Во Глава „VII. ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ ПРИМАЊА“
20230541050
КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
Врз основа на член 203 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и
120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20 и 151/21) и согласно член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.10/08 и 85/09), Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат, склучија
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Член 1
Во Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 149/21, 299/21, 303/21 и 32/22), во член 38 во алинејата 4, зборовите „во целост“ се бришат.
Член 2
Во член 39 став (4) по зборот „работникот“ се додаваат зборовите „и процесот на работа на организациската единица“.
Во ставот (5) по зборот „оглас“ се додаваат зборовите „во рок од три дена од добиеното писмено известување од работникот“.
Член 3
Во член 46 во ставот (1) зборовите „по негово барање или“ се бришат.
Член 4
Во Делот 3. „Распоредување на работниците во Министерството“ насловот на потточката 3.8 „Задржување на бројот на остварен платни рангови од претходното работно место“ и членот 51 се бришат.
Член 5
Членот 53 се менува и гласи:
„Работник во Министерството може да биде унапреден на друго работно место кое во однос на претходното работно место е повисоко во Класификацијата на работните места.“.
Член 6
Во член 55 во ставот (3) зборот ,,пет“ се заменува со зборот ,,три“.
Член 7
Во Делот 4. „Унапредување на работниците во Министерството“ насловите на потточките 4.1 „Унапредување во повисок платен ранг“ и 4.2 „Постапка за унапредување во повисок платен ранг“ и членовите 56, 57, 58, 59, 60 и 61 се бришат.
Член 8
Во член 62 став (1) алинејата 8 се менува и гласи:
„-има обуки од областа на работите што се вршат на работното место на кое се унапредува.“.
Член 9
Во член 117 ставот (5) се менува и гласи:
„(5) Работникот има право на платено отсуство во текот на календарската година, заради учество на спортски, културни и други манифестации кога го претставува Министерството или учествува како дел од државна репрезентација на Република Северна Македонија. Спортистите кои со решение од Агенција за млади и спорт се стекнуваат со спортски категории „спортист од светска категорија“ и „спортист од меѓународна категорија“, отсуството по овој основ го користат до завршување на основот (настанот), а сите останати спортисти отсуството по овој основ го користат најмногу до 14 дена во текот на една календарска година.“
Член 10
Во член 149 во ставот (1) зборовите „Специјалната антитерористичка единица - Тигар, Единицата за брзо распоредување,“ се заменуваат со зборовите „Одделот за специјални полициски операции,“.
Член 11
Во член 155 став (2) во алинејата 1 точката и запирката се заменуваат со сврзникот „и“. Во алинејата 2 сврзникот „и“ се заменува со точка.
Алинејата 3 се брише.
Член 12
Во Глава „VII. ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ ПРИМАЊА“
насловот на потточката 1.1.1.3. „Додаток за кариера“ и членот 159 се бришат.
Член 13
Во член 168 во ставот (1) по точката 1. се додава нова точка 1-а, која гласи:
„1-а. Оддел за специјални полициски операции
- работни места со статус полициски службеник во Одделот 30%.“
По ставот (1) се додава нов став (2) кој гласи:
„(2) Додатокот на плата за работниците од ставот (1) точка 1-а на овој член, не се однесува на работниците од ставот (1) точки 2, 3 и 4 на овој член, а додатокот на плата од точката 4 на овој член, не се однесува на работниците од точката 4 алинеја 1 на овој член .
Ставовите (2), (3), (4), (5), (6), и (7) стануваат ставови (3), (4), (5), (6), (7), и (8).
Член 14
Во член 170 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
,,(3) Вонредниот работен додаток на плата за реализираните часови работа во смени кои се над законски утврдениот вкупен износ на работни часови (со вклучени денови на празник и неработни денови), го исклучува работниот додаток на плата од членот 166 став
(1) xxxxxxx 4 од овој колективен договор.“
Член 15
Во член 190 во ставот (1) зборовите „Одделот за посебни единици“ се заменуваат со зборовите „Одделот за специјални полициски операции“.
Во ставот (3) зборовите „Одделот за посебни единици“ се заменуваат со зборовите
„Одделот за специјални полициски операции“.
