ЗА НАБАВКА НА ОДРЖУВАЊЕ НА HW ЗА АУКЦИИ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
/преку ЕСЈН – со е-аукција/
ЗА НАБАВКА НА ОДРЖУВАЊЕ НА HW ЗА АУКЦИИ
Скопје, Декември 2019 година
1
Врз основа на член 49 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
за поедноставена отворена постапка за набавка на
Одржување на HW за аукции
Тендерската документација содржи:
1. Општи информации
2. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација
3. Подготовка на понудата
4. Поднесување и отворање на понудите
5. Евалуација на понудите
6. Склучување на договорот за јавна набавка или на рамковната спогодба
7. Право на жалба и завршување на постапката за јавна набавка
8. Технички спецификации Прилог 1 – Образец на понуда
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата Прилог 3 – Модел на договор за јавна набавка
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и договорниот орган чиј предмет е снабдување стоки и обезбедување услуги;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки и услуги;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки и услуги;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Технички спецификации“ се:
- во случај на јавна набавка на услуги, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договориот орган е Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, со седиште на адреса: ул. Максим Горки бр. 4, 1000 Скопје, телефон xx 000 (0) 0000 000, 0000 000, електронска адреса: xxxxxxx@xxxxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е:
- за техничкиот дел:
Xxxxxx Xxxxxxxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
Xxxxx Xxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxxx.xxxxxx@xxxxx.xxx.xx
- за комерцијалниот дел:
Xxxxx Xxxxxxxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxxx@xxxxx.xxx.xx
1.3 Предмет на постапката за јавна набавка
1.3.1 Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на услуги: Одржување на HW за аукции.
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
1.3.2 Предметот на набавка е неделив.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и важечките подзаконски акти.
1.4.2 При подготовка на својата понуда, економскиот оператор треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци, облигационите односи, заштитата на потрошувачите. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци), Министерството за правда (за облигационите односи), Министерството за економија (за заштита на потрошувачите).
1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата
1.5.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.6 Вид на постапка за јавна набавка
1.6.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на поедноставена отворена постапка.
1.6.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.7 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.7.1 Електронска аукција
1.7.1.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција со цел добивање
нови цени коригирани надолу, односно нови вредности за одредени елементи од понудите.
1.7.1.2 За предметот на договорот ќе се спроведе електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.7.1.3 Предмет на електронска аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ за предметот на договорот за јавна набавка.
1.7.1.4 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
1.7.1.5 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.7.1.6 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
1.7.1.7 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Достапност на тендерската документација
2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
2.2 Појаснување на тендерската документација
2.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори” на ЕСЈН, најмалку 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.3 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од 4 (четири) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните 6 (шест) дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
- членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
- членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја издаде гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, .
1На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Посета на локација
3.2.1 Посета на локација не е предвидена.
3.3 Трошоци за поднесување на понуда
3.3.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.4 Јазик на понудата
3.4.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.5 Алтернативна понуда
3.5.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
3.6 Цена на понудата
3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
3.7 Корекција на цени
3.7.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.8 Рок, начин и место на извршување
3.8.1 Носителот на набавката е должен услугите предмет на договорот да ги извршува на начин, под услови и со време на извршување како што е дефинирано во техничките спецификации.
3.8.2 Носителот на набавката е должен услугите да започне да ги извршува по испратено писмено известување за воведување во работа од Договорниот орган.
3.8.3 Услугите ќе се сметаат за извршени со потпишување на Месечен извештај за извршени услуги за одржување потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
3.8.4 Место на извршување на услугите е Дирекцијата на Договорниот орган, на ул. Максим Горки бр. 4, 1000 Скопје.
3.8.5 Рокот, начинот и местото на извршување се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков рок, начин и место на извршување ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.9 Начин и рок на плаќање
3.9.1 Начинот на плаќање ќе биде вирмански или со дознака (важи за странски понудувач) на 12 (дванаесет) еднакви месечни износи (паушали), во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, придружна со Месечен извештај за извршени услуги за одржување потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
3.9.2 Начинот и рокот на плаќање се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков начин и рок на плаќање од предвидениот ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.10 Период на важност на понудата
3.10.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.10.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.11 Средства за обезбедување 3.11.1 Гаранција на понудата
3.11.1.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.11.1.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
3.11.2 Гаранција за квалитетно извршување на договорот – не се бара
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
[доколку цената на понудата се искажува во евра курсната листа што ќе се користи за евалуације е онаа на Народната банка на Република Македонија, а курсот за размена е оној што важел 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите].
