Договорувач - лице кое со Oсигурувачот склучува договор за осигурување.
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
ОПШТИ УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА СТОКА ВО ПОМОРСКИ ПРЕВОЗ
Ознака: УС-СПП 01.24
Број: 0101-70/11
Датум на примена:01.2024
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Член 1
[1] Овие услови за осигурување на стока во поморски превоз (во понатамошниот текст: Услови) се составен дел на понудата и договорот за осигурување на стока во поморски превоз , кој е склучен меѓу Договорувачот на осигурувањето, односно Осигуреникот во случај кога се работи за исто лице и ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје (во понатамошниот текст: Oсигурувач).
[2] Со договорот за осигурување на стока во поморски превоз Договорувачот на осигурувањето се обврзува да му плати на Осигурувачот одредени парични средства (премија за осигурување), а Осигурувачот е должен со настанување на осигурен случај да исплати надомест на штета на Осигуреникот.
[3] Со овие услови се осигуруваат стоки за време на превоз по море од загуба и оштетување.
[4] Стоките може да се осигураат во меѓународен транспорт.
[5] Одделни изрази употребени во овие Услови го имаат следново значење:
Осигурувач – ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје;
Договорувач - лице кое со Oсигурувачот склучува договор за осигурување.
Осигуреник - лице на кое му припаѓаат правата од осигурување; Премија - износ кој се плаќа за осигурување по договор за осигурување; Осигурена вредност - износ на кој предметот е осигурен;
Полиса - документ за склучениот договор за осигурување;
Сума на осигурување - највисок износ до кој Осигурувачот е во обврска при настанување на осигурениот случај;
Франшиза – износ со кој Осигуреникот учествува во штета;
Надомест од осигурување - износ кој го плаќа Oсигурувачот врз основа на склучениот договор за сигурување по настанување на осигурен случај.
Член 2
[1] Осигурувањето може да се договори од основни ризици или сите ризици кои ја загрозуваат стоката за време на транспортот.
[2] Осигурување може да се договори и само од потполна загуба на стоката.
[3] Осигурување може да се договори и од ризици кои не се опфатени со овие услови.
Член 3
[1] Под меѓународен транспорт се подразбира превозот на пратки каде што утоварот и растоварот на стоките се врши во различни земји.
Член 4
[1] Под стока во смисла на овие Услови се подразбира секоја ствар што е предмет на превоз (транспорт). Под стока се сметаат и возила и машини кои се движат на сопствени тркала.
ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ
ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОСНОВНИ РИЗИЦИ
Член 5
[1] Ако е договорено осигурување само на основни ризици, осигурувачот на осигуреникот ќе му исплати надоместок на штета која на стоката настанала за време на превоз по море поради:
1. поморски ризици (судир, удар, насукување, допирање на дното, потонување, бродолом, исчезнување на брод, луња и и невреме на море, отпловување на стоката од палуба, допир со морска вода).
2. пожар,
3. разбојништво и разбојничка кражба,
4. фрлање во море,
5. баратерија на заповедникот и морнарите.
(2)Осигурувачот доколку е договорено осигурување на основните ризици на осигуреникот ќе му надомести и загуба и оштетување на стоката која ќе настане за време на осигурениот превоз поради: експлозија, судар на возила, допир на возилото со некој надворешен предмет, загуба на цели колети за време на натовар, претовар или истовар и оштетување при претоварување во пристаништето на престој.
Член 6
[1] Поимите судар на брод, удар, насукување, налегнување, допирање на дно, потонување, бродолом, загубување на бродот се утврдуваат врз основа на важечките прописи и обичајното право.
[2] Во смисла на овие услови под ризик се смета:
1.Луња и невреме, односно секоја поголема елементарна непогода за време на осигуреното патување.
2. Отпловување на стоката од палуба, односно испаѓање на стоката под дејство на ветар или бранови.
3. Допир со морска вода, односно допир кој дошол по поморска несреќа или намера на посадата на бродот.
4. Фрлање во море, односно намерно фрлање на дел од товарот во море поради отстранување на заедничка опасност.
5. Баратерија, односно лоша намера, дело на капетанот на бродот или членови на екипажот на бродот, од кои произлегла опасност по бродот или товарот.
