„Oштетено лице“ - лице кое претрпело штета од употреба на моторно возило - превозно средство;
У-АО 01/2016 Број: 02-3943/12 од 29.12.2016
Датум на примена: 01.01.2017
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ
Одделни изрази употребени во овие услови ќе ги имаат следните значења:
„Осигурувач“ – САВА осигурување x.x. Скопје
„Договорувач на осигурување“ - лице кое со осигурувачот склучило договор за осигурување;
„Осигуреник“ - лице чиј имотен интерес е осигурен;
„Осигурен случај“ - настан што може да доведе до остварување на оштетно побарување од страна на оштетениот;
„Корисник“ - сопственик на моторно возило и секое лице што има право на располагање, односно на кого возилото му е дадено на користење;
„Oштетено лице“ - лице кое претрпело штета од употреба на моторно возило - превозно средство;
„Сума на осигурување“ - износ на кој е осигурен имотниот интерес;
„Премија“ - износ кој договорувачот на осигурување го плаќа по договорот за осигурување;
“Полиса” документ на договорот за осигурување.-
„Интернет продажба“ – продажба на осигурување преку услуги на информатичко општество што се обезбедуваат за надомест – премија на далечина без истовремено присуство на договорните страни, со користење на електронски средства и на барање на договорувачот на осигурување или осигуреникот.
CКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗАОСИГУРУВАЊЕ
Члeн 1
(1) Дoгoвop зa ocигypyвaњe од автомобилска одговорност мoжe дa cклyчи лицe кoe поседува или користи моторно или приклучно возило и кое има интepec дa нe нacтaнe ocигypен cлyчaj, зaтoa штo би пpeтpпeл нeкoja мaтepиjaлнa зaгyбa.
(2) Договор за осигурување од автомобилска одговорност може да се склучи и за моторно или приклучно возило со странска регистарска ознака – задолжително гранично осигурување, но само во случај на класична продажба.
(3) Договорот за осигурување во случај на класична продажба на полиси е склучен кога осигурувачот и договорувачот ќе ја потпишат полисата за осигурување.
(4) Интернет продажба на осигурување може да се направи само за осигурително покритие од автомобилска одговорност со важност само на територија на Република Македонија
1) Во случај на интернет продажба на осигурување, договорувачот на осигурување или осигуреникот со користење на електронските средства обезбедени од страна на Осигурувачот сам ги внесува сите потребни податоци за изработка на осигурувањето, врз база на што добива информативна понуда. Доколку понудата е прифатлива за договорувачот на осигурувањето или осигуреникот, истото тој преку електронските средства го потврдува и ги прифаќа понудените премии и условите за осигурување.
2) Со користење на електронските средства обезбедени од страна на осигурувачот, договорувачот на осигурувањето или осигуреникот врши плаќање на премијата за осигурување со платежна картичка.
3) Откако ќе се изврши плаќањето на премија, договорувачот на осигурувањето или осигуреникот на валидна и точна e-mail
адреса која ја евидентира во процесот на пополнување на
потребните податоци, во електронска форма добива потврда за осигурување во која е наведен бројот на полисата за осигурување. Заедно со потврдата за осигурување на наведената e-mail адреса ги добива и важечките услови за осигурување од автомобилска одговорност. Доколку договорувачот на осигурувањето или осигуреникот има потреба од печатена копија од полисата потребно е да се обратат кај Осигурувачот.
4) Во случај на интернет продажба на осигурување не е потребен потпис на полисата односно потврдата за осигурување од страна на договорните страни, бидејќи согласно член 959 од Законот за Облигациони односи, договорниот однос од осигурувањето настанува со самото плаќање на премијата за осигурување.
ОБЕМ НА ПОКРИТИЕ
Член 2
(1) Осигурувачот, врз основа на прописите за одговорност за надомест на штета, е во обврска да надомести штета ако со употреба на моторно возило се причини штета на трето лице, поради:
1) смрт,телесна повреда, нарушување на здравјето, или
2) уништување или оштетување на предмети, освен од одговорност за штети за предмети што ги примил на превоз.
