Contract
I. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
ЗНАЧЕЊЕ НА ОДДЕЛЕНИ ИЗРАЗИ ВО ОВИЕ УСЛОВИ
„Осигурувач“ значи правно лице кое е регистрирано за обавување на дејности од осигурување во Република Македонија со кое е склучен договорот за осигурување – АД Осигурителна полиса Скопје.
„Договарач на осигурување“ значи лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување.
„Осигуреник“ значи правно или физичко лице кое врши Рекламни услуги во согласност со Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и чија одговорност е покриена со осигурувањето. На полисата може да бидат наведени еден или повеќе осигуреници (основен осигуреник и дополнителни осигуреници).
„Трето лице“ значи корисник на осигурувањето кој ќе претрпи штета од вршење на рекламни услуги. Под трето лица се смета лице кое не е договорна страна во Договорот за осигурување, односно не е Договоарач, Осигурувач или Осигуреник.
„Полиса“ значи договор за склученото осигурување.
„Премија за осигурување“ значи износ што Договарачот на осигурувањето односно осигуреникот го плаќа согласно договорот за осигурување.
„Рекламирање“ значи публицитет, соопштенија за медиуми, промотивни материјали или промоција од каков било вид кои се шират во јавност со цел промовирање на производите или услугите на Осигуреникот или на трети лица.
„Рекламни услуги“ значи услуги кои се дадени или кои требало да бидат дадени од
страна на Осигуреникот а се поврзани со развој, производство, пласман, употреба, ширење и изложување на Рекламирањето на производите и услугите на трети лица, и други маркетиншки, промотивни и комуникациски консултантски услуги за трети лица.
„Рекламен материјал“ значи комуникациска или информативна содржина независно од природата или формата на таквата содржина, вклучувајќи содржина раширена по електронски и/или дигитален пат со овластување и под контрола на Осигуреникот (пр. преку веб страна, соби за разговор, огласни табли, бази на податоци и блогови).
„Преземено со договор“ значи одговорноста која ја презема Осигуреникот во форма на договори за ослободување од одговорност или за обештетување склучени со која било трета страна, но единствено во однос на:
1. видот на Тужби кои се опфатени со овие Услови; и
2. рекламен материјал обезбеден од Осигуреникот или обезбеден од друго лице или субјект со претходна писмена согласност на Осигуреникот.
Примери на „Преземено со договор“ се договори за ослободување од одговорност или за обештетување со огласувачи, рекламни агенции, издавачи, радиодифузни компании и мрежи, кабловски телевизии, автори и други субјекти кои го дистрибуираат Рекламниот материјал.
„Телесна повреда“ значи физичка повреда, болест или заболување на лице, вклучувајќи смрт како резултат на истите во кое било време.
„Тужба“ значи кое било од следните против Осигуреникот:
1. барање или бранење на законско право, вклучувајќи барања за паричен или непаричен надомест, дури и кога наводите на Тужбата се неосновани, неточни или лажни;
2. Тужба која бара судска забрана во врска со видовите на Тужби наведени во овие Услови;
3. какво било писмено барање за одложување или откажување на застарување во врска со потенцијална Тужба;
4. каква била постапка на арбитража или медијација;
5. писмено барање за повлекување или корекција.
„Трошоци за тужба“ значи, кога се овластени и одобрени од Осигурувачот:
1. разумни судски трошоци за одбрана на Тужбата, вклучувајќи давачки неопходни за истражување, постапување по или одговор на барање за повлекување, корекција или појаснување;
2. сите други разумни давачки и трошоци кои се резултат од истрага, откривање, прилагодување, одбрана, преговарање, арбитража, медијација, спогодување или обжалување на Тужба;
Трошоците за Тужба не вклучуваат плати или трошоци на редовно вработените лица кај Осигуреникот.
„Грешка или пропуст“ значи каков било акт на небрежност, грешка, пропуст, погрешна изјава, наведувачка изјава или погрешно толкување во рекламниот материјал од страна на или со дозвола на Осигуреникот.
„Штета“ значи кој било од следните трошоци кои Осигуреникот е законски обврзан да ги плати поради одговорноста која ја има според законот или која е
Преземена со договор: одлука за исплата на штета или спогодба, парична пресуда, правни трошоци на други и камата за периодот пред и по донесување на пресуда.
