Contract
Централнакооперативнабанка АД Скопје
Број 18-
Прилог 3а Доверливо
РАМКОВЕН ДОГОВОР
за отворање и одржување на платежни сметки и за користење на платежни услуги за правни лица
Денес, , во град , помеѓу:
1. Централна кооперативна банка АД Скопје, со седиште во град Скопје, xxxxx 0000 xxxx 0, со матичен број 4640063, застапувана од Претседателот на Управниот Одбор, Xxxxxxx Xxxxxx, и членот на Управниот одбор , преку полномошникот овластен од Управниот Одбор на Банката, во понатамошниот текст наречена - БАНКА, од една страна, и
2._ со
седиште во
на ул.:
со ЕДБ
со ЕМБС _ претставуван од _
(во понатамошниот текст наречен: Xxxxxxxx), од друга страна, се склучи следниот Рамковен договор:
Предмет на Договорот Член 1
Со овој договор се регулираат меѓусебните права и обврски помеѓу Банката и Корисникот во врска со отворање, одржување и затворање на платежни сметки, и за извршување на платежни услуги, вклучувајќи поединечни и последователни платежни трансакции, согласно со важечките законски прописи и интерните акти пропишани од страна на Банката.
Член 2
На барање на Xxxxxxxxxx а врз основа и под услови од овој договор, Xxxxxxx отвора платежна сметка на негово име, преку која Корисникот е согласен да ги прима сите уплати, да врши плаќања како и да врши исплата на готови пари.
Во доставеното Барање, кое е составен дел на овој договор, Корисникот го определува видот на сметката, валутата, активноста, како и намената на сметката, начинот на информирање и друго во врска платежните услуги.
За користење на платежни услуги преку дигиталните канали на Банката, Банката на барање на Корисникот ќе овозможи користење на услугите согласно Дополнителните услови кои се составен дел на Општите услови за склучување рамковни договори за отворање и одржување на платежни сметки и за вршење на работите на платежни услуги.
При доставување на барање за отворање на нова сметка, Xxxxxxx и Xxxxxxxxxx нема да склучат нов рамковен договор, а отворањето и работењето со сметката ќе се смета дека е согласно овој договор.
Член 3
Со потпишувањето на овој рамковен договор Xxxxxxxxxx изјавува дека е запознаен и дека ги прифаќа Општите услови за склучување рамковни договори за отворање и одржување на платежни сметки и за вршење на работите на платежни услуги, пропишани од страна на Банката а кои се сметаат за составен дел од овој договор.
Xxxxxxx го задржува правото да ги менува општите услови, за што мора претходно да го извести Корисникот.
Корисникот се обврзува дека при извршување на платните трансакции ќе го почитува важечкиот термински план за работење на Xxxxxxx, објавен од Банката.
Располагање со средствата на сметката Член 4
Корисникот располага со средствата на сметката отворена во Банката.
Корисникот може да овласти друго лице/а за располагање со средствата на сметката врз основа на писмено Полномошно дадено лично во присуство на одговорен работник на Xxxxxxx на соодветен образец, или полномошно заверено кај нотар.
Полномошното има важност до негово отповикување од страна на Корисникот на истиот начин како што е дадено, до раскинување на овој договор или во останати случаи предвидени со закон.
Доколку настане материјална штета од даденото полномошно за располагање со средствата на сметката, истата во целост ја надоместува Корисникот.
За располагање со средствата на сметката од страна на лицата овластени за располагање со средствата, Корисникот до Банката доставува и Листа на депонирани потписи на лица овластени за располагање со средствата на сметката, со потписи депонирани пред службеник на Банката или пред надлежен нотар.
Член 5
Банката извршува плаќања од сметката на Корисникот до висината на состојбата на паричните средства на сметката.
Под состојба на парични средства се подразбира состојбата на сметката од претходниот работен ден, намалена за сите извршени плаќања од сметката заедно со предвидените банкарски надоместоци до моментот на утврдување на салдото, а зголемена за евидентираните уплати на сметката во тековниот ден и износот на одобрениот, а неискористен рамковен кредит (дозволено пречекорување на сметката) доколку такво пречекорување е дозволено.