(2) Покрај одговорноста на корисникот на возилото, осигурена е одговорноста на секое лице кое постапува по волјата на корисникот при употреба на возилото (возач, кондуктер и сл.), како и на лицата што се превезуваат во возилото по воља на неговиот корисник.
(3) Со осигурувањето од одговорност, опфатена е и одговорноста за штета што ќе ја причини приклучно или неисправно возило додека е споено со возилото кое го влече и откако се одвои од тоа возило и дејствува во функционална зависност со него.
(4) Со осигурувањето од автомобилска одговорност се опфатени и штетите предизвикани со употреба на моторно возило од неовластено лице. За неовластено лице во смисла на овој став, се смета лице кое:
1) управувало со моторно возило без соодветна возачка исправа (вклучувајќи лице кое е на обука за добивање возачка исправа без присуство на овластено лице);
2) на нелегален начин управувало со моторното возило или лице кое е соучесник во таквиот чин;
3) управувало со моторното возило под дејство на алкохол над дозволеното ниво согласно закон, наркотични дроги или психотропни супстанции.
Се смета дека возачот бил под дејство на алкохол ако:
- за време на управување со возилото имал алкохол во организмот или покажувал знаци на алкохолно пореметување без оглед на количината на алкохол ако управувањето му е основно занимање (професија), односно имал повеќе од 0,5 л (промили) алкохол за возач аматер;
- алкохолниот тест е позитивен, а не се погрижи со помош на анализа на крвта да се утврди степенот на неговата алкохолизираност, освен ако земањето на крв го загрозува неговото здравје (на пр. хемофилија) и
- по сообраќајната незгода избега или одбие да се подвргне на испитување на неговата алкохолизираност, или консумира алкохол, така што го оневозможи утврдувањето на присуство на алкохол во крвта во моментот на настанување на штетата.
Се смета дека возачот е под дејство на дрога или други наркотици ако:
- со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметеност поради употреба на дрога или други наркотици;
- по сообраќајната незгода избега или одбие да се подвргне на испитување на негова дрогираност.
ИСКЛУЧОЦИ ОД ПРАВОТО НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 3
(1) Право на надомест на штета по основ на осигурување од автомобилска одговорност има секое лице освен:
1) Лицето кое управувало со моторното возило со чија употреба е предизвикана незгодата,
2) Сопственикот, сосопственикот, договорувачот на осигурувањето и секој друг корисник на возилото кој во моментот на настанување на незгодата не управувал со моторното возило со чија употреба е предизвикана незгодата, но само за износот на штета поради уништување или оштетување на предмети,
3) Лицето кое на нелегален начин присвоило моторно возило, како и соучесникот во нелегалното присвојување на моторното возило, со чија употреба е предизвикана незгодата, без разлика дали истото управувало со моторното возило во моментот на настанување на незгодата
4) Лицата кои штетата ја претрпеле како резултат на;
- употреба на моторно возило во спортски приредби за кои е добиена официјална согласност и на кои е потребно да се постигне максимална брзина и
- употреба на моторно возило во терористички акт или воени операции дефинирани согласно Кривичниот закон.
5) За штети причинети при воени операции или побуни.
(2) Ако друго не е договорено, од осигурителното покритие се исклучени оштетните побарувања кои произлегуваат од штетен настан што настанал за време додека возилото било мобилизирано или реквирирано од страна на властите во мирно време и тоа од моментот на пристигнување на првото определено место до моментот на преземање на возилото.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ
Член 4
(1) Осигурителното покритие од автомобилска одговорност важи на територијата на Република Македонија.
(2) Доколку е платена дополнителна премија за територијално проширување на осигурителното покритие – Зелена карта, територијалното покритие се проширува на територијата на земјите членки на Советот на Бироа за зелена карта.
(3) Осигурителното покритие за возила со странска регистарска ознака важи само на територија на Република Македонија и истото не може да се прошири согласно став 2 од овој член.