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка.
[доколку предметот на набавка е поделен во делови, цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата].
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.10.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 11.02.2020 година до 13.00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
− Образец на понуда (Прилог 1),
− Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
− Документи за докажување на способност од точка 5.2,
− Документи за докажување на способност од точка 5.3,
− Модел на договор за јавна набавка (Прилог 3),
− Документи побарани во точка 10 од техничките спецификации од тендерската документација.
4.3.2 Понудата задолжително треба да биде комплетна и со сите елементи од точка 4.3.1.
4.3.2 Сите понуди кои не се комплетни и на кои им недостасуваат елементи / документи од точка 4.3.1, ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
- ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
- доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
- доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 11.02.2020 година во 13.00 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр. 4, Скопје, III кат.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Утврдување способност
5.1.1 Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат економски оператори за кои, договорниот орган преку придружната документација утврдува:
- дека не постојат причини за исклучување од постапката,
- дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа:
а) способност за вршење професионална дејност; б) техничка и професионална способност.
5.1.2 Економскиот оператор во прилог на понудата задолжително доставува документи за утврдување способност.
5.1.3 Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма.
5.2 Причини за исклучување од постапката
5.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
1) доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.
2) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
3) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
4) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
5) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
6) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
7) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
5.2.2 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци.
5.2.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку:
a) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
б) економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
5.2.4 За докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
5.2.5 Изјавата од алинеја 1 од потточка 5.2.4 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
5.2.6 Потврдите од потточка 5.2.4 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
5.2.7 Документите од потточка 5.2.4 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
5.3 Услови за квалитативен избор
5.3.1 Способност за вршење на професионална дејност
5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.1.3 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
– Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.2 Економска и финансиска состојба – не се бара
5.3.3 Техничка и професионална способност
5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:
- да има имплементирано или одржувано хардверски платформи на кои се поставени web базирани апликации, во .net околина и со релациони бази на податоци – Oracle или слични, кај најмалку два клиенти во последните три години,
- да има најмалку 1 вработено или ангажирано техничко лице со наведени одговорности за реализација на набавката.
5.3.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка
5.3.3.1 со доставување на:
- Листа на извршени услуги во последните три години (извршени имплементации или одржувања на хардверски решенија на кои се поставени web базирани во .net околина и со релациони бази на податоци Oracle или слични) со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување потврда за извршени услуги од минимум 2 (два) клиенти за успешна реализација и со датуми на реализација,
- Oпис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не, со прилог Список на вработени / ангажирани технички лица со наведени одговорности во реализацијата на набавката.
5.3.3.3 Доказите од точка 5.3.3.2, за потточка освен потврдите од клиенти ги изготвува и електронски ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.
5.3.4 Користење способност од други субјекти
5.3.4.1 Во постапката за јавна набавка, економскиот оператор може заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти.
5.3.4.3 Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
5.3.4.4 Со цел договорниот орган да може да провери дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување, економскиот оператор треба да ја достави документацијата наведена во точките 5.2.4, 5.3.1.3 и 5.3.3.2 од оваа тендерска документација.
5.3.4.5 Ако во постапката учествува групата економски оператори, истата може да ја користи способноста на членовите во групата или на други субјекти на начин утврден во точката 5.3.4.3 од оваа потточка.
5.4 Стандарди за системи за квалитет – не се бара
5.5 Стандарди за управување со животната средина – не се бара
5.6 Критериум за избор на најповолна понуда
5.6.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на: цената.
5.7 Евалуацијата на понудите
5.7.1. Кај поедноставената отворена постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, на ЕСЈН ја проверува листата на издадени негативни референци.
5.7.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.7.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.7.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.7.5. Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.7.6 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од 5 (пет) дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на услугите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.7.7 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.7.8 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.7.9 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.8 Заштита на податоци
5.8.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.8.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.8.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
5.9 Исправка на аритметички грешки
5.9.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови;
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.9.2 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.
5.10 Поништување на постапката
5.10. 1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.10.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе ја донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на договорот или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од 3 (три) дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.3.3 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување, откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.3.4 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка и да му го врати на договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање.