Штетата не ги покрива:
1. трошоците за повлекување, враќање, препечатување или корекција на Рекламниот материјал од страна на Осигуреникот или оштетениот; трошокот за почитување на забрана или друга судска наредба; загуба на профит, загубен бизнис, давачки на Осигуреникот, какво било плаќање кое Осигуреникот треба да го добие од кој било клиент или друга страна; и плати, дневници, бенефиции, трошоци, прекувремена работа и административни трошоци и слично;
2. парични казни и казни, вклучувајќи но не и ограничено на владини, граѓански или кривични казни; или
3. авторски хонорари, износи, депозити, провизии, давачки и такси пресметани од лиценцирана организација или во нивно име или за други како резултат, директно или индиректно, на фактот што Осигуреникот не ги добил или задржал потребните лиценци или дозволи;
или кои било други Трошоци за тужба кои резултираат од истите.
„Морални права“ значи правата на креаторот на припишување и интегритетот на делото.
„Настан“ значи стварен или наводен:
1. Во однос на делот X. Медиумска одговорност и X. Покривање на трошоците за олеснителни околности:
а. публикација, емитување, издавање, прикажување, печатење или поинакво ширење на Рекламен материјал;
б. акти извршени во процес на истражување, испитување, собирање, стекнување, добивање, подготвување, составување, прибирање, создавање или продукција на Рекламниот материјал;
в. лиценцирање, синдикација, серијализација, дистрибуција, продажба или изнајмување на Рекламниот материјал;
од страна на или со дозвола на Осигуреникот.
2. Во однос на Делот Б. Одговорност за грешки и пропусти, дела или постапки кои се извршени или би требало да бидат извршени при обезбедувањето на Рекламните услуги.
3. Во однос на Делот В. Покривање на трошоците за олеснителни околности:
а. дела извршени во текот на вообичаеното и редовното деловно работење на Осигуреникот; или
б. Јавни настапи.
„Прекумерна отплата“ значи попусти, награди, премии или друг надомест со материјална вредност кои го надминуваат вкупниот договорен или очекуван износ на сума на осигурување.
„Пиратерија“ значи незаконско користење, препечатење или репродукција на интелектуална сопственост заштитена со авторско право.
„Штета на имот“ значи:
1. физичка повреда или оштетување на стварен имот, вклучувајќи губење на правото на користење на истото во кое било време како резултат на претходно наведеното; или
2. губење на правото на користење стварен имот кој не бил предмет на физичка повреда или оштетување.
„Јавен настап“ значи јавно обраќање вклучувајќи говори, прес конференции, интервјуа за медиуми, панелни диксусии и семинари и настапи на радио, телевизија, кабловска или интернет на Осигуреникот.
„Нелојална конкуренција“ значи злоупотреба на правото на интелектуална сопственост во Рекламниот материјал.
„Сума на осигурување по еден штетен настан“ значи максималната обврска на осигурувачот по еден осигурен случај.
„Вкупна сума на осигурување (агрегат)“ значи максималната обврска на осигурувачот за сите осигурени случаи во текот на траењето на осигурување покриени со договорот за осигурување, независно од бројот на осигуреници по полисата, настани, оштетени лица или покренати тужби.
II. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Предмет на осигурување согласно овие Услови е одговорноста на осигуреникот за штети кои ќе ги предизвика на трето правно или физичко лице, при обавување односно вршење на рекламни услуги.
Со ова осигурување, одговорноста на осигуреникот е покриена за штети кои ќе настанат за времетраење на осигурувањето, а кои се настанати како последица од иден, неизвесен и од волјата на осигуреникот независен штетен настан.
Доколку штетата е направена свесно и намерно или со груба небрежност, осигурувачот има регресно право спрема осигуреникот.