Член 16
Во членот 200 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи:
„(3) Решение за доделување на награда согласно ставовите (1) и (2) на овој член, донесува министерот.“.
Член 17
Насловот и Xxxxxxx ,,VIII. УКАЖУВАЊЕ НА РАКОВОДИТЕЛОТ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА ЕДИНИЦА ЗА НЕСООДВЕТНО ИЗВРШУВАЊЕ НА
РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ“ се менуваат и гласат:
,,VIII. ПРЕД-ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА – МЕХАНИЗАМ ЗА РАНА ПРЕВЕНЦИЈА И МЕХАНИЗАМ ЗА РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА
1.Механизам за рана превенција
Член 205
(1) Министерството презема мерки и активности со цел превенција од поведување на постапки за утврдување на дисциплинска одговорност (механизам за рана превенција).
(2) Мерките и активностите од ставот (1) на овој член, ги презема Одделот за дисциплински и судски постапки во соработка со раководителите на организациските единици во Министерството.
Член 206
Во функција на рана превенција од поведување на постапки за утврдување на дисциплинска одговорност, Одделот за дисциплински и судски постапки врши анализа на случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски од страна на работниците во организациските единици во Министерството, со цел утврдување на слабостите и причините за негативните резултати од работењето, како и предлагање соодветни мерки до раководителите на организациските единици со цел подобрување на работните процеси и ефикасноста на работниците.
2. Механизам за рана интервенција
Член 206-а
(1) Во случаите од членот 209 од овој колективен договор, кога нивното сторување нема за последица нарушување на угледот на Министерството и не е предизвикана штета од поголеми размери, може да се применат мерки и активности насочени кон подобрување на однесувањето на работникот и соодветно извршување на неговите работни задачи (механизам за рана интервенција).
(2) Мерките и активностите од ставот (1) на овој член, ги применува непосредниот раководител односно раководителот на организациската единица во која работи работникот.
(3) Мерките и активностите како дел од рана интервенција согласно ставовите (1) и (2) на овој член, се состојат во укажување на работникот за неговото несоодветно однесување односно несоодветно извршување на работните задачи со посочување да го подобри своето работење во наредниот период, како и укажување за можноста за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност доколку не го подобри своето однесување односно работење.
(4) Со укажувањето од ставот (3) на овој член, непосредниот раководител односно раководителот на организациската единица може да препорача дополнителна обука/професионално усовршување на работникот, која ќе се спроведе согласно прописите со кои се уредува обуката на работниците во Министерството и одредбите од овој колективен договор.
(5) Укажувањето од ставот (3) на овој член, може да биде усно и писмено.
(6) За усното укажување непосредниот раководител на организациската единица односно раководителот на организациската единица изготвува службена белешка.
(7) Писменото укажување се изготвува во два примерока, од кои едниот примерок му се врачува на работникот.
(8) Писменото укажување од ставот (4) на овој член, се чува во персоналното досие на работникот во период од 30 до 90 дена, во кој се очекува подобрување на однесувањето и работењето на работникот.
Член 206-б
Писменото укажување од членот 206-а од овој колективен договор, содржи:
- лично име на работникот;
- работно место на кое е распореден и назив на организациската единица;
- временски период за кој е утврдено несоодветно однесување односно несоодветно извршување на работните задачи;
- краток опис на работната задача што не е извршена или неквалитетно е извршена, односно краток опис на однесувањето на работникот;
- вид на обука за работникот (доколку е препорачано нејзино спроведување) и
- последици што ќе настанат во случaј доколку работникот не го подобри своето однесување односно работење.“
Член 18
Главата ,,IX. ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ“ се менува и гласи:
1. Причини за дисциплинска одговорност и случаи кога истата не е исклучена
Член 207
(1) За кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, работникот на Министерството одговара дисциплински.
(2) За причините од ставот (1) на овој член, настанати во истражниот центар на јавното обвинителство, дисциплински одговара полицискиот службеник кој е упатен во истражен центар на јавното обвинителство, за време додека трае упатувањето.
(3) Постапката против полицискиот службеник од ставот (2) на овој член, се поведува со писмена иницијатива на надлежниот јавен обвинител од истражниот центар каде е упатен полицискиот службеник.