6.3.5 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка
6.3.4 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и ќе објави негативна референца.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи .
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1 Во текот на реализацијата на договорот може да дојде до негово менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај поедноставената отворена постапка, жалба се изјавува во рок од 5 (пет) дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
8. Технички спецификации
1. Вовед
Одделот за управување со електропреносниот систем, Подружница ОЕПС, во склоп на АД МЕПСО има потреба од реализација на Јавната Набавка за одржување на хардверската платформа на која е инсталирана апликацијата за аукции на прекугранични преносни капацитети. Доделување на прекугранични преносни капацитети на македонскиот електропреносен систем се базира на фактот дека е потребна висока расположивост на апликaцијата вклучувајќи ги сите деловни процеси, трансакции и податоци.
2. Дефиниции
• Нарачател/Корисник: АД МЕПСО, Подружница ОЕПС, Оддел за оперативно управување.
• Носител: Компанија која ќе го извршува одржувањето на хардверската платформа.
• Одржување: Процес на зачувување на оперативна состојба на хардверската платформа и/или постапка за спречување на нарушувањето на оперативната состојба на хадрверската плаформа и/или постапка за повторно воспоставување во оперативна состојба на хардверската платформа, преку давање на соодветна поддршка од страна на Носителот.
• Поддршка: Вештини и барања за одржување на оперативна состојба на хардверската платформа кои Носителот е потребно да му ги обезбеди на Нарачателот.
• Услуга: Спроведени активности од страна на Носителот врз основ на барањата за поддршка од страна на Нарачателот за зачувување на оперативната состојба на хардверската плафторма.
• Хардверска платформа: Систем составен од сервери и уред за складирање на податоци (storage).
3. Обем на работа
За реализација на јавната набвавка „одржување на хардверската платформа на која е инсталирана апликацијата за аукции на прекугранични преносни капацитети“, која е составена од следната информатичка опрема (вклучувајќи ги и нивните поединечни компоненти):
1. Систем од сервери (х2 DELL PowerEdge R710);
2. Систем за складирање (х1 EMC VNX 5500);
3. ЕМС Networker; и
4. Мрежна опрема.
Носителот е потребно да обезбеди услуги за поддршка преку следните типови на одржување:
• Превентивно одржување и Backup на податоци
• Корективно одржување
• Конструктивно одржување
3.1. Место (локација) на реализација на поддшката
Во зависност од барањата за поддршка и природата на инцидентите, истата може да се реализира на два начини, и тоа:
• на лице место (on-site поддршка)
• далечински (remote поддршка)
4. Типови на одржување
4.1. Превентивното одржување и Backup на податоци
Превентивното одржување се однесува на стандардна проверка на работата на хардверската плафторма преку кое можноста за нерасположливост на работата на системот/компонентите би се минимализирала. Овој тип на одржување се извршува еднаш месечно, а резултатите од проверката (Scheduled preventive maintenance Check-list, изработена од страна на Носителот), се доставуваат во склоп со месечниот извештај.
4.1.1. Преглед на активности опфатени со превентивното одржување
Со превенивното одржување, во зависност од дефинираните системи и нивните компоненти, потребно е да бидат опфатени следните актвности:
За сервери и серверски компоненти
• Дијагностика и сервис (отстранување на хардверски проблеми)
• Детекција на дефектни хардверски компоненти и нивна замена
• Надградба и инсталација на нови хардверски компоненти
• Системи за складирање
• Дијагностика и сервис (отстранување на хардверски проблеми)
• Детекција на дефектни хардверски компоненти и нивна замена
• Замена на дефектни хардверски компоненти,
• Надградба на фирмвер, ОС-и , закрпки од производителот на опремата (само оние за кои Нарачателот поседува важечка легална лиценца или право на користење)
• Замена на дефектни хардверски компоненти (заменетите делови остануваат во сопственост на Економскиот оператор)
• Надградба и инсталација на нови хардверски компоненти
За ЕМС Networker
• Дијагностика и отстранување на системски проблеми
• Сервисни интервенции (дијагностика и отстранување на проблеми),
• Анализа, ажурирање и тестирање на софтверот.