А. Медиумска одговорност
Осигурувачот ќе ги исплати во име на Осигуреникот сите Штети и Трошоци за тужба кои го надминуваат износот на франшизата и во рамките на лимитот на полисата во случај на Настан поврзан со рекламирање за време на важност на полисата кој може да резултира со Тужба, независно од тоа кога ќе се покрене Тужба или парница, вклучувајќи но не и ограничено на тужби за или кои произлегуваат од:
1. каква било форма на клевета или друг деликт поврзан со омаловажување или повреда на карактерот, угледот или чувствата на кое било лице или организација, вклучувајќи клевета, омаловажување на производ, трговска клевета, нанесување на емотивна болка, навреда, навредливо однесување или primа fаcie деликт;
2. каква било форма на нарушување, прекршување или попречување на правата на приватност или публицитет, вклучувајќи лажно
претставување, јавно објавување на лични информации, наметнување и комерцијално присвојување на име или сличност;
3. каква било форма на кршење или разводнување на титула, слоган, трговска марка, трговско име, трговски имиџ, услужна марка или услужно име;
4. каква било форма на кршење на авторско право, морални права, имитација, плагијат, пиратерија или незаконско присвојување на идеи според премолчен договор;
5. злоупотреба на лиценца за користење на трговска марка на трето лице или дело на авторско право, но единствено доколку произлегува од употреба која ненамерно излегува од опсегот на лиценцата во однос на територијата, периодот или медиумите во кои делото може да се користи и секогаш кога постои сомнеж дека таквата злоупотреба е поврзана со Тужба од точка 3 или точка 4 од овој член.
6. пропуст да се припише авторство или даде заслуга според каков било договор на кој Осигуреникот е страна;
7. незаконско влегување или иселување, престап, прислушкување или друга форма на нарушување на правото на приватно живеење;
8. погрешно апсење, приведување или притворање, злоупотреба на постапка или злонамерно гонење;
9. заговор, но единствено кога постои сомнеж дека е поврзан со Тужба од точка 1-8 од овој член;
10. небрежен надзор на вработен, но единствено кога постои сомнеж дека е поврзан со Тужба од точка 1-8 од овој член;
11. Нелојална конкуренција, разводнување, измамнички трговски практики, граѓански тужби за измама на потрошувачи, лажно рекламирање;
12. Грешка или пропуст;
13. небрежно пренесување на компјутерски вирус или злонамерен код, или какво било неовластено објавување на, пристапување до или друг вид на неовластено користење на интернет страницата на Осигуреникот што резултира со Тужба од точка 1-9 или точка 12 од овој член.
Б. Одговорност за грешки и пропусти при рекламирање
Осигурувачот ќе ги исплати во име на Осигуреникот сите Штети и Трошоци за тужба кои го надминуваат износот на франшизата и во рамките на лимитот на полисата во случај на Настан за време на важност на полисата кој може да резултира со Тужба за или која произлегува од каков било акт на небрежност, грешка, пропуст, погрешна изјава, наведувачка изјава или погрешно толкување во врска со извршувањето на рекламните услуги, независно од тоа кога ќе се покрене Тужба или парница.
В. Покривање на трошоците за олеснителни околности
Осигурувачот ќе го обештети Осигуреникот за сите трошоци кои го надминуваат износот на франшизата и во рамките на лимитот на полисата заради олеснителни или коригирани околности како резултат на Настан поврзан со рекламирање или рекламни услуги за време на важност на полисата која може разумно да се очекува дека ќе резултира со покриена Тужба, независно од тоа кога ќе се покрене Тужба или парница, вклучувајќи тужби кои би биле за или би произлегувале од:
1. било која од точките наведени во 1-12 од член 1 Дел X. Медиумска одговорност од овој член; или
2. каков било акт на небрежност, грешка, пропуст, погрешна изјава, наведувачка изјава или погрешно толкување во врска со извршувањето на рекламните услуги како што е наведено во член 1 Дел X. Одговорност за грешки и пропусти при рекламирање од овој член;
под услов, меѓутоа, Осигуреникот:
а. навремено да го извести Осигурувачот за околностите и да добие одобрување од Осигурувачот пред да предизвика какви било трошоци, или да достави до Осигурувачот во рок од триесет (30) дена откако дознал за таквите околности докази дека таквите трошоци се разумно предизвикани, и дека таквото одобрување од страна на Осигурувачот ќе биде по сопствена оценка на Осигурувачот;
б. го убеди Осигурувачот, по негова сопствена проценка, дека Осигуреникот извршил одреден акт, како што е опишано во точка 1. или
2. погоре, кој веројатно, доколку не постојат олеснителни или коригирани околности, ќе резултира со Штета еднаква на или поголема од трошоците кои треба да се обештетат;
в. го убеди Осигурувачот, по негова сопствена проценка, дека трошоците кои треба да се направат се неопходни за да се избегне Тужбата која веројатно ќе биде покрената од трето лице; и
г. го убеди Осигурувачот, по негова сопствена проценка, дека Осигуреникот законски не е во можност да ги поврати таквите трошоци од кој било клиент,
подизведувач или трета страна инволвирана во околностите.