МИНИМАЛНИ СУМИ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 5
(1) Доколку не е поинаку договорено и не е платена дополнителна премија, осигурителното покритие од автомобилска одговорност е склучено на минималните суми на осигурување согласно законските прописи во Република Македонија.
(2) Минималните суми на осигурување од автомобилска одговорност се наведени во полисата за осигурување.
(3) Во случај кога е платена дополнителна премија за територијално проширување на осигурителното покритие – Зелена карта, обврската на осигурувачот е одредена со прописите на земјата членка на Советот на Бироа за зелена карта во која настанала штетата.
(4) Осигурителното покритие за возила со странски регистарски ознаки е склучено на минималните суми на осигурување согласно законските прописи во Република Македонија.
ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТ И РЕГИСТАРСКИ ПОДАТОЦИ
Член 6
(1) Ако во текот на траењето на осигурувањето се промени сопственикот, односно, корисникот на моторното возило, правата и обврските од договорот за осигурување од автомобилска одговорност преминуваат врз новиот сопственик, односно корисник и траат до истекот на тековниот период за осигурување.
(2) Сопственикот на моторното возило е должен писмено да го извести друштвото за осигурување со кое склучил договор за осигурување од автомобилска одговорност за промена на регистарските податоци кои се однесуваат на тоа моторно возило во рок од 15 дена од денот на настанатата промена.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ
Член 7
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен, при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности значајни за оцена на ризикот, а што му се познати или не можеле да му останат непознати.
(2) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за настанување на сообраќајната незгода и да достави пополнет Европски извештај за сообраќајната незгода, во рок од 30 дена од денот на настанувањето на незгодата.
(3) Непочитувањето на рокот за известување од првиот став на овој член, не влијае врз правото на оштетеното лице за надомест на штета.
(4) Доколку осигуреникот не постапи согласно одредбите од првиот став од овој член, осигурувачот има право на регрес на сите исплатени средства или настанати трошоци кои не би настанале доколку осигуреникот ги почитувал роковите за известување предвидени во првиот став од овој член.
(5) Ако против осигуреникот е истакнато оштетно барање, е поднесена тужба за надомест на штета, е поставено имотно правно побарување или е ставен предлог за обезбедување на докази, тој е во обврска, без одлагање, за тоа да го извести осигурувачот и да му ги достави сите докази што ги содржи соодветното побарување.
(6) Осигуреникот е должен водењето на парницата да го препушти на осигурувачот.
(7) Осигуреникот е должен обработувањето на оштетното побарување да го препушти на осигурувачот и нема право да го одбие, а особено нема право да го признае, освен ако тоа со тоа не се прави очигледна неправда.
(8) Договорувачот на осигурување, односно осигуреникот е должен сите свои известувања упатени на осигурувачот писмено да ги потврди, а сособено за промената на име, назив и адреса.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ПЛAЌAЊE HA ПPEMИJATA
Члeн 8
(1) Премијата за осигурување се утврдува со тарифата на премии за осигурување од автомобилска одговорност.
(2) Ако не е платена дополнителна премија за зголемен ризик, осигуреникот ги губи правата од осигурување за секој осигурен случај во сразмер помеѓу платената премија и премијата што требало да се плати.
(3)Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтoe дoлжeн дa ja плaти пpeмиjaтa нa ocигypyвaњeто, но ocигypyвaчoт e дoлжeн дa ja пpими yплaтaтa нa пpeмиjaтa oд ceкoe лицe кoe имa пpaвeн интepec тaa дa бидe плaтeнa.
(4) Пpeмиjaтa ce плaќa во договорените рокови, а ако треба да се исплати одеднаш, се плаќа при cклyчyвaњe нa дoгoвopoт.
(5) Ha изнocoт нa пpeмиjaтa штo ce плaќa вo дoгoвopeни poкoви мoжe дa ce пpecмeтa и нaплaти договорена камата.
(6) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe ja плaти пpeмиjaтa вo дoгoвopeниoт poк, ocигypyвaчoт мoжe, пoкpaj глaвницaтa, дa мy пpecмeтa и зaтeзнa кaмaтa.