• Инсталација и конфигурација на системските компоненти
• Ажурирање и инсталација на апликации (само оние за кои Нарачателот поседува важечка легална лиценца или право на користење)
• Инсталација и интеграција на постојни storage и storage компоненти
• Конфигурација на постојни storage
• SNMP мониторинг
• Syslog колекција на логови
• Детекција на грешки, техничка помош, програмски поправки и интервенции преку интернет (преку редовен мониторинг и по барање на нарачателот)
• Oнлајн бекапирање на следниве апликации: MS SQL.
• Враќање на податоци бекапирани на еден тип оперативен систем, на друг тип оперативен систем
• Креирање на снапшотови на постоечките сториџ системи
За Мрежна опрема
• Дијагностика и сервис на мрежна опрема (отстранување на хардверски и софтверски проблеми)
• Детекција на дефектни хардверски компоненти со вклучена работна рака за нивна замена
• Бесплатна работна рака за замена на дефектни хардверски компоненти,
• Заменетите делови остануваат во сопственост на Економскиот оператор
• Надградба и инсталација на нови хардверски компоненти,
• Инсталација и интеграција на постојни мрежни уреди,
• Конфигурација на мрежната опрема,
• SNMP мониторинг,
• Syslog колекција на логови
4.2. Корективно одржување
Корективното одржување се однесува на обезбедување на поддршка и услуги од страна на Носителот преку кои ќе се обезбеди воспоставување на нормална работна состојба на хардверската платформа по настанување на инцидент. Ова одржување се извршува преку доставено барање преку алатките за инициализирање на поддршката од страна на Носителот на набавката, земјаќи ги во предвид времето на одзив по настанат инцидент и временската резолуција на решавање на инциденотот, дефинирани во “Класификација на инциденти” од техничката спецификација.
4.3. Конструктивно одржување
Конструктивно одржување се однесува на промена на оштетен елемент (компонента) со нов елемент (компонента) од хардверската плафторма. Конструктивното одржување не ги опфаќа инцидентите класифицирани како „минорни“ и/или „големи“.
Трошоците за набавка, транспорт и инсталација на новиот елемент (компонента) се на товар на Носителот на јавната набавка.
Иницијализацијата на овие инциденти може да ја извршат Носителот и Нарачателот.
Доколку за дадениот тип на инцидент го иницијализира Носителот, потребно е претходно да го информира Нарачателот за настанатиот инцидент преку комуникациските канали, дефинирани во точка Error! Reference source not found., на страна Error! Bookmark not defined., од оваа техничка спецификација.
Доколку за дадениот тип на инцидент го иницијализира Нарачателот, потребно е претходно да го информира Носителот за настанатиот инцидент преку комуникациските канали, дефинирани во точка Error! Reference source not found., на страна Error! Bookmark not defined., од оваа техничка спецификација.Организација на поддршката.
Поддршката од страна на Носителот се препорачува организациски да се води согласно Information Technology Infrastructure Library (ITIL v3), прикажано на сликата во продолжение.
Слика 1: Организација на поддршка
5. Резолуција на инцинтентите
Целта на резолуцијата на инцидентите е да се воспостави оперативна состојба на хардверската платформа за што е можно побрзо време и да се минимизира негативното влијание врз деловното работење. Сите инциденти идентификувани од страна на Нарачателот треба да бидат пријавени до Носителот по пат на комуникационите канали: телефон, е-пошта или со креирање на запис во прашањето Алатка за инициализирање и следење на поддршката при одржувањето (ticketing tool).
Носителот е должен да обезбеди поддршка преку:
• Мониторинг и евиденција на резолуција на инцидентите
• Идентификација на инцидентите
• Анализа на инцидентите
• Евалуација на инцидентите
6. Временска резолуција на одзив при настанат инцидент
Со цел да се изврши соодветна дијагностика и оптимизација на временската резолуција за решавање на настанат инцидент потребно е прецизно собирање на потребните податоци за кои Нарачетелот безусловно ќе ги обезбеди на Носителот.
6.1. Изваштаи за извршеното одржување
Параметрите од Договорот континуирано се следат во текот на целокупното времетаење на истиот, а нивната реализација континуирано е потребно да се евидентира и оценува. Нарачателот редовно ги добива Извештаите за извршените услуги, наведени во оваа техничка спецификација, при што Носителот детално ги документира активностите што се вршат во рамките на услугите.