Г. Деловно работење и одговорност за лична повреда
Доколку овој ризик е избран при изработка на полисата, Осигурувачот ќе ги исплати во име на Осигуреникот сите Штети и Трошоци за тужба кои го наминуваат износот на франшизата и во рамките на лимитот на полисата во случај на Настан кој се случил во текот на вообичаеното и редовно деловно работење на Осигуреникот, вклучувајќи јавен настап, за време на важност на полисата од која произлегува Тужбата, независно од тоа кога ќе се покрене Тужба или парница, за или во врска со:
1. каква било форма на клевета или друг деликт поврзан со омаловажување или повреда на карактерот, угледот или чувствата на кое било лице или организација, вклучувајќи клевета, омаловажување на производ, трговска клевета, нанесување на емотивна болка, навреда или навредливо однесување;
2. каква било форма на нарушување, прекршување или попречување на правата на приватност или публицитет, вклучувајќи лажно
претставување, јавно објавување на лични информации, наметнување и комерцијално присвојување на име или сличност;
3. незаконско влегување или иселување, престап, прислушкување или друга форма на нарушување на правото на приватно живеење;
4. погрешно апсење, приведување или притворање, злоупотреба
на постапка или злонамерно гонење;
5. каква било форма на кршење или разводнување на титула, слоган, трговска марка, трговско име, трговски имиџ, услужна марка или услужно име;
6. каква било форма на кршење на авторско право, морални права, имитација, плагијаризам, пиратерија или незаконско присвојување на идеи според премолчен договор.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2
Обврската на Осигурувачот се ограничува на штета во определен износ по еден штетен настан.
Сумата на осигурување ја претставува максималната обврска на осигурувачот по еден осигурен случај без оглед на бројот на оштетени лица и истата е изразена во фиксен износ во договорот за осигурување.
Доколку настанат повеќе штети, кои произлегуваат од ист штетен настан и кои временски се поврзани, а ја надминуваат сумата на осигурување, обврската на осигурувачот е до сумата на осигурување. По настанувањето на осигурениот случај и исплата на оштета, осигурувањето останува и понатаму на сила во висина на сумата на осигурување од полисата.
Доколку при склучувањето на осигурувањето се договори и износот на вкупната сума на осигурување (агрегат), нејзината висина се наведува во договорот за осигурување.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 3
Осигурен случај претставува идна, неизвесна и независна од волјата на осигуреникот професионална грешка или пропуст, со која е предизвикана штета на
трето лице во текот на траењето на осигурувањето.
Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога се остварил штетен настан врз основа на кој би можело да се истакне оштетно барање од трето лице за предизвикана штета.
ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 4
А. Осигурувачот нема да биде обврзан да плаќа Штета или Трошоци за тужба за Тужби за или кои произлегуваат од какво било стварно или наводно:
1. непочитување на договор, вклучувајќи но не и ограничено на, прекршување на каква било експлицитна гаранција. Овој исклучок нема да се применува на:
а. одговорност на која Осигуреникот би се изложил во отсуство на таков договор, гаранција или доверителски однос;
б. одговорност Преземена со договор;
в. прекршување на лиценца, договор или спогодба, како што е опишано во член 1 дел A точка 5. или 6. или злоупотреба на идеи според премолчен договор како што е споменато во последната фраза од член 1 дел A. точка 4.;
2. непочитување на каква било доверителска должност или доверителски однос, вклучувајќи но не и ограничено на должности и обврски кои вклучуваат медиумски кредити или фондови кои Осигуреникот ги наплатува или поседува за друг;
3. прекршување на патент, придонесување кон прекршување на патент или наведување на прекршување на патент;
4. кражба, обелоденување или злоупотреба на трговски тајни или друга законски заштитена информација;
5. фиксирање цени, ограничување на трговија, монополизација, нечесни трговски практики или какво било стварно или наводно кршење на законски одредби кои се однесуваат на спречување монопол, фиксирање цени, дискриминација на цени, агресивна ценовна политика или ограничување на трговски активности; освен што овој исклучок нема да се применува на покритието предвидено со член 1 дел A. точка 11;
6. дела за кои порота или суд ќе утврдат дека се нечесни, измамнички или криминални; освен што овој исклучок нема да се применува на:
а. кој било Осигуреник кој е физичко лице и кој самиот не извршил, прифатил или учествувал во измамничко или кривично дело; или
б. какви било дела кои биле однапред одобрени од правниот советник на Осигуреникот со чесна намера дека делата ќе бидат заштитени во согласност со закон и законски одредби;
7. активности, одлуки, наредби или постапки на која било регулаторна агенција; освен што овој исклучок нема да се применува на кои биле Тужби од страна на такви агенции кои тие се клиенти на осигуреникот и Тужбата не е поврзана со официјалните владини или регулаторни функции на агенцијата.