(4) Иницијативата од ставот (3) на овој член, се доставува до Министерството.
(5) Начинот на постапување по иницијативата од ставот (3) на овој член и постапката за утврдување на дисциплинска одговорност на работникот од ставот (2) на овој член, се утврдува во Договорот за соработка меѓу Министерството и Јавното обвинителство.
(6) За конечната одлука донесена по спроведена дисциплинска постапка се известува подносителот на иницијативата од ставот (3) на овој член.
(7) Постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работник во Министерството може да се поведе и по иницијатива покрената од Народниот правобранител.
(8) Одговорноста за сторено кривично дело односно прекршок не ја исклучува дисциплинската одговорност на работникот во Министерството.
2. Видови на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување наработните обврски
Член 208
Работник во Министерството одговара дисциплински за полесни и потешки случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски.
3. Полесни и потешки случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски
Член 209
Работникот врши полесно кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон, колективен договор, правила и прописи на Министерството и договор за вработување, доколку:
1) не го почитува работниот ред и дисциплина;
2) не се придржува на утврденото работно време, распоредот и користењето на работното време;
3) не побара отсуство или навремено писмено не го извести министерот, oдносно раководителот на организациската единица или друг одговорен работник за отсуството од работа;
4) поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа писмено не го извести министерот, односно раководителот на организациската единица или друг одговорен работник;
5) со средствата за работа не постапува совесно или во согласност со техничките упатства за работа;
6) настане штета, грешка во работењето или загуба, а за тоа веднаш не го извести министерот, односно раководителот на организациската единица или друг одговорен работник;
7) не ги одржува средствата и опремата за заштита при работа согласно прописите од областа на заштитата при работа;
8) незаконски или неовластено ги користи средствата на Министерството;
9) не укажува правна и друга помош во рамки на своите овластувања на странката во остварување на нејзините законски права и правни интереси и
10) избегнува обука.
Член 210
Работникот врши потешко кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, утврдени со закон, колективен договор, правила и прописи на Министерството и договор за вработување, доколку:
1) неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година;
2) го злоупотреби боледувањето;
3) не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните обврски;
4) не се придржува кон прописите кои важат за вршење на работите на работното место;
5) не се придржува кон прописите од областа на здравствената заштита, заштитата при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и ги повредува прописите од областа на заштитата на животната средина;
6) внесе, употреби или е под дејство на алкохол и наркотични средства;
7) стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвика штета на Министерството;
8) оддаде класифицирана информација;
9) изврши злоупотреба на лични податоци;
10) постапува спротивно на правилата и прописите на Министерството;
11) го злоупотреби или пречекори даденото овластување;
12) избегнува лекарски преглед заради утврдување на работната способност;
13) избегнува задолжителен психијатриски и психолошки преглед односно советување со психолог (психолошко советување);
14) предизвикува xxxxx и насилнички се однесува за време на работата;
15) непристојно се однесува спрема странки;
16) противправно прибавува лична корист во врска со вршењето на работите и задачите;
17) изврши послуга или овозможување на послуга на друго лице со пари или со други работи од вредност кои на работникот му се доверени во вршењето на работите и задачите;
18) врши определени работи, самостојна или дополнителна стопанска или професионална дејност под услови спротивно на посебен закон;
19) не дава податоци или дава неточни податоци што според прописите им се даваат на овластените органи или граѓани;
20) изврши дејствие што претставува кривично дело или изврши дејствие кое претставува прекршок против јавниот ред и мир;
21) членува во политичка партија, основа, раководи, застапува, претставува политичка партија, членува во органите на партијата утврдени со нејзиниот статут, изразува и застапува партиски ставови и убедувања во вршењето на работите и задачите, носи или истакнува партиски симболи во просториите или во службените возила на Министерството, партиски се организира или дејствува во Министерството;
22) има негативен резултат на тестот за професионален интегритет;
23) не поднесе изјава за имотна состојба и интереси, односно не го пријави секое зголемување на својот имот, односно на имотот на член од неговото семејство, како и промената на интереси, во постапка и под услови утврдени со закон.