[3] Ако штетата на стоката настанала поради пожар кој настанал со самозапалување на стоката, осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му надомести штета само доколку тоа е посебно договорено.
[4] Доколку штетата на стоката настанала поради експлозија, осигурувачот на осигуреникот ќе му надомести штета само доколку е тоа посебно договорено.
[5] По исклучок на одредбите од претходниот став, доколку по експлозијата дојде до пожар на стоката, осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му надомести штета која е последица на пожарот или е во врска со него.
[6] Осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му надомести штета која ќе настане поради отпловување на стоката од палуба, само доколку превозот на стоката се врши на палубата во зависност од нејзината природа, ако бродарот спротивно на договорот за превоз ја натовари стоката на палуба или ако превозот на стоката на палуба е вршен со знаење на осигурувачот.
Член 7
[1] Разбојништво или разбојничка кражба кои што ќе ги извршат капетанот на бродот, членовите на посадата или патниците не се опфатени со осигурувањето според одредбите од член 5, став 1 точка 3 по овие услови.
[2] Во смисла на одредбите од член 1 и член 3 на овие услови, осигурувачот ќе ја надомести штетата само ако разбојништвото или разбојничката кражба ја причиниле надворешни лица.
Член 8
[1] Доколку е договорено осигурувње од основни ризици по Клаузулите Б и Ц, осигурувачот е во обврска на осигуреникот да му плати придонес во Генерална Xxxxxxxx.
ОСИГУРУВАЊЕ ПРОТИВ СИТЕ РИЗИЦИ
Член 9
[1] Доколку се договори осигурување според условите,,Против сите ризици,, осигурувачот на осигуреникот ќе му испалти надоместок на штета која ќе настане за време на осигурениот превоз поради опасности наведени во член 5 од овие услови, како и штети што ќе настанат поради:
1. Кражба на цели колети или делумна кражба на пооделни колети.
2. неиспорака на стоката.
3. Слатка вода.
4. Допир со друга стока.
5. Небрежност на капетанот и екипажот на бродот.
6. Невнимателно манипулирање при натоварот, претоварот и истоварот.
7. Други вонредни опасности на кои стоката е подложна за време на превозот.
[2] Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му исплати надомест на штета според одредбите од претходниот став, ако штетата настане од опасности од кои стоката може посебно да се осигура (член 13 од овие услови) поради опасности кои се изземени од осигурување (член 13 од овие услови) или задоцнување на испораката.
Член 10
[1] Со исклучок на одредбите од член 9 на овие услови, осигурување може да се договори од основните ризици и кражба, делумна кражба и неиспорака.
[2] Во смисла на одредбите од претходниот став, во договорот за осигурување мора да се назначи дека осигурувањето е склучено само за основните ризици и ризиците кражба, делумна кражба и неиспорака.
ДОПОЛНИТЕЛНИ РИЗИЦИ
Член 11
[1] Доколку посебно се договори, осигурувачот на осигуреникот ќе му испалти и надоместок на штета која ќе настане на осигурената стока поради:
1. Одбивање.
2. Оштетување на стоката
3. Загревање или потење
4. Стврднување
5. Растурање
6. Течење - кусок
7. Угинување на егзотични животни
8. Угинување на животни и кршење на нозе
9. Самозапалување
10. Одмрзнување на пратки кои се превезуваат во ладилници (фрижидери)
11. Расипување на месо, овошје или зарзават
12. Расипување на солени и сушени црева
13. надувување (бомбаж).
14. Сушење или овенување
15. Смрзнување
16. Експлозија
17. Осветлување на филмови
18. Слични опасности.
[2] Условите за осигурување од опасностите (ризиците) од претходниот став, се утврдуваат со договорот за осигурување.
ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОТПОЛНА ЗАГУБА
Член 12
[1] По исклучок на одредбите од член 5, 9, и 11 од овие услови, стоката може да се осигури само од потполна загуба.
[2] Под потполна загуба на стоката во смисла на одредбите од претходниот став се смета загуба на стоката која ќе настане поради загубување на транспортното средство(бродот).
[3] Доколку се договори осигурување во смисла на одредбите од став 1 од овој член, тоа во договорот за осигурување треба посебно да биде наведено.
ИСКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ
Член 13
[1] Осигурувачот не е во обврска да му исплати на осигуреникот надомест на штета која на осигурената стока ќе настане поради:
1. Опасности врзани за време на транспорт на стоката на палуба или во отворени вагони, освен доколку тоа не е посебно договорено.
2. Опасности кои настануваат поради недоволното пакување или недостатоци во пакувањето на стоката, која поради тоа по својата природа е изложена на загуба или оштетување.
3. Опасности поврзани со натоварот или истоварот или опасности кои потекнуваат од неправилното утоварување на стоката која ја натоварува испраќачот или истоварува приемачот.
4. Посебни опасности кои настануваат поради потполно или делумно оштетување или загуби на стоката (рѓа, внатрешно расипување кое настанува само по себе, течење, сушење, растурање, загуба во тежина и сл.) на што стоката е изложена поради своите својства, освен ако тоа не е посебно договорено.
5. Опасности кои ќе настанат поради тоа што предметите кои се изземени од превоз или предметите кои на превоз се примаат само под определени услови, се предадени на превоз со исправани, неточни или непотполни означувања или испраќачот не ги превзел пропишаните мерки на внимание.
6. Опасности на кои се изложени живи животни при превоз, освен ако тоа не посебно договорено.
7. Опасности кои пратителите на живи животни или на стоката биле должни да ги отстранат.
8. Опасности кои ќе настанат на стоката поради недостаток во конструкцијата, лошото одржување и нередовно одбележување на уредите, на колите кои служат за превоз на стоката, а се наоѓаат во управување на осигуреникот или на лице кое за кој тој одговара.
9. Лоша намера или крајна небрежност на осигуреникот.
10. Војна или слични настани на војната, терористички акти, јавни демонстрации и манифестации, штрајк (воени и политички ризици) и атомски ризици.
11.Осигурувачот нема обврска на осигуреникот да му надомести ни штета која може да се предвиди и избегне.
12.Исклучување на ризик од заразни болести:
1. Исклучени се сите штети поради заразна болест, освен кога се исполнети условите за исклучување на заразено лице.
2.1. „Штета како резултат на заразна болест“ означува било каква штета, оштетување, одговорност или трошок од каква било природа, директно предизвикана или во голема мера предизвикана, придонесена, произлезена од или во врска со некоја од исклучените околности, како што се:
а) заразно заболување и / или
б) страв или опасност, без разлика дали се реални или перцепирани, од заразни болести и / или
в) каква било препорака, одлука или мерка донесена или преземена за ограничување, спречување да се намали или забави ширењето на инфекцијта на заразната болест или да се елиминира или минимизира
правната одговорност во врска со таквата болест, без оглед дали е усвоена или преземена од власти или невладини правни лица или физички лица и / или
г) каква било препорака, одлука или мерка донесена за промена, пресврт или елиминирање на која било од околностите наведени во потстав (в) погоре, без разлика дали е донесена од властите или невладини правни лица или физички лица. без оглед на која било друга причина или околност што во исто време или во која било друга низа придонесе за тоа.
2.2. Не доведувајќи го во прашање влијанието на Xxxxxxxx 2.1 (а), (б) и (г), препораки, одлуки и мерки од страна на кои и да било превземени за закотвување, поставување или задржување на сидрото, на пристаништето или на друго место на кој било брод, превозно средство , опрема или платформа за да продолжат да патуваат, работат,тргуваат, товарат или истоваруваат стоки или друга вообичаена употреба не претставуваат исклучени околности, без разлика на тоа што тие или некои од нив се превземени во точка 2 (в).
3. „Заразна болест“ е секоја болест (без оглед дали е позната или непозната) што може да се пренесе со која било супстанца или агенс од еден на друг организам, кога: а) супстанцијата или агенсот вклучува, но не ограничувајќи се на тоа, вирус, бактерија, паразит или друг организам или каква било варијанта или мутација на претходно наведеното, без оглед дали се смета за жива или не, и б) начинот на пренесување, без разлика дали е директен или индиректен, вклучува, но не е ограничен на човечки допир или контакт, пренесување преку воздух, пренесување преку телесни течности, пренесување од или преку било кој цврст предмет, површина, течност или гас и в) болест, супстанција или агенсот може, дејствувајќи сам или заедно со други коморбидитети, состојби, генетски предиспозиции или со имунолошкиот ситем на човекот да предизвика смрт, болест, телесно оштетување или привремено или трајно нарушување на физичкото или менталното здравје или негативно да влијае на вредноста или безбедноста на кој било вид на имот.