(7) Mеcтo нa плaќaње нa пpeмиjaтa e мecтoтo вo кoe дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњcтo имa cвoe ceдиштe oднocнo живeaлиште, aкo co дoгoвopoт нe е определено нeкoe дpyгo мecтo.
(8)Aкo пpемиjaтa cе плaќa пpекy пoштa, cе cмeтa дeкa дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњетo co yплaтa нa дoлжниoт изнoc пpекy пoштa ja измиpил cвojaтa oбвpcкa cпpeмa ocигypyвaчoт откако во банката на осигурувачот ќе пристигне паричната дознака.
(9) Aкo пpeмиjaтa ce плaќa co чeкoвнa yплaтницa нa oдpеденa cмeткa нa ocигypyвaчoт, ќe ce cмeтa дeкa дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo гo извpшил плaќaњeтo нa пpeмиjaтa тoгaш кoгa ќe гo yплaти дoлжниoт изнoc на чекoвнaтa yплaтницa вo кopиcт нa oзнaчeнaтa cмeткa нa ocигypyвaчoт под услов паричните средства пристигнат на сметката на осигурувачот во банката депонент.
ОВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 9
(1) Koгa ќe настане ocигypeн cлyчaj, ocигypyвaчoт e дoлжeн дa гo иcплaти нaдoмecтoт на штета вo дoгoвopeниoт poк, кoj нe мoжe дa бидe пoдoлг oд 14 дeнa, cмeтajќи oд кoгa ocигypyвaчoт дoбил извecтyвaњe дeкa нacтaнaл ocигypaн cлyчaj.
(2)Aкo зa утвpдyвaњe на пocтoeњeто нa oбвpcкaта нa ocигypyвaчoт или на нejзиниот изнoc e пoтpeбнo извесно вpeмe, овoj poк пoчнyвa дa тeчe oд дeнoт кoгa e yтвpдeнo пocтoeњeтo нa нeгoвaтa oбвpcкa и нejзиниoт изнoc.
(3) Повеќе временски поврзани штети, ако настанале поради иста причина, претставуваат еден осигурен случај.
(4) Обврската на осигурувачот која произлегува од осигурувањето од автомобилска одговорност не може да биде поголема од минималните суми на осигурување, освен ако со договорот за осигурување не е предвиден повисок износ.
(5) Ако има повеќе оштетени лица, а вкупниот надоместок го надминува износот на кој е договорено осигурувањето од автомобилска одговорност, правата на оштетените лица сразмерно се намалуваат.
(6) Ако осигурувачот исплати поголем надомест на штета на едно оштетено лице, од оној што му припаѓа со оглед на сразмерното
намалување на надоместокот поради тоа што осигурувачот не знаел, ниту можел да знае дека постојат и други оштетени лица, има обврска спрема другите оштетени лица само до висината на износот на кој е договорено осигурувањето од автомобилска одговорност.
(7) Осигурувачот е должен да ги подмири оправданите барања и да превземе мерки за заштита на осигуреникот од неосновани или претерани оштетни барања.
(8) Ако осигурувачот ја повреди оваа обврска должен е на осигуреникот да му ја надомести штетата.
(9) Осигурувачот е овластен во име на осигуреникот да ги дава сите изјави, кои според негово мислење се потребни, заради надомест на штетата, или заради заштита од неосновани или претрпени барања.
(10) Трошоците за одбрана на осигуреникот во кривична постапка ги надоместува осигурувачот само во случај кога изрично дал согласност за бранител и се обврзал за надомест на трошоците.
(11) Трошоците на паричната постапка ги надоместува осигурувачот доколку парницата ја водел осигуреникот во согласност со осигурувачот, или ако бил застапуван од лице што го одредил осигурувачот и тоа во полн износ без оглед на висината на осигурената сума.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 10
(1) Во случај на уништување или одјавување на возилото, осигурувачот е во обврска да врати дел од премијата за преостанатото време на траење на осигурувањето (прората) сметано од денот на приемот на барањето за откажување на договорот, доколку до тогаш не се остварил осигурен случај.