4. Видови дисциплински мерки и отстранување на работник од работното место
Член 211
Во зависност од степенот на одговорноста на работникот, условите под кои е направена повредата на работните обврски, поранешната работа и однесување на работникот, тежината на повредата и нејзините последици, на работникот со решение може да му се изрече една од следните дисциплински мерки:
1) писмено предупредување;
2) парична казна која не може да биде поголема од 15% од последната исплатена месечна нето плата на работникот, во траење од еден до шест месеци;
3) распоредување на работно место во едно ниво пониско од нивото на работното место на кое дотогаш работел работникот и
4) откажување на договорот за вработување.
Член 212
За полесните случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски се изрекуваат следниве дисциплински мерки:
- писмено предупредување и
- парична казна која не може да биде поголема од 15% од последната исплатена месечна нето плата на работникот, во траење најмногу до три месеци.
Член 213
За потешките случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски се изрекуваат следниве дисциплински мерки:
- парична казна која не може да биде поголема од 15% од последната исплатена месечна нето плата на работникот, во траење најмногу до шест месеци;
- распоредување на работно место во едно ниво пониско од нивото на работното место на кое дотогаш работел, согласно со Класификацијата на работните места и
- откажување на договорот за вработување.
Член 214
(1) Работникот со решение се отстранува од работното место и од Министерството, до донесување на решение во дисциплинска постапка што се води против одреден работник, ако настане една од следниве ситуации:
- непосредно се загрозува животот или здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средства од поголема вредност;
- присуството на работа и понатамошната работа во Министерството штетно ќе се одрази врз работењето на Министерството;
- се осуетува или оневозможува утврдувањето на одговорноста за повреда на работните обврски и
- кога против работникот е покрената кривична постапка за кривично дело сторено на работа или во врска со работата.
(2) За време на отстранувањето од работното место и од Министерството, на работникот му се утврдува и исплатува надоместок во висина од 80% од износот на платата што работникот ја остварил во месецот пред отстранувањето од работното место.
Член 215
(1) Решението од членот 214 од овој колективен договор, го донесува министерот, директорот на Бирото или други работници овластени од министерот.
(2) Работникот има право на приговор против решението од ставот (1) на овој член, до Комисија за одлучување по приговор против решение за отстранување од работно место, во рок од осум дена од денот на приемот на решението.
(3) Комисијата од ставот (2) на овој член, ја формира министерот и е составена од претседател и двајца членови и нивни заменици, од кои еден член и заменик се претставници на МПС.
(4) Решението на комисијата е конечно.
(5) Приговорот против решението, не го одложува извршувањето на решението.
5. Право на отказен рок
Член 216
Доколку на работник во Министерството поради потешки случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски му биде изречена дисциплинската мерка откажување на договорот за вработување, работникот има право на отказен рок, во траење од еден месец од денот на врачувањето на решението за откажување на договорот за вработување, освен во случаите од членот 210 точка 1 од овој колективен договор, како и во случаите кога на работникот му е изречена мерка притвор.
Член 217
За време на отказниот рок, Министерството е должно на работникот да му овозможи отсуство од работа заради барање ново вработување, четири часа во текот на работната недела.
Член 218
За време на отказниот рок и отсуство од работа заради барање на ново вработување на работникот му се утврдува и исплатува надоместок во висина на платата што работникот ја остварил во месецот пред донесување на решението за откажување на договорот за вработување.
6. Прекин на дисциплинската постапка
Член 219
(1) Дисциплинската постапка може да се прекине, кога:
- ќе се одлучи да се решава по некое претходно прашање или ќе се побара од надлежен орган да се достават веродостојни исправи и информации за чие изготвување е потребно подолго време;
- постојат елементарни непогоди на подрачјето каде треба да се одржи расправа или
- работникот против кого се води дисциплинската постапка се наоѓа во притвор.
(2) Прекинот на постапката во случаите од ставот (1) алинеја 1 на овој член, може да трае најдолго една година.
(3) Прекинот на постапката во случајот од ставот (1) алинеја 3 на овој член, трае до донесување на одлука за укинување на мерката притвор.
