I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ _ 4
Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ
Бр. 12.01.2012 год. С К О П Ј Е
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР.3/2012
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ
Услуги поврзани со менаџментот за извршување на хотелско – угостителска дејност во Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Конгресен центар - Охрид
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
(ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ СО ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС, КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА)
Скопје, јануари 2012 година
С о д р ж и н а :
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА 3
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ _ 4
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ _ _ 20
III. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА 22
2
ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, за испорака на стоките што се предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
4
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите.
- „Одговорно лице” е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локална самоуправа или директор на правно лице;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со седиште на адреса: бул. Xxxxx Xxxxxxxx бб, телефон 00 0000 000, факс 02 3293 202, електронска пошта xxxx@xxxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Xxxxxxxx Xxxxxxxx, телефон 00 0000 000, факс 02 3293 202, електронска пошта xxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx .
1.3 Предмет на договорот за јавна набавкa
1.3.1 Предмет на договорот e набавка на услуги поврзани со менаџментот за извршување на хотелско – угостителска дејност во Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Конгресен центар – Охрид.
1.3.2 Предметот на договорот не е делив.
1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничките спецификации кои се составен дел на тендерската документација.
1.3.4 Набавката е за период од една година од денот на склучување на договорот.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка.
1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење со електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договр за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 136/07, 130/08, 97/10, 53/11 и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).
1.7 Извор на средства
1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од буџетски и сопствени приходи.
1.8 Право на учество
1.8.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое подигнало тендерска документација од договорниот орган.
1.8.2 Право да достави понуда има и група на економски оператори без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во соодветна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.3 Групата на понудувачи треба да назначи претставник што ќе има овластување да ги извршува сите деловни активности за и во име на која било страна и на сите страни од групата на понудувачи во текот на постапката за доделување на договор за јавна набавка и во текот на извршувањето на договорот, во случај истата да биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Во случај на понуда од група на понудувачи, претставникот на групата со својата понуда треба да достави и писмено овластување потпишано од сите членови на групата на понудувачи со кое тие го овластуваат претставникот да поднесе понуда и да ги презема сите права и обврски во нивно име и за нивна сметка. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
1.8.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.7 Економскиот оператор може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на економскиот оператор не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.8 Економскиот оператор е должен во својата понуда да ги наведе деловите на понудата кои ќе ги отстапи на извршување на подизведувачи.
1.8.9 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена, ачија понуда претходно е оценета како прифатлива.
1.10.2 Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:
цена 100 бодови
1.10.3 За елементот цена се утврдени вкупно 100 бодови. Во евалуацијата цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Број на бодови =
најниска цена (без ДДВ)
. максимален број бодови
Цена (безДДВ)
1.10.4 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат: по пошта или со електронски средства.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4 од Инструкциите за понудувачите.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- економската и финансиска состојба,
- техничката или професионалната способност.
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со печат и со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата може да побара економските оператори да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не го доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператот не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.4 Економска и финансиска состојба
2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да го исполни следниов услов:
- остварен позитивен финансиски резултат во 2010 година
2.4.2 За докажување на економската и финансиската способност, економскиот оператор го доставува следниов документ:
- извештај од билансот на состојба и податоци од билансот на успех за 2010 година заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба и биланс на успех за 2010 година, или извадоци од извештајот за билансот на состојба и билансот на успех за 2010 година во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран.
2.4.3 Доколку билансот на состојба и билансот на успех биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да ги достави истите како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да бидат дополнително заверени од надлежен орган.
2.4.4 Доколку билансот на состојба и билансот на успех не биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор ги доставува истите заверени, односно издадени од надлежен орган како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба. Надлежен орган во Република Македонија е Централниот регистар на Република Македонија.
2.4.5 Економската и финансиската способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните финансиски средства. Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.4.6 Ако економски оператори поднесат понуда како група не економски оператори, економската и финансиската состојба се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со финансиска поддршка од трет субјект, економската и финансиска состојба се утврдува согласно напред наведеното.
2.5 Техничка или професионална способност
2.5.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техникча или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве услови:
- да има стручен технички персонал соодветен на услугите што се предмет на набавката.
2.5.2 За докажување на техничката или професионалната способност, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- преглед на лица кои се во работен однос кај економскиот оператор (прилог на образец М1/М2) и доказ за соодветно работно искуство;
2.5.3 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.5.4 Ако економски оператори поднесат понуда како група не економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно напред наведеното.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучително во писмена форма, најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган може да го продолжи крајниот рок за доставување на понудите по барање на економскиот оператор (ако постојат оправдани причини) и да овозможи најмалку 5 работни денови за поднесување
на понудите откако на економските оператори им ги обелоденил појаснувањата/дополнувањата.
