Contract
Д О Г О В О Р
за користење на дистрибутивен систем за електрична енергија
склучен помеѓу Договорните страни:
I. Оператор на дистрибутивен систем
ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција на електрична енергија, Скопје, со седиште на ул. 11-ти Октомври бр. 9, Скопје, ЕДБ МК4030005565759 и ЕМБС 5933773, (во понатамошниот текст:
ОДС), застапуванo од
и
II. Корисник
, ул.„ “ бр. седиште , населено место , ЕДБ , ЕМБС , трансакциска сметка , депонент банка АД , застапувано од (во понатамошниот текст: Корисник).
Член 1
Предмет на Договорот
(1) Со овој Договор се регулира начинот и условите за користење на дистрибутивниот систем за електрична енергија на ОДС од страна на Корисникот.
Член 2 Доставуватaње на фактурите
(1) Фактурите за испорачана електрична енергија за корисниците од страна на ОДС ќе бидат доставувани по електронски пат, на адреса дадена во Прилог 1 од овoj Договор.
(2) Корисникот може да побара достава на фактурите за испорачана електрична енергија во писмена форма, на адреса дадена во Прилог 1 од овој Договор.
Член 3
Податоци за пресметковните мерни места
(1) Мерењето и отчитувањето на потрошената електрична енергија на секое пресметковно мерно место посебно го врши ОДС согласно Законот за енергетика, Законот за метрологија и Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија.
(2) Податоците за пресметковните мерни места каде се мери испораката на електричната енергија од страна на ОДС се дадени во Прилог 2 од овој Договор.
(3) Ако за времетраењето на Договорот, Корисникот побара да се испорачува и мери електрична енергија преку нови мерни места кои не се опфатени со овој Договор, или Корисникот побара исклучуваење на определени мерни места од опфатот на овој Договор, ОДС и Xxxxxxxxxx ќе склучат Анекс кон овој Договор, со цел за утврдување на испораката и мерењето на електричната енергија во согласност со новонастаната cocтoj6a.
Член 4
Ниво на дозволено повратно влијание во дистрибутивната мрежа
(1) Корисникот е должен во целост да ги почитува Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија.
(2) Корисникот е должен во целост да ги почитува Техничките правила за проценка на повратни влијанија изготвени од страна на ОДС, а одобрени од РКЕ.
(3) Корисникот е должен да го користи дистрибутивниот систем во рамки на одобрената максимална едновремена моќност утврдена во Решението за согласност за приклучување издадено од ОДС во согласност со Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија. Доколку Корисникот не постапува во
согласност со став (1) од овој член, ОДС има право да го исклучи Корисникот од дистрибутивниот систем, во согласност со Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија.
Член 5
Количини и динамика на испорака на електрична енергија
(1) ОДС ќе врши дистрибуција на електрична енергија на Корисникот согласно количините и динамиките утврдени во Договорот за снабдување со електрична енергија кои Корисникот или неговиот Снабдувач е должен да ги достави до ОДС.
(2) Испораката на електрична енергија за Корисникот се врши во рамки на одбрената максимална едновремена моќност од страна на ОДС, за секое мерно место на Корисникот одделно.
Член 6
Ниво на квалитет на извршена услуга
(1) ОДС ќе врши дистрибуција на електрична енергија со квалитет согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија.
(2) По исклучок на став (1) од овој член, Корисникот може да побара дистрибуција на електрична енергија со квалитет подобар од утврдениот согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, при што трошокот за обезбедување на бараното ниво на квалитет паѓа целосно на товар на Корисникот.
Член 7
Размена на податоци и информации помеѓу ОДС и Корисникот
(1) ОДС ќе го извести Корисникот:
1) доколку ангажира поголема моќност од одобрената максимална едновремена моќност од страна на ОДС;
2) за сите планирани прекини, во согласност со Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Правилата за снабдување со електрична енергија;
3) за промената на погонските услови во мрежата, при што потрошувачот е должен да го прилагоди нивото на заштита на заштитните уреди и опрема на електроенергетските уреди на овие промени;
4) за зголемувањето на cтруја на куса врска во високонапонската и/или среднонапоската мрежа ако тие вредности се поголеми од оние за кои се димензионирани заштитните уреди и опрема на
електроенергетските уреди на Корисникот, при што Корисникот е должен да го прилагоди нивото на заштита на своите заштитни уреди и опрема на зголемуваьето на струја на куса врска;
5) за други случаи, согласно Законот за енергетика, Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Правилата за снабдување со електрична енергија.