За платни налози на износи кои се определени како големи плаќања, или износи чие извршување може да има влијание во тековното работење на Xxxxxxx, Xxxxxxxxxx е должен за истото претходно да ја извести Банката најмалку 2 (два) работни дена пред датумот на реализација наведен на платниот налог. Во спротивно, Xxxxxxx може да го одбие или одложи извршувањето на платниот налог.
Банката може да му одобри на Корисникот рамковен кредит (дозволено пречекорување на сметката) согласно со актите на Банката или во одредени случаи врз основа на посебно склучен договор, за што преку изводот од сметката ќе го извести Корисникот.
Корисникот е согласен Xxxxxxx да ги задржува сите приливи по сите основи на платежната сметка, сè до целосно измирување на негативно салдо на сметката (дозволено и недозволено пречекорување).
Доколку Xxxxxxxxxx не го покрие негативното салдо на сметката, Xxxxxxx има право да поведе судска постапка за присилна наплата на своето побарување.
Извршување на платни инструменти Член 6
Корисникот е должен да доставува правилно и точно пополнети платни инструменти. За евентуално настанатата штета по основ на погрешно или неправилно пополнети платни инструменти, Банката нема да сноси одговорност.
Член 7
Корисникот може да ја овласти Xxxxxxx да врши плаќања во негово име и за негова сметка кон трети лица. Овластувањето се дава во писмена форма пред овластен работник на Xxxxxxx, или заверено кај нотар, а со назначување на сите потребни елементи за извршувње на плаќањето.
Доколку Xxxxxxxxxx го откажува претходно даденото овластување, или ги менува претходно дадените инструкции, должен е писмено да ја извести Банката во рок од 5 дена пред денот на извршувањето на плаќањето, во спротивно Банката не сноси одговорност за евентуално настаната штета.
Член 8
Корисникот ја овластува Xxxxxxx да ја задолжува неговата сметка по основ на рекламации, доспеани, а неподмирени обврски кон Банката, надоместоци согласно со важечката Тарифа на Банката, како и во останати случаи предвидени со закон.
При уплати или пренос на средства во корист на сметките на Корисникот во Банката по налог на Корисникот или по налог од трето лице, Корисникот е согласен за средствата кои се евидентираат преку сметката, Банката да подготви и изврши налози согласно со инструкциите наведени во платниот инструмент доставен од негова страна или третото лице како налогодавач.
Камати и надоместоци Член 9
Средствата на платежната сметка на Корисникот се средства по видување со кои Корисникот може да располага во секое време. Xxxxxxx пресметува и плаќа камата на средствата на Корисникот согласно со Одлуката за каматни стапки на Банката и така пресметаните камати ги припишува на состојбата на сметката на крајот на пресметковниот период и при затворање на сметката.
Член 10
Корисникот се обврзува за извршување на услугите од овој договор и врз основа на овој договор да и плаќа на Банката надоместоци во висина, во рокови и на начин согласно со Тарифата за надоместоци за услугите што ги врши Банката.
Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxxxx ја овластува Xxxxxxx и и дава неотповиклив налог да ги наплатува надоместоците и трошоците од претходниот став на товар на средствата од неговите сметки отворени во Банката.
Доколку во моментот на наплата на надоместокот нема доволно парични средства на сметката на Корисникот од која се врши наплатата, Корисникот е согласен Банката да го наплати пресметаниот надоместок од било која сметка на Корисникот доколку на неа има средства за наплатата.
Информирање и заштита на лични податоци Член 11
За состојбата и настанатите промени на средствата на сметката, Xxxxxxx се обврзува да го известува Корисникот со доставување извод за промените и состојбата на средствата на сметката, на еден од начините понудени од страна на Xxxxxxx, а прифатен од страна на Корисникот. Се смета дека Xxxxxxxxxx го прифаќа изводот доколку не го оспори во рок од 3(три) дена од денот на изготвувањето.
Член 12
Банката во согласност со важечките законски прописи, податоците за сметките ги пренесува во Единствениот регистар на сметки, кој се води во Централниот регистар на РМ.
Договорните страни се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите документи, податоци и информации за кои добиле сознание во врска со извршување на овој Договор, за времетраење на Договорот, како и по неговото раскинување или откажување, освен во случаите пропишани со законските прописи или ако поинаку не се договорат.