4.1 Исклучувањето на заразено лице се применува кога (1) постапките или одлуките на кое било лице заразено или наводно заразено со заразна болест предизвикуваат или придонесуваат за наводен несакан настан и (2) кога ниту едно од таквите постапки или одлуки или наводната причина за несакан настан не е препорака, одлука или мерка како што е дефинирано во точките 2.1 (в) или 2.1 (г) погоре.
4.2 Доколку овие услови се исполнети, фактот или можноста дека дејствието/-јата или одлуката/-ките на поединецот се повредени или погодени од наводна или вистинска инфекција на тоа лице не исклучува штета што инаку секогаш се надоместува под услов да нема покритие за загуба, штета, одговорност или трошок што произлегува од какво било зголемување на ширењето, фреквенцијата, интензитетот или повторување на заразната болест поради постапките или одлуките на тоа лице.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 14
[1] Осигурувањето започнува да важи во моментот кога стоката ќе го напушти складот (магацинот) во местото означено во договорот за осигурување, заради започнување на превозот, означено како појдовно и трае додека стоката не биде испорачана во последниот склад во местото на одредиштето наведено во договорот за осигурување.
[2] Осигурувањето во секој случај престанува да важи по истекот на рокот од 60 дена од денот на истоварот на стоката, доколку не е поинаку договорено.
[3] Рокот од претходниот став тече од полноќта на оној ден кога е извршено истоварување на стоката од превозното средство.
Член 15
[1] Стоката е осигурена и за време на скршнување од патот или задоцнување кое не е зависно од волјата на осигуреникот, присилно истоварување, повторно натоварување или претоварување.
[2] Стоката е осигурена и во случај на некоја друга измена при превозот извршена во согласност со договорот за осигурување.
[3] Стоката е осигурена и во случај на патување или некој друг пропуст или грешка направена во интерес на осигурената стока или интересот на стоката, превозното средство или патувањето.
Член 16
[1] Доколку поради околности кои не се зависни од вољата на осигуреникот договорот за превоз престане да важи во друго пристаниште или место, а не во одредиштето означено во договорот за превоз, или превозот се заврши пред испорака на стоката во складот на приемачот или друг склад означен во договорот за осигурување, стоката останува осигурана додека таа не се продаде и не испорача во тоа пристаниште или место или додека не стигне во складот на приемачот или друг краен склад во одредиштето одредено во договорот за осигурување.
[2] Ако отпремата на стоката на купувачот, во смисла на предходниот став, започне пред да истече рокот од 15 дена, осигурувањето престанува кога стоката одпочнува да се отпремува, превезува на купувачот.
[3] Ако продажбата на стоката се изврши по истек на рокот од став (2), а за време додека стоката е осигурена договорот за осигурување престанува да важи во моментот на продажбата.
Член 17
[1] Во смисла на членовите 15 и 16 од овие услови, стоката е осигурена само доколку осигуреникот за настанатата измена го известил осигурувачот веднаш по приемот на известувањето за извршените измени и доколку плати дополнителна премија за осигурување која ќе ја побара осигурувачот.
[2] Доколку осигуреникот не постапи според одредбите на претходниот став, договорот за осигурување престанува да важи на денот на извршената промена.
Член 18
[1] Стоката по одредбите на членовите 15 и 16 од овие услови е осигурена доколку осигуреникот постапува со примерна брзина во околностите кои се зависни од неговото однесување (волја).
ОСИГУРЕНА ВРЕДНОСТ
Член 19
[1] Стоката може да се осигура на вистинска или фактурна вредност.
[2] Покрај осигурување на стоките на фактурна вредност, можат да се осигураат и трошоците врзани со транспртот на стоката како што се: трошоците на превоз, царина, осигурување, шпедитерски трошоци и слично.
[3] Покрај трошоците од претходниот став може да се осигури и очекуваната добивка но најмногу во висина до 10% од вредноста на стоката.
Член 20
[1] Доколку ништо не е договорено во врска со вредноста на стоката, се смета дека стоката е осигурена на вистинска вредност.
[2] Вистинска вредност на стоката е вредноста која стоката ја има во местото на отпрема во моментот на натовар.