(2) Корисникот е должен да го извести ОДС:
1) доколку воочи оштетување на мерната опрема од мерните места, неправилно функционирање на мерната опрема, кражба на мерната опрема или на останатата опрема, отстранување или оштетување на пломбата и оштетување на мерните ормари;
2) доколку ги промени карактеристиките на својата потрошувачка и на тој начин отстапува од одобрената максимална едновремена моќност и/или други обврски кои му се утврдени од страна на ОДС;
3) за други случаи, согласно Законот за енергетика, Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Правилата за снабдување со електрична енергија.
(3) Корисникот може да се обрати до Центарот за односи со потрошувачи на ЕВН Македонија за да пријави дефект на 0890 88888 или да добие информации, советувања и услуги на 0890 12345, 24 часа, 7 дена во неделата, 365 дена во годината.
Член 8
Размена на податоци и информации помеѓу ОДС и Снабдувач
(1) Снабдувачите и ОДС се должни да комуницираат и разменуваат податоци и информации заради обезбедување на пропишаниот квалитет на испорачаната електрична енергија и услугите што ги обезбедуваат операторите, при што секој снабдувач и ОДС се должни да изготват Протокол за комуникација и размена на податоци и информации во согласност со Правилата за снабдување со електрична енергија.
(2) ОДС ги доставува мерните податоци до снабдувачот во форма и на начин утврден од страна на ОДС.
(3) За мерните уреди каде ОДС не извршил отчитување, а за истите Корисникот доставил измерени податоци во писмена форма до снабдувачот, истиот е должен да ги достави добиените мерни податоци до ОДС.
(4) Снабдувачот има право да побара од операторот на соодветниот систем да изврши отчитување на мерните уреди на потрошувачите во случај на:
1) приговор на сметка или фактура за потрошена електрична енергија од Корисникот кој се однесува на мерните податоци;
2) раскинување на Договор за снабдување со електрична енергија;
3) промена на сопственоста на oбjeктот или при давање под закуп од страна на сопственикот на трето лице;
(5) Во случај на непланиран прекин во испорака на електрична енергија подолг од 8 часа операторот на
соодветниот систем е должен да го извести снабдувачот преку електронска пошта или факс најмногу 24 часа од настанувањето на непланираниот прекин, особено за следното:
1) датум на настанување на прекинот;
2) време на започнување на прекинот;
3) времетраење на прекинот;
4) причина за настанување на прекинот;
5) xxxx кој е опфатен со прекинот;
(6) Во успови на виша сила ОДС треба да го информира снабдувачот за прекините во напојувањето со
електрична енергија, реоните кои се опфатени, за проценетото времетраење на прекините, за времетраењето на прекините заради појава на дефекти во делови од дистрибутивната мрежа предизвикани од виша сила,
како и за други корисни информации, кои му се неопходни на снабдувачот, за негова комуникација со потрошувачите. Начинот на комуникација и размена на информации и податоци помеѓу двете страни во успови на виша сила може да биде преку електронска пошта или факс.
Член 9
Начин и услови за испорака на електрична енергија
(1) ОДС ќе врши испорака на електрична енергија и моќност до Корисникот доколку:
1) Корисникот е приклучен на дистрибутивната мрежа согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија;
2) Корисникот има склучено Договор за снабдување со електрична енергија со Снабдувач на електрична енергија или со Трговец со електрична енергија доколку Корисникот е регистриран како самостоен
учесник на пазар на електрична енергија.
(2) ОДС е одговорен за квалитет на електрична енергија која се испорачува преку дистрибутивната мрежа која е во негова сопственост и тоа:
1) до точката на разграничување помеѓу дистрибутивнаста мрежа на ОДС и објектот на Корисникот;
2) до точката на разграничување помеѓу дистрибутивната мрежа на ОДС и објектите на трети лица на кои е приклучен објектот на Корисникот.
(3) ОДС не гарантира за евентуалната штета која би настанала доколку на Корисникот му биде прекината
испораката на електрична енергија од страна на трето лице - сопственик на електроенергетскиот објект преку кој се врши дистрибуција на електрична енергија за потребите на индиректниот Корисник.
Член 10
Место на испорака на електрична енергија
(1) Места на испорака на електрична енергија, преставуваат точките во кои ОДС врши испорака на електричната енергија и моќност на Корисникот.
(2) Места на мерење се и местата во кои ОДС има инсталирано мерна опрема и врши мерење на испорачаната електрична енергија и моќност на Корисникот и истите се дадени во Прилогот 1 кој е составен дел од овој Договор.
