Contract
што се однесува на примената на алтернативните правила за потекло кои овозможуваат дијагонална кумулација помеѓу Договорните страни- применувачи во Паневромедитеранската (ПЕМ) зона
(2021/C 426/01)
За целите на примена на дијагоналната кумулација на потеклото помеѓу Договорните страни - применувачи1, засегнатите Договорни страни - применувачи се известуваат меѓусебно, преку Европската комисија, за правилата за потекло кои се во сила со другите Договорни страни- применувачи.
Се напоменува дека дијагоналната кумулација може да се применува само доколку Договорните страни- применувачи на финално производство и крајна дестинација имаат склучено договори за слободна трговија кои содржат идентични правила за потекло, со сите Договорни страни-применувачи од каде потекнуваат употребените материјали. Материјалите кои потекнуваат од Договорна страна- применувач која нема склучено договор со Договорните страни- применувачи на финално производство и/или крајна дестинација ќе бидат третирани како материјали без потекло.
Врз основа на известувањата од Договорните страни- применувачи до Европската комисија, табелите во прилог се однесуваат на:
Табела 1- поедноставен преглед на можностите за кумулација на 01.09.2021 година.
Табела 2 - датумот од кој се применува дијагоналната кумулација.
Во Табела 1, со знакот „Х“ се означува постоење на договор за слободна трговија помеѓу два партнери кој овозможува кумулација врз основа на алтернативните правила за потекло. За да се користи дијагонална кумулација со трет партнер, знакот „Х“ треба да е присутен во сите пресеци во табелата помеѓу трите партнери.
Во Табела 2, наведените датуми се однесуваат на датумот на примена на дијагонална кумулација врз основа на член 8 од Додаток А од секој протокол за правила за потекло помеѓу Договорните страни- применувачи. Во тој случај до датумот е наведена ознака „(Т)“.
1 „Договорна страна-применувач“ значи договорна страна на ПЕМ Конвенцијата која ги вклучува алтернативните ПЕМ правила во своите билатерални преференцијални трговски спогодби со друга договорна страна на ПЕМ Конвенцијата;
Шифрите на Договорните страни- применувачи наведени во табелите се дадени подолу:
- Европска унија ЕU
- ЕФТА држави
- Исланд IS
- Швајцарија (вклучувајќи и Лихтенштајн)2 CH (+LI)
- Норвешка NO
- Фарски острови FO
- Учеснички на Барселона процесот
- Xxxxxx XX
- Палестина3 PS
- Учеснички на Процесот на стабилизација и асоцијација
- Албанија AL
- Северна Македонија МК
- Грузија GE
2 Швајцарија и Кнежевството Лихтенштајн формираат Царинска унија.
3 Оваа ознака нема да се смета како признавање на држава на Палестина и не е во спротивност со индивидуалните позиции на земјите-членки по ова прашање
Табела 1: Поедноставен преглед на можностите за дијагонална кумулација врз основа на алтернативните правила за потекло во пан-евро-мед зоната на 01.09.2021 година
EU | CH (+LI) | IS | NO | FO | JO | PS | AL | MK | GE | |
EU | X | X | X | X | X | X | X | X | X | |
CH (+LI) | X | |||||||||
IS | X | |||||||||
NO | X | |||||||||
FO | X | |||||||||
JO | X | |||||||||
PS | X | |||||||||
AL | X | |||||||||
MK | X | |||||||||
GE | X |
Табела 2: датум на примена на алтернативните правила за потекло кои овозможуваат дијагонална кумулација во пан-евро-мед зоната
EU | CH(+LI) | IS | NO | FO | JO | PS | AL | MK | GE | |
EU | (Т)01.09.2021 | (Т)01.09.2021 | (Т)01.09.2021 | (Т)01.09.2021 | (Т)01.09.2021 | (Т)01.09.2021 | (Т)01.09.2021 | (Т)09.09.2021 | (Т)01.09.2021 | |
CH (+LI) | (Т)01.09.2021 | |||||||||
IS | (Т)01.09.2021 | |||||||||
NO | (Т)01.09.2021 | |||||||||
FO | (Т)01.09.2021 | |||||||||
JO | (Т)01.09.2021 | |||||||||
PS | (Т)01.09.2021 | |||||||||
AL | (Т)01.09.2021 | |||||||||
MK | (Т)09.09.2021 | |||||||||
GE | (Т)01.09.2021 |