[3] Се смета дека стоката е осигурена на вистинска вредност, ако е осигурена фактурната вредност на стоката со трошоците и добивката кои по овие услови можат да бидат осигурени.ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 21
[1] Договорот за осигурување се склучува врз основа на понуда (пријава) за осигурување на осигуреникот или договорувачот на осигурувањето и понуда на осигурувачот. Понудата — пријава за осигурување може да се поднесе само писмено.
[2] Понудата за осигурување која што ќе ја поднесе лице кое сака да склучи осигурување на стоката мора да ги содржи следните податоци: видот и количеството на стоката, ознака, тежина, превозното средство, ризикот од кој се бара осигурување, ознака на превозното средство, релација на превозот како и вредноста на стоката.
[3] По исклучок на одредбите од претходниот став, договорот за осигурување може да се заклучи и кога осигуреникот во понудата не ги наведува податоците со кои во моментот не располага или нема точни податоци, со тоа да дополнително го извести осигурувачот за податоците со кои не располага или нема точни податоци во рок кој во договорот за осигурување ќе се утврди.
[4] Доколку осигуреникот не го извести осигурувачот во смисла на одредбите од претходните ставови на овој член, ќе се смета дека договор за осигурување е склучен.
[5] Понудата- пријавата за осигурување поднесена од осигурувачот мора да го содржи следните податоци: предмет на осигурување - датум на пријава, видот на стоката, податоци за превозно средство(бродот), релација на превозот, ризикот опфатен со осигурувањето, траењето на осигурувањето и периодот на осигурувањето, сумата на осигурување, висината на премијата.
Член 22
[1] Понудата (пријавата) за осигурување осигурувачот може да ја прифати или одбие, во рок од 24 часа (во работни денови) од приемот на истата.
[2] Доколку осигурувачот не ја одбие на писмената понуда во рок од 24 часа од приемот на истата, ќе се смета дека понудата за осигурување е прифатена.
Член 23
[1] Договорот за осигурување се смета дека е склучен кога осигурувачот ќе ја прифати понудата за осигурување.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 24
[1] Првата рата или еднократна премија, договорувачот на осигурувањето мора да ја плати при склучување на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати
треба да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. При настанување на осигурен случај за наплата доспева целата ненаплатена премија од тековната година на осигурување.
[2] Ако е договорено плаќање на премијата на рати, а ратата не е платена до денот на доспевање, може да се пресмета законска камата.
[3] Ако и без разлика на договореното време на осигурување во договорот била определена пониска премија, а осигурувањето од било кои причини престанало пред истекот на тој период, Осигурувачот има право да ја наплати разликата до онаа премија која договорувачот на осигурувањето би морал да ја плати доколку договорот за осигурување би бил склучен само за толкав период колку што навистина траело осигурувањето.
[4] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договорувачот мора да ја плати премијата за неплатениот период до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната година на осигурување, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој Осигурувачот има обврска да исплати надомест од осигурување.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 25
[1] Ако е договорено премијата да се плаќа при склучувањето на договорот, обврската на Осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува наредниот ден од денот на уплатата на премијата.
[2] Ако е договорено премијата да се плаќа по склучувањето на договорот, обврската на Осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува од денот определен во договорот како ден на почеток на осигурувањето.
[3] Ако Договорувачот на осигурувањето премијата што стасала по склучувањето на договорот не ја плати до стасаноста, ниту тоа го стори некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување престанува, по истекот на рокот од 30 дена од кога на договарачот на осигурувањето му е врачено препорачано писмо од Осигурувачот со известување за стасаноста на премијата, но со тоа што тој рок да не може да истече пред да поминат 30 дена од стасаноста на премијата.
[4] Во секој случај договорот за осигурување престанува ако премијата не биде платена во рок од една година од стасаноста.
УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНА НА ШТЕТА
Член 26
[1] Осигурувачот и осигуреникот заеднички ја утврдуваат штетата или загубата на стоката настаната за време на превозот.
[2] Доколку возачот одбие да учествува во утврдувањето на штетата, осигуреникот е должен да превземе мерки поради обезбедување на докази дека штетата се случила за време на осигуреното патување и за тоа да го извести осигурувачот, доколку смета дека штетата ќе го надмине изнсот од ЕУРО 1.000.