8. Телесна поведа или Оштетување на имот, освен што овој исклучок нема да се применува на:
а. Телесна поведа или Оштетување на имот кое произлегува од Грешка или пропуст; или
б. ментална или емотивна болка која стварно или наводно произлегува од Тужба која е инаку покриена со полисата;
9. Телесна повреда предизвикана со користење на кој било производ, вклучувајќи но не и ограничено на тутун, алкохол, лекови или огнено оружје;
10. прекршување на каков било регулаторен закон за хартии од вредност или сличен закон, нивни амандмани или каква било повреда на регулатива, одлука или налог издаден во согласност со горенаведените закони;
11. Прекумерна наплата на купони, премии или награди од реклами, промоции, игри, обложување, натпревари и игри на среќа; или кршење или непочитување на кој било закон или регулатива со кој се уредува или кој се однесува на коцкање, игри, лотарии или игри на среќа и кој било друг незаконски акт поврзан со такво кршење или непочитување;
12. Неовластен пристап до, неовластено користење на, или неовластено менување на кој било компјутер или систем, хардвер, софтвер, програма, мрежа, податоци, база на податоци, комуникациска мрежа или услуга, вклучувајќи и вметнување на злонамерни кодови или вируси од кое било лице; освен што овој исклучок нема да се применува на Тужба покриена во член 1 дел
A. точка 13.;
13. Какво било доцнење, прекин или дефект, или оштетување на кој било компјутер или систем, хардвер, софтвер, програма, мрежа, податоци, база на податоци, комуникациска мрежа или услуга; или каков било прекин во деловно работење на Осигуреникот; освен што овој исклучок нема да се применува на Тужба покриена во член 1 дел A. точка 13.
14. Прекршување на авторско право или кое било друго право на интелектуална сопственост во кој било софтвер, компјутерска програма, компјутерски код или компјутерски систем;
15. Непобарана електронска комуникација од или во име на Осигуреникот, вклучувајќи непобарани факсови, електронска пошта и телефонски повици. Овој исклучок нема да вклучува стварни или наводни прекршувања на закони, какви било амандмани на такви закони или прекршување на каква било наредба, одлука или одредба издадена во согласност со таквите закони со кои се уредува таквата електронска комуникација;
16. Професионални или консултантски услуги кои се посебни и различни од искажување или ширење на Рекламниот материјал и се извршуваат за други за надомест; освен што овој исклучок нема да се применува на вршењето на Рекламни услуги;
17. Испуштање, растурање или ослободување на каков било загадувач или закани од истиот; или создавање на штетна ситуација која вклучува загадувач; или постоење на каков било загадувач на кој било имот; или чистење, отстранување, тестирање, следење, складирање, третирање, детоксификација или неутрализација на каков било загадувач. Овој исклучок е во дејство независно дали загадувањето било или не било ненадејно, случајно, постапно, намерно, очекувано или можело или не можело да се спречи, или независно дали Осигуреникот го предизвикал или придонел кон загадувањето или не. За целите на овој исклучок, загадување значи каков било цврст, течен, гасен или термички иритант или контаминент, вклучувајќи но е ограничено на:
x. xxx, пареа, саѓи, гасови, киселини, бази, хемикалии, олово, кварц, мувла или азбест;
b. штетни, токсични или радиоактивни материи или нуклеарна радијација;
c. отпад, кој вклучува материјал кој трба да се рециклира, поправа или култивира;
d. каков било друг загадувач како што е дефинирано во применливите државни или
локални статуси, регулативи, одлуки или повелби;
под услов овој исклучок да не се толкува дека се применува на Рекламирањето или Рекламниот материјал во однос на предметот на загадувањето;
18. вознемирување, несоодвето однесување или дискриминација поради или во врска со раса, боја, возраст, пол, сексуална ориентација, национално потекло, религија, убедување, хендикеп или брачен статус;
19. акти на Осигуреникот како директор или службеник;
20. Настан или друг акт, грешка, пропуст, факт, околност, ситуација, трансакција, случка или одлука која е во основата или е наведена во каква било претходна и/или тековна парнична, административна или регулаторна постапка или Тужба.
