгода и слично;
7. што ќе настане поради употреба на погрешно гориво или масло за подмачкување;
8. што ќе настане како последица од расипување на делот на возилото што би требало да се поправи а поправката не била извршена правовремено (накнадна штета);
9. што ќе настане како посредна штета, како што се трошоци за наем на надомесно возило, загуба на добивка, трошоци за складирање, оштетни побарувања и слично.
ОСНОВА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПРЕМИЈАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 4
(1) Како основа за пресметка на премијата за осигурување се употребува ново набавната вредност на осигуреното возило според Eуротакс или друг каталог односно според фактура на денот на склучувањето или обновувањето на осигурувањето.
(2) Ново набавна вредност на осигуреното возило представува продажна цена кај производителот за одделен вид, тип и модел пресметана во МКД по средниот курс на Народна банка на Македонија, вклучувајќи ги давачките и тошоците за царина, превоз и слично, доколку не е поинаку договорено.
(3) Доколку возилото не е повеќе во продажба неговата ново набавна вредност е ново набавна вредност на слично возило.
УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНА НА ШТЕТА
Член 5
(1) Висината на штетата што ја покрива ова осигурување се утврдува према висината на трошоците за поправка на возилото. Во трошоците за поправка се вклучени и трошоците за монтажа и демонтажа.
Од трошоците за набавка на нови делови не се одбива соодветен износ поради намалување на вредноста на заменетите делови заради амортизација, не се покриваат ни трошоците што ќе настанат поради подобрување на перформансите на возилото.
При утврдувањето на висината на штетата не се земаат во предвид околностите дека поради недостиг на делови за замена возилото не може да се поправи.
Доколку вредноста на осигуреното возило на денот на утврдувањето на висината на штетата, намалена за пазарната вредност на остатоците од тоа возило, е помала од трошоците за поправка,висината на штетата се утврдува според вредноста на возилото на денот на утврдување на штетата земајќи ја во предвид состојбата на возилото непосредно пред настанување на штетата намалена за пазарната вредност на остатоците.
(2) Oстатоците на возилото остануваат во сопственост на осигуреникот и се пресметуваат според пазарната цена и состојбата на предметите на денот на утврдувањето на штетата ако не е поинаку договорено.
СОУЧЕСТВО ВО ШТЕТА (ФРАНШИЗА)
Член 6
(1) Доколку во договорот за осигурување е договорено осигуреникот самиот да покрива дел од штетата (франшиза), исплатата на оштетата се намалува за договорениот износ на франшизата.
(2) Франшизата према овие услови изнесува 10% од пресметаната оштета на ден на пресметувањето на штетата но најмалку 100 Евра во денарска противредност по средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на исплатата на отштетата, доколку не е поинаку договорено.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 7
(1) Се смета дека настанал осигурен случај во моментот кога поради една од опасностите (ризиците) почнало осигуреното возило да се расипува.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 8
(1) Осигурувачот ја плаќа утврдената штета во целосен износ, но најмногу до вредноста на осигуреното возило на денот на утврдување на висината на штетата.
(2) Доколку договорената сума на осигурување е пониска од ново набавната вредност на осигуреното возило (подосигурување), осигурувачот ја плаќа утврдената штета во пропорција помеѓу договорената сума на осигурување и ново набавната вредност на осигуреното возило на денот на
утврдување на висината на штетата, но најмногу до висината на договорената сума на осигурување.
(3) Во случај на договорена франшиза износот на надомест се намалува за износот на франшизата.
ПОДРАЧЈЕ НА ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 9
(1) Осигурувањето важи додека осигуреното возило е регистрирано во Република Македонија, доколку не е поинаку договорено.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 10
(1) Договорот за осигурување се склучува врз основа на писмена или усна понуда.
(2) Осигурувачот по приемот на понудата може да побарува додатни податоци и објаснувања. Се смета дека понудата пристигнала кај осигурувачот кога тој ќе ги добие додатните податоци и објаснувања.
(3) Одредбите за склучување на договорот за осигурување се применуваат и при промена на постоечкиот договор за осигурување, освен во случај на промена на условите или тарифата за осигурување.
ПОЧЕТОК И КРАЈ НА ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ
Член 11
(1) Према овие услови осигурителното покритие започнува по истекот на 24. час од денот кој е наведен во полисата како почеток на осигурувањето, а тоа претставува истекот на 24. час од денот на истекот на основната гаранција.
(2) Осигурителното покритие завршува:
- по истекот на 24. час истиот ден кој е наведен во полисата како крај на осигурувањето;
- по истекот на 24. час истиот ден кога му е прекината основната гаранција;
- по истекот на 24. час истиот ден кога возилото поминало
150.000 км
- по истекот на 24. час истиот ден кога возилото дополнало 5 години старост.
ДОЛЖНОСТИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПО НАСТАНУВЊЕ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 12
(1) По настапувањето на осигурениот случај осигуреникот мора:
1. веднаш да стори се што е во негова моќ за да го спречи понатамошното настанување на штета, имајќи ги предвид упаствата на осигурувачот;
2. веднаш, но најдоцна во рок од три дена откако дознал за осигурениот случај, да го извести осигурувачот;
3. не смее да ја менува состојбата на оштетените или уништените предмети, додека не изврши увид претставник
на осигурувачот, освен ако промената е неопходна во јавен интерес односно да се намали штетата.
(2) Осигуреникот мора на осигурувачот да му ги даде сите потребни податоци со кои располага и кои се неопходни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата.