[3] Доколку осигуреникот не постапи според одредбите од претходниот став на овој член, ќе се смета дека осигуреникот ја примил стоката без оштетувања.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 27
[1] Кога ќе настане осигурен случај, Осигуреникот е должен:
1) веднаш да ги преземе сите мерки кои се во негова моќ за отстранување и намалување на штетата на оштетениот осигурен предмет, да го обезбеди од натамошни оштетувања, придржувајќи се кон упатствата што ќе му ги даде Осигурувачот;
2) веднаш да го извести Осигурувачот, а најдоцна во рок од 3 дена по дознавање за осигурениот случај. Доколку известувањето не е во писмена форма, должен е најдоцна во следните три дена писмено да ја потврди пријавата каде треба да ги наведе и оштетените, уништени или исчезнати предмети, нивната приближна вредност и околностите под кои настанал осигурениот случај. Оштетното побарување може да го поднесе лично или преку полномошник, директно во архивата на Друштвото на адресата на нејзиното седиште, во било која подружница на Друштвото, преку пошта или по електронски пат на е-маил: xxxxxxx.xxxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx;
[2]Оштетното барање за обештетување по основ од осигурување се поднесува во писмена форма.
[3] Кон оштетното барање се поднесува оригинал од полисата за осигурување, оригинални транспортни исправи, записник за утврдување на штетата, фактура за осигурената стока или друг доказ за утврдување на вредноста на стоката и други докази за платени трошоци во врска со оштетената стока, доколку зависните трошоци се осигурени, како и други докази за причина и висина на штетата.
[4] Со поднесувањето на оштетното барање, осигуреникот на осигурувачот по пат на цесија му ги пренесува и своите права кон лица виновни (одговорни) за настанување на штетата.
[5] Осигурувачот има право да побара и дополнителна документација за утврдување на фактичката состојба и основот на оштетното побарување.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРАН СЛУЧАЈ
Член 28
[1] Oсигурувачот е должен на осигуреникот да му исплати надоместок на штета до висина на виситинската штета на стоката, но најмногу до осигурената вредност на стоката.
[2] Доколку осигурената вредност на стоката и добивката е поголема од вистинската вредност на стоката, односно од добивката која може да се осигура, осигурувачот ќе ја надомести вистинската штета.
[3] Доколку осигурената вредност на стоката односно на добивката е помала од вистинската вредност односно од висината на добивката која може да се осигура, осигурувачот на осигуреникот ќе му надомести штета која одговара на односот помеѓу осигурената и вредноста која можела да се осигура, но најмногу до осигурената вредност.
[4] Oсигурената вредност ја претставува максималната граница на обврската на осигурувачот кон осигуреникот.
Член 29
[1] Kај хартиите од вредност, штедните книшки, меници, чекови и други вредносни ствари кои можат да се огласат како неважечки, осигурувачот како штета ќе ги надомести трошоците за тоа извесување.
[2] Доколку се оствари наплатата на некоја од вредностите наведени во претходниот став или осигуреникот поради нивното огласување за неважечки претрпел некаква штета, осигурувачот ќе му ја надомести на осигуреникот вистинската штета до осигурениот износ на таа ствар.
Член 30
[1] Придонесот за Генерална Xxxxxxxx, осигурувачот ќе го плати врз основа на дефинитивна пресметка во целост доколку придонесот утврден во пресметката е еднаков или помал од осигурената вредност на стоката.
[2] Ако придонесот во Хаваријата е поголем од осигурената вредност на стоката, осигурувачот на име придонес ќе ја надомести вистинската штета до осигурениот износ на тој предмет.
Член 31
[1] Генералната Xxxxxxxx и спасувањето се уврдува спрема прописите и праксата кои важат во определеното место на стоката односно бродот.
[2] Aко тоа во договорот за превоз е предвидено, пресметката за Генерална Xxxxxxxx може да се направи и по правилата на York Antwepen од 1950 година.
Член 32
[1] Во случај да е договорена интегрална или одбивна франшиза, осигурувачот ќе го надомести делот на штетата кој го надминува износот на договорената франшиза, но најмногу до осигурената вредност на стоката.
[2] Ако тоа во договорот за осигурување не е предвидено, настанат кусок поради природно својство, губиток на тежина (кало), истекување, испарување, растур на осигурената стока, осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му ја надомести штетата која го надминува изнсот на таа редовна загуба.