Носителот при извршување на услугите, односно во Извештаите за извршени услуги ќе бидат евалуирани од страна на Нарачателот врз основ на следните индикатори:
• Достава на Извештаите во согласност со спефицицираните индикатори
• Расположливост на услугите за целиот систем и поединечно за компонентите
• Исполнувањето на одредбите од Договорот и нивно евентуално прекршување
• Целокупен преглед на настанатите инциденти
• Листи за подобрување на работата на системот или листи на доставени барања за поддршка од страна на Нарачателот (евиденција на инциденти).
7. Комуникациски канали
Целокупната комуникација во одржувањето на хардверската платформа треба да биде обезбедена преку:
• Примарен комуникациски канал: Алатка за инициализирање и следење на поддршката при одржувањето (ticketing tool)
• Секундарен канал: е-маил
• Терциарен канал: телефон
Алатка за инициализирање и следење на поддршката при одржувањето (ticketing tool) ја обезбедува Носителот.
8. Опфат на одржувањето
8.1. Сумарен прерглед
Параметри | Карактеристики |
Време на достапност на услугите / Best Service Time (BST) | 8часа x 5дена, 08:00 – 16:00 часот, од Понеделник до Петок |
Расположливост | Во период на BST |
Време на одзив при настанат инцидент | < од 2 часа во период на BST |
Временска резолуција на решавање на настанат инцидент (Resolution Time Objective-RTO) | Во зависност од категоријата на инцидентот |
Извештаи за одржување и поддршка | Месечно |
8.2. Категории на инциденти
Инцидентите се класифицирани на следниот начин:
• Критични: настани кои водат кон долготрајни оштетувања на хардверот, базата на податоци, оперативната средина или инфраструктурата. Ваквите настани го оневозможуваат функционирањето на софтверот, базата на податоци или инфраструктурата како целина во еден или повеќе процеси. Нарачателот треба да има цврста причина за класификација на настанот како критичен инцидент во моментот на неговото настанување, ако тоа не е подоцна поинаку дефинирано меѓу Нарачателот и Носителот.
• Големи: настани кои водат кон тешки оштетувања на базата на податоци, оперативната средина или инфраструктурата. Нарачателот треба да има цврста причина за класификација на настанот како голем инцидент во моментот на неговото настанување, ако тоа не е подоцна поинаку дефинирано меѓу Нарачателот и Носителот.
• Минорни: настани кои водат кон маргинални оштетувања на операциите и не се класифицирани како критични или големи и не ја попречуваат работата на системот.
8.3. Расположливост
8.3.1. Опис
Расположливост е времето во кое Нарачателот ќе добие од Носителот поддршка преку договорените комуникациски канали-алатки за иницијализирање на поддршка при одржување, телефон и/или електронска пошта.
8.3.2. Опфат
Расположливоста е гарантирана во периодот од BST, за временска рамка од 8(часа)x5(дена), од 08-16:00 часот, од понеделник до петок, за целиот период на важност на Договорот.
8.4. Време на одзив при настанат инцидент во период на BST
8.4.1. Опис
Време на одзив претставува времето потребно да Носителот ја прифати и/или отпочне постапката за отстранување на инцидентот од моментот на пријавување на инцидентот од страна на Нарачателот.
8.4.2. Опфат
Времето на одзив при настанат инцидент во период од BST не треба да биде поголем од 2 часа.
8.5. Временска резолуција на решавање на настанат инцидент
8.5.1. Опис
Временска резолуција на решавање при настанат инцидент претставува вкупното време кое му е потребно на Носителот да го отстрани инцидентот сметано од времето (прифаќање и/или започнување на отстранување на инцидентот).
Временската резолуција на решавање на проблемот при настанат инцидент, за дадените категории на инциденти треба да биде:
Категорија на инцидент | Време на решавање на проблем |
Критична | Без ограничување со вложен најдобар труд |
Голема | Без ограничување со вложен најдобар труд |
Xxxxxxx | Xxx ограничување со вложен најдобар труд |
8.5.2. Пресметковен период:
Еден календарски месец
8.5.3. Пресметка
Времето на решавање на проблемот се пресметува како разлика помеѓу времето кога иницијализираниот инцидент е регистриран (прифатено и/или започнато отстранување на инцидентот) од страна на Xxxxxxxxx и времето кога инцидентот е отстранет преку:
• Промена на статусот на инцидентот од регистриран (прифатен) во решен (завршен) преку алатката за следење на инцидентите (ticketing tool); или
• Носителот телефонски ќе го информира Нарачателот дека инцидентот е решен, или
• Носителот ќе го информира Нарачателот дека инцидентот е решен преку достава на електронска пошта.
