Contract
|
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување учесници на народна одбрана и членови на цивилна заштита од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови) , се составен дел на договорот за осигурување учесници на народна одбрана и членови на цивилна заштита од последици на несреќен случај (незгода), што договарачот на осигурувањето ќе го склучи со Национална групација за осигурување АД Осигурителна полиса - Скопје, (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договарач на осигурувањето можат да бидат организатори на народна одбрана и цивилна заштита.
(3) Лицата што се осигуруваат според овие Дополнителни услови осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9 став (1) точка 4 од Општите услови, освен лицата потполно лишени од деловна способност, кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО И ОБВРСКАТА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 2
(1) Осигурувањето започнува во 24,00 часот во оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето без оглед дали е платена премијата.
(2) За секој осигуреник поодделно, обврската на осигурувачот започнува во моментот кога осигуреникот заминал од дома на извршување на должностите на кои е повикан од договарачот и трае до неговото враќање дома. Осигурувањето не е во сила за несреќни случаи што ќе настанат вон од директниот пат од станот на осигуреникот до зборното место и обратно.
ПЛАКАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член З
(1) Премијата мора да се плати за секој осигуреник што се јавил по повик на договарачот на осигурувањето.
(2) Договарачот е должен да ја плати на осигурувачот договорената премија за сите осигуреници и за сето времетраење на осигурувањето во договорениот рок во полисата.
(3) Доколку е договорена пресметка на премијата на крајот на истекот на годината на осигурувањето, односно по завршувањето на вежбите договарачот е должен да ја плати премијата за предвидениот број на осигуреници при склучувањето и за сите повикани учесници да води точна евиденција. По завршувањето на вежбата или по истекот на годината на
траењето на осигурувањето договарачот е должен најдоцна во рок од 30 дена да го извести осигурувачот за точниот број на осигурениците. Доколку се утврди дека бројот на осигурениците е поголем од бројот за кој е платена премија, договарачот е должен да ја плати разликата во рок од
30 дена по извршената пресметка. Доколку се утврди помал број, осигурувачот е должен во истиот рок да ја врати на договарачот повеќе платената премија.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
Член 4
Договарачот е должен секој несреќен случај кој ќе настане на осигуреникот да го пријави на осигурувачот во рокот предвиден во член 13 од Општите услови, да приложи записник за несреќен случај чии последици се опфатени со ова осигурување и да ги даде сите потребни известувања за разјаснување на настанот, а се од влијание врз обврската на осигурувачот
ПРАВНА ПОУКА
Член 5
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 6
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај а доколку нивната
содржина е во спротивност со содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.