Член 220
(1) Одлуката за прекин на постапката ја донесуваат работниците од членот 223 став (2)
од овој колективен договор.
(2) Одлуката од ставот (1) на овој член, ги содржи следните елементи:
- правен основ;
- причини и образложение за прекин на постапката;
- датум кога се прекинува постапката;
- потпис на работниците од ставот (1) на овој член.
(3) Одлуката за прекинот на постапката, се доставува до работникот против кого се води дисциплинската постапка и до подносителот на предлогот.
(4) Одлуката за прекинот на постапката се врачува согласно членот 228 ставови (2), (3)
и (4) од овој колективен договор.
Член 221
(1) Постапката што е прекината од причините во членот 219 од овој колективен договор, продолжува кога ќе престанат причините за прекинот.
(2) За престанок на причините и можноста за продолжување на постапката, работниците од членот 223 став (2) од овој колективен договор, донесуваат одлука.
(3) Одлуката за продолжување на постапката се доставува до работникот против кого се води дисципинската постапка и до подносителот на предлогот.
(4) Роковите што поради прекинот на постапката престанале да течат, почнуваат да течат одново од денот кога работниците од ставот (2) на овој член, ќе донесат одлука за продолжување на постапката.
7. Организациска единица надлежна за спроведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност
Член 222
(1) Постапката за утврдување на дисциплинска одговорност во случаите утврдени со закон, се спроведува во одделение надлежно за спроведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
(2) Одделението од ставот (1) на овој член, се формира во Секторот за дисциплински постапки во Одделот за дисциплински и судски постапки во Министерството.
Член 223
(1) Постапката за утврдување на дисциплинска одговорност Одделението од членот 222
од овој колективен договор, ја спроведува во состав:
- началник на Одделението, со право на глас;
- двајца главни советници, со право на глас;
- еден самостоен советник, без право на глас;
- еден самостоен документарист, без право на глас.
(2) Работниците од ставот (1) алинеи 1 и 2 на овој член, во полн состав присуствуваат на расправата во постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, ги донесуваат одлуките за прекин и продолжување на постапката, ја утврдуваат одговорноста на работникот и изготвуваат предлог за донесување на решение за изрекување дисциплинска мерка.
8. Постапка за утврдување на дисциплинска одговорност
Член 224
(1) Во случај кога е утврдено дека работникот врши кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски од членовите 209 и 210 од овој колективен договор и договорот за вработување, се поднесува писмен предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
(2) Предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност од ставот (1) на овој член, го поднесува директорот на Бирото односно работници овластени од министерот (овластени предлагачи), во зависност од организациската поставеност на организациската единица каде бил распореден работникот во моментот на сторување на повредата.
(3) Иницијатива за поднесување писмен предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност до овластениот предлагач може да поднесе непосредниот раководител на организациската единица каде бил распореден работникот во моментот на сторување на повредата.
Член 225
Во случаите кога организациската единица за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по незаконито, непрофесионано и некоректно однесување и постапување од страна на работници во Министерството, предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност го поднесува организациската единица за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди – како овластен предлагач.
Член 226
(1) Предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност по правило ги содржи следните елементи:
- опис на дејствијето/та со кое е извршено кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски;
- квалификација на дејствието/та од ставот (1) алинеја 3 на овој член, со конкретно наведување дали тоа според оценка на предлагачот претставува полесно, односно потешко кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски согласно членот 209 односно членот 210 од овој колективен договор;
- време, начин и место на вршење на дејствијето со кое е извршено кршењето на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски;
- последици што настанале со кршењето на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски;
- наведување на доказ/и со кој се потврдува таквото однесување, односно доказ што е во прилог на фактот дека е извршено конкретното дејствије (службена белешка, писмен извештај, информација, пријави, изјави од сведоци и слично);
- наведување на лично име на лице кое може да биде повикано во својство на сведок;
- податок дали работникот за кого се поднесува предлогот во последните три години одговарал за кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски во Министерството и за кои, како и
- податок во врска со претходни наградувања на работникот во Министерството.
(2) Во прилог на предлогот од ставот (1) на овој член, се доставуваат доказите што се наведени во истиот и други документи што според оценка на предлагачот се од значење за конкретниот случај.
