Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Oпштина Крива Паланка, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за...
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Oпштина Крива Паланка, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.06.2024 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Цело е кога има се” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 4 часа на дневна основа од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Крива Паланка .
Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата
„Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната
и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест)месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица активни баратели на работа .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години) млади лица до 29 години лица постари од 50 години лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност | лица припадници на ромската етничка заедница самохрани родители родители на 3 и повеќе деца |
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на
:
Работно место 1: Воспитувач/ Неговател - Спроведување на дополнителни активности во ОЈУДГ „Детелинка“ со кој ќе се подобрат способностите на децата.
Позиции за работно место 1: 1 (една работна позиција)
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: Дипломирани педагози и психолози, дипломирани социјални работници, дипломиран дефектолог/специјален
едукатор и рехабилитатор, дипломирани логопеди, дипломирани професори, воспитувачи и педагози по предучилишно воспитание.
Задолжителна Лиценца за работа со деца стекната од Министерство за труд и социјална политика.
- Работно место 2: Медијатори/аниматори за активно стареење во Дневен ценар со активно стареење во рамки на ОО Црвен Крст-Крива Паланка.
Позиции за работно место 2: 3 (три работни позиции )
Неформално медиумско описменување на старите лица односно корисници на услугите на Дневниот центар за активно стареење кој е во рамки на ОО Црвен Крст-Крива Паланка, Неформална подршка на корисниците на услугите Дневниот центар за активно стареење кој е во рамки на ОО Црвен Крст-Крива Паланка и Негување на традицијата и културата односно пренесување на животното искуство врз помладите генерации
Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: Средно образование
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата
„Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување -Крива Паланка во периодот од 05.06.2024 година до 12.06.2024 година, од 07:30 до 15:30 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Крива Xxxxxxx и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Крива Палнка кај лицето Xxxxx Xxxxxxxxxx, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Крива Паланка кај лицето Xxxxxxx Xxxxxxxxx, Центар за социјлна работа - Крива Паланка кај лицето Xxxx Xxxxxxxxxx.
Општински координатор:
Xxxxx Xxxxxxxxxx Контакт: 072/251-031