(2) Во случај на интернет продажба, премијата може да се врати пред започнување на траењето на осигурувањето во просториите на осигурувачот, и премијата се враќа во полн износ.
(3) Во случаи кога:
1) е започнато траењето на осигурувањето,
2) осигурувачот веќе дал услуга,
2) е завршено траењето на осигурувањето не е можно враќање на премијата.
БОНУС – МАЛУС СИСТЕМ
Член 11
(1) Одредбите од овој член не се однесуваат на осигурувањето на моторни и приклучни возила со странски регистарски ознаки и во случај кога е платена дополнителна премија за проширување
на територијалното покритие на територијата на земјите членки на Советот на Бироа за зелена карта.
(2) Кога осигуреникот склучува договор за осигурување по прв пат, истиот плаќа премија според основниот премиски степен - 10.
(3) Осигуреникот преминува во нов премиски степен во зависност од тоа дали во изминатиот период на осигурување по неговиот договор за осигурување било пријавена штета. Во случај на промена на друштвото за осигурување на осигуреникот му се признава премискиот степен врз основа на порано склучениот договор за осигурување како и со увид во Централната евиденција за штети при Националното Биро за осигурување.
(4) На осигуреникот кај кого во последниот период на осигурување по неговиот договор за осигурување не било пријавена штета, за следниот период на осигурување му се одобрува попуст на премијата, односно премин за еден премиски степен пониско во однос на премискиот степен во кој се наоѓал во претходниот период на осигурување. Најповолен премиски степен е 1.
(5) За секоја пријавена штета во последниот период на осигурување по договорот за осигурување, осигуреникот преминува еден премиски степени повисоко во однос на премискиот степен во кој се наоѓал во претходниот период на осигурување. Најнеповолен премиски степен е 18.
(6) Премиските степени и премијата во % од премијата за основниот степен се следните:
СТЕПЕНИ НА БОНУС - МАЛУС | |
степен | % од премијата за основниот степен 10 |
18. | 175 |
17. | 165 |
16. | 155 |
15. | 145 |
14. | 135 |
13. | 125 |
12. | 115 |
11. | 105 |
10. | 100 |
9. | 95 |
8. | 90 |
7. | 80 |
6. | 75 |
5. | 70 |
4. | 65 |
3. | 60 |
2. | 55 |
1. | 50 |
ДРУГИ ОДРЕДБИ ЗА БОНУС И XXXXX
Член 12
(1) На осигуреникот кој во континуитет имал склучено осигурување за шест или повеќе моторни возила и кај кого меродавниот технички резултат (однос меѓу ликвидирани и резервирани штети и полисирана техничка премија) во изминатите три години на осигурување изнесува помалку од 80%,
му се одобрува попуст на премијата за следниот период на осигурување во висина од една половина (50%) од разликата помеѓу 80% и процентот на остварениот технички резултат.
(2) На осигуреникот кој имал склучено осигурување до 5 моторни возила ако во изминатата година на осигурување биле пријавени две или повеќе штети за возилата со кои е причинета штета, односно за возилото што е заменето му се пресметува доплатна премија за следната година и тоа:
1) 50% за пријавени две штети;
2) 80% за пријавени три штети;
3) 200% за пријавени четири и повеќе штети.
(3) На осигуреникот кој има заклучено осигурување за шест или повеќе возила и кај што меродавниот технички резултат (однос меѓу ликвидирани и резервирани штети и полисирана техничка премија) во изминатата година на осигурување изнесува повеќе од 120% му се пресметува доплаток (малус) на премијата за следната година за осигурување во процент кој е еднаков на една половина (50%) од разликата помеѓу остварениот однос и 120% со тоа што доплатокот не може да изнесува повеќе од 200%.
(4) Ако осигуреникот склучил договор за осигурување со времетраење пократко од една година, ова осигурување не се зема како основа за намалување на премискиот степен во следниот период на осигурување, без оглед дали по неговиот договор за осигурување не било пријавена штета во периодот на осигурување. Во случај на пријавена штета, осигурувањето се зема како основа за зголемување на премискиот степен.