3.2.3 Во случај на продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен писмено да ги извести сите економски оператори што подигнале тендерска документација.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда со сите барани елементи;
- документи за утврдување на личната состојба наведени во потточка 2.2.2 од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3 од тендерската документација;
- докази за утврдување на економската и финансиската способност наведени во точка 2.4 од тендерската документација;
- доказ за утврдување на техничката или професионалната способност, наведени во точка 2.5 од тендерската документација.
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува на свој меморандум врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
4.1.3 Доколку на дадениот начин на пополнување на понудата (образец на понуда) во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на кој ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација ќе биде утврдена како неприфатлива.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секоја позиција од соодветната листа, заедно со рокот на испорака.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор и да биде искажана без данок на додадена вредност. Данокот на додадена вредност се искажува посебно.
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
4.3.4 Ако цената на понудата е невообичаено ниска и во голема мера не е во согласност со проценетата вредност на набавката, договорниот орган од економскиот оператор ќе побара писмено објаснување за причините за таквата цена на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од 7 дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 120 дена од денот на отворањето на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Форма и потпишување на понудата
4.6.1 Понудата се поднесува во еден оригинален примерок , испишана со неизбришливо мастило и потпишана од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, треба да се парафирани од лицето кое ја потпишува понудата.
4.6.2 Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само ако е потпишано или парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
4.7 Запечатување и обележување на понудите
4.7.1 Понуди можат да достават само економски оператори што имаат подигнато заверен примерок на тендерската документација од договорниот орган.
4.7.2 Економскиот оператор го приложува оригиналниот примерок на понудата со целокупната документација и примероци од печатени изданија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, или „Do not open“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.7.3 Ако пликовите не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за нивно ненавремено и некомплетно пристигнување во неговата архива или за предвремено отворање на понудата.
4.8 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.8.1 Краен рок за доставување на понудите е 06.02.2012 година, во 10.00 часот.
4.8.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бул. Xxxxx Xxxxxxxx бб 1000 Скопје, со назнака "За отворена постапка бр.3/2012".
4.8.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.8.4 Ако пликовите не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не превзема одговорност за нивно ненавремено и некомплетно пристигнување во неговата архива или за предвремено отварање на понудата.
4.9 Алтернативни понуди
4.9.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.10 Измена, замена и повлекување на понудата
4.10.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.8.
4.10.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.7, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.10.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.8.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 Јавното отворање на понудите се врши во присуство на еден или двајца овластени претставници на економските оператори, кои ќе одлучат да присуствуваат на отворањето. Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.2 Јавното отворање ќе се одржи на 06.02.2012 година, во 10.00 часот, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
5.1.3 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.7 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.4 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.5 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при оценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Пред истекот на периодот на важење на понудата, а најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка.
6.3.1 Жалбата се изјавува во рок од осум дена од денот на:
- објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот,
- отворањето на понудите во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите,
- приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право од постапката за доделување на договор за јавна набавка, во однос на утврдувањето на способноста на пријавите за учество или евалуацијата на понудите и одлуката или
- сознанијата за незаконско водење на постапка за доделување на договор за јавна набавка, најдоцна во рок од една година од денот на завршувањето на спроведената постапка.
6.3.2 Економскиот оператор кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од потточка 6.3.1, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
6.3.3 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице и печат.
6.3.4 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.5 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.6 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.7 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.8 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.9 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 2 примероци на потпишување (по еден за секоја од договорните страни).
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 7 (седум) дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја активира гаранцијата за учество (доколку се барала).
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: плаќањето е во рок од 15 дена од доставување на фактурата, обезбедување на средствата од буџетот и одобрен план.
7.2 Рок и место на извршување
7.2.1.Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата предмет на договорот на локацијата согласно потребите на договорниот орган.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка, во следниве случаи:
- не е поднесена ниту една прифатлива понуда,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или
- договорниот орган неможе да изврши избот на најповолна понуда поради битно повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон.
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
ОБЈЕКТ ЗА КОИ Е ПОТРЕБНА УСЛУГАТА
Конгресен центар – Oхрид
- Хотелски објект
А) Конгресен центар во Охрид располага со капацитет од 100 до 110 легла во 3 апартмани, 23 еднокреветни, 29 двокреветни и 5 трикреветни соби, ресторански дел со 170 седишта, две конгресни сали како и други придружни содржини.
Б) Конгресниот центар се наоѓа на брегот на Охридското Езеро, во месноста Лагадин, 7 км од центарот на Охрид, во непосредна близина на хотелите Белви и Метропол. Одморалиштето е изградено во 1963 година, а во 1969 станува сопственост на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” од Скопје. Адаптацијата со реновирање на објектот е извршено во текот на 2007 година.