8.6. Извештаи
8.6.1. Опис
Носителот е должен да изработи навремено извештај за дадените услуги во форма на испитен лист, согласно оваа техничка спецификација и истиот е должен да го достави најдоцна до десеттиот ден од следниот месец.
9. Надоместок за одржување
Вкупниот надомест за услугите за одржување на хадрверската платформа ќе биде на 12 (дванаесет) еднакви месечни рати, по достава на месечен извештај и извршени услуги за одржување на хардверската платформа согласно оваа техничка спецификација, дефинирани во точка Error! Reference source not found. на страна Error! Bookmark not defined..
Исплатата ќе се изврши по достава на месечни извештаи од страна на Носителот до Нарачателот, земајќи ги во предвид одредбите од опфатот на одржувањето од оваа техничка спецификација.
Детален преглед на понудата на услугите е даден во табелата во продолжение:
Р.Бр. | Опис | Ед.мерка | Количина |
А | Б | В | Г |
1 | Превентивно одржување, Корективно одржување, Конструктивно одржување | Месец | 12 |
10. Документација која треба да се достави заедно со понудата:
10.1 Понудувачот да има организиран Help Desk сервис.
Понудувачот во својата понуда треба да достави Xxxxxx дека има организиран Help Desk сервис.
10.2 Понудувачот треба да ги задоволува барањата за времиња на одзив наведени во техничката спецификација.
Понудувачот во својата понуда треба да достави Xxxxxx дека ќе ги задоволува барањата за времиња на одзив наведени во техничката спецификација.
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, за набавка на услуги: Одржување на HW за аукции со спроведување на поедноставена отворена постапка, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
I.5. Матичен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1. Согласни сме да ги понудиме предметните услуги согласно техничката спецификација од тендерската документација.
II.2. Ги прифаќаме рокот, начинот и местото на извршување на услугите утврдени во тендерската документација и моделот на договор.
Дел III – Финансиска понуда
III.1.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци, попусти без вклучен ДДВ, изнесува денари / евра (со бројки),
(домашниот понудувач цената ја изразува во денари, а странскиот понудувач во евра)
(со букви). (странскиот понудувач цената на понудата ја пишува со букви на англиски јазик)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
III.1.1.1. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда, е даден во следнава листа на цени:
Ред. бр. | Опис | Един. мерка | Количина | Един. цена без ДДВ (месечен износ - паушал) | Вкупна цена без ДДВ | ДДВ |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 = 4 * 5 | 7 |
1 | Превентивно одржување, Корективно одржување, Конструктивно одржување | Месец | 12 | |||
ВКУПНО: |
III.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот и рокот на плаќање утврден во тендерската документација и моделот на договор.
III.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме одредбите дадени во моделот на договор за јавна набавка.
Место и датум | Одговорно лице* (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме на
одговорното лице]* врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на договор за јавна набавка број
за набавка на услуги: Одржување на HW за аукции објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум | Одговорно лице** (потпис) |
*Xxxxxxxx ја дава одговорното лице на понудувачот [се наведува полното име и презиме на одговорното лице].
**Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 – МОДЕЛ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА *
Склучен во Скопје во 2019 година, помеѓу
Договорни страни:
1. Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, ул. Максим Горки бр.4 Скопје, со ЕМБС 5933781 застапувано од генералниот директор м-р Xxx Xxxxxxx, како корисник на услуги, во понатамошниот текст Договорен орган, од една страна и
2. , ул. , со ЕМБС , застапувано од одговорното лице , давател на услуги, во понатамошниот текст Носител на набавката, од друга страна.
Предмет на договорот
Член 1
Предмет на овој договор е јавна набавка на услуги – Одржување на HW за аукции, во согласност со тендерската документација, техничките спецификации и понудата на Носителот на набавката по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019.
Основ на договорот
Член 2
Основ на овој договор е спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019.
Понудата на Носителот на набавката, тендерската документација и техничките спецификации по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019 се составен дел на овој договор.