Член 33
[1] Oсигурувачот, покрај надоместокот за загуба или оштетување на стоката, ќе му ги надомести на осигуреникот и разумно направените трошоци за спасување на стоката.
[2] Aко осигурената вредност на стоката е помала од вистинската вредност, осигурувачот на осигуреникот ќе му ги надомести трошоците за спасување во пропорција која одговара на односот меѓу осигурената вредност и вистинската вредност на стоката.
[3] Надоместокот на штетата на стоката и трошоците за спасување кои ги плаќа осигурувачот, не може да биде поголем од осигурената вредност на стоката.
Член 34
[1] Осигурувачот ќе му надомести на осигуреникот и штета која тој треба да ја плати на сопственикот на бродот по основ на договорот за превоз (по xxxxxxxx: за судир поради обострана вина).
[2] Во случаи од претходниот став, осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за секое барање на сопственикот на бродот.
[3] Осигурувачот има право по приемот на известувањето да ги превземе сите мерки со цел заштита на интересот на осигурувачот и осигуреникот.
[4] Трошоците за превземените правни работи паѓаат на товар на осигурувачот.
[5] Доколку осигурувачот му исплати надоместок на осигуреникот според одредбите на став 1 од овој член, тогаш осигуреникот нема право на надоместок по основ на осигурувањето на стоката.
ГУБЕЊЕ НА ПРАВО ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 35
[1] Осигурувачот не е во обврска да му исплати штета на осигуреникот доколку:
1. релацијата или превозното средство не одговара на пријавата во договорот за осигурување.
2.осигуреникот ги прикрил или неточно ги прикажал околностите битни за оценка на ризикот.
[2] Осигурувачот не е во обврска на осигурникот да му исплати и надомест на штета која на осигурената стока ќе настане поради пропусти на осигуреникот да превземе мерки за спречување на настанување на штета односно за отклонување на штетните последици.
[3] Oсигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести загуба или оштетување на стока кои ќе настанат по вина на возарот и / или други чувари кои можат да бидат одговорни за таква загуба или оштетување за време додека стоката се наоѓа кај нив за чување или згрижување, доколку осигуреникот во договорот за преовоз или вскладиштување се откажал од правото на надомест поради штета од нив.
[4] Oсигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести и штета која ќе настане по вина на возарот или чуварот, доколку осигуреникот во договорот за превоз односно вскладиштување, ги овластил нив да можат да се користат со правото од договорот за осигурување.
[5] Во исклучок на одредбите од ставовите 3 и 4 на овој член, ако до загуба или оштетување на стоката дојде поради остварување на некои од осигурените опасности, а возарот односно чуварот на стоката ќе одбие на осигуреникот да му ја надомести штетата, осигурувачот на осигуреникот ќе му даде бескаматна позајмица во висина на износот кој осигурувачот би го платил да не е исклучена обврската на осигурувачот по одредбите од ставовите 3 и 4 на овој член.
[6] Во случаи од претходниот став, осигуреникот е должен да поведе спор против возарот односно чуварот за надомест на настанатата штета на стоката.
[7] Oсигуреникот е должен на осигурувачот да му ја вратти позајмицата во износ кој успеал да го оствари во спорот против превозникот односно чуварот на стоката.
[8] Трошоците за спорот паѓаат на товар на осигурувачот во делот кој се однесува на дадената позајмица на осигуреникот.
Член 36
[1] Oбврската на осигурувачот за исплата на оштетата, започнува од денот на прием на доказите потребни за утврдување на обврските на осигурувачот од договорот за осигурување.
ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ПРАВОТО ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 37
[1] Oсигуреникот може ако со тоа е согласен осигурувачот, своите права од осигурувањето да ги пренесе на други лица.
ПРАВО НА РЕГРЕС
Член 38
[1] Со исплатата на штетата, на осигурувачот му припаѓаат, во границата на исплатената штета, сите права кои осигуреникот ги има спрема лицата виновни (одговорни) за настанатата штета.
[2] Осигуреникот е должен да ги превземе сите мерки за зачувување и остварување на правото на регрес во корист на осигурувачот.