Член 227
Предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност овластениот предлагач го доставува до Одделот за дисциплински и судски постапки.
Член 228
(1) Предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, Одделението од членот 222 од овој колективен договор, го доставува до:
- работникот за кого е поднесен предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност кој има право писмено да се произнесе по наводите во рок од три дена од приемот на предлогот и обврска доколку е член на синдикат, писмено да се изјасни на кој синдикат му го доверува правото да ги застапува неговите права во постапката за утврдување на дисциплинска одговорност;
- синдикалниот претставник на синдикатот согласно писменото изјаснување на работникот од ставот (1) xxxxxxx 1 на овој член, кој во рок од три дена има право да достави писмено мислење во однос на предлогот до Одделението од членот 222 од овој колективен договор. Претставникот на синдикатот мислењето во однос на предлогот може да го изнесе и усно на расправа пред комисијата.
(2) Предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност се доставува лично на работникот, по правило на работното место каде е распореден, односно во работните простории каде што истиот работи, односно на адреса на неговото живеалиште односно престојувалиште.
(3) Доколку работникот не може да се пронајде на работното место каде е распореден, односно работните простории каде што истиот работи, односно на адресата на неговото живеалиште односно престојувалиште или ако работникот одбие да му биде врачен предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, предлогот се објавува на огласната табла во седиштето на организациската единица во која работи работникот.
(4) По истекот на осум дена од денот на објавување на огласната табла од ставот (3) на овој член, се смета дека уредно е извршено врачување на предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работникот.
Член 229
Во случај на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските од членот 210 точка 1 од овој колективен договор, предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност Одделот за дисциплински и судски постапки го доставува до министерот непосредно заради донесување на решение за откажување на договорот за вработување без водење на постапка согласно одредбите од овој колективен договор.
Член 230
Предлогот за поведување на постапка заз утврдување на дисциплинска одговорност се разгледува во Одделението од членот 222 од овој колективен договор и доколку се утврди дека истиот не ги содржи елементите од членот 226 од овој колективен договор и во прилог не се доставени доказите, итно се бара дополнување на предлогот од страна на предлагачот.
Член 231
(1) По приемот на предлогот, началникот на Одделението од членот 222 од овој колективен договор, закажува расправа.
(2) За присуство на расправата од ставот (1) на овој член, со писмена покана се повикуваат:
- работникот за кого е поднесен предлогот за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност;
- синдикалниот претставник на организациската единица каде што е покрената постапката за утврдување на дисциплинска одговорност и
- подносителот на предлогот односно негов претставник.
Член 232
(1) Поканата од членот 231 од овој колективен договор содржи:
- лично име на лицето кое се повикува;
- време и место на одржување на расправата;
- причина за повикување и
- својство во кое се повикува лицето во постапката.
(2) Поканата се доставува лично на работникот, по правило на работното место каде е распореден, односно во работните простории каде што истиот работи, односно на адреса на неговото живеалиште односно престојувалиште.
(3) Доколку работникот не може да се пронајде на работното место каде е распореден, односно работните простории каде што истиот работи, односно на адресата на живеалиштето односно престојувалиштето или ако работникот одбие да му биде врачена поканата за расправа, поканата за расправа со предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност се објавува на огласната табла во седиштето на организациската единица во која работи работникот.
(4) По истекот на осум дена дена од денот на објавување на огласната табла од ставот
(3) на овој член, се смета дека уредно е извршено врачување на поканата за расправа за утврдување на дисциплинска одговорност на работникот.
Член 233
(1) Ако работникот не се јави на поканата, односно не дојде да присуствува на расправата, а не достави доказ дека е оправдано отсутен, расправата се одржува во негово отсуство.
(2) Ако за првата расправа работникот е отсутен од оправдани причини, расправата се одложува за период не подолг од 21 ден и потоа расправата се одржува без оглед на отсуството на работникот.
Член 234
Пред почетокот на расправата, началникот на Одделението од членот 222 од овој колективен договор утврдува дали се присутни сите повикани лица и го проверува нивниот идентитет.