1. За извршување на хотелско – угостителските услуги во Конгресниот центар во Охрид потребно е да се обезбедат лица за следните работи:
- готвач
- келнер
- шанкер
- рецепционер
- садомијачка
- собарка
- хигиеничарка
- чувар
- хаусмајстор
1.1. За извршување на работите на готвач, келнер, шанкер и рецепционер лицата треба да се стручни и со работно искуство во угостителската дејност:
- готвач минимум 4 (четири) години;
- келнер минимум 3 (три) години;
- шанкер минимум 2 (две) години;
- рецепционер минимум 2 (две) години.
1.2. За извршување на другите видови работи лицата треба да се со работно искуство:
- собарка минимум 2 (две) години;
- садомијачка минимум 1 (една) година;
- хигиеничарка минимум 1 (една) година;
- чувар минимум 1 (една) година;
- хаусмајстор минимум 1 (една) година.
Лицата кои ќе бидат ангажирани за келнер, шанкер, рецепционер и собарка потребно е да познаваат странски јазик.
Сите лица треба да се во работен однос кај економскиот оператор.
2. Економскиот оператор кон понудата, за наведените лица треба да приложи:
- Образец М1/М2
- санитарна книшка
- доказ за соодветно образование
- биографија на лицата
3. Економскиот оператор треба да понуди цена по работен час за секој вид на работа, а вкупниот износ на работни часови ќе зависи од обемот на ангажираност за поодделните видови работи.
III. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број 3/2012 објавен од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за доделување на договор за јавна набавка на услуги за менаџментот поврзани со извршување на хотелско – угостителска дејност во Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Конгресен центар – Охрид, со спроведување на отворена постапка и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги:
[Во оваа точка понудувачот ја наведува услугата која ја нуди со сите потребни технички карактеристики, а во согласност со техничките спецификации дадени во тендерската документација]
II.2. Во прилог ја доставуваме бараната документација за услугите кои ги нудиме, и тоа:
_ _ .
[Во оваа точка, понудувачот треба да го наведе видот на документите кои ги доставува за приказ на услугите што ги нуди]
Дел III – Финансиска понуда
III.1 Детален приказ на цената на нашата понуда е даден во следнава листа на цени: (цената на материјалот ште е потребен за услугата и цената на работната рака за извршување на услугата)
Ред. бр | Опис | Единица мерка | Единечна цена | Износ |
1. | Готвач | Час | ||
2. | Xxxxxx | Xxx | ||
3. | Шанкер | Час | ||
4. | Рецепционер | Час | ||
5. | Садомијачка | Час | ||
6. | Собарка | Час | ||
7. | Хигиеничарка | Час | ||
8. | Чувар | Час | ||
9. | Хаусмајстор | Час | ||
ВКУПНО | ||||
ДДВ | ||||
Вкупно со ДДВ |
III.2. Рокот на плаќање е денови по извршена услуга и доставена фактура.
III.3. Рокот на важење на понудата е денови.
III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
Место и датум Одговорно лице
(потпис и печат)
IV. ОБРАЗЕЦ ЗА АНГАЖИРАН ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ
Назив на економскиот оператор / група на економски оператори:
1. Општи податоци за персоналот
1. Број на просечно постојано вработени: | Година | Година | Година |
2. Број на раководен кадар: | Година | Година | Година |
3. Број на технички персонал: | Година | Година | Година |
4. Број на стручен кадар: | Година | Година | Година |
2. Технички персонал ангажиран за предметниот договор
1. Име на лицето: | 2. Работно место |
1. | |
2. | |
3. | |
4. | |
5. | |
6. | |
7. | |
8. | |
9. |
V. ОБРАЗЕЦ НА КРАТКА БИОГРАФИЈА НА ЛИЦАТА АНГАЖИРАНИ КАКО ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ
1. Економски оператор / група економски оператори | |||
2. Назив на функција / област за која се ангажира лицето | |||
3. Име на лицето | 4. Датум на раѓање | ||
5. Професионални квалификации | |||
6. Моментално вработување | Име и адреса на работодавач | ||
Телефон | Раководно лице за контакт | ||
Факс | |||
Период поминат кај работодавачот | |||
Позиција и работни задачи на лицето |
Преглед на професионалното искуство за минатите години, со посебно назначување на техничкото искуство релевантно за предметниот договор.
Од-до | Компанија/проект/позиција/релевантно техничко и раководно искуство |
Познавање на странски јазик
Ред број | Странски јазик |
Образецот 5 се повторува онолку пати колку што е потребно.