Член 11
Цена за користење на дистрибутивниот систем
(1) Цена за користење на дистрибутивниот систем претставуваат тарифите за пресметковните елементи за секое мерно место на Корисникот, во согласност со Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија, кои се одобрени од страна на Регулаторната комисија за енергетика.
Член 12
Фактурирање и плаќање на надоместок за користење на дистрибутивниот систем
(1) Пресметката на надоместокот за користење на дистрибутивниот систем се врши по извршено отчитување или проценка на количините на испорачана електрична енергија од страна на ОДС за определен пресметковен период.
(2) ОДС ќе му достави фактура за користење на дистрибутивниот систем на Корисникот во рок од 10 (десет) дена од денот на завршување на пресметковниот период.
(3) Корисникот е должен фактурата од став (2) од овој член да ја плати во рок од 20 (дваесет) дена од денот на завршување на пресметковниот период
(4) Во случај на доцнење во плаќањето на фактурите од страна на Xxxxxxxxxx, ОДС има право да пресмета законска казнена камата.
(5) Xxxxxxxxxx има право да поднесе приговор на доставената фактура во писмена форма, заедно со
објаснување на причините за приговорот, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на нејзиното доставување. Корисникот кој приговара делумно на пресметката од доставената фактура, е должен неспорениот дел од фактурата да го плати во рокот наведен во став (3) од овој член.
(6) Корисникот кој не добил фактура должен е од ОДС да побара копија од фактурата за испорачана електрична енергија.
(7) ОДС има право да врши исправка на пресметките за надоместокот за испорачана електрична енергија во случај на грешки во отчитувањето на мерните уреди, односно во случај на дефект на мерните уреди, во
согласност со Правилата за снабдување со електрична енергија.
(8) ОДС има право да ја прекине испораката на електрична енергија во случај на неплаќање на фактурите, како и во други случаи согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Правилата за
снабдување со електрична енергија.
Член 13 Гаранција за плаќање
(2) Гаранцијата за плаќање од став (1) од овој член треба да биде инструмент за обезбедување на плаќањето прифатлив за ОДС во форма на депозит или банкарска гаранција. ОДС исто така може да одлучи да прифати инструмент за обезбедување на плаќањето во форма на залог, хипотека или задолжница.
(4) Доколку Корисникот не достави гаранција за плаќање во согласност со став (1) и (3) од овој член, ОДС има право да ја прекине испораката на електрична енергија на Корисникот.
Член 14
Ограничување на испораката на електрична енергија
(1) ОДС може да ја ограничи испорката на електрична енергија поради настанување на:
1) виша сила, утврдена согласно Закон за управување со кризи;
2) планирани исклучувања согласно важечките прописи;
3) дејствија на трети лица во мрежата на операторот на дистрибутивниот систем;
4) појава на нарушен или вонреден режим на работа и превземање на мерки за спречување на распаѓање на преносниот или дистрибутивниот систем;
5) ненадејни испади во преносната или дистрибутивната мрежа;
6) исклучување на Корисникот согласно важечките прописи.
(2) Во случај на ограничувањето на испораката согласно став (1) од овој член, ОДС:
1) нема обврска дополнително да ја испорача електричната енергија на Корисникот за која бил спречен да ја испорача
2) не е одговорен за причинување на штета поради неиспорака на електрична енергија
Член 15
Исклучување на Корисник од дистрибутивниот систем
(1) ОДС има право го исклучи Корисникот од дистрибутивниот систем во случај доколку:
1) Корисникот неовластено превзема електрична енергија од дистрибутивниот систем, во согласност со одредбите од Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија;
2) Корисникот не се придржува на одредбите од Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија;
3) ОДС има потреба да изврши контрола, баждарење, замена, вградување, дислокација на мерни уреди и опрема;
4) Xxxxxxxxxx не дозволува пристап на имотот кој е во негова сопственост или во негово владение заради
спречување ОДС да врши мерење, отчитување, контрола, баждарење, замена, вградување, дислокација на мерни уреди и на опрема, или да утврдат дали се врши кражба на електрична енергија преку приклучокот;
5) Корисникот не извршил плаќање на надоместокот за користење на дистрибутивниот систем во рок и на начин утврден во овој Договор;
6) раскинување на овој Договор;
7) снабдувачот со кој Xxxxxxxxxx има склучено Договор за снабдување со електрична енергија поднел барање за исклучување на Корисникот, во согласност со одредбите од Правилата за снабдување со електрична енергија;
8) Договорот за снабдување со електрична енергија на Корисникот истекол, а Xxxxxxxxxx одбие да склучи нов Договор за снабдување со електрична енергија;
9) исклучувањето на Xxxxxxxxxx е наложено од страна на надлежен суд или друг надлежен орган;
10) користењето на електроенергетските објекти, опремата и инсталациите од страна на Корисникот предизвикува непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето и имотот;
11) Корисникот побара од ОДС да биде исклучен од дистрибутвниот систем;
(2) По престанувањето на причините за исклучување на Корисникот од ставот (1) на овој член, ОДС ќе изврши повторно приклучување на Корисникот
(3) Корисникот е должен да плати надомест за повторно приклучување, во согласност со Ценовникот на услуги на ОДС.