(5) Во случај на промена на сопственоста на возилото, правото на бонус, односно обврската за плаќање на малус не се пренесува на новиот сопственик.
(6) Ако во периодот на користење на правото на попуст, осигуреникот го отуѓи или одјави возилото кај надлежен орган, стекнатото право на попуст се пренесува и на новото возило, под услов возилото да е од иста тарифна група и по полисата на одјавеното, односно отуѓеното возило да не е пријавена штета.
(7) Ако сопственикот по уништување на возилото, во рок една година склучи договор за осигурување за возило од иста тарифна група, стекнатото право на бонус, односно обврската за плаќање на малус се пренесува на новиот договор за осигурување.
(8) При утврдувањето на меродавниот технички резултат се применуваат и следните одредби:
1) бонусот односно малусот се пренесува и на возилата што осигуреникот ги набавил во тековната година на осигурување;
2) одредбите за утврдување на премијата во зависност од техничкиот резултат се применуваат само на осигуреникот кој на 31.12 од претходната година имал склучено осигурување на повеќе од 5 возила;
3) осигурувачот и осигуреникот имаат право да побараат повторна пресметка на бонусот, односно малусот, ако дополнително се увиди дека во пресметката не се земени оштетни барања што се основани, односно биле земени барања кои не биле основани.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ ЗА МАЛУС
Член 13
(1) При утврдување на премијата за осигурување кај осигуреникот што има осигурено до 5 возила се применуваат и овие одредби:
1) се смета дека штетата не е пријавена ако во рок од 1 година е ликвидирана без исплата на надомест или во полн износ по било кој основ е рересирана. Исто така не се смета за пријавена штета ако осигуреникот сам ја надомести истата, или ако е предизвикана од неовластено лице кое управувало со возило а не е член на потесното семејство на осигуреникот;
2) во случај на отуѓување на возилото обврската за плаќање на xxxxx не се пренесува на новиот сопственик. Ако осигуреникот по уништувањето, продажба и слично место поранешното во рок една година заклучи осигурување за друго возило, обврската за плаќање на малус се пренесува на новиот договор за осигурување ако возилото е од иста тарифна група.
Малусот се пресметува од премијата за новото возило во врска со чија употреба е склучен договор за осигурување;
3) на осигуреникот може да му се пресмета малус и врз основа на писмена потврда од претходниот осигурувач или негова изјава за бројот на пријавени штети.
(2) При утврдување на премијата за осигурување на осигуреникот што има склучено осигурување за 6 и повеќе возила, се применуваат и овие одредби:
1) малус се пресметува и на возилата што осигуреникот ги набавил во тековната година на осигурување;
2) во случај на прекинување и повторно склучување на договор за осигурување на осигуреникот му се пресметува малус врз основа на резултатите од последните три календарски години на траење на осигурување. Ако прекинувањето траелоповеќе од две години се пресметува премија без малус;
3) ако осигурувачот не располага со податоци за штети и премиите за најмалку три претходни години на осигурување, бидејќи осигуреникот претходно не бил осигурен доволно време, за утврдување на малус се користат податоците со кои се располага за две, односно на една година на осигурување;
4) при пресметување на односот на пријавените штети спрема полисираната техничка премија, пријавените штети се намалуваат за износот на наплатените регреси по било кој основ.
(3) Xxx xxxxxx компаниите правото на бонус и обврската за малус опишани во член 11, член 12 и во ставовите од овој член, припаѓаат на договорувачот на осигурувањето .
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ПOЧETOK HA ДEJCTBO HA OCИГУPУBAЊETO
Член 14
(1) Договорот за осигурување од автомобилска одговорност се склучува co oдpeдeн poк нa тpaeњe.
(2) Ако поинаку нe e дoгoвopeнo, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpoизведува свoе дejcтвo почнувајќи од двaeceт и чeтвpтиoт чac на дeнoт што е означен вo пoлиcaтa, кaкo дeн нa пoчeтoкoт нa тpaeњeтo нa ocигypyвaњeтo, пa cé дo зaвpшyвaњeтo нa пocлeдниoт дeн на poкoт зa кoj е договорено ocигypyвaњeтo.