(3) Доколку осигуреникот по своја вина на осигурувачот не му го пријави осигурениот случај на начин и во период како што е определен во овие услови мора на осигурувачот да му ја надомести штетата што би настанала поради тоа.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 13
(1) Првата или еднократната премија за осигурување осигуреникот мора да ја плати при приемот на осигурителната полиса.
(2) Ако е договорено премијата да се плаќа на рати и не се пресметани камати поради одложувањето на плаќањето, при настанувањето на осигурен случај доспеваат за плаќање сите рати на премијата од тековната осигурителна година.
(3) Плаќањето на премијата преку фактура или некој друг документ, каде обично се определува рокот за плаќањето за плаќање на првата премија, се смета дека премијата за осигурување е платена доколку е плаќањето извршено до рокот на доспевање назначен на фактурата или некој друг документ.
(4) Ако е договорено премијата да се плаќа на рати или за наназад, може да се пресмета редовна камата од износот на премијата, за која е договорено одложување на плаќањето. Ако премијата на рати не е платена до денот на доспевање, може да се пресмета и затезна камата.
(5) Ако премијата е платена по пошта, за ден на плаќање се смета денот кога износот на премијата правилно бил уплатен во пошта. Ако пак премијата е платена со налог, за ден на плаќањето се смета денот кога налогот ќе дојде во банката на осигурувачот.
(6) Доколку за договорениот период на осигурување била определена пониска премија, а осигурувањето, од било која причина, престанало пред истекот на тој период, осигурувачот има право да ја побарува разликата до онаа премија, која осигуреникот би требало да ја плати, ако договорот би бил склучен само за онолку време колку што навистина траел.
(7) Во случај кога договорот за осигурување престанува да важи заради неплатена премија, осигуреникот мора да ја плати премијата до денот на важењето на договорот. Ако до денот на важењето на договорот за осигурување настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да плати отштета, осигуреникот мора да ја плати целата премија за тековната
осигурителна година.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА
Член 14
(1) На осигурувачот му припаѓа премијата за тековната година во целост доколку е осигуреното возило уништено поради една од осигурените опасности
(2) Во случај осигурувањето да престане поради уништување на возилото од неосигурени опасности, осигурувачот е должен на барање на осигуреникот да ја врати премијата за преостанатиот период на траење на осигурувањето од приемот на писменото барање, ако дотогаш не дошло до осигурен случај.
(3) Доколку осигуреното возило е уништено пред почетокот на покритието на осигурувањето осигурувачот е должен да ја врати целокупната платена премија.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ И ПИСМЕН ПРИГОВОР
Член 15
(1) Секоја од договорните страни може да бара определени спорни факти да ги утврдат вештаци. Ако другата страна се сложува со тоа, се пристапува кон вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак како претседател кој не може дабиде од редовите на лицата во работен однос со осигурувачот и осигуреникот.
(3) Вештаците му предаваат на осигурувачот и осигуреникот по еден примерок од својот писмен наод во определен рок. Ако наодите на вештаците меѓусебно отстапуваат, осигурувачот нивните писмени наоди веднаш ќе ги предаде на третиот вештак, кој своето стручно мислење го дава само во границите на констатациите од двата вештаци.
(4) Констатациите на вештаците се задолжителни за двете страни.
(5) Секоја договорна страна ги сноси трошоците за вештакот што го бира и половина од трошоците за третиот вештак.
(6) Доколку осигуреникот не е задоволен од обемот и видот на. е дозволен и писмен приговор до надлежниот орган
на осигурувачот
(7) надлежниот орган на осигурувачот ги разгледува и приговорите во кои се тврди дека дошло до кршење на деловниот морал.
ПИСМЕНА ФОРМА
Член 16
(1) Договорите за содржината на договорот за осигурување се важечки само ако се склучени во писмена форма.
(2) Сите известувања и изјави кои треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување мора да бидат дадени во писмена форма.
ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ И ТАРИФИТЕ
Член 17
(1) Ако осигурувачот ги промени условите или тарифите мора за промената да го извести осигуреникот барем 60 дена пред истекот на тековната осигурителна година.
(2) Осигуреникот има право во рок од 60 дена по приемот на известувањето да го откаже договорот заосигурување. Договорот престанува да важи со истекот на тековната осигурителна година.
(3) Доколку осигуреникот не го откаже договорот за осигурување, тој на почетокот на идната година се менува согласно со новите услови или тарифи.
ПРОМЕНА НА АДРЕСАТА И МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ
Член 18
(1) Осигуреникот мора да го извести осигурувачот за промената на адресата на својот стан, односно седиштето или за промената на своето име, односно името на фирмата во рок од 15 дена од денот на промената.
(2) Доколку осигуреникот ја променил адресата на живеење, односно седиштето или своето име, односно името на фирмата, а за тоа не го известил осигурувачот е доволно осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот да го испрати на адресата на неговото последно постојано живеалиште или седиште или да го адресира на последното познато име, односно фирма.
ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ
Член 19
(1) За односот помеѓу договорувачот на осигурување односно осигуреникот и осигурувачот се користи Законот за облигациони одредби.
НАДЛЕЖНОСТИ ВО СЛУЧАЈ НА СПОР
Член 20
(1) Споровите помеѓу договарачот на осигурвање, односно осигуреникот од една, и осигурувачот од друга страна, ги решава судот, надлежен според местото на склучување на договорот за осигурување.
ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 21
(1) Ако осигуреникот е физичко лице има право до Министерството за финансии, како надлежен орган на супервизија на друштвото да поднесе жалба во однос на Друштвото за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурувањето.