Contract
Договор
за заемно предавање на виновни лица меѓу Србија и Велика Британија од 6 декември 1900 година
Член 1
Високите договорни страни се обврзуваат дека една на друга заемно ќе ги предаваат лицата кои се обвинети или осудени за кривично дело или престап сторен во земјата што е договорна страна, а кои би се наоѓале на територијата на другата страна под околности и услови кои се наведени во овој договор.
Член 2
Кривични дела или престапи во кои се дозволува предавање:
1. Убиство, обид за убиство или заговор за извршување убиство.
2. Просто убиство
3. Напад со нанесени телесни повреди. Рани и тешки телесни повреди кои се намерно сторени.
4. Фалсификување или преиначување на пари, како и подметнување фалсификувани или преиначени пари.
5. Намерно правење работи, алати или машини кои се наменети за фалсификување пари.
6. Фалсификување, имитирање или преиначување, како и подметнување на фалсификати.
7. Затаување или кражба.
8. Злонамерна повреда на имот со помош на експлозивни средства или поинаку, ако делото е казниво по службена должност.
9. Наем на пари, стоки или хартии од вредност, со помош на лажни наводи и лажни тврдења.
10. Примање пари, хартии од вредност или други работи, кога виновникот знае дека тие работи се украдени, прикриени или воопшто стекнати на незаконски начин.
11. Кривично дело спротивно на законот за стечај.
12. Измама, која ќе ја стори депозитар, банкар, агент, фактор, полномошник или куратор, директор, член или кој било друг државен службеник од кое било друштво, во случај кога таквото дело според постоечките закони се смета за кривично дело.
13. Клевета или наведување на клевета.
14. Силување
15. Блудничење или обид за блуд, со девојка под 14 годишна возраст.
16. Кривични дела против чедност.
17. Абортирање деца, давање лекови или употреба на инструменти, со намера да се изврши абортус.
18. Киднапирање
19. Киднапирање деца.
20. Напуштање, присила на просење или незаконско задржување деца.
21. Приведување или апсење со помош на лажни средства.
22. Насилно влегување, дење или ноќе во куќа или друг објект.
23. Палење.
24. Разбојништво.
25. Какво било злонамерно дело сторено со цел да се изложат на опасност лица во воз.
26. Закана преку писмо или на друг начин, со намера да се изнудат пари.
27. Разбојништво на море (гусарство) според меѓународно право.
28. Дела, со кои се предизвикува рушење или тонење на брод на море, или обид, или договор да се стори делото.
29. Напад на брод на отворено море со цел да се предизвикува опасност за животот или телесна повреда.
30. Бунт, или договор за бунт на две или повеќе лица на брод на отворено море против капетанот на бродот.
31. Трговија со робови.
Исто така, предавање на лица ќе се дозволи во случај на соучество во горенаведените дела, кога таквото соучество е казниво со закон кај двете договорни страни.
Член 3
Секоја договорна страна може, по свое убедување, да одбие да предаде свој жител на друга страна.
Член 4
Предавање нема да се дозволи, ако лицето чие предвање се бара веќе било обвинето и ослободено, или било осудено или се уште е обвинето во земјите договорни страни за кривично дело за кое се бара предавање на лицето.
Ако лицето кое се бара да биде предадено е под кривична истрага или издржува казна затвор и какво било друго кривично дело во земјите договорни страни, неговото предавање нема да се дозволи, додека лицето не биде пуштено, без разлика дали со ослободителна судска одлука, издржување казна или на друг начин.
Член 5
Предавање на лицето нема да се дозволи, ако според законот на земјата од која се бара, по ивршување на делото или почетокот на кривичната истрага или пресуда настапило застарување на кривичната истрага или казната.
Член 6
Избеганото виновно лице нема да се предаде ако делото поради кое се бара негово предавање е политичко или ако лицето (виновниот) докаже дека барањето за негово предавање е со намера против него да се поведе кривична истрага или да се казни за дело од политичка природа.
Член 7
Предаденото лице нема во никој случај да може да се притвори или да се осуди во земјата каде што е дозволено предавањето, за какво било друго дело за кое е
не е побарано предавање на лицето, освен во случај ако лицето било вратено или ималоможност да се врати во земјата која го предала.
Оваа точка не се однесува на кривични дела сторени по предавање на лицето.
Член 8
Предавање на лице ќе се бара преку дипломатските претставници на високите договорни страни. Барањето предавање на обвинето лице треба да биде приложено заедно со: наредба за притвор, издадена од страна на надлежните органи на државата која бара предавање на лицето, како и докази, кои, според законите на местото каде што се наоѓа лицето, го оправдуваат неговото притворање во случај кога делото е извршено на тоа место.
Во случај да се бара предавање на лице, кое е веќе осудено, заедно со барањето треба да се приложи и пресудата, издадена од надлежен суд во земјата која бара да се предаде лицето.
Пресудата изречена in contumatiam нема да се смета како осудителна пресуда, меѓутоа со така осуденото лице може да се постапува како со обвинето лице.
Член 9
Ако во барањето за предавање се исполнети горенаведените услови, надлежните органи на земјата од која се бара веднаш ќе го притвори лицето.
Член 10
Ако избеганото лице се притвори на британска територија, тогаш истото веднаш ќе биде спроведено пред надлежен судија, кој ќе изврши распит и ќе спроведе претходна постапка за истрага, како тоа лице да е притворено поради дело сторено на британска територија.
Во оваа истрага, која мора да се води согласно горенаведените одредби, властите во Британија ќе ги прифаќаат како докази сведочењата дадени под заклетва или тврдења на сведоци дадени во Србија или препис од истите, како и налози за притвор и решенијата од истите и уверенија или судски документи со кои се потврдува дека лицето е осудено ако овие документи се потврдени на следниот начин:
1. Наредбата за притвор да биде потпишана од судија, судски службеник или судско-полициски службеник од Србија.
2. Во однос на исказите и тврдењата на горенаведените со својот потпис треба да ги потврди судијата, судскиот службеник или судско-полицискиот службеник на српски да потврдат дека истите се оригинални искази или тврдења, односно веродостојни копии согласно околностите.
3. Уверението или судскиот документ со кој се потврдува дека постои осуда треба да биде потпишано од судија, судски службеник или полициско- судски службеник, српски.
4. Во секој случај ваквата наредба за притвор, исказ, тврдење, препис, уверение или судски документ треба да бидат заверени со заклетва на сведок, со службен печат на српското министерство за правда или надворешни работи; освен тоа, може да се прифати и друг начин на
заверка, која во тоа време е дозволена со закон во регионот од британската територија каде што се води истрагата.
Член 11
Од страна на српската влада предавањето на лицето ќе се врши на следниот начин: Претставник или дипломатски застапник на Британската монархија во Србија до Министерот за надворешни работи ќе достави барање за предавање, со веродостоен или соодветно заверен препис на уверението за осуда, или наредбата дека обвинетиот треба да се притвори, при што од документите треба да може да се види карактерот на кривичното дело или престапот за кој е поведена кривична постапка против обвинетиот. Со така поднесени судски документи се приложуваат и личен опис и други податоци што се потребни да се потврди идентитетот на лицето чие предавање се бара.
Во случај документите што Британската влада ќе ги поднесе за потврдување на веродостојноста и податоците, кои ќе бидат побарани од српската полиција за иста намена, не ги смета за доволни, за случајот веднаш ќе биде известен дипломатскиот претставник на Британија во Србија, а лицето предмет на барањето за предавање ќе остане, ако е веќе приведено, и понатаму во притвор се додека британската влада не поднесе нови докази за потврдување на неговиот идентитет, односно со кои би се отстраниле тешкотиите при истрагата.
Член 12
Предавање на лицето нема да биде дозволено освен во случај кога ќе се утврди дека доказните средства се доволни согласно законите на државата од која се бара предавање, за изнесување на обвинетиот пред суд, кога кривичното дело е сторено на територија на таа држава или за утврдување дека приведеното лице е идентично на лицето кое е осудено од судовите на државата која бара предавање на тоа лице и дека кривичното дело, за кое е осудено лицето, припаѓа на категорија кривични дела за кои во времето на изречување на пресудата, државата од која се бара предавање на лицето дозволила истото да биде предадено. На територијата на Велика Британија, избеганиот виновник ќе се предаде по истекување на 15 дена од денот на неговото притворање со цел да биде екстрадиран.
Член 13
Ако една или повеќе други Влади бараат лице, чие предавање врз основа на овој договор од една од високите договорни страни е барано поради други кривични дела или казниви дела сторени на нивна територија, тогаш лицето ќе биде предадено на онаа Влада чие барање пристигнало прво.
Член 14
Ако за два месеци, од денот кога лицето чие предавање се бара, е притворено, или за подолго време, кое земјата од која се бара или надлежниот суд ќе го
определи, не се поднесат доволно докази кои би го оправдале неговото предавање, пребеганото лице ќе биде пуштено на слобода.
Член 15
Сите предмети кои се запленети при ставањето во притвор на лицето чие предавање се бара, ќе бидат предадени ако надлежната власт на земјата до која е испратено барањето наредила предавање на истите на дугата држава при предавање на лицето, меѓутоа, ова не се однесува само на украдените предмети, туку и на сите предмети кои би можеле да послужат како доказ за утврдување на дека лицето е виновникот.
Член 16
Сите трошоци во врска со предавањето на лицето ќе ги поднесе државата која го бара предавањето на лицето.
Член 17
Одредбите од овој договор ќе се применуваат и за колонии и територии што ги поседува Велика Британија, ако постоечките закони на тие колонии и територии го дозволуваат тоа.
Молбата за предавање на пребеганиот виновник, кој се наоѓа во таква колонија или територија ќе може да се достави до гувернерот или највисоката власт на таквата територија или кое било друго лице што врши должност на конзуларен претставник на Србија.
Доколку законите на односната територија или колонија дозволуваат, согласно одредбите од овој договор, таквите молби ги извршува гувернерот или највисоката власт, кои ќе имаат право или да дозволат предавање или да го предадат случајот на својата Влада.
Велика Британија ќе може да нареди примена на посебни прописи во британските колонии и територии во нејзина припадност наменети за предавање на виновници од Србија, кои би пребегнале во тие колонии и територии и ако тоа е дозволено со нивното законодавство, согласно одредбите од овој договор.
Молбите за предавање на избеган сторител на дело кои ги упатуваат колониите или територии кои припаѓаат на Британија спаѓаат под одредбите на горенаведените членови од овој договор.
Член 18
Овој договор стапува во сила десет дена по неговото објавување, согласно формите одредени со законите на високите договорни страни. Истиот ќе важи се додека една од договорните страни не ја извести другата страна, шест месеци однапред, за својата намера да го прекине договорот.
Овој договор ќе биде ратификуван и ратификациите ќе се разменат во определено време во Белград.