Б. Осигурувачот нема да биде обврзан да исплати Штета или Трошоци за тужба за Тужби покренати од:
1. кој било сегашен, поранешен или потенцијален вработен врз основа на, како резултат на или која директно или индиректно произлегува од работниот однос или природата, условите или роковите на вработување, вклучувајќи но не и ограничено на дискриминација, вознемирување, незаконско отпуштање, кршење на договор, клевета поврзана со вработувањето или работното место или работни деликти;
2. Осигуреник против кој било друг Осигуреник, но овој исклучок нема да се однесува на:
а. каква било Тужба во која Осигуреникот кој ја покренува Тужбата не постапувал во склоп на своите должности како Осигуреник во врска со Xxxxxxxx кој довел до Тужбата; или
б. кој било независен изведувач кој не се квалификува како Осигуреник.
II. ОПШТИ ОДРЕДБИ
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 5
Договорот за осигурување се склучува врз основа на усмена и писмена понуда, а склучен е кога договорувачот ќе потпише полиса за осигурување, односно кога ќе поднесе барање за осигурување.
Усмената понуда упатена на осигурувачот за склучување на договорот за осигурување не ги обврзува ниту понудувачот ниту пак осигурувачот.
Ако осигурувачот во врска со примената писмена понуда побара било какво дополнување или измена, како ден на прием на понудата ќе се смета денот кога осигурувачот ја примил бараната дополна или измена, односно кога ќе биде известен за прифаќањето на неговите услуги.
При склучување на договорот за осигурување, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги пријави сите околности кои се значајни за оцена на ризикот, а кои му биле познати или морале да му бидат познати.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 6
Обврската на осигурувачот започнува, освен ако поинаку не е договорено, по истекот на 24-тиот час од денот кој во договорот за осигурување е означен како ден на почеток на осигурувањето.
Обврската на осигурувачот престанува со завршувањето на денот кој во договорот за осигурување е наведен како ден на истек на осигурувањето.
ТЕРИТОРИЈАЛНА ВАЖНОСТ
Член 7
Со осигурувањето се опфатени осигурените случаи кои настанале на територијата на Република Македонија.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 8
Договарачот на осигурувањето односно осигуреникот ја плаќа премијата за осигурување веднаш при склучување на договорот за осигурување, освен доколку поинаку не е договорено.
Доколку е договорено плаќање на премијата на рати, првата рата мора да биде платена веднаш при склучувањето на договорот за осигурување.
Доколку е договорено плаќање на премијата на рати, а настане осигурен случај, преостанатата неплатена премија веднаш доспева за плаќање во полн износ.
Осигурувачот има право да пресмета казнена камата од денот на доспевањето до денот на плаќањето на обврската.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 9
Договорувачот-осигуреникот е должен да се однесува како добар домаќин и да ги преземе сите мерки за заштита на своите, а со тоа и интересите на осигурувачот.
Осигуреникот е дожен без одлагање да го извести осигурувачот, а најдоцна во рок од
3 дена од денот на пријавувањето на оштетното побарување од оштетениот.
Осигуреникот е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата за штета, на претставникот на осигурувачот да му ги презентира сите податоци и други докази кои се потребни за утврдување на причините, опфатот и висината на штетата. Пријавата на штета треба да ги содржи сите податоци кои во тој момент му се познати на осигуреникот, а особено: опис на настанот, датум, место, име односно назив и адреса на оштетениот, утврдена или претпоставена причина за штета, утврден или претпоставен износ на штета, односно износот на оштетното барање кој оштетениот го поставил или би можел да го постави, со забелешка за евентуално
можните последици, како и податоци за преземените мерки за да се намали настанатата штета или да се избегне натамошно оштетување.
Осигуреникот штом ќе го прими оштетеното барање, должен е без одлагање, со сета документација да го достави до осигурувачот со писмено образложение, а особено во врска со неговата обврска, односно одговорноста.