(3)Осигурувачот може, во случај осигуреникот да пропушти да превземе мерки од претходниот став, да го одбие осигуреникот од надоместок на штета во висина на износот што можел да се наплати по пат на регрес од причинителот на штетата.
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 39
[1] Aкo ocигypyвачoт ги измeни Уcлoвитe за ocигypyвањe или Tаpифата на пpeмии, дoлжeн e за тoа пиcмeнo, или на дpyг пoгoдeн начин, да гo извecти дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo наjдoцна шeeceт дeна пред истекот на тековната година на осигурувањето.
[2] Дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo има пpавo да гo oткажe дoгoвopoт за ocигypyвањe вo poк oд шeeceт дeна oд дeнoт на пpиeмoт на извecтyвањeтo. Bo тoj cлyчаj, дoгoвopoт за ocигypyвањe пpecтанyва да важи co иcтeкoт на тeкoвната гoдина на ocигypyвањeтo.
[3] Aкo дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo нe гo oткажe дoгoвopoт за ocигypyвањe вo poкoт oд cтав 2 oд oвoj члeн, дoгoвopoт за ocигypyвањe вo пoчeтoкoт на наpeдниoт пepиoд на ocигypyвањeтo ce мeнyва вo cooбpазнocт co извpшeнитe измeни вo Уcлoвитe за ocигypyвањe, oднocнo Tаpифата на пpeмии.
ФОРМА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 40
[1] Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Како ден на прием се смета денот на прием на пратката пратена по пошта на последната дадена адреса од страна на примачот или денот на прием на пораката пратена во електронската форма.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 41
[1] Осигуреникот е должен да го извести Осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
[2] Доколку осигуреникот ја променил адресата на живеење, односно седиштето или своето име, односно името на фирмата, а за тоа не го известил Осигурувачот, доволно е Осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот да го испрати на адресата на неговото последно постојано живеалиште или седиште или да го адресира на последното познато име, односно фирма.
[3] Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот не успее (поради преселување или одбивање да се прими) Осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат како примени на денот од првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
[4] Осигурувачот исто така има овбрска да го извести осигуреникот за: промена на седиштето на друштвото, промена на називот на друштвото промена на контактите на друштвото телефон, емаил адреса и сл.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Информации во врска со обработка на лични податоци Член 42
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mаil: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Обработка и заштита на личните податоци Член 43
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
Правен основ за обработката на личните податоци Член 43-а
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
[2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
Цели за обработката на личните податоци Член 43-б
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
[2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
[3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
[4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Xxxxx Xxxxxx xx.0, 0000 Xxxxxx, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
Рокови на чување на лични податоци Член 43-в
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Права на субјектите на личните податоци Член 43-г
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 43-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Пренос на личните податоци Член 43-д
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши
по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг Член 43-ѓ
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги.
[2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
НАДЗОР НАД ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 44
[1] Орган надлежен за надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 45
[1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија.
[2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
Постапка по приговори
Во случај Осигурувачот и Осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, Осигуреникот има право на приговор во рок од 30 дена од приемот на писмената понуда/образложен одговор од Осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на приговори по штети, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.
Право на преставка
Ако Осигуреникот кој е физичко лице смета дека Осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, има право согласно одредбите од Законот за супервизија на осигурувањето да поднесе претставка до:
- Осигурувачот - Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Агенцијата за супервизија на осигурувањето,
- Организацијата за заштита на потрошувачите.
САНКЦИСКА КЛАУЗУЛА
Осигурувачот нема да изврши исплата на надомест на оштетно побарување или каков било друг вид надомест, по претходно склучен договор за осигурување врз основа на овие Услови, доколку плаќањето на надомест на оштетното побарување или друг вид надомест го изложи Осигурувачот на какви било рестриктивни мерки определени со позитивноправни акти на ООН, САД, Обединето Кралство, ЕУ или Република Северна Македонија.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Надзорниот одбор на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје утврдено со Одлука бр.0203-04/13 од 03.03.2023 година и Одлука на Управниот одбор бр. 0202-70/11 од 26.12.2023 година и ќе се применуваат од 01.01.2024 година.
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
Управен одбор
Xxx Xxxxxxxxx, Генерален директор
Xxxx Xxxxxxxx, Член на Управен одбор
Xxxxx Xxxxxxx, Член на Управен одбор