ВИША СИЛА. Ниту една од договорните страни не одговара и нема да биде одговорна за неисполнување на обврските по овој Договор до кое би дошло поради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена поради Виша сила, должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ. По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
ВИША СИЛА. (1) Договорните страни се согласни дека ниту една Договорна страна нема да сноси одговорност кон другата Договорна страна за било каква штета, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикани од или се последица на Виша сила.
(2) Во случај на настанување на Виша сила која влијае или би можела да влијае на исполнувањето на овој Договор, секоја од Договорните страни се обврзува писмено да ја извести другата Договорна страна за таквата околност, со цел договарање на нови услови за исполнување или за раскинување на овој Договор.
ВИША СИЛА. Договорниот орган и Економскиот оператор се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон друга за губиток, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикани од виша сила.
ВИША СИЛА. Договорниот орган и Носителот на набавката се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон друга за губиток, повреда, или неизвршување на одредбите од овој Договор кои произлегуват од виша сила. Под виша сила се подразбира се она што е регулирано со Законот за Облигациони односи. Договорните страни се обврзуваат да ја известат другата договорна страна во случај на стапување на виша сила во дејство и ќе договорат нови услови за исполнување или раскинување на Договорот.
ВИША СИЛА. Користењето на услугите што ги обезбедува Македонски Телеком може да биде прекинато поради дејство на виша сила. Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на договорните страни, чие настапување не можело да се спречи или предвиди и поради кои исполнувањето на обврските од договорот станало отежнато или неможно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војна), акти на јавна власт, нарушувања во функционирањето на системот. Македонски Телеком нема да сноси никаква одговорност кон претплатникот поради прекин на неговите услуги, предизвикан од настан на виша сила.
ВИША СИЛА. 11.1. Друштвото не презема одговорност спрема Корисникот на кредитот за секое доцнење или пропуст за извршување на обврските содржани во овие Општи услови, кои се резултат на виша сила (пожари, поплави, војна, саботажа, природни непогоди, штрајкови, терористички напади, земјотреси и сл.).
ВИША СИЛА. Страните нема да бидат пдгпвпрни за неизвршуваое на билп кпи пд нивните пбврски наведени вп пваа РПИ и Дпгпвпрпт за интекркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ кпга таа невпзмпжнпст е заради Виша сила настаната пп склучуваое на Дпгпвпрпт за интекркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ. Страните спгласнп утврдуваат дека вп случај на непредвидени пкплнпсти вп ппстапката за прибираое на пптребните пдпбренија пд страна на надлежните државни тела пптребни за извршуваое на пбврските пд пваа РПИ и Дпгпвпрпт за интеркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ, а кпи ќе имаат влијание на привремена немпжнпст за извршуваое на пбврските сппред пваа РПИ и Дпгпвпрпт за интеркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ, ќе се применуваат пдредбите пд пвпј член. Страната кпја е ппгпдена пд дејствптп на Виша сила мпра без пдлпжуваое, а најдпцна вп рпк пд 24 (дваесет и четири) часа, пп писмен пат да ја извести другата Страна и да наведе кпи пд свпите дпгпвпрени пбврски не е вп спстпјба да ги изврши заради дејствптп на Виша сила. Вп случај на дејствп на Виша сила ппгпдената Страна ќе влпжи максимален наппр вп извршуваоетп на свпите пбврски сппред пваа РПИ и Дпгпвпрпт за интеркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ. Дпкплку Вишата сила спречува извршуваое на еден дел пд Дпгпвпрпт за интекркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ, а кпј дел не влијае врз извршуваоетп на пваа РПИ и Дпгпвпрпт за интекпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИвп целпст, ппгпдената Страна ќе прпдплжи да извршува дел пд свпите пбврски врз кпи не влијае дејствптп на Вишата сила, дпкплку таквптп делумнп извршуваое е прифатливп за другата Страна. Дпкплку дејствптп на Вишата сила трае ппдплгп пд 3 (три) месеци, Страните ќе се дпгпвпрат за тпа дали Дпгпвпрпт за интеркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИ ќе пстане вп сила. Акп Страните не ппстигнат дпгпвпр вп рпк пд 7 (седум) дена, Дпгпвпрната страна ппгпдена пд дејствптп на Виша сила има правп да гп раскине Дпгпвпрпт за интеркпнекција склучен врз пснпва на пваа РПИсп писменп известуваое сп мпментален учинпк.
ВИША СИЛА. Добавувачот нема да се смета за одговорен за исплата на пенали или за раскинување на договор доколку одредени задоцнувања или други видови на отстапување при реализирањето на договорните обврски, произлегуваат од случај на “Виша сила”. За целите на оваа клаузула, под “виша- сила” се подразбираат настани надвор од контрола на добавувачот и не вклучува вина на добавувачот или небрежност кои не можеле однапред да се предвидат. Ваквите настани можат да вклучуваат, но не се ограничени на: чин на заштита на својот суверенитет, војни или револуции, пожари, поплави, епидемии, карантин ограничувања, товарни ембарга и сл. Доколку настане ситуација на виша сила, добавувачот веднаш ќе го извести купувачот во писмена форма за таквата состојба и за причината. Освен доколку не добие други инструкциите од Купувачот во писмена форма, добавувачот ќе продолжи да ги извршува своите обврски според договорот колку што е разумно возможно, со примена на разумни алтернативни средства за реализација на договорните обврски кои не се спречени од настан на виша сила.
ВИША СИЛА. Користењето на улугите на Операторот може да биде прекинато поради дејство на „виша сила“. Под „виша сила“ се подразбира настан независен од волјата на договорените страни, чие настанување не можело да се спречи или предвиди и поради кои исполнувањето на обврските од договорот станало отежнато или неможно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војна), акти на јавна власт. Операторот нема да сноси никаква одговорност кон претплатникот поради прекин на неговите услуги, предизвикан од настан на „виша сила“.
ВИША СИЛА. 10.1. VOLVO TRUCKS нема да биде одговорен пред клиентот за каков било неуспех или доцнење или за последиците од каков било неуспех или доцнење во извршувањето на Договорот, доколку тоа се должи на кој било настан надвор од разумната контрола и размислување на VOLVO TRUCKS, вклучувајќи, но без ограничување на даватели на услуги од трета страна (вклучувајќи, но без ограничување на оператори на мобилни мрежи за податоци), природни непогоди, војна, индустриски спорови, протести, пожар, бура, експлозија, терористички чин и национални итни ситуации и VOLVO TRUCKS ќе има право на разумно продолжување на времето за извршување на таквите обврски.