Осигуреникот е должен на осигурувачот да му овозможи увид во документацијата со аргументирани факти кои се потребни за утврдување на причината и висината на штетата.
Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и да достави наод од надлежен орган, кога барањето за надомест на штета против него и истакнато преку суд. Осигуреникот не е овластен без претходна согласност од осигурувачот да се изјаснува по барањето за надомест на штета, а особено да го признае потполно или делумно, да се спогодува, да води судски спор или да изврши исплата.
Ако осигуреникот ја признае својата одговорност за причинетата штета без претходна согласност од осигурувачот, тогаш осигурувачот е должен да плати надоместок само ако дополнително се утврди дека осигуреникот навистина бил одговорен за настанатата штета.
Ако осигуреникот се противи на предлогот на осигурувачот барањето за надомест на штета да се реши спогодбено, осигурувачот не е должен да го плати вишокот на надомест, каматата и трошоците кои заради тоа ќе настанат.
Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, тој е должен да го извести осигурувачот писмено во врска со штетниот настан и да му ја достави на осигурувачот судската покана, односно тужбата и сите списи во врска со штетниот настан и барањето за надомест на штетата,
како и водењето на спорот да му го препушти на осигурувачот.
Во случај кога оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно ќе му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен да даде писмена изјава за причината за настанување на штетата и е должен на осигурувачот да му ги презентира сите докази и податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.
Осигуреникот е должен да ги преземе сите пропишани, договорени и останати потребни мерки кои служат за разрешување на причината, текот и последиците од осигурениот случај, како и за ограничување на последиците од настанатата штета.
Доколку осигуреникот не се придржува на обврските од овој член, самиот ќе ги сноси штетните последици кои ќе настанат поради тоа, освен ако тие би настанале и ако се придржувал на овие обврски.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ПО ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД ОШТЕТЕНО ЛИЦЕ
Член 10
Во врска со поднесеното барање за надомест на штета од страна на трето лице (оштетениот), осигурувачот е во обврска:
1. Заедно со осигуреникот да преземе одбрана од неосновани или претерани побарувања за надомест на штета (правна заштита);
2. Да ги надомести основаните барања за надомест на штета (надомест на штета);
3. Да ги надомести трошоците во судската постапка (надомест на судските трошоци).
ПРАВНА ЗАШТИТА
Член 11
Обврската на осигурувачот за давање на правна заштита опфаќа:
1. Ако третото лице остварува право на надомест на штета во судска постапка, осигурувачот може да го преземе водењето на спорот во име на осигуреникот,
2. Осигуреникот е во обврска на барање од договорувачот да ги достави сите факти и докази со кои располага за одбрана од неосновани и претерани барања, а осигурувачот во име на осигуреникот ги дава сите изјави кои ги смета за корисни во текот на одбраната.
3. Обврската на осигурувачот за правна заштита престанува по исплата на сумата на осигурување, во тој случај осигурувачот го препушта водењето на спорот на осигуреникот.
Врз основа на согласност и упатство од осигурувачот, водењето на спорот може да му се довери на осигуреникот, кој во таков случај е должен да се придржува на упатствата и налозите на осигурувачот во однос на водењето на постапката.
Осигурувачот е овластен да одбие да води спор во име на осигуреникот, ако оцени дека нема место за давање правна заштита и во случај кога висината на надоместот на штетата ја надминува сумата на осигурување.
Во случај осигурувачот на име надомест на штета да ја исплатил сумата на осигурување пред покренување на спорот, престанува и неговата обврска на правна заштита.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 12
Осигурувачот е должен да го исплати надоместот на штета во рок од 14 дена од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на истата (по комплетирање на целокупната доказна документација за исплата на штетата).
Осигурувачот е во обврска на име надомест да исплати најмногу до сумата на осигурување и во тој случај се ослободува од сите обврски и постапки во врска со осигурениот случај.
Доколку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.
НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИТЕ НА ПОСТАПКАТА
Член 13
Ако спорот е воден со знаење и согласност на осигурувачот, со осигурувањето се покриени и трошоците на судската постапка, доколку заедно со надоместот на штетата не ја надминуваат сумата на осигурување.
Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците за кривична постапка, како и трошоците за застапување на осигуреникот.
Кога ќе ја изврши својата обврска со исплата на сумата на осигурување, осигурувачот се ослободува од сите понатамошни давачки за надомест на штета и трошоци.