Носителот на набавката е врзан за понудата, тендерската документација и техничките спецификации и истите се во важност за целото времетраење на овој договор.
Количини и единечни цени
Член 3
Количините и цените на услугите предмет на овој договор, во денари/евра, се:
Ред. бр. | Опис | Един. мерка | Количина | Един. цена без ДДВ (месечен износ - паушал) | Вкупна цена без ДДВ | ДДВ |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 = 4 * 5 | 7 |
1 | Превентивно одржување, Корективно одржување, Конструктивно одржување | Месец | 12 | |||
ВКУПНО: |
Цените од став 1 на овој член се фиксни за цело времетраење на овој договор и истите не подлежат на измени до крајот на неговото исполнување.
Во цената се вклучени сите трошоци.
Цените се пресметани со соодветно намалување кое е еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршување на електронската аукција) во висина од , %.
Вредност на договорот
Член 4
Вкупната вредност на овој договор изнесува:
- Вкупно без ДДВ ,00 денари
- ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари
Со зборови денари, со вклучен ДДВ.
Времетраење на договорот
Член 5
Договорот се склучува на определено време, сметано од денот на неговото потпишување од двете договорни страни, па се до исполнување на предметот на договорот, но не подолго од 12 месеци од денот на неговото потпишување од двете договорни страни.
Права и обврски на договорните страни
Член 6
Правата и обврските на договорните страни кои произлегуваат од овој договор стапуваат во сила на денот на потпишувањето на договорот од двете договорни страни.
Носителот на набавката се обврзува услугите да ги изврши во се согласно условите и барањата од техничките спецификаци по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019.
Носителот на набавката е должен при извршувањето на обврската да постапува со внимание на добар стопанственик и со внимание на добар стручњак.
Носителот на набавката се обврзува да постапува согласно насоките на Договорниот орган за безбедност и да ги штити податоците на Договорниот орган од било каков неовластен пристап на трети страни.
Носителот на набавката е должен да го реализира одржувањето на апликацијата на начин кој гарантира оперативна состојба на апликацијата.
Носителот на набавката има право на пристап до системот на Договорниот орган во претходно договорени и дефинирани термини за редовно одржување и по претходно известување и одобрување од страна на Договорниот орган.
Двете страни се должни да ги извршуваат своите обврски и се одговорни за нивното исполнување.
Двете страни се должни да се воздржуваат од постапките со кои можат на другата страна да и предизвикаат штета.
Начин, рок и место на извршување
Член 7
Носителот на набавката е должен услугите предмет на договорот да ги извршува на начин, под услови и со време на извршување како што е дефинирано во техничките спецификации.
Носителот на набавката е должен услугите да започне да ги извршува по испратено писмено известување за воведување во работа од Договорниот орган.
Носителот на набавката е должен услугите предмет на овој договор да ги извршува во Дирекцијата на Договорниот орган, на ул. Максим Горки бр. 4, 1000 Скопје.
Услугите предмет на овој договор ќе се сметаат за извршени со потпишување на месечен извештај за извршени услуги за одржување потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
Договорниот орган ги задолжува и овластува лицата и да ја следат реализацијата на овој договор.
Начин и рок на плаќање
Член 8
Начинот на плаќање ќе биде вирмански или со дознака (важи за странски понудувач) на 12 (дванаесет) еднакви месечни износи (паушали), во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, придружна со месечен извештај за извршени услуги за одржување, потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
Носителот на набавката фактурата, поткрепена со примерок од месечниот извештај за извршени услуги за одржување потпишан од овластените лица на двете договорни страни, ја доставува до Договорниот орган на следната адреса: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Сектор за финансиски работи, Оддел за комерцијални работи, со назначување на бројот и датумот на договорот, како и количини и единечни и вкупни цени, со посебно искажан ДДВ.
Договорниот орган го задржува правото да ја врати фактурата доколку не е комплетна и да поднесе рекламација на пресметката на фактурата во рок од 8 дена, сметано од денот на приемот на фактурата.
Виша сила
Член 9
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој договор до кое би дошло заради виша сила.