Член 16
Одговорност за штета
(1) Договорните страни се одговорни за извршување на обврските од овој Договор.
(2) Во случај на причинување на штета поради непочитување на овој Договор, договорната страна која ја сторила штетата должна е да ја отстрани или надомести на другата договорна страна.
Член 17
Времетраење, начин и услови на раскинување на договорот
(1) Договорот се склучува на неопределен временски рок со важност од денот на потпишување од двете Договорни страни.
(2) Овој договор престанува да важи доколку Xxxxxxxxxx нема важечки договор за снабдување со електрична енергија.
(3) Во случај кога како Xxxxxxxx се јавува правно лице, овој договор престанува да важи со престанокот на правното лице во постапка на стечај и ликвидација.
(4) Договорот може да биде раскинат од страна на Договорните страни единствено на крај на календарски месец, во следните случаи:
1) по писмено барање на Корисникот доставено до ОДС најмалку 30 дена пред бараниот термин за
раскинување на договорот, при што Xxxxxxxxxx мора да ги исполни сите достасани обврски настанати врз основ на овој Договор;
2) од страна на ОДС по претходно предупредување најмалку 30 дена пред денот на раскинување, доколку Xxxxxxxxxx не ги почитува одредбите од овој Договор.
Член 18
Решавање на спорови
(1) Договорните страни се согласни настанатите спорови да ги решаваат спогодбено, или спорот да го пренесат на решавање кај надлежните органи или надлежен суд.
Член 19
Завршни одредби
(1) Xxxxxxxxxx е должен да го извести ОДС за секоја промена на податоците од овој Договор во рок од 15 дена од настанувањето на промената.
(2) Во случај Корисникот да го отуѓи или издаде под закуп објектот (ите) за кој(и) се вршела испораката на електрична енергија согласно овој Договор, Корисникот е должен за истото да го извести ОДС заради измена/раскинување на овој Договор.
(3) Во случај на промена на Корисникот, односно сопственикот на еден или повеќе објекти со мерни места опфатени со овој Договор, истиот продолжува да важи до склучување на Договор со нов корисник, а промената ќе биде ажурирана во прилог листата на мерни места составен дел на овој Договор. Неплатените фактури за испорачана електрична енергија до моментот на склучувањето на Договорот за користење на дистрибутивен систем со новиот сопственик или закупец се обврска на Корисникот.
(4) Секоја промена на одредбите на овој Договор ќе се уреди во писмена форма помеѓу договорните страни по пат на склучување на Анекс на Договорот.
(5) Овој Договор ќе се применува и на правните наследници на Договорните страни кои ќе произлезат од евентуалните структурни промени на Договорните страни согласно Законот за трговски друштва
(присоединување, поделба, спојување или основање на трговски друштва).
(6) За сите прашања кои не се уредени со овој Договор важат одредбите од законските и подзаконските прописи кои се во сила.
(7) Договорните страни се согласни дека сите спорни прашања ќе се обидат да ги решаваат првенствено спогодбено. Во случај на спор надлежен е Основниот Суд Скопје II - Скопје.
(8) Договорот е сочинет во 4 (четири) примероци по два за секоја Договорна страна.
Корисник | ОДС |
Овластен потписник (потписници): | ЕВН Македонија АД Скопје |
1. | 1. Овластен потписник |
2. Овластен потписник | |
Потпишано на ден: . . | |
X.X. | X.X. |
Прилог 1: Овластени лица и контакти Корисник:
Известувања и останата комуникација | Адреса: E-mail: Телефон: Контакт лице: |
Достава на фактури | E-mail: Адреса: Телефон: Контакт лице: |
* При промена на некој од податоците наведени во Прилог 1, потребно е Корисникот да го извести ОДС по писмен пат.
Прилог 2: Податоци за пресметковни мерни места
11