Член 235
(1) Кога се исполнети условите за одржување на расправа, началникот на Одделението од членот 222 од овој колективен договор започнува со читање на предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а потоа го повикува работникот да се изјасни по наводите во предлогот.
(2) Работниците од Одделението од членот 223 став (2) од овој колективен договор, претставникот на синдикатот согласно членот 228 став (1) од овој колективен договор и предлагачот односно неговиот претставник и работникот за кого се води постапката имаат право да поставуваат прашања на работникот и сведоците.
(3) Началникот на Одделението од членот 222 од овој колективен договор ги објавува заклучоците за одржување или одложување на расправата и се грижи за правилно водење на записникот од расправата.
Член 236
(1) По изјаснувањето на работникот по наводите во предлогот, се преминува на изведување на доказите, што се доставени од предлагачот и работникот за кого се води постапката.
(2) Доказите од ставот (1) на овој член, се изведуваат со:
- наведување на бројот и датумот на писмените извештаи, информации, службени белешки, изјави, пријави и други писмени акти и нивно читање и
- усно сослушување на сведоци.
(3) На расправата може да се одлучи да се изнесат и изведат и дополнителни докази.
(4) При оценување на постоењето или непостоењето на фактите, работниците од членот 223 став (2) од овој колективен договор, се водат од начелото на слободна оцена на доказите.
Член 237
По изведување на доказите на расправата за утврдување на дисциплинска одговорност претставникот на синдикатот согласно членот 228 став (1) од овој колективен договор, го изнесува мислењето доколку е присутен или се чита доставеното писмено мислење.
Член 238
По изведување на сите предложени докази, началникот на Одделението од членот 222 од овој колективен договор, го повикува работникот да даде завршен збор во однос на фактичката состојба и неговата одговорност, а потоа претседателот објавува дека расправата е завршена.
Член 239
(1) За текот на расправата за утврдување на дисциплинска одговорност, се води записник.
(2) Записникот од ставот (1) на овој член, содржи:
- лично име на работниците од членот 223 став (2) од овој колективен договор;
- датум и место на одржување на расправата,
- присутни лица на расправата;
- број и датум на предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност;
- податоци за подносителот на предлогот;
- податоци за работникот за кого се води постапка за утврдување на дисциплинска одговорност;
- исказ на работникот;
- податоци за писмените докази што се изведени на расправата;
- исказите на сведоците;
- усно изнесеното мислење на претставникот на синдикатот согласно членот 228 став
(1) од овој колективен договор, односно податоци за писменото поднесено мислење на тој синдикат,
- завршен збор на работникот даден на расправата;
- како и други докази што се изведени на расправата.
(3) Записникот од ставот (1) на овој член, го потпишуваат работниците од ставот (2) xxxxxxx 1 на овој член, претставникот на синдикатот согласно членот 228 став (1) од овој колективен договор - ако истиот е присутен на расправата, сведоците во постапката и работникот - ако истиот е присутен на расправата.
Член 240
(1) По завршување на расправата, работниците од членот 223 став (2) од овој колективен договор, пристапуваат кон советување и гласање, се утврдува одговорноста на работникот со мнозинство гласови, за што се составува записник.
(2) По изготвувањето на записникот од ставот (1) на овој член, се изготвува и доставува писмен предлог до министерот за донесување на решение за изрекување дисциплинска мерка.
Член 241
Предлогот за донесување на решение за изрекување дисциплинска мерка содржи:
- лично име на работниците од членот 223 став (2) од овој колективен договор;
- законскиот основ за поднесување на предлогот;
- датум и место на одржување на расправата;
- број и датум на предлогот за донесување на решение за изрекување дисциплинска мерка;
- податоци за подносителот на предлогот (лично име и работно место на кое е распореден);
- краток опис на утврдената фактичката состојба со наведување на доказите со кои е утврдена истата;
- квалификација на утврденото полесно, односно потешко кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски;
- утврдување на законските прописи кои со сторувањето се повредени;
- образложение во кое се врши посебен осврт на утврдената фактичка состојба на начин што се наведува кои факти се утврдени во постапката и со кои докази, оценка на изведените докази и сите отежнителни и олеснителни околности што се земени во предвид;
- предлог за изрекување на дисциплинска мерка и законскиот основ за нејзино предлагање.