Ако една од договорните страни е спречена во исполнувањето на своите обврски заради виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на вишата сила договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
Подизведување и подизведувачи
Член 10
Носителот на набавката може, за време на извршувањето на договорот за јавна набавка, од Договорниот орган да побара:
- промена на подизведувачите за оној дел од спогодбата кој претходно го отстапи на подизведувачи,
- воведување еден или повеќе нови подизведувачи чиј вкупен удел не смее да надмине 30% од вредноста на спогодбата, без вклучен ДДВ, без оглед дали претходно отстапил дел од спогодбата на подизведувачи или не,
- преземање на извршувањето на дел од спогодбата за јавна набавка кој претходно го дал на подизведувач.
Во случај на вклучување нови подизведувачи, Носителот на набавката, заедно со барањето, ги обезбедува податоците и документите од точка 4.4 од тендерската документација.
Договорниот орган нема да го одобри барањето на Носителот на набавка:
- доколку Xxxxxxxxx на набавката во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот кој го менува, а новиот подизведувач не ги исполнува истите услови или постојат причини за исклучување,
- ако Xxxxxxxxx на набавка во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот за да ја докаже својата способност, а самиот Xxxxxxx на набавката не ги исполнува тие услови или ако тој дел од договорот е веќе извршен.
Договорниот орган може да го одбие предлогот за замена на подизведувач, односно вклучување нов подизведувач, доколку тоа може да влијае на непреченото изведување или завршување на работите.
За одбивањето на подизведувачот, Договорниот орган го известува Носителот на набавката во рок од десет дена од денот на приемот на барањето.
Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за Договорниот орган и за Носителот на набавката доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно со условите од Законот за јавните набавки, при што:
- подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на Носителот на набавката ќе ги покрие Договорниот орган,
- Носителот на набавката, во прилог на неговата фактура ги приложува фактурите на подизведувачот кои претходно ги одобрил.
Договорниот орган ќе бара од Носителот на набавката да му достави писмена изјава од подизведувачот, дека подизведувачот е исплатен за набавените стоки, во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на Договорниот орган на Носителот на набавката.
Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
Раскинување и санкции за прекршување на договорот
Член 11
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот без отказен рок.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски бара продолжување на исполнување на обврската или раскинување на договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
Кога Xxxxxxxxx на набавката ќе задоцни или нема да исполни своја поединечна (месечна) обврска по овој договор, ќе му ја плати на Договорниот орган евентуалната разлика во цена ако се појави со воведување на друг економски оператор во реализацијата на поединечната обврска.
Во услови кога Носителот на набавката повторно ќе задоцни или нема да исполни своја поединечна (месечна) обврска по овој договор, ќе му ја плати на Договорниот орган евентуалната разлика во цена ако се појави со воведување на друг економски оператор во реализацијата на поединечната обврска како и договорна казна во висина од 5% од вкупната вредност на поединечната обврска, без ДДВ.
При наредно задоцнување или неисполнување на поединечна обврска по овој договор или неисполнување на било која друга обврска по овој договор по вина на Носителот на набавката, Договорниот орган го раскинува договорот и наплаќа договорна казна во висина од 5% од вкупната вредност на договорот, без ДДВ.
Договорниот орган го задржува правото да бара и надомест на штета што би ја претрпел поради тоа, согласно Законот за облигационите односи.
Решавање на спорови
Член 12
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не е можно, спорот ќе го решава стварно и месно надлежниот суд во Скопје.
Корупциско или измамничко однесување
Член 13
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализацијата на овој договор.
Заштита на информации од доверлив карактер
Член 14
Договорните страни се согласни да ги штитат информациите од доверлив карактер, особено кога станува збор за деловна тајна.
Преодни и завршни одредби
Член 15
Составен дел на овој договор се следните прилози, и тоа:
- тендерската документација,
- техничките спецификации, и
- понудата на Носителот на набавката.
За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.
Член 16
За се што не е предвидено со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и другите позитивни законски прописи во Р. Македонија.
Член 17
Измени и дополнувања на договорот се вршат со заедничка согласност на двете договорни страни по писмен пат.
Договорот се менува со анекс само во согласност со одредбите на Законот за облигационите односи, Законот за јавните набавки и тендерската документација.
Член 18
Овој договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци, од кои 4 (четири) за Договорниот орган и 2 (два) за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА АД МЕПСО
Генерален директор Управител
м-р Xxx Xxxxxxx ------------------------------
* Моделот на договор за јавна набавка задолжително треба да се достави потпишан електронски заедно со понудата