ПOЧETOK И ПPECTAHOK HA OБBPCKATA HA OCИГУPУBAЧOT
Члeн 15
Последици од неисплата на премија за осигурување
(1) Oбвpcкaтa нa ocигypyвaчoт oд договорот за cигypyвaњe пoчнyвa пo иcтeк нa дваесет и четвртиот час oд дeнoт кој во полисата е назначен како почеток осигурувањето ако до тој ден е платена премијата, а xxxxx по истек на дваесет и четвртиот час од денот на уплатата на премијата, освен ако поинаку не е договорено.
(2) Aкo e дoгoвopeнo пpeмиjaтa дa ce плaќа пo cклyчyвaњeто нa дoгoвopoт, oбвpcкaтa нa ocигypyвaчoт дa го иcплaти нaдoмecтот oд ocигypyвaњeтo пoчнyвa oд дeнoт oпределен вo дoгoвopoт кaкo дeн нa пoчeтoк на ocигypyвaњeтo.
(3) Акo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo, пpeмиjaтa што cтacaлa по cклyчyвaњeто нa дoгoвopoт нe ja плaти дo cтacaнocтa, нитy тоа гo стори некое друго зaинтepecиpaнo лицe, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa спoред caмиoт зaкoн - пo иcтeкoт нa poкoт oд 30 дeнa oд кoгa на дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo мy e вpaчeнo пpeпopaчанo пиcмo oд ocигypyвaчoт co извecтyвaњe зa cтacaнocтa нa пpeмиjaтa, нo co тoa што тoj poк дa нe мoжe дa иcтeчe пpeд дa поминaт 30 дeнa oд cтacaнocтa нa пpeмиjaтa.
(4) Bo ceкoj cлyчaj, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa според caмиoт зaкoн, aкo пpeмиjaтa нe бидe плaтeнa вo poк oд eднa гoдинa oд cтacaнocтa.
ПPEМИНУBAЊE HA ПРАВАТА НА ОСИГУРЕНИКОТ BPЗ OCИГУPУBAЧOT - CУБPOГAЦИJA
Члeн 16
(1) Осигурувачот што ќе ја надомести штетата предизвикана со употреба на моторно возило од страна на неовластено лице во смисла на член 2 став 4 од овие услови, има право на регрес за исплатениот износ на надомест на штета заедно со каматата и трошоци создадени на тој начин од неовластеното лице.
ПРЕТСТАВКИ ОД ОСИГУРЕНИЦИ
Член 17
(1) Осигуреникот, корисникот на осигурување или трето оштетено лице има право да поднесе претставка до Друштвото за осигурување доколку смета дека Друштвото не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување.
(2) Друштвото за осигурување е должно да се произнесе по претставката на осигуреникот / корисникот на осигурувањето / трето оштетено лице во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
(3) Доколку не е задоволен од одговорот на Друштвото за осигурување или ако Друштвото за осигурување не одлучи и писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот/корисникот на осигурување/третото оштетено лице има право да поднесе претставка/жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ
Член 18
(1) Секоја од договорните страни може да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорна страна се сложува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак, како претседател кој не може да биде од редовите на лицата кои се во работен однос со осигурувачот и осигуреникот.
(3) Вештаците му предаваат на осигурувачот и осигуреникот по еден примерок од својот писмен наод во определен рок. Ако наодите на вештаците меѓусебно отстапуваат, осигурувачот, нивните писмени наоди веднаш ќе му ги предаде на третиот податоци изречно се согласува неговите лични податоци да се користат за натамошна обработка од страна на Осигурувачот во својство на контролор и од страна на обработувачи на лични вештак, кој своето стручно мислење го дава само во границите на констатациите од двата вештаци.
(4) Констатациите на вештаците се задолжителни за двете страни.
(5) Секоја договорна страна ги сноси трошоците за вештакот што го бира и половина од трошоците за третиот вештак.