Член 242
Ако врз основа на спроведената постапка, односно одржана расправа, на советувањето и гласањето од членот 240 од овој колективен договор, се утврди дека работникот не е одговорен или не се исполнети условите за донесување на решение за изрекување дисциплинска мерка, се предлага министерот да го отфрли предлогот односно да ја запре постапката.
Член 243
Ако министерот не се согласува со предлогот од членот 241 од овој колективен договор за утврдување на дисциплинска одговорност односно за отфрлање на предлогот или запирање на постапката согласно членот 242 од овој колективен договор, предметот може да го врати на повторно разгледување доколку фактичката состојба е неправилно или нецелосно утврдена или погрешно е применет материјалниот пропис или може да донесе решение за изрекување на друга дисциплинска мерка.
9. Решение за изрекување дисциплинска мерка
Член 244
(1) Решението за изрекување дисциплинска мерка министерот го донесува во писмена форма.
(2) Решението од ставот (1) на овој член, содржи вовед, изрека и образложение за основот и причините за изрекување на дисциплинската мерка.
(3) Министерот го донесува решението во рок од шест месеци од денот на пријавувањето на повредата на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, а најдоцна во рок од дванаесет месеци од денот кога е сторена повредата.
(4) Како ден на пријавување се смета денот на поднесување на предлогот за поведување постапка за утврдување на дисциплинската одговорност од овластен предлагач.
Член 245
(1) Против решението за изрекување дисциплинска мерка работникот има право на приговор во рок од осум дена од денот на приемот на решението.
(2) Приговорот од ставот (1) на овој член, се поднесува преку Министерството до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
(3) Приговорот против решението за престанок на договорот за вработување не го одлага извршувањето на решението.“.
Член 19
Во член 210 став (1) во точката 20) сврзникот „и“ се заменува со точка и запирка. Точката 21) се менува и гласи:
„21) членува во политичка партија, основа, раководи, застапува, претставува политичка партија, членува во органите на партијата утврдени со нејзиниот статут, изразува и застапува партиски ставови и убедувања во вршењето на работите и задачите, носи или истакнува партиски симболи во просториите или во службените возила на Министерството, партиски се организира или дејствува во Министерството;“
По точката 21) се додаваат две нови точки 22) и 23), кои гласат:
„22) има негативен резултат на тестот за професионален интегритет и
23) не поднесе изјава за имотна состојба и интереси, односно не го пријави секое зголемување на својот имот, односно на имотот на член од неговото семејство, како и промената на интереси, во постапка и под услови утврдени со закон.“.
Член 20
Во Глава ,,XII. МПС“ насловот на точката 2 се менува и гласи:
,,Права на синдикалните претставници и на членовите на МПС“.
Член 21
Во Член 276 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
,,(2) На членовите на МПС, Министерството им овозможува ослободување од работа заради учество на семинари, советувања, конференции и други видови на синдикални активности согласно Статутот на МПС и Програмата за работа на МПС и тоа најмногу до 40 работни часа годишно, по претходно известување од претседателот на МПС.“
Ставовите (2) и (3) стануваат ставови (3) и (4).
Член 22
Дисциплинските постапки започнати до денот на отпочнувањето на примената на членовите 17 и 18 од овој колективен договор, ќе се завршат согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 149/21, 299/21, 303/21 и 32/22).
Член 23
Одредбите на членовите 17 и 18 од овој колективен договор ќе отпочнат да се применуваат од 19.04.2023 година.
Член 24
Овој колективен договор се регистрира во министерството надлежно за работите во областа на трудот, а се објавува во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Член 25
Овој колективен договор влегува во сила со денот на склучувањето, а ќе се применува од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 0802-49/3 Бр. 13.1.1-11983/1
10 февруари 2023 година 6 февруари 2023 година Скопје Скопје
Македонски Министерство
полициски синдикат за внатрешни работи Претседател. Министер
д-р Xxxxxx Xxxxx, с.р Xxxxxx Xxxxxxxxx, с.р