НЕПОСРЕДНО БАРАЊЕ ОД ОШТЕТЕНОТО ЛИЦЕ
Член 14
Ако оштетеното лице, своето вонсудско или судско барање за надомест на штета ги упати само спрема осигурувачот, осигурувачот е должен да го извести договорувачот или осигуреникот и да го повика да му ги презентира сите потребни докази, а осигуреникот е должен да преземе мерки заради заштита на своите интереси.
Доколку во случајот од претходниот став, осигурувачот одлучи да исплати надомест на оштетениот, во потполност или делумно, должен е за тоа да го извести осигуреникот.
УТВРДУВАЊЕ И ПРОЦЕНА НА ШТЕТА
Член 15
Штетата ја утврдуваат и проценуваат заедно осигуреникот и осигурувачот со оштетениот, односно нивни овластени претставници.
Основот и висината на штетата се утврдува и проценува врз основа на факти, докази и уредна документација достапна на увид на овластениот претставник на осигурувачот, а согласно на Законот за облигациони односи.
ВЕШТАЧЕЊЕ НА ШТЕТА
Член 16
Во случај оштетениот и осигурувачот да не се согласуваат при утврдувањето и процената на штетата, секоја од договорните страни може да побара штетата да ја утврдат и проценат стручи лица по пат на вештачење.
Секоја од договорните страни писмено именува свој вештак. За вештаци може да се именуваат лица кои се во работен однос кај осигурувачот односно осигуреникот, како и лице овластено од оштетениот (комисиска процена), а кои не учествувале во претходната процена.
Пред почетокот на вештачењето, двајцата именувани вештаци избираат трет вештак како претседател, а кој е со високо образование и не е во работен однос кај договорните страни. Претседателот дава стручно мислење по спорните прашања на вештаците.
Предмет на вештачење може да бидат само спорни факти. Кои спорни факти ќе бидат предмет на вештачење и постапката за вештачење, ќе ја определат договорните страни во секој конкретен случај со писмен договор за вештачење.
Секоја договорна страна ги сноси трошоците за својот вештак. Трошоците за претседателот ги сносат сите страни рамномерно.
ВИСИНА НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 17
Висината на надоместот на штета не може да биде поголема од штетата што оштетениот ја претрпел со настанување на осигурениот случај.
Надоместот на штета и судските трошоци се исплатуваат најмногу до договорената сума на осигурување.
ФРАНШИЗА
Член 18
Франшизата (учество на осигуреникот во секоја штета) претставува износ кој е прво настанат и платлив од страна на осигуреникот во секоја штета, утврден како процент од износот на штетата. Франшизата се однесува на штетите и трошоците за тужба или комбинација од истите.
ПРАВО НА РЕГРЕС
Член 19
Со исплата на штетата од страна на осигурувачот, сите права кои осигуреникот ги имал спрема лицата одговорни за штетата, преминуваат на осигурувачот во висина на исплатениот надомест, доколку потоа се докаже дека штетата е предизвикана со намера или грубо невнимание.
Заради осигурување на тоа право, осигуреникот е должен да ги преземе сите потребни и други мерки за да се осигураат и сочуваат сите права спрема лицата одговорни за настанатата штета, како и да прибави и да му ги врачи на осигурувачот сите потребни докази, ако осигурувачот го побара тоа.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА
Член 20
Побарувањата за надомест на штета по склучениот договор за осигурување застаруваат во рок од три години, сметано од денот кога настапил осигурениот случај.
НАДЛЕЖНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА СПОР И ПРИМЕНА НА ЗАКОНИ, УСЛОВИ И ТАРИФИ
Член 21
Евентуални спорови кои ќе произлезат од примената на овие Услови ќе ги решава стварно надлежниот суд во седиштето на осигурувачот.
За односите помеѓу договорните страни се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи, Општите услови за осигурување од одговорност и Посебните услови за осигурување од одговорност на медиуми и рекламни агенции.
Општите услови важат во оној дел кој не е во спротивност со Посебните услови за осигурување од одговорност на медиуми и рекламни агенции.
За определување на премија за ризиците кои се покриени по овие Услови, важи Општата тарифа на премии за осигурување од одговорност.
ПРАВНА ПОУКА
Член 22
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија во осигурувањето, како надлежен орган за супервизија на Друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на Друштвото.