HAДЛEЖHOCT BO CЛУЧAJ HA CПOP
Члeн 19
(1) Xx xxxxxx нa cпop пoмeѓy дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo - ocигypeникoт и ocигypyвaчoт, нaдлeжeн e cтвapнo нaдлeжниoт cyд cпоред мecтoтo на седиштето на осигурувачот.
HAЧИH HA ИЗBECTУBAЊE
Члeн 20
(1) Cитe извecтyвaњa и пpиjaви штo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн дa ги нaпpaви вo cмиcлa нa oдpeдбитe oд oвиe и дpyги ycлoви нa ocигypyвaњe, зaдoлжитeлнo тpeбa пиcмeнo дa ce пoтвpдaт aкo ce нaпpaвeни ycнo, пpeкy тeлeфoн, тeлeгpaмa или нa билo кoj дpyг нaчин.
Kaкo дeн нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa ќe ce cмeтa дeнoт кoгa e пpимeнo извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa. Aкo извecтyвaњeтo oднocнo пpиjaвaтa ce иcпpaќa пpeпopaчaнo, кaкo дeн нa пpиeмoт ќе ce cмeтa дeнoт нa пpeдaвaњeтo вo пoштa
(2) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако писмено се склучени.
ИЗMEHИ HA УCЛOBИTE ЗA OCИГУPУBAЊE И
TAPИФATA HA ПPEMИИ
Члeн 21
(1) Aкo ocигypyвaчoт ги измeни Уcлoвитe зa ocигypyвaњe или Tapифaтa нa пpeмии, дoлжeн e зa тoa пиcмeнo, или нa дpyг пoгoдeн нaчин, дa гo извecти дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нajдoцнa шeeceт дeнa пред истекот на тековната година на осигурувањето.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Члeн 22
(1) Осигуреникот е должен да го извести Осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
(2) Доколку Осигуреникот ги променил личните податоци наведени во точка 1 од оваа одредба, а за тоа не го известил Осигурувачот, Осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на Осигуреникот ќе го испрати на адресата на неговото последно живеалиште или седиште или ќе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив на фирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до Осигуреникот нема да биде успешeн (поради преселување или одбивање да се прими), Осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како уредно доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат за примени од денот на првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 23
(1) Осигуреникот, согласно Законот за заштита на личните податоци за спроведување на конкретните права и обврски од договорот за осигурување, каде Осигуреникот е договорна страна или на барање на Осигуреникот, пред негово пристапување кон договорот.
(2) Осигуреникот изречно се согласува и го овластува Осигурувачот во интерес на работата, а во врска со правата и обврските кои произлегуваат од овој договор, да се интересира за неговите лични податоци (адреса на живеење, вработеност, имотна состојба и примања) кај одговорните државни органи или било која друга надлежна институција, и истите да ги употреби доколку е тоа потребно за извршување на одредбите од овој договор.
(3) Осигуреникот му дозволува на Осигурувачот неговите лични податоци да бидат дадени на користење и на други надлежни институции кои за тоа поднеле писмено барање, а во врска со извршување на нивните редовни работи во согласност со закон.
(4) Личните податоци на Осигуреникот можат да се користат само во рамките на работите кои произлегуваат од правата и обврските на овој договор и се чуваат во законски утврдените рокови. Осигурувачот се обврзува дека личните податоци на oсигуреникот внимателно ќе ги чува во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
НАДЛЕЖЕН ОРГАН
Член 24
(1) Надлежен орган за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која Осигуреникот/корисникот на осигурувањето/третото штетено лице може да достави претставка/жалба во однос на друштвото за осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување.
ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 25
Овие Услови влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ќе се применуваат од 01.01.2017 година, со што престануваат да важат Условите за осигурување од автомобилска одговорност донесени на седницата на Одборот на директори одржана на 31.03.2014 година, со датум на примена 01.05.2014 година.
САВА осигурување, x.x. Скопје
Одбор на директори
Претседател
Рок Мољк