Документите, податоците и информациите за работењето со сметките може да се достават на барање на Корисникот, на овластен орган во согласност со закон или на трети лица врз основа на писмена согласност од Корисникот.
Заради заштита на своите интереси, Xxxxxxxxxx е должен како доверливи да ги чува сите податоци поврзани со работењето на сметките.
Xxxxxxx не одговара за каква било штета настаната за Корисникот како резултат на непочитување на обврските од овој член.
Корисникот е согласен Xxxxxxx да врши обработка и ажурирање на неговите податоци, да ги користи за анализа на неговото работење во Банката, за наплата на долг кон Банката, како и во останати случаи предвидени со закон.
Член 13
Корисникот се обврзува за секоја настаната промена, односно промена на сопствените податоци, промена на адреса, промена на податоците на лицата овластени за располагање со средствата на сметките, промена на секој податок претходно доставен до Банката, како и промена на даденото полномошно за располагање со средствата на сметката, писмено да ја извести Банката во рок од 3 дена од денот на настанатите промени. За евентуална штета на Корисникот, настаната заради ненавремено известување од страна на Xxxxxxxxxx, Банката нема да сноси одговорност.
Измени и раскинување на Договорот Член 14
Доколку Банката изврши измена и дополнување на општите услови како составен дел од овој договор, за измените најдоцна во рок од 2 месеци пред почеток на примена на измените ќе го информира Корисникот, во писмена форма на хартија со нивна објава во деловните простории на Банката, или на траен медиум преку интернет-страницата на Банката xxx.xxxxxx.xx, или на еден од договорените начини на комуникација.
Корисникот е согласен и ги прифаќа измените и дополнувањата на општите услови доколку пред почетокот на примената на истите писмено не ја извести Xxxxxxx за неприфаќање на измените и раскинување на рамковниот договор.
Овој договор се склучува на неодредено време. Истиот може да го раскине една од договорните страни со отказен рок од 30
дена.
Банката може еднострано и без најава да ја затвори сметката на Корисникот, доколку состојбата на паричните средства на
сметката изнесува нула во непрекинат период од 24 месеци.
За раскинување на овој договор Корисникот поднесува барање до Банката.
Корисникот не може да го раскине Договорот во предвидениот отказен рок и да ја затвори сметката доколку за истиот има евидентирано неизвршени основи за присилна наплата, или доколку Корисникот има неподмирени обврски кон Банката
Во случај на раскинување на Договорот, престануваат со важност сите полномошна и овластувања дадени од Корисникот во врска со сметката.
Банката може да го раскине Договорот без отказен рок ако утврди дека Xxxxxxxxxx се однесува спротивно на одредбите од овој договор, општите услови за работење и важечките прописи, врз основа на одлука на овластен орган, врз основа на закон, или доколку на сметката нема средства, а преку истата не користи платежни услуги повеќе од две години.
Во случај на раскинување на Договорот од страна на Xxxxxxx, Xxxxxxx ќе ги пренесе средствата од сметката на Корисникот на друга евиденциска сметка врз основа на инструкции од Корисникот, или согласно со одлука од суд, како и друг надлежен државен орган или друга институција, а доколку во рок од 8 (осум) дена Корисникот не достави инструкции, Банката ќе ги пренесе средствата на сметка по свој избор.
Завршни одредби Член 15
Доколку настанат промени во законските прописи со кои се регулираат платежните услуги, Банката ќе ги примени новите прописи кои ќе влезат во сила во времето на важење на овој договор. Доколку таквите промени се несоодветни на деловните интереси на Xxxxxxxxxx, тој има право да го раскине Договорот согласно со условите од овој договор.
Договорните страни се согласни дека како уредна ќе се смета доставата на пошта извршена на последната пријавена адреса од страна на Корисникот.
Член 16
За сè она што не е предвидено со овој Договор важат позитивните законски акти и прописи во РСМ, како и актите на Банката.
Член 17
Во случај на спор по овој Договор, договорните страни се обврзуваат истиот да го решат спогодбено, а во случај на неуспех, спорот ќе го решат пред Основниот граѓански суд во Скопје.
Член 18
Договорот е составен во 2 (два) идентични примероци, од кои по еден за секоја договорна страна.
Член 19
Договорот е склучен и стапува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни.